Володомир Зеленски Archives - Република https://republika.mk/tema/volodomir-zelenski/ За подобро да се разбереме Thu, 31 Oct 2024 12:10:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Володомир Зеленски Archives - Република https://republika.mk/tema/volodomir-zelenski/ 32 32 Претседателот на Украина го разреши главниот обвинител поради злоупотреби во институциите https://republika.mk/vesti/svet/pretsedatelot-na-ukraina-go-razreshi-glavniot-obvinitel-poradi-zloupotrebi-vo-institutsiite/ Thu, 31 Oct 2024 12:10:52 +0000 https://republika.mk/?p=832779

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска со указ го разреши генералниот обвинител на Украина, Андриј Костин.

Според украински медиуми, Костин беше на чело на Генералното обвинителство од 28 јули 2022 година, заменувајќи ја на таа позиција Ирина Венедиктова.

Тој поднесе оставка на функцијата генерален обвинител на 22 октомври, поради повеќе случаи на злоупотреба во обвинителските агенции.

Истовремено, на седницата на Советот за национална безбедност и одбрана беше разгледана ситуацијата со медицинските и социјалните стручни комисии (МССК) и злоупотребите од страна на државни службеници во врска со стекнување статус на инвалид.

Зеленски претходно ја посочи политичката одговорност на генералниот обвинител за состојбата во украинското обвинителство.

The post Претседателот на Украина го разреши главниот обвинител поради злоупотреби во институциите appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска со указ го разреши генералниот обвинител на Украина, Андриј Костин. Според украински медиуми, Костин беше на чело на Генералното обвинителство од 28 јули 2022 година, заменувајќи ја на таа позиција Ирина Венедиктова. Тој поднесе оставка на функцијата генерален обвинител на 22 октомври, поради повеќе случаи на злоупотреба во обвинителските агенции. Истовремено, на седницата на Советот за национална безбедност и одбрана беше разгледана ситуацијата со медицинските и социјалните стручни комисии (МССК) и злоупотребите од страна на државни службеници во врска со стекнување статус на инвалид. Зеленски претходно ја посочи политичката одговорност на генералниот обвинител за состојбата во украинското обвинителство.

The post Претседателот на Украина го разреши главниот обвинител поради злоупотреби во институциите appeared first on Република.

]]>
Зеленски одбил да го прими генералниот секретар на Обединетите Нации https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-odbil-da-go-primi-generalniot-sekretar-na-obedinetite-natsii/ Fri, 25 Oct 2024 12:39:35 +0000 https://republika.mk/?p=830982

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, одби да го прими генералниот секретар на Обединетите Нации во Киев поради посетата на Антонио Гутереш на Казан во Русија каде што учествуваше на самитот на БРИКС, изјави за „АФП“ висок функционер од кабинетот на украинскиот претседател.

По Казан, тој сакаше да дојде во Украина, но претседателот не ја потврди неговата посета, рече тој функционер кој сакаше да остане неименуван.

Антонио Гутереш дојде во Русија за да се сретне со претседателот Владимир Путин на маргините на самитот на БРИКС, на кој, меѓу другите, присуствуваа и лидерите на Индија и Кина. Во разговорот со Путин, генералниот секретар на ОН му го повторил „неговиот став дека руската инвазија на Украина“ го прекршува меѓународното право, се вели во соопштението од кабинетот на неговиот портпарол.

Кремљ се уште не објави никакви информации за содржината на нивните приватни разговори. Пред средбата, Гутереш повторно повика пред учесниците на самитот за „праведен мир“ во Украина. Уште пред разговорите Путин-Гутереш, Киев го критикуваше „погрешниот избор“ на генералниот секретар на ОН да оди во Казан, што само „го нарушило угледот на ОН“.

 

The post Зеленски одбил да го прими генералниот секретар на Обединетите Нации appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, одби да го прими генералниот секретар на Обединетите Нации во Киев поради посетата на Антонио Гутереш на Казан во Русија каде што учествуваше на самитот на БРИКС, изјави за „АФП“ висок функционер од кабинетот на украинскиот претседател. По Казан, тој сакаше да дојде во Украина, но претседателот не ја потврди неговата посета, рече тој функционер кој сакаше да остане неименуван. Антонио Гутереш дојде во Русија за да се сретне со претседателот Владимир Путин на маргините на самитот на БРИКС, на кој, меѓу другите, присуствуваа и лидерите на Индија и Кина. Во разговорот со Путин, генералниот секретар на ОН му го повторил „неговиот став дека руската инвазија на Украина“ го прекршува меѓународното право, се вели во соопштението од кабинетот на неговиот портпарол. Кремљ се уште не објави никакви информации за содржината на нивните приватни разговори. Пред средбата, Гутереш повторно повика пред учесниците на самитот за „праведен мир“ во Украина. Уште пред разговорите Путин-Гутереш, Киев го критикуваше „погрешниот избор“ на генералниот секретар на ОН да оди во Казан, што само „го нарушило угледот на ОН“.  

The post Зеленски одбил да го прими генералниот секретар на Обединетите Нации appeared first on Република.

]]>
Трамп го искритикува Зеленски затоа што не постигна договор за завршување на војната во Украина https://republika.mk/vesti/svet/tramp-go-iskritikuva-zelenski-zatoa-shto-ne-postigna-dogovor-za-zavrshuvane-na-vojnata-vo-ukraina/ Thu, 26 Sep 2024 08:44:13 +0000 https://republika.mk/?p=819752

Републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател, Доналд Трамп, повторно го нападна украинскиот претседател, Володимир Зеленски, затоа што не преговара со Русија за завршување на војната во Украина, тврдејќи дека дури и „најлошиот договор“ би бил подобар од сегашното ниво на смрт и уништување.

Зборувајќи на предизборен митинг во Северна Каролина, Трамп рече дека Украина никогаш нема да може да ги замени своите „многу мртви луѓе“, како и местата и градовите што се уништени во војната.

-Тие градови повеќе не постојат. Тие ги нема, а ние продолжуваме да му даваме милијарди долари на човекот кој одби да се договори, на Зеленски, им рече Трамп на приврзаниците, пренесе Ал Џезира.

„Имате земја која е уништена, не е можно да се врати. Ќе бидат потребни стотици години за да се обнови…“

-И да направеа лош договор, ќе беше многу подобро, рече Трамп.

„Малку ќе се откажеа и сите ќе живееја и секоја зграда ќе беше изградена и секоја кула ќе остареше уште 2.000 години“, додаде тој.

Трамп, исто така, го нападна Зеленски за интервјуто објавено во Њујоркер, во кое украинскиот лидер рече дека републиканскиот кандидат „навистина не знае како да ја запре војната дури и ако мисли дека може“.

Коментарите на Трамп, кои ја одбележаа неговата најексплицитна критика кон украинскиот лидер и неговото справување со војната досега, дојдоа неколку часа откако Зеленски ги повика светските лидери да не се согласат на „затишје“ во конфликтот наместо на „вистински, праведен мир. ”

Зеленски вчера упати повик за солидарност од говорницата на Генералното собрание на ОН во Њујорк додека се обидуваше да обезбеди поддршка за неговата „мировна формула“ од 2022 година, која повикува на протерување на сите руски сили од Украина.

