вонредни парламентарни избори Archives - Република https://republika.mk/tema/vonredni-parlamentarni-izbori/ За подобро да се разбереме Sun, 30 Jun 2024 16:05:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вонредни парламентарни избори Archives - Република https://republika.mk/tema/vonredni-parlamentarni-izbori/ 32 32 Французите масовно гласаат во првиот круг од парламентарните избори https://republika.mk/vesti/svet/frantsuzite-masovno-glasaat-vo-prviot-krug-od-parlamentarnite-izbori/ Sun, 30 Jun 2024 16:05:07 +0000 https://republika.mk/?p=792172

Французите денеска масовно излегуваат на првиот круг од вонредните парламентарни избори, што би можело да го отвори патот на екстремната десница да дојде на власт, пренесуваат странските агенции.

Излезноста на гласачите до пладне беше 25,90 отсто, односно повеќе од претходните избори во 2022 година, кога до пладне гласаа 18,43 отсто од граѓаните.

Многу политичари гласаа во нивните области утринава, вклучително и претседателот Емануел Макрон, лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен и премиерот Габриел Атал.

Првите резултати од излезните анкети ќе бидат познати околу 20 часот по затворањето на гласачките места.

Според последните анкети, екстремната десница предводена од младиот Жордан Бардела (28) би можела да освои меѓу 35 и 36,5 отсто од гласовите.

На второ место треба да биде левата коалиција, во која радикалната левичарска партија Непокорна Франција е со 27,5 до 29 отсто од гласовите, додека центристичката коалиција на Макрон е на трето место со 20,5 до 21 отсто од гласовите.

The post Французите масовно гласаат во првиот круг од парламентарните избори appeared first on Република.

]]>

Французите денеска масовно излегуваат на првиот круг од вонредните парламентарни избори, што би можело да го отвори патот на екстремната десница да дојде на власт, пренесуваат странските агенции. Излезноста на гласачите до пладне беше 25,90 отсто, односно повеќе од претходните избори во 2022 година, кога до пладне гласаа 18,43 отсто од граѓаните. Многу политичари гласаа во нивните области утринава, вклучително и претседателот Емануел Макрон, лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен и премиерот Габриел Атал. Првите резултати од излезните анкети ќе бидат познати околу 20 часот по затворањето на гласачките места. Според последните анкети, екстремната десница предводена од младиот Жордан Бардела (28) би можела да освои меѓу 35 и 36,5 отсто од гласовите. На второ место треба да биде левата коалиција, во која радикалната левичарска партија Непокорна Франција е со 27,5 до 29 отсто од гласовите, додека центристичката коалиција на Макрон е на трето место со 20,5 до 21 отсто од гласовите.

The post Французите масовно гласаат во првиот круг од парламентарните избори appeared first on Република.

]]>
Maкедонија победи, гласањето заврши https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-pobedi-glasaneto-zavrshi/ Wed, 08 May 2024 17:02:36 +0000 https://republika.mk/?p=775680

Заврши гласањето на претседателските избори и на парламентарните избори.Она што беше нејасно и што во текот на денот предизвика неизвесност е дали ќе се постиггне цензус на изборите за претседател.

Овој страв се зголеми откако членови на ДУИ, пред се Артан Груби јавно објави видео од гласањето како зема ливче само за парламентарните избори.

И вчера активисти на ДУИ расфрлаа летоци за бојкот на претседателските избори низ Чаир. Забелележително беше што во средините со албанско население имаше помала излезност за претседателските избори отколку за парламентарните избори.

Сево предизвика револт и будење кај останатите граѓани кои во попладневните часови ја зголемија излесност и до 19 часот таа е над 40 проценти што е доволно Македонија да добие претседател. Со тоа се спречи земјата да влезе во уште една политичка криза.

Со бојкотот на ДУИ, освен што работеа изборите да пропаднат одеа и против својот коалициски партнер, односно не гласаа за Стево Пендаровски.

За парламентарни избори излезноста е во рамки на очекуваното и се движи околу 47 проценти.

The post Maкедонија победи, гласањето заврши appeared first on Република.

