Визбегово Archives - Република https://republika.mk/tema/vizbegovo/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Sep 2024 08:17:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Визбегово Archives - Република https://republika.mk/tema/vizbegovo/ 32 32 Владата го раскина договорот со ресторанот за свадби на „Пуцко петрол“ што го користеше Државна лотарија https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-go-raskina-dogovorot-so-restoranot-za-svadbi-na-putsko-petrol-shto-go-koristeshe-drzhavna-lotarija/ Wed, 18 Sep 2024 08:16:03 +0000 https://republika.mk/?p=817335

„Владата ја разгледа и усвои информација за преземените активности за раскинување на Договорот за закуп на административно-деловен простор склучен помеѓу Хеј ДООЕЛ Скопје и aкционерското друштво за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Република Македонија“, соопштија од Илинденска.

Станува збор за објект со 4 ката и поткровје, лоциран на 7 километри од центарот на Скопје. Првично, друштвото „Хеј“ го купило земјиштето и објектот, а набрзо потоа склучило договор за закуп со Лотарија за 2,6 милиони евра за период од 10 години, односно за месечна кирија од околу 22.000 евра.

Моментално, сопственик на фирмата „Хеј“ е Асмир Јахоски, газда на „Пуцко Петрол“, една од водечките нафтени компании во земјава, која во значителна мера соработува и со државни органи. Тој е син на Исмаил Јахоски, актуелен пратеник на ДУИ.

Инаку, помладиот Јахоски станал сопственик на „Хеј“ лани во октомври. Претходно, компанијата била во сопственост на Армин Машовиќ, кој по промената во сопственичката структура станал управител друштвото формирано во февруари 2023 година.

За период од неколку месеци, Машовиќ ја формирал „Хеј“, ги купил деловните простории во поранешниот ресторан за свадби „Фестина“ и потоа склучил договор со Државна лотарија за закуп за сума од над 2,6 милиони евра.

Според финансискиот извештај доставен до Централниот регистар, оваа компанија ланската 2023 година ја завршила со приход од над 30 милиони денари, од кои како чиста добивка останале цели 25 милиони денари. Фирмата имала само еден вработен.

Тогаш, директор на Лотарија беше Перпарим Бајрами, кој од страна на тогашната опозиција на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, која по последните избори стана власт, се посочуваше како близок соработник на поранешниот вицепремиер Артан Груби

The post Владата го раскина договорот со ресторанот за свадби на „Пуцко петрол“ што го користеше Државна лотарија appeared first on Република.

]]>

„Владата ја разгледа и усвои информација за преземените активности за раскинување на Договорот за закуп на административно-деловен простор склучен помеѓу Хеј ДООЕЛ Скопје и aкционерското друштво за приредување игри на среќа, Државна лотарија на Република Македонија“, соопштија од Илинденска. Станува збор за објект со 4 ката и поткровје, лоциран на 7 километри од центарот на Скопје. Првично, друштвото „Хеј“ го купило земјиштето и објектот, а набрзо потоа склучило договор за закуп со Лотарија за 2,6 милиони евра за период од 10 години, односно за месечна кирија од околу 22.000 евра. Моментално, сопственик на фирмата „Хеј“ е Асмир Јахоски, газда на „Пуцко Петрол“, една од водечките нафтени компании во земјава, која во значителна мера соработува и со државни органи. Тој е син на Исмаил Јахоски, актуелен пратеник на ДУИ. Инаку, помладиот Јахоски станал сопственик на „Хеј“ лани во октомври. Претходно, компанијата била во сопственост на Армин Машовиќ, кој по промената во сопственичката структура станал управител друштвото формирано во февруари 2023 година. За период од неколку месеци, Машовиќ ја формирал „Хеј“, ги купил деловните простории во поранешниот ресторан за свадби „Фестина“ и потоа склучил договор со Државна лотарија за закуп за сума од над 2,6 милиони евра. Според финансискиот извештај доставен до Централниот регистар, оваа компанија ланската 2023 година ја завршила со приход од над 30 милиони денари, од кои како чиста добивка останале цели 25 милиони денари. Фирмата имала само еден вработен. Тогаш, директор на Лотарија беше Перпарим Бајрами, кој од страна на тогашната опозиција на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН, која по последните избори стана власт, се посочуваше како близок соработник на поранешниот вицепремиер Артан Груби

The post Владата го раскина договорот со ресторанот за свадби на „Пуцко петрол“ што го користеше Државна лотарија appeared first on Република.