Трамп во неколку наврати тврдеше дека доколку е претседател на САД веднаш ќе ја заврши војната, но никогаш не даде доволно детали за неговото тврдење.

За време на интервјуто за подкастот кај Лекс Фридман претходно овој месец, Трамп рече дека има „многу специфичен план“ за решавање на конфликтот, но не можеше да открие детали.

The post Трамп го искритикува Зеленски затоа што не постигна договор за завршување на војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател, Доналд Трамп, повторно го нападна украинскиот претседател, Володимир Зеленски, затоа што не преговара со Русија за завршување на војната во Украина, тврдејќи дека дури и „најлошиот договор“ би бил подобар од сегашното ниво на смрт и уништување. Зборувајќи на предизборен митинг во Северна Каролина, Трамп рече дека Украина никогаш нема да може да ги замени своите „многу мртви луѓе“, како и местата и градовите што се уништени во војната. -Тие градови повеќе не постојат. Тие ги нема, а ние продолжуваме да му даваме милијарди долари на човекот кој одби да се договори, на Зеленски, им рече Трамп на приврзаниците, пренесе Ал Џезира. „Имате земја која е уништена, не е можно да се врати. Ќе бидат потребни стотици години за да се обнови…“ -И да направеа лош договор, ќе беше многу подобро, рече Трамп. „Малку ќе се откажеа и сите ќе живееја и секоја зграда ќе беше изградена и секоја кула ќе остареше уште 2.000 години“, додаде тој. Трамп, исто така, го нападна Зеленски за интервјуто објавено во Њујоркер, во кое украинскиот лидер рече дека републиканскиот кандидат „навистина не знае како да ја запре војната дури и ако мисли дека може“. Коментарите на Трамп, кои ја одбележаа неговата најексплицитна критика кон украинскиот лидер и неговото справување со војната досега, дојдоа неколку часа откако Зеленски ги повика светските лидери да не се согласат на „затишје“ во конфликтот наместо на „вистински, праведен мир. ” Зеленски вчера упати повик за солидарност од говорницата на Генералното собрание на ОН во Њујорк додека се обидуваше да обезбеди поддршка за неговата „мировна формула“ од 2022 година, која повикува на протерување на сите руски сили од Украина. Трамп во неколку наврати тврдеше дека доколку е претседател на САД веднаш ќе ја заврши војната, но никогаш не даде доволно детали за неговото тврдење. За време на интервјуто за подкастот кај Лекс Фридман претходно овој месец, Трамп рече дека има „многу специфичен план“ за решавање на конфликтот, но не можеше да открие детали.

The post Трамп го искритикува Зеленски затоа што не постигна договор за завршување на војната во Украина appeared first on Република.

]]>
Зеленски: Украинската армија ги зајакнува позициите во Курската област https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-ukrainskata-armija-gi-zajaknuva-pozitsiite-vo-kurskata-oblast/ Sat, 17 Aug 2024 13:16:26 +0000 https://republika.mk/?p=807491

Украинската армија ги „зајакнува“ своите позиции во областа Курск, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски.

Генерал (Олександар) Сириски најави зајакнување на позициите на нашите сили во регионот Курск и проширување на стабилизираната територија, објави Зеленски на Телеграм по средбата со командантот на украинската армија.

Украинската армија на 6 август ја нападна руската Курска област.

The post Зеленски: Украинската армија ги зајакнува позициите во Курската област appeared first on Република.

]]>

Украинската армија ги „зајакнува“ своите позиции во областа Курск, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски. Генерал (Олександар) Сириски најави зајакнување на позициите на нашите сили во регионот Курск и проширување на стабилизираната територија, објави Зеленски на Телеграм по средбата со командантот на украинската армија. Украинската армија на 6 август ја нападна руската Курска област.

The post Зеленски: Украинската армија ги зајакнува позициите во Курската област appeared first on Република.

]]>
Зеленски ја продолжи мобилизацијата и вонредната состојба за уште 90 дена https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-ja-prodolzhi-mobilizatsijata-i-vonrednata-sostojba-za-ushte-90-dena/ Wed, 07 Aug 2024 13:53:33 +0000 https://republika.mk/?p=804263

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша два закони за продолжување на мобилизацијата и вонредната состојба за уште 90 дена во земјата разурната од речиси 2,5 годишната војна.

Парламентот минатиот месец гласаше за двата закона и го поддржа продолжувањето на мобилизацијата и вонредната состојба до 9 ноември.

Зеленски првпат прогласи вонредна состојба и општа мобилизација на 24 февруари 2022 година, кога Русија ја почна „специјалната воена операција“ во Украина. Оттогаш, мерките се продолжуваа неколку пати.

Украинското воено воздухопловство во текот на ноќта ги собори сите 30 беспилотни летала лансирани од Русија врз седум региони, соопшти војската во соопштението на Телеграм.

Воздухопловните сили соборија 14 беспилотни летала над јужниот регион Миколаев, објави нејзиниот гувернер. Тој објасни дека во нападот биле предизвикани два пожара што во меѓувреме се изгаснати, а нема извештаи за жртви.

Армијата собори уште четири беспилотни летала над регионот Хмелницки, додека од нивните остатоци се оштетени магацини и работилница во една од производствените компании, објави гувернерот на регионот, пренесе Фена.

Четири беспилотни летала беа соборени над централните региони Черкаси и Виница, а локалните власти соопштија дека нема повредени или жртви.

Украинските регионални власти соопштија дека воздушната одбрана ги погодила целите, без да дадат детали за последиците од нападот.

Гувернерот на регионот Шуми изјави дека во текот на ноќта над регионот била соборена балистичка ракета, пренесе МИА.

The post Зеленски ја продолжи мобилизацијата и вонредната состојба за уште 90 дена appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша два закони за продолжување на мобилизацијата и вонредната состојба за уште 90 дена во земјата разурната од речиси 2,5 годишната војна. Парламентот минатиот месец гласаше за двата закона и го поддржа продолжувањето на мобилизацијата и вонредната состојба до 9 ноември. Зеленски првпат прогласи вонредна состојба и општа мобилизација на 24 февруари 2022 година, кога Русија ја почна „специјалната воена операција“ во Украина. Оттогаш, мерките се продолжуваа неколку пати. Украинското воено воздухопловство во текот на ноќта ги собори сите 30 беспилотни летала лансирани од Русија врз седум региони, соопшти војската во соопштението на Телеграм. Воздухопловните сили соборија 14 беспилотни летала над јужниот регион Миколаев, објави нејзиниот гувернер. Тој објасни дека во нападот биле предизвикани два пожара што во меѓувреме се изгаснати, а нема извештаи за жртви. Армијата собори уште четири беспилотни летала над регионот Хмелницки, додека од нивните остатоци се оштетени магацини и работилница во една од производствените компании, објави гувернерот на регионот, пренесе Фена. Четири беспилотни летала беа соборени над централните региони Черкаси и Виница, а локалните власти соопштија дека нема повредени или жртви. Украинските регионални власти соопштија дека воздушната одбрана ги погодила целите, без да дадат детали за последиците од нападот. Гувернерот на регионот Шуми изјави дека во текот на ноќта над регионот била соборена балистичка ракета, пренесе МИА.

