Вевчански карневал Archives - Република https://republika.mk/tema/vevchanski-karneval/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Feb 2024 08:05:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Вевчански карневал Archives - Република https://republika.mk/tema/vevchanski-karneval/ 32 32 Владата го прогласи карневалот во Вевчани за нематеријално културно добро од особено значење https://republika.mk/vesti/kultura/vladata-go-proglasi-karnevalot-vo-vevchani-za-nematerijalno-kulturno-dobro-od-osobeno-znachene/ Tue, 27 Feb 2024 14:57:36 +0000 https://republika.mk/?p=748990

Вевчанскиот карневал е прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење. Со оваа денешна одлука на Владата се овозможува зачувување и афирмација на машката василичарка поворка како дел од зимските обреди со маски, која е зачувана и се практикува во автентична и интегрална форма од локалната заедница во Општина Вевчани, соопшти Министерството за култура.

Како што е наведено во Одлуката, по своите карактеристики „Обредните поворки со маски (карневал) – Василичари во Вевчани“ се издвојуваат со својата автентичност и зачуваност на формите на маските, василичарското оро, верувањата и обредните практики.

За Василичарите во Вевчани се утврдува режим на заштита од прв степен, со повеќе мерки на заштита. Преку поддршка и поттикнување на носителите за изработка на автентични маски ќе се обезбеди одржливост на древната манифестација, ќе се обезбеди пренос на знаењата за изработка на маските и вештините за свирење на традиционалните музички инструменти кои се дел од поворката. Од особено значење е што традицијата на еден од најстарите карневали во светот ги вклучува и младите генерации и се зачувува како културно наследство.

Со донесувањето на Одлуката за прогласување на Василичарите во Вевчани за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење, се обезбедува воспоставување трајна заштита на доброто и негова категоризација во согласност со Законот за заштита на културното наследство.

 

The post Владата го прогласи карневалот во Вевчани за нематеријално културно добро од особено значење appeared first on Република.

]]>

Вевчанскиот карневал е прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење. Со оваа денешна одлука на Владата се овозможува зачувување и афирмација на машката василичарка поворка како дел од зимските обреди со маски, која е зачувана и се практикува во автентична и интегрална форма од локалната заедница во Општина Вевчани, соопшти Министерството за култура. Како што е наведено во Одлуката, по своите карактеристики „Обредните поворки со маски (карневал) – Василичари во Вевчани“ се издвојуваат со својата автентичност и зачуваност на формите на маските, василичарското оро, верувањата и обредните практики. За Василичарите во Вевчани се утврдува режим на заштита од прв степен, со повеќе мерки на заштита. Преку поддршка и поттикнување на носителите за изработка на автентични маски ќе се обезбеди одржливост на древната манифестација, ќе се обезбеди пренос на знаењата за изработка на маските и вештините за свирење на традиционалните музички инструменти кои се дел од поворката. Од особено значење е што традицијата на еден од најстарите карневали во светот ги вклучува и младите генерации и се зачувува како културно наследство. Со донесувањето на Одлуката за прогласување на Василичарите во Вевчани за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење, се обезбедува воспоставување трајна заштита на доброто и негова категоризација во согласност со Законот за заштита на културното наследство.  

The post Владата го прогласи карневалот во Вевчани за нематеријално културно добро од особено значење appeared first on Република.

]]>
Од „Бигорскиот манастир“ реагираат за прикажаната маска со Исус на Вевчанскиот карневал https://republika.mk/vesti/makedonija/od-bigorskiot-manastir-reagiraat-za-prikazhanata-maska-so-isus-na-vevchanskiot-karneval/ Sun, 14 Jan 2024 12:44:26 +0000 https://republika.mk/?p=732882

Бигорскиот манастир бара јавно извинување од организаторите и учесниците на Вевчанскиот карневал од, според нив, непристојноста и богохулното исмевање на Господ, Бог и Спасителот наш Исус Христос и на сечесниот крст, како и превенирање на слични случувања во иднина.

Реакцијата доаѓа по прикажаната маска на традиционалниот Вевчански карневал вчера кога продефилираа маски со ликот на Исус Христос, распнат на светиот крст, кој беше направен од гајби од пиво.

Се сеќаваме дека кога во минатото токму на овој карневал се случи поигрување и со чувствата на верниците од исламска вероисповед, што предизвика бурна реакција на муслиманите во Македонија, се воспостави една своевидна практика да се избегнуваат маски со содржини коишто ќе предизвикуваат навреда кон верските чувства – нешто што како апел беше упатено и од општинската власт во Вевчани, стои во реакцијата на Бигорскиот манастир.

Поигрувањето и исмевањето со верските чувства на која било верска деноминација, според Бигорското братство, е злодело за кое се одговара не само пред Божјиот, туку и пред државниот суд.

По овој немил повод, би сакале повторно да напомнеме за карактерот на овие световни манифестации, со коишто на еден потполно туѓ на нашиот менталитет начин, се одбележува споменот на Свети Василиј Велики и почетокот на Новата година според Јулијанскиот календар, посочуваат од Бигорскиот манастир.

The post Од „Бигорскиот манастир“ реагираат за прикажаната маска со Исус на Вевчанскиот карневал appeared first on Република.

]]>

Бигорскиот манастир бара јавно извинување од организаторите и учесниците на Вевчанскиот карневал од, според нив, непристојноста и богохулното исмевање на Господ, Бог и Спасителот наш Исус Христос и на сечесниот крст, како и превенирање на слични случувања во иднина. Реакцијата доаѓа по прикажаната маска на традиционалниот Вевчански карневал вчера кога продефилираа маски со ликот на Исус Христос, распнат на светиот крст, кој беше направен од гајби од пиво.
Се сеќаваме дека кога во минатото токму на овој карневал се случи поигрување и со чувствата на верниците од исламска вероисповед, што предизвика бурна реакција на муслиманите во Македонија, се воспостави една своевидна практика да се избегнуваат маски со содржини коишто ќе предизвикуваат навреда кон верските чувства – нешто што како апел беше упатено и од општинската власт во Вевчани, стои во реакцијата на Бигорскиот манастир.
Поигрувањето и исмевањето со верските чувства на која било верска деноминација, според Бигорското братство, е злодело за кое се одговара не само пред Божјиот, туку и пред државниот суд.
По овој немил повод, би сакале повторно да напомнеме за карактерот на овие световни манифестации, со коишто на еден потполно туѓ на нашиот менталитет начин, се одбележува споменот на Свети Василиј Велики и почетокот на Новата година според Јулијанскиот календар, посочуваат од Бигорскиот манастир.

The post Од „Бигорскиот манастир“ реагираат за прикажаната маска со Исус на Вевчанскиот карневал appeared first on Република.

]]>
Остри критики за маската со Исус и крстот од гајби https://republika.mk/vesti/kultura/ostri-kritiki-za-maskata-so-isus-i-krstot-od-gajbi/ Sun, 14 Jan 2024 10:47:12 +0000 https://republika.mk/?p=732780

Поради трагичниот настан, вчера на вевчанскиот карневал изостана музичкиот дел на дефилето и забавната програма во вечерните часови.

Посебен интерес меѓу маските кои продефилираа привлече маска со која се исмејува маката на Господ Исус Христос, прикажано како носи празни гајби од пиво наредени во форма на крст. На социјалните мрежи имаше бројни критики, а беше прозвана и МПЦ да реагира.

