ВМРО-НП Archives - Република https://republika.mk/tema/vmro-np/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Aug 2023 11:37:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ВМРО-НП Archives - Република https://republika.mk/tema/vmro-np/ 32 32 Политичките говори да изостанат од прославите за Илинден за да се избегне лошата слика, предлага ВМРО-НП https://republika.mk/vesti/makedonija/politichkite-govori-da-izostanat-od-proslavite-za-ilinden-za-da-se-izbegne-loshata-slika-predlaga-vmro-np/ Thu, 03 Aug 2023 11:36:31 +0000 https://republika.mk/?p=668263

И оваа година за Илинден не изостана лошата слика на македонското секојдневие произлезено од длабоката поделба помеѓу граѓаните, а кое резултира со повторно сквернавење на најголемиот празник, 2 Август – Денот на Републиката и Илинденското востание“, оценуваат од ВМРО-Народна партија.

Со оглед на тоа како помина овогодинешната но и како се реализирани минатогодишните прослави на Илинден во Крушево, ВМРО-Народна партија смета дека својата идеја од пред една година е сѐ уште актуелна, па уште еднаш упатува повик до сите политички партии, институции и широката македонска јавност, додаваат од партијата.

ВМРО-Народна партија предлага од идната година политичките говори да изостанат од прославите во Крушево и Пелинце, односно ден пред Илинден да биде организирана свечена академија, на која ќе се испратат политички пораки, а на Втори август да се организираат достојни културно-уметнички чествувања во меморијалните центри во Крушево и Пелнице.

Сметаат дека со оваа идеја која треба да добие широка поддршка од целата општествено-политичка јавност ќе доведе намалување на поларизацијата на македонското општество како и обединување на граѓанската свест која особено на ваквите големи денови за Републиката треба да испрати јасна порака за колективно единство за сите општествено политички прашања и процеси, кои се во интерес на Македонија.

Уште еднаш се надеваме дека оваа идеја ќе биде добронамерно примена и прифатена од сите политички субјекти, потенцираат од ВМРО-Народна.

The post Политичките говори да изостанат од прославите за Илинден за да се избегне лошата слика, предлага ВМРО-НП appeared first on Република.

]]>

И оваа година за Илинден не изостана лошата слика на македонското секојдневие произлезено од длабоката поделба помеѓу граѓаните, а кое резултира со повторно сквернавење на најголемиот празник, 2 Август – Денот на Републиката и Илинденското востание“, оценуваат од ВМРО-Народна партија.
Со оглед на тоа како помина овогодинешната но и како се реализирани минатогодишните прослави на Илинден во Крушево, ВМРО-Народна партија смета дека својата идеја од пред една година е сѐ уште актуелна, па уште еднаш упатува повик до сите политички партии, институции и широката македонска јавност, додаваат од партијата.
ВМРО-Народна партија предлага од идната година политичките говори да изостанат од прославите во Крушево и Пелинце, односно ден пред Илинден да биде организирана свечена академија, на која ќе се испратат политички пораки, а на Втори август да се организираат достојни културно-уметнички чествувања во меморијалните центри во Крушево и Пелнице. Сметаат дека со оваа идеја која треба да добие широка поддршка од целата општествено-политичка јавност ќе доведе намалување на поларизацијата на македонското општество како и обединување на граѓанската свест која особено на ваквите големи денови за Републиката треба да испрати јасна порака за колективно единство за сите општествено политички прашања и процеси, кои се во интерес на Македонија.
Уште еднаш се надеваме дека оваа идеја ќе биде добронамерно примена и прифатена од сите политички субјекти, потенцираат од ВМРО-Народна.

The post Политичките говори да изостанат од прославите за Илинден за да се избегне лошата слика, предлага ВМРО-НП appeared first on Република.

]]>
ВМРО-НП со поддршка на Предлог-законот за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-np-so-poddrshka-na-predlog-zakonot-za-amnestija-na-litsata-osudeni-za-nastanite-od-27-april/ Sun, 05 Feb 2023 09:39:11 +0000 https://republika.mk/?p=604955

ВМРО-Народна партија упатува поддршка за Предлог-законот за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април 2017 година.

