Викторија Трајков Archives - Република https://republika.mk/tema/viktorija-trajkov/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 12:18:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Викторија Трајков Archives - Република https://republika.mk/tema/viktorija-trajkov/ 32 32 Трајков: Потребна е поголема апсорпција на средства за клучните инфраструктурни инвестиции https://republika.mk/vesti/makedonija/trajkov-potrebna-e-pogolema-apsorptsija-na-sredstva-za-kluchnite-infrastrukturni-investitsii/ Mon, 04 Nov 2024 12:18:21 +0000 https://republika.mk/?p=834003

Заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков денеска оствари средба со Орхидеја Каљошевска, експертка за европски фондови и консултантка во областа на инфраструктурните инвестиции и економскиот развој на Западен Балкан.

Како што соопштуваат од кабинетот на Трајков, на средбата било разговарано за иницијативите во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан. Фокусот бил ставен на можностите за економско зајакнување на регионот преку поддршка на инфраструктурни проекти, подобрување на транспортните и енергетските мрежи, како и зголемување на регионалната интеграција и конкурентност.

Ги идентификувавме приоритетни области за инвестиции, што би можело да привлече дополнителни средства од меѓународни финансиски институции и да овозможи побрза интеграција на Македонија во Европската унија. Целта на ваквите средби е да се детектираат сите предизвици во насока на поголема апсорпција на средства за клучните инфраструктурни и приоритетни инвестиции. Работиме неуморно за подобар животот на граѓаните во Македонија, за создавање можности за бизнис, за зголемување и забрзување на економскиот раст на регионот, истакна заменик минисерката Трајков по завршувањето на средбата.

Инструментот „Инвестициска рамка за Западен Балкан (ВБИФ) го поддржува социо-економскиот развој и пристапување во ЕУ на земјите од Западен Балкан преку обезбедување на финансии и техничка помош за стратешки инвестиции, особено во инфраструктурата, енергетската ефикасност и развој на приватниот сектор.

Инструментот Инвестициска рамка за земјите од Западен Балкан е заедничка иницијатива на Европската комисија, билатерални донатори и меѓународни финансиски институции. Со оваа иницијатива е направен обид за спојување на средствата на ЕК, различните донатори и меѓународните финансиски институции (МФИ), во насока на финансирање на приоритетни инфраструктурни проекти во земјите од Западен Балкан

The post Трајков: Потребна е поголема апсорпција на средства за клучните инфраструктурни инвестиции appeared first on Република.

]]>

Заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков денеска оствари средба со Орхидеја Каљошевска, експертка за европски фондови и консултантка во областа на инфраструктурните инвестиции и економскиот развој на Западен Балкан. Како што соопштуваат од кабинетот на Трајков, на средбата било разговарано за иницијативите во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан. Фокусот бил ставен на можностите за економско зајакнување на регионот преку поддршка на инфраструктурни проекти, подобрување на транспортните и енергетските мрежи, како и зголемување на регионалната интеграција и конкурентност.
Ги идентификувавме приоритетни области за инвестиции, што би можело да привлече дополнителни средства од меѓународни финансиски институции и да овозможи побрза интеграција на Македонија во Европската унија. Целта на ваквите средби е да се детектираат сите предизвици во насока на поголема апсорпција на средства за клучните инфраструктурни и приоритетни инвестиции. Работиме неуморно за подобар животот на граѓаните во Македонија, за создавање можности за бизнис, за зголемување и забрзување на економскиот раст на регионот, истакна заменик минисерката Трајков по завршувањето на средбата.
Инструментот „Инвестициска рамка за Западен Балкан (ВБИФ) го поддржува социо-економскиот развој и пристапување во ЕУ на земјите од Западен Балкан преку обезбедување на финансии и техничка помош за стратешки инвестиции, особено во инфраструктурата, енергетската ефикасност и развој на приватниот сектор. Инструментот Инвестициска рамка за земјите од Западен Балкан е заедничка иницијатива на Европската комисија, билатерални донатори и меѓународни финансиски институции. Со оваа иницијатива е направен обид за спојување на средствата на ЕК, различните донатори и меѓународните финансиски институции (МФИ), во насока на финансирање на приоритетни инфраструктурни проекти во земјите од Западен Балкан

The post Трајков: Потребна е поголема апсорпција на средства за клучните инфраструктурни инвестиции appeared first on Република.

]]>
Трајков: Предлогот на премиерот Мицкоски не е отфрлен, на дипломатски план е многу направено иако се поминати само 100 дена влада https://republika.mk/vesti/makedonija/trajkov-predlogot-na-premierot-mitskoski-ne-e-otfrlen-na-diplomatski-plan-e-mnogu-napraveno-iako-se-pominati-samo-100-dena-vlada/ Sun, 03 Nov 2024 18:51:35 +0000 https://republika.mk/?p=833754

Премиерот и Владата имаат јасни ставови за начинот на кој може да се бара излез од статус квото оптоварено со историски теми. Тоа е двонасочна улица. Исто како и довербата. Мојот личен став е дека мора да се почне да се работи на создавање доверба и уривање на табуата - вели заменик-министерката за европски прашања, доц. д-р Викторија Трајков за Република, зборувајќи дали има расположение во ЕУ да се прифати предлогот на Мицкоски за уставни измени со одложено дејство.

Според Трајков, треба да се искористи економијата, трговската размена, културата, образованието, заеднички меѓугранични проекти кои и, всушност, самата Европска Унија ги потпомага.

Да се покаже дека за двете земји поважна е соработката отколку фокусирање на меѓусебните разлики. Факт е дека за овие прашања има разлики, а наша обврска е да работиме и да ги решаваме. Таквите непропорционални пристапи, како овој кон нас, се проблем и за Унијата колку и таа да има и внатрешни предизвици. Мора да сме свесни дека евроскептицизмот е непријател на нашата агенда и ние мора да покажеме пред граѓаните исправноста на одлуките кои ги носиме. Европската Унија кај нас се идентификува со квалитетен живот, висок стандард и цивилизациски вредности кон кои се стремиме. Мора заеднички да се приближиме и со внатрешни реформи да работиме на сите грешки кои се направени во минатото, да ги направиме институциите функционални, ефикасни и да ја донесеме Европа тука. Предлогот на премиерот Мицкоски не е отфрлен, на дипломатски план е многу направено иако се поминати само 100 дена откога сме ја превзеле власта. Тоа е прекратко време да се зборува за каква било оценка - вели таа.

