високи цени Archives - Република https://republika.mk/tema/visoki-ceni/ За подобро да се разбереме Mon, 28 Aug 2023 09:46:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png високи цени Archives - Република https://republika.mk/tema/visoki-ceni/ 32 32 Светски цени: Топка сладолед во Охрид и до 120 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/svetski-tseni-topka-sladoled-vo-ohrid-i-do-120-denari/ Mon, 28 Aug 2023 09:50:13 +0000 https://republika.mk/?p=676553

Во екот на летото цените на хотелско-угостителските услуги во Охрид, на места се превисоки за и така плиткиот џеб на македонските граѓани. Охрид е туристичка стапица посебно за домашните гости кои доаѓаат на одмор во нашата туристичка мека, објави Алфа.

Но, не само домашните гости, туку и охриѓани, укажуваат дека месното население во сред лето плаќа превисоки цени.

Можам да речам дека од лани кога бев овде во Македонија, во Охрид е поскапо доста. Битола се разбира е поевтино.

 

Пред 2-3 дена бев во овие кафичите што се покрај плажата овде, влегове во еден кафич и зедов јас една вода обична од 330 мл, син ми еден коњак и другото пријателче уште еден коњак ги плативме 800 денари, значи 800 денари. Тоа е нешто да не може човек да помисли.Можеби за странците е ефтино ова, ама за нашите граѓани од Македонија е многу високо, многу многу и на пазарот високи се.

Сепак, на странците, кои на пример за топка сладолед издвојуваат од 100 до 120 денари, не им се топи паричникот оти им е полн со пари, а и животниот срандард им е висок.

The post Светски цени: Топка сладолед во Охрид и до 120 денари appeared first on Република.

]]>

Во екот на летото цените на хотелско-угостителските услуги во Охрид, на места се превисоки за и така плиткиот џеб на македонските граѓани. Охрид е туристичка стапица посебно за домашните гости кои доаѓаат на одмор во нашата туристичка мека, објави Алфа. Но, не само домашните гости, туку и охриѓани, укажуваат дека месното население во сред лето плаќа превисоки цени.
Можам да речам дека од лани кога бев овде во Македонија, во Охрид е поскапо доста. Битола се разбира е поевтино.
 
Пред 2-3 дена бев во овие кафичите што се покрај плажата овде, влегове во еден кафич и зедов јас една вода обична од 330 мл, син ми еден коњак и другото пријателче уште еден коњак ги плативме 800 денари, значи 800 денари. Тоа е нешто да не може човек да помисли.Можеби за странците е ефтино ова, ама за нашите граѓани од Македонија е многу високо, многу многу и на пазарот високи се.
Сепак, на странците, кои на пример за топка сладолед издвојуваат од 100 до 120 денари, не им се топи паричникот оти им е полн со пари, а и животниот срандард им е висок.

The post Светски цени: Топка сладолед во Охрид и до 120 денари appeared first on Република.

]]>
Двојно ќе се зголеми данокот на се што не е основен производ https://republika.mk/vesti/ekonomija/dvojno-ke-se-zgolemi-danokot-na-se-shto-ne-e-osnoven-proizvod/ Thu, 13 Jul 2023 17:31:35 +0000 https://republika.mk/?p=661040

Гумени бонбони, слатки, тропско овошје, брашно од соја… ова е дел од храната чие ДДВ ќе се зголеми двојно, објавува Канал 5.

Првиот финансиер Бесими исчита дел од листата производи кои ќе бидат со двојно повисоко ДДВ, како дел од даночната реформа. Наместо 5 ќе се даночат со 10% данок.

„Путер од кикирики, гумени производи во форма на слатки, украсни риби, сирење со сива мувла, тартуфи, месо од ирвас, други слични произовди кои всушност ги има на пазарот. Тие пак ќе бидат со повластена тарифа, нема да бидат 18%, ќе бидат со 10%, нема да бидат ни 5% и генерално ние гледавме и тогаш дека овие производи и во земјите од регионот и од ЕУ воопшто немаат повластена тарифа…“, изјави Фатмир Бесими, министер за финансии.

Со измените повисока стапка на ДДВ од 5 на 18%, ќе имаат и пелетите, како и печките и котлите на пелети за кои државата до лани делеше субвениции. Бесими вели дека тоа било краткорочно решение за да се отстранат другите загадувачи.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, даночната реформа не ја сузбива сивата економија. Лидерот на партијата Мицкоски оцени дека на овој начин само се оптоваруваат граѓаните кои редовно си ги плаќаат даноците.

„Граѓаните со измените на законот за ДДВ ќе плаќаат поскапа струја бидејќи повластена стапка од 5 проценти се враќа на 18 проценти. Тука ќе ги ставам и пелетите како средство за затоплување на домовите бидејќи за неколку месеци од денес ќе почне грејната сезона, и наместо да имаме еколошки енергенс ние повторно ќе треба да импровизираме и повторно да ја загадуваме околината“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Дел од пакетот закони кои ќе се носат со европско знаме е и „солидарниот данок“ за кој бизнис секторот остро реагираше. Бесими кажа дека фирмите ќе имаат рок до крајот на октомври да ја платат оваа еднократна давачка.