]]>
Ноќва фрлена бомба во фирма во Визбегово https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nokva-frlena-bomba-vo-firma-vo-vizbegovo/ Sun, 18 Aug 2024 15:59:38 +0000 https://republika.mk/?p=807698

Рано утрово околу 1:15 часот во СВР - Скопје било пријавено дека на излезот од Шуто Оризари кон село Визбегово, скопско, била фрлена експлозивна направа во склад за градежни материјали, сопственост на И.Т., 45-годишник од селото при што била оштетена влезната врата од објектот и дел од инвентарот, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека нема повредени лица, а увид извршила екипа од СВР - Скопје.

Посочуваат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера беше пријавена и шок-бомба:

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/frlena-shok-bomba-na-kozara-predizvikan-pozhar-sred-skopje/

The post Ноќва фрлена бомба во фирма во Визбегово appeared first on Република.

]]>

Рано утрово околу 1:15 часот во СВР - Скопје било пријавено дека на излезот од Шуто Оризари кон село Визбегово, скопско, била фрлена експлозивна направа во склад за градежни материјали, сопственост на И.Т., 45-годишник од селото при што била оштетена влезната врата од објектот и дел од инвентарот, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи. Од МВР информираат дека нема повредени лица, а увид извршила екипа од СВР - Скопје. Посочуваат дека преземаат мерки за расчистување на случајот. Вчера беше пријавена и шок-бомба: https://republika.mk/vesti/crna-hronika/frlena-shok-bomba-na-kozara-predizvikan-pozhar-sred-skopje/

The post Ноќва фрлена бомба во фирма во Визбегово appeared first on Република.

]]>
Визбегово денеска без струја https://republika.mk/zivot/servisi/vizbegovo-deneska-bez-struja/ Thu, 15 Aug 2024 06:05:52 +0000 https://republika.mk/?p=806579

Без струја денеска од 8:00 до 10:00 часот ќе останат дел од корисниците од населбата Визбегово, поточно објектите лоцирани на стариот Качанички Пат, во околината на фирмата „Карго Транс“ во општина Бутел.

Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информираат дека прекинот е поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа.

The post Визбегово денеска без струја appeared first on Република.

]]>

Без струја денеска од 8:00 до 10:00 часот ќе останат дел од корисниците од населбата Визбегово, поточно објектите лоцирани на стариот Качанички Пат, во околината на фирмата „Карго Транс“ во општина Бутел. Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информираат дека прекинот е поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа.

The post Визбегово денеска без струја appeared first on Република.

]]>
„Овие камења може да убијат некој“ алармира Ангелов, видно револтиран за состојбата на мостот кај Визбегово https://republika.mk/vesti/skopje/ovie-kamena-mozhe-da-ubijat-nekoj-alarmira-angelov-vidno-revoltiran-za-sostojbata-na-mostot-kaj-vizbegovo/ Wed, 22 Nov 2023 08:07:02 +0000 https://republika.mk/?p=714955

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, го посети мостот кај Визбегово Скопско, а ЦУК упати повторно известување и покана до дел од надлежните институции за Kоординативна работна средба во ЦУК за небезбедноста на конкретниот мостот, надвозник, со нагласување дека, со оглед на фактите дека опасноста не е надмината, присуството на претставник од раководниот кадар на повиканите институции е задолжително. Ангелов, по неговото разгледување на мостот, директно од лице место, упати повик и апел до дел од надлежните институции, за отстранување на опасностите од мостот за граѓаните кои поминуваат по него, а особено за граѓаните коишто со возила поминуваат под него.