]]>

Заврши гласањето на претседателските избори и на парламентарните избори.Она што беше нејасно и што во текот на денот предизвика неизвесност е дали ќе се постиггне цензус на изборите за претседател. Овој страв се зголеми откако членови на ДУИ, пред се Артан Груби јавно објави видео од гласањето како зема ливче само за парламентарните избори. И вчера активисти на ДУИ расфрлаа летоци за бојкот на претседателските избори низ Чаир. Забелележително беше што во средините со албанско население имаше помала излезност за претседателските избори отколку за парламентарните избори. Сево предизвика револт и будење кај останатите граѓани кои во попладневните часови ја зголемија излесност и до 19 часот таа е над 40 проценти што е доволно Македонија да добие претседател. Со тоа се спречи земјата да влезе во уште една политичка криза. Со бојкотот на ДУИ, освен што работеа изборите да пропаднат одеа и против својот коалициски партнер, односно не гласаа за Стево Пендаровски. За парламентарни избори излезноста е во рамки на очекуваното и се движи околу 47 проценти.    

The post Maкедонија победи, гласањето заврши appeared first on Република.

]]>
На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите https://republika.mk/vesti/makedonija/na-polnok-istekuva-rokot-za-prijavuvane-na-bolnite-i-iznemoshtenite-za-glasane-na-izborite/ Tue, 30 Apr 2024 06:28:39 +0000 https://republika.mk/?p=772413

На полноќ истекува рокот за пријавување на избирачите кои се болни или немоќни за да може да бидат посетени во своите домови на 7 мај и да гласаат на парламентарните избори.

Пријавувањето е во Општинските изборни комисии и се однесува само за парламентарните избори, додека прифатените барања на болните и немоќни лица за гласање на претседателските избори на 24 април се важечки и за вториот круг од претседателските избори.

-Избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место (немоќно или болно лице), а сака да гласа за тоа ќе ја извести ОИК најдоцна 7 дена пред денот определен за гласање односно до 30 април на полноќ, стои во Роковникот за парламентарните избори на Државната изборна комисија.

За лицата кои се болни или немоќни а сакаат да гласаат исто така до ОИК треба да биде доставена соодвтена медицинска документација.

На 4 мај истекува рокот за барања за гласање на лица кои се во домашен притвор.

Болните и немоќните, затворениците, лицата во домашен притвор и лицата во старските домови гласаат еден ден пред изборите и тоа на 7 мај

The post На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите appeared first on Република.

]]>

На полноќ истекува рокот за пријавување на избирачите кои се болни или немоќни за да може да бидат посетени во своите домови на 7 мај и да гласаат на парламентарните избори. Пријавувањето е во Општинските изборни комисии и се однесува само за парламентарните избори, додека прифатените барања на болните и немоќни лица за гласање на претседателските избори на 24 април се важечки и за вториот круг од претседателските избори.
-Избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место (немоќно или болно лице), а сака да гласа за тоа ќе ја извести ОИК најдоцна 7 дена пред денот определен за гласање односно до 30 април на полноќ, стои во Роковникот за парламентарните избори на Државната изборна комисија.
За лицата кои се болни или немоќни а сакаат да гласаат исто така до ОИК треба да биде доставена соодвтена медицинска документација. На 4 мај истекува рокот за барања за гласање на лица кои се во домашен притвор. Болните и немоќните, затворениците, лицата во домашен притвор и лицата во старските домови гласаат еден ден пред изборите и тоа на 7 мај

The post На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите appeared first on Република.

]]>
ДУИ објави дека е можно да има немири по изборите https://republika.mk/vesti/makedonija/dui-objavi-deka-e-mozhno-da-ima-nemiri-po-izborite/ Tue, 19 Mar 2024 14:13:29 +0000 https://republika.mk/?p=756364

Демократската унија за интеграција предупреди на можни немири во Македонија по парламентарните избори, кои ќе се одржат на 8 мај, пишува „Euronews“.

Овие немири, според оваа партија која е дел од македонската Влада, се засновани на „руско сценарио“ координирано, како што рече, меѓу албанската и македонската опозиција ВМРО-ДПМНЕ и партијата Е Мајта.

