вработени во македонска филхармонија Archives - Република https://republika.mk/tema/vraboteni-vo-makedonska-filharmonija/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Sep 2023 07:58:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вработени во македонска филхармонија Archives - Република https://republika.mk/tema/vraboteni-vo-makedonska-filharmonija/ 32 32 Вработените во Филхармонија до министерката: Директори се менуваат, но не треба да се менува односот на државата кон своите најзначајни институции https://republika.mk/vesti/kultura/vrabotenite-vo-filharmonija-do-ministerkata-direktori-se-menuvaat-no-ne-treba-da-se-menuva-odnosot-na-drzhavata-kon-svoite-najznachajni-institutsii/ Wed, 20 Sep 2023 07:58:50 +0000 https://republika.mk/?p=683334

Став на Синдикатот на вработените на НУ Македонска филхармонија во врска со разрешувањето на директорката и управниот одбор на Македонска филхармонија, кој ви го пренесуваме во целост:

https://republika.mk/vesti/kultura/tina-ivanova-edinstvenata-prichina-za-razreshuvaneto-e-faktot-shto-kako-direktorka-na-greshnata-i-neodrzhliva-odluka-na-ministerkata-zastanav-na-stranata-na-kolektivot-i-na-stranata-na-institutsijata/

Разочарани сме, но не и изненадени од одлуката за разрешување на директорката и Управниот одбор на нашата институција, Македонска филхармонија. Свесни сме дека причините за разрешувањето коишто Министерството за култура ги наведе во јавноста не ја рефлектираат вистината, а одлуката се должи на тоа што директораката Тина Иванова и членовите на УО застанаа зад сите нас, вработените во Македонска филхармонија кои бевме против штетната и нетранспарентна одлука за вдомување на џез оркестарот во просториите на нашата институција.

Затоа, со огромно негодување, жал и резигнираност го примивме известувањето за разрешувањето на Тина Иванова од функцијата директор на Македонската филхармонија. Но, во оркестарот и во Синдикатот, овој потег на Министерката за култура не беше и неочекуван. Министерката за култура како надлежна прекина секаква комуникација со директорката, а со тоа и со нас и со институцијата во целина, а откако го создаде проблемот со нејзината тајна мисија Национален џез-оркестар да биде сместен во зградата на Филхармонијата на што систематски реагиравме.

Откако Министерката за култура и Владата најдоа друго соодветно решение за проблемот, за кратко помисливме дека комуникацијата меѓу институцијата и Министерката, по неколку месечни тортури, инспекции, непринципиелни неразбирливи притисоци, ќе се нормализира и дека во нашата соработка нема место за лични хирови и каприци.

Но, за жал, со разрешувањето повторно посведочивме носење штетна одлука и поради фактот што сите сме свесни, ние и јавноста, дека диркеторката и УО не се разрешени поради причините коишто Министерството за култура ги наведе во документите за нивното разрешување, сакаме да изразиме поддршка за Тина Иванова и сите членови на УО, затоа што тие застана зад сите нас и зад куќата со којашто раководеа со професионалност и интегритет.

Со ова наше обраќање сакаме уште еднаш да ѝ укажеме на Министерката за култура дека ние, вработените во Македонска филхармонија, нема да дозволиме повторно валкање и рушење на угледот и реномето на нашата институција и дека секојпат кога државата ќе носи одлуки кои не одат во прилог на нашата институција, соодветно ќе реагираме.

Директори се менуваат, но не треба да се менува односот на државата кон своите најзначајни институции. Во тој контекст не се менува ниту нашата примарна заложба да ја штитиме институцијата секогаш кога ќе биде доведен во прашање нејзиниот интегритет.

Очекуваме кооперативност од Министерството за култура чија основна задача е да ги штити интересите на уметниците и да гради здрава и афирмативна културна политика.

The post Вработените во Филхармонија до министерката: Директори се менуваат, но не треба да се менува односот на државата кон своите најзначајни институции appeared first on Република.

