водостопанство Archives - Република https://republika.mk/tema/vodostopanstvo/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 16:33:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png водостопанство Archives - Република https://republika.mk/tema/vodostopanstvo/ 32 32 Префрлени сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати https://republika.mk/vesti/makedonija/prefrleni-sto-milioni-denari-na-ad-vodostopanstvo-za-zaostanatite-plati/ Fri, 23 Aug 2024 16:50:12 +0000 https://republika.mk/?p=809560

Од Министерството за земјделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информираат дека се префрлени сто милиони денари на АД Водостопанство за исплата на заостанатите плати.

Според МЗШВ, се преземаат активности за решавање на проблемите кои ги создала претходната Влада.

Денеска потпишав договор за исплата на финансиски средства за трансфер на заостанати плати на 509 вработени во АД Водостопанство. Вкупно сто милиони денари се обезбедени за АД Водостопанство. Работиме домаќински за да ја вратиме надежта кај народот за подобра иднина, истакнал министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски при потпишување на договорот за исплата.

Како што стои во соопштението, министерот го потенцирал сериозниот пристап кој што го има Министерството и Владата и посочил дека во наредниот период во фокусот ќе бидат задоволни земјоделците како и вработените во државните институции.

За само педесет дена работа, оваа Влада на чело со Премиерот Мицкоски работи посветено во решавање на проблемите кои ги наследивме од претходната Влада, стои во соопштението.

The post Префрлени сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати appeared first on Република.

]]>

Од Министерството за земјделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информираат дека се префрлени сто милиони денари на АД Водостопанство за исплата на заостанатите плати. Според МЗШВ, се преземаат активности за решавање на проблемите кои ги создала претходната Влада.
Денеска потпишав договор за исплата на финансиски средства за трансфер на заостанати плати на 509 вработени во АД Водостопанство. Вкупно сто милиони денари се обезбедени за АД Водостопанство. Работиме домаќински за да ја вратиме надежта кај народот за подобра иднина, истакнал министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски при потпишување на договорот за исплата.
Како што стои во соопштението, министерот го потенцирал сериозниот пристап кој што го има Министерството и Владата и посочил дека во наредниот период во фокусот ќе бидат задоволни земјоделците како и вработените во државните институции.
За само педесет дена работа, оваа Влада на чело со Премиерот Мицкоски работи посветено во решавање на проблемите кои ги наследивме од претходната Влада, стои во соопштението.

The post Префрлени сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати appeared first on Република.

]]>
Фантом фирма на пензионерка и студентка си доби тендер од Водостопанство https://republika.mk/vesti/skopje/fantom-firma-na-penzionerka-i-studentka-si-dobi-tender-od-vodostopanstvo/ Sun, 24 Dec 2023 15:32:31 +0000 https://republika.mk/?p=726187

Компанија основана пред една година од пензионерка и студентка го добила неодамнешниот тендер на Водостопанство, иако од четирите пријавени компании таа дала една од најскапите понуди и сепак победи на јавниот повик. Ова го тврдат од скопскатата компанија за производство на делови за водовод, КАЗ груп, кои учествувала на огласот. Се сомневаат во местење на тендерските постапки и укажуваат на нелојална конкуренција.

Се сомневаме во проблематична постапка, затоa што на последниот тендер на АД Водостопанство Скопје, во тендерската спецификација од 321 ставка, оваа година сметаме дека тенденциозно се внесени три производи, кои што за жал не даваат можност за конкуренција. Овој тендер кој што е три пати поскап од она што ние го нудиме, го доби компaнија фантом, отворена пред само една година, со само еден вработен. Ние понудивме три милиони и триста, а тие понудија 10 милиони, вели за „Алфа“ Анета Корбкина од КАЗ Груп.

