водостој Archives - Република https://republika.mk/tema/vodostoj/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Jul 2023 08:23:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png водостој Archives - Република https://republika.mk/tema/vodostoj/ 32 32 Повторно намален водостојот на Преспанското Езеро https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/povtorno-namalen-vodostojot-na-prespanskoto-ezero/ Tue, 18 Jul 2023 08:23:13 +0000 https://republika.mk/?p=662555

За уште еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското Езеро во споредба со вчера кога исто така имаше намалување на нивото за еден сантиметар.

Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на другите две природни езера во земјава се исти како вчера со што нивоата на Преспанското и на Дојранското Езеро се пониски од просекот за јули и тоа за 91 сантиметар кај Дојранското, а за 1,84 метри кај Преспанското, додека водостојот на Охридското Езеро е за три сантиметри повисок од просечниот.

Повисоки од повеќегодишниот просек за овој период од годината се и нивоата на повеќето реки. Исклучок се реките Пчиња на мерното место кај Пелинце, Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Берово, Струмица кај Ново Село и Радика кај Бошков Мост каде водостојот е понизок од просечниот.

 

The post Повторно намален водостојот на Преспанското Езеро appeared first on Република.

]]>

За уште еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското Езеро во споредба со вчера кога исто така имаше намалување на нивото за еден сантиметар. Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на другите две природни езера во земјава се исти како вчера со што нивоата на Преспанското и на Дојранското Езеро се пониски од просекот за јули и тоа за 91 сантиметар кај Дојранското, а за 1,84 метри кај Преспанското, додека водостојот на Охридското Езеро е за три сантиметри повисок од просечниот. Повисоки од повеќегодишниот просек за овој период од годината се и нивоата на повеќето реки. Исклучок се реките Пчиња на мерното место кај Пелинце, Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Берово, Струмица кај Ново Село и Радика кај Бошков Мост каде водостојот е понизок од просечниот.  

The post Повторно намален водостојот на Преспанското Езеро appeared first on Република.

]]>
Водостојот на Вардар и Црна Река е висок, предупредува УХМР https://republika.mk/zivot/servisi/vodostojot-na-vardar-i-tsrna-reka-e-visok-predupreduva-uhmr/ Sun, 18 Jun 2023 16:02:44 +0000 https://republika.mk/?p=652833

Водостојот во горниот дел од сливот на реката Вардар е во намалување, но се уште е висок. Реката Вардар бележи висок водостој и во Скопје, а во зголемување е водостојот и на низводните хидролошки станици во Велес и Демир Капија, каде се очекува да остане висок во текот на денешниот ден.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), висок водостој има и Црна Река, а особено на нејзината притока Боротинска Река каде се можни појави на локални заезерувања во Боротинско Блато. Останатите водотеци или бележат стагнација или нивните водостои се во опаѓање.

О УХМР предупредуваат на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден.

The post Водостојот на Вардар и Црна Река е висок, предупредува УХМР appeared first on Република.

]]>

Водостојот во горниот дел од сливот на реката Вардар е во намалување, но се уште е висок. Реката Вардар бележи висок водостој и во Скопје, а во зголемување е водостојот и на низводните хидролошки станици во Велес и Демир Капија, каде се очекува да остане висок во текот на денешниот ден. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), висок водостој има и Црна Река, а особено на нејзината притока Боротинска Река каде се можни појави на локални заезерувања во Боротинско Блато. Останатите водотеци или бележат стагнација или нивните водостои се во опаѓање. О УХМР предупредуваат на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден.

The post Водостојот на Вардар и Црна Река е висок, предупредува УХМР appeared first on Република.

]]>
Зголемен водостојот на реките, езерата, пак, приближно до просекот https://republika.mk/zivot/servisi/zgolemen-vodostojot-na-rekite-ezerata-pak-priblizhno-do-prosekot/ Sun, 18 Jun 2023 09:07:20 +0000 https://republika.mk/?p=652693

Поради обилните врмнежи од дожд водостојот на реките утрово во однос на просекот за јуни е зголемен тројно на реката Вардар кај Јегуновце, кај Велес и кај Демир Капија, како и на реката Пчиња кај Катлановска Бања, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Зголемено ниво на водата се бележи и на реката Струмица кај Сушево и Ново Село, на Црна Река кај Новаци, на реката Лепенец, како и на Бабуна кај Богомила. Единствено намалување на нивото на водата има на реката Брегалница кај Берово.

Водостоите на Охридското, Препанското и на Дојранското Езеро според денешните мерења, се во рамки на просекот.

The post Зголемен водостојот на реките, езерата, пак, приближно до просекот appeared first on Република.

