Вселенска партијаршија Archives - Република https://republika.mk/tema/vselenska-partijarshija/ За подобро да се разбереме Fri, 31 May 2024 08:30:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Вселенска партијаршија Archives - Република https://republika.mk/tema/vselenska-partijarshija/ 32 32 Митрополит Петар: Бараат во никаков контекст да нема „Македонија“ или „македонски“ https://republika.mk/vesti/makedonija/mitropolit-petar-baraat-vo-nikakov-kontekst-da-nema-makedonija-ili-makedonski/ Fri, 31 May 2024 13:22:39 +0000 https://republika.mk/?p=783400

Митрополитот Преспанско-Пелагониски Владиката Петар во интервју за емисијата „Аргумент+“ на ТВ24 вели дека за МПЦ-ОА била завршена работа дека условите од Вселенската патријаршија за издавање на томос - се неприфатливи.

Независно што одредени митрополити излегуваат во јавноста со поинакви тврдења, ние на пленарна седница на Синодот досега два пати застанавме зад овој став, а така очекуваме да биде и на претстојната пленарна синодска седница која се планира да се одржи кон крајот на јуни, вели владиката.

https://republika.mk/vesti/makedonija/baraat-da-se-otkazheme-od-imeto-mpts-i-makedonskata-dijaspora-otkri-g-g-stefan-za-baranata-na-vselenskata-patrijarshija/

Владиката Петар во емисијата „Аргумент+“ говореше за 4 услови наметнати од Вселенската патријаршија: Нашата црква да не се нарекува Македонска Православна Црква туку само Охридска Архиепископија, во ниеден контекст да не се употребува името Македонија ниту изведенка од него, натаму за јуриздикцијата на епархиите во странство и за признавање на Православната црква на Украина за која ставот на МПЦ ОА е дека ќе се признае кога ќе ја признаат сите помесни православни цркви, а околу условот за името на МПЦ, ставот е дека двојна формула можеби би била најоптимално решение, Вселенската патријаршија да не нарекува како што сака а нам да ни биде оставено да си се нарекуваме како што сакаме.

The post Митрополит Петар: Бараат во никаков контекст да нема „Македонија“ или „македонски“ appeared first on Република.

]]>

Митрополитот Преспанско-Пелагониски Владиката Петар во интервју за емисијата „Аргумент+“ на ТВ24 вели дека за МПЦ-ОА била завршена работа дека условите од Вселенската патријаршија за издавање на томос - се неприфатливи.
Независно што одредени митрополити излегуваат во јавноста со поинакви тврдења, ние на пленарна седница на Синодот досега два пати застанавме зад овој став, а така очекуваме да биде и на претстојната пленарна синодска седница која се планира да се одржи кон крајот на јуни, вели владиката.
https://republika.mk/vesti/makedonija/baraat-da-se-otkazheme-od-imeto-mpts-i-makedonskata-dijaspora-otkri-g-g-stefan-za-baranata-na-vselenskata-patrijarshija/ Владиката Петар во емисијата „Аргумент+“ говореше за 4 услови наметнати од Вселенската патријаршија: Нашата црква да не се нарекува Македонска Православна Црква туку само Охридска Архиепископија, во ниеден контекст да не се употребува името Македонија ниту изведенка од него, натаму за јуриздикцијата на епархиите во странство и за признавање на Православната црква на Украина за која ставот на МПЦ ОА е дека ќе се признае кога ќе ја признаат сите помесни православни цркви, а околу условот за името на МПЦ, ставот е дека двојна формула можеби би била најоптимално решение, Вселенската патријаршија да не нарекува како што сака а нам да ни биде оставено да си се нарекуваме како што сакаме.

The post Митрополит Петар: Бараат во никаков контекст да нема „Македонија“ или „македонски“ appeared first on Република.

