возраст Archives - Република https://republika.mk/tema/vozrast/ За подобро да се разбереме Sat, 01 Jul 2023 20:37:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png возраст Archives - Република https://republika.mk/tema/vozrast/ 32 32 Колку години има овој фудбалер: Навивачите се во шок, а клубот тврди дека е младински репрезентативец https://republika.mk/sport/fudbal/kolku-godini-ima-ovoj-fudbaler-navivachite-se-vo-shok-a-klubot-tvrdi-deka-e-mladinski-reprezentativets/ Sat, 01 Jul 2023 20:37:51 +0000 https://republika.mk/?p=657282

Камерунскиот фудбалер Џавал Каиба беше претставен како ново засилување на малиот австриски клуб Алтах, но прашање е дали навивачите ќе бидат воодушевени ако се покаже дека тој не е толку млад како што тврди.

Австријците го претставија на официјалната страна на клубот како 20-годишен фудбалер, но веднаш по доаѓањето, Каиба предизвика многу коментари. Фановите јавно изразуваат сомнежи дека тој е толку млад, затоа што, како што коментираат, на фотографијата изгледа барем 15 години повозрасен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CASHPOINT SCR Altach (@scraltach1929)

Во коментарите на Инстаграм објавата се случи полемика, при што сите коментираат за толку навистина години има дефанзивниот играч за врска кој првпат ќе игра во Европа.

Официјално тој е роден на 8 февруари 2003 година, но никој што ја видел објавата на Алтах, не верува премногу во таквата можност.

The post Колку години има овој фудбалер: Навивачите се во шок, а клубот тврди дека е младински репрезентативец appeared first on Република.

]]>

Камерунскиот фудбалер Џавал Каиба беше претставен како ново засилување на малиот австриски клуб Алтах, но прашање е дали навивачите ќе бидат воодушевени ако се покаже дека тој не е толку млад како што тврди. Австријците го претставија на официјалната страна на клубот како 20-годишен фудбалер, но веднаш по доаѓањето, Каиба предизвика многу коментари. Фановите јавно изразуваат сомнежи дека тој е толку млад, затоа што, како што коментираат, на фотографијата изгледа барем 15 години повозрасен.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by CASHPOINT SCR Altach (@scraltach1929)

Во коментарите на Инстаграм објавата се случи полемика, при што сите коментираат за толку навистина години има дефанзивниот играч за врска кој првпат ќе игра во Европа. Официјално тој е роден на 8 февруари 2003 година, но никој што ја видел објавата на Алтах, не верува премногу во таквата можност.

The post Колку години има овој фудбалер: Навивачите се во шок, а клубот тврди дека е младински репрезентативец appeared first on Република.

]]>
Просечната возраст на населението во ЕУ 44,4 години, во Македонија 41,1 https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/prosechnata-vozrast-na-naselenieto-vo-eu-44-4-godini-vo-makedonija-41-1/ Thu, 23 Feb 2023 11:05:00 +0000 https://republika.mk/?p=612262

Средната возраст на населението на ЕУ лани била 44,4 години, што е зголемување за 2,5 години во споредба со 2012. Во Македонија, пак, просечната возраст е 41,1 година, а една деценија претходно била 36,4, покажуваат податоците што ги објави Евростат.

Најмладо население во ЕУ има Кипар со просек од 38 години, а најстаро Португалија (46,8) и Италија (48 години).

Во периодот од 2012 до 2022 година, средната возраст на населението се зголемила во сите членки на ЕУ, освен во Шведска, каде што се бележи намалува од 40,8 на 40,7 години.

Од земјите во регионот, најстаро население има Грција каде што просечната возраст е 46,1 година, Хрватска со 45,4, Бугарија 45,1, Србија 44,1. Најмлада популација имаат Црна Гора 39,4 и Албанија 38 години, но и таму во изминатата децени е регистриран раст на средната возраст за 2,5 односно 4,8 години.

 

The post Просечната возраст на населението во ЕУ 44,4 години, во Македонија 41,1 appeared first on Република.