The post Трајков: Предлогот на премиерот Мицкоски не е отфрлен, на дипломатски план е многу направено иако се поминати само 100 дена влада appeared first on Република.

Трајков: Народот честопати бил изневерен, нема простор за нови разочарувања https://republika.mk/vesti/makedonija/trajkov-narodot-chestopati-bil-izneveren-nema-prostor-za-novi-razocharuvana/ Sun, 03 Nov 2024 12:58:26 +0000 https://republika.mk/?p=833752

Сметам дека Македонија е повеќе од подготвена за почеток на преговорите, особено ако се спореди со ситуациите на земјите од регионот кога тие ги почнуваа своите пристапни преговори. Македонија има постигнато значителен напредок во клучни реформски области, а доказ за тоа се извештаите кои Македонија ги добива и во кои јасно се потврдува дека земјата е подготвена да ги отвори пристапните преговори, но единствена пречка беа билатералните спорови, прво со Грција, а сега со Бугарија. Продолжувањето на овој реформски пат и градењето стабилни односи со соседите ќе бидат клучни да се осигура поддршка за пристапување - вели заменик-министерката за европски прашања, доц. д-р Викторија Трајков во интервју за Република.

Судството, корупцијата, владеењето на правото - тоа се трите области за кои Македонија има загрижувачки забелешки од ЕК. Трајков коментира дека поради тоа се неопходни длабоки реформи во правниот систем.

На врвот на интересот на граѓаните и на Владата, но и на европската агенда и Европската Унија, е токму тоа. Наидуваме на страшни и поразителни случувања. Јас немам ингеренции во тој дел, но како дел од европската агенда и поглавјата поврзани со правото и правната држава, чувствувам обврска да се задржам на ова. Оваа тема не смее да има партиски или етнички предзнак. Законот треба да важи за сите. Народот е изневеруван по овие прашања многу пати досега и нема простор за нови разочарувања. Владеењето на правото, судството и корупцијата се нашата најголема болка. Борбата против корупцијата мора да биде безмислосна ако сакаме напредок. Од оваа борба зависи напредокот на нашата држава на секое поле. Корупцијата е длабоко навлезена во секоја пора од општеството и, за жал, стана нормално да се зборува дека за да се заврши некоја работа, ти требаат врски или мито. Еве на пример, овие денови излезе анкета од Стопанските комори, во која бизнисмени сведочат дека за време на минатата власт на приватни компании им биле барани oд 1.000 до 10.000 евра за одредени дозволи, инспекциски надзори, царински, а кај јавните набавки 6 до 10 проценти од вредноста на тендерот. Дури 78 отсто од коруптивните барања доаѓале од централната власт. Сето ова само ја намалува довербата на граѓаните во институциите. Затоа, важно е и да има судски епилог за сите случаи поврзани со корупцијата - додава Трајков.

Заменик министерката смета Извештајот на ЕК е објективен и реален. Таа вели:

Ние ваков извештај очекувавме, иако морам да подвлечам дека овој извештај во голема мера е „наследен“ од минатата власт. Оваа Влада трае нешто повеќе од сто дена, кус период што било да се смени или да се поправи. Со Извештајот добиваме насоки за области во кои сме направиле напредок и за оние каде што е потребна поголема посветеност. Оваа објективност е вредна за нас, бидејќи ни дава поттик да ги подобриме состојбите и да продолжиме со реформите.

The post Трајков: Народот честопати бил изневерен, нема простор за нови разочарувања appeared first on Република.

Евроскептицизмот ѝ е непријател на нашата агенда https://republika.mk/vesti/makedonija/evroskeptitsizmot-e-neprijatel-na-nashata-agenda/ Sat, 02 Nov 2024 09:22:58 +0000 https://republika.mk/?p=833119

Борбата против корупцијата мора да биде безмислосна ако сакаме напредок. Од оваа борба зависи напредокот на нашата држава на секое поле. Корупцијата е длабоко навлезена во секоја пора од општеството и, за жал, стана нормално да се зборува дека за да се заврши некоја работа, ти требаат врски или мито, смета заменик-министерката за европски прашања, доц. д-р Викторија Трајков. Но, како што вели, кога се работи посветено и одговорно, резултатите мора да дојдат. Нагласува дека уште отсега имаат конкретен план што треба точно да се сработи, со цел да се обезбедат суштински подобрувања во борбата против корупцијата и владеењето на правото. Со Трајков разговаравме непосредно по објавувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија.

Колку Македонија реално е подговена за почеток на преговорите со ЕУ споредено со земјите од регионот кога тие ги почнуваа преговорите?

Трајков: Сметам дека Македонија е повеќе од подготвена за почеток на преговорите, особено ако се спореди со ситуациите на земјите од регионот кога тие ги почнуваа своите пристапни преговори. Македонија има постигнато значителен напредок во клучни реформски области, а доказ за тоа се извештаите кои Македонија ги добива и во кои јасно се потврдува дека земјата е подготвена да ги отвори пристапните преговори, но единствена пречка беа билатералните спорови, прво со Грција, а сега со Бугарија. Продолжувањето на овој реформски пат и градењето стабилни односи со соседите ќе бидат клучни да се осигура поддршка за пристапување.

Во која област би имале најголем проблем, дале е тоа судството, корупцијата, владеењето на правото?