The post Зеленски ја продолжи мобилизацијата и вонредната состојба за уште 90 дена appeared first on Република.

]]>
Зеленски: Војната мора да заврши под украински услови https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-vojnata-mora-da-zavrshi-pod-ukrainski-uslovi/ Sun, 04 Aug 2024 09:22:58 +0000 https://republika.mk/?p=803194

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека војната со Русија мора да заврши под украински услови и дека верува дека е можно да се спроведе украинската формула за мир.

Во своето редовно ноќно видео обраќање Зеленски истакна дека Украина мора да добие дозвола од своите партнери да распореди оружје со долг дострел за да гаѓа цели во Русија, објави Украинска Правда.

-Украина треба да биде во ситуација да напаѓа каде и да се наоѓа окупаторот, од каде Русија и да ја напаѓа Украина, од каде и да лансира проектили, беспилотни летала „Шахед“ и бомби, рече Зеленски.

Тој посочи дека на Украина и е потребна оваа одлука за да може да го искористи сето оружје што може да биде ефективно.

-Мораме да ги заштитиме животите на нашиот народ и да ја завршиме војната под украински услови, нагласи тој.

Зеленски, исто така, им се заблагодари на партнерите на Украина кои продолжуваат да вршат притисок врз Русија и земјите кои и помагаат во нејзините воени напори со санкции.

-Клучните принципи на нашата мировна формула можат апсолутно да се применат, бидејќи глобалното мнозинство врши притисок врз Русија, не ја поддржува нејзината воена активност и навистина сака да ја врати стабилноста во меѓународните односи, рече украинскиот претседател.

The post Зеленски: Војната мора да заврши под украински услови appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека војната со Русија мора да заврши под украински услови и дека верува дека е можно да се спроведе украинската формула за мир. Во своето редовно ноќно видео обраќање Зеленски истакна дека Украина мора да добие дозвола од своите партнери да распореди оружје со долг дострел за да гаѓа цели во Русија, објави Украинска Правда. -Украина треба да биде во ситуација да напаѓа каде и да се наоѓа окупаторот, од каде Русија и да ја напаѓа Украина, од каде и да лансира проектили, беспилотни летала „Шахед“ и бомби, рече Зеленски. Тој посочи дека на Украина и е потребна оваа одлука за да може да го искористи сето оружје што може да биде ефективно. -Мораме да ги заштитиме животите на нашиот народ и да ја завршиме војната под украински услови, нагласи тој. Зеленски, исто така, им се заблагодари на партнерите на Украина кои продолжуваат да вршат притисок врз Русија и земјите кои и помагаат во нејзините воени напори со санкции. -Клучните принципи на нашата мировна формула можат апсолутно да се применат, бидејќи глобалното мнозинство врши притисок врз Русија, не ја поддржува нејзината воена активност и навистина сака да ја врати стабилноста во меѓународните односи, рече украинскиот претседател.

The post Зеленски: Војната мора да заврши под украински услови appeared first on Република.

]]>
Зеленски го објави условот под кој Украина ќе се согласи на губење на територија https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-go-objavi-uslovot-pod-koj-ukraina-ke-se-soglasi-na-gubene-na-teritorija/ Thu, 01 Aug 2024 19:15:04 +0000 https://republika.mk/?p=802482

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека територијалните отстапки за ставање крај на војната што ја започна Русија ќе бараат референдум во Украина.

Сепак, тој додаде дека таквиот потег не е најдобрата опција бидејќи си имаат работа со рускиот претседател Владимир Путин и ќе биде победа за него ако земе дел од нивната територија.

„Украина никогаш нема да се откаже од своите територии бидејќи тоа би било напад врз уставот“, рече тој, додавајќи дека секој таков потег е многу, многу тешко прашање.

Одлуките за територијалниот интегритет на Украина не може да ги носи претседателот, туку украинскиот народ, рече Зеленски, пренесува Newsweek. „Тоа е против уставот на Украина, а оние што се на власт немаат официјално право да се откажат од своите територии. За да се случи тоа, украинскиот народ мора да го сака тоа“, додаде тој, не исклучувајќи ја можноста за референдум за ова прашање.

Виктор Коваленко, украински аналитичар, вели дека предлогот за референдум на Зеленски е значајна промена во надворешната политика, што може да ја намали популарноста на Зеленски, која во моментов ја држи единството на нацијата во борбата за опстанок.

„Украина би можела да го разгледа ризикот од референдум, бидејќи тоа не гарантира дека украинскиот народ ќе се согласи да отстапи територија. Тие би можеле да го потврдат своето отфрлање на Русија и да ги потврдат границите од 1991 година“, рече тој, мислејќи на годината кога Украина прогласи независност. „Друг критичен фактор е тоа што територијалниот референдум бара прекин на огнот од Путин, а моментално окупираните територии нема да можат да учествуваат. Останува неизвесно дали Кремљ е подготвен да ги запре нападите и бомбардирањата во оваа фаза“, додаде тој.

По две и пол години војна, Русија и Украина се далеку од преговори, но неодамнешните истражувања во Украина укажуваат на промена на мислењето кај населението за изгледите за преговори. Анкетата спроведена во мај од Киевскиот Меѓународен институт за социологија (КИИС) покажа дека една третина (32 отсто) од Украинците би прифатиле отстапување територии за мир и независност, во споредба со 26 отсто во февруари оваа година и 9 отсто во февруари 2023 година.

Повеќе од половина (55 отсто) сè уште се против отстапувањето на територијата на Русија доколку тоа би ја прекинало војната, но тоа е помалку од 74 отсто во декември 2023 година. Украинскиот медиум ZN.UA во јули објави дека 44 отсто од луѓето во земјата се согласиле дека дојде време за почеток на преговори со Русија.

Зеленски минатиот месец изјави дека е подготвен да разговара доколку има добра волја од руска страна.

Тој рече дека руските претставници треба да присуствуваат на вториот мировен самит во ноември за да го претстават мировниот план кој вклучува повлекување на сите руски трупи од украинска територија. Од друга страна, Русија бара повлекување на украинските војници од сите четири анектирани региони.

