Владимир Мартиновски Archives - Република https://republika.mk/tema/vladimir-martinovski/ За подобро да се разбереме Fri, 10 May 2024 07:23:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Владимир Мартиновски Archives - Република https://republika.mk/tema/vladimir-martinovski/ 32 32 Нова книга од Капушевска-Дракулевска и Мартиновски посветена за творештвото на Влада Урошевиќ https://republika.mk/vesti/kultura/nova-kniga-od-kapushevska-drakulevska-i-martinovski-posvetena-za-tvoreshtvoto-na-vlada-uroshevik/ Fri, 10 May 2024 07:23:03 +0000 https://republika.mk/?p=776578

Во издание на издавачката куќа „Бегемот“ излезе од печат заедничка книга со книжевно-теориски студии, осврти и есеи на Лидија Капушевска-Дракулевска и Владимир Мартиновски, насловена „Градоначалникот на Хипнополис“. Се работи за книга диптих, целосно посветена на творештвото на академик Влада Урошевиќ.

Во освртот за книгата, писателот Владимир Јанковски нагласува дека авторите нудат свое автентично читање на прозното и поетското творештво на Урошевиќ преку една двојна перспектива.

Имено, текстовите во книгата, од една страна, разјаснуваат некои од клучните аспекти на поетиката на Урошевиќ, а од друга страна, тоа е еден вид теориски дијалог за творештвото на авторот и меѓу Капушевска-Дракулевска и Мартиновски. Во книгата се анализирани и претставени некои од главните творечки преокупации на Влада Урошевиќ: сонот како неисцрпен поттик за создавање и креативно преобликување во литературата, идејата за поезијата како чин на игра и комбинација, опседнатоста со поетската слика и односот на авторот кон модерното сликарство, релациите меѓу творештвото на Урошевиќ и поетиката на надреализмот, автопоетичките согледувања за уметноста и умешноста на пишувањето поезија, жанровските елементи во неговите романи, како и различните теми опфатени во неговите кратки раскази, се вели во освртот на книгата на Јанковски.

Како што се наведува во освртот, станува збор за луцидна, акрибична, теориски внимателно напишана книга, во која освен што мошне прецизно се прикажани различните слоеви од опусот на Влада Урошевиќ, тие се анализирани и толкувани со еден вид поетска страст за неговото творештво.

Книгата е објавена со поддршка од Министерството за култура.

 

The post Нова книга од Капушевска-Дракулевска и Мартиновски посветена за творештвото на Влада Урошевиќ appeared first on Република.

]]>

Во издание на издавачката куќа „Бегемот“ излезе од печат заедничка книга со книжевно-теориски студии, осврти и есеи на Лидија Капушевска-Дракулевска и Владимир Мартиновски, насловена „Градоначалникот на Хипнополис“. Се работи за книга диптих, целосно посветена на творештвото на академик Влада Урошевиќ. Во освртот за книгата, писателот Владимир Јанковски нагласува дека авторите нудат свое автентично читање на прозното и поетското творештво на Урошевиќ преку една двојна перспектива.
Имено, текстовите во книгата, од една страна, разјаснуваат некои од клучните аспекти на поетиката на Урошевиќ, а од друга страна, тоа е еден вид теориски дијалог за творештвото на авторот и меѓу Капушевска-Дракулевска и Мартиновски. Во книгата се анализирани и претставени некои од главните творечки преокупации на Влада Урошевиќ: сонот како неисцрпен поттик за создавање и креативно преобликување во литературата, идејата за поезијата како чин на игра и комбинација, опседнатоста со поетската слика и односот на авторот кон модерното сликарство, релациите меѓу творештвото на Урошевиќ и поетиката на надреализмот, автопоетичките согледувања за уметноста и умешноста на пишувањето поезија, жанровските елементи во неговите романи, како и различните теми опфатени во неговите кратки раскази, се вели во освртот на книгата на Јанковски.
Како што се наведува во освртот, станува збор за луцидна, акрибична, теориски внимателно напишана книга, во која освен што мошне прецизно се прикажани различните слоеви од опусот на Влада Урошевиќ, тие се анализирани и толкувани со еден вид поетска страст за неговото творештво. Книгата е објавена со поддршка од Министерството за култура.  

The post Нова книга од Капушевска-Дракулевска и Мартиновски посветена за творештвото на Влада Урошевиќ appeared first on Република.

]]>
„Музички песни“ од Владимир Мартиновски во МКЦ https://republika.mk/vesti/kultura/muzichki-pesni-od-vladimir-martinovski-vo-mkts/ Thu, 14 Mar 2024 10:57:01 +0000 https://republika.mk/?p=754267

Во рамките на изложбата „Звучни слики“ која беше отворена минатата недела во Младинскиот културен центар, денеска (14 март, четврток) со почеток во 18 часот ќе се одржи поетско читање „Музички песни“ (за деца и возрасни).

„Владимир Мартиновски, авторот за изложбата, ќе чита избор од песни од неговите книги за деца ‘Шах со Бах’ и ‘Хор од задниот двор’ и за возрасни ‘Квартети’ и ‘Пред и по танцот’, со цел да ги предочи нераскинливите врски меѓу поезијата и музиката“, се вели во најавата.

Читањето ќе биде во Галеријата на МКЦ каде е поставена и изложбата.

