вето Archives - Република https://republika.mk/tema/veto/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Apr 2024 07:54:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вето Archives - Република https://republika.mk/tema/veto/ 32 32 САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН https://republika.mk/vesti/svet/sad-stavija-veto-na-priemot-na-palestina-vo-on/ Fri, 19 Apr 2024 07:54:22 +0000 https://republika.mk/?p=767877

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како членка на ОН“.

Воздржани беа Велика Британија и Швајцарија, а „за“ гласаа Словенија, Сиера Леоне, Русија, Јужна Кореја, Мозамбик, Малта, Јапонија, Франција, Гвајана, Еквадор, Кина и Алжир.

Претходно вчера, заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател, потврди дека Вашингтон ќе стави вето на гласањето во Советот за безбедност на ОН, наведувајќи дека нема едногласно мислење меѓу членовите на комитетот за тоа дали Палестинците ги исполнуваат критериумите неопходни за да бидат дефинирани како држава.

Палестинската управа (ПА) го осуди потегот, нарекувајќи го „нефер, неетички и неоправдан“.

Кабинетот на претседателот на палестинската управа Махмуд Абас го нарече американското вето „еклатантна агресија … туркање на регионот преку работ“.

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац го пофали американското вето, додавајќи: „Срамниот предлог беше отфрлен. Тероризмот нема да биде награден“.

The post САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН appeared first on Република.

]]>

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како членка на ОН“. Воздржани беа Велика Британија и Швајцарија, а „за“ гласаа Словенија, Сиера Леоне, Русија, Јужна Кореја, Мозамбик, Малта, Јапонија, Франција, Гвајана, Еквадор, Кина и Алжир. Претходно вчера, заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател, потврди дека Вашингтон ќе стави вето на гласањето во Советот за безбедност на ОН, наведувајќи дека нема едногласно мислење меѓу членовите на комитетот за тоа дали Палестинците ги исполнуваат критериумите неопходни за да бидат дефинирани како држава. Палестинската управа (ПА) го осуди потегот, нарекувајќи го „нефер, неетички и неоправдан“. Кабинетот на претседателот на палестинската управа Махмуд Абас го нарече американското вето „еклатантна агресија … туркање на регионот преку работ“. Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац го пофали американското вето, додавајќи: „Срамниот предлог беше отфрлен. Тероризмот нема да биде награден“.

The post САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН appeared first on Република.

]]>
Грција ќе стави вето за почеток на преговорите на Албанија со ЕУ https://republika.mk/vesti/balkan/grtsija-ke-stavi-veto-za-pochetok-na-pregovorite-na-albanija-so-eu/ Sat, 11 Nov 2023 19:17:48 +0000 https://republika.mk/?p=700601

Грција ќе стави вето за почетокот на преговорите со Албанија, објави весникот „Катимерини“.

На декемврискиот Самит на ЕУ Грција нема да дозволи отварање на првите поглавја со Албанија. Весникот пишува дека планот бил покрај Албанија и Македонија да ги почне преговорите но сега и двете земји ќе имаат вето од Грција и од Бугарија.

Причината за вето е поради кршење на правата на затворениот градоначалник на Хеимара, Фреди Белерис на кого Грција смета дека му се загрозени човековите права.

Албанските власти го уапсија Фреди Белерис, градоначалник на албанскиот град Химара кој е етнички Грк. Како резултат на влошувањето на односите меѓу двете земји, Грција одбила да даде согласност за отворање на првата транша средства кои Албанија ги очекува по почнување на преговорите.
Албанија се надева дека до крајот на годинава ќе може да ги почне преговорите со ЕУ, независно од тоа дали Македонија во меѓувреме ќе успее да ги надмине бугарските пречки за истиот чекор.
Албанија и Македонија се сметаат како дел од група во ЕУ интеграциите, и се очекуваше дека вето за Македонија ќе значи вето и за Албанија. Поради новиот интерес од страна на ЕУ за проширување, со давањето на кандидатски статус на Украина и Молдавија, Албанија се понадева дека ќе ги почне преговорите, но можно е Грција да и застане на патот.
Градоначалникот Беларис е обвинет за корупција, а во меѓувреме албанските власти не му дозволуваат да ја преземе функцијата на која што беше избран. Химара е мнозински грчки град на југот на Албанија, и Грција има силен интерес во тамошните настани.
Грчкиот весник Катимерини, кој извести за овој потег на Грција, го најавува блокирањето на финансиските средства на Албанија како „прва грчка блокада“ на Албанија во ЕУ. Весникот најавува дека се можни и натамошни чекори, кои ќе зависат од однесувањето на Албанија.

The post Грција ќе стави вето за почеток на преговорите на Албанија со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Грција ќе стави вето за почетокот на преговорите со Албанија, објави весникот „Катимерини“. На декемврискиот Самит на ЕУ Грција нема да дозволи отварање на првите поглавја со Албанија. Весникот пишува дека планот бил покрај Албанија и Македонија да ги почне преговорите но сега и двете земји ќе имаат вето од Грција и од Бугарија. Причината за вето е поради кршење на правата на затворениот градоначалник на Хеимара, Фреди Белерис на кого Грција смета дека му се загрозени човековите права.
Албанските власти го уапсија Фреди Белерис, градоначалник на албанскиот град Химара кој е етнички Грк. Како резултат на влошувањето на односите меѓу двете земји, Грција одбила да даде согласност за отворање на првата транша средства кои Албанија ги очекува по почнување на преговорите.
Албанија се надева дека до крајот на годинава ќе може да ги почне преговорите со ЕУ, независно од тоа дали Македонија во меѓувреме ќе успее да ги надмине бугарските пречки за истиот чекор.
Албанија и Македонија се сметаат како дел од група во ЕУ интеграциите, и се очекуваше дека вето за Македонија ќе значи вето и за Албанија. Поради новиот интерес од страна на ЕУ за проширување, со давањето на кандидатски статус на Украина и Молдавија, Албанија се понадева дека ќе ги почне преговорите, но можно е Грција да и застане на патот.
Градоначалникот Беларис е обвинет за корупција, а во меѓувреме албанските власти не му дозволуваат да ја преземе функцијата на која што беше избран. Химара е мнозински грчки град на југот на Албанија, и Грција има силен интерес во тамошните настани.
Грчкиот весник Катимерини, кој извести за овој потег на Грција, го најавува блокирањето на финансиските средства на Албанија како „прва грчка блокада“ на Албанија во ЕУ. Весникот најавува дека се можни и натамошни чекори, кои ќе зависат од однесувањето на Албанија.
 