За ова „сценарио“, ДУИ соопшти дека го известила и меѓународниот фактор, но не е прецизирано за какво сценарио се работи и дали за тоа добиле индиции од безбедносните служби на Македонија.

The post ДУИ објави дека е можно да има немири по изборите appeared first on Република.

Двојните избори речиси сигурни во мај, Ковачевски не се откажува од премиер Албанец https://republika.mk/vesti/makedonija/dvojnite-izbori-rechisi-sigurni-vo-maj-kovachevski-ne-se-otkazhuva-od-premier-albanets/ Tue, 21 Nov 2023 07:22:52 +0000 https://republika.mk/?p=714589

Во текот на следните недели се очекува разврска околу терминот за претседателските и парламентарните избори, но и за кандидатите кои ќе се „борат“ за највисоките државни функции.

Уставните измени се токму за продолжување на европскиот пат на државата. Сега зависи исклучиво од нас. Сега зависи од тие 120 пратеници во Собранието. И ако ме прашате дали има доволно пратен

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски смета дека постои доволно простор во мај да се организираат изборите, во нивниот редовен термин, а за финалните ставови на политичките партии, вели тој, јавноста ќе биде информирана кога ќе се постигне поширок консензус во рамките на Парламентот.

Според него, сите кадровски решенија ќе бидат споделувани со јавноста како што ќе се носат од официјалните партиски тела.

Во моментов, информира Ковачевски, течат разговорите за финализирање на Изборниот законик и вклучувањето во него на сите забелешки од страна на ОБСЕ/ОДИХР. Тоа е веќе финализирано во најголема мера и многу скоро ќе се најде на владина седница, како и на седница во Парламентот при што ќе се добие целосно усогласено законско решение.

-Со ДУИ имаме јасен коалициски договор објавен во 2020 година, секако дека за модалитетите со нив се разговара, но целта за остварување европска коалиција која ќе предводи широк фронт е клучната работа што ќе ги обедини партиите на следните избори. Сите детали и кадровски решенија кои ќе следуваат, ќе бидат споделувани со јавноста како што ќе се носат од официјалните органи на партиите, истакна Ковачевски.

Кога се прават коалиции, подвлече Ковачевски, клучно е да се споделуваат заеднички вредности кои се однесуваат, пред се, на визијата за модерно општество и модерна држава.

Штом Заев е фатен во криминал, веднаш почнува со ветување на милијарди инвестиции. Ако се соберат досегашните најави на Заев сигурно има ветено проекти од десетици милијарди, а нема реализира

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавата на Ковачевски за одржување на двојни избори потенцираше дека ова е чекорот кој што се бараше и се очекуваше.

-Ова е чекорот што го баравме и го очекувавме со оглед на тоа што споени избори се единствен логичен расплет на настаните со тоа што ќе се одбегне грч на стопанството и потребата финансиски да се оптоварат граѓаните преку зголемени трошоци за евентуални разделени избори, потенцираше Стоилковски.

The post Двојните избори речиси сигурни во мај, Ковачевски не се откажува од премиер Албанец appeared first on Република.

]]>

Во текот на следните недели се очекува разврска околу терминот за претседателските и парламентарните избори, но и за кандидатите кои ќе се „борат“ за највисоките државни функции. Уставните измени се токму за продолжување на европскиот пат на државата. Сега зависи исклучиво од нас. Сега зависи од тие 120 пратеници во Собранието. И ако ме прашате дали има доволно пратен Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски смета дека постои доволно простор во мај да се организираат изборите, во нивниот редовен термин, а за финалните ставови на политичките партии, вели тој, јавноста ќе биде информирана кога ќе се постигне поширок консензус во рамките на Парламентот. Според него, сите кадровски решенија ќе бидат споделувани со јавноста како што ќе се носат од официјалните партиски тела. Во моментов, информира Ковачевски, течат разговорите за финализирање на Изборниот законик и вклучувањето во него на сите забелешки од страна на ОБСЕ/ОДИХР. Тоа е веќе финализирано во најголема мера и многу скоро ќе се најде на владина седница, како и на седница во Парламентот при што ќе се добие целосно усогласено законско решение.
-Со ДУИ имаме јасен коалициски договор објавен во 2020 година, секако дека за модалитетите со нив се разговара, но целта за остварување европска коалиција која ќе предводи широк фронт е клучната работа што ќе ги обедини партиите на следните избори. Сите детали и кадровски решенија кои ќе следуваат, ќе бидат споделувани со јавноста како што ќе се носат од официјалните органи на партиите, истакна Ковачевски.
Кога се прават коалиции, подвлече Ковачевски, клучно е да се споделуваат заеднички вредности кои се однесуваат, пред се, на визијата за модерно општество и модерна држава. Штом Заев е фатен во криминал, веднаш почнува со ветување на милијарди инвестиции. Ако се соберат досегашните најави на Заев сигурно има ветено проекти од десетици милијарди, а нема реализира Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавата на Ковачевски за одржување на двојни избори потенцираше дека ова е чекорот кој што се бараше и се очекуваше.
-Ова е чекорот што го баравме и го очекувавме со оглед на тоа што споени избори се единствен логичен расплет на настаните со тоа што ќе се одбегне грч на стопанството и потребата финансиски да се оптоварат граѓаните преку зголемени трошоци за евентуални разделени избори, потенцираше Стоилковски.