Од скопската семејна компанија која постои веќе три децении, велат дека голем дел од машините за производство ги дизјанираат и создаваат тие самите. Со нив, произведуваат македонски продукти, кои потоа ги извезуваат во десетици европски земји, каде што се користат за тамошните водостнабдителни системи. Но кај нас, како што велат често се дискриминирани од своите. Па посочуваат дека македонските институции и претрпијатија наместо да користат неколку пати поевтини и квалитетни домашни производи, увезуваат и неконтролирано ги тршат парите од граѓаните.

Неконтролирано трошење на народни пари, второ, ние сме домашна компанија со производство, со 40 вработени, што регуларно плаќаме плати и даноци кон државата. Компанија која што извезува во 15 земји. Штетата е голема, кога парите, неконтролирано, без никаков надзор се трошат, додаде Корбкина.

Од државното акционерско друштво Водостопанство на Македонија за телевизијата велат дека е неоснована реакцијата на КАЗ-груп и дека на јавен тендер е избрана понудата која соодветствува на барањата и критериумите на набавката, а според тоа и на цената.

По објавувањето на огласот за јавна набавка, во постапката на евалуација, врз основа на проверка на приложените технички понуди, комисијата заклучи дека од вкупно четири понуди, понудите на два економски оператори не се во согласност со дефинираните технички карактеристики на предметот на јавна набавка, барањата и условите од техничките спецификации, како и во однос на условите за извршување или функционални карактеристики на предметот на јавна набавка наведени во тендерската документација и со тоа нивните понуди нема да се разгледуваат во понатамошната постапка на евалуација на понудите.“ – Велат од АД Водостопанство, од каде додаваат дека – „Од останатите две понуди беше избран понудувач врз основа на критериумот за доделување на јавна набавка, а тоа е економски најповолна понуда врз основа на цената. По спроведената постапка за јавна набавка и Одлуката за избор на најповолен понудувач, против истата од страна на еден од економските оператори беше вложена Жалба која Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одби поради неоснованост, стои во соопштението на АД Водостопанство.

Инаку се работи за тендер за набавка на резервни делови за одржување на основните водостопански објекти за наводнување и одводнување со кои управува АД Водостопанство во државна сопственост.

Според податоците на Бирото за јавни набавки на тендерот учествувале четири фирми . Понудите биле од 12,7 милиони денари до 3,39 милиони денари. Се работи за рамковна спогодба за 6 месеци.

https://youtu.be/MBc8lgl0ZRA?si=klKbTp1Q1HujdPO6

The post Фантом фирма на пензионерка и студентка си доби тендер од Водостопанство appeared first on Република.