По пријава на неколку граѓани повторно сме на мостот кај Визбегово, Скопско. Би рекол стар и небезбеден мост, преку којшто има голема фреквенција на сообраќај. Но, не е наша работа да испитуваме дали овој мост е безбеден и колку е безбеден, бидејќи информациите коишто ги имаме зборуваат дека истиот ќе биде срушен во следните неколку години. На овој мост се јавува една опасност за граѓаните, којашто се провлекува, би рекол, повеќе од една година. Тоа се овие коцки (камени гранитни коцки од патот). Овие коцки, коишто се расфрлани овде, најверојатно излегуваат од самиот пат. И покрај моето укажување, во повеќе наврати, повторно можам да ги забележам на самата ивица, работ, од мостот. Возилата коишто се движат по овој мост прават силни вибрации. Кога минуваат камиони, мостот буквално вибрира под моите нозе. Оваа коцка е само на 30-40 сантиметри од работ на мостот и може да падне долу на улица. Доколку оваа коцка падне врз возило коешто минува под овој мост, некој може да биде убиен. Дали треба да чекаме некој да биде убиен, да загине, тешко да биде повреден или „изваден од памет“ доколку коцката падне на совозачкото седиште, па излета со колата и удри во ѕидовите на мостот, бидејќи кога вакво нешто би удрило во „шофершајбната“ на возилото (предно ветробранско стакло), било кој возач ќе реагира. Но, не е само оваа коцка, еве, овде имаме друга коцка, трета, четврта... Коцките постојано излегуваат од патот. Од страна на градот Скопје или општината Бутел по нашата прва пријава веднаш беа преземени мерки и веднаш беше ставена ограда, којашто во „најмала рака“, ја гарантира безбедноста на пешаците, да не одат по тротоарот, којшто во меѓувреме го снема. Од овие арматури висеа бетонски плочки коишто се извадени, за тоа сме благодарни - сепак нешто е преземено. Но, апелирам, алармирам, градот Скопје, Општина Бутел, нека седнат заедно, нека се договорат – кој е одговорен за овој мост!? Нека не си ја префрлаат надлежноста едни на други. Нека седнат заедно и нека дојдат да го решат овој проблем... Да не си играме со човечките животи и со човечкото здравје, бидејќи овој мост е исклучително фреквентен и ако може да се забележи од самите возила, додека ја давам оваа кратка изјава, поминаа десетици коли, а под моите нозе мостот буквално вибрира многу силно... Пред извесно време побаравме да дојдат, во ЦУК, претставници на општината Бутел и на градот Скопје, но не дојдоа... Затоа повикувам: - Нека дојдат!
Јас, не знам по кој пат, ќе отстранам неколку коцки - но ова не е решение!... Отстранувањето на овие неколку коцки, постојано и постојано доаѓаат нови и нови коцки..., вели Ангелов.

https://youtu.be/uZp3oO5BCiY?si=0TJ6EOTVuHn3nJcR

The post „Овие камења може да убијат некој“ алармира Ангелов, видно револтиран за состојбата на мостот кај Визбегово appeared first on Република.

