За два сантиметра е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, водостојот на Охридското Езеро е за 14 сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за февруари исто како и кај Преспанското Езеро каде е за 1,63 метри понизок од просечниот и е три сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм). Нивото, пак, на Дојранското Езеро е за 2,87 метри повисоко од просечното.

Водостоите кај најголем дел од реките се пониски од просечните и бележат благо зголемување или намалување во споредба со вчера. Единствено нивото на реката Сатеска, на мерното место кај Ботун, е речиси три пати повисоко од вчера, но сепак е скоро двојно пониско од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.