]]>
За Митрополитот Тимотеј нема ништо спектакуларно во посетата на Вселенската партијаршија https://republika.mk/vesti/makedonija/za-mitropolitot-timotej-nema-nishto-spektakularno-vo-posetata-na-vselenskata-partijarshija/ Sat, 04 Mar 2023 18:51:57 +0000 https://republika.mk/?p=615921

Митрополитите Тимотеј и Наум се во посета на Вселенската патријаршија.

МПЦ ОА не споделува детали, сепак од фотографиите кои ги објави Вселенската патријаршија, може да се забележат двајцата митрополити на МПЦ-ОА.

Во изјава  за ТВ 24, митрополитот Тимотеј вели дека нема ништо спекатакуларно. Инаку, владиците Наум и Тимотеј биле дел од делагациите за приемот на новиот кипарски архиепископ.

The post За Митрополитот Тимотеј нема ништо спектакуларно во посетата на Вселенската партијаршија appeared first on Република.

]]>

Митрополитите Тимотеј и Наум се во посета на Вселенската патријаршија. МПЦ ОА не споделува детали, сепак од фотографиите кои ги објави Вселенската патријаршија, може да се забележат двајцата митрополити на МПЦ-ОА. Во изјава  за ТВ 24, митрополитот Тимотеј вели дека нема ништо спекатакуларно. Инаку, владиците Наум и Тимотеј биле дел од делагациите за приемот на новиот кипарски архиепископ.

The post За Митрополитот Тимотеј нема ништо спектакуларно во посетата на Вселенската партијаршија appeared first on Република.

]]>
Бугарски медиуми не можат да го прежалат признавањето на нашата црква од Вселенската патријаршија https://republika.mk/vesti/balkan/bugarski-mediumi-skandal-skopje-ja-ukrade-bugarskata-ohridska-arhiepiskopija-od-bugarija/ Tue, 10 May 2022 09:03:54 +0000 https://republika.mk/?p=500311

Скандал! Скопје ја украде Бугарската Охридска Архиепископија од Бугарија, е наслов во бугарскиот медиум Епицентар.

-Македонската православна црква беше изненадувачки призната од Вселенската патријаршија како Охридска архиепископија – во изминатите години Бугарската архиепископија во Охрид беше од големо значење за опстанокот на Бугарите како народ и духовност. Тоа е, исто така, најдолгата постоечка црковна институција – речиси 750 години, пишува медиумот.

Бугарската автокефална архиепископија во Охрид остана единствената бугарска духовна институција и со многу труд и работа успеа да го одржи жив христијанскиот дух кај Бугарите. Во XV и XVII век охридските архиепископи сè почесто почнале да се потпишуваат со титулата патријарх.

Признавањето на црквата „Охридска архиепископија за независна“ е предавство на националните интереси на Бугарија и ѝ штети на Бугарија и на бугарската кауза во Македонија, смета бугарскиот историчар проф. Божидор Димитров.

-Ова е нож во задниот дел на Бугарската православна црква, за кој Охридската архиепископија е дел од историскиот и духовниот простор, како и најстарата бугарска црковна институција, коментираат теолозите, пренесува Епицентар.

The post Бугарски медиуми не можат да го прежалат признавањето на нашата црква од Вселенската патријаршија appeared first on Република.

]]>

Скандал! Скопје ја украде Бугарската Охридска Архиепископија од Бугарија, е наслов во бугарскиот медиум Епицентар.
-Македонската православна црква беше изненадувачки призната од Вселенската патријаршија како Охридска архиепископија – во изминатите години Бугарската архиепископија во Охрид беше од големо значење за опстанокот на Бугарите како народ и духовност. Тоа е, исто така, најдолгата постоечка црковна институција – речиси 750 години, пишува медиумот.
Бугарската автокефална архиепископија во Охрид остана единствената бугарска духовна институција и со многу труд и работа успеа да го одржи жив христијанскиот дух кај Бугарите. Во XV и XVII век охридските архиепископи сè почесто почнале да се потпишуваат со титулата патријарх. Признавањето на црквата „Охридска архиепископија за независна“ е предавство на националните интереси на Бугарија и ѝ штети на Бугарија и на бугарската кауза во Македонија, смета бугарскиот историчар проф. Божидор Димитров.
-Ова е нож во задниот дел на Бугарската православна црква, за кој Охридската архиепископија е дел од историскиот и духовниот простор, како и најстарата бугарска црковна институција, коментираат теолозите, пренесува Епицентар.
 