The post Грција ќе стави вето за почеток на преговорите на Албанија со ЕУ appeared first on Република.

]]>
Ескобар: Бугарија нема да додаде повеќе услови за Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/eskobar-bugarija-nema-da-dodade-poveke-uslovi-za-severna-makedonija/ Sat, 04 Nov 2023 12:53:04 +0000 https://republika.mk/?p=698149

Бугарија нема да даде нови услови за целосна интеграција на Македонија во Европската унија, уверува заменик-помошникот државен секретар на САД задолжен за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Тој во телефонско интервју за Гласот на Америка на македонски, рече дека бугарските колеги го увериле оти немаат намера да додадат повеќе услови за Македонија на патот кон ЕУ и нагласи дека не се работи за гаранции, туку само за уверување од Бугарија оти сакала да го види регионот да се движи напред на европскиот пат.

Имав разговори со моите бугарски колеги и тие ме уверија дека немаат намера да додадат повеќе услови. Тие би сакале да видат напредок на патоказот што веќе е таму. И сакаме да бидеме сигурни дека можеме да работиме со сите страни за да осигураме дека тие услови се исполнети. Но, тоа треба да биде, да остане засновано на факти и вкоренето во постоечките обврски, за да осигураме дека Македонија ќе може да се движи напред во пристапниот процес, вели Ескобар во интервјуто.

На прашањето на Гласот на Америка - Значи нема да има ново вето ако другите услови се исполнат? Ескобар рече „Јас тоа така го протолкував“.

На прашањето дали САД се загрижени ако уставните измени бидат изгласани на сметка на поткопување на владеење на правото и правдата, со оглед на тоа што некои медиумски извештаи сугерираа оти намалувањето на затворските казни за функционерите било направено со цел да се обезбедат гласови за уставните измени, Ескобар рече дека нема да шпекулира за тоа што се случува на внатрешен план.

Тоа е на луѓето на Македонија да го одлучат. Сакам да бидам многу јасен дека нашиот став е дека секоја земја што влегува во Европската Унија е попросперитетна, подемократска и постабилна, поради посветеноста на вредностите и посветеноста на владеењето на правото. А оние реформи што се потребни за членство во ЕУ треба да се одржат, тие треба да бидат целта кон која се стреми Македонија, а не за домашна политичка добивка на која било од страните. Ние ќе продолжиме да стоиме покрај оние луѓе кои сакаат реформи и кои сакаат да ги исполнат европските барања, посочи Ескобар.

Според него, предизвиците со владеење на правото и корупцијата се веројатно најголемиот проблем на Западен Балкан.

Затоа, ние постојано ги охрабруваме владите да направат повеќе за да поттикнат исполнување на реформите и ги охрабруваме лидерите и во парламентите, и во владите, да покажат конкретни резултати во борбата против корупцијата и зајакнување на институциите, кои се основата на владеење на правото, рече Ескобар.

Истакна дека санкциите на САД против корумпираните актери се многу ефективни и може да се очекуваат повеќе.

На прашањето дали САД имаат партнери во земјава за заедничка борба против корупцијата, со оглед на тоа што лица што се на црна листа на САД дома добија намалени казни и рокови за застарување на кривични дела, рече дека санкциите се исклучително ефикасни.

Санкциите се исклучително ефикасни, поради што сите се плашат од нив и затоа се важна алатка за американската влада во помагањето во борбата против корупцијата. Значи, со или без партнери во регионот, санкциите ќе продолжат и тие ќе направат разлика. Можам да ви кажам дека во целиот регион имаме партнери кои се подготвени да работат со нас за да ги унапредиме целите за борбата против корупцијата и подобрување на примената на владеењето на правото, истакна Ескобар.

Тој додаде дека Македонија и остатокот од регионот „знаат дека таа борба против корупцијата, тоа зацврстување на владеење на правото треба да продолжи.

Мислам дека во некои земји движењето е премногу бавно. Но, ние сакаме да соработуваме со тие земји за да го подобриме. И тоа ја вклучува и Македонија. Мораме да бидеме многу јасни дека ова е проблем што го засега целиот регион, а не само една или две земји, посочи Ескобар.

The post Ескобар: Бугарија нема да додаде повеќе услови за Македонија appeared first on Република.

