Војдан Чернодрински Archives - Република https://republika.mk/tema/vojdan-chernodrinski/ За подобро да се разбереме Fri, 14 Jun 2024 11:06:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Војдан Чернодрински Archives - Република https://republika.mk/tema/vojdan-chernodrinski/ 32 32 Членовите на жирито на 58. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“-Прилеп ги соопштија добитниците на наградите https://republika.mk/vesti/kultura/chlenovite-na-zhirito-na-58-izdanie-na-mtf-vojdan-chernodrinski-prilep-gi-soopshtija-dobitnitsite-na-nagradite/ Fri, 14 Jun 2024 11:03:59 +0000 https://republika.mk/?p=787552

Жирито на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, во состав: Марина Миливојевиќ-Маѓарев, претседател и членовите Марина Катниќ-Бакаршиќ и Варја Ѓукиќ ги додели следните награди:

1. НАГРАДА ЗА РЕКЛАМЕН МАТЕРИЈАЛ СЕ ДОДЕЛУВА НА НУ Македонски народен театар Скопје и Зоран Кардула ЗА РЕКЛАМНИОТ МАТЕРИЈАЛ ОД ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар - Скопје.
2. НАГРАДА ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА СЕ ДОДЕЛУВА НА Александар Зарапчиев, инструктор за техника на качување и движење на карпа и Нина Деан ЗА КОРЕОГРАФИЈА И СЦЕНСКИ ДВИЖЕЊА ВО ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар Скопје.
3. НАГРАДА ЗА МУЗИКА СЕ ДОДЕЛУВА НА Ристо Вртев ЗА МУЗИКАТА ВО ПРЕТСТАВАТА „Дупло дно“ ВО ИЗВЕДБА НА НУ Театар Војдан Чернодрински - Прилеп.
4. НАГРАДА ЗА КОСТИМОГРАФИЈА СЕ ДОДЕЛУВА НА Симон Мачабели и Раде Василев ЗА КОСТИМИТЕ ВО ПРЕТСТАВАТА „Едвард Втори“ ВО ИЗВЕДБА НА НУЦК Театар „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ во копродукција со Драмски театар Масалитинов, Пловдив, Бугарија.
5. НАГРАДА ЗА СЦЕНОГРАФИЈА СЕ ДОДЕЛУВА НА Илина Ангеловска, Тодор Дајевски и Зоја Бузалковска ЗА СЦЕНОГРАФИЈАТА ВО ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар.
6. НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕНА СЦЕНСКА ДРАМАТИЗАЦИЈА И АДАПТАЦИЈА СЕ ДОДЕЛУВА НА колективот на претставата „Франкенштајн“ ЗА ДРАМАТИЗАЦИЈА И АДАПТАЦИЈА НА ТЕКСТОТ„Франкенштајн“ ВО ПРЕТСТАВАТА „Франкенштајн“ ВО ИЗВЕДБА НА Театар за деца и младинци - Скопје.
7. НАГРАДА ЗА СОВРЕМЕН ДРАМСКИ ТЕКСТ НЕ СЕ ДОДЕЛУВА.
8. НАГРАДА ЗА МЛАД АКТЕР „Трајко Чоревски“ СЕ ДОДЕЛУВА НА Григор Јовановски ЗА УЛОГАТА НА Љвов, Евгениј Константинович ВО ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ А ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар.
9. НАГРАДА ЗА МЛАДA АКТЕРKA СЕ ДОДЕЛУВА НА Јована Миладинова ЗА УЛОГАТА НА Изабел де Валоа ВО ПРЕТСТАВАТА „Едвард Втори“ А ВО ИЗВЕДБА НА НУЦК Театар „Јордан Хаџи Контантинов - Џинот“ Велес и Драмски Театар Масалитинов, Пловдив, Бугарија.
10. НАГРАДА ЗА ЖЕНСКА ЕПИЗОДНА УЛОГА СЕ ДОДЕЛУВА НА Анкица Бенинова ЗА УЛОГАТА НА Сања ВО ПРЕТСТАВАТА „Црна Дупка“ ВО ИЗВЕДБА НА НУЦК „Антон Панов“ Струмица.
11. НАГРАДА ЗА МАШКА ЕПИЗОДНА УЛОГА „Димче Трајковски“ СЕ ДОДЕЛУВА НА Ѓорѓи Јолевски ЗА УЛОГАТА НА Лебедев, Павел Кирилич ВО ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ А ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар Скопје.
12. НАГРАДА ЗА ГЛАВНА ЖЕНСКА УЛОГА СЕ ДОДЕЛУВА НА Дарја Ризова ЗА УЛОГАТА НА Саша ВО ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ А ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар Скопје.
13.НАГРАДА ЗА ГЛАВНА МАШКА УЛОГА СЕ ДОДЕЛУВА НА Васил Михаил ЗА УЛОГАТА НА Силјан ВО ПРЕТСТАВАТА „Црна дупка“ А ВО ИЗВЕДБА НА НУЦК „Антон Панов“ Струмица.
14. НАГРАДА ЗА РЕЖИЈА СЕ ДОДЕЛУВА НА Зоја Бузалковска ЗА РЕЖИЈАТА ВО ПРЕТСТАВАТА „Иванов“ ВО ИЗВЕДБА НА НУ Македонски народен театар Скопје.
15. НАГРАДА ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВАТА ВО ЦЕЛИНА СЕ ДОДЕЛУВА НА АНСАМБЛОТ НА НУЦК „Антон Панов“ - Струмица ЗА УМЕТНИЧКО ОСТВАРУВАЊЕ ВО ПРЕТСТАВАТА „Црна дупка“ од Горан Стефановски во режија на Љупчо Ѓоргиевски.
16. Специјално признание за колективна актерска игра на ансамблот на претставата „На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани од НУ Народен Театар Битола.

The post Членовите на жирито на 58. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“-Прилеп ги соопштија добитниците на наградите appeared first on Република.

]]>

Театарот е вечна промена: Награди за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“ https://republika.mk/vesti/kultura/teatarot-e-vechna-promena-nagradi-za-zhivotno-delo-na-mtf-vojdan-chernodrinski/ Mon, 10 Jun 2024 15:06:04 +0000 https://republika.mk/?p=786286

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој е во полн ек на одржувањето во Прилеп, ги слави годинашниве добитници на наградата за животно дело: актерите Мими Таневска Србиновска и Јордан Витанов.

И за двајцата доајени на македонското глумиште, фестивалската награда е посебна чест и задоволство како „круна“ на децениското актерско творење на „штиците што живот значат“, особено им е вредна зашто доаѓа од „фелата“.  Потврдуваат дека за актерот нема „пензија“.

Актерот Јордан Витанов кој долги години работи на сцената од велешкиот театар, а има остварено и телевизиски и филмски улоги ја доби наградата за животно дело и го следи текот на Фестивалот со кој има долгогодишни „врски“, и во фестивалското Собрание и како дел од организацијата на оваа најреномирана театарска манифестација кај нас. Двапати ја добил наградата за главна машка улога.

Фестивалот ми направи големо задоволство. Секогаш сум се чувствувал многу пријатно во Прилеп и Фестивалот сум го чувствувал како свој. Сум бил на многу други фестивали, ама овде се чувствувам како дома. На моите млади колеги би им посакал да работат посветено. Театарот е страст, уметност, од која, на некој начин, егзистираме, но, најважно е што тој нѐ прави среќни, нас и публиката. И, доколку имаме да ѝ порачаме, да ѝ пренесеме на публиката некои наши пораки и приказни, би бил многу среќен. Ја добивам оваа награда и ја чувствувам многу блиска, зашто е од еснафот, изјави Витанов, кој долги години работи во велешкиот театар, но има остварено и телевизиски и филмски улоги.