The post Двојните избори речиси сигурни во мај, Ковачевски не се откажува од премиер Албанец appeared first on Република.

]]>
Мицкоски повикува на мобилизација и масовна излезност на изборите https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-povikuva-na-mobilizatsija-i-masovna-izleznost-na-izborite/ Sat, 11 Nov 2023 15:50:38 +0000 https://republika.mk/?p=700439

Лидерот Мицкоски е свесен дека ВМРО-ДПМНЕ е фаворит на следните избори, но сепак е многу внимателен.

Не би сакал да ги поткреваме очекувањата па да се создаде една летаргија и апатија „од мојот ли глас зависи, секако ВМРО-ДПМНЕ победува“. Ние треба да имаме кампања во која што  ќе ги повикаме граѓаните на мобилизација и масовност затоа што следните избори се референдумско изјаснување.Од една страна е  ВМРО-ДПМНЕ  а од друга страна ги имаме Ковачевски, Ахмети,Зечевиќ, Груби, Османи Маричиќ.Тоа е понудата од едната страна и од другата страна е ВМРО-ДПМНЕ.Може да се профилира и трета опција која што која денеска е опозиција на опозицијата која се обидува преку одреден вид измеќарења кон владата да направи штета на ВМРО-ДПМНЕ.Но, мислам ги потценуваат граѓаните и нема да успеат.Нашата порака  треба да биде благодариме на довербата, ја прифаќаме довербата на фаворити но ве молиме немојте немојте да влеземе во состојба на летаргија.Ни треба масовност и мобилизација и 61 пратеник за трансформација на Македонија бидејќи ова нема да биде влада која што менаџира процеси туку треба да ја трансформира Македонија-објасни Мицкоски во интервјуто за „Република“.

https://www.youtube.com/watch?v=XPqTaWb4KtM

The post Мицкоски повикува на мобилизација и масовна излезност на изборите appeared first on Република.

Mицкоски со предлог до Ковачевски: Нека земе бел лист хартија и нека напише кој било датум сака за двојни избори помеѓу двата најголеми верски празници https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-so-predlog-do-kovachevski-neka-zeme-bel-list-hartija-i-neka-napishe-koj-bilo-datum-saka-za-dvojni-izbori-pomegu-dvata-najgolemi-verski-praznitsi/ Mon, 23 Oct 2023 13:10:41 +0000 https://republika.mk/?p=694199

Мора да се договори датум за редовни избори. Еве му еден предлог на Ковачевски. Нека земе бел лист хартија и нека напише кој било датум сака помеѓу двата најголеми верски празника идната пролет и да одржиме парламентарни и претседателски избори на еден трошок, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој во обраќањето на настанот по повод  23 Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба и јубилејот, порача дека „обновата ќе дојде, а промените ќе бидат онолку силни, колку што ќе биде силна поддршката“.

Како што оцени Мицксоки, „оваа Влада, преку одбегнување да се договори датум за избори, оди кон свесно предизвикување уставна и политичка криза“.