]]>

Бугарија нема да даде нови услови за целосна интеграција на Македонија во Европската унија, уверува заменик-помошникот државен секретар на САД задолжен за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Тој во телефонско интервју за Гласот на Америка на македонски, рече дека бугарските колеги го увериле оти немаат намера да додадат повеќе услови за Македонија на патот кон ЕУ и нагласи дека не се работи за гаранции, туку само за уверување од Бугарија оти сакала да го види регионот да се движи напред на европскиот пат.
Имав разговори со моите бугарски колеги и тие ме уверија дека немаат намера да додадат повеќе услови. Тие би сакале да видат напредок на патоказот што веќе е таму. И сакаме да бидеме сигурни дека можеме да работиме со сите страни за да осигураме дека тие услови се исполнети. Но, тоа треба да биде, да остане засновано на факти и вкоренето во постоечките обврски, за да осигураме дека Македонија ќе може да се движи напред во пристапниот процес, вели Ескобар во интервјуто.
На прашањето на Гласот на Америка - Значи нема да има ново вето ако другите услови се исполнат? Ескобар рече „Јас тоа така го протолкував“. На прашањето дали САД се загрижени ако уставните измени бидат изгласани на сметка на поткопување на владеење на правото и правдата, со оглед на тоа што некои медиумски извештаи сугерираа оти намалувањето на затворските казни за функционерите било направено со цел да се обезбедат гласови за уставните измени, Ескобар рече дека нема да шпекулира за тоа што се случува на внатрешен план.
Тоа е на луѓето на Македонија да го одлучат. Сакам да бидам многу јасен дека нашиот став е дека секоја земја што влегува во Европската Унија е попросперитетна, подемократска и постабилна, поради посветеноста на вредностите и посветеноста на владеењето на правото. А оние реформи што се потребни за членство во ЕУ треба да се одржат, тие треба да бидат целта кон која се стреми Македонија, а не за домашна политичка добивка на која било од страните. Ние ќе продолжиме да стоиме покрај оние луѓе кои сакаат реформи и кои сакаат да ги исполнат европските барања, посочи Ескобар.
Според него, предизвиците со владеење на правото и корупцијата се веројатно најголемиот проблем на Западен Балкан.
Затоа, ние постојано ги охрабруваме владите да направат повеќе за да поттикнат исполнување на реформите и ги охрабруваме лидерите и во парламентите, и во владите, да покажат конкретни резултати во борбата против корупцијата и зајакнување на институциите, кои се основата на владеење на правото, рече Ескобар.
Истакна дека санкциите на САД против корумпираните актери се многу ефективни и може да се очекуваат повеќе. На прашањето дали САД имаат партнери во земјава за заедничка борба против корупцијата, со оглед на тоа што лица што се на црна листа на САД дома добија намалени казни и рокови за застарување на кривични дела, рече дека санкциите се исклучително ефикасни.
Санкциите се исклучително ефикасни, поради што сите се плашат од нив и затоа се важна алатка за американската влада во помагањето во борбата против корупцијата. Значи, со или без партнери во регионот, санкциите ќе продолжат и тие ќе направат разлика. Можам да ви кажам дека во целиот регион имаме партнери кои се подготвени да работат со нас за да ги унапредиме целите за борбата против корупцијата и подобрување на примената на владеењето на правото, истакна Ескобар.
Тој додаде дека Македонија и остатокот од регионот „знаат дека таа борба против корупцијата, тоа зацврстување на владеење на правото треба да продолжи.
Мислам дека во некои земји движењето е премногу бавно. Но, ние сакаме да соработуваме со тие земји за да го подобриме. И тоа ја вклучува и Македонија. Мораме да бидеме многу јасни дека ова е проблем што го засега целиот регион, а не само една или две земји, посочи Ескобар.
 
The post Ескобар: Бугарија нема да додаде повеќе услови за Македонија appeared first on Република.

]]>
Димитров: Се предлага укинување на ветото во ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrov-se-predlaga-ukinuvane-na-vetoto-vo-eu/ Tue, 19 Sep 2023 09:43:10 +0000 https://republika.mk/?p=683097

Во француско-германскиот експертски извештај за реформирана и проширена ЕУ, што денес се презентира пред Советот за општи работи (ГАК) се предлага укинување на ветото односно воведување квалификувано мнозинство наместо консензус сè до последниот чин во процесот - зачленувањето, соопшти денеска поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, споделувајќи го извештајот.

The post Димитров: Се предлага укинување на ветото во ЕУ appeared first on Република.

Пендаровски да го искористи правото на вето, бара Платформата на граѓански организации за борба против корупција https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-da-go-iskoristi-pravoto-na-veto-bara-platformata-na-graganski-organizatsii-za-borba-protiv-koruptsija/ Thu, 07 Sep 2023 10:30:38 +0000 https://republika.mk/?p=679655

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата денеска побара од Претседателот на државата Стево Пендаровски да го искористи уставно загарантираното право на вето, и да не го потпише указот за прогласување на измените на Кривичниот законик кои вчера, на 6 септември 2023 ги усвои Собранието.

Платформата нагласува дека има две причини зошто Претседателот Пендаровски има должност да го искористи ветото.

Првата причина е дека со измените на членовите 353 и 353-в, предложеното намалување на казните ќе резултира со:

  1. Застарување на многу случаи од висок профил како Титаник, Таргет/Тврдина, ТНТ, Титаник 2, Трезор, Талир, Шпански скали и Траекторија, како и други случаи од понизок профил.
  2. Ќе ја урниса довербата дека борбата против корупцијата е можна, и ќе ги демотивира граѓаните да пријавуваат корупција
  3. Ќе ја намали превентивната функција на системот на кривична правда.

Втората причина е поврзана со процедуралните недоследности, во кои измените на овие два члена се разгледувани со специјална и кратка процедура под капата на европско знаменце, иако според постоечките кореспондентни табели не се усогласуваат со европското право. На тој начин, се изигруваат скратените процедури и Собранието не ја исполнува својата должност на делиберација по нормите кои ги носи.

Претставниците на граѓанските организации членки на Платформата доставија и официјално писмено барање до Претседателот Пендаровски.

The post Пендаровски да го искористи правото на вето, бара Платформата на граѓански организации за борба против корупција appeared first on Република.

]]>

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата денеска побара од Претседателот на државата Стево Пендаровски да го искористи уставно загарантираното право на вето, и да не го потпише указот за прогласување на измените на Кривичниот законик кои вчера, на 6 септември 2023 ги усвои Собранието. Платформата нагласува дека има две причини зошто Претседателот Пендаровски има должност да го искористи ветото. Првата причина е дека со измените на членовите 353 и 353-в, предложеното намалување на казните ќе резултира со:
  1. Застарување на многу случаи од висок профил како Титаник, Таргет/Тврдина, ТНТ, Титаник 2, Трезор, Талир, Шпански скали и Траекторија, како и други случаи од понизок профил.
  2. Ќе ја урниса довербата дека борбата против корупцијата е можна, и ќе ги демотивира граѓаните да пријавуваат корупција
  3. Ќе ја намали превентивната функција на системот на кривична правда.
Втората причина е поврзана со процедуралните недоследности, во кои измените на овие два члена се разгледувани со специјална и кратка процедура под капата на европско знаменце, иако според постоечките кореспондентни табели не се усогласуваат со европското право. На тој начин, се изигруваат скратените процедури и Собранието не ја исполнува својата должност на делиберација по нормите кои ги носи. Претставниците на граѓанските организации членки на Платформата доставија и официјално писмено барање до Претседателот Пендаровски.

The post Пендаровски да го искористи правото на вето, бара Платформата на граѓански организации за борба против корупција appeared first on Република.