The post Зеленски го објави условот под кој Украина ќе се согласи на губење на територија appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека територијалните отстапки за ставање крај на војната што ја започна Русија ќе бараат референдум во Украина. Сепак, тој додаде дека таквиот потег не е најдобрата опција бидејќи си имаат работа со рускиот претседател Владимир Путин и ќе биде победа за него ако земе дел од нивната територија. „Украина никогаш нема да се откаже од своите територии бидејќи тоа би било напад врз уставот“, рече тој, додавајќи дека секој таков потег е многу, многу тешко прашање. Одлуките за територијалниот интегритет на Украина не може да ги носи претседателот, туку украинскиот народ, рече Зеленски, пренесува Newsweek. „Тоа е против уставот на Украина, а оние што се на власт немаат официјално право да се откажат од своите територии. За да се случи тоа, украинскиот народ мора да го сака тоа“, додаде тој, не исклучувајќи ја можноста за референдум за ова прашање. Виктор Коваленко, украински аналитичар, вели дека предлогот за референдум на Зеленски е значајна промена во надворешната политика, што може да ја намали популарноста на Зеленски, која во моментов ја држи единството на нацијата во борбата за опстанок. „Украина би можела да го разгледа ризикот од референдум, бидејќи тоа не гарантира дека украинскиот народ ќе се согласи да отстапи територија. Тие би можеле да го потврдат своето отфрлање на Русија и да ги потврдат границите од 1991 година“, рече тој, мислејќи на годината кога Украина прогласи независност. „Друг критичен фактор е тоа што територијалниот референдум бара прекин на огнот од Путин, а моментално окупираните територии нема да можат да учествуваат. Останува неизвесно дали Кремљ е подготвен да ги запре нападите и бомбардирањата во оваа фаза“, додаде тој. По две и пол години војна, Русија и Украина се далеку од преговори, но неодамнешните истражувања во Украина укажуваат на промена на мислењето кај населението за изгледите за преговори. Анкетата спроведена во мај од Киевскиот Меѓународен институт за социологија (КИИС) покажа дека една третина (32 отсто) од Украинците би прифатиле отстапување територии за мир и независност, во споредба со 26 отсто во февруари оваа година и 9 отсто во февруари 2023 година. Повеќе од половина (55 отсто) сè уште се против отстапувањето на територијата на Русија доколку тоа би ја прекинало војната, но тоа е помалку од 74 отсто во декември 2023 година. Украинскиот медиум ZN.UA во јули објави дека 44 отсто од луѓето во земјата се согласиле дека дојде време за почеток на преговори со Русија. Зеленски минатиот месец изјави дека е подготвен да разговара доколку има добра волја од руска страна. Тој рече дека руските претставници треба да присуствуваат на вториот мировен самит во ноември за да го претстават мировниот план кој вклучува повлекување на сите руски трупи од украинска територија. Од друга страна, Русија бара повлекување на украинските војници од сите четири анектирани региони.

The post Зеленски го објави условот под кој Украина ќе се согласи на губење на територија appeared first on Република.

]]>
Бајден го најави како Путин: Ваква беше реакцијата на Зеленски https://republika.mk/vesti/svet/bajden-go-najavi-kako-putin-vakva-beshe-reaktsijata-na-zelenski/ Fri, 12 Jul 2024 09:19:07 +0000 https://republika.mk/?p=796082

Американскиот претседател Џо Бајден го најави украинскиот претседател Володимир Зеленски како Путин на самитот на НАТО.

Американскиот претседател Џо Бајден направи гаф кога го најави украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот на НАТО во Вашингтон како руски лидер Владимир Путин.

Сега сакам да му дадам збор на претседателот на Украина, кој има храброст, но и одлучност, дами и господа, претседателот Путин, рече Бајден сакајќи да го најави Зеленски на говорницата.

По кажаното, настана краток молк, а Зеленски се замисли и не знаеше како да реагира бидејќи не очекуваше ваква грешка.


Но, за среќа, Бајден во следната секудна се корегираше и му даде збор на Зеленски и го покани да се качи на говорницата. Дали Бајден се поправи самиот или некој од неговите советници му кажа што направи, не е баш јасно, но тој набрзо рече: „Ќе го победиме претседателот Путин. Претседателот Зеленски. Толку сум фокусиран да го победам Путин“, рече Бајден, поправајќи се.

Зеленски одговори на грешката на Бајден: „Јас сум подобар (од Путин). Бајден му одговорил: „Пеколно си подобар“, додека некои во салата се смееле, пред Зеленски да го започне своето обраќање.

The post Бајден го најави како Путин: Ваква беше реакцијата на Зеленски appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден го најави украинскиот претседател Володимир Зеленски како Путин на самитот на НАТО. Американскиот претседател Џо Бајден направи гаф кога го најави украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот на НАТО во Вашингтон како руски лидер Владимир Путин. Сега сакам да му дадам збор на претседателот на Украина, кој има храброст, но и одлучност, дами и господа, претседателот Путин, рече Бајден сакајќи да го најави Зеленски на говорницата. По кажаното, настана краток молк, а Зеленски се замисли и не знаеше како да реагира бидејќи не очекуваше ваква грешка. Но, за среќа, Бајден во следната секудна се корегираше и му даде збор на Зеленски и го покани да се качи на говорницата. Дали Бајден се поправи самиот или некој од неговите советници му кажа што направи, не е баш јасно, но тој набрзо рече: „Ќе го победиме претседателот Путин. Претседателот Зеленски. Толку сум фокусиран да го победам Путин“, рече Бајден, поправајќи се. Зеленски одговори на грешката на Бајден: „Јас сум подобар (од Путин). Бајден му одговорил: „Пеколно си подобар“, додека некои во салата се смееле, пред Зеленски да го започне своето обраќање.

The post Бајден го најави како Путин: Ваква беше реакцијата на Зеленски appeared first on Република.

]]>
Орбан: Побарав од Зеленски да размисли за итен прекин на огнот https://republika.mk/vesti/svet/orban-pobarav-od-zelenski-da-razmisli-za-iten-prekin-na-ognot/ Tue, 02 Jul 2024 12:09:40 +0000 https://republika.mk/?p=792781

Унгарскиот премиер Виктор Орбан по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на ненадејната посета на Киев, изјави дека побарал од Зеленски да размисли за итен прекин на огнот и додаде дека итен прекин на огнот ќе ги забрза мировните преговори со Русија.

Орбан додаде дека Будимпешта сака да ги подобри врските со Украина и да потпише билатерален договор за соработка, но и да учествува во економскиот развој на Украина, пренесува Ројтерс.

Зеленски на заедничката прес-конференција рече дека денешните разговори со Орбан може да бидат основа за идните договори меѓу Киев и Будимпешта.

Благодарен сум на Унгарија за учеството на мировниот самит (во Биргенсток, Швајцарија минатиот месец) и за поддршката на заедничкото коминике од самитот. Нашата работа во овој формат навистина помага да се стави крај на војната – изјави Зеленски во објава на платформата Х.

Тој, исто така, му се заблагодари на Орбан што ја посети Украина за првпат по 12 години.

Ова е прва посета на Орбан на Украина од почетокот на руско-украинската војна, а шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, на својот канал Телеграм објави дека Украина направила многу за таа посета да се оствари, пренесува Укринформ.

Направивме многу за да ја оствариме оваа посета. Важни разговори за иднината на Европа, безбедноста, меѓународното право и формулата за мир, напиша Јермак.

Посетата на Орбан дојде откако Унгарија вчера го презеде претседавањето со ЕУ во следните шест месеци.