]]>

Компанија основана пред една година од пензионерка и студентка го добила неодамнешниот тендер на Водостопанство, иако од четирите пријавени компании таа дала една од најскапите понуди и сепак победи на јавниот повик. Ова го тврдат од скопскатата компанија за производство на делови за водовод, КАЗ груп, кои учествувала на огласот. Се сомневаат во местење на тендерските постапки и укажуваат на нелојална конкуренција.
Се сомневаме во проблематична постапка, затоa што на последниот тендер на АД Водостопанство Скопје, во тендерската спецификација од 321 ставка, оваа година сметаме дека тенденциозно се внесени три производи, кои што за жал не даваат можност за конкуренција. Овој тендер кој што е три пати поскап од она што ние го нудиме, го доби компaнија фантом, отворена пред само една година, со само еден вработен. Ние понудивме три милиони и триста, а тие понудија 10 милиони, вели за „Алфа“ Анета Корбкина од КАЗ Груп.
Од скопската семејна компанија која постои веќе три децении, велат дека голем дел од машините за производство ги дизјанираат и создаваат тие самите. Со нив, произведуваат македонски продукти, кои потоа ги извезуваат во десетици европски земји, каде што се користат за тамошните водостнабдителни системи. Но кај нас, како што велат често се дискриминирани од своите. Па посочуваат дека македонските институции и претрпијатија наместо да користат неколку пати поевтини и квалитетни домашни производи, увезуваат и неконтролирано ги тршат парите од граѓаните.
Неконтролирано трошење на народни пари, второ, ние сме домашна компанија со производство, со 40 вработени, што регуларно плаќаме плати и даноци кон државата. Компанија која што извезува во 15 земји. Штетата е голема, кога парите, неконтролирано, без никаков надзор се трошат, додаде Корбкина.
Од државното акционерско друштво Водостопанство на Македонија за телевизијата велат дека е неоснована реакцијата на КАЗ-груп и дека на јавен тендер е избрана понудата која соодветствува на барањата и критериумите на набавката, а според тоа и на цената.
По објавувањето на огласот за јавна набавка, во постапката на евалуација, врз основа на проверка на приложените технички понуди, комисијата заклучи дека од вкупно четири понуди, понудите на два економски оператори не се во согласност со дефинираните технички карактеристики на предметот на јавна набавка, барањата и условите од техничките спецификации, како и во однос на условите за извршување или функционални карактеристики на предметот на јавна набавка наведени во тендерската документација и со тоа нивните понуди нема да се разгледуваат во понатамошната постапка на евалуација на понудите.“ – Велат од АД Водостопанство, од каде додаваат дека – „Од останатите две понуди беше избран понудувач врз основа на критериумот за доделување на јавна набавка, а тоа е економски најповолна понуда врз основа на цената. По спроведената постапка за јавна набавка и Одлуката за избор на најповолен понудувач, против истата од страна на еден од економските оператори беше вложена Жалба која Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одби поради неоснованост, стои во соопштението на АД Водостопанство.
Инаку се работи за тендер за набавка на резервни делови за одржување на основните водостопански објекти за наводнување и одводнување со кои управува АД Водостопанство во државна сопственост. Според податоците на Бирото за јавни набавки на тендерот учествувале четири фирми . Понудите биле од 12,7 милиони денари до 3,39 милиони денари. Се работи за рамковна спогодба за 6 месеци. https://youtu.be/MBc8lgl0ZRA?si=klKbTp1Q1HujdPO6

The post Фантом фирма на пензионерка и студентка си доби тендер од Водостопанство appeared first on Република.

]]>
Нов скандал: АД Водостопанство наместо понудата со најниска цена, избрало три пати повисока понуда https://republika.mk/vesti/ekonomija/nov-skandal-ad-vodostopanstvo-namesto-ponudata-so-najniska-tsena-izbralo-tri-pati-povisoka-ponuda/ Mon, 18 Dec 2023 16:13:05 +0000 https://republika.mk/?p=724351

Драги сограѓани, ни треба ваша поддршка вие кажете дали овде не е случаj на неконтролирано злоупотребување на народни пари, велат од KAZ Group.
По однос на спроведената отворена постапка по оглас бр.16299/2023 од 14.09.2023 година, за доделување на договор за јавна набавка за потребите на АД Водостопанство на РМ во државна (граѓанска) сопственост, каде што ЕДИНСТВЕН критериум за избор на понудувач е ПОНИСКА ЦЕНА на понудата!
Нашата понуда изнесува 3.399.803,39,
(KAZ Group-македоско производство кое храни 40 македонски фамилии), а избран е економски оператор чија понудена цена е 9.963.005,05 (трговско друштво со увозени странски производи и еден вработен - 3N Development Group) денари која е за ТРИ ПАТИ ПОВИСОКА од нашата понудена цена.
АД Водостопанство на РМ е загубар коj користи пари на Министерството за земjоделство, шумарство и водостопанство (народни пари)

The post Нов скандал: АД Водостопанство наместо понудата со најниска цена, избрало три пати повисока понуда appeared first on Република.