]]>

Став на Синдикатот на вработените на НУ Македонска филхармонија во врска со разрешувањето на директорката и управниот одбор на Македонска филхармонија, кој ви го пренесуваме во целост: https://republika.mk/vesti/kultura/tina-ivanova-edinstvenata-prichina-za-razreshuvaneto-e-faktot-shto-kako-direktorka-na-greshnata-i-neodrzhliva-odluka-na-ministerkata-zastanav-na-stranata-na-kolektivot-i-na-stranata-na-institutsijata/ Разочарани сме, но не и изненадени од одлуката за разрешување на директорката и Управниот одбор на нашата институција, Македонска филхармонија. Свесни сме дека причините за разрешувањето коишто Министерството за култура ги наведе во јавноста не ја рефлектираат вистината, а одлуката се должи на тоа што директораката Тина Иванова и членовите на УО застанаа зад сите нас, вработените во Македонска филхармонија кои бевме против штетната и нетранспарентна одлука за вдомување на џез оркестарот во просториите на нашата институција. Затоа, со огромно негодување, жал и резигнираност го примивме известувањето за разрешувањето на Тина Иванова од функцијата директор на Македонската филхармонија. Но, во оркестарот и во Синдикатот, овој потег на Министерката за култура не беше и неочекуван. Министерката за култура како надлежна прекина секаква комуникација со директорката, а со тоа и со нас и со институцијата во целина, а откако го создаде проблемот со нејзината тајна мисија Национален џез-оркестар да биде сместен во зградата на Филхармонијата на што систематски реагиравме. Откако Министерката за култура и Владата најдоа друго соодветно решение за проблемот, за кратко помисливме дека комуникацијата меѓу институцијата и Министерката, по неколку месечни тортури, инспекции, непринципиелни неразбирливи притисоци, ќе се нормализира и дека во нашата соработка нема место за лични хирови и каприци. Но, за жал, со разрешувањето повторно посведочивме носење штетна одлука и поради фактот што сите сме свесни, ние и јавноста, дека диркеторката и УО не се разрешени поради причините коишто Министерството за култура ги наведе во документите за нивното разрешување, сакаме да изразиме поддршка за Тина Иванова и сите членови на УО, затоа што тие застана зад сите нас и зад куќата со којашто раководеа со професионалност и интегритет. Со ова наше обраќање сакаме уште еднаш да ѝ укажеме на Министерката за култура дека ние, вработените во Македонска филхармонија, нема да дозволиме повторно валкање и рушење на угледот и реномето на нашата институција и дека секојпат кога државата ќе носи одлуки кои не одат во прилог на нашата институција, соодветно ќе реагираме. Директори се менуваат, но не треба да се менува односот на државата кон своите најзначајни институции. Во тој контекст не се менува ниту нашата примарна заложба да ја штитиме институцијата секогаш кога ќе биде доведен во прашање нејзиниот интегритет. Очекуваме кооперативност од Министерството за култура чија основна задача е да ги штити интересите на уметниците и да гради здрава и афирмативна културна политика.

The post Вработените во Филхармонија до министерката: Директори се менуваат, но не треба да се менува односот на државата кон своите најзначајни институции appeared first on Република.

]]>
Македонската филхармонија успеа да се избори за промена на штетната одлука на Министерството за култура https://republika.mk/vesti/kultura/makedonskata-filharmonija-uspea-da-se-izbori-za-promena-na-shtetnata-odluka-na-ministerstvoto-za-kultura/ Wed, 21 Jun 2023 07:17:58 +0000 https://republika.mk/?p=653542

Синдикатот на Македонската филхармонија ја поздрави одлуката на Министерството за култура да ја промени одлуката за просторно сместување на втора институција во објектот на Филхармонија.

Во соопштение до јавноста од Синдикатот велат дека вработените во оваа музичка куќа успеале со да се изборат за промена на штетната одлука поради која протестираа во изминативе три месеци.

Во изминативе неколку месеци, освен што се боревме да си го зачуваме нашиот простор се боревме и против канонади од лажни вести и дезинформации. Не подлегнавме на притисокот, кој беше силен и интензивен, ниту пак се откажавме од нашата борба да си го зачуваме нашиот работен простор.

Министерката за култура на вчерашната прес конференција повторно не нападна и побара да и се извиниме на јавноста која сме ја манипулирале во изминативе три месеци.

Јавните обраќања секогаш зборуваат двонасочно, на вашата прес-конференција, почитувана министерке зборувавте за Нас, но вашата прес-конференеција зборуваше и за Вас. Единствена вистина на вчерашниот прес, беше само вашата констатација дека нашите протести не беа синдикални. Се сложуваме, нашите протестите беа уметнички, а ги поддржаа и вработени кои не се членови на нашата синдикална организација, директорката на институцијата и Управниот одбор. За првпат во историјата на нашата институција на иста страна застанаа речиси сите вработени.