]]>

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, го посети мостот кај Визбегово Скопско, а ЦУК упати повторно известување и покана до дел од надлежните институции за Kоординативна работна средба во ЦУК за небезбедноста на конкретниот мостот, надвозник, со нагласување дека, со оглед на фактите дека опасноста не е надмината, присуството на претставник од раководниот кадар на повиканите институции е задолжително. Ангелов, по неговото разгледување на мостот, директно од лице место, упати повик и апел до дел од надлежните институции, за отстранување на опасностите од мостот за граѓаните кои поминуваат по него, а особено за граѓаните коишто со возила поминуваат под него.
По пријава на неколку граѓани повторно сме на мостот кај Визбегово, Скопско. Би рекол стар и небезбеден мост, преку којшто има голема фреквенција на сообраќај. Но, не е наша работа да испитуваме дали овој мост е безбеден и колку е безбеден, бидејќи информациите коишто ги имаме зборуваат дека истиот ќе биде срушен во следните неколку години. На овој мост се јавува една опасност за граѓаните, којашто се провлекува, би рекол, повеќе од една година. Тоа се овие коцки (камени гранитни коцки од патот). Овие коцки, коишто се расфрлани овде, најверојатно излегуваат од самиот пат. И покрај моето укажување, во повеќе наврати, повторно можам да ги забележам на самата ивица, работ, од мостот. Возилата коишто се движат по овој мост прават силни вибрации. Кога минуваат камиони, мостот буквално вибрира под моите нозе. Оваа коцка е само на 30-40 сантиметри од работ на мостот и може да падне долу на улица. Доколку оваа коцка падне врз возило коешто минува под овој мост, некој може да биде убиен. Дали треба да чекаме некој да биде убиен, да загине, тешко да биде повреден или „изваден од памет“ доколку коцката падне на совозачкото седиште, па излета со колата и удри во ѕидовите на мостот, бидејќи кога вакво нешто би удрило во „шофершајбната“ на возилото (предно ветробранско стакло), било кој возач ќе реагира. Но, не е само оваа коцка, еве, овде имаме друга коцка, трета, четврта... Коцките постојано излегуваат од патот. Од страна на градот Скопје или општината Бутел по нашата прва пријава веднаш беа преземени мерки и веднаш беше ставена ограда, којашто во „најмала рака“, ја гарантира безбедноста на пешаците, да не одат по тротоарот, којшто во меѓувреме го снема. Од овие арматури висеа бетонски плочки коишто се извадени, за тоа сме благодарни - сепак нешто е преземено. Но, апелирам, алармирам, градот Скопје, Општина Бутел, нека седнат заедно, нека се договорат – кој е одговорен за овој мост!? Нека не си ја префрлаат надлежноста едни на други. Нека седнат заедно и нека дојдат да го решат овој проблем... Да не си играме со човечките животи и со човечкото здравје, бидејќи овој мост е исклучително фреквентен и ако може да се забележи од самите возила, додека ја давам оваа кратка изјава, поминаа десетици коли, а под моите нозе мостот буквално вибрира многу силно... Пред извесно време побаравме да дојдат, во ЦУК, претставници на општината Бутел и на градот Скопје, но не дојдоа... Затоа повикувам: - Нека дојдат! Јас, не знам по кој пат, ќе отстранам неколку коцки - но ова не е решение!... Отстранувањето на овие неколку коцки, постојано и постојано доаѓаат нови и нови коцки..., вели Ангелов.
https://youtu.be/uZp3oO5BCiY?si=0TJ6EOTVuHn3nJcR

The post „Овие камења може да убијат некој“ алармира Ангелов, видно револтиран за состојбата на мостот кај Визбегово appeared first on Република.

]]>
Артан Груби го претвора Визбегово во Лас Вегас, зона на убиства и валкани бизниси, обвинува албанската опозиција https://republika.mk/vesti/makedonija/artan-grubi-go-pretvora-vizbegovo-vo-las-vegas-zona-na-ubistva-i-valkani-biznisi-obvinuva-albanskata-opozitsija/ Wed, 25 Oct 2023 16:22:59 +0000 https://republika.mk/?p=694997

Индустриската зона Визбегово станува коцкарски центар на Македонија, обвинуваат од Албанскиот опозициски фронт составен од партиите Алтернатива, Движење Беса и Демократско движење, додавајќи дека индустриската зона, која еснафите макотрпно ја развиваа со децении, Артан Груби преку ноќ ја претвора во центар на валкани бизниси!