По 15-годишното искуство во МНТ во Скопје, актерката Таневска Србиновска, добитничка на наградата за животно дело, премина, како професор на ФДУ. Таневска Србиновска смета дека е корисно искуството да го сподели со студентите.

Досега имам пет генерации студенти. И, може да кажам, тоа се тие новите сили што нѝ доаѓаат. Јас, од сѐ срце би сакала да ги поддржиме. Како ние постарите, така и институциите, бидејќи, новот театар го носат новите луѓе. Тие носат нови идеи, создаваат нови содржини, и, всушност, ја наоѓаат новата смисла во театарот, рече Таневска Србиновска.

Мотото на Фестивалот „Промени се, промени сѐ“, соодветствува со театарот и театарската уметност. За Јордан Витанов театарот е вечна промена.

Логото на Фестивалот е погодено, а театарот никогаш не се задоволувал со комотни позиции. Постојано истражувал, барал нешто ново, препорачувал, нудел модели, општествени и секакви други. Инаку, моја нереализирана желба остана Хамлет. Да сме здрави и живи, може ќе го режираме. А јас да го играм, рече актерот Витанов.

Слично размислува и актерката и професорка Таневска Србиновска. Според неа, театарот имал подеми и падови, што е нормален процес.

Ми се допаѓа фестивалското мото. За да промениме нешто во театарот, односно да промениме сѐ, е најбитно да се промениме себе си, а потоа сѐ друго. Ама, мислам дека сме на добар пат. А, јас никогаш не сум ја напуштила сцената. Тоа никогаш нема да го направам. Сега не би бирала улога. Мислам дека улогите, низ животот, ме избирале мене, изјави актерката и професорка Таневска Србиновска.

На годинашниов МТФ „Војдан Чернодрински“ од отворањето на 7 јуни, од 11-те претстави во официјалната конкуренција се одиграни три, а вечер на програмата се уште две претстави. Се одржуваат промоции, разговори на тркалезната маса за одиграните претстави, работилници, а неделата беше ден посветена на авторот во фокусот, Горан Стефановски. Фестивалот се одржува до 14 јуни кога ќе бидат познати наградите од жирито и од публиката.

The post Театарот е вечна промена: Награди за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој е во полн ек на одржувањето во Прилеп, ги слави годинашниве добитници на наградата за животно дело: актерите Мими Таневска Србиновска и Јордан Витанов. И за двајцата доајени на македонското глумиште, фестивалската награда е посебна чест и задоволство како „круна“ на децениското актерско творење на „штиците што живот значат“, особено им е вредна зашто доаѓа од „фелата“.  Потврдуваат дека за актерот нема „пензија“. Актерот Јордан Витанов кој долги години работи на сцената од велешкиот театар, а има остварено и телевизиски и филмски улоги ја доби наградата за животно дело и го следи текот на Фестивалот со кој има долгогодишни „врски“, и во фестивалското Собрание и како дел од организацијата на оваа најреномирана театарска манифестација кај нас. Двапати ја добил наградата за главна машка улога.
Фестивалот ми направи големо задоволство. Секогаш сум се чувствувал многу пријатно во Прилеп и Фестивалот сум го чувствувал како свој. Сум бил на многу други фестивали, ама овде се чувствувам како дома. На моите млади колеги би им посакал да работат посветено. Театарот е страст, уметност, од која, на некој начин, егзистираме, но, најважно е што тој нѐ прави среќни, нас и публиката. И, доколку имаме да ѝ порачаме, да ѝ пренесеме на публиката некои наши пораки и приказни, би бил многу среќен. Ја добивам оваа награда и ја чувствувам многу блиска, зашто е од еснафот, изјави Витанов, кој долги години работи во велешкиот театар, но има остварено и телевизиски и филмски улоги.
По 15-годишното искуство во МНТ во Скопје, актерката Таневска Србиновска, добитничка на наградата за животно дело, премина, како професор на ФДУ. Таневска Србиновска смета дека е корисно искуството да го сподели со студентите.
Досега имам пет генерации студенти. И, може да кажам, тоа се тие новите сили што нѝ доаѓаат. Јас, од сѐ срце би сакала да ги поддржиме. Како ние постарите, така и институциите, бидејќи, новот театар го носат новите луѓе. Тие носат нови идеи, создаваат нови содржини, и, всушност, ја наоѓаат новата смисла во театарот, рече Таневска Србиновска.
Мотото на Фестивалот „Промени се, промени сѐ“, соодветствува со театарот и театарската уметност. За Јордан Витанов театарот е вечна промена.
Логото на Фестивалот е погодено, а театарот никогаш не се задоволувал со комотни позиции. Постојано истражувал, барал нешто ново, препорачувал, нудел модели, општествени и секакви други. Инаку, моја нереализирана желба остана Хамлет. Да сме здрави и живи, може ќе го режираме. А јас да го играм, рече актерот Витанов.
Слично размислува и актерката и професорка Таневска Србиновска. Според неа, театарот имал подеми и падови, што е нормален процес.
Ми се допаѓа фестивалското мото. За да промениме нешто во театарот, односно да промениме сѐ, е најбитно да се промениме себе си, а потоа сѐ друго. Ама, мислам дека сме на добар пат. А, јас никогаш не сум ја напуштила сцената. Тоа никогаш нема да го направам. Сега не би бирала улога. Мислам дека улогите, низ животот, ме избирале мене, изјави актерката и професорка Таневска Србиновска.
На годинашниов МТФ „Војдан Чернодрински“ од отворањето на 7 јуни, од 11-те претстави во официјалната конкуренција се одиграни три, а вечер на програмата се уште две претстави. Се одржуваат промоции, разговори на тркалезната маса за одиграните претстави, работилници, а неделата беше ден посветена на авторот во фокусот, Горан Стефановски. Фестивалот се одржува до 14 јуни кога ќе бидат познати наградите од жирито и од публиката.

The post Театарот е вечна промена: Награди за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Да се продолжи речиси шестдецениската традиција на МТФ „Војдан Чернодрински“ https://republika.mk/vesti/pendarovski-da-se-prodolzhi-rechisi-shestdetseniskata-traditsija-na-mtf-vojdan-chernodrinski/ Tue, 06 Feb 2024 20:05:49 +0000 https://republika.mk/?p=741171

Претседателот Стево Пендаровски ја прими Ана Стојаноска, уметнички директор и претседател на Собранието на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. На средбата, Стојаноска го информирала претседателот Пендаровски за тековните активности во насока на организирање на овогодинешното издание на фестивалот којшто ќе се одржи од 7 до 14 јуни во Прилеп.

Истакнувајќи дека од минатата година концептот на „Војдан Чернодрински“ е „Враќање дома“, Стојаноска посочи дека целта на најстариот театарски фестивал е симболично да ги врати дома сите театарски уметници, а Прилеп да биде град на театарот, информираат од кабинетот на Пендаровски.

Говорејќи за дел од предизвиците со кои се соочуваат, Стојаноска подвлекла дека на фестивалот во континуитет се изведуваат најдобрите театарски остварувања од македонска театарска продукција и се афирмира македонското драмско творештво.