Ние нема да и се извиниме, туку срдечно ќе и се заблагодариме на јавноста која не поддржуваше во оваа наша битка, на нашата верна публика која доаѓаше на нашите концерти и покрај отворените повици за бојкот, на луѓето од фелата и врвните музичари кои ни дадоа безрезервна поддршка. Во моменти кога вработените во Филхармонија, но и нашата институција беа јавно нападнати од поединци на социјалните медиуми, кога бевме оставени сами да се бориме против штетната одлука која ја донесе Министерството за култура, искрената поддршка на луѓето од фелата беше нашиот столб, нашиот ветер во грб.

Затоа сакаме јавно да им се заблагодариме на нашите најдобри пијанисти Симон Трпчески и Дино Имери, на поранешните директори на Филхармонија - Мелпомени Корнети, Васил Атанасов, Ганка Самоиловска Цветанова, Кармен Костова и Маја Чанаќевиќ, на диригентите Емил Табаков, Јерухам Шаровски, Конрад ван Алфен, Миријан Хухунаишвили, Габриел Бебешелеа, Џорџ Џексон, Вања Николовски - Ѓумар и Борјан Цанев, на нашиот истакнат виолинист и професор Олег Кондратенко, на претседателката на СОКОМ Валентина Велковска -Трајановска, на нашиот поранешен концерт мајстор во пензија – Румен Димитриев, на музикологот Марко Коловски, на нашите колеги од Белградска филхармонија и од Сараевска филхармонија... Овие луѓе храбро и безрезервно застанаа на наша страна, во одбрана на вистината во моменти кога сите беа свртени против нас. Им благодариме од срце!

Почитувана министерке, на крајот од ова соопштение, останува отворена нашата покана конечно да дојдете на концерт во Македонската филхармонија, а одличен повод за тоа е концертот на Белградска филхармонија во сабота. Со задоволство ве очекуваме, стои во соопштението.

The post Македонската филхармонија успеа да се избори за промена на штетната одлука на Министерството за култура appeared first on Република.

]]>

Синдикатот на Македонската филхармонија ја поздрави одлуката на Министерството за култура да ја промени одлуката за просторно сместување на втора институција во објектот на Филхармонија. Во соопштение до јавноста од Синдикатот велат дека вработените во оваа музичка куќа успеале со да се изборат за промена на штетната одлука поради која протестираа во изминативе три месеци.
Во изминативе неколку месеци, освен што се боревме да си го зачуваме нашиот простор се боревме и против канонади од лажни вести и дезинформации. Не подлегнавме на притисокот, кој беше силен и интензивен, ниту пак се откажавме од нашата борба да си го зачуваме нашиот работен простор. Министерката за култура на вчерашната прес конференција повторно не нападна и побара да и се извиниме на јавноста која сме ја манипулирале во изминативе три месеци. Јавните обраќања секогаш зборуваат двонасочно, на вашата прес-конференција, почитувана министерке зборувавте за Нас, но вашата прес-конференеција зборуваше и за Вас. Единствена вистина на вчерашниот прес, беше само вашата констатација дека нашите протести не беа синдикални. Се сложуваме, нашите протестите беа уметнички, а ги поддржаа и вработени кои не се членови на нашата синдикална организација, директорката на институцијата и Управниот одбор. За првпат во историјата на нашата институција на иста страна застанаа речиси сите вработени. Ние нема да и се извиниме, туку срдечно ќе и се заблагодариме на јавноста која не поддржуваше во оваа наша битка, на нашата верна публика која доаѓаше на нашите концерти и покрај отворените повици за бојкот, на луѓето од фелата и врвните музичари кои ни дадоа безрезервна поддршка. Во моменти кога вработените во Филхармонија, но и нашата институција беа јавно нападнати од поединци на социјалните медиуми, кога бевме оставени сами да се бориме против штетната одлука која ја донесе Министерството за култура, искрената поддршка на луѓето од фелата беше нашиот столб, нашиот ветер во грб. Затоа сакаме јавно да им се заблагодариме на нашите најдобри пијанисти Симон Трпчески и Дино Имери, на поранешните директори на Филхармонија - Мелпомени Корнети, Васил Атанасов, Ганка Самоиловска Цветанова, Кармен Костова и Маја Чанаќевиќ, на диригентите Емил Табаков, Јерухам Шаровски, Конрад ван Алфен, Миријан Хухунаишвили, Габриел Бебешелеа, Џорџ Џексон, Вања Николовски - Ѓумар и Борјан Цанев, на нашиот истакнат виолинист и професор Олег Кондратенко, на претседателката на СОКОМ Валентина Велковска -Трајановска, на нашиот поранешен концерт мајстор во пензија – Румен Димитриев, на музикологот Марко Коловски, на нашите колеги од Белградска филхармонија и од Сараевска филхармонија... Овие луѓе храбро и безрезервно застанаа на наша страна, во одбрана на вистината во моменти кога сите беа свртени против нас. Им благодариме од срце! Почитувана министерке, на крајот од ова соопштение, останува отворена нашата покана конечно да дојдете на концерт во Македонската филхармонија, а одличен повод за тоа е концертот на Белградска филхармонија во сабота. Со задоволство ве очекуваме, стои во соопштението.