Лотарија на Македонија, која ја водат најблиските луѓе на Артан Груби, наскоро се очекува да се пресели во индустриската зона Визбегово во Скопје. Меѓународниот медиум Радио Слободна Европа соопштува дека Лотарија склучила договор за користење простор токму овде во зоната Визбегово каде што се наоѓаме и денес, и ќе продолжи да функсионира во овој дел од градот во наредните 10 години.
За оваа намена од буџетот веќе се издвоени 2,6 милиони евра. Всушност, во април годинава, објектот и просторот околу него беа купeни од фирмата „Хеј дооел“, основана во февруари годинава, со управител Армин Машовиќ, поранешен партнер на Ерџан Сулкоски во „Пацифик Петролеум“ , за кого во медиумите се информираше дека е близок со семејството на Али Ахмети. Така, Лотарија ќе се позиционира покрај патот Скопје - Блаце, каде веќе функционираат неколку казина, чиј број од ден на ден се зголемува. Индустриската зона Визбегово, најверојатно, ќе се претвори во Лас Вегас, а овој план го спроведуваат Артан Груби и ДУИ. Ако до вчера имаше дилеми зошто барањата на албанските бизниси од оваа зона беа тотално игнорирани од ДУИ и нејзините функционери, сега се станува јасно. Тие имаа друг план на ум за оваа зона. Да го направат центар за коцкање! Оваа зона, која чесниот албански бизнисмен, еснафите, ја градеа со децении, Артан Груби и ДУИ преку ноќ решија да ја претворат во зона на казина, брзи кредити, хотели и мотели. Оваа зона, која досега се слушаше само за позитивни вести, за успешни приказни, Артан Груби реши да ја направи зона на проблеми, убиства и валкани работи, бидејќи казината носат такви последици! Не зборуваме за гласини. Зборуваме за факти! Алчноста на Артан Груби и ДУИ за пари нема крај! Ова зло мора да заврши, а за ова ни треба вашата помош, помошта од граѓаните! Да ставиме Стоп на дегенерацијата на се што има вредност, навистина Артан Груби уништува се што ќе допре! Граѓаните веќе се свесни за ова и жестоко ќе го казнат ова зло!, велат од албанската опозиција.

The post Артан Груби го претвора Визбегово во Лас Вегас, зона на убиства и валкани бизниси, обвинува албанската опозиција appeared first on Република.

]]>

Индустриската зона Визбегово станува коцкарски центар на Македонија, обвинуваат од Албанскиот опозициски фронт составен од партиите Алтернатива, Движење Беса и Демократско движење, додавајќи дека индустриската зона, која еснафите макотрпно ја развиваа со децении, Артан Груби преку ноќ ја претвора во центар на валкани бизниси!
Лотарија на Македонија, која ја водат најблиските луѓе на Артан Груби, наскоро се очекува да се пресели во индустриската зона Визбегово во Скопје. Меѓународниот медиум Радио Слободна Европа соопштува дека Лотарија склучила договор за користење простор токму овде во зоната Визбегово каде што се наоѓаме и денес, и ќе продолжи да функсионира во овој дел од градот во наредните 10 години. За оваа намена од буџетот веќе се издвоени 2,6 милиони евра. Всушност, во април годинава, објектот и просторот околу него беа купeни од фирмата „Хеј дооел“, основана во февруари годинава, со управител Армин Машовиќ, поранешен партнер на Ерџан Сулкоски во „Пацифик Петролеум“ , за кого во медиумите се информираше дека е близок со семејството на Али Ахмети. Така, Лотарија ќе се позиционира покрај патот Скопје - Блаце, каде веќе функционираат неколку казина, чиј број од ден на ден се зголемува. Индустриската зона Визбегово, најверојатно, ќе се претвори во Лас Вегас, а овој план го спроведуваат Артан Груби и ДУИ. Ако до вчера имаше дилеми зошто барањата на албанските бизниси од оваа зона беа тотално игнорирани од ДУИ и нејзините функционери, сега се станува јасно. Тие имаа друг план на ум за оваа зона. Да го направат центар за коцкање! Оваа зона, која чесниот албански бизнисмен, еснафите, ја градеа со децении, Артан Груби и ДУИ преку ноќ решија да ја претворат во зона на казина, брзи кредити, хотели и мотели. Оваа зона, која досега се слушаше само за позитивни вести, за успешни приказни, Артан Груби реши да ја направи зона на проблеми, убиства и валкани работи, бидејќи казината носат такви последици! Не зборуваме за гласини. Зборуваме за факти! Алчноста на Артан Груби и ДУИ за пари нема крај! Ова зло мора да заврши, а за ова ни треба вашата помош, помошта од граѓаните! Да ставиме Стоп на дегенерацијата на се што има вредност, навистина Артан Груби уништува се што ќе допре! Граѓаните веќе се свесни за ова и жестоко ќе го казнат ова зло!, велат од албанската опозиција.