На средбата, потенцирајќи дека одржувањето на фестивалот е од државен интерес, Пендаровски потенцирал дека е особено важно да се продолжи речиси шест децениската традицијата на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

The post Пендаровски: Да се продолжи речиси шестдецениската традиција на МТФ „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски ја прими Ана Стојаноска, уметнички директор и претседател на Собранието на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. На средбата, Стојаноска го информирала претседателот Пендаровски за тековните активности во насока на организирање на овогодинешното издание на фестивалот којшто ќе се одржи од 7 до 14 јуни во Прилеп.
Истакнувајќи дека од минатата година концептот на „Војдан Чернодрински“ е „Враќање дома“, Стојаноска посочи дека целта на најстариот театарски фестивал е симболично да ги врати дома сите театарски уметници, а Прилеп да биде град на театарот, информираат од кабинетот на Пендаровски.
Говорејќи за дел од предизвиците со кои се соочуваат, Стојаноска подвлекла дека на фестивалот во континуитет се изведуваат најдобрите театарски остварувања од македонска театарска продукција и се афирмира македонското драмско творештво. На средбата, потенцирајќи дека одржувањето на фестивалот е од државен интерес, Пендаровски потенцирал дека е особено важно да се продолжи речиси шест децениската традицијата на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

The post Пендаровски: Да се продолжи речиси шестдецениската традиција на МТФ „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>
Само со љубов беше направено ова што го наградивте, рече Дамјан Цветановски, кој беше избран за најдобар актер на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ https://republika.mk/vesti/kultura/samo-so-lubov-beshe-napraveno-ova-shto-go-nagradivte-reche-damjan-tsvetanovski-koj-beshe-izbran-za-najdobar-akter-na-festivalot-vojdan-chernodrinski/ Sat, 17 Jun 2023 14:01:46 +0000 https://republika.mk/?p=652458

Само со љубов беше направено ова што го наградивте. Татка, џам свиткавме! – рече синоќа Дамјан Цветановски, актерот на Драмски театар Скопје кој за ликот на Кристофер, во претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ ја доби наградата најдобар актер на штотуку завршниото 57. издание на Македонскиот тетарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Радосни, емотивни и благодарни беа сите наградени театарски уметници кои дојдоа во Прилеп по своите признанија. Најбурни аплаузи и овации од публиката во салата доби Цветановски.

Цветановски им се заблагодари на фестивалот, на жири комисијата, на неговата матична куќа.

Им благодарам на целиот тим на Драмски театар што сакавме да направиме нешто значајно и мислам дека во некој дел од тоа успеавме. И благодарам на режисерката Зоја Бузалковска што ми ја даде оваа одговорност и имаше храброст да ми ја укаже оваа прилика и да не се плаши за тоа што ќе направиме заедно. Да се заблагодарам на мајка ми, брат ми и на крајот да му се заблагодарам на човекот кому ја посветувам оваа награда – Владе Цветановски – Каначката, човекот што ме вдахнови со оваа љубов што ја имам за театарот, само со љубов беше направено ова што го наградивте. Татка, џам свиткавме!, рече Цветановски.

За наградите одлучуваше меѓународното жири во состав на: Јанко Љумовиќ, претседател, Милош Латиновиќ и Мирослав Мики Радоњиќ, членови.

Наградата за најдобро остварување на фестивалот ја доби Народниот театар од Битола за „My Name is Medeja“ во режија на Себастијан Хорват. Наградата ја прими Иван Јерчиќ, актер и директор на театарот.

Ви благодарам за сите. Во Битола многу сакаме награди, се трудиме и работиме многу. Благодарам на жирито, кое беше составено од вистински театарски „тешкаши“ во вистинска смисла на зборот кое ја препозна идејата дека ние сакаме да работиме современ театар што ќе кореспондира со денешницата, ќе биде свеж, ќе поставува прашања – рече Јерчиќ.

За истата претстава, актерката Илина Чоревска ја доби наградата за најдобра женска улога за ликот на Медеја.

[caption id="attachment_652460" align="alignnone" width="1067"] Илина Чоревска: Оваа Медеја е млад човек во странска земја кој се соочува со денешни реални проблеми/Фото: МТФ „Војдан Чернодрински“[/caption]

Медеја го има само насловот и сите референци што ги носи текстот на Еврипид, но оваа Медеја е млад човек во странска земја кој се соочува со денешни реални проблеми и токму поради тоа е големината на оваа претстава. Среќна сум што ја добив наградата која доаѓа во мој тежок животен период - рече Чоревска.

Осум дена, многу изодени километри, многу нови пријателства, неколку ситни предизвици и полни срца љубов е билансов на годинешниов фестивал.

Се надевам дека ви беше на сите убаво и дека се почувствувавте добредојдени. Ќе ми простите за сите ненамерни грешки имајте ја предвид големата слика, а тоа е успешен фестивал. Се надевам дека ќе имате разбирање дека оваа работа ја учам и дека од срце сакам, навистина, Прилеп да е град театар! – рече Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот „Војдан Чернодрински“ синоќа на доделувањето на наградите на 57. издание во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

[caption id="attachment_652461" align="alignnone" width="1067"] Ана Стојаноски: Од срце сакам, навистина, Прилеп да е град театар! /Фото: МТФ „Војдан Чернодрински“[/caption]

Во чест на наградените, Српското народно позозиште од Нови Сад ја изведе претставата „Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски.

57. издание на фестивалот годинава понуди богата програма со претстави во официјална програма, проследивме пет претстави од независната продукција што игра домашен автор, дипломски претстави, многу разговори, дискусии за претставите, промоции на книги.

Покровители на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ беа: Министерството за култура и Општина Прилеп.

The post Само со љубов беше направено ова што го наградивте, рече Дамјан Цветановски, кој беше избран за најдобар актер на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>

Само со љубов беше направено ова што го наградивте. Татка, џам свиткавме! – рече синоќа Дамјан Цветановски, актерот на Драмски театар Скопје кој за ликот на Кристофер, во претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ ја доби наградата најдобар актер на штотуку завршниото 57. издание на Македонскиот тетарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Радосни, емотивни и благодарни беа сите наградени театарски уметници кои дојдоа во Прилеп по своите признанија. Најбурни аплаузи и овации од публиката во салата доби Цветановски. Цветановски им се заблагодари на фестивалот, на жири комисијата, на неговата матична куќа.
Им благодарам на целиот тим на Драмски театар што сакавме да направиме нешто значајно и мислам дека во некој дел од тоа успеавме. И благодарам на режисерката Зоја Бузалковска што ми ја даде оваа одговорност и имаше храброст да ми ја укаже оваа прилика и да не се плаши за тоа што ќе направиме заедно. Да се заблагодарам на мајка ми, брат ми и на крајот да му се заблагодарам на човекот кому ја посветувам оваа награда – Владе Цветановски – Каначката, човекот што ме вдахнови со оваа љубов што ја имам за театарот, само со љубов беше направено ова што го наградивте. Татка, џам свиткавме!, рече Цветановски.
За наградите одлучуваше меѓународното жири во состав на: Јанко Љумовиќ, претседател, Милош Латиновиќ и Мирослав Мики Радоњиќ, членови. Наградата за најдобро остварување на фестивалот ја доби Народниот театар од Битола за „My Name is Medeja“ во режија на Себастијан Хорват. Наградата ја прими Иван Јерчиќ, актер и директор на театарот.
Ви благодарам за сите. Во Битола многу сакаме награди, се трудиме и работиме многу. Благодарам на жирито, кое беше составено од вистински театарски „тешкаши“ во вистинска смисла на зборот кое ја препозна идејата дека ние сакаме да работиме современ театар што ќе кореспондира со денешницата, ќе биде свеж, ќе поставува прашања – рече Јерчиќ.
За истата претстава, актерката Илина Чоревска ја доби наградата за најдобра женска улога за ликот на Медеја. [caption id="attachment_652460" align="alignnone" width="1067"] Илина Чоревска: Оваа Медеја е млад човек во странска земја кој се соочува со денешни реални проблеми/Фото: МТФ „Војдан Чернодрински“[/caption]
Медеја го има само насловот и сите референци што ги носи текстот на Еврипид, но оваа Медеја е млад човек во странска земја кој се соочува со денешни реални проблеми и токму поради тоа е големината на оваа претстава. Среќна сум што ја добив наградата која доаѓа во мој тежок животен период - рече Чоревска.
Осум дена, многу изодени километри, многу нови пријателства, неколку ситни предизвици и полни срца љубов е билансов на годинешниов фестивал.
Се надевам дека ви беше на сите убаво и дека се почувствувавте добредојдени. Ќе ми простите за сите ненамерни грешки имајте ја предвид големата слика, а тоа е успешен фестивал. Се надевам дека ќе имате разбирање дека оваа работа ја учам и дека од срце сакам, навистина, Прилеп да е град театар! – рече Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот „Војдан Чернодрински“ синоќа на доделувањето на наградите на 57. издание во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.
[caption id="attachment_652461" align="alignnone" width="1067"] Ана Стојаноски: Од срце сакам, навистина, Прилеп да е град театар! /Фото: МТФ „Војдан Чернодрински“[/caption] Во чест на наградените, Српското народно позозиште од Нови Сад ја изведе претставата „Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски. 57. издание на фестивалот годинава понуди богата програма со претстави во официјална програма, проследивме пет претстави од независната продукција што игра домашен автор, дипломски претстави, многу разговори, дискусии за претставите, промоции на книги. Покровители на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ беа: Министерството за култура и Општина Прилеп.  