Трајков: За сите три области имаме загрижувачки забелешки од ЕК. Затоа се неопходни длабоки реформи во правниот систем. На врвот на интересот на граѓаните и на Владата, но и на европската агенда и Европската Унија, е токму тоа. Наидуваме на страшни и поразителни случувања. Јас немам ингеренции во тој дел, но како дел од европската агенда и поглавјата поврзани со правото и правната држава, чувствувам обврска да се задржам на ова. Оваа тема не смее да има партиски или етнички предзнак. Законот треба да важи за сите. Народот е изневеруван по овие прашања многу пати досега и нема простор за нови разочарувања. Владеењето на правото, судството и корупцијата се нашата најголема болка. Борбата против корупцијата мора да биде безмислосна ако сакаме напредок. Од оваа борба зависи напредокот на нашата држава на секое поле. Корупцијата е длабоко навлезена во секоја пора од општеството и, за жал, стана нормално да се зборува дека за да се заврши некоја работа, ти требаат врски или мито. Еве на пример, овие денови излезе анкета од Стопанските комори, во која бизнисмени сведочат дека за време на минатата власт на приватни компании им биле барани oд 1.000 до 10.000 евра за одредени дозволи, инспекциски надзори, царински, а кај јавните набавки 6 до 10 проценти од вредноста на тендерот. Дури 78 отсто од коруптивните барања доаѓале од централната власт. Сето ова само ја намалува довербата на граѓаните во институциите. Затоа, важно е и да има судски епилог за сите случаи поврзани со корупцијата.

Дали извештајот на ЕК објективно ја покажува состојбата во Македонија?

Трајков: Сметам дека Извештајот е објективен и реален. Ние ваков извештај очекувавме, иако морам да подвлечам дека овој извештај во голема мера е „наследен“ од минатата власт. Оваа Влада трае нешто повеќе од сто дена, кус период што било да се смени или да се поправи. Со Извештајот добиваме насоки за области во кои сме направиле напредок и за оние каде што е потребна поголема посветеност. Оваа објективност е вредна за нас, бидејќи ни дава поттик да ги подобриме состојбите и да продолжиме со реформите.

Има ли расположение во ЕУ да се прифати предлогот на Мицкоски за уставни измени со одложено дејство?

Трајков: Премиерот и Владата имаат јасни ставови за начинот на кој може да се бара излез од статус квото оптоварено со историски теми. Тоа е двонасочна улица. Исто како и довербата. Мојот личен став е дека мора да се почне да се работи на создавање доверба и уривање на табуата. Треба да се искористи економијата, трговската размена, културата, образованието, заеднички меѓугранични проекти кои и, всушност, самата Европска Унија ги потпомага. Да се покаже дека за двете земји поважна е соработката отколку фокусирање на меѓусебните разлики. Факт е дека за овие прашања има разлики, а наша обврска е да работиме и да ги решаваме. Таквите непропорционални пристапи, како овој кон нас, се проблем и за Унијата колку и таа да има и внатрешни предизвици. Мора да сме свесни дека евроскептицизмот е непријател на нашата агенда и ние мора да покажеме пред граѓаните исправноста на одлуките кои ги носиме. Европската Унија кај нас се идентификува со квалитетен живот, висок стандард и цивилизациски вредности кон кои се стремиме. Мора заеднички да се приближиме и со внатрешни реформи да работиме на сите грешки кои се направени во минатото, да ги направиме институциите функционални, ефикасни и да ја донесеме Европа тука. Предлогот на премиерот Мицкоски не е отфрлен, на дипломатски план е многу направено иако се поминати само 100 дена откога сме ја превзеле власта. Тоа е прекратко време да се зборува за каква било оценка.

Една од забелешките во извештајот на ЕК е дека Македонија нема напредок во борбата против корупцијата. Честопати слушаме борба против корупција, правна држава владеење на правато, но некако тоа тешко се спроведува. Може ли да очекуваме подобар извештај следната година, кога се работи за оваа тема?

Трајков: Кога се работи посветено и одговорно резултатите мора да дојдат. Затоа уште отсега имаме конкретен план што точно треба да се сработи, со цел да се обезбедат суштински подобрувања во борбата против корупцијата и владеењето на правото. ЕК посочува дека треба да се донесе нов закон за парнична постапка и да се започне со нова стратегија во реформите на судството и целосно функционален АКМИС систем. Бидете уверени дека тоа ќе го постигнеме. Сите овие мерки се насочени кон подобрување на правната рамка и зголемување на довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Пред некој месец беше презентирана реформска агенда 2024-2027, која е нотирана во извештајот за напредокот како одлично изработен документ и најдобар од земјите на Западен Балкан.

Трајков: Реформската агенда е само потврда за она што го говорам дека ние сме подготвени за почеток на преговорите, а сега тоа го констатираше и ЕК во Извештајот. Со успешна имплементација на агендата, на Македонија ѝ е одобрена финансиска поддршка во износ од 750 милиони евра до 2027 година, што претставува сериозна поддршка за континуираните реформи. Овие средства ќе бидат клучни за зајакнување на правната држава, борбата против корупцијата, реформите во јавната администрација и други приоритетни области.

Каков е статус на искористување на ИПА средства? Што е со обврската за враќање на неискористени средства од ИПА 2? Колку знаеме да ги искористиме тие средства и да понудиме добри проекти?

Трајков: Искористувањето на ИПА (Инструмент за претпристапна помош) средствата е важен индикатор за способноста на Македонија да ги апсорбира и искористи достапните европски фондови. Некои фондови од ИПА 2 кои не биле искористени треба да се вратат, што истакнува колку е важно навремено планирање. Најголемите предизвици со искористувањето на ИПА средствата се јавуваат поради административни бариери, недостаток на подготвени проекти, но и ограничената техничка подготвеност во некои сектори. За да ги искористиме овие фондови поефикасно, потребно е посилно вклучување на сите релевантни институции во подготовка на проекти, како и зголемена обука и поддршка за тимовите задолжени за нивно спроведување. Во моментов, акцентот е ставен на зголемување на искористеноста на ИПА 3 (2021–2027), со фокус на нови и одржливи проекти кои ќе бидат прифатливи за ЕУ и директно ќе ги поддржат реформските приоритети. За тоа е потребна подобра координација, но и зголемени напори за подготвување на проекти што ќе ја зголемат економската и социјалната отпорност на земјата.

Какви се вашите сознанија за злоупотреба на ИПА фондовите? Ова е тема за која честопати се говори во јавноста.

