Вишеградска група Archives - Република https://republika.mk/tema/vishegradska-grupa/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jul 2024 16:35:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Вишеградска група Archives - Република https://republika.mk/tema/vishegradska-grupa/ 32 32 Работна средба на претседателката Сиљановска Давкова со амбасадорите на земјите од Вишеградската група https://republika.mk/vesti/makedonija/rabotna-sredba-na-pretsedatelkata-silanovska-davkova-so-ambasadorite-na-zemjite-od-vishegradskata-grupa/ Wed, 17 Jul 2024 15:46:43 +0000 https://republika.mk/?p=797769

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари работна средба со амбасадорите на земјите од Вишеградската група, на која присуствуваа амбасадорот на Република Полска, Кшиштоф Гжелчик, на Чешката Република, Јарослав Лудва, на Словачката Република, Хенрик Маркуш и заменик шеф на мисијата во Амбасадата на Унгарија, Кристина Тихањи.

Соговорниците разменија мислења за натамошно продлабочување на пријателските односи и меѓусебната соработка, за процесот на македонската интеграција во Европската Унија, како и за клучните политички и безбедносни предизвици со кои се соочуваат Унијата и европскиот континент.

Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека земјите од Вишеградската група отсекогаш биле гласни поддржувачи на нашиот регион и промотори на политиката на проширување на Европската Унија и се заблагодари за нивната солидарност, помош и споделување на експертските искуства во евроинтегративниот процес.

Во таа насока, таа ја нагласи нагласи важноста од фер третман, соодветно и мериторно вреднување на досегашниот реформски напредок на земјава и исполнувањето на копенхагенските критериуми во процесот на евроинтеграциите.

Претседателката ја истакна подготвеноста на земјава за примена на добрите примери и практики развиени во Вишеградската група и се заблагодари за техничката помош во градење на капацитетите на граѓанското општество.

Соговорниците изразија уверување за натамошно унапредување на севкупните односи базирани на меѓусебно пријателство, разбирање и почит.

The post Работна средба на претседателката Сиљановска Давкова со амбасадорите на земјите од Вишеградската група appeared first on Република.

]]>

Вишеградска група В4 филмски вечери во Кинотека: „Инвалид“ на Јонас Карасек и „Плоштад Москва“ на Ференц Торок за крај на манифестацијата https://republika.mk/scena/film/vishegradska-grupa-v4-filmski-vecheri-vo-kinoteka-invalid-na-jonas-karasek-i-ploshtad-moskva-na-ferents-torok-za-kraj-na-manifestatsijata/ Fri, 12 Apr 2024 07:58:49 +0000 https://republika.mk/?p=765242

Во рамки на априлската филмска програма на Кинотеката ќе се одржи циклус филмови ВИШЕГРАДСКА ГРУПА В4 ФИЛМСКИ ВЕЧЕРИ, посветена на кинематографиите на Република Чешка, Република Полска, Република Словачка, и Република Унгарија кои се дел од Вишеградската група.

Циклусот ќе започне на 5 април во 20 часот со проекцијата на комедијата ПРАЗНИ ШИШИЊА, во режија на Зденек Сверак, по што ќе следи проекцијата на филмот СТУДЕНА ВОЈНА на Павел Павликовски на 6 април. Веќе следната недела ќе бидат прикажани и филмовите ИНВАЛИД на словачкиот режисер Јонас Карасек на 12 април и ПЛОШТАД МОСКВА на унгарскиот режисер Ференц Торок на 13 април.

Сите проекции се бесплатни за сите посетители.

12 АПРИЛ (ПЕТОК) 20:00ч

ИНВАЛИД

(Invalid)

Игран филм, Словачка

2023, 112 мин, ДЦП

Режија: Јонас Карасек (Jonas Karasek)

Сценарио: Томаш Душичка (Tomáš Dušička)

Улоги: Грегор Холоска, Зденек Годла, Хелена Крајциова (Gregor Holoska, Zdenek Godla, Helena Krajciová)

Лако е некогашен работник на одржување во локален музеј во еден мал анонимен град во Словачка. Неговиот незгоден карактер го доведува во тешка ситуација. Тој останува инвалид по една средба со група безмилосни измамници. Врзан за инвалидска количка и со неговиот живот во спирала, сфаќа дека правдата изгледа неостварлива, па одлучува да ги преземе работите во свои раце, тргнувајќи во одмаздничка мисија. Во тоа му помага неговиот нов пријател Габо, локален Ром, кој му овозможува на Лако да ги види работите од нова перспектива.

Приказната на филмот се одвива во времето пред влезот на Словачка во Европската унија и се соочува со сè уште актуелните теми на расизам, депресија, семејно насилство и нефункционален систем преку навидум едноставна приказна за работник за одржување во потрага по правда кој одлучува да ги преземе работите во свои раце, тргнувајќи во одмаздничка мисија и откривајќи врски на пријателство на најнеочекуваните места.