The post Орбан: Побарав од Зеленски да размисли за итен прекин на огнот appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот премиер Виктор Орбан по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на ненадејната посета на Киев, изјави дека побарал од Зеленски да размисли за итен прекин на огнот и додаде дека итен прекин на огнот ќе ги забрза мировните преговори со Русија. Орбан додаде дека Будимпешта сака да ги подобри врските со Украина и да потпише билатерален договор за соработка, но и да учествува во економскиот развој на Украина, пренесува Ројтерс. Зеленски на заедничката прес-конференција рече дека денешните разговори со Орбан може да бидат основа за идните договори меѓу Киев и Будимпешта. Благодарен сум на Унгарија за учеството на мировниот самит (во Биргенсток, Швајцарија минатиот месец) и за поддршката на заедничкото коминике од самитот. Нашата работа во овој формат навистина помага да се стави крај на војната – изјави Зеленски во објава на платформата Х. Тој, исто така, му се заблагодари на Орбан што ја посети Украина за првпат по 12 години. Ова е прва посета на Орбан на Украина од почетокот на руско-украинската војна, а шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, на својот канал Телеграм објави дека Украина направила многу за таа посета да се оствари, пренесува Укринформ. Направивме многу за да ја оствариме оваа посета. Важни разговори за иднината на Европа, безбедноста, меѓународното право и формулата за мир, напиша Јермак. Посетата на Орбан дојде откако Унгарија вчера го презеде претседавањето со ЕУ во следните шест месеци.

The post Орбан: Побарав од Зеленски да размисли за итен прекин на огнот appeared first on Република.

]]>
Зеленски: Ситуацијата во североисточниот регион Харков е „исклучително тешка“ https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-situatsijata-vo-severoistochniot-region-harkov-e-iskluchitelno-teshka/ Thu, 16 May 2024 11:44:36 +0000 https://republika.mk/?p=778824

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека воената ситуација во североисточниот регион Харков е „исклучително тешка“, но сепак „под контрола“. Изјавата тој ја даде по состанокот со неговите воени началници во близина на линијата на фронтот.

Ситуацијата во регионот Харков е генерално под контрола, а нашите војници му нанесуваат значителни загуби на окупаторот. Сепак, ситуацијата во областа останува исклучително тешка, рече тој во објавата на Телеграм, откако ги слушна извештаите од неговите команданти во Харков, регионален главен град на 30 километри од руската граница.

The post Зеленски: Ситуацијата во североисточниот регион Харков е „исклучително тешка“ appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека воената ситуација во североисточниот регион Харков е „исклучително тешка“, но сепак „под контрола“. Изјавата тој ја даде по состанокот со неговите воени началници во близина на линијата на фронтот. Ситуацијата во регионот Харков е генерално под контрола, а нашите војници му нанесуваат значителни загуби на окупаторот. Сепак, ситуацијата во областа останува исклучително тешка, рече тој во објавата на Телеграм, откако ги слушна извештаите од неговите команданти во Харков, регионален главен град на 30 километри од руската граница.

The post Зеленски: Ситуацијата во североисточниот регион Харков е „исклучително тешка“ appeared first on Република.

]]>
Зеленски го разреши главниот телохранител по обидот за атентат https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-go-razreshi-glavniot-telohranitel-po-obidot-za-atentat/ Fri, 10 May 2024 18:30:27 +0000 https://republika.mk/?p=776899

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отпушти шефот на агенцијата одговорна за неговата заштита. Промената дојде откако двајца службеници на агенцијата беа приведени за планирање на атентатот на Зеленски.

Разрешувањето на шефот на Државната стражарска служба (УДО) Серхиј Руд е објавено со указ на претседателската веб-страница. Причината за отказот не беше наведена. Руд беше назначен за главен телохранител на Зеленски во октомври 2019 година. Се уште не е објавено кој ќе го замени.

Задачата на УДО е да обезбеди безбедност на украинскиот претседател и високи владини претставници, како и заштита на административните згради.

Претходно оваа недела беше објавено дека се уапсени двајца безбедносни службеници кои наводно биле вклучени во руски заговор за атентат врз Зеленски. Двајца полковници на УДО се обвинети за „субверзивни активности против Украина во замена за финансиска компензација“, соопшти канцеларијата на главниот украински обвинител.

Двајцата беа обвинети за предавство, додека еден беше обвинет за подготовка на терористички акт.

The post Зеленски го разреши главниот телохранител по обидот за атентат appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отпушти шефот на агенцијата одговорна за неговата заштита. Промената дојде откако двајца службеници на агенцијата беа приведени за планирање на атентатот на Зеленски. Разрешувањето на шефот на Државната стражарска служба (УДО) Серхиј Руд е објавено со указ на претседателската веб-страница. Причината за отказот не беше наведена. Руд беше назначен за главен телохранител на Зеленски во октомври 2019 година. Се уште не е објавено кој ќе го замени. Задачата на УДО е да обезбеди безбедност на украинскиот претседател и високи владини претставници, како и заштита на административните згради. Претходно оваа недела беше објавено дека се уапсени двајца безбедносни службеници кои наводно биле вклучени во руски заговор за атентат врз Зеленски. Двајца полковници на УДО се обвинети за „субверзивни активности против Украина во замена за финансиска компензација“, соопшти канцеларијата на главниот украински обвинител. Двајцата беа обвинети за предавство, додека еден беше обвинет за подготовка на терористички акт.

The post Зеленски го разреши главниот телохранител по обидот за атентат appeared first on Република.

]]>
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-rusija-vo-april-upotrebi-300-raketi-300-dronovi-i-3-200-kasetni-bombi-vo-napadite-vrz-ukraina/ Thu, 02 May 2024 12:33:37 +0000 https://republika.mk/?p=773430

Русија во нападите врз Украина во април употреби повеќе од 300 проектили, околу 300 беспилотни летала „Шахед“ и над 3.200 касетни бомби, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од британските медиуми.

Овој терор може да се запре само со сила – силата на нашиот народ, силата на светското единство, силата на притисок врз Русија, силата на системите за противвоздушна одбрана обезбедена за Украина, силата на нашите војници на фронтот, напиша Зеленски на „Телеграм“.

Оваа пролет Русија ги засили нападите врз украинските цивилни и инфраструктурни цели, додека Киев очекува поголема помош од своите сојузници, а противвоздушната одбрана на земјата е преоптоварена до краен степен.

Британските медиуми пренесуваат дека официјална Москва за цело време тврди дека гаѓа само легитимни воени цели.

The post Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина appeared first on Република.

]]>

Русија во нападите врз Украина во април употреби повеќе од 300 проектили, околу 300 беспилотни летала „Шахед“ и над 3.200 касетни бомби, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од британските медиуми. Овој терор може да се запре само со сила – силата на нашиот народ, силата на светското единство, силата на притисок врз Русија, силата на системите за противвоздушна одбрана обезбедена за Украина, силата на нашите војници на фронтот, напиша Зеленски на „Телеграм“. Оваа пролет Русија ги засили нападите врз украинските цивилни и инфраструктурни цели, додека Киев очекува поголема помош од своите сојузници, а противвоздушната одбрана на земјата е преоптоварена до краен степен. Британските медиуми пренесуваат дека официјална Москва за цело време тврди дека гаѓа само легитимни воени цели.

The post Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина appeared first on Република.

]]>
Со указ од Зеленски воените регрути ќе бидат префрлени во резерва https://republika.mk/vesti/svet/so-ukaz-od-zelenski-voenite-regruti-ke-bidat-prefrleni-vo-rezerva/ Fri, 08 Mar 2024 07:59:26 +0000 https://republika.mk/?p=752493

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски потпиша декрет со кој се предвидува воените регрути, кои служат во двегодишната војна против Русија, да бидат префрлени во резерва во следните два месеци.