-Срамота е што преку медиуми се договараме и лиферуваме датуми за редовни избори. Разбирам кога велат дека Ковачевски никој не го слуша во Владата, зашто ниту министрите, вицепремиерите и кај него во партија му имаат почит. Затоа е оддаден на шетање по светот и компаниите. Но, мора да се договори датум за редовни избори. Ќе доживеат жесток пораз и тежок дебакл од народот. Народот треба масовно, во огромен број да им ја прати пораката на овие избори - нема играње со народот. Народот е посилен од секоја тесна клика и елита која си игра со судбината и ја одзема иднината. Доаѓаат промени. Заветот на Организацијата и поинаквите цели кои мора да ги оствариме се да ја кренема Македонија на здрави нозе, истакна Мицкоски.

Тој рече и дека не сака да биде предмет на уцени при создавањето на идната влада.

-Затоа, го замолувам секој граѓанин да се вклучи и да излезе на следните избори масовно. Важно е гласот на секој човек да има важност. Лошите политичари се на власт, зашто тие ја користат неодлучноста на оние кои не гласаат. Воедно, народот треба да биде свесен за данајските игри на оние во опозицијата стимулирани од власта да глумат патриоти и да го ситнат отпорот против оваа власт. Нив ќе ги препознаете што имаат по некоја критика за власта, колку за да помислите дека се опозиционери ама за се друго и по професија и норма се критичари на опозицијата. Со часови навредуваат, плукаат, анализираат луѓе од опозицијата. Неприродно се занимаваат со ВМРО-ДПМНЕ кога ја имаме најнеспособната власт. Тие треба кај народот да внесат сомнеж за опозицијата и со секој нејзин потег и да ве одвратат од гласање. Мојата порака е не им верувајте, внимавајте. Одговорот на ова треба да биде да не пропадне вашиот глас за тие опозиционери и опозиција на опозицијата, туку масовно да се поддржи единствената сила способна и подготвена за промени ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, порача Мицкоски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ne-mozhe-da-sozdademe-idnina-ako-ne-go-pochituvame-minato/

The post Mицкоски со предлог до Ковачевски: Нека земе бел лист хартија и нека напише кој било датум сака за двојни избори помеѓу двата најголеми верски празници appeared first on Република.

]]>

Мора да се договори датум за редовни избори. Еве му еден предлог на Ковачевски. Нека земе бел лист хартија и нека напише кој било датум сака помеѓу двата најголеми верски празника идната пролет и да одржиме парламентарни и претседателски избори на еден трошок, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој во обраќањето на настанот по повод  23 Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба и јубилејот, порача дека „обновата ќе дојде, а промените ќе бидат онолку силни, колку што ќе биде силна поддршката“. Како што оцени Мицксоки, „оваа Влада, преку одбегнување да се договори датум за избори, оди кон свесно предизвикување уставна и политичка криза“.
-Срамота е што преку медиуми се договараме и лиферуваме датуми за редовни избори. Разбирам кога велат дека Ковачевски никој не го слуша во Владата, зашто ниту министрите, вицепремиерите и кај него во партија му имаат почит. Затоа е оддаден на шетање по светот и компаниите. Но, мора да се договори датум за редовни избори. Ќе доживеат жесток пораз и тежок дебакл од народот. Народот треба масовно, во огромен број да им ја прати пораката на овие избори - нема играње со народот. Народот е посилен од секоја тесна клика и елита која си игра со судбината и ја одзема иднината. Доаѓаат промени. Заветот на Организацијата и поинаквите цели кои мора да ги оствариме се да ја кренема Македонија на здрави нозе, истакна Мицкоски.
Тој рече и дека не сака да биде предмет на уцени при создавањето на идната влада.
-Затоа, го замолувам секој граѓанин да се вклучи и да излезе на следните избори масовно. Важно е гласот на секој човек да има важност. Лошите политичари се на власт, зашто тие ја користат неодлучноста на оние кои не гласаат. Воедно, народот треба да биде свесен за данајските игри на оние во опозицијата стимулирани од власта да глумат патриоти и да го ситнат отпорот против оваа власт. Нив ќе ги препознаете што имаат по некоја критика за власта, колку за да помислите дека се опозиционери ама за се друго и по професија и норма се критичари на опозицијата. Со часови навредуваат, плукаат, анализираат луѓе од опозицијата. Неприродно се занимаваат со ВМРО-ДПМНЕ кога ја имаме најнеспособната власт. Тие треба кај народот да внесат сомнеж за опозицијата и со секој нејзин потег и да ве одвратат од гласање. Мојата порака е не им верувајте, внимавајте. Одговорот на ова треба да биде да не пропадне вашиот глас за тие опозиционери и опозиција на опозицијата, туку масовно да се поддржи единствената сила способна и подготвена за промени ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, порача Мицкоски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ne-mozhe-da-sozdademe-idnina-ako-ne-go-pochituvame-minato/