The post Бугарски медиуми не можат да го прежалат признавањето на нашата црква од Вселенската патријаршија appeared first on Република.

]]>
Што премолча државната МИА: МПЦ-ОА ѝ ветила на Вселенската патријаршија дека нема да го користиме зборот „Македонија“ и изведенките од него https://republika.mk/vesti/makedonija/shto-premolche-drzavnata-mia-mpc-oa-i-vetila-na-vselenskata-patrijarshija-deka-nema-da-go-koristime-terminot-makedonska-i-site-drugi-izvedenki-od-zborot-makedonija/ Tue, 10 May 2022 08:50:40 +0000 https://republika.mk/?p=500289

Бугарската агенција БГНЕС го објави целосниот текст на соопштението на Вселенската патријаршија во кое се појаснуваат трите точки од признавањето на МПЦ-ОА само како Охридска архиепископија. Иникативна е содржината на третата точка кое во објавата на државната агенција МИА во која недостасува нејзиниот крај.

За објаснување, во информацијата на МИА стоеше: Вселенската патријаршија го признава  за име на црквата „Охридска“ (што ја означува областа на нејзината јурисдикција само во границите на територијата на државата (Cеверна Македонија).

Додека пак во текстот на БГНЕС по затворената заграда нема точка туку стои запирка и продолжение на третата точка со следната содржина:

„...како што им е писмено ветено на Вселенската патријаршија и на нејзиниот водач, со што се исклучува терминот „македонска“ и сите други изведенки од зборот „Македонија“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/eden-chekor-do-avtokefalnost-vselenskata-patrijarshija-ja-prizna-nashata-crkva-ohridskata-arhiepiskopija-za-kanonska/

The post Што премолча државната МИА: МПЦ-ОА ѝ ветила на Вселенската патријаршија дека нема да го користиме зборот „Македонија“ и изведенките од него appeared first on Република.

]]>

Бугарската агенција БГНЕС го објави целосниот текст на соопштението на Вселенската патријаршија во кое се појаснуваат трите точки од признавањето на МПЦ-ОА само како Охридска архиепископија. Иникативна е содржината на третата точка кое во објавата на државната агенција МИА во која недостасува нејзиниот крај. За објаснување, во информацијата на МИА стоеше: Вселенската патријаршија го признава  за име на црквата „Охридска“ (што ја означува областа на нејзината јурисдикција само во границите на територијата на државата (Cеверна Македонија). Додека пак во текстот на БГНЕС по затворената заграда нема точка туку стои запирка и продолжение на третата точка со следната содржина: „...како што им е писмено ветено на Вселенската патријаршија и на нејзиниот водач, со што се исклучува терминот „македонска“ и сите други изведенки од зборот „Македонија“. https://republika.mk/vesti/makedonija/eden-chekor-do-avtokefalnost-vselenskata-patrijarshija-ja-prizna-nashata-crkva-ohridskata-arhiepiskopija-za-kanonska/  

The post Што премолча државната МИА: МПЦ-ОА ѝ ветила на Вселенската патријаршија дека нема да го користиме зборот „Македонија“ и изведенките од него appeared first on Република.

]]>
Дали по името „Македонија“ во историја оди и името „Македонската православна црква“? https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-po-imeto-makedonija-vo-istorija-odi-i-imeto-makedonskata-pravoslavna-crkva/ Mon, 09 May 2022 18:34:51 +0000 https://republika.mk/?p=500084

Ненадејната одлука на Вселенската партријаршија да го признае канонството на нашата црква остави дилема што ова значи и зошто наместо Македонската православна црква ќе не ословуваат со Охридска ариепископија.