Новинарот Марјан Николовски упати остра критика и осуда. Потсети дека пред неколку години бил сквернавен Исламот и дека имало пракса тоа да не се повторува.

Пред неколку години кога на сличен начин беше сквернавен Исламот, беше воспоставена пракса да се избегнуваат маски со навредлива содржина кон верските чувства. Ова е класично сквернавење на Христијанството и неговиот столб, Распетието и Воскресението. МПЦ, Синодот, владиците, наместо да се занимава со предмети за екскомуникација на новинари, и со седенки со странски амбасадори, уште вечерва да ја осуди оваа маска и да побара одговорност, напиша Николовски кој со години ја следи тематиката поврзана со веронауката.

Бигорскиот манастир упати жестока критика кон организаторите на Вевчанскиот карневал, за, како што велат, исмевањето на Господ.

Длабоко повредени од непристојноста и од богохулното исмевање на Божествената Личност на Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос, воедно и на Сечесниот Крст, на т.н. Вевчански карневал, гласно повикуваме на јавно извинување од организаторите и од учесниците во тоа несреќно светогрдие, како и на превенирање на слични случувања во иднина,стои во реакцијата на Бигорскиот манастир.

Оттаму потсетуваат на случајот кога реакции имаше од припадниците на исламската вероисповед, кој предизвика бурна реакција на муслиманите во Македонија.

Оттука, се прашуваме зошто, имајќи го предвид негативното искуство од минатото, сега некој решил да ги злоупотреби и христијанските симболи и тоа на еден најпонижувачки и најнедостоинствен начин? Секако, според нас, поигрувањето и исмевањето со верските чувства на која било верска деноминација е злодело за кое се одговара не само пред Божјиот, туку и пред државниот суд, се вели во реакцијата на Бигорскиот манастир.

Сметаат дека манифестацијата е потполно туѓа на нашиот менталитет, кога се одбележува споменот на Св. Василиј Велики и почетокот на Новата година според Јулијанскиот календар.

The post Остри критики за маската со Исус и крстот од гајби appeared first on Република.

]]>

Поради трагичниот настан, вчера на вевчанскиот карневал изостана музичкиот дел на дефилето и забавната програма во вечерните часови. Посебен интерес меѓу маските кои продефилираа привлече маска со која се исмејува маката на Господ Исус Христос, прикажано како носи празни гајби од пиво наредени во форма на крст. На социјалните мрежи имаше бројни критики, а беше прозвана и МПЦ да реагира. Новинарот Марјан Николовски упати остра критика и осуда. Потсети дека пред неколку години бил сквернавен Исламот и дека имало пракса тоа да не се повторува.
Пред неколку години кога на сличен начин беше сквернавен Исламот, беше воспоставена пракса да се избегнуваат маски со навредлива содржина кон верските чувства. Ова е класично сквернавење на Христијанството и неговиот столб, Распетието и Воскресението. МПЦ, Синодот, владиците, наместо да се занимава со предмети за екскомуникација на новинари, и со седенки со странски амбасадори, уште вечерва да ја осуди оваа маска и да побара одговорност, напиша Николовски кој со години ја следи тематиката поврзана со веронауката.
Бигорскиот манастир упати жестока критика кон организаторите на Вевчанскиот карневал, за, како што велат, исмевањето на Господ.
Длабоко повредени од непристојноста и од богохулното исмевање на Божествената Личност на Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос, воедно и на Сечесниот Крст, на т.н. Вевчански карневал, гласно повикуваме на јавно извинување од организаторите и од учесниците во тоа несреќно светогрдие, како и на превенирање на слични случувања во иднина,стои во реакцијата на Бигорскиот манастир.
Оттаму потсетуваат на случајот кога реакции имаше од припадниците на исламската вероисповед, кој предизвика бурна реакција на муслиманите во Македонија.
Оттука, се прашуваме зошто, имајќи го предвид негативното искуство од минатото, сега некој решил да ги злоупотреби и христијанските симболи и тоа на еден најпонижувачки и најнедостоинствен начин? Секако, според нас, поигрувањето и исмевањето со верските чувства на која било верска деноминација е злодело за кое се одговара не само пред Божјиот, туку и пред државниот суд, се вели во реакцијата на Бигорскиот манастир.
Сметаат дека манифестацијата е потполно туѓа на нашиот менталитет, кога се одбележува споменот на Св. Василиј Велики и почетокот на Новата година според Јулијанскиот календар.

The post Остри критики за маската со Исус и крстот од гајби appeared first on Република.

]]>
Поради смртта на синот на Мукоски во сообраќајка откажан забавниот дел на Вевчанскиот карневал, ќе има само симболично дефиле под маски https://republika.mk/vesti/makedonija/poradi-smrtta-na-sinot-na-mukoski-vo-soobrakajka-otkazhan-zabavniot-del-na-vevchanskiot-karneval-ke-ima-samo-simbolichno-defile-pod-maski/ Sat, 13 Jan 2024 11:12:17 +0000 https://republika.mk/?p=732556

Вевчанскиот карневал го откажа забавниот дел од оваа манифестација поради загинувањето на млад жител на Вевчани, соопшти градоначалникот Спасе Кочовески.

Трагедијата што се случи сношти во Вевчани, сообраќајна несреќа, погина млад член на Вевчани, жител на Вевчани. Улиците на 13 јануари никогаш не биле во ваква состојба. Вевчани сме мало место, сите сме како една фамилија. Вакви немили настани нѐ потресуваат.  Вечерашниот концерт е откажан. Вевчани овој ден го чека цела година, меѓутоа, не на ваков начин, изјави Кочовески.

Градоначалникот на Вевчани истакна дека претпладнево имале средба со вевчанските друштва и дека дефилето ќе се одржи во некоја минимална форма.

Утрово маскирано лице не забележавме, не било никогаш вака, рече Кочовески и додаде дека рестораните ќе работат без музика.

Министерката Бисера Костадиновска Стојчевска изјави дека не го препознава Вевачни вакво и изрази жалење и сочувство до фамилијата на младото момче.

Јас, за жал, знам како изгледа таа болка. Цела ситуација е неизвесна. Тоа што ќе го одлучат граѓаните на Вевчани, денеска да се случува, тоа и ќе се случува. Наредната година, традицијата ќе продолжи понатаму. Се надевам вакви немили настани повеќе нема да има, изјави министерката Костадиновска Стојчевска.

Деветнаесетгодишно момче со иницијали М.М. синоќа загина во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска околу 1: 20 часот на локален пат меѓу Вевчани и струшкото село Подгорци, информираат од СВР Охрид.

Полицијата соопшти дека увид на лице место извршиле полициски екипи, како и дека и јавен обвинител излезен е на местото на настанот.

Според информациите од Вевчани, каде денеска треба да се одржи традиционалниот Вевчански карневал, станува збор за синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-soobrakajna-nesreka-zagina-sinot-na-poraneshniot-pratenik-krsto-mukoski/

The post Поради смртта на синот на Мукоски во сообраќајка откажан забавниот дел на Вевчанскиот карневал, ќе има само симболично дефиле под маски appeared first on Република.