The post „Музички песни“ од Владимир Мартиновски во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Во рамките на изложбата „Звучни слики“ која беше отворена минатата недела во Младинскиот културен центар, денеска (14 март, четврток) со почеток во 18 часот ќе се одржи поетско читање „Музички песни“ (за деца и возрасни). „Владимир Мартиновски, авторот за изложбата, ќе чита избор од песни од неговите книги за деца ‘Шах со Бах’ и ‘Хор од задниот двор’ и за возрасни ‘Квартети’ и ‘Пред и по танцот’, со цел да ги предочи нераскинливите врски меѓу поезијата и музиката“, се вели во најавата. Читањето ќе биде во Галеријата на МКЦ каде е поставена и изложбата.

The post „Музички песни“ од Владимир Мартиновски во МКЦ appeared first on Република.

]]>
Објавени нови книги од Лидија Капушевска-Дракулевска и Владимир Мартиновски https://republika.mk/vesti/kultura/objaveni-novi-knigi-od-lidija-kapushevska-drakulevska-i-vladimir-martinovski/ Mon, 13 Nov 2023 19:35:08 +0000 https://republika.mk/?p=701201

Две нови книжевно-теориски изданија се објавени во едицијата „Перископ“ на издавачката куќа „Бегемот“. Се работи за теориско-есеистичката книга „Свет зад светот“ на професорката Лидија Капушевска-Дракулевска и есеистичката книга „Песнапат“ од професорот Владимир Мартиновски.

Како што информира „Бегемот“, книгата „Свет зад светот“ на Капушевска-Дракулевска е тематски врзана за македонската книжевност.

Таа претставува надоврзување и надградување на клучните преокупации и интерпретативни стратегии на Капушевска-Дракулевска разработени во нејзиниот богат и разновиден есеистички опус. [...] Може да се рече дека есеистичката збирка „Свет зад светот“ има и еден историски и еден актуелен аспект: таа ја промовира поетиката на одделни авторски писма од македонската книжевност, покажувајќи го континуитетот и поетичкиот новум на нашата национална литература, како во еден конкретен историски, така и во еден современ културен контекст“. [...], смета академик Влада Урошевиќ.

Според научниот соработник Дарин Ангеловски, „Песнапат“ од професорот Владимир Мартиновски е „обид за осмислување на безобличната бескрајност на зададената тема и ја вообличува есеистичката книга „Песнапат“ како книжевно-компаративна, интеркултурна и имаголошка студија...“.

The post Објавени нови книги од Лидија Капушевска-Дракулевска и Владимир Мартиновски appeared first on Република.

]]>

Две нови книжевно-теориски изданија се објавени во едицијата „Перископ“ на издавачката куќа „Бегемот“. Се работи за теориско-есеистичката книга „Свет зад светот“ на професорката Лидија Капушевска-Дракулевска и есеистичката книга „Песнапат“ од професорот Владимир Мартиновски. Како што информира „Бегемот“, книгата „Свет зад светот“ на Капушевска-Дракулевска е тематски врзана за македонската книжевност.
Таа претставува надоврзување и надградување на клучните преокупации и интерпретативни стратегии на Капушевска-Дракулевска разработени во нејзиниот богат и разновиден есеистички опус. [...] Може да се рече дека есеистичката збирка „Свет зад светот“ има и еден историски и еден актуелен аспект: таа ја промовира поетиката на одделни авторски писма од македонската книжевност, покажувајќи го континуитетот и поетичкиот новум на нашата национална литература, како во еден конкретен историски, така и во еден современ културен контекст“. [...], смета академик Влада Урошевиќ.
Според научниот соработник Дарин Ангеловски, „Песнапат“ од професорот Владимир Мартиновски е „обид за осмислување на безобличната бескрајност на зададената тема и ја вообличува есеистичката книга „Песнапат“ како книжевно-компаративна, интеркултурна и имаголошка студија...“.

The post Објавени нови книги од Лидија Капушевска-Дракулевска и Владимир Мартиновски appeared first on Република.

]]>
Вечерва завршува 6. издание на мултимедијалниот фестивал „ArtArea/Артерија“ https://republika.mk/vesti/kultura/vecherva-zavrshuva-6-izdanie-na-multimedijalniot-festival-artarea-arterija/ Sun, 11 Sep 2022 11:16:36 +0000 https://republika.mk/?p=549683

„Редефинирање на (не)зависната театарска сцена“ е темата на дискусијата која вечерва во 19 часот ќе се одржи во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, во рамките на мултимедијалниот фестивал „ArtArea/Артерија“. Во 20.30 часот е закажана промоција на книгата „Век со Конески, мигови со Блаже“ од Владимир Мартиновски, издание на „Бегемот“. Делото ќе го промовира Душко Крстевски.

Во 21.30 часот ќе се одржи театарскиот перформанс – монодрамата „Срам“ на aвторката и изведувачка Ангела Стојановска.

Со перформансот завршува 6. издание на мултимедијалниот фестивал „ArtArea/Артерија“.

The post Вечерва завршува 6. издание на мултимедијалниот фестивал „ArtArea/Артерија“ appeared first on Република.

]]>

„Редефинирање на (не)зависната театарска сцена“ е темата на дискусијата која вечерва во 19 часот ќе се одржи во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, во рамките на мултимедијалниот фестивал „ArtArea/Артерија“. Во 20.30 часот е закажана промоција на книгата „Век со Конески, мигови со Блаже“ од Владимир Мартиновски, издание на „Бегемот“. Делото ќе го промовира Душко Крстевски. Во 21.30 часот ќе се одржи театарскиот перформанс – монодрамата „Срам“ на aвторката и изведувачка Ангела Стојановска. Со перформансот завршува 6. издание на мултимедијалниот фестивал „ArtArea/Артерија“.

The post Вечерва завршува 6. издание на мултимедијалниот фестивал „ArtArea/Артерија“ appeared first on Република.

]]>