]]>

Поради обилните врмнежи од дожд водостојот на реките утрово во однос на просекот за јуни е зголемен тројно на реката Вардар кај Јегуновце, кај Велес и кај Демир Капија, како и на реката Пчиња кај Катлановска Бања, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Зголемено ниво на водата се бележи и на реката Струмица кај Сушево и Ново Село, на Црна Река кај Новаци, на реката Лепенец, како и на Бабуна кај Богомила. Единствено намалување на нивото на водата има на реката Брегалница кај Берово. Водостоите на Охридското, Препанското и на Дојранското Езеро според денешните мерења, се во рамки на просекот.

The post Зголемен водостојот на реките, езерата, пак, приближно до просекот appeared first on Република.

]]>
Водостојот на Охридско Езеро се уште под просекот https://republika.mk/zivot/servisi/vodostojot-na-ohridsko-ezero-se-ushte-pod-prosekot/ Mon, 22 May 2023 09:04:06 +0000 https://republika.mk/?p=643506

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат последните мерења на УХМР.

Водостојот на Охридско Езеро е, сепак, под просекот за мај.

Поголеми промени нема ниту во нивоата на реките, но повеќето отстапуваат од мајскиот просек.

The post Водостојот на Охридско Езеро се уште под просекот appeared first on Република.

]]>

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат последните мерења на УХМР. Водостојот на Охридско Езеро е, сепак, под просекот за мај. Поголеми промени нема ниту во нивоата на реките, но повеќето отстапуваат од мајскиот просек.

The post Водостојот на Охридско Езеро се уште под просекот appeared first on Република.

]]>
Зголемен водостојот на Преспанското Езеро за еден сантиметар https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/zgolemen-vodostojot-na-prespanskoto-ezero-za-eden-santimetar/ Thu, 16 Mar 2023 10:07:43 +0000 https://republika.mk/?p=620232

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Преспанското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

И покрај тоа, водостојот на Преспанското Езеро е 1,98 метри понизок од просекот за март. Пониско од просечното, и тоа за 26 сантиметри е и нивото на Охридското Езеро, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,41 метар повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Пониски од просечните се и нивоата на поголем дел од реките во земјава и најчесто имаат благо зголемување или намалување на водостојот во споредба со вчера. Најголемо зголемување на нивото од 38 сантиметри во споредба со вчерашното има реката Треска на мерното место кај Македонски Брод, а најголемо намалување од шест сантиметри има Пчиња кај Катлановска Бања.

 

The post Зголемен водостојот на Преспанското Езеро за еден сантиметар appeared first on Република.

]]>

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Преспанското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). И покрај тоа, водостојот на Преспанското Езеро е 1,98 метри понизок од просекот за март. Пониско од просечното, и тоа за 26 сантиметри е и нивото на Охридското Езеро, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,41 метар повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината. Пониски од просечните се и нивоата на поголем дел од реките во земјава и најчесто имаат благо зголемување или намалување на водостојот во споредба со вчера. Најголемо зголемување на нивото од 38 сантиметри во споредба со вчерашното има реката Треска на мерното место кај Македонски Брод, а најголемо намалување од шест сантиметри има Пчиња кај Катлановска Бања.  

The post Зголемен водостојот на Преспанското Езеро за еден сантиметар appeared first on Република.

]]>
Дојранското и Преспанското Езеро имаат намален водостој https://republika.mk/zivot/servisi/dojranskoto-i-prespanskoto-ezero-imaat-namalen-vodostoj/ Thu, 18 Aug 2022 10:02:26 +0000 https://republika.mk/?p=541639

За два сантиметри е намален водостојот на Дојранското, а за еден на Преспанското Езеро во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во однос на повеќегодишниот просек за август, нивото на Дојранското Езеро е за 2,48 метри повисоко, додека водостоите на Преспанското и на Охридското Езеро се пониски од просечните и тоа за 1,82 метра кај Преспанското, односно за 11 сантиметри кај Охридското Езеро.

Најчесто пониски од просечните за овој период од годината се и нивоата на реките во земјава.

The post Дојранското и Преспанското Езеро имаат намален водостој appeared first on Република.

]]>

За два сантиметри е намален водостојот на Дојранското, а за еден на Преспанското Езеро во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во однос на повеќегодишниот просек за август, нивото на Дојранското Езеро е за 2,48 метри повисоко, додека водостоите на Преспанското и на Охридското Езеро се пониски од просечните и тоа за 1,82 метра кај Преспанското, односно за 11 сантиметри кај Охридското Езеро. Најчесто пониски од просечните за овој период од годината се и нивоата на реките во земјава.

The post Дојранското и Преспанското Езеро имаат намален водостој appeared first on Република.