Трајков: Презафатени се ревизорите периодов, но планираме темелна ревизија. Од тоа што го гледаме ситуацијата не е сјајна. Напротив. Далеку од европско е однесувањето на оние кои од уста не ги вадеа европските вредности. Би рекла, дури дека со нивното однесување и постојаната злоупотреба на европските теми и криење зад празни флоскули како европски фронтови и коалиции, само штета прават на кредибилитетот на европскиот процес и на европските вредности. Директна штета дури и на угледот на ЕУ. Затоа не сакам сè уште да зборувам само за впечатоци, ревизијата ќе си го каже своето. Наша задача е да се извадиме од калта во која нè закотвија, да ги направиме институциите отчетни, професионални и ефикасни и да ја придвижиме земјата на патот кон ЕУ. Тоа е она што се очекува од нас.

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања ги продолжи разговорите за теми поврзани со историјата, една од можеби најболните точки во преговорите. Дали има надеж за одблокирање на процесот со Бугарија?

Трајков: Целта на комисијата е да наоѓа решенија кои се добиени по пат на компромис и во согласност со фактите, а не да си игра играчки со македонската историја и идентитетот по пат на политички притисок и со тоа дополнително да ги усложнува проблемите. Тоа треба да е суштински независно тело и да работи одговорно затоа што заради непропорционални и ексклузивни услови за Македонија, како налогот за дискусии за историјата, се влијае и врз еворпскиот пат на државата. Комисијата мора да дејствува со дигнитет и одговорност кон иднината на државата а водејќи сметка за националните интереси. Тоа не е воопшто едноставна работа имајќи ја предвид сензитивноста на јавностите и во двете земји по однос на овие прашања. Историјата за Бугарија стана политичка тема, а со таа тема ефектите кон нас се такви што водат кон спречување на еден политички процес кој е од исклучителна важност за државата и врвен стратешки приоритет на Владата.

Што се случува со регионалната иницијатива за Отворен Балкан и слични проекти. Дали ќе ги поддржи новата влада овие иницијативи?

Трајков: Очигледно е дека има застој во регионалната иницијатива „Отворен Балкан“, но ние немаме намера да се откажеме од секаков вид соработка меѓу земјите од регионот. Сметам дека „Отворен Балкан“ има повеќе придобивки, како што е слободен проток на луѓе и стока на границите, развивање на бизнисот, работните дозволи како и туризмот.

Освен коментарите за употребата на уставното име, на социјалните мрежи има и лични навреди па и закани до Вас. Како ги коментирате таквите напади и дали ќе преземете чекори за утврдување на одговорност поради навреди/напад кон вашата личност како политичар, дипломат, па и жена?

Трајков: Најголемиот дел од тие недолични коментари се ботови кои доаѓаат од ист центар, но и да не се дел од нив, не би се задржувала на нив воопшто ниту имаат значење во мојот живот и делување. Таа токсичност и лоша енергија нè влече во иста кал во која предолго стагнираме како држава. Мора да се издигнеме над сето тоа, над тие навреди и хајки, лични напади и напади на нечие семејство. Само ако се издигнеме над тоа, ќе ги гледаме јасно вистинските проблеми и предизвици во државата и ќе може да бидеме продуктивни. Јас гледам напред и сакам да ѝ помогнам на државата колку што можам во нејзината евроинтеграција затоа што сум убедена дека тоа е вистинскиот пат за подобар живот на нашите сограѓани, европските вредности се тие кон кои треба да се стремиме, а меѓу нив е и вредноста на слободата на изразување макар тоа било и нечија навреда. Јас сум го одбрала овој пат и ќе работам посветено за сите, вклучително и за тие што ме навредуваат.

За крај, дали Македонија ќе успее?

Трајков: Како што кажав, ние сме многу мал период на власт. Наследивме опустошена држава и држава со буџет „на колена.“ Прерано е да се зборува за било каква оценка но она што е повеќе од јасно е одлучноста, одговорноста и определбата и бескомпромисноста во намерите на Владата да промени нешто да биде подобро и мора да биде подобро. Потребно ни е заедништво, соживот и заеднички напредок. Јас искрено сум убедена во ова што го зборувам. Имам добар дел од својот живот поминато надвор од државата и знам дека можеме да успееме. Македонија може и мора да успее.

Разговараше: Игор Чавески
фото: Александар Ивановски

The post Евроскептицизмот ѝ е непријател на нашата агенда appeared first on Република.