The post Само со љубов беше направено ова што го наградивте, рече Дамјан Цветановски, кој беше избран за најдобар актер на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>
Со доделување на наградите затворен МТФ „Војдан Чернодрински“ https://republika.mk/vesti/kultura/so-dodeluvane-na-nagradite-zatvoren-mtf-vojdan-chernodrinski/ Sat, 17 Jun 2023 08:59:34 +0000 https://republika.mk/?p=652359

Со доделување на наградите за најдобрите остварувања и со претставата во чест на наградените „Последниот балкански вампир“ на Српско народно позориште од Нови Сад, синоќа во Прилеп беше спуштена завесата на 57. Македонски театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“.

Статуетката на патронот на Фестивалот - Војдан Чернодрински ја понесе претставата на битолскиот театар „Мy name is Medeja“, која се закити со уште четири награди, Драмски театар од Скопје е добитник на пет награди, две доби Турски театар и по една прилепскиот народен театар и театарот за деца и младинци од Скопје. Наградата за најдобра претстава на директорот на битолскиот театар Иван Јерчиќ му ја врачи министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Според директорот на Битолскиот театар Јерчиќ, театарот може да живее само ако се актуелизира и се донесе во современ контекст.

-Доколку проблемите што ги носат големите драмски дела, било да се од грчката класика, од римското време, Шекспир или руските класици, доколку умешно се адаптира во денешницата, само така театарот има смисла и е сега, овде жив, актуелен, поставува прашања и бара одговори, изјави Јерчиќ.

За добитничката на наградата за главна женска улога, за улогата на Медеија во битолската претстава, Илина Чоревска, Медеја во претставата е актуелна, емигрантка е во странска земја која се носи со проблемите, тагите, радостите.

-Медеја го има само насловот и сите референци што ги носи текстот на Еврипид, но оваа Медеја е млад човек во странска земја кој се соочува со денешни реални проблеми и токму поради тоа е големината на оваа претстава. Среќна сум што ја добив наградата која доаѓа во некои мои тешки животни периоди, рече Чоревска.

Честитајќи им на наградените, уметничкиот директор на Фестивалот, Ана Стојаноска најави Фестивал секој ден, цела година во Прилеп кој заслужува да се нарече град-театар. Посебна е благодарноста кон публиката која осум дена неуморно ја следеше богатата фестивалска програма

-Осум дена носевме срце полно со љубов за театарската уметност. Мене ми е важно да го препознаеме современиот театар да ги покажеме конкретните и коректните професионални релации, да го славиме театарот и, пред сѐ, нашата заедничка креативна работа. Затоа уште еднаш ќе ви се заблагодарам, драга публико, што бевте со нас овие осум денови. Мојата цел е Фестивалот да живее секој ден, цела година, порача Стојаноска.

Во чест на наградените Српско драмско позориште од Нови сад ја изведе претставата „Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски во режија на Александар Поповски со што беше затворен годинашниов 57. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

The post Со доделување на наградите затворен МТФ „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>

Со доделување на наградите за најдобрите остварувања и со претставата во чест на наградените „Последниот балкански вампир“ на Српско народно позориште од Нови Сад, синоќа во Прилеп беше спуштена завесата на 57. Македонски театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“. Статуетката на патронот на Фестивалот - Војдан Чернодрински ја понесе претставата на битолскиот театар „Мy name is Medeja“, која се закити со уште четири награди, Драмски театар од Скопје е добитник на пет награди, две доби Турски театар и по една прилепскиот народен театар и театарот за деца и младинци од Скопје. Наградата за најдобра претстава на директорот на битолскиот театар Иван Јерчиќ му ја врачи министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Според директорот на Битолскиот театар Јерчиќ, театарот може да живее само ако се актуелизира и се донесе во современ контекст. -Доколку проблемите што ги носат големите драмски дела, било да се од грчката класика, од римското време, Шекспир или руските класици, доколку умешно се адаптира во денешницата, само така театарот има смисла и е сега, овде жив, актуелен, поставува прашања и бара одговори, изјави Јерчиќ. За добитничката на наградата за главна женска улога, за улогата на Медеија во битолската претстава, Илина Чоревска, Медеја во претставата е актуелна, емигрантка е во странска земја која се носи со проблемите, тагите, радостите. -Медеја го има само насловот и сите референци што ги носи текстот на Еврипид, но оваа Медеја е млад човек во странска земја кој се соочува со денешни реални проблеми и токму поради тоа е големината на оваа претстава. Среќна сум што ја добив наградата која доаѓа во некои мои тешки животни периоди, рече Чоревска. Честитајќи им на наградените, уметничкиот директор на Фестивалот, Ана Стојаноска најави Фестивал секој ден, цела година во Прилеп кој заслужува да се нарече град-театар. Посебна е благодарноста кон публиката која осум дена неуморно ја следеше богатата фестивалска програма -Осум дена носевме срце полно со љубов за театарската уметност. Мене ми е важно да го препознаеме современиот театар да ги покажеме конкретните и коректните професионални релации, да го славиме театарот и, пред сѐ, нашата заедничка креативна работа. Затоа уште еднаш ќе ви се заблагодарам, драга публико, што бевте со нас овие осум денови. Мојата цел е Фестивалот да живее секој ден, цела година, порача Стојаноска. Во чест на наградените Српско драмско позориште од Нови сад ја изведе претставата „Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски во режија на Александар Поповски со што беше затворен годинашниов 57. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

The post Со доделување на наградите затворен МТФ „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>
„My name is Medeja“, „Несфатената цивилизација“ и „Елегија во пет здива“ на претпоследниот ден на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп https://republika.mk/vesti/kultura/my-name-is-medeja-nesfatenata-tsivilizatsija-i-elegija-vo-pet-zdiva-na-pretposledniot-den-na-57-mtf-vojdan-chernodrinski-vo-prilep/ Thu, 15 Jun 2023 08:52:20 +0000 https://republika.mk/?p=651608

Три претстави од кои две на национални театри и една од независната сцена ќе бидат на програмата на претпоследниот ден на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Народниот театар од Битола со претставата „My name is Medeja“ ќе гостува во 19.30 часот на сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“. Од 22 часот, на сцената на прилепскиот театар ќе настапат актерите од Народниот театар од Охрид со претставата „Несфатената цивилизација“ во режија на Софија Ристевска-Петрушева.
Веднаш по претставата ќе следуваат тркалезни маси за двете претстави од официјалната програма.
Еден час подоцна, во Центарот за култура ќе следува изведбата на „Елегија во пет здива“ во режија на Филип Петковски, копродукција со театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес.

Со презентацијата на сработеното од едукативните работилници, денес ќе заврши програмата „Чернодрински за деца“, поддржана од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“. Ќе се претстават учениците од ООУ „Кочо Рацин“ - Прилеп: Антониј Кузманоски, Славица Кузманоска, Марија Ангелеска и Тамара Силјаноска, под менторство на наставничката Габриела Стојаноска-Станоеска.
Во 11 часот е закажана промоцијата на монографијата посветена на авторот во фокус – Коле Чашуле – „Чашуле: Приказничарот“ на Ана Стојаноска. За книгата ќе зборува проф. д-р Јелена Лужина.