]]>
Кратко траеше радоста на власта: ЕУ бара да не се шпекулира со датуми за прием https://republika.mk/vesti/makedonija/kratko-traeshe-radosta-na-vlasta-eu-bara-da-ne-se-shpekulira-so-datumi-za-priem/ Tue, 29 Aug 2023 13:58:24 +0000 https://republika.mk/?p=676989

Кратко траеше радоста на власта по изјавата на претседателот на Европкиот совет Шарл Мишел дека во 2030 година може да има проширување со нови членки.

Од Европската комисија велат дека не сакаат сака да ја коментира изјавата на претседателот на Советот.

Портпаролката на Европската комисија Дана Спинант денеска рече дека не знае дали Мишел се консултирал со ЕК за говорот. Сепак, таа кажа дека проширувањето е политички приоритет за комисијата, но не сака да шпекулира со датуми.

„Секогаш велиме дека проширувањето е процес заснован на постигнувања, што значи дека кандидатите треба да влезат во Европската унија кога ќе бидат подготвени“, рече таа.
Овој став на Комисијата е речиси ист како на претседателот на Франција Емануел Макрон дека ЕУ прво треба да се реформира па да прима нови членки и оти можеби треба да се размислува за Унија во повеќе брзини.

The post Кратко траеше радоста на власта: ЕУ бара да не се шпекулира со датуми за прием appeared first on Република.

]]>

Кратко траеше радоста на власта по изјавата на претседателот на Европкиот совет Шарл Мишел дека во 2030 година може да има проширување со нови членки. Од Европската комисија велат дека не сакаат сака да ја коментира изјавата на претседателот на Советот. Портпаролката на Европската комисија Дана Спинант денеска рече дека не знае дали Мишел се консултирал со ЕК за говорот. Сепак, таа кажа дека проширувањето е политички приоритет за комисијата, но не сака да шпекулира со датуми.
„Секогаш велиме дека проширувањето е процес заснован на постигнувања, што значи дека кандидатите треба да влезат во Европската унија кога ќе бидат подготвени“, рече таа.
Овој став на Комисијата е речиси ист како на претседателот на Франција Емануел Макрон дека ЕУ прво треба да се реформира па да прима нови членки и оти можеби треба да се размислува за Унија во повеќе брзини.

The post Кратко траеше радоста на власта: ЕУ бара да не се шпекулира со датуми за прием appeared first on Република.

]]>
Ни следува ново вето, ова со Бугарија е гола вода – предупредува екс обвинителот Димоски https://republika.mk/vesti/makedonija/ni-sleduva-novo-veto-ova-so-bugarija-e-gola-voda-predupreduva-eks-obvinitelot-dimoski/ Thu, 08 Jun 2023 17:20:53 +0000 https://republika.mk/?p=649333

Поранешниот обвинител Војо Димоски на Фејсбук предупреди дека на Македонија можеби ѝ се заканува ново вето од Холандија поради „урнисаното судство“ додека бугарското вето е „гола вода“ во споредба со тоа.

Непотребно ширите паника дека ќе ни се затворела вратата во ЕУ ако не прифатиме промена на уставот под диктат на Бугарија. Тоа е гола вода наспроти блокадата која (со полно право!) ќе следи од Холандија, а која ќе базира на руината од правосуден систем која овде се негува. Не заборавивте белким на урнисаното и подјармено Обвинителство, изгубениот во Вселената персонал на судскиот и обвинителскиот совет, деградираниот Уставен суд… Ова бачило, вакво сирење дават!“, порача тој.

The post Ни следува ново вето, ова со Бугарија е гола вода – предупредува екс обвинителот Димоски appeared first on Република.

]]>

Поранешниот обвинител Војо Димоски на Фејсбук предупреди дека на Македонија можеби ѝ се заканува ново вето од Холандија поради „урнисаното судство“ додека бугарското вето е „гола вода“ во споредба со тоа. Непотребно ширите паника дека ќе ни се затворела вратата во ЕУ ако не прифатиме промена на уставот под диктат на Бугарија. Тоа е гола вода наспроти блокадата која (со полно право!) ќе следи од Холандија, а која ќе базира на руината од правосуден систем која овде се негува. Не заборавивте белким на урнисаното и подјармено Обвинителство, изгубениот во Вселената персонал на судскиот и обвинителскиот совет, деградираниот Уставен суд… Ова бачило, вакво сирење дават!“, порача тој.

The post Ни следува ново вето, ова со Бугарија е гола вода – предупредува екс обвинителот Димоски appeared first on Република.

]]>
Нехамер го потврди ветото за Шенген за Бугарија и Романија https://republika.mk/vesti/svet/nehamer-go-potvrdi-vetoto-za-shengen-za-bugarija-i-romanija/ Wed, 15 Feb 2023 12:09:02 +0000 https://republika.mk/?p=609287

Австрискиот канцелар Карл Нехамер во вторникот во разговор со австриските новинари го потврди својот став во однос на наметнатото вето против проширувањето на Шенген зоната со Бугарија и Романија.

Ветото ќе остане на сила се додека системот е „нефункционален“, рече Нехамер, потсетувајќи на барањата за статус на бегалец поднесени во Австрија од 75.000 нерегистрирани мигранти кои ја преминале надворешната граница на Европската унија долго пред да влезат во Австрија.

Нехамер укажа и на сè уште постојната германска гранична контрола долж границата со Австрија. Тој ги отфрли обвинувањата за несолидарност.

Канцеларот потсети дека едно време Германија го блокирала влезот на Австрија во Шенген со аргумент дека Австрија не е во состојба да ја заштити надворешната граница. Тој изјави дека Австрија тогаш не била загрижена, туку работела на ова прашање за да ја добие довербата на Германија.

The post Нехамер го потврди ветото за Шенген за Бугарија и Романија appeared first on Република.

]]>

Австрискиот канцелар Карл Нехамер во вторникот во разговор со австриските новинари го потврди својот став во однос на наметнатото вето против проширувањето на Шенген зоната со Бугарија и Романија. Ветото ќе остане на сила се додека системот е „нефункционален“, рече Нехамер, потсетувајќи на барањата за статус на бегалец поднесени во Австрија од 75.000 нерегистрирани мигранти кои ја преминале надворешната граница на Европската унија долго пред да влезат во Австрија. Нехамер укажа и на сè уште постојната германска гранична контрола долж границата со Австрија. Тој ги отфрли обвинувањата за несолидарност. Канцеларот потсети дека едно време Германија го блокирала влезот на Австрија во Шенген со аргумент дека Австрија не е во состојба да ја заштити надворешната граница. Тој изјави дека Австрија тогаш не била загрижена, туку работела на ова прашање за да ја добие довербата на Германија.