]]>

Вевчанскиот карневал го откажа забавниот дел од оваа манифестација поради загинувањето на млад жител на Вевчани, соопшти градоначалникот Спасе Кочовески.
Трагедијата што се случи сношти во Вевчани, сообраќајна несреќа, погина млад член на Вевчани, жител на Вевчани. Улиците на 13 јануари никогаш не биле во ваква состојба. Вевчани сме мало место, сите сме како една фамилија. Вакви немили настани нѐ потресуваат.  Вечерашниот концерт е откажан. Вевчани овој ден го чека цела година, меѓутоа, не на ваков начин, изјави Кочовески.
Градоначалникот на Вевчани истакна дека претпладнево имале средба со вевчанските друштва и дека дефилето ќе се одржи во некоја минимална форма.
Утрово маскирано лице не забележавме, не било никогаш вака, рече Кочовески и додаде дека рестораните ќе работат без музика.
Министерката Бисера Костадиновска Стојчевска изјави дека не го препознава Вевачни вакво и изрази жалење и сочувство до фамилијата на младото момче.
Јас, за жал, знам како изгледа таа болка. Цела ситуација е неизвесна. Тоа што ќе го одлучат граѓаните на Вевчани, денеска да се случува, тоа и ќе се случува. Наредната година, традицијата ќе продолжи понатаму. Се надевам вакви немили настани повеќе нема да има, изјави министерката Костадиновска Стојчевска.
Деветнаесетгодишно момче со иницијали М.М. синоќа загина во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска околу 1: 20 часот на локален пат меѓу Вевчани и струшкото село Подгорци, информираат од СВР Охрид. Полицијата соопшти дека увид на лице место извршиле полициски екипи, како и дека и јавен обвинител излезен е на местото на настанот. Според информациите од Вевчани, каде денеска треба да се одржи традиционалниот Вевчански карневал, станува збор за синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-soobrakajna-nesreka-zagina-sinot-na-poraneshniot-pratenik-krsto-mukoski/

The post Поради смртта на синот на Мукоски во сообраќајка откажан забавниот дел на Вевчанскиот карневал, ќе има само симболично дефиле под маски appeared first on Република.

]]>
На пладне почнува Вевчанскиот карневал https://republika.mk/vesti/makedonija/na-pladne-pochnuva-vevchanskiot-karneval/ Sat, 13 Jan 2024 08:10:07 +0000 https://republika.mk/?p=732477

Со традиционалното дефиле под маски, кои на сатиричен начин ќе ги прикажат случувањата во јавниот и политичкиот живот, како во земјава, така и во странство во изминатата година, денеска напладне ќе се одржи официјалниот дел од Вевчанскиот карневал.

Вевчани денеска и утре ќе наликува на театар на отворено, организиран од двете василичарски друштва Горна и Долна маала на чело со зетот, невестата, двата ѓаволи и глупавите Августи. Веднаш по нив следуваат останатите маски, секоја со своја приказна, ќе го привлече вниманието на присутните. Дефилето почнува околу 14 часот од почетокот на селото, движејќи се низ главната улица до центарот, каде маскираните го вртат Василичарското оро.

Преку маските, вевчанци испраќаат силни пораки да биде годината бериќетна, да има среќа, здравје и да се променат негативните работи во општеството. Се верува дека преку маските Василичарите го бркаат злото и прочистени ќе ја дочекаат Новата година, според Јулијанскиот календар. И како што е добро познато, вевчанци, кои важат за љубезен и гостопримилв народ, верни на традицијата, до дефилето не откриваат во што ќе се маскираат.

По Василичарското оро, зетот и невестата од двете маала ги посетуваат домовите на вевчанци со благослов за здравје и бериќет во Новата година, а од домаќините се дарувани со луканци, леб, пари и други дарови. Ноќта пак, придружувани од останатите соселани, одат на Вевчанските извори од каде полнат вода со која прават кашаник (зелник) во кој се става паричка. Кај тој што ќе се падне паричката се верува дека ќе биде среќен и бериќетен во текот на целата година.

Утре, на верскиот празник Свети Василиј одат на имендени или по вевчански визити во семејствата каде го има името на светецот. Доцна попладнето во центарот на Вевчани се собираат сите василичари, повторно играат оро и ги палат маските со симболика дека злото нема да се повтори. Вевчанскиот карневал, според некои записи датира од настанокот на Вевчани, со традиција од околу 15 века.

Новата година, според Јулијанскиот календар, ќе биде дочекана вечер со спектакуларен огномет во центарот на Вевчани, а присутните ќе ги забавуваат Akustik band live, Наум Петрески, Оркестар со зурли и тапани Вевчани и Перо Бели и Коки Биортиам.

Манифестацијата почна синоќа со Dj Ampov и Younge Daddy, а забавата продолжи со настап на Игор Џамбазов со Гуру Харе бенд и Нокаут.

The post На пладне почнува Вевчанскиот карневал appeared first on Република.

]]>

Со традиционалното дефиле под маски, кои на сатиричен начин ќе ги прикажат случувањата во јавниот и политичкиот живот, како во земјава, така и во странство во изминатата година, денеска напладне ќе се одржи официјалниот дел од Вевчанскиот карневал. Вевчани денеска и утре ќе наликува на театар на отворено, организиран од двете василичарски друштва Горна и Долна маала на чело со зетот, невестата, двата ѓаволи и глупавите Августи. Веднаш по нив следуваат останатите маски, секоја со своја приказна, ќе го привлече вниманието на присутните. Дефилето почнува околу 14 часот од почетокот на селото, движејќи се низ главната улица до центарот, каде маскираните го вртат Василичарското оро. Преку маските, вевчанци испраќаат силни пораки да биде годината бериќетна, да има среќа, здравје и да се променат негативните работи во општеството. Се верува дека преку маските Василичарите го бркаат злото и прочистени ќе ја дочекаат Новата година, според Јулијанскиот календар. И како што е добро познато, вевчанци, кои важат за љубезен и гостопримилв народ, верни на традицијата, до дефилето не откриваат во што ќе се маскираат. По Василичарското оро, зетот и невестата од двете маала ги посетуваат домовите на вевчанци со благослов за здравје и бериќет во Новата година, а од домаќините се дарувани со луканци, леб, пари и други дарови. Ноќта пак, придружувани од останатите соселани, одат на Вевчанските извори од каде полнат вода со која прават кашаник (зелник) во кој се става паричка. Кај тој што ќе се падне паричката се верува дека ќе биде среќен и бериќетен во текот на целата година. Утре, на верскиот празник Свети Василиј одат на имендени или по вевчански визити во семејствата каде го има името на светецот. Доцна попладнето во центарот на Вевчани се собираат сите василичари, повторно играат оро и ги палат маските со симболика дека злото нема да се повтори. Вевчанскиот карневал, според некои записи датира од настанокот на Вевчани, со традиција од околу 15 века. Новата година, според Јулијанскиот календар, ќе биде дочекана вечер со спектакуларен огномет во центарот на Вевчани, а присутните ќе ги забавуваат Akustik band live, Наум Петрески, Оркестар со зурли и тапани Вевчани и Перо Бели и Коки Биортиам. Манифестацијата почна синоќа со Dj Ampov и Younge Daddy, а забавата продолжи со настап на Игор Џамбазов со Гуру Харе бенд и Нокаут.

The post На пладне почнува Вевчанскиот карневал appeared first on Република.

]]>
Изложба на фотографии „Вевчански бајки и кошмари“ на Александрос Вретакос https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-fotografii-vevchanski-bajki-i-koshmari-na-aleksandros-vretakos/ Sat, 11 Nov 2023 09:00:24 +0000 https://republika.mk/?p=700457

Изложба на фотографии „Вевчански бајки и кошмари“ од Александрос Вретакос вечер ќе биде отворена во Галеријата „Рудиќ“.

Александрос Вретакос  е грчки фотограф од Кожани, кој го снима карневалот во Вевчани во последните осум години.