„My name is MEDEJA“ на авторот Милан Рамшак Марковиќ е во режија на Себастијан Хорват. Играат: Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Катерина Аневска-Дранговска, Викторија Степановска-Јанкуловска, Јулијана Мирчевска-Мавровска, Иван Јерчиќ, Здравко Стојмиров, Соња Михајлова, Васко Мавровски, Сандра Грибовска-Илиевска, Анастазиа Христовска, Никола Стефанов и Кристијан Танчевски.

Во претставата „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников, во режија на Софија Ристeвска-Петрушева, играат: Горан Стојаноски – Коста, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов – Анка, Филип Кипровски – Димитраки, Никола Тодороски и Ивица Цонев – Мариче.

„Несфатената цивилизација“ е претстава за припадноста, честа, етиката и моралот. Претстава за културолошкиот и социолошкиот идентитет на човекот. Претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. „Несфатената цивилизација“ е комедија, што преминува во гротеска и иронија, и што прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест – вели режисерката.

,,Елегија во пет здива” е танц-театар базиран по мотиви од избрана поезија од Радован Павловски, Петре М. Андреевски, Михаил Ренџов, Ацо Шопов и Никола Маџиров.
Актерите/танчерите во претставата ги користат сопствените тела како субјект и како медиум за отелотворување на дадена емоционална состојба. Претставата е во режија и кореографија на Филип Петковски, а играат Васил Зафирчев, Симона Димковска, Наталија Теодосиева и Адријана Данчевска. Проекот на Петковски е копродукција со Театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од Велес.

Вчера продолжија разговорите на тркалезните маси на фестивалот. Се разговараше со екипата на „Циркус Пирандело“.

Пирандело е врвот во литературата. Пирандело знае да те фрли во оган. Вештачката сценска интелигенција се раѓа на сцената.... Мора да сакаш и да го цениш тоа што го работиш. Правењето театар е како „лупење на кромид“. Треба да направиш тим и да уживаш во „гинењето“ – рече режисерот Трифуновски на тркалезната маса посветена на неговата претстава.

Според актерот Стојан Велков Трн има лесен бран кој ја фати публиката.

Не е целосна импровизација туку е различна секаде. И сите актери бевме насочени кон радоста на играта – рече Велков и истакна дека во Прилеп имале одлична публика.

Гостинот од Штипскиот театар, Ефтим Трајчов истакна дека претставата и режисерот ги обработуваат сите општествени теми.

Имав лик кој го збогатив. Со вештачката интелигенција тој ја брка емоцијата, но таа доаѓа до израз пред смртта. Процесот имаше максимална слобода – рече Трајчов.

Велков дополни дека претставата знае да биде прифатена, ндека некои ја оценуват како чудна, различна , но најмногу им се допаѓа на младите.
Актерката Ангелина Тренчова – Ангелова го искажа задоволството од слободата што им ја дал режисерот и особено ја истакна реакцијата на публиката.
Следуваше разговор и за претставата „Човек перница“ на Турскиот театар.

Специфичната претстава предизвика големо внимание кај публиката, која и на тркалезната маса сподели одушевувања за младите турски актери. Модераторката Јована Ѓорѓиовска го отвори прашањето – каде е радоста да се игра текст кој толку отворено зборува за насилството.

Радоста беше само кога првпат го читав текстот. Помислив, има комични моменти, па првиот впечаток ми беше дека играме комедија. Ама, не беше така. Напротив. Режисерката Сибел Абдиу ни дозволи голема слобода во креацијата на улогите. Целиот концепт дозволи креативност. Кога некој ме праша за што станува збор, јас реков: Семејна драма е. Речиси секој носи детски трауми. Но, како да си помогнеме, а да не одиме на терапија? – рече актерот Јеткин Сезаир.

Тие објаснија дека претставата почнале да ја работат пред ковид-пандемијата.

Првпат кога работев на претставата имав 23 години. Бев среќен и некои работи не ми беа јасни. Поинаку беше кога улогата ја толкував на 23, а друго е сега, кога имам 27 години – вели актерот Хакан Даци.

За Бурак Рахман малиот ограничен простор бил предизвик.
Дин Ибрахим изјави дека ликот на Микаил му оставил неизбришлив белег и во умот и во срцето.

Сето време контактирав со режисерката за тоа како инфантилноста, тоа детското на ликот да го претставам. Почнав да истражувам. Тешко беше, но беше голем предизвик. Ликот бил злоупотребуван, запоставуван – вели Ибрахим.

Ана Стојаноска, уметнички директор на МТФ „Војдан Чернодрински“ објасни дека се одлучила да ја селектира оваа претстава на фестивалот, зашто „мислата ми беше дека публиката во Прилеп треба да види што можат младите актери. Иницијативата да се направи ваква претстава среде репертоар е своевиден став“.

The post „My name is Medeja“, „Несфатената цивилизација“ и „Елегија во пет здива“ на претпоследниот ден на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп appeared first on Република.