]]>

Драги сограѓани, ни треба ваша поддршка вие кажете дали овде не е случаj на неконтролирано злоупотребување на народни пари, велат од KAZ Group. По однос на спроведената отворена постапка по оглас бр.16299/2023 од 14.09.2023 година, за доделување на договор за јавна набавка за потребите на АД Водостопанство на РМ во државна (граѓанска) сопственост, каде што ЕДИНСТВЕН критериум за избор на понудувач е ПОНИСКА ЦЕНА на понудата! Нашата понуда изнесува 3.399.803,39, (KAZ Group-македоско производство кое храни 40 македонски фамилии), а избран е економски оператор чија понудена цена е 9.963.005,05 (трговско друштво со увозени странски производи и еден вработен - 3N Development Group) денари која е за ТРИ ПАТИ ПОВИСОКА од нашата понудена цена. АД Водостопанство на РМ е загубар коj користи пари на Министерството за земjоделство, шумарство и водостопанство (народни пари)

The post Нов скандал: АД Водостопанство наместо понудата со најниска цена, избрало три пати повисока понуда appeared first on Република.

]]>
Продаваме вода, а немаме за леб: Протест на работниците од Водостопанство https://republika.mk/vesti/ekonomija/prodavame-voda-a-nemame-za-leb-protest-na-rabotnitsite-od-vodostopanstvo/ Tue, 19 Sep 2023 12:18:46 +0000 https://republika.mk/?p=683138

Агро-Синдикатот и работниците од Водостопанство во државна сопственост излегоа на протест пред Владата поради двете неисплатени плати.

Протестот го поддржа Сојузот на синдикатите од каде што изразија загриженост за состојбата во претпријатието.

Вработените редовно ги извршуваат своите работни задачи, а за возврат веќе неколку месеци не ја добиваат одработената плата што во овие служени услови за живот предизвикани од инфлацијата. Потребата за обезбедување на нивните семејства со достоен живот предизвикува револт кај работниците во ова претпријатие, а за што како нивни претставници во изминатиот период предупредувавме и укажувавме - велат од Сојузот.

Се додава дека ако не се исплатат изработените заостанати плати, вработените се подготвени да стапат во штрајк со што ќе биде доведено во прашање водоснабдувањето на посевите, особено ако се знае дека Водостопанство како претпријатие е крвотокот на земјоделието.

The post Продаваме вода, а немаме за леб: Протест на работниците од Водостопанство appeared first on Република.

]]>

Агро-Синдикатот и работниците од Водостопанство во државна сопственост излегоа на протест пред Владата поради двете неисплатени плати. Протестот го поддржа Сојузот на синдикатите од каде што изразија загриженост за состојбата во претпријатието.
Вработените редовно ги извршуваат своите работни задачи, а за возврат веќе неколку месеци не ја добиваат одработената плата што во овие служени услови за живот предизвикани од инфлацијата. Потребата за обезбедување на нивните семејства со достоен живот предизвикува револт кај работниците во ова претпријатие, а за што како нивни претставници во изминатиот период предупредувавме и укажувавме - велат од Сојузот.
Се додава дека ако не се исплатат изработените заостанати плати, вработените се подготвени да стапат во штрајк со што ќе биде доведено во прашање водоснабдувањето на посевите, особено ако се знае дека Водостопанство како претпријатие е крвотокот на земјоделието.

The post Продаваме вода, а немаме за леб: Протест на работниците од Водостопанство appeared first on Република.

]]>
Вработен во водостопанство од сопственик на фирма зел три илјади евра поткуп, откако пробал да земе уште толку бил фатен со парите в рака https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vraboten-vo-vodostopanstvo-od-sopstvenik-na-firma-zel-tri-iljadi-evra-potkup-otkako-probal-da-zeme-ushte-tolku-bil-faten-so-parite-v-raka/ Sat, 20 May 2023 08:42:38 +0000 https://republika.mk/?p=642904

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп казниво согласно член 357 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 42-годишник, со пријавено место на живеење во струмичко Ново Село, но вработен како службено лице – раководител на сектор во АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост – Скопје, во периодот од 01.12.2022 година до 19.05.2023 година, за себе примил подарок – парични средства од поголема вредност за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши.