The post Mицкоски со предлог до Ковачевски: Нека земе бел лист хартија и нека напише кој било датум сака за двојни избори помеѓу двата најголеми верски празници appeared first on Република.

]]>
Koвачевски не се изјасни за предлогот на Мицкоски за двојни избори на 8 мај https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ne-se-izjasni-za-predlogot-na-mitskoski-za-dvojni-izbori-na-8-maj/ Wed, 18 Oct 2023 13:20:09 +0000 https://republika.mk/?p=692536

Терминот на одржување на редовните претседателски избори, како и за редовните парламентарните избори треба да бидат предмет на дискусија меѓу сите партии, смета премиерот Димитар Ковачевски кој денеска не сакаше да ја коментира вчерашната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека изборите треба да се одржат на 8 мај догодина.

„За датумот на изборите тоа веќе е предмет на дискусија помеѓу сите политички парти, не помеѓу две политички партии. Секогаш Изборниот законик во државата и оддржувањето на изборите се прави согласно со Закон, согласно со Устав, согласно со мандати. Оваа година имаме карактеристични избори бидејќи имаме и претседателски и парламентарни избори“,.

ВМРО-ДПМНЕ  и Мицкоски бараат одржувањето на претседателските и парламентарните избори да биде во ист ден, а вчера лидерот на партијата го посочи 8 мај. Според него единствената недела каде што можат да се поклопат вториот круг претседателски и парламентарните избори е 5 мај, а бидејќи тогаш е Велигден, предлогот е тие да бидат три дена подоцна.

The post Koвачевски не се изјасни за предлогот на Мицкоски за двојни избори на 8 мај appeared first on Република.

Дали власта ќе се охрабри на осми мај да се оди на двојни избори? https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-vlasta-ke-se-ohrabri-na-osmi-maj-da-se-odi-na-dvojni-izbori/ Wed, 18 Oct 2023 05:53:00 +0000 https://republika.mk/?p=692322

Останува отворено прашањето дали претседателските и парламентарните избори ќе се одржат одвоено или парламентарните избори ќе бидат истовремено со вториот круг на претседателските избори. Владејачката СДСМ смета дека двата изборни циклуса треба да бидат одвоени, но отворена е за разговор околу термините, додека за опозициската ВМРО-ДПМНЕ прифатливо е истовремено одржување на изборите, а како можен термин го предлагаат 8 мај.  Од Собранието, пак, се уште нема информација кога би се одржала средба на работните групи кои би разговарале за изборните термини и останатите активности поврзани со изборите.

Потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за европски прашања Фатмир Битиќи вчера во телевизиско гостување рече дека претседателските и парламентарните избори треба да бидат одвоени, но дека за доброто на земјата може да се разговара за термините.

Сите партии што се отворени, како што рече, може да се обединат или во заеднички листи или во заеднички дух за подобра, европска иднина на државата.

Elections will be held in the regular slot, the party and the coalition share the same position, SDSM vice-president and Deputy PM for Economic Affairs Fatmir Bytyqi said Tuesday. 

-Во минатото докажавме дека имаме широк коалициски капацитет и со различни партии. И последните парламентарни избори во 2020 година беа во таков дух. Сега го нарекуваме европски фронт. Сите партии што се отворени можат да се обединат или во заеднички листи или во заеднички дух за подобра, европска иднина на државата, истакна Битиќи.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера изјави дека за нив 8 мај е прифатлив како можен термин за одржување на парламентарните избори и на вториот круг од претседателските избори, потсетувајќи дека и во минатото имало таква пракса.

Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера се да биде дел од позитивната листа и ампулите кои ќе бидат аплицирани и отчитани преку „КАТО“ методата да бидат сочувани како материјален доказ дека вис

-Така беше на последните избори 15 јули 2020 година. Затоа велиме дека 8 мај е повторно можен термин кога би се случил вториот круг претседателски заедно со парламентарните. Би имало 72 часа за рокови за жалби, за одлуки и да се фати рокот од 12 мај да може новиот претседател да биде веќе инаугуриран, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања  при вчерашната посета на Гевгелија.

Повика на консензус од сите политички фактори за датумот и времето на одржување на изборите.

- Уставот е јасен, дека мандатот на актуелниот пратенички состав важи до изборот на нов, но не повеќе од четири години. Имајќи предвид дека 4 август 2020 година е формиран Парламентот и од тогаш почнува да важи мандатот на актуелниот пратенички состав, значи дека ние на 3 август мора да имаме нов пратенички состав, рече Мицкоски.

Според потпретседателот на ДУИ и актуелен министер за надворешни работи Бујар Османи, датумот за одржување на претседателските и парламентарните избори ќе биде производ на дијалогот меѓу политичките партии, на кој треба да се гледа во контекст на уставната реформа, а не од аспект на партиските интереси.

Прес-конференција на министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

- ДУИ е најмалку загрижена во однос на термините како можност да се помогне позицијата на партијата бидејќи во кое било време нашата позиција е добра. Мислам дека тоа треба да го гледаме во контекст на уставната реформа отколку во контекст на тоа како политичките партии ќе имаат интерес за кој било датум,  рече Османи.

The post Дали власта ќе се охрабри на осми мај да се оди на двојни избори? appeared first on Република.

]]>

Останува отворено прашањето дали претседателските и парламентарните избори ќе се одржат одвоено или парламентарните избори ќе бидат истовремено со вториот круг на претседателските избори. Владејачката СДСМ смета дека двата изборни циклуса треба да бидат одвоени, но отворена е за разговор околу термините, додека за опозициската ВМРО-ДПМНЕ прифатливо е истовремено одржување на изборите, а како можен термин го предлагаат 8 мај.  Од Собранието, пак, се уште нема информација кога би се одржала средба на работните групи кои би разговарале за изборните термини и останатите активности поврзани со изборите. Потпретседателот на СДСМ и вицепремиер за европски прашања Фатмир Битиќи вчера во телевизиско гостување рече дека претседателските и парламентарните избори треба да бидат одвоени, но дека за доброто на земјата може да се разговара за термините. Сите партии што се отворени, како што рече, може да се обединат или во заеднички листи или во заеднички дух за подобра, европска иднина на државата. Elections will be held in the regular slot, the party and the coalition share the same position, SDSM vice-president and Deputy PM for Economic Affairs Fatmir Bytyqi said Tuesday. 
-Во минатото докажавме дека имаме широк коалициски капацитет и со различни партии. И последните парламентарни избори во 2020 година беа во таков дух. Сега го нарекуваме европски фронт. Сите партии што се отворени можат да се обединат или во заеднички листи или во заеднички дух за подобра, европска иднина на државата, истакна Битиќи.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера изјави дека за нив 8 мај е прифатлив како можен термин за одржување на парламентарните избори и на вториот круг од претседателските избори, потсетувајќи дека и во минатото имало таква пракса. Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ има намера се да биде дел од позитивната листа и ампулите кои ќе бидат аплицирани и отчитани преку „КАТО“ методата да бидат сочувани како материјален доказ дека вис
-Така беше на последните избори 15 јули 2020 година. Затоа велиме дека 8 мај е повторно можен термин кога би се случил вториот круг претседателски заедно со парламентарните. Би имало 72 часа за рокови за жалби, за одлуки и да се фати рокот од 12 мај да може новиот претседател да биде веќе инаугуриран, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања  при вчерашната посета на Гевгелија.
Повика на консензус од сите политички фактори за датумот и времето на одржување на изборите.
- Уставот е јасен, дека мандатот на актуелниот пратенички состав важи до изборот на нов, но не повеќе од четири години. Имајќи предвид дека 4 август 2020 година е формиран Парламентот и од тогаш почнува да важи мандатот на актуелниот пратенички состав, значи дека ние на 3 август мора да имаме нов пратенички состав, рече Мицкоски.
Според потпретседателот на ДУИ и актуелен министер за надворешни работи Бујар Османи, датумот за одржување на претседателските и парламентарните избори ќе биде производ на дијалогот меѓу политичките партии, на кој треба да се гледа во контекст на уставната реформа, а не од аспект на партиските интереси. Прес-конференција на министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
- ДУИ е најмалку загрижена во однос на термините како можност да се помогне позицијата на партијата бидејќи во кое било време нашата позиција е добра. Мислам дека тоа треба да го гледаме во контекст на уставната реформа отколку во контекст на тоа како политичките партии ќе имаат интерес за кој било датум,  рече Османи.