]]>

Три претстави од кои две на национални театри и една од независната сцена ќе бидат на програмата на претпоследниот ден на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Народниот театар од Битола со претставата „My name is Medeja“ ќе гостува во 19.30 часот на сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“. Од 22 часот, на сцената на прилепскиот театар ќе настапат актерите од Народниот театар од Охрид со претставата „Несфатената цивилизација“ во режија на Софија Ристевска-Петрушева. Веднаш по претставата ќе следуваат тркалезни маси за двете претстави од официјалната програма. Еден час подоцна, во Центарот за култура ќе следува изведбата на „Елегија во пет здива“ во режија на Филип Петковски, копродукција со театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес. Со презентацијата на сработеното од едукативните работилници, денес ќе заврши програмата „Чернодрински за деца“, поддржана од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“. Ќе се претстават учениците од ООУ „Кочо Рацин“ - Прилеп: Антониј Кузманоски, Славица Кузманоска, Марија Ангелеска и Тамара Силјаноска, под менторство на наставничката Габриела Стојаноска-Станоеска. Во 11 часот е закажана промоцијата на монографијата посветена на авторот во фокус – Коле Чашуле – „Чашуле: Приказничарот“ на Ана Стојаноска. За книгата ќе зборува проф. д-р Јелена Лужина. „My name is MEDEJA“ на авторот Милан Рамшак Марковиќ е во режија на Себастијан Хорват. Играат: Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Катерина Аневска-Дранговска, Викторија Степановска-Јанкуловска, Јулијана Мирчевска-Мавровска, Иван Јерчиќ, Здравко Стојмиров, Соња Михајлова, Васко Мавровски, Сандра Грибовска-Илиевска, Анастазиа Христовска, Никола Стефанов и Кристијан Танчевски. Во претставата „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников, во режија на Софија Ристeвска-Петрушева, играат: Горан Стојаноски – Коста, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов – Анка, Филип Кипровски – Димитраки, Никола Тодороски и Ивица Цонев – Мариче.
„Несфатената цивилизација“ е претстава за припадноста, честа, етиката и моралот. Претстава за културолошкиот и социолошкиот идентитет на човекот. Претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. „Несфатената цивилизација“ е комедија, што преминува во гротеска и иронија, и што прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест – вели режисерката.
,,Елегија во пет здива” е танц-театар базиран по мотиви од избрана поезија од Радован Павловски, Петре М. Андреевски, Михаил Ренџов, Ацо Шопов и Никола Маџиров. Актерите/танчерите во претставата ги користат сопствените тела како субјект и како медиум за отелотворување на дадена емоционална состојба. Претставата е во режија и кореографија на Филип Петковски, а играат Васил Зафирчев, Симона Димковска, Наталија Теодосиева и Адријана Данчевска. Проекот на Петковски е копродукција со Театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ од Велес. Вчера продолжија разговорите на тркалезните маси на фестивалот. Се разговараше со екипата на „Циркус Пирандело“.
Пирандело е врвот во литературата. Пирандело знае да те фрли во оган. Вештачката сценска интелигенција се раѓа на сцената.... Мора да сакаш и да го цениш тоа што го работиш. Правењето театар е како „лупење на кромид“. Треба да направиш тим и да уживаш во „гинењето“ – рече режисерот Трифуновски на тркалезната маса посветена на неговата претстава.
Според актерот Стојан Велков Трн има лесен бран кој ја фати публиката.
Не е целосна импровизација туку е различна секаде. И сите актери бевме насочени кон радоста на играта – рече Велков и истакна дека во Прилеп имале одлична публика.
Гостинот од Штипскиот театар, Ефтим Трајчов истакна дека претставата и режисерот ги обработуваат сите општествени теми.
Имав лик кој го збогатив. Со вештачката интелигенција тој ја брка емоцијата, но таа доаѓа до израз пред смртта. Процесот имаше максимална слобода – рече Трајчов.
Велков дополни дека претставата знае да биде прифатена, ндека некои ја оценуват како чудна, различна , но најмногу им се допаѓа на младите. Актерката Ангелина Тренчова – Ангелова го искажа задоволството од слободата што им ја дал режисерот и особено ја истакна реакцијата на публиката. Следуваше разговор и за претставата „Човек перница“ на Турскиот театар. Специфичната претстава предизвика големо внимание кај публиката, која и на тркалезната маса сподели одушевувања за младите турски актери. Модераторката Јована Ѓорѓиовска го отвори прашањето – каде е радоста да се игра текст кој толку отворено зборува за насилството.
Радоста беше само кога првпат го читав текстот. Помислив, има комични моменти, па првиот впечаток ми беше дека играме комедија. Ама, не беше така. Напротив. Режисерката Сибел Абдиу ни дозволи голема слобода во креацијата на улогите. Целиот концепт дозволи креативност. Кога некој ме праша за што станува збор, јас реков: Семејна драма е. Речиси секој носи детски трауми. Но, како да си помогнеме, а да не одиме на терапија? – рече актерот Јеткин Сезаир.
Тие објаснија дека претставата почнале да ја работат пред ковид-пандемијата.
Првпат кога работев на претставата имав 23 години. Бев среќен и некои работи не ми беа јасни. Поинаку беше кога улогата ја толкував на 23, а друго е сега, кога имам 27 години – вели актерот Хакан Даци.
За Бурак Рахман малиот ограничен простор бил предизвик. Дин Ибрахим изјави дека ликот на Микаил му оставил неизбришлив белег и во умот и во срцето.
Сето време контактирав со режисерката за тоа како инфантилноста, тоа детското на ликот да го претставам. Почнав да истражувам. Тешко беше, но беше голем предизвик. Ликот бил злоупотребуван, запоставуван – вели Ибрахим.
Ана Стојаноска, уметнички директор на МТФ „Војдан Чернодрински“ објасни дека се одлучила да ја селектира оваа претстава на фестивалот, зашто „мислата ми беше дека публиката во Прилеп треба да види што можат младите актери. Иницијативата да се направи ваква претстава среде репертоар е своевиден став“.

The post „My name is Medeja“, „Несфатената цивилизација“ и „Елегија во пет здива“ на претпоследниот ден на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп appeared first on Република.

]]>
Почнува 57. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ https://republika.mk/vesti/kultura/pochnuva-57-makedonski-teatarski-festival-vojdan-chernodrinski/ Fri, 09 Jun 2023 06:56:21 +0000 https://republika.mk/?p=649416

Со свеченост на платото пред Домот на културата „Марко Цепенков“, со врачување на наградите за животно дело и со првата претстава во официјалната конкуренција, вечер во Прилеп ќе биде отворен 57. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Под мотото „Враќање дома“ најреномираниот и најстар национален фестивал на театарската уметност до 16 јуни ќе понуди богата програма.

На отворањето, од 20.30 часот е најавено да се обратат министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, и уметничкиот директор на фестивалот, Ана Стојаноска.

На актерите Петар Мирчевски и Петар Темелковски ќе им бидат врачени наградите за животно дело, а од 21.30 часот во големата сала од Домот на културата „Марко Цепенков“ ќе биде прикажана првата од 10-те претстави во официјалната конкуренција - „Нема струја за електричниот стол“ во режија на Дејан Пројковски, во продукција на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес.

Во рамките на Фестивалот, од 19 часот, во градската библиотека „Борка Талески“ ќе биде отворена ретка и роднокрајна збирка во чест на авторот во фокусот, Коле Чашуле.

Во официјалната програма се 10 претстави на македонските професионални театри, пет се во независната продукција.

Програмата на Фестивалот ќе почнува секој ден во 10 часот со „Чернодрински за деца“. Напладне ќе се организираат разговори на тркалезна маса, на кои ќе се дискутира за претставите што ќе бидат на програмата од претходниот ден. Ќе има промоции на книги, меѓународна конференција, а ќе биде отворена и изложбата на костими и фотографии од претстави на кои работел костимографот Благој Мицевски во изминатите речиси 20 години.

Годинава, првпат фестивалското жири го сочинуваат членови од странство - Мики Радојниќ, театролог, актуелен директор на „Стеријино позорје“, Милош Латиновиќ, директор на театарот и фестивалот „Битеф“, и Јанко Љумовиќ, театарски продуцент, професор, некогашен министер за култура на Црна Гора.

Фестивалот ќе биде затворен на 16 јуни со свечено доделување на наградите. Во нивна чест ќе гостува Српско народно позориште од Нови Сад со „Последниот балкански вампир“ по текст на Дејан Дуковски и во режија на Александар Поповски

The post Почнува 57. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>

Со свеченост на платото пред Домот на културата „Марко Цепенков“, со врачување на наградите за животно дело и со првата претстава во официјалната конкуренција, вечер во Прилеп ќе биде отворен 57. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Под мотото „Враќање дома“ најреномираниот и најстар национален фестивал на театарската уметност до 16 јуни ќе понуди богата програма. На отворањето, од 20.30 часот е најавено да се обратат министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, и уметничкиот директор на фестивалот, Ана Стојаноска. На актерите Петар Мирчевски и Петар Темелковски ќе им бидат врачени наградите за животно дело, а од 21.30 часот во големата сала од Домот на културата „Марко Цепенков“ ќе биде прикажана првата од 10-те претстави во официјалната конкуренција - „Нема струја за електричниот стол“ во режија на Дејан Пројковски, во продукција на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес. Во рамките на Фестивалот, од 19 часот, во градската библиотека „Борка Талески“ ќе биде отворена ретка и роднокрајна збирка во чест на авторот во фокусот, Коле Чашуле. Во официјалната програма се 10 претстави на македонските професионални театри, пет се во независната продукција. Програмата на Фестивалот ќе почнува секој ден во 10 часот со „Чернодрински за деца“. Напладне ќе се организираат разговори на тркалезна маса, на кои ќе се дискутира за претставите што ќе бидат на програмата од претходниот ден. Ќе има промоции на книги, меѓународна конференција, а ќе биде отворена и изложбата на костими и фотографии од претстави на кои работел костимографот Благој Мицевски во изминатите речиси 20 години. Годинава, првпат фестивалското жири го сочинуваат членови од странство - Мики Радојниќ, театролог, актуелен директор на „Стеријино позорје“, Милош Латиновиќ, директор на театарот и фестивалот „Битеф“, и Јанко Љумовиќ, театарски продуцент, професор, некогашен министер за култура на Црна Гора. Фестивалот ќе биде затворен на 16 јуни со свечено доделување на наградите. Во нивна чест ќе гостува Српско народно позориште од Нови Сад со „Последниот балкански вампир“ по текст на Дејан Дуковски и во режија на Александар Поповски

The post Почнува 57. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>
Поради огромен притисток за запишување првачиња во „Владо Тасевски“, Општина Карпош донесе одлука за нова реонизација https://republika.mk/vesti/skopje/poradi-ogromen-pritistok-za-zapishuvane-prvachina-vo-vlado-tasevski-opshtina-karposh-donese-odluka-za-nova-reonizatsija/ Tue, 02 May 2023 12:58:03 +0000 https://republika.mk/?p=636099

Почнувајќи од денеска официјално во тек е уписот на првачиња во основните училишта во Карпош за учебната 2023/2024 година, кој ќе биде отворен до крајот на месецот. Советот на Општина Карпош донесе одлука за нова реонизација, соопшти на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски.