]]>

Борбата против корупцијата мора да биде безмислосна ако сакаме напредок. Од оваа борба зависи напредокот на нашата држава на секое поле. Корупцијата е длабоко навлезена во секоја пора од општеството и, за жал, стана нормално да се зборува дека за да се заврши некоја работа, ти требаат врски или мито, смета заменик-министерката за европски прашања, доц. д-р Викторија Трајков. Но, како што вели, кога се работи посветено и одговорно, резултатите мора да дојдат. Нагласува дека уште отсега имаат конкретен план што треба точно да се сработи, со цел да се обезбедат суштински подобрувања во борбата против корупцијата и владеењето на правото. Со Трајков разговаравме непосредно по објавувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија. Колку Македонија реално е подговена за почеток на преговорите со ЕУ споредено со земјите од регионот кога тие ги почнуваа преговорите? Трајков: Сметам дека Македонија е повеќе од подготвена за почеток на преговорите, особено ако се спореди со ситуациите на земјите од регионот кога тие ги почнуваа своите пристапни преговори. Македонија има постигнато значителен напредок во клучни реформски области, а доказ за тоа се извештаите кои Македонија ги добива и во кои јасно се потврдува дека земјата е подготвена да ги отвори пристапните преговори, но единствена пречка беа билатералните спорови, прво со Грција, а сега со Бугарија. Продолжувањето на овој реформски пат и градењето стабилни односи со соседите ќе бидат клучни да се осигура поддршка за пристапување. Во која област би имале најголем проблем, дале е тоа судството, корупцијата, владеењето на правото? Трајков: За сите три области имаме загрижувачки забелешки од ЕК. Затоа се неопходни длабоки реформи во правниот систем. На врвот на интересот на граѓаните и на Владата, но и на европската агенда и Европската Унија, е токму тоа. Наидуваме на страшни и поразителни случувања. Јас немам ингеренции во тој дел, но како дел од европската агенда и поглавјата поврзани со правото и правната држава, чувствувам обврска да се задржам на ова. Оваа тема не смее да има партиски или етнички предзнак. Законот треба да важи за сите. Народот е изневеруван по овие прашања многу пати досега и нема простор за нови разочарувања. Владеењето на правото, судството и корупцијата се нашата најголема болка. Борбата против корупцијата мора да биде безмислосна ако сакаме напредок. Од оваа борба зависи напредокот на нашата држава на секое поле. Корупцијата е длабоко навлезена во секоја пора од општеството и, за жал, стана нормално да се зборува дека за да се заврши некоја работа, ти требаат врски или мито. Еве на пример, овие денови излезе анкета од Стопанските комори, во која бизнисмени сведочат дека за време на минатата власт на приватни компании им биле барани oд 1.000 до 10.000 евра за одредени дозволи, инспекциски надзори, царински, а кај јавните набавки 6 до 10 проценти од вредноста на тендерот. Дури 78 отсто од коруптивните барања доаѓале од централната власт. Сето ова само ја намалува довербата на граѓаните во институциите. Затоа, важно е и да има судски епилог за сите случаи поврзани со корупцијата. Дали извештајот на ЕК објективно ја покажува состојбата во Македонија? Трајков: Сметам дека Извештајот е објективен и реален. Ние ваков извештај очекувавме, иако морам да подвлечам дека овој извештај во голема мера е „наследен“ од минатата власт. Оваа Влада трае нешто повеќе од сто дена, кус период што било да се смени или да се поправи. Со Извештајот добиваме насоки за области во кои сме направиле напредок и за оние каде што е потребна поголема посветеност. Оваа објективност е вредна за нас, бидејќи ни дава поттик да ги подобриме состојбите и да продолжиме со реформите. Има ли расположение во ЕУ да се прифати предлогот на Мицкоски за уставни измени со одложено дејство? Трајков: Премиерот и Владата имаат јасни ставови за начинот на кој може да се бара излез од статус квото оптоварено со историски теми. Тоа е двонасочна улица. Исто како и довербата. Мојот личен став е дека мора да се почне да се работи на создавање доверба и уривање на табуата. Треба да се искористи економијата, трговската размена, културата, образованието, заеднички меѓугранични проекти кои и, всушност, самата Европска Унија ги потпомага. Да се покаже дека за двете земји поважна е соработката отколку фокусирање на меѓусебните разлики. Факт е дека за овие прашања има разлики, а наша обврска е да работиме и да ги решаваме. Таквите непропорционални пристапи, како овој кон нас, се проблем и за Унијата колку и таа да има и внатрешни предизвици. Мора да сме свесни дека евроскептицизмот е непријател на нашата агенда и ние мора да покажеме пред граѓаните исправноста на одлуките кои ги носиме. Европската Унија кај нас се идентификува со квалитетен живот, висок стандард и цивилизациски вредности кон кои се стремиме. Мора заеднички да се приближиме и со внатрешни реформи да работиме на сите грешки кои се направени во минатото, да ги направиме институциите функционални, ефикасни и да ја донесеме Европа тука. Предлогот на премиерот Мицкоски не е отфрлен, на дипломатски план е многу направено иако се поминати само 100 дена откога сме ја превзеле власта. Тоа е прекратко време да се зборува за каква било оценка. Една од забелешките во извештајот на ЕК е дека Македонија нема напредок во борбата против корупцијата. Честопати слушаме борба против корупција, правна држава владеење на правато, но некако тоа тешко се спроведува. Може ли да очекуваме подобар извештај следната година, кога се работи за оваа тема? Трајков: Кога се работи посветено и одговорно резултатите мора да дојдат. Затоа уште отсега имаме конкретен план што точно треба да се сработи, со цел да се обезбедат суштински подобрувања во борбата против корупцијата и владеењето на правото. ЕК посочува дека треба да се донесе нов закон за парнична постапка и да се започне со нова стратегија во реформите на судството и целосно функционален АКМИС систем. Бидете уверени дека тоа ќе го постигнеме. Сите овие мерки се насочени кон подобрување на правната рамка и зголемување на довербата на граѓаните во правосудниот систем. Пред некој месец беше презентирана реформска агенда 2024-2027, која е нотирана во извештајот за напредокот како одлично изработен документ и најдобар од земјите на Западен Балкан. Трајков: Реформската агенда е само потврда за она што го говорам дека ние сме подготвени за почеток на преговорите, а сега тоа го констатираше и ЕК во Извештајот. Со успешна имплементација на агендата, на Македонија ѝ е одобрена финансиска поддршка во износ од 750 милиони евра до 2027 година, што претставува сериозна поддршка за континуираните реформи. Овие средства ќе бидат клучни за зајакнување на правната држава, борбата против корупцијата, реформите во јавната администрација и други приоритетни области. Каков е статус на искористување на ИПА средства? Што е со обврската за враќање на неискористени средства од ИПА 2? Колку знаеме да ги искористиме тие средства и да понудиме добри проекти? Трајков: Искористувањето на ИПА (Инструмент за претпристапна помош) средствата е важен индикатор за способноста на Македонија да ги апсорбира и искористи достапните европски фондови. Некои фондови од ИПА 2 кои не биле искористени треба да се вратат, што истакнува колку е важно навремено планирање. Најголемите предизвици со искористувањето на ИПА средствата се јавуваат поради административни бариери, недостаток на подготвени проекти, но и ограничената техничка подготвеност во некои сектори. За да ги искористиме овие фондови поефикасно, потребно е посилно вклучување на сите релевантни институции во подготовка на проекти, како и зголемена обука и поддршка за тимовите задолжени за нивно спроведување. Во моментов, акцентот е ставен на зголемување на искористеноста на ИПА 3 (2021–2027), со фокус на нови и одржливи проекти кои ќе бидат прифатливи за ЕУ и директно ќе ги поддржат реформските приоритети. За тоа е потребна подобра координација, но и зголемени напори за подготвување на проекти што ќе ја зголемат економската и социјалната отпорност на земјата. Какви се вашите сознанија за злоупотреба на ИПА фондовите? Ова е тема за која честопати се говори во јавноста. Трајков: Презафатени се ревизорите периодов, но планираме темелна ревизија. Од тоа што го гледаме ситуацијата не е сјајна. Напротив. Далеку од европско е однесувањето на оние кои од уста не ги вадеа европските вредности. Би рекла, дури дека со нивното однесување и постојаната злоупотреба на европските теми и криење зад празни флоскули како европски фронтови и коалиции, само штета прават на кредибилитетот на европскиот процес и на европските вредности. Директна штета дури и на угледот на ЕУ. Затоа не сакам сè уште да зборувам само за впечатоци, ревизијата ќе си го каже своето. Наша задача е да се извадиме од калта во која нè закотвија, да ги направиме институциите отчетни, професионални и ефикасни и да ја придвижиме земјата на патот кон ЕУ. Тоа е она што се очекува од нас. Заедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања ги продолжи разговорите за теми поврзани со историјата, една од можеби најболните точки во преговорите. Дали има надеж за одблокирање на процесот со Бугарија? Трајков: Целта на комисијата е да наоѓа решенија кои се добиени по пат на компромис и во согласност со фактите, а не да си игра играчки со македонската историја и идентитетот по пат на политички притисок и со тоа дополнително да ги усложнува проблемите. Тоа треба да е суштински независно тело и да работи одговорно затоа што заради непропорционални и ексклузивни услови за Македонија, како налогот за дискусии за историјата, се влијае и врз еворпскиот пат на државата. Комисијата мора да дејствува со дигнитет и одговорност кон иднината на државата а водејќи сметка за националните интереси. Тоа не е воопшто едноставна работа имајќи ја предвид сензитивноста на јавностите и во двете земји по однос на овие прашања. Историјата за Бугарија стана политичка тема, а со таа тема ефектите кон нас се такви што водат кон спречување на еден политички процес кој е од исклучителна важност за државата и врвен стратешки приоритет на Владата. Што се случува со регионалната иницијатива за Отворен Балкан и слични проекти. Дали ќе ги поддржи новата влада овие иницијативи? Трајков: Очигледно е дека има застој во регионалната иницијатива „Отворен Балкан“, но ние немаме намера да се откажеме од секаков вид соработка меѓу земјите од регионот. Сметам дека „Отворен Балкан“ има повеќе придобивки, како што е слободен проток на луѓе и стока на границите, развивање на бизнисот, работните дозволи како и туризмот. Освен коментарите за употребата на уставното име, на социјалните мрежи има и лични навреди па и закани до Вас. Како ги коментирате таквите напади и дали ќе преземете чекори за утврдување на одговорност поради навреди/напад кон вашата личност како политичар, дипломат, па и жена? Трајков: Најголемиот дел од тие недолични коментари се ботови кои доаѓаат од ист центар, но и да не се дел од нив, не би се задржувала на нив воопшто ниту имаат значење во мојот живот и делување. Таа токсичност и лоша енергија нè влече во иста кал во која предолго стагнираме како држава. Мора да се издигнеме над сето тоа, над тие навреди и хајки, лични напади и напади на нечие семејство. Само ако се издигнеме над тоа, ќе ги гледаме јасно вистинските проблеми и предизвици во државата и ќе може да бидеме продуктивни. Јас гледам напред и сакам да ѝ помогнам на државата колку што можам во нејзината евроинтеграција затоа што сум убедена дека тоа е вистинскиот пат за подобар живот на нашите сограѓани, европските вредности се тие кон кои треба да се стремиме, а меѓу нив е и вредноста на слободата на изразување макар тоа било и нечија навреда. Јас сум го одбрала овој пат и ќе работам посветено за сите, вклучително и за тие што ме навредуваат. За крај, дали Македонија ќе успее? Трајков: Како што кажав, ние сме многу мал период на власт. Наследивме опустошена држава и држава со буџет „на колена.“ Прерано е да се зборува за било каква оценка но она што е повеќе од јасно е одлучноста, одговорноста и определбата и бескомпромисноста во намерите на Владата да промени нешто да биде подобро и мора да биде подобро. Потребно ни е заедништво, соживот и заеднички напредок. Јас искрено сум убедена во ова што го зборувам. Имам добар дел од својот живот поминато надвор од државата и знам дека можеме да успееме. Македонија може и мора да успее.
Разговараше: Игор Чавески фото: Александар Ивановски