The post Македонската филхармонија успеа да се избори за промена на штетната одлука на Министерството за култура appeared first on Република.

]]>
Не протестираме против џез-оркестарот, туку за да го зачуваме работниот простор што го добивме по 77 години потстанарски живот https://republika.mk/vesti/kultura/ne-proitestirame-protiv-dhez-orkestarot-tuku-za-da-go-zachuvame-rabotniot-prostor-shto-go-dobivme-po-77-godini/ Fri, 16 Jun 2023 06:34:27 +0000 https://republika.mk/?p=651931

Вработените во Македонската филхамонија денеска во 12.30 часот ќе одржат протест пред Владата , бидејќи се уште нема решение, а како што велат, ниту интерес од државата за решавање на проблемот кој настана со носењето на одлуката просторно да се смести уште една институција во концертната сала која е изградена за Филхармонија.

Вработените во Македонска филхамонија не протестираат против џез-оркестарот, како што одредени новинари и поединци сакаат да ја извртат вистината во последниве три месеци. Вработените во Филхармонија протестираат бидејќи не дозволуваат во нивниот простор, зграда, објект наменски изграден да ги задоволи потребите на единствениот симфониски оркестар во земјата да биде сместена уште една институција.

Нашата борба да си го зачуваме работниот простор кој го добивме по 77 години потстанарски живот во објекти кои не го биравме ние, туку одевме каде што ќе ни сугерира државата и никогаш не се побунивме поради тоа – продожува и нема да запре! Со ист жар и посветеност ќе се бориме и против лажните вести кои редовно и оркестрирано се пласираат во јавноста со една единствена цел - да се извртат вистината, аргументите и фактите кои се на наша страна, стои во соопштението од Филхармонија испратено до медиумите.

Вработените во Филхармонија потсетуваат дека објектот е изграден да ги задоволи потребите на единствениот симфониски оркестар во земјата. Тоа е првичната и единствена намена на концертната сала на Филхармонија.

Тоа што некој сега сака насилно да ја изврти намената на овој објект е симптоматично и само по себе зборува дека некој заткулисно сака да истера свои лични интереси.

Свесни дека културата секако не е приорет, кога ќе се спореди со животозагрозувачките проблеми кои ги мачат граѓаните вработените во Филхармонија потенцираат дека тоа не значи дека традицијата создавана со децении треба да се избрише за час. Нивниот револт е кон државата, која не покажува интерес за решавање на проблемот.

Нашата држава досега не покажа интерес за решавање на проблемот, и со тоа потврди дека нема интерес ниту за култура, ниту за традиција, ниту за трајни историски вредности. Личните интереси, непрофесионалноста, неукоста и бесрамноста се принципи по кои се водат нашите политичари кои немаат интерес да ги решат клучните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Културата секако не е приорет, кога ќе се спореди со животозагрозувачките проблеми кои ги мачат граѓаните, но, тоа не значи дека со неподнослива леснотија треба да се избрише традицијата создавана со децении. Затоа, нашата борба нема да запре, се до конечната промена на штетната одлука која ја донесе Владата, велат од Филхармонија.

The post Не протестираме против џез-оркестарот, туку за да го зачуваме работниот простор што го добивме по 77 години потстанарски живот appeared first on Република.