Според списокот на МВР евидентирани се околу 720 дечиња кои треба да се запишат во прво одделение, а според евиденцијата на детските градинки во Карпош, догодина треба да се запишат околу 615 деца. Овде треба да се земат предвид и децата кои посетуваат приватни градинки, како и дечиња кои не се запишани во предучилишните установи, изјави Јакимовски.

Тој посочи дека одредени училишта се соочуваат со сериозен проблем бидејќи има поголем број на ученици кои треба да посетуваат настава дури и во три смени.

Од друга страна имаме училишта кои немаат доволен број на основци, а сето тоа е благодарение на предрасуди кај родителите за да не се користат одредени школски установи, додека пак имаме притисок кон другите училишта. Токму во ООУ „Владо Тасевски“ во населбата Козле постои голем притисок за упис на првачиња, така што во оваа установа имаме 1.010 ученици. Од тие причини, Советот на Општина Карпош донесе одлука за нова реонизација, според која основците кои се запишуваат во прво одделение, а живеат на локацијата од ул.„Рузвелтова“ до ул. „Брадфордска“ ќе учат во ООУ „Војдан Чернодрински“, рече Јакимовски.

Тој појасни дека основците од населбата Долно и Средно Нерези, како и од населеното место Тафталиџе, ќе посетуваат настава во ООУ „Братство“, односно реонизацијата почнува од пред влезот на фабриката „Реплек“. Додаде дека оваа одлука никој не смее да ја прекрши.

Според него, процесот на реонизација е од интерес на сите ученици бидејќи целта е подобри услови за едукација

The post Поради огромен притисток за запишување првачиња во „Владо Тасевски“, Општина Карпош донесе одлука за нова реонизација appeared first on Република.

]]>

Почнувајќи од денеска официјално во тек е уписот на првачиња во основните училишта во Карпош за учебната 2023/2024 година, кој ќе биде отворен до крајот на месецот. Советот на Општина Карпош донесе одлука за нова реонизација, соопшти на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски.
Според списокот на МВР евидентирани се околу 720 дечиња кои треба да се запишат во прво одделение, а според евиденцијата на детските градинки во Карпош, догодина треба да се запишат околу 615 деца. Овде треба да се земат предвид и децата кои посетуваат приватни градинки, како и дечиња кои не се запишани во предучилишните установи, изјави Јакимовски.
Тој посочи дека одредени училишта се соочуваат со сериозен проблем бидејќи има поголем број на ученици кои треба да посетуваат настава дури и во три смени.
Од друга страна имаме училишта кои немаат доволен број на основци, а сето тоа е благодарение на предрасуди кај родителите за да не се користат одредени школски установи, додека пак имаме притисок кон другите училишта. Токму во ООУ „Владо Тасевски“ во населбата Козле постои голем притисок за упис на првачиња, така што во оваа установа имаме 1.010 ученици. Од тие причини, Советот на Општина Карпош донесе одлука за нова реонизација, според која основците кои се запишуваат во прво одделение, а живеат на локацијата од ул.„Рузвелтова“ до ул. „Брадфордска“ ќе учат во ООУ „Војдан Чернодрински“, рече Јакимовски.
Тој појасни дека основците од населбата Долно и Средно Нерези, како и од населеното место Тафталиџе, ќе посетуваат настава во ООУ „Братство“, односно реонизацијата почнува од пред влезот на фабриката „Реплек“. Додаде дека оваа одлука никој не смее да ја прекрши. Според него, процесот на реонизација е од интерес на сите ученици бидејќи целта е подобри услови за едукација

The post Поради огромен притисток за запишување првачиња во „Владо Тасевски“, Општина Карпош донесе одлука за нова реонизација appeared first on Република.

]]>
Улицата „Војдан Чернодрински“ во Чаир преименувана во „Oџа Атаулах Куртиши“ https://republika.mk/vesti/skopje/ulitsata-vojdan-chernodrinski-vo-chair-preimenuvana-vo-odha-ataulah-kurtishi/ Sun, 26 Feb 2023 13:30:36 +0000 https://republika.mk/?p=613352

Од денеска улицата „Војдан Чернодрински“ во Чаир се преименува во „Имам Атаулах Куртиши“, а општината како иницијатор и организатор на преименувањето по кусата церемонија на отворен простор, одржа и свечена академија на која се говореше за лиикот на имамот.

На академијата што се одржа во Албанскиот театар, на која се говореше за животот и работата на Хоџа Атаулах Куртиши присуствуваше и лидерот на „огнената група“ на ДУИ Изет Меџити, како и други негови сопартијци.

Во мај минатата година во организација на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу беа поставени нови табли кои покажуваат дека улицата „Благоја Паровиќ” е преименувана во „Исмаил Ќемали”, личност од историјата за кого беше кажано дека соработувал со лидерите на Вилајетот Косово во борбата за независност на Албанија. Инаку, Благоја Паровиќ бил истакнат комунистички револуционер помеѓу двете светски војни и шпански борец кој загинал во борбите со шпанските фашистички одреди.

Новите имиња на улици Општината Чаир ги базира на одлука на Град Скопје од 2021 година. Процесот на преименувања на улици започна во претходната декада токму со одлуки на Советот на Град Скопје и продолжува и сега.

The post Улицата „Војдан Чернодрински“ во Чаир преименувана во „Oџа Атаулах Куртиши“ appeared first on Република.

]]>

Од денеска улицата „Војдан Чернодрински“ во Чаир се преименува во „Имам Атаулах Куртиши“, а општината како иницијатор и организатор на преименувањето по кусата церемонија на отворен простор, одржа и свечена академија на која се говореше за лиикот на имамот. На академијата што се одржа во Албанскиот театар, на која се говореше за животот и работата на Хоџа Атаулах Куртиши присуствуваше и лидерот на „огнената група“ на ДУИ Изет Меџити, како и други негови сопартијци. Во мај минатата година во организација на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу беа поставени нови табли кои покажуваат дека улицата „Благоја Паровиќ” е преименувана во „Исмаил Ќемали”, личност од историјата за кого беше кажано дека соработувал со лидерите на Вилајетот Косово во борбата за независност на Албанија. Инаку, Благоја Паровиќ бил истакнат комунистички револуционер помеѓу двете светски војни и шпански борец кој загинал во борбите со шпанските фашистички одреди. Новите имиња на улици Општината Чаир ги базира на одлука на Град Скопје од 2021 година. Процесот на преименувања на улици започна во претходната декада токму со одлуки на Советот на Град Скопје и продолжува и сега.  

The post Улицата „Војдан Чернодрински“ во Чаир преименувана во „Oџа Атаулах Куртиши“ appeared first on Република.