Од оштетено лице од Крива Паланка тој побарал и примил вкупно 6.000 евра во денарска противвредност со цел спротивно на пропишаната постапка да овозможи изготвување на потребната техничка документација за добивање дозвола за вадење песок, чакал и камен од бреговите и коритата на површинските водни тела за едно правно лице.

Парите ги примил во два наврати. Најпрво во декември 2022 во угостителски објект во Автокоманда оштетениот му исплатил на осомничениот 3.000 евра. Потоа на 16 мај годинава осомничениот му побарал уште 3.000 евра. Оштетениот го пријавил барањето за поткуп, банкнотите биле криминалистички обработени и по примопредавањето во текот на вчерашниот ден во населба Илинден осомничениот бил лишен од слобода, а кај него биле пронајдени обележаните 30 банкноти во апоени од по 100 евра.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, поради опасност од бегство на осомниченото лице, можност тој да го искористи своето службено својство за да влијае врз постапката преку заплашување, уценување или договарање со сведокот-оштетен, како и веројатност да го повтори делото за кое е осомничен.​

The post Вработен во водостопанство од сопственик на фирма зел три илјади евра поткуп, откако пробал да земе уште толку бил фатен со парите в рака appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп казниво согласно член 357 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 42-годишник, со пријавено место на живеење во струмичко Ново Село, но вработен како службено лице – раководител на сектор во АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост – Скопје, во периодот од 01.12.2022 година до 19.05.2023 година, за себе примил подарок – парични средства од поголема вредност за да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши. Од оштетено лице од Крива Паланка тој побарал и примил вкупно 6.000 евра во денарска противвредност со цел спротивно на пропишаната постапка да овозможи изготвување на потребната техничка документација за добивање дозвола за вадење песок, чакал и камен од бреговите и коритата на површинските водни тела за едно правно лице. Парите ги примил во два наврати. Најпрво во декември 2022 во угостителски објект во Автокоманда оштетениот му исплатил на осомничениот 3.000 евра. Потоа на 16 мај годинава осомничениот му побарал уште 3.000 евра. Оштетениот го пријавил барањето за поткуп, банкнотите биле криминалистички обработени и по примопредавањето во текот на вчерашниот ден во населба Илинден осомничениот бил лишен од слобода, а кај него биле пронајдени обележаните 30 банкноти во апоени од по 100 евра. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, поради опасност од бегство на осомниченото лице, можност тој да го искористи своето службено својство за да влијае врз постапката преку заплашување, уценување или договарање со сведокот-оштетен, како и веројатност да го повтори делото за кое е осомничен.​

The post Вработен во водостопанство од сопственик на фирма зел три илјади евра поткуп, откако пробал да земе уште толку бил фатен со парите в рака appeared first on Република.

]]>
Си земала пари од сефот на претпријатието: Струмичанка го „оштетила“ „Водостопанство“ за над 20.000 евра https://republika.mk/vesti/crna-hronika/si-zemala-pari-od-sefot-na-pretprijatieto-strumichanka-go-oshtetila-vodostopanstvo-za-nad-20-000-evra/ Fri, 05 May 2023 17:12:05 +0000 https://republika.mk/?p=637391

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.И. (26) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

Пријавената, вработена како благајник во АД „Водостопанство“, подружница „Струмичко поле“ - Струмица, во период од неколку месеци, од сефот на благајната на АД „Водостопанство“ противправно присвоила парични средства во износ од 1.280.000 денари, доверени од директорот на претпријатието.

The post Си земала пари од сефот на претпријатието: Струмичанка го „оштетила“ „Водостопанство“ за над 20.000 евра appeared first on Република.

]]>

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.И. (26) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Пријавената, вработена како благајник во АД „Водостопанство“, подружница „Струмичко поле“ - Струмица, во период од неколку месеци, од сефот на благајната на АД „Водостопанство“ противправно присвоила парични средства во износ од 1.280.000 денари, доверени од директорот на претпријатието.