]]>

Вработените во Македонската филхамонија денеска во 12.30 часот ќе одржат протест пред Владата , бидејќи се уште нема решение, а како што велат, ниту интерес од државата за решавање на проблемот кој настана со носењето на одлуката просторно да се смести уште една институција во концертната сала која е изградена за Филхармонија.
Вработените во Македонска филхамонија не протестираат против џез-оркестарот, како што одредени новинари и поединци сакаат да ја извртат вистината во последниве три месеци. Вработените во Филхармонија протестираат бидејќи не дозволуваат во нивниот простор, зграда, објект наменски изграден да ги задоволи потребите на единствениот симфониски оркестар во земјата да биде сместена уште една институција. Нашата борба да си го зачуваме работниот простор кој го добивме по 77 години потстанарски живот во објекти кои не го биравме ние, туку одевме каде што ќе ни сугерира државата и никогаш не се побунивме поради тоа – продожува и нема да запре! Со ист жар и посветеност ќе се бориме и против лажните вести кои редовно и оркестрирано се пласираат во јавноста со една единствена цел - да се извртат вистината, аргументите и фактите кои се на наша страна, стои во соопштението од Филхармонија испратено до медиумите.
Вработените во Филхармонија потсетуваат дека објектот е изграден да ги задоволи потребите на единствениот симфониски оркестар во земјата. Тоа е првичната и единствена намена на концертната сала на Филхармонија.
Тоа што некој сега сака насилно да ја изврти намената на овој објект е симптоматично и само по себе зборува дека некој заткулисно сака да истера свои лични интереси.
Свесни дека културата секако не е приорет, кога ќе се спореди со животозагрозувачките проблеми кои ги мачат граѓаните вработените во Филхармонија потенцираат дека тоа не значи дека традицијата создавана со децении треба да се избрише за час. Нивниот револт е кон државата, која не покажува интерес за решавање на проблемот.
Нашата држава досега не покажа интерес за решавање на проблемот, и со тоа потврди дека нема интерес ниту за култура, ниту за традиција, ниту за трајни историски вредности. Личните интереси, непрофесионалноста, неукоста и бесрамноста се принципи по кои се водат нашите политичари кои немаат интерес да ги решат клучните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Културата секако не е приорет, кога ќе се спореди со животозагрозувачките проблеми кои ги мачат граѓаните, но, тоа не значи дека со неподнослива леснотија треба да се избрише традицијата создавана со децении. Затоа, нашата борба нема да запре, се до конечната промена на штетната одлука која ја донесе Владата, велат од Филхармонија.

The post Не протестираме против џез-оркестарот, туку за да го зачуваме работниот простор што го добивме по 77 години потстанарски живот appeared first on Република.

]]>
Вработените во Филхармонијата на протест пред Министерството за култура https://republika.mk/vesti/kultura/vrabotenite-vo-filharmonijata-na-protest-pred-ministerstvoto-za-kultura/ Tue, 23 May 2023 05:54:07 +0000 https://republika.mk/?p=643784

Денеска во 11 часот, вработените во Македонска филхармонија ќе одржат протест пред Министерството за култура, кое се уште не излезе со решение за проблемот кој настана со одлуката НУ Џез оркестар да биде сместен во објектот на Филхармонија.

Изминатиов период, нашата институција продолжува да биде мета на дезинформации во јавноста, но и на опструкции од страна на Министерството за култура кое ја блокираше и сопствената сметка на Филхармонија, со што директно се прави дополнителен притисок врз вработените, но и врз работата на нашата институција. Бараме што поскоро да се најде решение за проблемот и да се надмине оваа надреална ситуција во која сосема непотребно сме ставени и ние, а пред се, нашата институција со наметнување на нелогичната одлука која беше донесена паушално, без аргументирана основа и образложение, велат од Филхармонија.

The post Вработените во Филхармонијата на протест пред Министерството за култура appeared first on Република.

Оркестарот на Македонската Филхармонија денеска повторно излегува на протест https://republika.mk/vesti/kultura/orkestarot-na-makedonskata-filharmonija-deneska-povtorno-izleguva-na-protest/ Mon, 15 May 2023 06:15:40 +0000 https://republika.mk/?p=640819

Оркестарот на Македонската Филхармонија, денеска во 13:00 часот повторно ќе одржи протест пред Министерството за култура, бидејќи, од таму, се уште немаат конкретен одговор, ниту решение на проблемот кој настана со носењето на одлуката новоформираниот Џез оркестар просторно да биде сместен во објектот на Филхармонија.

Иако Министерството за култура вети дека интензивно ќе работи на решение кое набргу ќе го сподели со сите засегнати, поминаа скоро два месеца, а одлуката се уште не е променета.

Во продолжение Ви го пренесуваме нивниот одговор на нападите на кои велат дека се изложени секојдневно, со цел дефокус од вистинскиот проблем и не барање решение за истиот:

Изминативе два месеци, Филхармонија и нејзините вработени се мета на остри напади чија основна цел е ширење лаги и дезинформации со кои се прави дефокус од суштината, аргументите и фактите кои одат во наш прилог.