- Барајќи на интернет пред осум години интересни фото дестинации на Балканот со карневалска тема, наидов на селото Вевчани. Оттогаш, секоја година го фотографирам континуирано. Од првата година ги запознав нејзините жители и со некои од нив станавме одлични пријатели. Бев многу импресиониран од гостопримството на жителите, и од нивната приемчивост и отворени врати насекаде, изјави Вретакос.

Според него, карневалот, кој се одржува секоја година во средината на јануари, ја покажува големата љубов на мештаните кон нивното село.

-Како и оправдана гордост што „модерните години“ не успеале да ги променат и да ги оттргнат од корените. Тоа е место кое се спротивставува на промените бидејќи е самодоволно. Голема предност за нашето време. Од првиот ден бев импресиониран од масовното учество на жителите на нивниот традиционален карневал. Традицијата вели дека мора да направат свои маски кои ќе ги запалат на крајот на карневалот и ќе се ослободат од своите улоги, појасни Вретакос.

[caption id="attachment_700474" align="alignnone" width="511"] Фото: Александрос Вретакос[/caption]

Александрос Вретакос почнал интензивно да се занимава со фотографија за време на студиите во Нови Сад, како член, во тоа време, на еден од најзначајните југословенски фото-клубови „Бранко Бајиќ“. Таа југословенска школа на фотографија, како што се наведува, сè уште се отсликува на неговите фотографии. Неговата фотографија се карактеризира со различни теми и техники што ги користи. Во повеќето негови проекти се открива надреалистичко расположение.

Вретакос имал 60 самостојни изложби и три последователни учества со изложби на Фото биеналето во Музејот на фотографија во Солун.

The post Изложба на фотографии „Вевчански бајки и кошмари“ на Александрос Вретакос appeared first on Република.

]]>

Изложба на фотографии „Вевчански бајки и кошмари“ од Александрос Вретакос вечер ќе биде отворена во Галеријата „Рудиќ“. Александрос Вретакос  е грчки фотограф од Кожани, кој го снима карневалот во Вевчани во последните осум години.
- Барајќи на интернет пред осум години интересни фото дестинации на Балканот со карневалска тема, наидов на селото Вевчани. Оттогаш, секоја година го фотографирам континуирано. Од првата година ги запознав нејзините жители и со некои од нив станавме одлични пријатели. Бев многу импресиониран од гостопримството на жителите, и од нивната приемчивост и отворени врати насекаде, изјави Вретакос.
Според него, карневалот, кој се одржува секоја година во средината на јануари, ја покажува големата љубов на мештаните кон нивното село.
-Како и оправдана гордост што „модерните години“ не успеале да ги променат и да ги оттргнат од корените. Тоа е место кое се спротивставува на промените бидејќи е самодоволно. Голема предност за нашето време. Од првиот ден бев импресиониран од масовното учество на жителите на нивниот традиционален карневал. Традицијата вели дека мора да направат свои маски кои ќе ги запалат на крајот на карневалот и ќе се ослободат од своите улоги, појасни Вретакос.
[caption id="attachment_700474" align="alignnone" width="511"] Фото: Александрос Вретакос[/caption] Александрос Вретакос почнал интензивно да се занимава со фотографија за време на студиите во Нови Сад, како член, во тоа време, на еден од најзначајните југословенски фото-клубови „Бранко Бајиќ“. Таа југословенска школа на фотографија, како што се наведува, сè уште се отсликува на неговите фотографии. Неговата фотографија се карактеризира со различни теми и техники што ги користи. Во повеќето негови проекти се открива надреалистичко расположение. Вретакос имал 60 самостојни изложби и три последователни учества со изложби на Фото биеналето во Музејот на фотографија во Солун.

The post Изложба на фотографии „Вевчански бајки и кошмари“ на Александрос Вретакос appeared first on Република.

]]>
ДНК останаа со празни џебови: Панчо го објави со име и презиме човекот кој не ги исплатил за нивниот настап во Вевчани! https://republika.mk/scena/muzika/dnk-ostanaa-so-prazni-dhebovi-pancho-go-objavi-so-ime-i-prezime-chovekot-koj-ne-gi-isplatil-za-nivniot-nastap-vo-vevchani/ Mon, 06 Feb 2023 10:56:15 +0000 https://republika.mk/?p=605380

Панчо и Андреј од ДНК се жртви на измамник. Познатите музичари останале без платен хонорар за нивниот настап кој се случи минатиот месец во Вевчани, поточно за Вевчанскиот карневал. Панчо реши јавно да прозбори за ова и со име и презиме да го посочи измамникот, за кој како што вели во неговата објава на социјалните мрежи, дека не се само тие единствените измамени од истиот човек.

Драги наши. На 12ти јануари имавме чест да бидеме дел од традиционалниот вевчански карневал на кои настапивме со целиот наш бенд и кој воедно многу го почитуваме како македонски традиционален настан. Атмосферата беше феноменална, публиката одлична но за да не биде се така розево се погрижи ликот Александар ЦЕЗАР Коневски кој важи за еден од најголемите патолошки лажговци и ПРЕВАРАНТИ кои се занимаваат со ангажирање на бендови и артисти односно човек кој секојдневно бара нови жртви за да им се случи ова што се случи со 11-12 бенда во Вевчани. Се до денеш ден ниту еден бенд кој настапуваше на овогодинешниот фестивал нема земено ниту еден денар од договорениот хонорар за кој најчесно си ја извршија работата. Ние како бенд на самиот ден бевме приморани да го откажеме настапот бидејќи не беше исполнет договорот од горенаведениот лик но за среќа добивме ветување и ЗБОР од Ѓорѓи Влајкиноски кој е претседател на ОК и близок човек на Градоначалникот Спасе Кочовски (на кои сме им благодарни за одличниот пречек и тоа што веднаш се заложија да ја исправат несаканата ситуација со горенаведениот лик) па затоа и се сложивме да го оддржиме. За да биде уште пострашно истиов човек должи пари на многу други луѓе па од таму само сакам да ги предупредам нашите колеги да бидат многу претпазливи кога станува збор за Цезар преварантот од Скопје, не оној славниот римски император. Исто така упатувам апел и до сите градоначалници, приватни компании ширум Македонија да го имаат во предвид истотво, да не си ставаат здрава нога во трн и да си го валкаат образот.
Во животот се е лекција но подобро е кога ќе ја научиш на туѓ грб па затоа и се решив да го споделам јавно се со цел да спасам нови жртви.
Со Почит, Панчо, стои во објавата на Панчо.

Во коментар под истата се огласи и фолк-пејачот Наум Петрески, кој исто така посведочи дека и тој е измамен од истиот човек.

Истото го пишав и јас пред некое време и ве предупредив, но тоа е се школо, а него ќе го најдат во некој којтенер со гаранција. Тежок патолошки лажго, напиша познатата музичка ѕвезда.

 

The post ДНК останаа со празни џебови: Панчо го објави со име и презиме човекот кој не ги исплатил за нивниот настап во Вевчани! appeared first on Република.