Со тоа ќе им се овозможи одреден одмор за воениот персонал кој бил ангажиран во армијата и пред руската инвазија во февруари 2022 година.

Според Зеленски потребни се неколку недели за подготвителни процедури, за замена на поединци во одбранбените задачи, а од април регрутите ќе бидат префрлени во резерва.

The post Со указ од Зеленски воените регрути ќе бидат префрлени во резерва appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски потпиша декрет со кој се предвидува воените регрути, кои служат во двегодишната војна против Русија, да бидат префрлени во резерва во следните два месеци. Со тоа ќе им се овозможи одреден одмор за воениот персонал кој бил ангажиран во армијата и пред руската инвазија во февруари 2022 година. Според Зеленски потребни се неколку недели за подготвителни процедури, за замена на поединци во одбранбените задачи, а од април регрутите ќе бидат префрлени во резерва.

The post Со указ од Зеленски воените регрути ќе бидат префрлени во резерва appeared first on Република.

]]>
За Пендаровски е прифатливо во Македонија да се лекуваат ранети украински војници https://republika.mk/vesti/makedonija/za-pendarovski-e-prifatlivo-vo-makedonija-da-se-lekuvaat-raneti-ukrainski-vojnitsi/ Thu, 07 Mar 2024 11:42:24 +0000 https://republika.mk/?p=752225

Идејата за отворање на центри за рехабилитација на ранети и повредени украински војници, но и деца во земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија, начелно е прифатлива за нас, но потребна е конкретна разработка на деталите, што ќе биде во надлежност на владите од земјите кои ќе земат учество во програмата, велат од Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски по првичниот предлог на премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

На новинарско прашање дали има пристигнато официјално барање и дали ова прашање е разговарано на седница на Советот за национална безбедност, за тоа какви би биле импликациите по националната безбедност, од Кабинетот на претседателот, информираат дека станува збор за првичен предлог од страна на премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, со оглед на тоа дека тие две држави веќе имаат искуство и капацитети за рехабилитација од воените дејствија во 1990-те.

Идејата, начелно, е прифатлива за нас, при што е потребна конкретна разработка на деталите, што ќе биде во надлежност на владите од земјите кои ќе изразат согласност да земат учество во оваа програма, се вели во одговорот од Кабинетот на Пендаровски.

Идејата балканските држави, вклучително и Македонија, да помогнат во рехабилитацијата на деца и војници од воените зони во Украина, како што објави на Х (твитер) претседателот на Украина Володомир Зеленски, била дискутирана на средби со претседателите на Македонија и на Црна Гора, Стево Пендаровски и Јаков Милатовиќ, на самитот Украина – Југоисточна Европа што се одржа во Тирана на 28 февруари годинава.

Во објавата на Зеленски, по средбата со Пендаровски, се вели дека го информирал претседателот Пендаровски за моменталната ситуација на бојното поле и за одбранбените потреби на Украина, како и дека изразил благодарност за целата политичка поддршка и јасниот став за иднината на Украина во НАТО.

Ја истакнав важноста од учеството на Македонија во спроведувањето на Формулата за мир и подготовката за првиот Глобален самит за мир во Швајцарија. Посебно внимание посветивме на можноста за формирање центар за рехабилитација за ранетите украински војници и украинските деца со помош на балканските држави, се вели во објавата на Зеленски на Х (твитер).

Во соопштението од Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски, по средбата со Зеленски во Тирана, во рамки на учеството на самиот Украина – Југоисточна Европа, беше соопштено дека двајцата претседатели разговарале за последниот развој на случувањата во Украина и можностите за продлабочување на соработката во насока на поддршка на украинскиот народ и враќање на територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините меѓународно признаени граници.

Претседателот Пендаровски го реафирмираше ставот дека Македонија од самиот почеток силно ја осудува агресијата на Руската Федерација врз Украина која претставува повреда на Повелбата на ОН и принципите на ОБСЕ. Воедно, претседателот ја поздрави одлуката на Европскиот совет за отворање на преговори за членство на Украина во ЕУ и истакна дека Македонија, како земја-членка на НАТО, останува посветена на политиката на отворени врати и ја поддржува апликацијата на Украина за членство во Алијансата“, се вели во соопштението од Кабинетот на Пендаровски по средбата со Зеленски.

Хрватска во 2023 година, со одлука на Владата прими ранети Украинци и ги згрижи во своите здравствени установи.

The post За Пендаровски е прифатливо во Македонија да се лекуваат ранети украински војници appeared first on Република.

]]>

Идејата за отворање на центри за рехабилитација на ранети и повредени украински војници, но и деца во земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија, начелно е прифатлива за нас, но потребна е конкретна разработка на деталите, што ќе биде во надлежност на владите од земјите кои ќе земат учество во програмата, велат од Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски по првичниот предлог на премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. На новинарско прашање дали има пристигнато официјално барање и дали ова прашање е разговарано на седница на Советот за национална безбедност, за тоа какви би биле импликациите по националната безбедност, од Кабинетот на претседателот, информираат дека станува збор за првичен предлог од страна на премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, со оглед на тоа дека тие две држави веќе имаат искуство и капацитети за рехабилитација од воените дејствија во 1990-те. Идејата, начелно, е прифатлива за нас, при што е потребна конкретна разработка на деталите, што ќе биде во надлежност на владите од земјите кои ќе изразат согласност да земат учество во оваа програма, се вели во одговорот од Кабинетот на Пендаровски. Идејата балканските држави, вклучително и Македонија, да помогнат во рехабилитацијата на деца и војници од воените зони во Украина, како што објави на Х (твитер) претседателот на Украина Володомир Зеленски, била дискутирана на средби со претседателите на Македонија и на Црна Гора, Стево Пендаровски и Јаков Милатовиќ, на самитот Украина – Југоисточна Европа што се одржа во Тирана на 28 февруари годинава. Во објавата на Зеленски, по средбата со Пендаровски, се вели дека го информирал претседателот Пендаровски за моменталната ситуација на бојното поле и за одбранбените потреби на Украина, како и дека изразил благодарност за целата политичка поддршка и јасниот став за иднината на Украина во НАТО. Ја истакнав важноста од учеството на Македонија во спроведувањето на Формулата за мир и подготовката за првиот Глобален самит за мир во Швајцарија. Посебно внимание посветивме на можноста за формирање центар за рехабилитација за ранетите украински војници и украинските деца со помош на балканските држави, се вели во објавата на Зеленски на Х (твитер). Во соопштението од Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски, по средбата со Зеленски во Тирана, во рамки на учеството на самиот Украина – Југоисточна Европа, беше соопштено дека двајцата претседатели разговарале за последниот развој на случувањата во Украина и можностите за продлабочување на соработката во насока на поддршка на украинскиот народ и враќање на територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините меѓународно признаени граници. Претседателот Пендаровски го реафирмираше ставот дека Македонија од самиот почеток силно ја осудува агресијата на Руската Федерација врз Украина која претставува повреда на Повелбата на ОН и принципите на ОБСЕ. Воедно, претседателот ја поздрави одлуката на Европскиот совет за отворање на преговори за членство на Украина во ЕУ и истакна дека Македонија, како земја-членка на НАТО, останува посветена на политиката на отворени врати и ја поддржува апликацијата на Украина за членство во Алијансата“, се вели во соопштението од Кабинетот на Пендаровски по средбата со Зеленски. Хрватска во 2023 година, со одлука на Владата прими ранети Украинци и ги згрижи во своите здравствени установи.