Во овие јавни напади и понижувања на вработените и нашата институцијата, нема ништо коректно и издржано, напротив се пласира елементарна неукост и непознавање на “материјалот”, се шири говор на омраза за нашата институција, јавно се повикува на бојкот на нашите концерти…

Некој свесно и оркестрирано сака да го избрише и фактот дека од самиот почеток им даваме поддршка на нашите колеги џезери и дека немаме ништо против тоа да одржуваат концерти (без никаков надомест) во објектот на Филхармонија.

Ние сме против одлуката просторно да се смести уште една институција на нашата адреса.

Деновиве беше извртена и симболиката на жолтите ленти, повторно на ист начин – со ширење лаги и инсинуации.

Јавноста ја дезинформираат луѓе кои никогаш не стапнале во објектот на Филхармонија, ниту пак биле на некој од нашите концерти.

Нивниот оркестриран обид за дефокус од проблемот, нема да не поколеба, ние сме сплотени како никогаш досега и ќе се бориме одлучно, со факти и аргументи против нетраспарентната одлука која Министерството за култура ја донесе зад затворени врати.

Ова не е политичка борба и ниедна политичка партија не стои зад нашите ставови и цврста определба. Ова не е борба против нашите колеги!

Ова е заедничка борба на 108 вработени во Филхармонија против штетната одлука која ја донесе Министерството за култура!

The post Оркестарот на Македонската Филхармонија денеска повторно излегува на протест appeared first on Република.

]]>

Оркестарот на Македонската Филхармонија, денеска во 13:00 часот повторно ќе одржи протест пред Министерството за култура, бидејќи, од таму, се уште немаат конкретен одговор, ниту решение на проблемот кој настана со носењето на одлуката новоформираниот Џез оркестар просторно да биде сместен во објектот на Филхармонија. Иако Министерството за култура вети дека интензивно ќе работи на решение кое набргу ќе го сподели со сите засегнати, поминаа скоро два месеца, а одлуката се уште не е променета.
Во продолжение Ви го пренесуваме нивниот одговор на нападите на кои велат дека се изложени секојдневно, со цел дефокус од вистинскиот проблем и не барање решение за истиот: Изминативе два месеци, Филхармонија и нејзините вработени се мета на остри напади чија основна цел е ширење лаги и дезинформации со кои се прави дефокус од суштината, аргументите и фактите кои одат во наш прилог.
Во овие јавни напади и понижувања на вработените и нашата институцијата, нема ништо коректно и издржано, напротив се пласира елементарна неукост и непознавање на “материјалот”, се шири говор на омраза за нашата институција, јавно се повикува на бојкот на нашите концерти…
Некој свесно и оркестрирано сака да го избрише и фактот дека од самиот почеток им даваме поддршка на нашите колеги џезери и дека немаме ништо против тоа да одржуваат концерти (без никаков надомест) во објектот на Филхармонија.
Ние сме против одлуката просторно да се смести уште една институција на нашата адреса. Деновиве беше извртена и симболиката на жолтите ленти, повторно на ист начин – со ширење лаги и инсинуации. Јавноста ја дезинформираат луѓе кои никогаш не стапнале во објектот на Филхармонија, ниту пак биле на некој од нашите концерти. Нивниот оркестриран обид за дефокус од проблемот, нема да не поколеба, ние сме сплотени како никогаш досега и ќе се бориме одлучно, со факти и аргументи против нетраспарентната одлука која Министерството за култура ја донесе зад затворени врати. Ова не е политичка борба и ниедна политичка партија не стои зад нашите ставови и цврста определба. Ова не е борба против нашите колеги! Ова е заедничка борба на 108 вработени во Филхармонија против штетната одлука која ја донесе Министерството за култура!

The post Оркестарот на Македонската Филхармонија денеска повторно излегува на протест appeared first on Република.

]]>
Сместувањето на новоформираниот „Оркестар за џез музика“ во објектот на Филхармонија е несоодветно и ќе направи повеќе штета, отколку полза, реагираат вработените https://republika.mk/vesti/kultura/smestuvaneto-na-novoformiraniot-orkestar-za-dhez-muzika-vo-objektot-na-filharmonija-e-nesoodvetno-i-ke-napravi-poveke-shteta-otkolku-polza-reagiraat-vrabotenite/ Fri, 31 Mar 2023 07:02:40 +0000 https://republika.mk/?p=625628

Сместувањето на новоформираната национална установа „Оркестар за џез музика“ во објектот на Филхармонија е несоодветно и ќе направи повеќе штета, отколку полза, реагираат вработените во писмо испратено до медиумите. Тие велат дека не се против колегите и постоењето на овој оркестар, дури и сметаат дека треба да ги поддржат во нивните напори да го добијат заслуженото место, но не можат да ја прифатат одлуката оваа ново формирана институција да биде сместена и да функционира во нивниот објект.