The post Евроскептицизмот ѝ е непријател на нашата агенда appeared first on Република.

]]>
Трајков на средби со Бретел и Суперти: Македонија нема време за чекање, не се откажуваме од нашата зацртана цел https://republika.mk/vesti/makedonija/trajkov-na-sredbi-so-bretel-i-superti-makedonija-nema-vreme-za-chekane-ne-se-otkazhuvame-od-nashata-zatsrtana-tsel/ Thu, 17 Oct 2024 16:46:20 +0000 https://republika.mk/?p=828166

Заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков денеска во Брисел се сретна со Сигрид Бретел, Раководител на одделението за Македонија и Албанија при Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (ГД НЕАР) и Валентина Суперти, директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија.

Се заблагодарив за континуираната поддршка и одличната соработка која ја имаме со европските институции и честитав за стартот на преговори на нашиот сосед Албанија со Европската Унија, но истовремено упатив жалење што Македoнија повторно остана надвор од европскиот пат и не ги продолжува преговорите за членство во ЕУ, кажа Трајков.

По средбата заменик минисерката истакна дека ова ни дава дополнителен мотив да работиме забрзано и посветено.

Македонија нема време за чекање, не се откажуваме од нашата зацртана цел, продолжуваме по европскиот пат, затоа што македонските граѓаните заслужуваат подобра иднина, изјави Трајков.

ЗМЕП Трајков е во дводневна работна посета на Брисел.

The post Трајков на средби со Бретел и Суперти: Македонија нема време за чекање, не се откажуваме од нашата зацртана цел appeared first on Република.

Викторија Трајков до Бујар Османи: Нема да ме заплашите и замолчите да ги изнесувам злоупотребите https://republika.mk/vesti/makedonija/viktorija-trajkov-do-bujar-osmani-nema-da-me-zaplashite-i-zamolchite-da-gi-iznesuvam-zloupotrebite/ Wed, 20 Dec 2023 08:13:49 +0000 https://republika.mk/?p=724694

Со оглед на тоа што ова е единствениот начин да ви се обратам за злоупотребата на службената положба и политички протисоци кои ги правите, иако сигурна сум знаете за тоа, да ве потсетам, пишува до обраќањето до министерот за надворешни работи Бујар Османи објавено на својот фејсбук-профил Викторија Трајков, стратешки соработник за меѓународна политика на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ која истакнува дека станува збор за обид да биде замолчена, како што вели, да ги изнесува кадровските злоупотреби во македонската дипломатија,

„Во обид да ме замолчите да ги изнесувам вашите кадровски злоупотреби во МНР, преку вашите инсталации во оваа корумпирана власт, противзаконски и без никаков основ ми го одзедовте безбедносниот сертификат. За ваква злоупотреба на безбедносните служби, бидете сигурни дека за многу брзо ќе има одговорност.