The post За Пендаровски е прифатливо во Македонија да се лекуваат ранети украински војници appeared first on Република.

]]>
Воздушен напад во Одеса додека во украинскиот град се Мицотакис и Зеленски https://republika.mk/vesti/svet/vozdushen-napad-vo-odesa-dodeka-vo-ukrainskiot-grad-se-mitsotakis-i-zelenski/ Wed, 06 Mar 2024 13:20:35 +0000 https://republika.mk/?p=751914

Не постои никаков проблем во однос на безбедноста на премиерот и грчката делегација, брифираат грчки владини извори по информациите дека во Одеса бил извршен воздушен напад, а во украинскиот град денеска е премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, кој според неофицијални извори се сретна со претседателот на Украина Володимир Зеленски, јави дописничката на МИА од Атина.

Според видеата и информациите објавени на Х и Телеграм од Украина, околу 11 часот утрово имало предупредување за воздушен напад во Одеса по што се слушнале две силни експлозии, а не е јасно дали станува збор за балистички ракети или дронови.

Засега нема официјални информации за воздушниот напад.

Посетата на Мицотакис на Одеса и средбата со Зеленски, од безбедносни причини, не беа официјално најавени.

Во август минатата година украинскиот претседател беше во Атина на неформалната вечера што ја организираше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за лидерите на Западен Балкан и на земјите-членки на ЕУ од регионот.

Официјална Атина континуирано ја изразува поддршката за Украина, како во одбраната на нејзинот територијален интегритет, така и за нејзината европска перспектива.

The post Воздушен напад во Одеса додека во украинскиот град се Мицотакис и Зеленски appeared first on Република.

]]>

Не постои никаков проблем во однос на безбедноста на премиерот и грчката делегација, брифираат грчки владини извори по информациите дека во Одеса бил извршен воздушен напад, а во украинскиот град денеска е премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, кој според неофицијални извори се сретна со претседателот на Украина Володимир Зеленски, јави дописничката на МИА од Атина. Според видеата и информациите објавени на Х и Телеграм од Украина, околу 11 часот утрово имало предупредување за воздушен напад во Одеса по што се слушнале две силни експлозии, а не е јасно дали станува збор за балистички ракети или дронови. Засега нема официјални информации за воздушниот напад. Посетата на Мицотакис на Одеса и средбата со Зеленски, од безбедносни причини, не беа официјално најавени. Во август минатата година украинскиот претседател беше во Атина на неформалната вечера што ја организираше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за лидерите на Западен Балкан и на земјите-членки на ЕУ од регионот. Официјална Атина континуирано ја изразува поддршката за Украина, како во одбраната на нејзинот територијален интегритет, така и за нејзината европска перспектива.

The post Воздушен напад во Одеса додека во украинскиот град се Мицотакис и Зеленски appeared first on Република.

]]>
Зеленски потпиша декрет со кој им се дозволува на странци да служат во Националната гарда на Украина https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-potpisha-dekret-so-koj-im-se-dozvoluva-na-strantsi-da-sluzhat-vo-natsionalnata-garda-na-ukraina/ Thu, 22 Feb 2024 11:23:56 +0000 https://republika.mk/?p=746951

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша декрет со кој се дозволува странци и лица без државјанство да служат во Националната гарда на земјата, јави денеска Укринформ.

Агенцијата дополнува дека уредбата стапи во сила вчера, со денот на објавувањето.

Според одобрените правила, странците кои легално живеат во Украина, не биле претходно осудувани и ги исполнуваат условите за воена служба, дефинирани во Законот „За воена должност и воена служба“ можат да бидат примени како волонтери (со договор) за воена служба во Националната гарда на Украина.

Странските државјани примени на воена служба подлежат на задолжителен лекарски преглед од воено-медицинска комисија во здравствена установа на Министерството за внатрешни работи на Украина, стручна и психолошка селекција и мора да ги исполнуваат стандардите за физичка подготвеност утврдени од Министерството за внатрешни работи.

Странските жени може да бидат примени на воена служба со договор ако има празни воени места што можат да ги пополнат жени.

The post Зеленски потпиша декрет со кој им се дозволува на странци да служат во Националната гарда на Украина appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша декрет со кој се дозволува странци и лица без државјанство да служат во Националната гарда на земјата, јави денеска Укринформ. Агенцијата дополнува дека уредбата стапи во сила вчера, со денот на објавувањето. Според одобрените правила, странците кои легално живеат во Украина, не биле претходно осудувани и ги исполнуваат условите за воена служба, дефинирани во Законот „За воена должност и воена служба“ можат да бидат примени како волонтери (со договор) за воена служба во Националната гарда на Украина. Странските државјани примени на воена служба подлежат на задолжителен лекарски преглед од воено-медицинска комисија во здравствена установа на Министерството за внатрешни работи на Украина, стручна и психолошка селекција и мора да ги исполнуваат стандардите за физичка подготвеност утврдени од Министерството за внатрешни работи. Странските жени може да бидат примени на воена служба со договор ако има празни воени места што можат да ги пополнат жени.

The post Зеленски потпиша декрет со кој им се дозволува на странци да служат во Националната гарда на Украина appeared first on Република.

]]>
Зеленски ги повика Украинците да не потклекнат во одбраната на земјата https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-gi-povika-ukraintsite-da-ne-potkleknat-vo-odbranata-na-zemjata/ Fri, 22 Dec 2023 08:01:30 +0000 https://republika.mk/?p=725541

Само неколку дена пред Божиќ, украинскиот претседател Володимир Зеленски апелираше на борбениот дух на неговите сонародници да не потклекнат во одбраната на земјата.

Потребно е максимално внимание за одбраната, максимални напори за земјата, максимална енергија за Украина да ги постигне своите цели, рече синоќа Зеленски во своето редовно видео-обраќање.

Времето за одмор ќе дојде подоцна, нагласи тој.

Украина годинава првпат официјално го слави Божик на 25 декември според западната традиција, а не на 7 јануари согласно православните обичаи.

Сега, пред Божиќ, сите во нашата земја мора да запомнат дека ова е време за концентрација, време за работа, рече Зеленски. Судбината на земјата ќе се решава во регионите Харков, Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон, кои беа нападнати од Русија.

Дваесет семејства на украински херои вчера добија станови од државата. Секој војник, морнар и офицер на кој му е доделена титулата херој ќе го добие истото признание од државата, рече Зеленски.

The post Зеленски ги повика Украинците да не потклекнат во одбраната на земјата appeared first on Република.