]]>

Панчо и Андреј од ДНК се жртви на измамник. Познатите музичари останале без платен хонорар за нивниот настап кој се случи минатиот месец во Вевчани, поточно за Вевчанскиот карневал. Панчо реши јавно да прозбори за ова и со име и презиме да го посочи измамникот, за кој како што вели во неговата објава на социјалните мрежи, дека не се само тие единствените измамени од истиот човек.
Драги наши. На 12ти јануари имавме чест да бидеме дел од традиционалниот вевчански карневал на кои настапивме со целиот наш бенд и кој воедно многу го почитуваме како македонски традиционален настан. Атмосферата беше феноменална, публиката одлична но за да не биде се така розево се погрижи ликот Александар ЦЕЗАР Коневски кој важи за еден од најголемите патолошки лажговци и ПРЕВАРАНТИ кои се занимаваат со ангажирање на бендови и артисти односно човек кој секојдневно бара нови жртви за да им се случи ова што се случи со 11-12 бенда во Вевчани. Се до денеш ден ниту еден бенд кој настапуваше на овогодинешниот фестивал нема земено ниту еден денар од договорениот хонорар за кој најчесно си ја извршија работата. Ние како бенд на самиот ден бевме приморани да го откажеме настапот бидејќи не беше исполнет договорот од горенаведениот лик но за среќа добивме ветување и ЗБОР од Ѓорѓи Влајкиноски кој е претседател на ОК и близок човек на Градоначалникот Спасе Кочовски (на кои сме им благодарни за одличниот пречек и тоа што веднаш се заложија да ја исправат несаканата ситуација со горенаведениот лик) па затоа и се сложивме да го оддржиме. За да биде уште пострашно истиов човек должи пари на многу други луѓе па од таму само сакам да ги предупредам нашите колеги да бидат многу претпазливи кога станува збор за Цезар преварантот од Скопје, не оној славниот римски император. Исто така упатувам апел и до сите градоначалници, приватни компании ширум Македонија да го имаат во предвид истотво, да не си ставаат здрава нога во трн и да си го валкаат образот. Во животот се е лекција но подобро е кога ќе ја научиш на туѓ грб па затоа и се решив да го споделам јавно се со цел да спасам нови жртви. Со Почит, Панчо, стои во објавата на Панчо.
Во коментар под истата се огласи и фолк-пејачот Наум Петрески, кој исто така посведочи дека и тој е измамен од истиот човек.
Истото го пишав и јас пред некое време и ве предупредив, но тоа е се школо, а него ќе го најдат во некој којтенер со гаранција. Тежок патолошки лажго, напиша познатата музичка ѕвезда.
 

The post ДНК останаа со празни џебови: Панчо го објави со име и презиме човекот кој не ги исплатил за нивниот настап во Вевчани! appeared first on Република.

]]>
Запалени маските во центарот на Вевчани – Заврши Вевчанскиот карневал https://republika.mk/vesti/makedonija/zapaleni-maskite-vo-tsentarot-na-vevchani-zavrshi-vevchanskiot-karneval/ Sat, 14 Jan 2023 19:08:19 +0000 https://republika.mk/?p=596912

Последиците од економската и енергетската криза и лошото владеење во општеството претставени преку креативните вевчанци попладнево симболично изгореа во центарот на Вевчани, во рамките на завршниот дел од Вевчанскиот карневал.

Василичарите го изиграа традиционалното оро и ги запалија маските со што, според верувањето, го избркаа злото и прочистени ќе имаат среќна и бериќетна Нова година.

Според Александра Велкоска, туризмолог од Вевчани, иако палењето на маските е понов обичај, сепак е добро прифатен меѓу населението и станал дел од традицијата.

Палењето на маските има значење за злото да не се повтори во Новата година, односно Новата година да почне чиста и бериќетна. Вевчанци со тоа го означуваат крајот на карневалот, а веднаш потоа почнуваат да мислат нова маска за следната година, вели Велкоска.

Вевчанскиот карневал, со речиси 15 вековна традиција, со својата автентичност и обичаи се разликува од останатите карневалски манифестации, пред се поради симболиката, но и ведриот дух на василичарите, кои 365 дена во годината живеат токму за дефилето под маски. Двете василичарски друштва Горна и Долна маала, се натпреваруваат кој ќе има покреативни и поуникатни маски.

Покрај традиционалните зет и невеста, ѓаволи и глупави августи кои со животински кожи трчаат околу нив и со чудни звуци ги штитат, на карневалското дефиле имаше и сцени од војната во Украина, маски со актуелни политички случувања, пред се со функционери од власта. Вевчанци се пошегуваа со изградбата на автопатот Кичево - Охрид, а не ги заборавија ниту активистите на Анима мунди, кардиохирургот Жан Митрев, антикорупционерите во борбата против корупцијата.

Вевчани изминативе два дена наликува на отворена театарска сцена, а досетливите вевчанци на несекојдневен и сатиричен начин ја отсликаа негативната состојбата во општеството.

The post Запалени маските во центарот на Вевчани – Заврши Вевчанскиот карневал appeared first on Република.

]]>

Последиците од економската и енергетската криза и лошото владеење во општеството претставени преку креативните вевчанци попладнево симболично изгореа во центарот на Вевчани, во рамките на завршниот дел од Вевчанскиот карневал. Василичарите го изиграа традиционалното оро и ги запалија маските со што, според верувањето, го избркаа злото и прочистени ќе имаат среќна и бериќетна Нова година. Според Александра Велкоска, туризмолог од Вевчани, иако палењето на маските е понов обичај, сепак е добро прифатен меѓу населението и станал дел од традицијата.
Палењето на маските има значење за злото да не се повтори во Новата година, односно Новата година да почне чиста и бериќетна. Вевчанци со тоа го означуваат крајот на карневалот, а веднаш потоа почнуваат да мислат нова маска за следната година, вели Велкоска.
Вевчанскиот карневал, со речиси 15 вековна традиција, со својата автентичност и обичаи се разликува од останатите карневалски манифестации, пред се поради симболиката, но и ведриот дух на василичарите, кои 365 дена во годината живеат токму за дефилето под маски. Двете василичарски друштва Горна и Долна маала, се натпреваруваат кој ќе има покреативни и поуникатни маски. Покрај традиционалните зет и невеста, ѓаволи и глупави августи кои со животински кожи трчаат околу нив и со чудни звуци ги штитат, на карневалското дефиле имаше и сцени од војната во Украина, маски со актуелни политички случувања, пред се со функционери од власта. Вевчанци се пошегуваа со изградбата на автопатот Кичево - Охрид, а не ги заборавија ниту активистите на Анима мунди, кардиохирургот Жан Митрев, антикорупционерите во борбата против корупцијата. Вевчани изминативе два дена наликува на отворена театарска сцена, а досетливите вевчанци на несекојдневен и сатиричен начин ја отсликаа негативната состојбата во општеството.

The post Запалени маските во центарот на Вевчани – Заврши Вевчанскиот карневал appeared first on Република.

]]>
ФОТОГАЛЕРИЈА: Стани Цаци да те види сала, Жан Митрев, Анима Мунди на Карневалот во Вевчани https://republika.mk/vesti/makedonija/fotogalerija-stani-tsatsi-da-te-vidi-sala-zhan-mitrev-anima-mundi-na-karnevalot-vo-vevchani/ Fri, 13 Jan 2023 16:13:29 +0000 https://republika.mk/?p=596531

 

Енергетската и економската криза, војната во Украина, евроинтегративниот процес, спорот со соседна Бугарија и изградбата на автопатот Кичево – Охрид, беа дел од маските кои продефилираа денеска на Вевчанскиот карневал.