The post Нехамер го потврди ветото за Шенген за Бугарија и Романија appeared first on Република.

]]>
Слави Трифонов пак би ставил вето на Македонија за влез во ЕУ, ако некој него го прашува https://republika.mk/vesti/balkan/slavi-trifonov-pak-bi-stavil-veto-na-makedonija-za-vlez-vo-eu-ako-nekoj-nego-go-prashuva/ Mon, 13 Feb 2023 09:29:22 +0000 https://republika.mk/?p=608289

Слави Трифонов, претседателот на бугарската партија „Има таков народ“, пак би ставил вето на Македонија за влез во Европската унија, ако некој него го прашува. Во интервју за БНР за претстојните парламентарни избори во Бугарија тој коментираше и за, како што беше најавено, прашањето „Македонија“.

Луѓето се убедија дека таканаречените Македонци дејствуваат само кога се притиснати до ѕид. Инаку, гледате што прават. Тоа е многу тажно, изјави Трифонов.

На прашањето дали Бугарија има механизам да ги притисне до ѕид, тој вели дека ако зависи од него, ќе направи сѐ што е можно да ги притисне и додаде дека треба „задолжително вето…задолжително за нивниот влез во ЕУ“.

Инаку, Трифонов и неговата партија на последните избори не успеаја да го преминат изборниот праг и не влегоа во бугарското Народно собрание.

The post Слави Трифонов пак би ставил вето на Македонија за влез во ЕУ, ако некој него го прашува appeared first on Република.

]]>

Слави Трифонов, претседателот на бугарската партија „Има таков народ“, пак би ставил вето на Македонија за влез во Европската унија, ако некој него го прашува. Во интервју за БНР за претстојните парламентарни избори во Бугарија тој коментираше и за, како што беше најавено, прашањето „Македонија“.
Луѓето се убедија дека таканаречените Македонци дејствуваат само кога се притиснати до ѕид. Инаку, гледате што прават. Тоа е многу тажно, изјави Трифонов.
На прашањето дали Бугарија има механизам да ги притисне до ѕид, тој вели дека ако зависи од него, ќе направи сѐ што е можно да ги притисне и додаде дека треба „задолжително вето…задолжително за нивниот влез во ЕУ“. Инаку, Трифонов и неговата партија на последните избори не успеаја да го преминат изборниот праг и не влегоа во бугарското Народно собрание.

The post Слави Трифонов пак би ставил вето на Македонија за влез во ЕУ, ако некој него го прашува appeared first on Република.

]]>
Ќучук: Враќањето на ветото би било огромна грешка https://republika.mk/vesti/makedonija/kuchuk-vrakaneto-na-vetoto-bi-bilo-ogromna-greshka/ Wed, 25 Jan 2023 10:47:16 +0000 https://republika.mk/?p=600801

Враќањето на ветото за Скопје би било огромна грешка и ќе ги влоши булатералните односи, смета бугарскиот европратеник и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

Тоа би била огромна грешка. Ветото на ниту еден начин не влијаеше позитивно на добрососедските односи. Сосема спротивно. Почнаа провокации, повеќе или помалку, токму од ставањето на ветото, изјави Ќучук за БНР.

Според него, тоа што му се случи на Христијан Пендиков е за осуда и тоа го кажале и европските институции. Тој ја оценува тензијата меѓу двете земји како висока која се шири во многу правци и смета дека билатерално ќе има многу бурна непродуктивна година.

Тој го нагласува и механизмот за следење и „мерење“ на говорот на омраза, посочувајќи дека министерот за надворешни работи на  Македонија, Бујар Османи, формира „голем тим, во кој ќе има и претставници на бугарската заедница“.

На прашањето како Брисел ќе реагира доколку Скопје ги спречи бугарските европратеници, политичари и јавни личности да присуствуваат на настани поврзани со Гоце Делчев на почетокот на февруари, Илхан Ќучук вели дека „нема шанси европските институции да поддржат такво однесување од страна на македонските власти“, додавајќи дека „ниту Брисел, ниту Стразбур може да го прифатат тоа како нормален пристап“.

Не можеме да гледаме изолирано на работите. Треба да бараме механизми кои ќе бидат одржливи. Мора да има механизми за следење во рамките на билатералните односи. Има многу примери на земји со тешки историски односи – Словенија и Хрватска, Словенија и Италија. Од гледна точка на историската меморија, ова не е нешто ново, истакна Ќучук.

Изјавата на Ќучук следи по најавата на бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков по средбата на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ во понеделникот дека не е исклучена можноста од ново вето од Бугарија за земјава, додавајќи оти се надева дека тоа сепак нема да се случи.

Во врска со ова прашање се огласи и европратеникот Ангел Џамбаски, кој по предлогот на претседателот Стево Пендаровски за прогласување на персона нон-грата еден пратеник во Европскиот парламент и уште неколку лица кои работат на нарушување на односите меѓу  Македонија и Бугарија, во објава на Фејсбук побара „враќање на ветото“ за земјава.

Вратете го ветото. Антибугарска, антиевропска, болшевичка, тоталитарна терористичка власт во РСМ треба да биде објавена за „персона нон-грата во Европската Унија“. Македонија била и ќе биде бугарска. Република  Македонија е нешто друго, напиша Џамбаски на Фејсбук.

The post Ќучук: Враќањето на ветото би било огромна грешка appeared first on Република.