The post Си земала пари од сефот на претпријатието: Струмичанка го „оштетила“ „Водостопанство“ за над 20.000 евра appeared first on Република.

]]>
Ревизорите вџашени од непрофесионалното работење на „Водостопанство“: Каде ли истекоа 922.000 евра? https://republika.mk/vesti/ekonomija/revizorite-vdhasheni-od-neprofesionalnoto-rabotene-na-vodostopanstvo-kade-li-istekoa-922-000-evra/ Thu, 09 Feb 2023 11:39:46 +0000 https://republika.mk/?p=606841

Независниот ревизор се воздржува од давање мислење за финансиското работење на АД Водостопанство- Скопје, заради бројни недостатоци, нејаснотии и пропусти во работењето во 2021 година и тоа за годината во која оваа државна фирма, од централниот буџет добила над 2 милиони евра поддршка. Извештајот на независната ревизија во државното „Водостопанство“ објавен е страната на Македонската берза за хартии од вредност.

Во образложението на независната ревизија на А&БА Гроуп Дооел Скопје,  која требало да го анализира работењето на „Водостопанство“ пишува дека тие не можеле да дојдат до финансиските извештаи на компанијата, поради што и не можат да судат, како било работено таму. Највознемирувачки од се е што независните ревизори се воздржуваат од давање независно мислење. А во основите за воздржување од давање мислење има и повеќе скандалозни работи. Една од нив, на пример, е таа што на крај на 2021 година „Водостопанство“ евидентирало дека на сметките во банките депоненти има на располагање пари и еквиваленти вредни 922.000 евра. Ревизорите, согласно нивните протоколи за работа, се зафатиле со проверка и утврдување на фактичката состојба. Побарале, но не добиле потврди од сите банки дека „Водостопанство“ располага со таа сума на пари. Тоа значи дека тие како независен надлежен мониторинг не можат да потврдат дека парите се на сметки или можеби само фиктивно се на сметка, а всушност не постојат.

Ревизорите се нашле затекнати и во делот кој требало да ги анализира побарувања на компанијата, пријавени од страна на менаџментот на „Водостопанство“. Имено вкупниот износ пријавени побарувања изнесува 8 милиони евра. Кога ревизорите почнале да прават проверки, не им биле дадени соодветни податоци за старосната структура на побарувањата. Кога малку поаналитички почнале да истражуваат, утврдиле дека само правни лица на „Водостопанство“ му должат 3,34 милиони евра повеќе од три години, што пак според сметководствените стандарди се побарувања чија наплата е тешка и помалку веројатна. Тоа повлекува резервации на средства кои никогаш не се направени. А токму тоа може во значајна мерка негативно да влијае врз финансиската состојба на оваа државна компанија која е целосно зависна од државното финансирање.

Згора на се „Водостопанство“ одбило да им даде документација на независните ревизори кога барале податоци за судски спорови кои се водат против фирмата, со цел да утврдат дали има потреба од резервации на дополнителни средства кои може да треба друштвото да ги плаќа како резултат на идни изгубени судски спорови.

Она што најмногу ги кочело ревизорите во извршување на нивната работа е што тие ангажирани откако завршил пописот на средства и обврски, при што не биле во состојба да се уверат во состојбата и количините за залиха. Сето тоа овозможило да не може да се утврди дали се потребни корекции на извештаите за сеопфатна добивка, за состојба, за парични текови како и за промени во главнината.

The post Ревизорите вџашени од непрофесионалното работење на „Водостопанство“: Каде ли истекоа 922.000 евра? appeared first on Република.