]]>

Само неколку дена пред Божиќ, украинскиот претседател Володимир Зеленски апелираше на борбениот дух на неговите сонародници да не потклекнат во одбраната на земјата. Потребно е максимално внимание за одбраната, максимални напори за земјата, максимална енергија за Украина да ги постигне своите цели, рече синоќа Зеленски во своето редовно видео-обраќање. Времето за одмор ќе дојде подоцна, нагласи тој. Украина годинава првпат официјално го слави Божик на 25 декември според западната традиција, а не на 7 јануари согласно православните обичаи. Сега, пред Божиќ, сите во нашата земја мора да запомнат дека ова е време за концентрација, време за работа, рече Зеленски. Судбината на земјата ќе се решава во регионите Харков, Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон, кои беа нападнати од Русија. Дваесет семејства на украински херои вчера добија станови од државата. Секој војник, морнар и офицер на кој му е доделена титулата херој ќе го добие истото признание од државата, рече Зеленски.

The post Зеленски ги повика Украинците да не потклекнат во одбраната на земјата appeared first on Република.

]]>
Зеленски се надева дека на претстојниот Самит ќе биде донесена одлука за преговори со ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-se-nadeva-deka-na-pretstojniot-samit-ke-bide-donesena-odluka-za-pregovori-so-eu/ Tue, 21 Nov 2023 17:34:37 +0000 https://republika.mk/?p=714885

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека се надева оти лидерите на Европска Унија ќе се согласат да ги отворат преговорите за членство на следниот Самитот на ЕУ што ќе се одржи на 14 и 15 декември во Брисел.

ЕК во октомври препорача отворање формални преговори за членство на Украина во ЕУ, но разговорите не можат да почнат доколку не се согласат сите 27 земји-членки на Унијата.

Веруваме дека ЕУ ќе биде подготвена да го направи својот дел … така што до крајот на годината во декември резултатот ќе биде политичка одлука за почеток на пристапните преговори, истакна Зеленски на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и молдавската претседателка Маја Санду, чија земја исто така бара членство во ЕУ.

Мишел истакна дека се ќе направи за да ги убеди колегите дека е потребна одлука во декември.

The post Зеленски се надева дека на претстојниот Самит ќе биде донесена одлука за преговори со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека се надева оти лидерите на Европска Унија ќе се согласат да ги отворат преговорите за членство на следниот Самитот на ЕУ што ќе се одржи на 14 и 15 декември во Брисел. ЕК во октомври препорача отворање формални преговори за членство на Украина во ЕУ, но разговорите не можат да почнат доколку не се согласат сите 27 земји-членки на Унијата. Веруваме дека ЕУ ќе биде подготвена да го направи својот дел … така што до крајот на годината во декември резултатот ќе биде политичка одлука за почеток на пристапните преговори, истакна Зеленски на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и молдавската претседателка Маја Санду, чија земја исто така бара членство во ЕУ. Мишел истакна дека се ќе направи за да ги убеди колегите дека е потребна одлука во декември.

The post Зеленски се надева дека на претстојниот Самит ќе биде донесена одлука за преговори со ЕУ appeared first on Република.

]]>
Зеленски и мене ќе ме ликвидира: Залужни во жестока кампања за соборување на претседателот https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-i-mene-ke-me-likvidira-zaluzhni-vo-zhestoka-kampana-za-soboruvane-na-pretsedatelot/ Sun, 12 Nov 2023 10:14:46 +0000 https://republika.mk/?p=700686

Се вжештува „изборната“ кампања на врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, кој има амбиција да го замени претседателот Володимир Зеленски.

Ова доаѓа во моменти на висок степен на јавен конфликт што постои меѓу Зеленски и Залужни, за кого има шпекулации дека во скоро време ќе биде сменет од позицијата прв човек на украинската војска.

Според украинскиот Устав, следните претседателски избори во земјата треба да се одржат во март 2024 година, но Зеленски деновиве изјави дека планира да ги суспендира поради конфликтот со Русија.

The post Зеленски и мене ќе ме ликвидира: Залужни во жестока кампања за соборување на претседателот appeared first on Република.

]]>

Се вжештува „изборната“ кампања на врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, кој има амбиција да го замени претседателот Володимир Зеленски. Ова доаѓа во моменти на висок степен на јавен конфликт што постои меѓу Зеленски и Залужни, за кого има шпекулации дека во скоро време ќе биде сменет од позицијата прв човек на украинската војска. Според украинскиот Устав, следните претседателски избори во земјата треба да се одржат во март 2024 година, но Зеленски деновиве изјави дека планира да ги суспендира поради конфликтот со Русија.

The post Зеленски и мене ќе ме ликвидира: Залужни во жестока кампања за соборување на претседателот appeared first on Република.

]]>
Зеленски: Неодговорно е да се разговара за распишување избори во време на војна https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-neodgovorno-e-da-se-razgovara-za-raspishuvane-izbori-vo-vreme-na-vojna/ Mon, 06 Nov 2023 21:59:41 +0000 https://republika.mk/?p=698970

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека е неодговорно да се водат разговори за одржување избори во Украина за време на војна и повика на единство за да се избегнат бескорисни политички дискусии.

Зеленски рече дека е клучно да се фокусира вниманието на воените предизвици со кои се соочува земјата додека се обидува да ги потисне руските сили кои држат под контрола речиси една петтина од нејзината територија во војната која почна пред повеќе од 20 месеци.

Сите разбираме дека сега, во време на војна, кога има повеќе предизвици, е крајно неодговорно да се занимаваме со прашања поврзани со изборите на таков несериозен начин. Треба да сфатиме дека сега е време за одбрана, време за битка, од која зависи судбината на земјата и нејзиниот народ. Мислам дека изборите во овој момент не се соодветни, рече тој во своето вечерно видео обраќање.

Согласно актуелната воена состојба во Украина, изборите се забранети, но Зеленски размислуваше дали да се повика на посебни одредби за да ги свика – промена на законот и странска помош за финансирање за нивно спроведување. Тој рече дека би сакал да се кандидира за втор мандат доколку има избори.

The post Зеленски: Неодговорно е да се разговара за распишување избори во време на војна appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека е неодговорно да се водат разговори за одржување избори во Украина за време на војна и повика на единство за да се избегнат бескорисни политички дискусии. Зеленски рече дека е клучно да се фокусира вниманието на воените предизвици со кои се соочува земјата додека се обидува да ги потисне руските сили кои држат под контрола речиси една петтина од нејзината територија во војната која почна пред повеќе од 20 месеци.
Сите разбираме дека сега, во време на војна, кога има повеќе предизвици, е крајно неодговорно да се занимаваме со прашања поврзани со изборите на таков несериозен начин. Треба да сфатиме дека сега е време за одбрана, време за битка, од која зависи судбината на земјата и нејзиниот народ. Мислам дека изборите во овој момент не се соодветни, рече тој во своето вечерно видео обраќање.
Согласно актуелната воена состојба во Украина, изборите се забранети, но Зеленски размислуваше дали да се повика на посебни одредби за да ги свика – промена на законот и странска помош за финансирање за нивно спроведување. Тој рече дека би сакал да се кандидира за втор мандат доколку има избори.

The post Зеленски: Неодговорно е да се разговара за распишување избори во време на војна appeared first on Република.

]]>