И претходно ВМРО-Народна партија реагирала на преголемите казни, па оттука сметаме дека овој Предлог-закон доаѓа во вистинско време, а да притоа не го руши правниот систем на Македонија.

The post ВМРО-НП со поддршка на Предлог-законот за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април appeared first on Република.

Од партијата на Љубчо повикуваат на бојкот на бадниковите огнови: Спротивно е на христијанската традиција https://republika.mk/vesti/makedonija/od-partijata-na-lubcho-povikuvaat-na-bojkot-na-badnikovite-ognovi-sprotivno-e-na-hristijanskata-traditsija/ Thu, 05 Jan 2023 12:57:30 +0000 https://republika.mk/?p=593871

ВМРО-Народна партија ги повикува граѓаните на Скопје да го бојкотираат палењето на т.н. бадникарски огнови низ градот за време на еден од најтешките православни празници – Бадник, бидејќи со тоа се помага да не се влошува и така тешката еко-катастрофа со која се соочува нашиот град, а во исто време се зацврстува македонскиот православен идентитет, се вели во соопштението од партијата.

Граѓаните на Скопје треба да знаат, додаваат оттаму, дека палењето на огнови во Македонија е донесено и наметнато за време на српската окупација.

Никогаш во македонската историска и христијанска традиција порано на ваков начин не се дочекувал Бадник, а и денеска најголем број од градовите низ Cеверна Македонија немаат таква традиција што значи се спротиставуваат на ваквите пагански елементи во рамките на нашето свето и православно христијанство, велат од партијата на Љубчо Георгиевски.

The post Од партијата на Љубчо повикуваат на бојкот на бадниковите огнови: Спротивно е на христијанската традиција appeared first on Република.

]]>

ВМРО-Народна партија ги повикува граѓаните на Скопје да го бојкотираат палењето на т.н. бадникарски огнови низ градот за време на еден од најтешките православни празници – Бадник, бидејќи со тоа се помага да не се влошува и така тешката еко-катастрофа со која се соочува нашиот град, а во исто време се зацврстува македонскиот православен идентитет, се вели во соопштението од партијата. Граѓаните на Скопје треба да знаат, додаваат оттаму, дека палењето на огнови во Македонија е донесено и наметнато за време на српската окупација.
Никогаш во македонската историска и христијанска традиција порано на ваков начин не се дочекувал Бадник, а и денеска најголем број од градовите низ Cеверна Македонија немаат таква традиција што значи се спротиставуваат на ваквите пагански елементи во рамките на нашето свето и православно христијанство, велат од партијата на Љубчо Георгиевски.

The post Од партијата на Љубчо повикуваат на бојкот на бадниковите огнови: Спротивно е на христијанската традиција appeared first on Република.

]]>
ВМРО-НП: Од идната година на Илинден да бидат изоставени политичките говори во Крушево https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-np-od-idnata-godina-na-ilinden-da-bidat-izostaveni-politichkite-govori-vo-krushevo/ Thu, 04 Aug 2022 10:16:58 +0000 https://republika.mk/?p=536678

ВМРО-Народна партија покажа загриженост поради последните настани од прославата на Илинден во Крушево.

Големиот македонски државен празик наместо да биде предмет на сплотување и заедништво се претвори во настан кој разединува, создава конфронтации и зголемување на внатрешната омраза помеѓу луѓето од различните политички структури. Но очигледно ова не се случува само оваа година туку со децении наназад, ако го анализираме прославувањето на Илинден во Крушево очигледно од година во година се повторува истото непишано сценарио на поделби“, се вели во соопштението.

ВМРО-НП има предлог како да се надминат ваквите проблеми во иднина.