Вкупно 108 вработени во Филхармонија потпишале петиција која освен до меидумите, ја испратиле и до министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и Претседателот на Владата со цел промена на одлуката за вдомување на Џез оркестарот во просториите на Филхармонија.

Пред една недела веста дека Владата донела одлука за формирање на нова НУ Оркестар за џез музика нè затече сите нас. Иако ја поздравуваме одлуката бидејќи сметаме дека истата ќе придонесе за развој на културниот живот во државата, решението оваа новоформирана институција да биде сместена во објектот на Филхармонијата е целосно несоодветно и истото ќе направи повеќе штета отколку полза.

Како вработени во Филхармонија би сакале да ја изразиме нашата загриженост за функционирањето на институцијата и да укажеме на тоа дека во објектот на филхармонијата (која што е нашиот втор дом), не е возможно паралелно да работат две институции, односно два различни субјекти, велат вработените во Филхармонија.

Објаснуваат дека концертната сала и целиот објект е замислен, конципиран и изграден исклучиво наменски и според потребите на севкупното функционирање на НУ Македонска филхармонија. Ова се однесува пред се на оркестарот на Македонска филхармонија чии членови/вработени ги извршуваат своите работни задачи така што одржуваат редовни проби и концерти во двете сали (големата и малата сцена) кои се наоѓаат во објектот. Исто така, музичарите вработени во филхармонијата голем дел од работните часови ги поминуваат и во индивидуална и групна работа во одделните соби во објектот наменети за оваа цел.

Во објектот има точен број на соби за вежбање, кои се направени со прецизни акустички мерења за секоја група на инструменти одделно. (На пр. во собата за контрабаси, волуменот, квадратурата и акустиката е соодветна исклучиво за оваа група, не би можеле и не е соодветно оваа група на инструменти да ја сместите во собата за флејти, која што пак е направена специфично за оваа група, според потребата на групата, бројот на членови, и изработена со различна квадратура, акустика и волумен) и така за секоја група поединечно. Покрај собите за вежбање, имаат и 4 гардероби (2 женски и 2 машки) чиј просторен капацитет е целосно исполнет согласно бројот на вработени во оркестарот.

Вработените во Филхармонија велат дека капацитетот на просториите во кои се сместени администрацијата и техничката служба, е целосно исполнет. Во објектот има и нототека, која тековно се пополнува со нотна литература и веќе кубури со простор, како и студио за снимање, за чии потреби беше пренаменета една од просториите за вежбање. Постои и кафетерија која што е дадена на користење, а која според проектот треба да се користи за цели на вработените и гостите на институцијата, а сегашната намена воопшто не соодветствува со првичната намена на истата. Тука се големата и камерната сала на филхармонијата, кои што се користат за она што се наменети, односно за симфониски и камерни концерти.

Со сето ова погоре напишано сакаме да ја искажеме нашата загриженост од информацијата дека ние, институција која 70 години се бореше да добие сопствен простор, кој е проектиран исклучиво да ги задоволи потребите на еден модерен симфониски оркестар, треба да отстапиме простор на уште една институција, која што исто така треба да има простор за индивидуална работа, заедничка работа, административна служба, техничка служба, нототека, студио и сите други нешта кои се придружни на еден објект. Крајно сме загрижени дека буквалното „втурнување“ на уште еден оркестар, за кој сме среќни што постои и секогаш сме ја поддржувале нивната работа, сепак, ќе значи загрозување на интегритетот на македонската филхармонија од аспект на секојдневно функционирање на двата субјекти. Би сакале да нагласиме уште еднаш дека ние не сме против нашите колеги и постоењето на овој оркестар, дури и сметаме дека треба да ги поддржиме во нивните напори да си го добијат заслуженото место, но не би можеле да ја прифатиме одлуката оваа ново формирана институција да биде сместена и да функционира во нашиот објект, велат потпишаните во петицијата.