Откако видовте дека со вакви методи НЕМА ДА МЕ ЗАМОЛЧИТЕ, отидовте уште еден чекор понатаму, одземајќи ми го дипломатскиот пасош кој што по закон ми следува.

Ова го правите додека сум на боледување со сериозни здравствени проблеми, што исто така само по себе претставува сериозна злоупотреба на службената положба и овластувања. За вакво скандалозно и противзаконско однесување ги користите “услугите” на ваши послушници кои ги наградувате со разни високи позиции за кои немаат никакви квалификации, како што е Мемет Жаку, кој го назначивте за специјален претставник на претседавачот со ОБСЕ за млади а мојот предмет исто така ПРОТИВЗАКОНСКИ и без никакви ингеренции го држи во фиока!

Не знам дали сте свесни дека покрај вас и овие луѓе ги терате да работат противзаконски, за што исто така ќе мора да сносат одговорност.
Министре, престанете со вакви и слични притисоци!

Иако СУМ ЖЕНА, мајка на две деца, треба да ви е јасно дека нема ниту да ме уплашите ниту да ме замолчите!“, пишува во јавното обраќање на Трајков до минситерот Османи.

The post Викторија Трајков до Бујар Османи: Нема да ме заплашите и замолчите да ги изнесувам злоупотребите appeared first on Република.

]]>

Со оглед на тоа што ова е единствениот начин да ви се обратам за злоупотребата на службената положба и политички протисоци кои ги правите, иако сигурна сум знаете за тоа, да ве потсетам, пишува до обраќањето до министерот за надворешни работи Бујар Османи објавено на својот фејсбук-профил Викторија Трајков, стратешки соработник за меѓународна политика на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ која истакнува дека станува збор за обид да биде замолчена, како што вели, да ги изнесува кадровските злоупотреби во македонската дипломатија,
„Во обид да ме замолчите да ги изнесувам вашите кадровски злоупотреби во МНР, преку вашите инсталации во оваа корумпирана власт, противзаконски и без никаков основ ми го одзедовте безбедносниот сертификат. За ваква злоупотреба на безбедносните служби, бидете сигурни дека за многу брзо ќе има одговорност. Откако видовте дека со вакви методи НЕМА ДА МЕ ЗАМОЛЧИТЕ, отидовте уште еден чекор понатаму, одземајќи ми го дипломатскиот пасош кој што по закон ми следува. Ова го правите додека сум на боледување со сериозни здравствени проблеми, што исто така само по себе претставува сериозна злоупотреба на службената положба и овластувања. За вакво скандалозно и противзаконско однесување ги користите “услугите” на ваши послушници кои ги наградувате со разни високи позиции за кои немаат никакви квалификации, како што е Мемет Жаку, кој го назначивте за специјален претставник на претседавачот со ОБСЕ за млади а мојот предмет исто така ПРОТИВЗАКОНСКИ и без никакви ингеренции го држи во фиока! Не знам дали сте свесни дека покрај вас и овие луѓе ги терате да работат противзаконски, за што исто така ќе мора да сносат одговорност. Министре, престанете со вакви и слични притисоци! Иако СУМ ЖЕНА, мајка на две деца, треба да ви е јасно дека нема ниту да ме уплашите ниту да ме замолчите!“, пишува во јавното обраќање на Трајков до минситерот Османи.

The post Викторија Трајков до Бујар Османи: Нема да ме заплашите и замолчите да ги изнесувам злоупотребите appeared first on Република.

]]>
Трајков: Македонија беше пример за одлично организирана економска дипломатија и тоа се чувствува и денес, но за жал актуелната власт тоа го сведе на минимум https://republika.mk/vesti/ekonomija/trajkov-makedonija-beshe-primer-za-odlichno-organizirana-ekonomska-diplomatija-i-toa-se-chuvstvuva-i-denes-no-za-zhal-aktuelnata-vlast-toa-go-svede-na-minimum/ Sun, 09 Apr 2023 09:51:59 +0000 https://republika.mk/?p=628929

На денешната панел дискусија на тема „Катастрофална меѓународна промоција на Македонија“, свое обраќање имаше и доц. д-р Викторија Трајков, професор и стратешки соработник за меѓународна соработка на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Таа зборувајќи за важноста од економската дипломатија за промоција на земјата и привлекување на странски директни инвестиции истакна дека Македонија во минатото беше пример за една одлично организирана економска дипломатија чии бенефити се чувствуваат и денес особено во помалите градови каде благодарение на ваквата стратегија се отворија многу капацитети и фабрики кои сведочат за едно убаво време, за разлика од актуелната влада која таквото делување го сведела на минимум.

„Кога станува збор по дефиниција што би значела економска дипломатија самиот збор кажува дека тоа би требало да биде поддршка и промоција на економските капацитети на една држава која што секако се прави преку Министерството за надворешни работи кои што би требало преку своите дипломатско конзуларни преставништва да биде тој водач кој што ќе дава навигација како би се одвивала целата таа економска промоција. Но, исто така она што е многу важно е суштината на економската дипломатија да си го промовира она што дома се прави, значи домашното производство да го промовира на втори, трети пазари итн. МНР можеби е сегмент, но игра доста клучна улога во целата економска дипломатија, меѓутоа она што треба целосно да се направи е една државна стратегија за тоа како ќе се однесува самата држава во светот и како самата држава би се промовирала и на кој начин би се промовирала. Ние бевме сведоци на една одлична економска дипломатија, односно на еден одличен економски пакет за тоа како една држава треба да биде промовирана во светот која што за жал во последните години оваа влада е сведена на минимум. Разликата може да се направи, граѓаните тоа го гледаат, не е дека некој треба посебно да знае по дефиниција што би значела економска дипломатија, туку дали има работни места или нема работни места и дали сиромаштијата и нивото на сиромаштија се крева или паѓа“, истакна Трајков и додаде:

„Мислам дека бенефитите на економска дипломатија и таа меѓународна промоција од претходно ја чувствуваме и денес, особено во помалите градови каде што се отворија многу капацитети. Сѐ уште тие фабрики сведочат за едно убаво време, една убава стратегија и доста памета меѓународна стратегија за промоција на Македонија, а со тоа и бенефитот кој што го добива самиот граѓанин да има соодветно работно место“.