]]>
Ученици во Прилеп ќе учат за театарот низ едукативни работилници на МТФ „Војдан Чернодрински“ https://republika.mk/vesti/kultura/uchenici-vo-prilep-kje-uchat-za-teatarot-niz-edukativni-rabotilnici-na-mtf-vojdan-chernodrinski/ Fri, 18 Nov 2022 08:38:19 +0000 https://republika.mk/?p=575244

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во своето 57. издание воведува содржини во текот на целата година. Меѓу нив ќе биде едукативната работилница што ќе започне од утре (19 ноември) во Прилеп. Работилницата ќе ја води режисерот и едукатор Милош Б Андоновски, а ќе биде наменета за наставници и ученици од прилепските основни училишта „Кочо Рацин“ и „Св. Климент Охридски“ и средните училишта „Мирче Ацев“ и „Ѓорче Петров“.

Работилниците ќе се одвиваат во репетиционата сала на Народниот театар „Војдан Чернодрински“, а фокусот ќе биде врз истражување и проучување на театарската уметност и неговите сфери: актерството, драмското пишување, сценографијата, костимографијата, критиката.

Овој концепт и воведувањето на едукативната програма, не само што го прават фестивалот поотворен од кога било, туку нудат и ретка можност за меѓугенерациско учење: наставници, ученици и актери на различна возраст заедно да работат и да учат едни од други. Целта на оваа едукативна програма во рамките на МТФ „Чернодрински“ е само првиот чекор кон она што сите нѐ чека по завршувањето на фестивалот – генерирањето нова публика и нови очи, коишто повторно и повторно ќе му се враќаат на гледањето театар – вели режисерот Андоновски.

Тој надополнува дека во работилниците ќе се вклучат и неколкумина актери од прилепскиот ансамбл, кои ќе се среќаваат со учениците и наставниците еднаш неделно, сѐ до почетокот на фестивалот во јуни.

Месечните работилници ќе бидат тематски одредени и поврзани со драмата „Вејка на ветрот“ од Коле Чашуле, којшто, воедно, е и автор во фокус на 57. издание на фестивалот.

Директорката на фестивалот, Ана Стојаноска посочува дека секоја година ќе ротираат по две средни и две основни училишта. До почетокот на февруари, ќе има и презентација на сработеното, дополнува Стојаноска.

The post Ученици во Прилеп ќе учат за театарот низ едукативни работилници на МТФ „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во своето 57. издание воведува содржини во текот на целата година. Меѓу нив ќе биде едукативната работилница што ќе започне од утре (19 ноември) во Прилеп. Работилницата ќе ја води режисерот и едукатор Милош Б Андоновски, а ќе биде наменета за наставници и ученици од прилепските основни училишта „Кочо Рацин“ и „Св. Климент Охридски“ и средните училишта „Мирче Ацев“ и „Ѓорче Петров“. Работилниците ќе се одвиваат во репетиционата сала на Народниот театар „Војдан Чернодрински“, а фокусот ќе биде врз истражување и проучување на театарската уметност и неговите сфери: актерството, драмското пишување, сценографијата, костимографијата, критиката.
Овој концепт и воведувањето на едукативната програма, не само што го прават фестивалот поотворен од кога било, туку нудат и ретка можност за меѓугенерациско учење: наставници, ученици и актери на различна возраст заедно да работат и да учат едни од други. Целта на оваа едукативна програма во рамките на МТФ „Чернодрински“ е само првиот чекор кон она што сите нѐ чека по завршувањето на фестивалот – генерирањето нова публика и нови очи, коишто повторно и повторно ќе му се враќаат на гледањето театар – вели режисерот Андоновски.
Тој надополнува дека во работилниците ќе се вклучат и неколкумина актери од прилепскиот ансамбл, кои ќе се среќаваат со учениците и наставниците еднаш неделно, сѐ до почетокот на фестивалот во јуни. Месечните работилници ќе бидат тематски одредени и поврзани со драмата „Вејка на ветрот“ од Коле Чашуле, којшто, воедно, е и автор во фокус на 57. издание на фестивалот. Директорката на фестивалот, Ана Стојаноска посочува дека секоја година ќе ротираат по две средни и две основни училишта. До почетокот на февруари, ќе има и презентација на сработеното, дополнува Стојаноска.  

The post Ученици во Прилеп ќе учат за театарот низ едукативни работилници на МТФ „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>
Претставите „Јазли“ и „Грета“ на денешната програма на МТФ „Војдан Чернодрински“ https://republika.mk/vesti/kultura/pretstavite-jazli-i-greta-na-deneshnata-programa-na-mtf-vojdan-chernodrinski/ Sun, 05 Jun 2022 12:14:48 +0000 https://republika.mk/?p=511397

На третиот ден од 56. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ на програмата се две претстави, од кои едната во конкуренција за наградите.

Во официјалната програма, од 19 часот на сцената во Центарот за култура „Марко Цепенков“ е претставата на албански театар „Јазли“ од Рефет Абази во режија на Куштрим Бектеши. Во придружниот дел од програмата е претставата „Грета“ во режија на Тамара Стојаноска, а во продукција на театар „Златен Елец“ од Скопје. Изведбата е од 22 часот на сцената од народниот театар „Војдан Чернодрински“.

Од отворањето на Фестивалот во петокот, публиката виде три претстави во конкуренцијата за награди: „Народен непријател“ на МНТ, „Моето име е Горан Стефановски“ на Драмски театар и „Декамерон“ на прилепскиот анасамбл. Промовирана е и книгата „Клиентот на Шекспир“ од Милош Латиновиќ, драмски писател, есеист, романописец, актуелен директор на Битеф театар. Книгата ја промовираше Жељко Јовановиќ.

Утре напладне во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“, во рамките на Фестивалот ќе биде промовирана книгата „Никогаш не е доцна“ од Добрила Ивановиќ Чабриќ, актерка, член на МНТ од 1946 до 1957 година, член на „Позориште на теразијама“. Утревечер од 19 часот  на сцената од Центарот за култура  во конкуренцијата, ансамблот на струмичкиот народен театар „Антон Панов“ ќе ја изведе „Бракот на Марија Браун“ според Рајнер Вернер Фасбиндер во режија на Драгана Таневска. Од 22 часот во прилепскиот народен театар публиката ќе ја види „Семејство“, Дипломска претстава на студентите при ФДУ од Скопје, како дел од придружната програма.

The post Претставите „Јазли“ и „Грета“ на денешната програма на МТФ „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>

На третиот ден од 56. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ на програмата се две претстави, од кои едната во конкуренција за наградите. Во официјалната програма, од 19 часот на сцената во Центарот за култура „Марко Цепенков“ е претставата на албански театар „Јазли“ од Рефет Абази во режија на Куштрим Бектеши. Во придружниот дел од програмата е претставата „Грета“ во режија на Тамара Стојаноска, а во продукција на театар „Златен Елец“ од Скопје. Изведбата е од 22 часот на сцената од народниот театар „Војдан Чернодрински“. Од отворањето на Фестивалот во петокот, публиката виде три претстави во конкуренцијата за награди: „Народен непријател“ на МНТ, „Моето име е Горан Стефановски“ на Драмски театар и „Декамерон“ на прилепскиот анасамбл. Промовирана е и книгата „Клиентот на Шекспир“ од Милош Латиновиќ, драмски писател, есеист, романописец, актуелен директор на Битеф театар. Книгата ја промовираше Жељко Јовановиќ. Утре напладне во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“, во рамките на Фестивалот ќе биде промовирана книгата „Никогаш не е доцна“ од Добрила Ивановиќ Чабриќ, актерка, член на МНТ од 1946 до 1957 година, член на „Позориште на теразијама“. Утревечер од 19 часот  на сцената од Центарот за култура  во конкуренцијата, ансамблот на струмичкиот народен театар „Антон Панов“ ќе ја изведе „Бракот на Марија Браун“ според Рајнер Вернер Фасбиндер во режија на Драгана Таневска. Од 22 часот во прилепскиот народен театар публиката ќе ја види „Семејство“, Дипломска претстава на студентите при ФДУ од Скопје, како дел од придружната програма.

The post Претставите „Јазли“ и „Грета“ на денешната програма на МТФ „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>