]]>

Средната возраст на населението на ЕУ лани била 44,4 години, што е зголемување за 2,5 години во споредба со 2012. Во Македонија, пак, просечната возраст е 41,1 година, а една деценија претходно била 36,4, покажуваат податоците што ги објави Евростат. Најмладо население во ЕУ има Кипар со просек од 38 години, а најстаро Португалија (46,8) и Италија (48 години). Во периодот од 2012 до 2022 година, средната возраст на населението се зголемила во сите членки на ЕУ, освен во Шведска, каде што се бележи намалува од 40,8 на 40,7 години. Од земјите во регионот, најстаро население има Грција каде што просечната возраст е 46,1 година, Хрватска со 45,4, Бугарија 45,1, Србија 44,1. Најмлада популација имаат Црна Гора 39,4 и Албанија 38 години, но и таму во изминатата децени е регистриран раст на средната возраст за 2,5 односно 4,8 години.  

The post Просечната возраст на населението во ЕУ 44,4 години, во Македонија 41,1 appeared first on Република.

]]>
Упатства на СЗО за вежбање во зависност од возраста https://republika.mk/zivot/zdravje/upatstva-na-szo-za-vezhbane-vo-zavisnost-od-vozrasta/ Wed, 01 Feb 2023 13:21:23 +0000 https://republika.mk/?p=603409

Светската здравствена организација даде за тоа колку и каков вид на вежбање ни треба дневно во зависност од возраста.

Деца под една година

За малите деца најважни се менталните вежби и активностите како што се зборувањето, оние кои го поттикнуваат когнитивниот развој и игрите на отворено. Треба да се поминува околу 30 минути на ден во вакви активности.

Деца од една до две години

СЗО препорачува минимум три часа дневно за физички вежби со секаков интензитет.

Деца од три до четири години

Најмалку 60 минути треба да се посветат на активности со висок интензитет, а останатите 120 минути на нешто порелаксирано.

Деца од пет до 17 години

СЗО смета дека се неопходни околу 60 минути аеробни вежби со умерен или висок интензитет. На оваа возраст корисни се и вежбите за зајакнување на коските.

Возрасни од 18 до 64 години

СЗО препорачува 150 до 300 минути умерена аеробна физичка активност неделно за возрасни. Доколку е интензивно вежбање, од 75 до 150 минути. Што се однесува до вежбите кои вклучуваат сила, тие треба да се практикуваат најмалку два или три дена во неделата.

Постари од 65 години

Според Светската здравствена организација, во трето доба треба да ги следите упатствата за возрасни, но да ги приспособите на вашата физичка состојба. Тие исто така велат дека има потреба да се фокусираме на подобрување на стабилноста и силата. Тие препорачуваат вежбање три или повеќе дена во неделата.

The post Упатства на СЗО за вежбање во зависност од возраста appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација даде за тоа колку и каков вид на вежбање ни треба дневно во зависност од возраста. Деца под една година За малите деца најважни се менталните вежби и активностите како што се зборувањето, оние кои го поттикнуваат когнитивниот развој и игрите на отворено. Треба да се поминува околу 30 минути на ден во вакви активности. Деца од една до две години СЗО препорачува минимум три часа дневно за физички вежби со секаков интензитет. Деца од три до четири години Најмалку 60 минути треба да се посветат на активности со висок интензитет, а останатите 120 минути на нешто порелаксирано. Деца од пет до 17 години СЗО смета дека се неопходни околу 60 минути аеробни вежби со умерен или висок интензитет. На оваа возраст корисни се и вежбите за зајакнување на коските. Возрасни од 18 до 64 години СЗО препорачува 150 до 300 минути умерена аеробна физичка активност неделно за возрасни. Доколку е интензивно вежбање, од 75 до 150 минути. Што се однесува до вежбите кои вклучуваат сила, тие треба да се практикуваат најмалку два или три дена во неделата. Постари од 65 години Според Светската здравствена организација, во трето доба треба да ги следите упатствата за возрасни, но да ги приспособите на вашата физичка состојба. Тие исто така велат дека има потреба да се фокусираме на подобрување на стабилноста и силата. Тие препорачуваат вежбање три или повеќе дена во неделата.