Покрај традиционалните зет и невеста, ѓаволи и глупави августи, досетливите вевчанци не заборавија да се пошегуваат и на сметка на премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска (Стани Цаци да те види сала), потсетија на коруптивни скандали. Дел од дефилето беше и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел со Францускиот предлог, антикорупционери, активисти на Анима мунди, кралицата Елизабета, доктор Жан Митрев, готвачот Нусрет, фудбалерот Меси, Мањифико со бендот…

The post ФОТОГАЛЕРИЈА: Стани Цаци да те види сала, Жан Митрев, Анима Мунди на Карневалот во Вевчани appeared first on Република.

]]>

  Енергетската и економската криза, војната во Украина, евроинтегративниот процес, спорот со соседна Бугарија и изградбата на автопатот Кичево – Охрид, беа дел од маските кои продефилираа денеска на Вевчанскиот карневал. Покрај традиционалните зет и невеста, ѓаволи и глупави августи, досетливите вевчанци не заборавија да се пошегуваат и на сметка на премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска (Стани Цаци да те види сала), потсетија на коруптивни скандали. Дел од дефилето беше и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел со Францускиот предлог, антикорупционери, активисти на Анима мунди, кралицата Елизабета, доктор Жан Митрев, готвачот Нусрет, фудбалерот Меси, Мањифико со бендот…

The post ФОТОГАЛЕРИЈА: Стани Цаци да те види сала, Жан Митрев, Анима Мунди на Карневалот во Вевчани appeared first on Република.

]]>
Вевчанци ќе ви кажат сè, освен во што ќе бидат маскирани – суратите спремни, почнува Вевчански карневал https://republika.mk/vesti/makedonija/vevchantsi-ke-vi-kazhat-se-osven-vo-shto-ke-bidat-maskirani-suratite-spremni-pochnuva-vevchanski-karneval/ Thu, 12 Jan 2023 07:45:36 +0000 https://republika.mk/?p=595982

Во духот на 15-вековната традиција, Вевчани пулсира во знакот на карневалот. Инспирирани од секојдневните случувања во земјава и во странство, но и од политичката состојба изминатите 12 месеци, вевчанци ги подготвуваат маските во исчекување на, за нив највозбудливиот момент, дефилето под маски. И како што е добро познато, гостопримливите и љубезни жители на Вевчани ќе кажат сè, но до последен момент, до дефилето под маски, не откриваат во што ќе бидат маскирани.

Маските – коректор на негативното во општеството

Организирани во две групи, Долна и Горна маала и годинава се очекува на сатиричен начин да ја отсликаат годината што измина. Преку својата креативност да ги исмејуваат случувањата, пред сè во државата, но нема да ги заборават ниту светските позначајни настани. Низ годините на тапет биле видни имиња од претседатели на држави, премиери, пратеници…, но за содржината на маските не се лутеле, иако пред две години дипломатски скандал предизвика палењето на бугарското знаме, а имало реакции и за маски во кои учествувале живи или усмртени животни.

Дефилето на креативните василичари, традиционално почнува утре, околу 14 часот од влезот на селото, движејќи се кон центарот на Вевчани каде го вртат василичарското оро. Го предводат зетот, невестата, глупавиот Август и ѓаволите, сите со своите симболики. Зетот и невестата за плодност, продолжување на семејството, додека ѓаволите се обидуваат да го победат човекот. Најтешка задача со своите карактеристични крикови имаат глупавите августи, кои како заштитници околу зетот и невестата замавнуваат со кожи од животни, кои честопати завршуваат и по толпата која љубопитно гледа какви маски ќе продефилираат и ужива во магијата на хуморот и сатирата. Веднаш зад нив се и останатите маски.

Маските со својата оригиналност и неповторливост ги изработуваат рачно со современи материјали, но користат и кожи од животни што е дел од традицијата, а некогаш дури и животни.

Спој на традицијата и модерното како туристичка атракција

Ревносни на традицијата, вевчанци направија спој со модерното и карневалот стана туристичка атракција, каде покрај посетители од соседните населени места и државата, доаѓаат гости и од странство. Со звуците на зурлите и тапаните ќе ги бркаат лошите духови, за да ја пречекаат прочистени и среќни Новата година, според јулијанскиот календар. За поголема афирмација и поголема посетеност се организира дводневна музичка програма. За забавата вечер се задолжени рок и поп-бендовите: ГИГ ОФФ (Сашко Гигов-Гиш и пријателите), Венко Серафимовски и Прпл цепелин, реге-бендот – БРУКА, ДНК, Ласт експедишн, Фиц и Студени нозе. Утревечер, пак, присутните ќе уживаат во звуците на народната музика интерпретирана од Баклава, Банда Ентопика од Грција, Нино Величковски и Кумановските тамбураши, Некст тајм и Перо Бели.

Сместувачките капацитети иако во мал број се исполнети до последното место, а интерес има и за сместување во соседните Струга и Охрид.

Атрактивноста на Вевчанскиот карневал се очекува да одѕвони и во странските медиуми, чии новинари веќе се пристигнати во Вевчани.

Градоначалникот Спасе Кочовски за МИА потврди дека сè е подготвено за манифестацијата и оти вевчанци ги одбројуваат последните саати до спектаклот или како што честопати го нарекуваат, театар на отворено без сценарио и режија.

Тој уште еднаш потенцира дека василичарите преку маските не сакаат да навредат никој, ниту да шират верска или национална омраза, туку напротив, тие се коректор на случувањата во општеството.

Василичарите преку маските пренесуваат дека нешто не чини. Тие се коректор на власта и преку хумор и сатира укажуваат на она што погрешно се правело во изминатата година, со цел во иднина да се промени, подвлече Кочовски.

Сатирично и несекојдневно испраќање на старата и дочек на Новата година

Со спој на паганското и модерното Вевчани утревечер, точно на полноќ ќе ја испрати старата и ќе ја дочека Новата година по јулијанскиот календар. Маскирани, василичарите на уникатен и неповторлив начин ги бркаат злите духови и преку хумор и сатира прикажуваат што ја одбележало годината што измина. Надалеку познатиот Вевчански карневал со своите специфични особини, уникатност и неповторливост е единствен и се разликува од другите карневали во светот.

Со палење на маските и василичарското оро завршува карневалот

Традиционално, на 14 јануари, доцна попладнето завршуваат карневалските случувања со палење на маските и василичарското оро во центарот на Вевчани. Со тоа се смета дека е избркано злото, а жителите на ова мало населено место уште од следниот ден почнуваат да размислуваат како ќе се маскираат идната година.

Извор: МИА/Слаѓана Стојкова Костоски

The post Вевчанци ќе ви кажат сè, освен во што ќе бидат маскирани – суратите спремни, почнува Вевчански карневал appeared first on Република.

]]>

Во духот на 15-вековната традиција, Вевчани пулсира во знакот на карневалот. Инспирирани од секојдневните случувања во земјава и во странство, но и од политичката состојба изминатите 12 месеци, вевчанци ги подготвуваат маските во исчекување на, за нив највозбудливиот момент, дефилето под маски. И како што е добро познато, гостопримливите и љубезни жители на Вевчани ќе кажат сè, но до последен момент, до дефилето под маски, не откриваат во што ќе бидат маскирани.