13 АПРИЛ (САБОТА) 20:00ч

ПЛОШТАД МОСКВА

(Moszkva tér)

Игран филм, Унгарија

2001, 89 мин, ДЦП

Режија:   (Ferenc Török)

Сценарио: Ференц Торок (Ferenc Török)

Улоги: Габор Караљош, Естер Бала, Ерзи Папаи (Gábor Karalyos, Eszter Balla, Erzsi Pápai)

Директор на фотографија: Даниел Гараш (Dániel Garas)

1989 година е една од најбитните години за земјите во Источна Европа. Во тогашна Унгарија, неколку адолесценти воопшто не се интересираат за клучните промени во нивната средина. Напротив, продолжуваат понатаму со секојдневниот живот, запознавајќи девојки, дружејќи се на забави, излегувајќи речиси секоја вечер, препишувајќи на матурските испити. Секојдневието навидум продолжува, но ништо повеќе нема да биде како што било.

ПЛОШТАДОТ МОСКВА е првиот долгометражен проект на унгарскиот филмаџија Ференц Торок, еден од попознатите средноевропски филмски дејци. На почетокот на двеилјадитите токму ова остварување се закити со националната награда за дебитантски филм на Унгарскиот филмски фестивал. Торок е активен член и на Европската филмска академија.

Директор на фотографија на ова остварување е унгарскиот фотограф и снимател Даниел Гараш, инаку редовен соработник на режисерот Торок. Во неговата филмографија се запишани и повеќе кратки филмови, музички видеа и промотивни клипови за познати светски фирми и брендови.

The post Вишеградска група В4 филмски вечери во Кинотека: „Инвалид“ на Јонас Карасек и „Плоштад Москва“ на Ференц Торок за крај на манифестацијата appeared first on Република.

]]>

Во рамки на априлската филмска програма на Кинотеката ќе се одржи циклус филмови ВИШЕГРАДСКА ГРУПА В4 ФИЛМСКИ ВЕЧЕРИ, посветена на кинематографиите на Република Чешка, Република Полска, Република Словачка, и Република Унгарија кои се дел од Вишеградската група. Циклусот ќе започне на 5 април во 20 часот со проекцијата на комедијата ПРАЗНИ ШИШИЊА, во режија на Зденек Сверак, по што ќе следи проекцијата на филмот СТУДЕНА ВОЈНА на Павел Павликовски на 6 април. Веќе следната недела ќе бидат прикажани и филмовите ИНВАЛИД на словачкиот режисер Јонас Карасек на 12 април и ПЛОШТАД МОСКВА на унгарскиот режисер Ференц Торок на 13 април. Сите проекции се бесплатни за сите посетители. 12 АПРИЛ (ПЕТОК) 20:00ч ИНВАЛИД (Invalid) Игран филм, Словачка 2023, 112 мин, ДЦП Режија: Јонас Карасек (Jonas Karasek) Сценарио: Томаш Душичка (Tomáš Dušička) Улоги: Грегор Холоска, Зденек Годла, Хелена Крајциова (Gregor Holoska, Zdenek Godla, Helena Krajciová)   Лако е некогашен работник на одржување во локален музеј во еден мал анонимен град во Словачка. Неговиот незгоден карактер го доведува во тешка ситуација. Тој останува инвалид по една средба со група безмилосни измамници. Врзан за инвалидска количка и со неговиот живот во спирала, сфаќа дека правдата изгледа неостварлива, па одлучува да ги преземе работите во свои раце, тргнувајќи во одмаздничка мисија. Во тоа му помага неговиот нов пријател Габо, локален Ром, кој му овозможува на Лако да ги види работите од нова перспектива. Приказната на филмот се одвива во времето пред влезот на Словачка во Европската унија и се соочува со сè уште актуелните теми на расизам, депресија, семејно насилство и нефункционален систем преку навидум едноставна приказна за работник за одржување во потрага по правда кој одлучува да ги преземе работите во свои раце, тргнувајќи во одмаздничка мисија и откривајќи врски на пријателство на најнеочекуваните места. 13 АПРИЛ (САБОТА) 20:00ч ПЛОШТАД МОСКВА (Moszkva tér) Игран филм, Унгарија 2001, 89 мин, ДЦП Режија:   (Ferenc Török) Сценарио: Ференц Торок (Ferenc Török) Улоги: Габор Караљош, Естер Бала, Ерзи Папаи (Gábor Karalyos, Eszter Balla, Erzsi Pápai) Директор на фотографија: Даниел Гараш (Dániel Garas)   1989 година е една од најбитните години за земјите во Источна Европа. Во тогашна Унгарија, неколку адолесценти воопшто не се интересираат за клучните промени во нивната средина. Напротив, продолжуваат понатаму со секојдневниот живот, запознавајќи девојки, дружејќи се на забави, излегувајќи речиси секоја вечер, препишувајќи на матурските испити. Секојдневието навидум продолжува, но ништо повеќе нема да биде како што било. ПЛОШТАДОТ МОСКВА е првиот долгометражен проект на унгарскиот филмаџија Ференц Торок, еден од попознатите средноевропски филмски дејци. На почетокот на двеилјадитите токму ова остварување се закити со националната награда за дебитантски филм на Унгарскиот филмски фестивал. Торок е активен член и на Европската филмска академија. Директор на фотографија на ова остварување е унгарскиот фотограф и снимател Даниел Гараш, инаку редовен соработник на режисерот Торок. Во неговата филмографија се запишани и повеќе кратки филмови, музички видеа и промотивни клипови за познати светски фирми и брендови.  

The post Вишеградска група В4 филмски вечери во Кинотека: „Инвалид“ на Јонас Карасек и „Плоштад Москва“ на Ференц Торок за крај на манифестацијата appeared first on Република.

]]>