]]>

Враќањето на ветото за Скопје би било огромна грешка и ќе ги влоши булатералните односи, смета бугарскиот европратеник и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук. Тоа би била огромна грешка. Ветото на ниту еден начин не влијаеше позитивно на добрососедските односи. Сосема спротивно. Почнаа провокации, повеќе или помалку, токму од ставањето на ветото, изјави Ќучук за БНР. Според него, тоа што му се случи на Христијан Пендиков е за осуда и тоа го кажале и европските институции. Тој ја оценува тензијата меѓу двете земји како висока која се шири во многу правци и смета дека билатерално ќе има многу бурна непродуктивна година. Тој го нагласува и механизмот за следење и „мерење“ на говорот на омраза, посочувајќи дека министерот за надворешни работи на  Македонија, Бујар Османи, формира „голем тим, во кој ќе има и претставници на бугарската заедница“. На прашањето како Брисел ќе реагира доколку Скопје ги спречи бугарските европратеници, политичари и јавни личности да присуствуваат на настани поврзани со Гоце Делчев на почетокот на февруари, Илхан Ќучук вели дека „нема шанси европските институции да поддржат такво однесување од страна на македонските власти“, додавајќи дека „ниту Брисел, ниту Стразбур може да го прифатат тоа како нормален пристап“. Не можеме да гледаме изолирано на работите. Треба да бараме механизми кои ќе бидат одржливи. Мора да има механизми за следење во рамките на билатералните односи. Има многу примери на земји со тешки историски односи – Словенија и Хрватска, Словенија и Италија. Од гледна точка на историската меморија, ова не е нешто ново, истакна Ќучук. Изјавата на Ќучук следи по најавата на бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков по средбата на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ во понеделникот дека не е исклучена можноста од ново вето од Бугарија за земјава, додавајќи оти се надева дека тоа сепак нема да се случи. Во врска со ова прашање се огласи и европратеникот Ангел Џамбаски, кој по предлогот на претседателот Стево Пендаровски за прогласување на персона нон-грата еден пратеник во Европскиот парламент и уште неколку лица кои работат на нарушување на односите меѓу  Македонија и Бугарија, во објава на Фејсбук побара „враќање на ветото“ за земјава. Вратете го ветото. Антибугарска, антиевропска, болшевичка, тоталитарна терористичка власт во РСМ треба да биде објавена за „персона нон-грата во Европската Унија“. Македонија била и ќе биде бугарска. Република  Македонија е нешто друго, напиша Џамбаски на Фејсбук.

The post Ќучук: Враќањето на ветото би било огромна грешка appeared first on Република.

]]>
Пeрез: Нема гаранции кои ќе ја заштитат Македонија од бугарско вето https://republika.mk/vesti/makedonija/perez-nema-garancii-koi-kje-ja-zashtitat-makedonija-od-bugarsko-veto/ Tue, 15 Nov 2022 18:29:29 +0000 https://republika.mk/?p=574170

Нема гаранции кои ќе ја заштитат Македонија од бугарско вето на европскиот пат и покрај уставните измени. Ваква порака од Скопје испрати Ираче Гарсија Перез лидерка на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите во Европраламентот.

Перез која дојде во Македонија да даде поддршка за преговорите со ЕУ, им порача на македонските политичари дека не е време за партиски игри и дека уставните измени се од национален интерес.

– Не можам да дадам гаранција за она што бугарската влада ќе го стави на агендата. Не можам да гарантирам за тоа, но можам да гарантирам дека како група ќе работиме во Европскиот Парламент да ги консолидираме овие важни преговори. Важно е да се сфати дека кога зборувате за уставните измени тоа е суверена одлука, избор за граѓаните и за собранието на Македонија. – рече Ираче Гарсија Перез европратеник.

А премиерот Ковачевски и денеска атакуваше врз опозицијата. Со иста порака вината за идно стопирање на европскиот пат и неизгласани уставни измени кажа дека ја гледа во Левица, која според него го држи во заложништво целото ВМРО-ДПМНЕ.

– Вчера кажав, ќе кажам и денес. Најголемата опасност за нашиот пат кон Европската Унија лежи во една политичка партија која што има анти-европска, анти-нато и анти-интеграциона политика со западна Европа. Тоа е Левица и нивниот претседател Димитар Апасиев. Тие веќе го имаат земено во заложништво претседателот на ВМРО ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ, затоа што тој е слаб и без став. – рече Димитар Ковачевски премиер на Македонија.

The post Пeрез: Нема гаранции кои ќе ја заштитат Македонија од бугарско вето appeared first on Република.

]]>

Нема гаранции кои ќе ја заштитат Македонија од бугарско вето на европскиот пат и покрај уставните измени. Ваква порака од Скопје испрати Ираче Гарсија Перез лидерка на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите во Европраламентот. Перез која дојде во Македонија да даде поддршка за преговорите со ЕУ, им порача на македонските политичари дека не е време за партиски игри и дека уставните измени се од национален интерес.
– Не можам да дадам гаранција за она што бугарската влада ќе го стави на агендата. Не можам да гарантирам за тоа, но можам да гарантирам дека како група ќе работиме во Европскиот Парламент да ги консолидираме овие важни преговори. Важно е да се сфати дека кога зборувате за уставните измени тоа е суверена одлука, избор за граѓаните и за собранието на Македонија. – рече Ираче Гарсија Перез европратеник.
А премиерот Ковачевски и денеска атакуваше врз опозицијата. Со иста порака вината за идно стопирање на европскиот пат и неизгласани уставни измени кажа дека ја гледа во Левица, која според него го држи во заложништво целото ВМРО-ДПМНЕ. – Вчера кажав, ќе кажам и денес. Најголемата опасност за нашиот пат кон Европската Унија лежи во една политичка партија која што има анти-европска, анти-нато и анти-интеграциона политика со западна Европа. Тоа е Левица и нивниот претседател Димитар Апасиев. Тие веќе го имаат земено во заложништво претседателот на ВМРО ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ, затоа што тој е слаб и без став. – рече Димитар Ковачевски премиер на Македонија.

The post Пeрез: Нема гаранции кои ќе ја заштитат Македонија од бугарско вето appeared first on Република.

]]>
Нека видат што е вето: Холандскиот Парламент изгласа резолуција против влезот на Бугарија во шенген https://republika.mk/vesti/svet/neka-vidat-shto-e-veto-holandskiot-parlament-izglasa-rezolucija-protiv-vlezot-na-bugarija-vo-shengen/ Fri, 21 Oct 2022 10:43:45 +0000 https://republika.mk/?p=563995

Холандскиот парламент вчера изгласа резолуција против влезот на Бугарија и Романија во Шенген зоната. Гласањето во холандскиот парламент се случи два дена откако Европскиот парламент усвои резолуција да им се дозволи на двете источноевропски земји да ѝ се приклучат на зоната без граници.