The post Упатства на СЗО за вежбање во зависност од возраста appeared first on Република.

]]>
Една кучешка = седум човечки години е мит: Научници претставија попрецизен систем за мерење на возраста на најдобриот пријател на човекот https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/edna-kucheshka-sedum-chovechki-godini-e-mit-nauchnici-pretstavija-nov-i-poprecizen-sistem-za-merenje-na-vozrasta-na-najdobriot-prijatel-na-chovekot/ Mon, 18 Apr 2022 10:34:42 +0000 https://republika.mk/?p=489901

Кога ќе прашате сопственик колку години има неговото куче во „човечки години“, одговорот е главно дека возраста на кучето се множи со седум. Една нова студија наведува дека идејата дека една кучешка година е еднаква како седум човечки години е мит.

Истражувачи од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Калифорнија во Сан Диего тврдат дека имаат формула која многу попрецизно ја мери возраста на најдобриот пријател на човекот.

Имено, кучињата не стареат толку брзо како луѓето. Студијата наведува дека кучињата всушност многу побрзо горат кога се кученца, но околу седумгодишна возраст овој процес се забавува.

Кога ќе размислите малку подобро, има смисла. На крајот на краиштата, деветмесечните кучиња можат да имаат кученца, така што веќе знаеме дека овој сооднос 1:7 не е прецизен - вели авторот на студијата Тери Идекер.

Студијата, објавена во списанието „Cell Systems", се занимава со „епигенетскиот часовник“ кој ја одредува староста на клетката врз основа на хемиски процеси.

Научниците ја тестирале крвта на 105 лабрадор ретривери и врз основа на резултатите од тестот создале нова вага која покажува дека гените на едногодишно куче веќе се поблиску до гените на 30-годишна личност. Кога стареењето на кучето „забавува“, возраста на кучето „тинејџер“ всушност одговара на 70-годишен, а не на 100-годишен, како што се мислеше претходно.

Научниците ќе мора да тестираат други раси кучиња за да ја утврдат точноста на новата вага. Сепак, научниците веруваат дека бидејќи епигенетиката се покажала како точна и кај глувците и кај луѓето, резултатите од анализите на кучињата би можеле да бидат веродостојни.

The post Една кучешка = седум човечки години е мит: Научници претставија попрецизен систем за мерење на возраста на најдобриот пријател на човекот appeared first on Република.

]]>

Кога ќе прашате сопственик колку години има неговото куче во „човечки години“, одговорот е главно дека возраста на кучето се множи со седум. Една нова студија наведува дека идејата дека една кучешка година е еднаква како седум човечки години е мит. Истражувачи од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Калифорнија во Сан Диего тврдат дека имаат формула која многу попрецизно ја мери возраста на најдобриот пријател на човекот. Имено, кучињата не стареат толку брзо како луѓето. Студијата наведува дека кучињата всушност многу побрзо горат кога се кученца, но околу седумгодишна возраст овој процес се забавува.
Кога ќе размислите малку подобро, има смисла. На крајот на краиштата, деветмесечните кучиња можат да имаат кученца, така што веќе знаеме дека овој сооднос 1:7 не е прецизен - вели авторот на студијата Тери Идекер.
Студијата, објавена во списанието „Cell Systems", се занимава со „епигенетскиот часовник“ кој ја одредува староста на клетката врз основа на хемиски процеси. Научниците ја тестирале крвта на 105 лабрадор ретривери и врз основа на резултатите од тестот создале нова вага која покажува дека гените на едногодишно куче веќе се поблиску до гените на 30-годишна личност. Кога стареењето на кучето „забавува“, возраста на кучето „тинејџер“ всушност одговара на 70-годишен, а не на 100-годишен, како што се мислеше претходно. Научниците ќе мора да тестираат други раси кучиња за да ја утврдат точноста на новата вага. Сепак, научниците веруваат дека бидејќи епигенетиката се покажала како точна и кај глувците и кај луѓето, резултатите од анализите на кучињата би можеле да бидат веродостојни.

The post Една кучешка = седум човечки години е мит: Научници претставија попрецизен систем за мерење на возраста на најдобриот пријател на човекот appeared first on Република.

]]>