The post Трајков: Македонија беше пример за одлично организирана економска дипломатија и тоа се чувствува и денес, но за жал актуелната власт тоа го сведе на минимум appeared first on Република.

]]>

На денешната панел дискусија на тема „Катастрофална меѓународна промоција на Македонија“, свое обраќање имаше и доц. д-р Викторија Трајков, професор и стратешки соработник за меѓународна соработка на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Таа зборувајќи за важноста од економската дипломатија за промоција на земјата и привлекување на странски директни инвестиции истакна дека Македонија во минатото беше пример за една одлично организирана економска дипломатија чии бенефити се чувствуваат и денес особено во помалите градови каде благодарение на ваквата стратегија се отворија многу капацитети и фабрики кои сведочат за едно убаво време, за разлика од актуелната влада која таквото делување го сведела на минимум.
„Кога станува збор по дефиниција што би значела економска дипломатија самиот збор кажува дека тоа би требало да биде поддршка и промоција на економските капацитети на една држава која што секако се прави преку Министерството за надворешни работи кои што би требало преку своите дипломатско конзуларни преставништва да биде тој водач кој што ќе дава навигација како би се одвивала целата таа економска промоција. Но, исто така она што е многу важно е суштината на економската дипломатија да си го промовира она што дома се прави, значи домашното производство да го промовира на втори, трети пазари итн. МНР можеби е сегмент, но игра доста клучна улога во целата економска дипломатија, меѓутоа она што треба целосно да се направи е една државна стратегија за тоа како ќе се однесува самата држава во светот и како самата држава би се промовирала и на кој начин би се промовирала. Ние бевме сведоци на една одлична економска дипломатија, односно на еден одличен економски пакет за тоа како една држава треба да биде промовирана во светот која што за жал во последните години оваа влада е сведена на минимум. Разликата може да се направи, граѓаните тоа го гледаат, не е дека некој треба посебно да знае по дефиниција што би значела економска дипломатија, туку дали има работни места или нема работни места и дали сиромаштијата и нивото на сиромаштија се крева или паѓа“, истакна Трајков и додаде:
„Мислам дека бенефитите на економска дипломатија и таа меѓународна промоција од претходно ја чувствуваме и денес, особено во помалите градови каде што се отворија многу капацитети. Сѐ уште тие фабрики сведочат за едно убаво време, една убава стратегија и доста памета меѓународна стратегија за промоција на Македонија, а со тоа и бенефитот кој што го добива самиот граѓанин да има соодветно работно место“.

The post Трајков: Македонија беше пример за одлично организирана економска дипломатија и тоа се чувствува и денес, но за жал актуелната власт тоа го сведе на минимум appeared first on Република.

]]>
Трајков: Дали има поголем срам да не се спротивставиш на соседска прегратка која ти го одзема здивот и сака да те претвори во историски артефакт? https://republika.mk/vesti/makedonija/trajkov-dali-ima-pogolem-sram-da-ne-se-sprotivstavish-na-sosedska-pregratka-koja-ti-go-odzema-zdivot-i-saka-da-te-pretvori-vo-istoriski-artefakt/ Sat, 29 Oct 2022 11:57:22 +0000 https://republika.mk/?p=567109

Дали има поголем срам да не се спротивставиш на соседска прегратка која ти го одзема здивот и сака да те претвори во историски артефакт, пишува во статус на Фејсбук, професор д-р Викторија Трајков.

Најголемиот парадокс е што токму партијата што ја претставуваш, како историски наследник на сојузот на комунисти, создаде цели генерации врз основа на непријателство кон Бугарија?

Ако Маричиќ не бил должен да оди (како што самиот изјави) во Благоевград а е платен од данокот на секој чесен Македонец, каде е Премиерот кој не води и на крај имаме ли ние Претседател на државата кој се заколнал дека ќе ги брани моите/нашите македонски интереси?

Нека ми биде простено, но јас сум Македонка, зборувам македонски јазик и мојот прв интерес е одбрана на македонските интереси секаде и во секоја прилика!

Но очигледно, не знаеме сите кои сме! Или пак сегашните водачи лутаат од лево кон десно, во ограничениот капацитет на сопствениот ум и таму ги сместувaaт народот и нацијата кои ги водат!

Жалосно!

The post Трајков: Дали има поголем срам да не се спротивставиш на соседска прегратка која ти го одзема здивот и сака да те претвори во историски артефакт? appeared first on Република.

]]>

Дали има поголем срам да не се спротивставиш на соседска прегратка која ти го одзема здивот и сака да те претвори во историски артефакт, пишува во статус на Фејсбук, професор д-р Викторија Трајков. Најголемиот парадокс е што токму партијата што ја претставуваш, како историски наследник на сојузот на комунисти, создаде цели генерации врз основа на непријателство кон Бугарија? Ако Маричиќ не бил должен да оди (како што самиот изјави) во Благоевград а е платен од данокот на секој чесен Македонец, каде е Премиерот кој не води и на крај имаме ли ние Претседател на државата кој се заколнал дека ќе ги брани моите/нашите македонски интереси? Нека ми биде простено, но јас сум Македонка, зборувам македонски јазик и мојот прв интерес е одбрана на македонските интереси секаде и во секоја прилика! Но очигледно, не знаеме сите кои сме! Или пак сегашните водачи лутаат од лево кон десно, во ограничениот капацитет на сопствениот ум и таму ги сместувaaт народот и нацијата кои ги водат! Жалосно!

The post Трајков: Дали има поголем срам да не се спротивставиш на соседска прегратка која ти го одзема здивот и сака да те претвори во историски артефакт? appeared first on Република.

]]>