Со резолуцијата, холандските пратеници побараа од премиерот Марк Руте да стави вето на влезот на Бугарија и Романија во Шенген, додека не се направи анализа на функционирањето на владеењето на правото и намалувањето на корупцијата и организираниот криминал во двете земји.

Зборувајќи пред бугарските новинари пред неговото пристигнување на Европскиот совет денеска, бугарскиот претседател Румен Радев кажа дека Бугарија станала заложник на внатрешната политика на Холандија.

The post Нека видат што е вето: Холандскиот Парламент изгласа резолуција против влезот на Бугарија во шенген appeared first on Република.

]]>

Холандскиот парламент вчера изгласа резолуција против влезот на Бугарија и Романија во Шенген зоната. Гласањето во холандскиот парламент се случи два дена откако Европскиот парламент усвои резолуција да им се дозволи на двете источноевропски земји да ѝ се приклучат на зоната без граници. Со резолуцијата, холандските пратеници побараа од премиерот Марк Руте да стави вето на влезот на Бугарија и Романија во Шенген, додека не се направи анализа на функционирањето на владеењето на правото и намалувањето на корупцијата и организираниот криминал во двете земји. Зборувајќи пред бугарските новинари пред неговото пристигнување на Европскиот совет денеска, бугарскиот претседател Румен Радев кажа дека Бугарија станала заложник на внатрешната политика на Холандија.

The post Нека видат што е вето: Холандскиот Парламент изгласа резолуција против влезот на Бугарија во шенген appeared first on Република.

]]>
Слави Трифoнов бара Бугарија веднаш да го врати ветото на Македонија за ЕУ https://republika.mk/vesti/balkan/slavi-trifonov-bara-bugarija-vednash-da-go-vrati-vetoto-na-makedonija-za-eu/ Tue, 18 Oct 2022 20:59:20 +0000 https://republika.mk/?p=562737

Новото Народно Собрание треба веднаш да го врати ветото за преговорите на Македонија со ЕУ.

Ова го побара лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов со објава на Фејсбук. Партијата на Трифонов беше главен противник на укинувањето на ветото во претходниот парламент, но не успеа да влезе во новото Народно собрание.

Причина за барањето на Трифонов е неговото тврдење дека на седницата на РСМ е одобрен нов закон за фондации.

Собранието во Македонија едногласно изгласа нов закон за фондации и здруженија. Со овој закон е исполнета целта, а тоа е да се забранат сите бугарски здруженија именувани по херои од нашата историја. Кои, патем, се и херои на нивната нешто подалечна историја. Оти ​​што е Иван Михаилов за Македонија, освен херој?

Прогонот против се што е бугарско во Македонија продолжува со полна сила. И по падот на бугарското вето, тоа доби уште поголеми и грди размери. Што не е изненадување.

Доколку Европската Унија се уште се држи до човечките вредности што ги прокламира, веднаш треба да ја замрзне кандидатурата на Македонија за членство во Унијата. Македонија уште еднаш покажа дека не е земја достојна за унија каде што човековите права и правото на самоопределување се основни.

На Бугарија и е јасно што мора да направи – прво МНР да го повика на објаснување вонредниот и ополномоштен амбасадор на Македонија во нашата земја.

Второ, и најважно – откако ќе почне со работа, новото Народно собрание е должно да го врати ветото на Бугарија против Македонија.

Бугарија е таму каде што има само еден Бугарин. Но, прашањето е – дали во нашиот нов парламент има Бугари кои го разбираат ова и на кои им е грижа? Ќе видиме“, напиша Трифонов на Фејсбук.

The post Слави Трифoнов бара Бугарија веднаш да го врати ветото на Македонија за ЕУ appeared first on Република.

]]>

Новото Народно Собрание треба веднаш да го врати ветото за преговорите на Македонија со ЕУ. Ова го побара лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов со објава на Фејсбук. Партијата на Трифонов беше главен противник на укинувањето на ветото во претходниот парламент, но не успеа да влезе во новото Народно собрание. Причина за барањето на Трифонов е неговото тврдење дека на седницата на РСМ е одобрен нов закон за фондации.
Собранието во Македонија едногласно изгласа нов закон за фондации и здруженија. Со овој закон е исполнета целта, а тоа е да се забранат сите бугарски здруженија именувани по херои од нашата историја. Кои, патем, се и херои на нивната нешто подалечна историја. Оти ​​што е Иван Михаилов за Македонија, освен херој? Прогонот против се што е бугарско во Македонија продолжува со полна сила. И по падот на бугарското вето, тоа доби уште поголеми и грди размери. Што не е изненадување. Доколку Европската Унија се уште се држи до човечките вредности што ги прокламира, веднаш треба да ја замрзне кандидатурата на Македонија за членство во Унијата. Македонија уште еднаш покажа дека не е земја достојна за унија каде што човековите права и правото на самоопределување се основни. На Бугарија и е јасно што мора да направи – прво МНР да го повика на објаснување вонредниот и ополномоштен амбасадор на Македонија во нашата земја. Второ, и најважно – откако ќе почне со работа, новото Народно собрание е должно да го врати ветото на Бугарија против Македонија. Бугарија е таму каде што има само еден Бугарин. Но, прашањето е – дали во нашиот нов парламент има Бугари кои го разбираат ова и на кои им е грижа? Ќе видиме“, напиша Трифонов на Фејсбук.

The post Слави Трифoнов бара Бугарија веднаш да го врати ветото на Македонија за ЕУ appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Најголем хибриден напад кој и се случува на државата е токму владата на СДСМ и ДУИ, предводена од Ковачевски https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-najgolem-hibriden-napad-koj-i-se-sluchuva-na-drzavata-e-tokmu-vladata-na-sdsm-i-dui-predvodena-od-kovachevski/ Sat, 25 Jun 2022 07:06:14 +0000 https://republika.mk/?p=519505

Македонија доживеа тотален дебакл и трајно нарушување на преговарачките позиции со Бугарија заради ненародната и неспособна власт предводена од СДСМ и ДУИ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на СДСМ и ДУИ да каже за каков хибриден напад обвинуваат и зошто истиот не бил спречен. Дали владата на Ковачевски прави дефокус од одговорноста за продажбата на државните интереси? Што точно подразбираат, Османи и Маричиќ под хибриден напад во државата? Доколку навистина имало напад врз државата, доколку како што вели Османи имало хибриден напад мора да има одговорност, бидејќи не било спречено на време и државата била нападната. Додека на Димитар Ковачевски за тоталниот неуспех во преговорите и неуспехот во распродажбата на државните интереси му се виновни експертите и граѓаните, на Бујар Османи и Бојан Маричиќ им е виновен хибридниот напад врз државата.