Маските – коректор на негативното во општеството

Организирани во две групи, Долна и Горна маала и годинава се очекува на сатиричен начин да ја отсликаат годината што измина. Преку својата креативност да ги исмејуваат случувањата, пред сè во државата, но нема да ги заборават ниту светските позначајни настани. Низ годините на тапет биле видни имиња од претседатели на држави, премиери, пратеници…, но за содржината на маските не се лутеле, иако пред две години дипломатски скандал предизвика палењето на бугарското знаме, а имало реакции и за маски во кои учествувале живи или усмртени животни. Дефилето на креативните василичари, традиционално почнува утре, околу 14 часот од влезот на селото, движејќи се кон центарот на Вевчани каде го вртат василичарското оро. Го предводат зетот, невестата, глупавиот Август и ѓаволите, сите со своите симболики. Зетот и невестата за плодност, продолжување на семејството, додека ѓаволите се обидуваат да го победат човекот. Најтешка задача со своите карактеристични крикови имаат глупавите августи, кои како заштитници околу зетот и невестата замавнуваат со кожи од животни, кои честопати завршуваат и по толпата која љубопитно гледа какви маски ќе продефилираат и ужива во магијата на хуморот и сатирата. Веднаш зад нив се и останатите маски. Маските со својата оригиналност и неповторливост ги изработуваат рачно со современи материјали, но користат и кожи од животни што е дел од традицијата, а некогаш дури и животни.

Спој на традицијата и модерното како туристичка атракција

Ревносни на традицијата, вевчанци направија спој со модерното и карневалот стана туристичка атракција, каде покрај посетители од соседните населени места и државата, доаѓаат гости и од странство. Со звуците на зурлите и тапаните ќе ги бркаат лошите духови, за да ја пречекаат прочистени и среќни Новата година, според јулијанскиот календар. За поголема афирмација и поголема посетеност се организира дводневна музичка програма. За забавата вечер се задолжени рок и поп-бендовите: ГИГ ОФФ (Сашко Гигов-Гиш и пријателите), Венко Серафимовски и Прпл цепелин, реге-бендот – БРУКА, ДНК, Ласт експедишн, Фиц и Студени нозе. Утревечер, пак, присутните ќе уживаат во звуците на народната музика интерпретирана од Баклава, Банда Ентопика од Грција, Нино Величковски и Кумановските тамбураши, Некст тајм и Перо Бели. Сместувачките капацитети иако во мал број се исполнети до последното место, а интерес има и за сместување во соседните Струга и Охрид. Атрактивноста на Вевчанскиот карневал се очекува да одѕвони и во странските медиуми, чии новинари веќе се пристигнати во Вевчани. Градоначалникот Спасе Кочовски за МИА потврди дека сè е подготвено за манифестацијата и оти вевчанци ги одбројуваат последните саати до спектаклот или како што честопати го нарекуваат, театар на отворено без сценарио и режија. Тој уште еднаш потенцира дека василичарите преку маските не сакаат да навредат никој, ниту да шират верска или национална омраза, туку напротив, тие се коректор на случувањата во општеството.
Василичарите преку маските пренесуваат дека нешто не чини. Тие се коректор на власта и преку хумор и сатира укажуваат на она што погрешно се правело во изминатата година, со цел во иднина да се промени, подвлече Кочовски.
Сатирично и несекојдневно испраќање на старата и дочек на Новата година Со спој на паганското и модерното Вевчани утревечер, точно на полноќ ќе ја испрати старата и ќе ја дочека Новата година по јулијанскиот календар. Маскирани, василичарите на уникатен и неповторлив начин ги бркаат злите духови и преку хумор и сатира прикажуваат што ја одбележало годината што измина. Надалеку познатиот Вевчански карневал со своите специфични особини, уникатност и неповторливост е единствен и се разликува од другите карневали во светот.

Со палење на маските и василичарското оро завршува карневалот

Традиционално, на 14 јануари, доцна попладнето завршуваат карневалските случувања со палење на маските и василичарското оро во центарот на Вевчани. Со тоа се смета дека е избркано злото, а жителите на ова мало населено место уште од следниот ден почнуваат да размислуваат како ќе се маскираат идната година. Извор: МИА/Слаѓана Стојкова Костоски

The post Вевчанци ќе ви кажат сè, освен во што ќе бидат маскирани – суратите спремни, почнува Вевчански карневал appeared first on Република.

]]>
Вевчанскиот карневал годинава понуди ковид сертификати, биткоини и поддршка за Новак Ѓоковиќ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/vevchanskiot-karneval-godinava-ponudi-kovid-sertifikati-bitkoini-i-poddrshka-za-novak-gjokovikj/ Thu, 13 Jan 2022 18:08:57 +0000 https://republika.mk/?p=444299

Вевчанскиот карневал повторно привлекува големо внимание во јавноста со креативните маски и перформанси коишто можеа да се видат на улиците во Вевчани.

На карневалот, познат по тоа што на сатиричен и хумористичен начин ги отсликува случувањата од минатата година, се делеа „ковид сертификати“, се протестираше за тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ, се копаа биткоини, а на манифестацијата продефилираа и маските на пратеникот Кастриот Реџепи, директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски…

Ова е театар на отворено и секогаш треба да се гледаат работите кои укажуваат дека нешто не треба така да се прави. Ако видите многу грубост, пораката е да не бидете груби, ако видите вулгарност, пораката е да не бидете вулгарни - истакна градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски.

Според Кочовски, сите оние негативни работи што можат да се видат на карневалот во Вевчани, можеби изгледаат екстремно прикажани, но не се навредливи.

Неизоставен дел на карневалското дефиле се и традиционалните маски на зетот и невестата, глупавите Августи, ѓаволите, зурлите и тапаните.

Во утринските часови традиционално невестите од двете маала заедно со гостите одат на Вевчанските извори да наполнат вода, со која се прави зелник во кој се става паричка. Кај оној што ќе се падне паричката ќе биде среќен во текот на целата година.

Според традицијата, манифестацијата завршува утре попладне (14 јануари) со карневалско оро и палење на маските во центарот на Вевчани.

The post Вевчанскиот карневал годинава понуди ковид сертификати, биткоини и поддршка за Новак Ѓоковиќ appeared first on Република.

]]>

Вевчанскиот карневал повторно привлекува големо внимание во јавноста со креативните маски и перформанси коишто можеа да се видат на улиците во Вевчани. На карневалот, познат по тоа што на сатиричен и хумористичен начин ги отсликува случувањата од минатата година, се делеа „ковид сертификати“, се протестираше за тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ, се копаа биткоини, а на манифестацијата продефилираа и маските на пратеникот Кастриот Реџепи, директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски…
Ова е театар на отворено и секогаш треба да се гледаат работите кои укажуваат дека нешто не треба така да се прави. Ако видите многу грубост, пораката е да не бидете груби, ако видите вулгарност, пораката е да не бидете вулгарни - истакна градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски.
Според Кочовски, сите оние негативни работи што можат да се видат на карневалот во Вевчани, можеби изгледаат екстремно прикажани, но не се навредливи. Неизоставен дел на карневалското дефиле се и традиционалните маски на зетот и невестата, глупавите Августи, ѓаволите, зурлите и тапаните. Во утринските часови традиционално невестите од двете маала заедно со гостите одат на Вевчанските извори да наполнат вода, со која се прави зелник во кој се става паричка. Кај оној што ќе се падне паричката ќе биде среќен во текот на целата година. Според традицијата, манифестацијата завршува утре попладне (14 јануари) со карневалско оро и палење на маските во центарот на Вевчани.

The post Вевчанскиот карневал годинава понуди ковид сертификати, биткоини и поддршка за Новак Ѓоковиќ appeared first on Република.