]]>
Зголемен водостојот на Охридското Езеро, но се уште е за девет сантиметри понизок од просекот https://republika.mk/zivot/servisi/zgolemen-vodostojot-na-ohridskoto-ezero-no-se-ushte-e-za-devet-santimetri-ponizok-od-prosekot/ Fri, 25 Feb 2022 13:37:47 +0000 https://republika.mk/?p=463846

По првичното зголемување за два сантиметра од пред два дена, денеска повторно е зголемен водостојот на Охридското Езеро но сега за еден сантиметар, додека нивоата на останатите две природни езера се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, и покрај тоа водостојот на Охридското Езеро е за девет сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за февруари. Пониско од просечното и тоа за 1,63 метри е и нивото на Преспанското Езеро и е на три сантиметри под апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 2,89 метри повисок од просекот за овој период од годината.

Пониски од просечните се и нивоата на речиси сите реки во земјава. Исклучок се реките Пчиња, на мерното место кај Катлановска Бања, Бабуна кај Богомила и Струмица кај Сушево каде водостојот е малку повисок од просечниот.

The post Зголемен водостојот на Охридското Езеро, но се уште е за девет сантиметри понизок од просекот appeared first on Република.

]]>

По првичното зголемување за два сантиметра од пред два дена, денеска повторно е зголемен водостојот на Охридското Езеро но сега за еден сантиметар, додека нивоата на останатите две природни езера се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, и покрај тоа водостојот на Охридското Езеро е за девет сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за февруари. Пониско од просечното и тоа за 1,63 метри е и нивото на Преспанското Езеро и е на три сантиметри под апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 2,89 метри повисок од просекот за овој период од годината. Пониски од просечните се и нивоата на речиси сите реки во земјава. Исклучок се реките Пчиња, на мерното место кај Катлановска Бања, Бабуна кај Богомила и Струмица кај Сушево каде водостојот е малку повисок од просечниот.

The post Зголемен водостојот на Охридското Езеро, но се уште е за девет сантиметри понизок од просекот appeared first on Република.

]]>
Зголемен водостојот на Охридското Езеро https://republika.mk/zivot/servisi/zgolemen-vodostojot-na-ohridskoto-ezero/ Tue, 08 Feb 2022 10:52:15 +0000 https://republika.mk/?p=455629

За два сантиметра е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, водостојот на Охридското Езеро е за 14 сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за февруари исто како и кај Преспанското Езеро каде е за 1,63 метри понизок од просечниот и е три сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм). Нивото, пак, на Дојранското Езеро е за 2,87 метри повисоко од просечното.

Водостоите кај најголем дел од реките се пониски од просечните и бележат благо зголемување или намалување во споредба со вчера. Единствено нивото на реката Сатеска, на мерното место кај Ботун, е речиси три пати повисоко од вчера, но сепак е скоро двојно пониско од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

The post Зголемен водостојот на Охридското Езеро appeared first on Република.

]]>

За два сантиметра е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, водостојот на Охридското Езеро е за 14 сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за февруари исто како и кај Преспанското Езеро каде е за 1,63 метри понизок од просечниот и е три сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм). Нивото, пак, на Дојранското Езеро е за 2,87 метри повисоко од просечното. Водостоите кај најголем дел од реките се пониски од просечните и бележат благо зголемување или намалување во споредба со вчера. Единствено нивото на реката Сатеска, на мерното место кај Ботун, е речиси три пати повисоко од вчера, но сепак е скоро двојно пониско од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

The post Зголемен водостојот на Охридското Езеро appeared first on Република.

]]>
Преспанското Езеро под апсолутниот минимум https://republika.mk/zivot/servisi/prespanskoto-ezero-pod-apsolutniot-minimum/ Wed, 05 Jan 2022 10:08:51 +0000 https://republika.mk/?p=440865

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера.

Согласно последните хидролошки мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Охридското Езеро е за еден сантиметар понизок од повеќегодишниот просек за јануари.

Пониско од просечното е и нивото на Преспанското Езеро и тоа за 1,56 метри и е три сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм). Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 2,94 метри повисок од просечниот за јануари.

Нивоата на реките во земјава се во рамки на јануарскиот просек, со одредени отстапувања во нагорна или надолна линија.

The post Преспанското Езеро под апсолутниот минимум appeared first on Република.

]]>

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера. Согласно последните хидролошки мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Охридското Езеро е за еден сантиметар понизок од повеќегодишниот просек за јануари. Пониско од просечното е и нивото на Преспанското Езеро и тоа за 1,56 метри и е три сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм). Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 2,94 метри повисок од просечниот за јануари. Нивоата на реките во земјава се во рамки на јануарскиот просек, со одредени отстапувања во нагорна или надолна линија.

The post Преспанското Езеро под апсолутниот минимум appeared first on Република.

]]>