The post Артан Груби го претвора Визбегово во Лас Вегас, зона на убиства и валкани бизниси, обвинува албанската опозиција appeared first on Република.

]]>
Пукање попладнево во Визбегово, едно лице повредено! https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pukane-popladnevo-vo-vizbegovo-edno-litse-povredeno/ Tue, 09 May 2023 16:26:54 +0000 https://republika.mk/?p=638926

Министерството за внатрешни работи информира дека попладнево во 17 часот и 20 минути кај нив е пријавено пукање.

Според пријавата, во Визбегово попладнево А.Б пријавил дека кон него пукал И.А.

А.Б се здобил со повреди по што веднаш е префрлен во болница.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

The post Пукање попладнево во Визбегово, едно лице повредено! appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи информира дека попладнево во 17 часот и 20 минути кај нив е пријавено пукање. Според пријавата, во Визбегово попладнево А.Б пријавил дека кон него пукал И.А. А.Б се здобил со повреди по што веднаш е префрлен во болница. Полицијата работи на расчистување на случајот.

The post Пукање попладнево во Визбегово, едно лице повредено! appeared first on Република.

]]>
Одбил да и застане на полицијата па удрил во нивното возило https://republika.mk/vesti/crna-hronika/odbil-da-i-zastane-na-politsijata-pa-udril-vo-nivnoto-vozilo/ Mon, 01 May 2023 20:02:56 +0000 https://republika.mk/?p=635849

На 30.04.2023 во 18.50 часот  во с.Визбегово, скопско од полициски службеници е приведен М.Ј.(21) од с.Блаце затоа што одбил да застане на даден знак од полициски службеници кои вршеле службени дејствија, при што удрил во полициското возило.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок

The post Одбил да и застане на полицијата па удрил во нивното возило appeared first on Република.

]]>

На 30.04.2023 во 18.50 часот  во с.Визбегово, скопско од полициски службеници е приведен М.Ј.(21) од с.Блаце затоа што одбил да застане на даден знак од полициски службеници кои вршеле службени дејствија, при што удрил во полициското возило. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок

The post Одбил да и застане на полицијата па удрил во нивното возило appeared first on Република.

]]>
МОН: Надминат е проблемот со превозот на учениците од Визбегово https://republika.mk/vesti/makedonija/mon-nadminat-e-problemot-so-prevozot-na-uchenicite-od-vizbegovo/ Tue, 01 Nov 2022 17:47:37 +0000 https://republika.mk/?p=568417

Надминат е проблемот со кој се соочија дел од учениците од Визбегово, кои во недостиг на училиштен објект во местото на живеење посетуваат настава во други училишта на територијата на општините Бутел и Чаир, а поради прекин на организираниот превоз, изминатите денови се снаоѓаа индивидуално за да стигнат до своите училници, информира Министерство за образование и наука (МОН).

Проблемот е надминат на денешниот координативен состанок помеѓу министерот за образование и наука Јетон Шаќири и градоначалниците на општините Бутел и Чаир, Дарко Костовски и Висар Ганиу.