Со цел да се надмине ова сквернавење на овој најголем македонски државен празник, ВМРО-Народна партија предлага, а се надеваме ќе добиеме согласност и поддршка и од другите политички структури за оваа идеја, да од идната година политичките говори бидат изоставени, а во Крушево да има само културно - уметничка прослава на која се надеваме обединети ќе дојдат граѓаните од сите политички бои, а притоа политичкиот дел односно политичките говори да останат во рамките на претседателската резиденција, Пелинце или евентуално на некоја свечена академија“, соопштија од партијата.

The post ВМРО-НП: Од идната година на Илинден да бидат изоставени политичките говори во Крушево appeared first on Република.

ВМРО-НП на Љубчо Георгиевски: Францускиот предлог е најдобриот досега https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-np-na-ljubcho-georgievski-francuskiot-predlog-e-najdobriot-dosega/ Sun, 03 Jul 2022 10:56:18 +0000 https://republika.mk/?p=523010

Со писмено соопшение се огласи ВМРО-НП на Љубчо Георгиевски во кое се вели дека францускиот предлог кој го добила македонската влада е најдобриот досега во изминатите неколку години.

-ВМРО-Народна партија ги разбира сите оние кои се против францускиот предлог и против напредокот на Македонија на европскиот пат.

Меѓутоа неможе да ги разбере оние политичари и интелектуалци кои со сила и свесно, најверојатно поради партиски причини, сакаат да ги манипулираат македонските граѓани.

Како што видовме во вчерашните реакции најмногу се манипулира со местото на македонскиот јазик во понатамошниот наш пат кон Европската унија.

Ако нешто е кристално јасно во овој договор тоа е дека македонскиот јазик е кристално чисто дефиниран и тоа ќе биде јазикот со кој понатаму Македонија ќе комуницира и договара со целиот свет.

На крајот на краиштата излегува дека всушност најголемиот проблем на овој предлог е што бугарското малцинство треба да влезе во Уставот на Македонија. А ако на некој тоа му пречи тогаш за тоа ќе треба да се прави посебна анализа.

Околу правните процедури дека можеле пак да ни стават вето сакаме да потсетиме дека тоа не е поради овој договор туку поради реформите кои Европската унија ги направи пред три години, на иницијатива на Франција. Таа можност апсолутно не е предизвикана од страна на нашиот источен сосед.

Затоа ВМРО-Народна партија уште еднаш смета дека францускиот предлог е досега најдобриот предлог во последните неколку години откако излезе спорот со соседна Бугарија.

И уште еднаш повикуваме да се престане со манипулациите и создавањето на атмосфера на драма и трагедија која во минатите триесет години барем четири пет пати сме ја гледале за разни теми и на крајот сме плаќале уште поскапа цена.

The post ВМРО-НП на Љубчо Георгиевски: Францускиот предлог е најдобриот досега appeared first on Република.

]]>

Со писмено соопшение се огласи ВМРО-НП на Љубчо Георгиевски во кое се вели дека францускиот предлог кој го добила македонската влада е најдобриот досега во изминатите неколку години. -ВМРО-Народна партија ги разбира сите оние кои се против францускиот предлог и против напредокот на Македонија на европскиот пат. Меѓутоа неможе да ги разбере оние политичари и интелектуалци кои со сила и свесно, најверојатно поради партиски причини, сакаат да ги манипулираат македонските граѓани. Како што видовме во вчерашните реакции најмногу се манипулира со местото на македонскиот јазик во понатамошниот наш пат кон Европската унија. Ако нешто е кристално јасно во овој договор тоа е дека македонскиот јазик е кристално чисто дефиниран и тоа ќе биде јазикот со кој понатаму Македонија ќе комуницира и договара со целиот свет. На крајот на краиштата излегува дека всушност најголемиот проблем на овој предлог е што бугарското малцинство треба да влезе во Уставот на Македонија. А ако на некој тоа му пречи тогаш за тоа ќе треба да се прави посебна анализа. Околу правните процедури дека можеле пак да ни стават вето сакаме да потсетиме дека тоа не е поради овој договор туку поради реформите кои Европската унија ги направи пред три години, на иницијатива на Франција. Таа можност апсолутно не е предизвикана од страна на нашиот источен сосед. Затоа ВМРО-Народна партија уште еднаш смета дека францускиот предлог е досега најдобриот предлог во последните неколку години откако излезе спорот со соседна Бугарија. И уште еднаш повикуваме да се престане со манипулациите и создавањето на атмосфера на драма и трагедија која во минатите триесет години барем четири пет пати сме ја гледале за разни теми и на крајот сме плаќале уште поскапа цена.  