]]>

Независниот ревизор се воздржува од давање мислење за финансиското работење на АД Водостопанство- Скопје, заради бројни недостатоци, нејаснотии и пропусти во работењето во 2021 година и тоа за годината во која оваа државна фирма, од централниот буџет добила над 2 милиони евра поддршка. Извештајот на независната ревизија во државното „Водостопанство“ објавен е страната на Македонската берза за хартии од вредност. Во образложението на независната ревизија на А&БА Гроуп Дооел Скопје,  која требало да го анализира работењето на „Водостопанство“ пишува дека тие не можеле да дојдат до финансиските извештаи на компанијата, поради што и не можат да судат, како било работено таму. Највознемирувачки од се е што независните ревизори се воздржуваат од давање независно мислење. А во основите за воздржување од давање мислење има и повеќе скандалозни работи. Една од нив, на пример, е таа што на крај на 2021 година „Водостопанство“ евидентирало дека на сметките во банките депоненти има на располагање пари и еквиваленти вредни 922.000 евра. Ревизорите, согласно нивните протоколи за работа, се зафатиле со проверка и утврдување на фактичката состојба. Побарале, но не добиле потврди од сите банки дека „Водостопанство“ располага со таа сума на пари. Тоа значи дека тие како независен надлежен мониторинг не можат да потврдат дека парите се на сметки или можеби само фиктивно се на сметка, а всушност не постојат. Ревизорите се нашле затекнати и во делот кој требало да ги анализира побарувања на компанијата, пријавени од страна на менаџментот на „Водостопанство“. Имено вкупниот износ пријавени побарувања изнесува 8 милиони евра. Кога ревизорите почнале да прават проверки, не им биле дадени соодветни податоци за старосната структура на побарувањата. Кога малку поаналитички почнале да истражуваат, утврдиле дека само правни лица на „Водостопанство“ му должат 3,34 милиони евра повеќе од три години, што пак според сметководствените стандарди се побарувања чија наплата е тешка и помалку веројатна. Тоа повлекува резервации на средства кои никогаш не се направени. А токму тоа може во значајна мерка негативно да влијае врз финансиската состојба на оваа државна компанија која е целосно зависна од државното финансирање. Згора на се „Водостопанство“ одбило да им даде документација на независните ревизори кога барале податоци за судски спорови кои се водат против фирмата, со цел да утврдат дали има потреба од резервации на дополнителни средства кои може да треба друштвото да ги плаќа како резултат на идни изгубени судски спорови. Она што најмногу ги кочело ревизорите во извршување на нивната работа е што тие ангажирани откако завршил пописот на средства и обврски, при што не биле во состојба да се уверат во состојбата и количините за залиха. Сето тоа овозможило да не може да се утврди дали се потребни корекции на извештаите за сеопфатна добивка, за состојба, за парични текови како и за промени во главнината.

The post Ревизорите вџашени од непрофесионалното работење на „Водостопанство“: Каде ли истекоа 922.000 евра? appeared first on Република.

]]>
Владата го задолжи УО на „Водостопанство“ да го раскине менаџерскиот договор со директорот https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-go-zadolzi-uo-na-vodostopanstvo-da-go-raskine-menadzerskiot-dogovor-so-direktorot/ Tue, 27 Sep 2022 18:02:14 +0000 https://republika.mk/?p=554928

Денеска, Владата ја разгледа Информацијата со план за активности за зголемување на приходите за 10 проценти и намалување на расходите за 20 проценти пристигната од АД „Водостопанство на Република Македонија“, за која на една од претходните седници беше упатено барање од Владата за појаснување околу утврдувањето на зголемувањето на надоместокот на услугите и беше упатено барање за ревидирање на платите до АД „Водостопанство“.

Беше донесен заклучок со задолжување Управниот одбор да го раскине менаџерскиот договор со директорот и во иднина сите нови договори да се склучуваат со претходна согласност со Министерството за финансии.

Надоместоците за членовите на Управниот одбор во наредните 12 месеци да се намалат за 50 проценти.

Во насока на намалување на расходите, Владата го задолжи АД „Водостопанство“ да ги намали капиталните инвестиции во износ од 100 милиони денари со што се намалува финансискиот план за износот кој што е предложен од нивна страна.