Вработените во Филхармонија потсетуваат на некогашниот џез оркестар во Македонската Телевизија кој за жал беше укинат. Тие велат дека во истата куќа сè уште постојат студијата кои се најсоодветни за еден ваков оркестар, кој ќе може да работи непречено и да си ги подготвува своите проекти. Веројатно би било и убаво да се возобнови традицијата на џез односно ревискиот оркестар кој постоеше и работеше во рамките на МТВ, повторно да се врати сјајот на студиото каде што некогаш твореа Шпато, Џамбазов, Пејовски...и многу други, додаваат во петицијата вработените во Филхамонија.

Постојат уште многу причини кои би можеле да ги наведеме зошто ние, вработените во Филхармонија, не се согласуваме со наметнатото решение за буквално присилно вселување на уште еден ансамбл во рамките на објектот. Сакаме јавноста да биде правилно информирана за она што во моментов се наметнува на Филхармонија и за нашиот обид да си го одбраниме интегритетот на институцијата. Тажно е што надлежните институции сакајќи да решат еден проблем произведуваат друг проблем од невидени размери кој може да остави долготрајни несакани последици, се вели во петицијата потпишана од 108 вработени во Филхармонија.

The post Сместувањето на новоформираниот „Оркестар за џез музика“ во објектот на Филхармонија е несоодветно и ќе направи повеќе штета, отколку полза, реагираат вработените appeared first on Република.

]]>

Сместувањето на новоформираната национална установа „Оркестар за џез музика“ во објектот на Филхармонија е несоодветно и ќе направи повеќе штета, отколку полза, реагираат вработените во писмо испратено до медиумите. Тие велат дека не се против колегите и постоењето на овој оркестар, дури и сметаат дека треба да ги поддржат во нивните напори да го добијат заслуженото место, но не можат да ја прифатат одлуката оваа ново формирана институција да биде сместена и да функционира во нивниот објект. Вкупно 108 вработени во Филхармонија потпишале петиција која освен до меидумите, ја испратиле и до министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и Претседателот на Владата со цел промена на одлуката за вдомување на Џез оркестарот во просториите на Филхармонија.
Пред една недела веста дека Владата донела одлука за формирање на нова НУ Оркестар за џез музика нè затече сите нас. Иако ја поздравуваме одлуката бидејќи сметаме дека истата ќе придонесе за развој на културниот живот во државата, решението оваа новоформирана институција да биде сместена во објектот на Филхармонијата е целосно несоодветно и истото ќе направи повеќе штета отколку полза. Како вработени во Филхармонија би сакале да ја изразиме нашата загриженост за функционирањето на институцијата и да укажеме на тоа дека во објектот на филхармонијата (која што е нашиот втор дом), не е возможно паралелно да работат две институции, односно два различни субјекти, велат вработените во Филхармонија.
Објаснуваат дека концертната сала и целиот објект е замислен, конципиран и изграден исклучиво наменски и според потребите на севкупното функционирање на НУ Македонска филхармонија. Ова се однесува пред се на оркестарот на Македонска филхармонија чии членови/вработени ги извршуваат своите работни задачи така што одржуваат редовни проби и концерти во двете сали (големата и малата сцена) кои се наоѓаат во објектот. Исто така, музичарите вработени во филхармонијата голем дел од работните часови ги поминуваат и во индивидуална и групна работа во одделните соби во објектот наменети за оваа цел. Во објектот има точен број на соби за вежбање, кои се направени со прецизни акустички мерења за секоја група на инструменти одделно. (На пр. во собата за контрабаси, волуменот, квадратурата и акустиката е соодветна исклучиво за оваа група, не би можеле и не е соодветно оваа група на инструменти да ја сместите во собата за флејти, која што пак е направена специфично за оваа група, според потребата на групата, бројот на членови, и изработена со различна квадратура, акустика и волумен) и така за секоја група поединечно. Покрај собите за вежбање, имаат и 4 гардероби (2 женски и 2 машки) чиј просторен капацитет е целосно исполнет согласно бројот на вработени во оркестарот. Вработените во Филхармонија велат дека капацитетот на просториите во кои се сместени администрацијата и техничката служба, е целосно исполнет. Во објектот има и нототека, која тековно се пополнува со нотна литература и веќе кубури со простор, како и студио за снимање, за чии потреби беше пренаменета една од просториите за вежбање. Постои и кафетерија која што е дадена на користење, а која според проектот треба да се користи за цели на вработените и гостите на институцијата, а сегашната намена воопшто не соодветствува со првичната намена на истата. Тука се големата и камерната сала на филхармонијата, кои што се користат за она што се наменети, односно за симфониски и камерни концерти.