The post ВМРО-НП на Љубчо Георгиевски: Францускиот предлог е најдобриот досега appeared first on Република.

]]>
ВМРО-НП: Наместо плачење и самопонижување, Димитров да објасни што потпишал во договорот со Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-np-namesto-plachenje-i-samoponizuvanje-dimitrov-da-objasni-shto-potpishal-vo-dogovorot-so-bugarija/ Sat, 15 Jan 2022 13:24:22 +0000 https://republika.mk/?p=444969

ВМРО-Народна партија со внимание го следи моралниот пат и сопственото самопонижување на министерот Никола Димитров.
Во македонската триесетгодишна демократија досега заминале многу министри ама вакво плачење за министерска фотелја одамна немаме видено, се наведува во соопштениeто на партијата.

Како министер Димитров потпиша два недоречени договори, од правен аспект кои до ден денес ѝ носат штета на Македонија, се додава во соопштението.

Во Преспанскиот договор со Грција очигледно заборавил да ги стави точките за гарантирана согласност од страна на Европската унија за нашата евроинтеграција и сукцесивност во менувањето на иместо односно како Македонија ќе напредува во интеграциите така и да се движи процесот на менување на името.

Во договорот, пак, со Бугарија исто така нема член за безусловна поткрепа на евроинтеграцијата од страна на Бугарија што денес практично е најголемиот наш проблем, велат од ВМРО-НП.

Впрочем Димитров, велат од партијата на Љубчо Георгиевски, во своето заминување за да се претстави како патриот ја избира токму темата за Бугарија, но забележуваат дека на тој начин „самиот му помага на нашиот источен сосед кој цело време вели дека да се биде Бугарин во Македонија е многу тешко“.

Не смееме да заборавиме дека семејството Димитрови е едно од најпрозваните во минатите триесет години како бранители на тезата за ‘македонските Бугари’. Има многу колумни па дури и книги од членови на неговото семејство кои зборуваат за бугарскиот карактер на Македонија. Овој негов излив на антибугаризам го сметаме само како доказ за тоа со какви лични фрустрации и комплекси растело едно дете во такво семејство, велат од ВМРО-НП.

Бараат од Димитров да ѝ објасни на македонската јавност, кога потпишувал договор во кој јасно пишува „општа историја со Бугарија“ што тој подразбирал под поимот „општа“ кога го потпишувал договорот?!

The post ВМРО-НП: Наместо плачење и самопонижување, Димитров да објасни што потпишал во договорот со Бугарија appeared first on Република.

]]>

ВМРО-Народна партија со внимание го следи моралниот пат и сопственото самопонижување на министерот Никола Димитров. Во македонската триесетгодишна демократија досега заминале многу министри ама вакво плачење за министерска фотелја одамна немаме видено, се наведува во соопштениeто на партијата. Како министер Димитров потпиша два недоречени договори, од правен аспект кои до ден денес ѝ носат штета на Македонија, се додава во соопштението.
Во Преспанскиот договор со Грција очигледно заборавил да ги стави точките за гарантирана согласност од страна на Европската унија за нашата евроинтеграција и сукцесивност во менувањето на иместо односно како Македонија ќе напредува во интеграциите така и да се движи процесот на менување на името. Во договорот, пак, со Бугарија исто така нема член за безусловна поткрепа на евроинтеграцијата од страна на Бугарија што денес практично е најголемиот наш проблем, велат од ВМРО-НП.  