]]>
Мицкоски во посета на Вевчанскиот карневал https://republika.mk/vesti/kultura/mickoski-vo-poseta-na-vevchanskiot-karneval/ Thu, 13 Jan 2022 17:20:32 +0000 https://republika.mk/?p=444279

Лидерот на ВМРо-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, присуствуваше на традиционалниот Вебвчански карневал.

Вевчанскиот карневал е вековна традиција позната за Вевчани.

 

Денеска бев дел од оваа весела атмосфера, а со вевчанци разговаравме и за актуелната состојба во Македонија - објави Мицкоски на социјалните мрежи, споделувајќи дел од атмосферата на карневалот.

The post Мицкоски во посета на Вевчанскиот карневал appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ВМРо-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, присуствуваше на традиционалниот Вебвчански карневал.
Вевчанскиот карневал е вековна традиција позната за Вевчани.   Денеска бев дел од оваа весела атмосфера, а со вевчанци разговаравме и за актуелната состојба во Македонија - објави Мицкоски на социјалните мрежи, споделувајќи дел од атмосферата на карневалот.

The post Мицкоски во посета на Вевчанскиот карневал appeared first on Република.

]]>
Мицкоски на Вевчанскиот карневал: Очекувам да преовладуваат весел дух и успешни карневалски денови https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-na-vevchanskiot-karneval-ochekuvam-da-preovladuvaat-vesel-duh-i-uspeshni-karnevalski-denovi/ Thu, 13 Jan 2022 16:04:44 +0000 https://republika.mk/?p=444258

Претседтелот на ВМР-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, отпатува во Вевчани, каде што ќе го проследи светски познатиот вевчански карневал.

Оваа посета ќе ја искористиме да поразговараме со граѓаните околу актуелната состојба како живеат, каков е животот, со кои проблеми се соочуваат.

 

Исто така ќе имам можност да разговарам и со луѓето од локалната самоуправа, со градоначалникот кој што е нели нов сега од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

 

И ценам дека овие посети покрај тоа што имаат ете би рекол забавен карактер треба да имаат и работен дел, затоа што она кое што нас како народна партија не интересира тоа е што мисли народот, како живее народот, каде можеме ние да помогнеме и кои се проектите кои што од нас народот ги очекува не само како локална самоуправа туку како и идна централна власт.

 

Така што очекувам да преовлада би рекол весел дух денеска и да им посакам на вевчанци успешен карневал и успешни карневалски денови, се разбира - порача Мицкоски.

https://www.youtube.com/watch?v=Cf9w5cQsz1M

The post Мицкоски на Вевчанскиот карневал: Очекувам да преовладуваат весел дух и успешни карневалски денови appeared first on Република.

]]>

Претседтелот на ВМР-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, отпатува во Вевчани, каде што ќе го проследи светски познатиот вевчански карневал.
Оваа посета ќе ја искористиме да поразговараме со граѓаните околу актуелната состојба како живеат, каков е животот, со кои проблеми се соочуваат.   Исто така ќе имам можност да разговарам и со луѓето од локалната самоуправа, со градоначалникот кој што е нели нов сега од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.   И ценам дека овие посети покрај тоа што имаат ете би рекол забавен карактер треба да имаат и работен дел, затоа што она кое што нас како народна партија не интересира тоа е што мисли народот, како живее народот, каде можеме ние да помогнеме и кои се проектите кои што од нас народот ги очекува не само како локална самоуправа туку како и идна централна власт.   Така што очекувам да преовлада би рекол весел дух денеска и да им посакам на вевчанци успешен карневал и успешни карневалски денови, се разбира - порача Мицкоски.
https://www.youtube.com/watch?v=Cf9w5cQsz1M

The post Мицкоски на Вевчанскиот карневал: Очекувам да преовладуваат весел дух и успешни карневалски денови appeared first on Република.

]]>
Со отворање на Мултикултурниот центар ќе започне Вевчанскиот карневал, предвиден настап на домашни изведувачи https://republika.mk/vesti/kultura/so-otvoranje-na-multikulturniot-centar-kje-zapochne-vevchanskiot-karneval-predviden-nastap-na-domashni-izveduvachi/ Fri, 07 Jan 2022 14:14:11 +0000 https://republika.mk/?p=441684

Во рамките на манифестацијата Вевчански карневал, која, како што информира градоначалникот Спасе Кочовски, почнува на 12 јануари со отворање на мултикултурниот центар „Коста Србакоски“, вечерта настап ќе имаат охридскиот ди-џеј Фејс и Жаре бербер. Следниот ден, на 13 јануари, настап ќе има и локалниот уметник Перо Бели.

Годинава решивме на Вевчанскиот карневал да настапат македонски изведувачи, со што ќе ги поддржиме нашите уметници, истакна Кочовски.

Со настап на Елена Јовчевска, Сања Ристеска и Дамјан Стојаноски и спектакуларен огномет, во рамките на манифестацијата, вевчанци на 13 јануари, ќе ја испратат старата и ќе ја дочекаат новата година според стариот Јулијански календар.

Дел од програмата, според Кочовски е и изложбата со фотографии и уметнички слики од повеќе македонски автори во Мултикултурниот центар.

Иако Свети Васлилиј, годинава е во работен ден очекуваме голема посетеност, како на карневалското дефиле, така и на забавниот дел од манифестацијата. Ќе понудиме добра забава, што ќе ја надополни туристичката понуда на Вевчани. Апелирам до вевчанци и гостите да ги почитуваат препораките за заштита од Ковид – 19, да држат соодветно растојание и да носат заштитни маски, истaкна Кочовски.

Според традицијата, Вевчанскиот карневал почнува на 13 јануари напладне со дефиле на маски на двете василичарски друштва Горна и Долна маала.

Манифестацијата завршува со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, на 14 јануари.

The post Со отворање на Мултикултурниот центар ќе започне Вевчанскиот карневал, предвиден настап на домашни изведувачи appeared first on Република.

]]>

Во рамките на манифестацијата Вевчански карневал, која, како што информира градоначалникот Спасе Кочовски, почнува на 12 јануари со отворање на мултикултурниот центар „Коста Србакоски“, вечерта настап ќе имаат охридскиот ди-џеј Фејс и Жаре бербер. Следниот ден, на 13 јануари, настап ќе има и локалниот уметник Перо Бели.
Годинава решивме на Вевчанскиот карневал да настапат македонски изведувачи, со што ќе ги поддржиме нашите уметници, истакна Кочовски.
Со настап на Елена Јовчевска, Сања Ристеска и Дамјан Стојаноски и спектакуларен огномет, во рамките на манифестацијата, вевчанци на 13 јануари, ќе ја испратат старата и ќе ја дочекаат новата година според стариот Јулијански календар. Дел од програмата, според Кочовски е и изложбата со фотографии и уметнички слики од повеќе македонски автори во Мултикултурниот центар.
Иако Свети Васлилиј, годинава е во работен ден очекуваме голема посетеност, како на карневалското дефиле, така и на забавниот дел од манифестацијата. Ќе понудиме добра забава, што ќе ја надополни туристичката понуда на Вевчани. Апелирам до вевчанци и гостите да ги почитуваат препораките за заштита од Ковид – 19, да држат соодветно растојание и да носат заштитни маски, истaкна Кочовски.
Според традицијата, Вевчанскиот карневал почнува на 13 јануари напладне со дефиле на маски на двете василичарски друштва Горна и Долна маала. Манифестацијата завршува со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, на 14 јануари.

The post Со отворање на Мултикултурниот центар ќе започне Вевчанскиот карневал, предвиден настап на домашни изведувачи appeared first on Република.

]]>