По конструктивна дискусија и изнесување низа предлози и сугестии за надминување на ситуацијата, Општина Бутел веќе го финансира организираниот превоз од Визбегово до ООУ „Исмаил Ќемали“, а Општина Чаир ќе продолжи да го финансира организирањето на превозот за учениците од Визбегово до ООУ „7 Марси“ до крајот на учебната година, прецизираат од МОН.

Оттаму додаваат дека во меѓувреме, МОН работи на трајно решение, преку вложување во образовната инфраструктура, односно изградба на целосно нов, современ училиштен објект во Визбегово, каде од следната учебна година основците од оваа населба ќе го продолжат своето образование и повеќе нема да имаат потреба од превоз.

Правото на образование е основно човеково и уставно загарантирано право, така што ниту една причина не може да биде доволно издржана за истото да не се реализира. Секој предизвик може да се надмине со добра соработка помеѓу институциите на системот, а токму тоа денеска го потврдија Министерството за образование и наука и општините Бутел и Чаир, велат од МОН.

The post МОН: Надминат е проблемот со превозот на учениците од Визбегово appeared first on Република.

Драма во Визбегово: Пукал кон четири лица, повредено 20 годишно момче https://republika.mk/vesti/crna-hronika/drama-vo-vizbegovo-pukal-kon-chetiri-lica-povredeno-20-godishno-momche/ Sat, 29 Jan 2022 17:17:33 +0000 https://republika.mk/?p=451286

На 28.01.2022 во 20.30 часот било пријавено дека во с.Визбегово, скопско, едно лице испукало со огнено оружје кон О.И.(36) од с.Визбегово, Н.Љ.(27) од Скопје, В.Н.(40) од Куманово и Е.Р.(20) од Скопје.

Со повреди во пределот на нозете се здобил Е.Р., по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Драма во Визбегово: Пукал кон четири лица, повредено 20 годишно момче appeared first on Република.

Костовски: Започнуваме со изградба на училиште во Визбегово со капацитет од 500 ученици https://republika.mk/vesti/skopje/kostovski-zapochnuvame-so-izgradba-na-uchilishte-vo-vizbegovo-so-kapacitet-od-500-uchenici/ Wed, 12 Jan 2022 11:55:59 +0000 https://republika.mk/?p=443675

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, гостуваше во утринската емисија „Добро утро, секое утро” која се емитува на телевизија Алфа.

Тој говореше за новото училиште кое започнува да се гради во Визбегово и со кое конечно ќе се реши проблемот на дечињата кои до сега мака мачеле да стигнат до училиште, многу километри оддалечено од нивното место на живеење.

Денеска во 12 часот ќе одиме на парцелата на увид на лице место и практично на некој начин ќе го одбележиме почетокот на изградбата на ова ново училиште. Тоа ќе биде со капацитет над петстотини ученица, рече Костовски.

Како што рече градоначалникот, не смее да се дозволи во ова модерно време децата да патуваат десетици километри од дома за да стигнат на часови, затоа ова училиште кое ќе се изгради ќе биде од огромно значење за околу петстотини деца и ќе се олесни процесот на наставата.

Ова ќе биде убаво и модерно училиште со спортски реквизити и игралиште околу но за жал нема да има спортска сала во првата фаза, но јас се надевам дека со убава ангажираност во иднина ќе добијат и спортска сала. Станува збор за едно убаво и современо училиште кое ќе ги задоволи сите битни потреби за овој модерен тип на настава, кажа Костовски.

Општина Бутел целосно ќе се заложи да обезбеди соодветна инфраструктура и пристапни патишта до училиштето.

The post Костовски: Започнуваме со изградба на училиште во Визбегово со капацитет од 500 ученици appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, гостуваше во утринската емисија „Добро утро, секое утро” која се емитува на телевизија Алфа. Тој говореше за новото училиште кое започнува да се гради во Визбегово и со кое конечно ќе се реши проблемот на дечињата кои до сега мака мачеле да стигнат до училиште, многу километри оддалечено од нивното место на живеење.