Законските измени ќе се носат со европско знаме, а во наредниот период треба да бидат испратени до Собранието.

The post Двојно ќе се зголеми данокот на се што не е основен производ appeared first on Република.

]]>

Гумени бонбони, слатки, тропско овошје, брашно од соја… ова е дел од храната чие ДДВ ќе се зголеми двојно, објавува Канал 5. Првиот финансиер Бесими исчита дел од листата производи кои ќе бидат со двојно повисоко ДДВ, како дел од даночната реформа. Наместо 5 ќе се даночат со 10% данок.
„Путер од кикирики, гумени производи во форма на слатки, украсни риби, сирење со сива мувла, тартуфи, месо од ирвас, други слични произовди кои всушност ги има на пазарот. Тие пак ќе бидат со повластена тарифа, нема да бидат 18%, ќе бидат со 10%, нема да бидат ни 5% и генерално ние гледавме и тогаш дека овие производи и во земјите од регионот и од ЕУ воопшто немаат повластена тарифа…“, изјави Фатмир Бесими, министер за финансии.
Со измените повисока стапка на ДДВ од 5 на 18%, ќе имаат и пелетите, како и печките и котлите на пелети за кои државата до лани делеше субвениции. Бесими вели дека тоа било краткорочно решение за да се отстранат другите загадувачи. За опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, даночната реформа не ја сузбива сивата економија. Лидерот на партијата Мицкоски оцени дека на овој начин само се оптоваруваат граѓаните кои редовно си ги плаќаат даноците.
„Граѓаните со измените на законот за ДДВ ќе плаќаат поскапа струја бидејќи повластена стапка од 5 проценти се враќа на 18 проценти. Тука ќе ги ставам и пелетите како средство за затоплување на домовите бидејќи за неколку месеци од денес ќе почне грејната сезона, и наместо да имаме еколошки енергенс ние повторно ќе треба да импровизираме и повторно да ја загадуваме околината“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Дел од пакетот закони кои ќе се носат со европско знаме е и „солидарниот данок“ за кој бизнис секторот остро реагираше. Бесими кажа дека фирмите ќе имаат рок до крајот на октомври да ја платат оваа еднократна давачка. Законските измени ќе се носат со европско знаме, а во наредниот период треба да бидат испратени до Собранието.

The post Двојно ќе се зголеми данокот на се што не е основен производ appeared first on Република.

]]>
Генерален штајк во Грција поради високите цени и ниските плати https://republika.mk/vesti/balkan/generalen-shtajk-vo-grcija-poradi-visokite-ceni-i-niskite-plati/ Wed, 09 Nov 2022 08:52:52 +0000 https://republika.mk/?p=571750

Голем 24-часовен синдикален штрајк ја блокира Грција. Се подготвуваат протестни демонстрации против социјалната политика на владата на Кирјакос Мицотакис.

Синдикатите уште еднаш ја блокираа државата со 24-часовен штрајк.

Ги запреа сите начини на транспорт. Од полноќ не сообраќаат возови, блокирани се пристаништата. Откажани се десетици летови до грчките аеродроми. Метрото, градските автобуси и тролејбусите сообраќаат само до 8 часот наутро за луѓето кои работат да имаат превоз. Во штрајкот учествуваат и такси возила.

Протестираат државните службеници, но и голем дел од оние кои работат во приватниот сектор. Многу продавници и ресторани денеска не се отворија во знак на сочувство за штрајкот.

Протестите се против целокупната социјална политика на владата. Високите цени, скапите горива, невработеноста, ниските примања и платите ги кренаа Грците на протести.

Подоцна се подготвуваат демонстрации и во Атина и во други градови во земјата.

Опозициските партии го поддржуваат штрајкот, а пратениците ќе се приклучат на демонстрациите.

 

The post Генерален штајк во Грција поради високите цени и ниските плати appeared first on Република.

]]>

Голем 24-часовен синдикален штрајк ја блокира Грција. Се подготвуваат протестни демонстрации против социјалната политика на владата на Кирјакос Мицотакис. Синдикатите уште еднаш ја блокираа државата со 24-часовен штрајк. Ги запреа сите начини на транспорт. Од полноќ не сообраќаат возови, блокирани се пристаништата. Откажани се десетици летови до грчките аеродроми. Метрото, градските автобуси и тролејбусите сообраќаат само до 8 часот наутро за луѓето кои работат да имаат превоз. Во штрајкот учествуваат и такси возила. Протестираат државните службеници, но и голем дел од оние кои работат во приватниот сектор. Многу продавници и ресторани денеска не се отворија во знак на сочувство за штрајкот. Протестите се против целокупната социјална политика на владата. Високите цени, скапите горива, невработеноста, ниските примања и платите ги кренаа Грците на протести. Подоцна се подготвуваат демонстрации и во Атина и во други градови во земјата. Опозициските партии го поддржуваат штрајкот, а пратениците ќе се приклучат на демонстрациите.  

The post Генерален штајк во Грција поради високите цени и ниските плати appeared first on Република.

]]>