The post Дали власта ќе се охрабри на осми мај да се оди на двојни избори? appeared first on Република.

]]>
Претседателот на Црна Гора го распушти Парламентот https://republika.mk/vesti/balkan/pretsedatelot-na-tsrna-gora-go-raspushti-parlamentot/ Thu, 16 Mar 2023 20:36:11 +0000 https://republika.mk/?p=620484

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ денеска го распушти Собранието, што е увертира за распишување вонредни парламентарни избори врз основа на спорните измени на Законот за претседател.

Во своите јавни настапи правниците не се договорија дали Ѓукановиќ треба да постапи согласно спорниот закон, чија уставност е под знак прашалник, пренесе Бета.

„Се распушта 27. свикување на Парламентот на Црна Гора. Указот …стапува во сила со денот на неговото усвојување. Оваа уредба ќе биде објавена во Службен весник на Црна Гора“, се наведува во декретот.

Во соопштението на кабинетот на Ѓукановиќ се наведува дека указот е донесен врз основа на член 92 точка 3 од Уставот на Црна Гора.

На 15 март на полноќ истече рокот за формирање на 44-та влада, чиј мандатар беше Миодраг Лекиќ. Според Уставот на Црна Гора, претседателот на државата распишува избори првиот ден по распуштањето на Собранието.

По распуштањето на Собранието, избори може да се одржат најрано за 60, а најдоцна 100 дена. Лекиќ ги известил претседателите на партиите дека нема мнозинство да формира влада бидејќи нема поддршка од четворица пратеници на Движењето на премиерот Дритан Абазовиќ.

Ѓукановиќ претходно изјави дека изборот на Лекиќ е правно проблематичен, но е дел од правниот систем, додека Уставниот суд не го суспендира.

The post Претседателот на Црна Гора го распушти Парламентот appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ денеска го распушти Собранието, што е увертира за распишување вонредни парламентарни избори врз основа на спорните измени на Законот за претседател. Во своите јавни настапи правниците не се договорија дали Ѓукановиќ треба да постапи согласно спорниот закон, чија уставност е под знак прашалник, пренесе Бета. „Се распушта 27. свикување на Парламентот на Црна Гора. Указот …стапува во сила со денот на неговото усвојување. Оваа уредба ќе биде објавена во Службен весник на Црна Гора“, се наведува во декретот. Во соопштението на кабинетот на Ѓукановиќ се наведува дека указот е донесен врз основа на член 92 точка 3 од Уставот на Црна Гора. На 15 март на полноќ истече рокот за формирање на 44-та влада, чиј мандатар беше Миодраг Лекиќ. Според Уставот на Црна Гора, претседателот на државата распишува избори првиот ден по распуштањето на Собранието. По распуштањето на Собранието, избори може да се одржат најрано за 60, а најдоцна 100 дена. Лекиќ ги известил претседателите на партиите дека нема мнозинство да формира влада бидејќи нема поддршка од четворица пратеници на Движењето на премиерот Дритан Абазовиќ. Ѓукановиќ претходно изјави дека изборот на Лекиќ е правно проблематичен, но е дел од правниот систем, додека Уставниот суд не го суспендира.

The post Претседателот на Црна Гора го распушти Парламентот appeared first on Република.

]]>