The post Владата го задолжи УО на „Водостопанство“ да го раскине менаџерскиот договор со директорот appeared first on Република.

]]>

Денеска, Владата ја разгледа Информацијата со план за активности за зголемување на приходите за 10 проценти и намалување на расходите за 20 проценти пристигната од АД „Водостопанство на Република Македонија“, за која на една од претходните седници беше упатено барање од Владата за појаснување околу утврдувањето на зголемувањето на надоместокот на услугите и беше упатено барање за ревидирање на платите до АД „Водостопанство“. Беше донесен заклучок со задолжување Управниот одбор да го раскине менаџерскиот договор со директорот и во иднина сите нови договори да се склучуваат со претходна согласност со Министерството за финансии. Надоместоците за членовите на Управниот одбор во наредните 12 месеци да се намалат за 50 проценти. Во насока на намалување на расходите, Владата го задолжи АД „Водостопанство“ да ги намали капиталните инвестиции во износ од 100 милиони денари со што се намалува финансискиот план за износот кој што е предложен од нивна страна.

The post Владата го задолжи УО на „Водостопанство“ да го раскине менаџерскиот договор со директорот appeared first on Република.

]]>
Левица: Водостопанство отуѓува имот за згради на Фатмир Етеми https://republika.mk/vesti/skopje/levica-vodostopanstvo-otugjuva-imot-za-zgradi-na-fatmir-etemi/ Wed, 21 Sep 2022 20:42:08 +0000 https://republika.mk/?p=553008

Главниот извршен директор на АД „Водостопанство“ Локман Љимани поднел барање до Комисијата за урбанизам на Град Скопје на земјиште во сопственост на ова државно претпријатие да бидат вцртани станбени објекти, вели Левица во партиско соопштение.

Се работи за атрактивно земјиште, лоцирано кај стадионот Локомотив во општина Карпош.

Љимани, кој порано беше и директор на Државен градежен инспекторат, сега бара наместо зеленило кое е предвидено со последната верзија на ДУП-от, да бидат вцртани станбени згради. 

АД „Водостопанство“, како акционерско друштво во државна сопственост, треба да ги заштитува и застапува потребите и интересите на жителите на Република Македонија. Во овој случај, барањето за вцртување на станбени згради е во целост спротивно на потребите на жителите на Општина Карпош, велат од Левица.

Истовремено, до Левица пристигнала информација дека Љимани ова барање го доставил по налог на контроверзниот инвеститор Фатмир Етеми, кој подоцна треба да го купи имотот.

Јавно го повикуваме Локман Љимани да објасни какви потреби АД „Водостопанство“ има од станбени згради. Исто така, алармираме Комисијата за урбанизам на Град Скопје по ова барање да постапи согласно потребите на жителите на Општина Карпош, а не граѓаните да бидат жртви на уште едно сценарио како случајот со Мајчин дом, велат од Левица.

The post Левица: Водостопанство отуѓува имот за згради на Фатмир Етеми appeared first on Република.

]]>

Главниот извршен директор на АД „Водостопанство“ Локман Љимани поднел барање до Комисијата за урбанизам на Град Скопје на земјиште во сопственост на ова државно претпријатие да бидат вцртани станбени објекти, вели Левица во партиско соопштение. Се работи за атрактивно земјиште, лоцирано кај стадионот Локомотив во општина Карпош.
Љимани, кој порано беше и директор на Државен градежен инспекторат, сега бара наместо зеленило кое е предвидено со последната верзија на ДУП-от, да бидат вцртани станбени згради.  АД „Водостопанство“, како акционерско друштво во државна сопственост, треба да ги заштитува и застапува потребите и интересите на жителите на Република Македонија. Во овој случај, барањето за вцртување на станбени згради е во целост спротивно на потребите на жителите на Општина Карпош, велат од Левица.