Многумина сметааат дека после Договорот од Преспа со кој го изгубиме името „Македонија“ сега ќе се откажеме и од името „Македонска православна црква (МПЦ).

Навистина во соопштението од Цариград никаде не се споменува Македонска православна црква туку се користи името „Охридска“. Но и самата МПЦ во своето име пред неколку години го додaде терминот ОА и со тоа се повикуваме на континуитетот на древната Охридската архиепископија на Св.Климент и Наум.

По денешната одлука Охридска Архиепископија влегува во канонско единство со Вселенската Патријаршија и со другите бправославни цркви.

Но, важно е да се напомене дека ова не значи целосна автокефалност туку дека за тоа да се случи ќе треба да продолжат разговорите со СПЦ која го има томосот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/eden-chekor-do-avtokefalnost-vselenskata-patrijarshija-ja-prizna-nashata-crkva-ohridskata-arhiepiskopija-za-kanonska/

Случајно или не Синодот на МПЦ утре ќе одржи седница на која се дискутира за последната средба на претставници на двете цркви во Ниш. Оптимистичките прогнози се дека летово би можело да има договор а поткрепа на ова е и денешната вест од Цариград

The post Дали по името „Македонија“ во историја оди и името „Македонската православна црква“? appeared first on Република.

]]>

Ненадејната одлука на Вселенската партријаршија да го признае канонството на нашата црква остави дилема што ова значи и зошто наместо Македонската православна црква ќе не ословуваат со Охридска ариепископија. Многумина сметааат дека после Договорот од Преспа со кој го изгубиме името „Македонија“ сега ќе се откажеме и од името „Македонска православна црква (МПЦ). Навистина во соопштението од Цариград никаде не се споменува Македонска православна црква туку се користи името „Охридска“. Но и самата МПЦ во своето име пред неколку години го додaде терминот ОА и со тоа се повикуваме на континуитетот на древната Охридската архиепископија на Св.Климент и Наум. По денешната одлука Охридска Архиепископија влегува во канонско единство со Вселенската Патријаршија и со другите бправославни цркви. Но, важно е да се напомене дека ова не значи целосна автокефалност туку дека за тоа да се случи ќе треба да продолжат разговорите со СПЦ која го има томосот. https://republika.mk/vesti/makedonija/eden-chekor-do-avtokefalnost-vselenskata-patrijarshija-ja-prizna-nashata-crkva-ohridskata-arhiepiskopija-za-kanonska/ Случајно или не Синодот на МПЦ утре ќе одржи седница на која се дискутира за последната средба на претставници на двете цркви во Ниш. Оптимистичките прогнози се дека летово би можело да има договор а поткрепа на ова е и денешната вест од Цариград  

The post Дали по името „Македонија“ во историја оди и името „Македонската православна црква“? appeared first on Република.

]]>
Ковачевски се заблагодари на Вселенската патријаршија за признавањето https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-se-zablagodari-na-vselenskata-patrijarshija-za-priznavanjeto/ Mon, 09 May 2022 16:50:14 +0000 https://republika.mk/?p=500064

Сакам да упатам голема благодарност до Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј што направи големо дело, покажа голема грижа за еден голем православен народ и Вселенската Патријаршија со овој чин потврди дека стојат на историската мисија и одговорност, напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук.

Иако со овој чин конечниот статус и име сѐ уште не се решени, најважниот и најголем чекор е завршен. Сега нашата православна црква е во заедница со сите православни цркви, и овој ден е историски ден после 7 децении тотална изолација.Денеска со одлуката на Вселенската Патријаршија ние влегуваме во православното семејство на сите помесни цркви. И оваа одлука на вселенската патријаршија што не признава под име Орхидска Архиепископија значи признавање на континуитетот што го има нашата историска црква со древната Охридска Архиепископија

The post Ковачевски се заблагодари на Вселенската патријаршија за признавањето appeared first on Република.