Најголем хибриден напад кој и се случува на државата е токму владата на СДСМ и ДУИ, предводена од Ковачевски. Вчера и Османи и Маричиќ јавно признаа дека ја лажеа целокупната македонска јавност со денови, дека го немале видено и разгледано францускиот предлог. Токму вчера излезе на виделина она кое што денови го потенцираме, дека Ковачевски, Османи и Маричиќ го преговарале и договарале, повеќе од 6 месеци, овој штетен предлог за Македонија, кој на крај и го прифатиле, за подоцна да се повлечат после притисокот на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните.

Целиот план на Ковачевски, Османи и Маричиќ им бил преку блиц- криг предлогот веднаш да помине во бугарското Собрание, што е одолговлечено поради оставката на бугарската Влада, а потоа и блиц-криг операција за поминување на овој предлог во Македонија, преку креирање на еуфорија за почеток на преговорите.

Одговорност за овој целосен дебакл во процесот за преговори со ЕУ мора да има за Бујар Османи и Бојан Маричиќ, одговорност и оставки за оваа трајна штета во преговарачкиот процес. Изборите се единственото решение - истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Најголем хибриден напад кој и се случува на државата е токму владата на СДСМ и ДУИ, предводена од Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Македонија доживеа тотален дебакл и трајно нарушување на преговарачките позиции со Бугарија заради ненародната и неспособна власт предводена од СДСМ и ДУИ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Владата на СДСМ и ДУИ да каже за каков хибриден напад обвинуваат и зошто истиот не бил спречен. Дали владата на Ковачевски прави дефокус од одговорноста за продажбата на државните интереси? Што точно подразбираат, Османи и Маричиќ под хибриден напад во државата? Доколку навистина имало напад врз државата, доколку како што вели Османи имало хибриден напад мора да има одговорност, бидејќи не било спречено на време и државата била нападната. Додека на Димитар Ковачевски за тоталниот неуспех во преговорите и неуспехот во распродажбата на државните интереси му се виновни експертите и граѓаните, на Бујар Османи и Бојан Маричиќ им е виновен хибридниот напад врз државата.   Најголем хибриден напад кој и се случува на државата е токму владата на СДСМ и ДУИ, предводена од Ковачевски. Вчера и Османи и Маричиќ јавно признаа дека ја лажеа целокупната македонска јавност со денови, дека го немале видено и разгледано францускиот предлог. Токму вчера излезе на виделина она кое што денови го потенцираме, дека Ковачевски, Османи и Маричиќ го преговарале и договарале, повеќе од 6 месеци, овој штетен предлог за Македонија, кој на крај и го прифатиле, за подоцна да се повлечат после притисокот на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните.   Целиот план на Ковачевски, Османи и Маричиќ им бил преку блиц- криг предлогот веднаш да помине во бугарското Собрание, што е одолговлечено поради оставката на бугарската Влада, а потоа и блиц-криг операција за поминување на овој предлог во Македонија, преку креирање на еуфорија за почеток на преговорите.   Одговорност за овој целосен дебакл во процесот за преговори со ЕУ мора да има за Бујар Османи и Бојан Маричиќ, одговорност и оставки за оваа трајна штета во преговарачкиот процес. Изборите се единственото решение - истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Најголем хибриден напад кој и се случува на државата е токму владата на СДСМ и ДУИ, предводена од Ковачевски appeared first on Република.

]]>
Милошоски: По фијаското во Брисел, Ковачевски и Османи би било пожелно да остварат средба со пратеникот Кастриот Реџепи https://republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-po-fijaskoto-vo-brisel-kovachevski-i-osmani-bi-bilo-pozelno-da-ostvarat-sredba-so-pratenikot-kastriot-redzepi/ Fri, 24 Jun 2022 07:07:10 +0000 https://republika.mk/?p=519101

После враќањето од Брисел, каде Македонија го доживеа својот најголем дипломатски неуспех и понижување, МНР Османи би било пожелно да оствари средба со пратеникот Кастриот Реџепи за да ги анализираат сите (не)добиени датуми во декември, јануари, февруари и вчера, за да ја прелистаат уште еднаш фејк иницијативата „Европа21“ која наместо за заштита на евроинтеграциите испадна дека е за да ги заштити владините фотељи, реагира пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

По фијаското во Брисел, Ковачевски и Османи мора да си поднесат оставки, затоа што ги манипулираат граѓаните повеќе од пет години, а исто толку време земјата назадува на секое поле. СДСМ и ДУИ го измамија народот, ја урнисаа економијата и ја понижија државата - реагира Милошоски.

The post Милошоски: По фијаското во Брисел, Ковачевски и Османи би било пожелно да остварат средба со пратеникот Кастриот Реџепи appeared first on Република.

Бугарски „Капитал“: Во петок се очекува исчекор за укинување на ветото на Скопје https://republika.mk/vesti/balkan/bugarski-kapital-vo-petok-se-ochekuva-ischekor-za-ukinuvanje-na-vetoto-na-skopje/ Wed, 22 Jun 2022 09:51:56 +0000 https://republika.mk/?p=518384

Бидејќи во среда се очекува парламентот да одлучи за судбината на кабинетот на Петков, странската комисија мора да донесе еднакво важна одлука – што да прави со случајот Македонија.

Во моментов ситуацијата е следна: самитот на ЕУ, последен за француското претседателство, почнува во четврток. Париз и Емануел Макрон лично го прифатија како причина почетокот на преговорите за членство со Скопје и Тирана, гест што ќе затвори дел од раните на Западен Балкан и ќе ги врзе уште поблиску до ЕУ.

Она што го спречува овој гест е ветото на Софија, која има свои проблеми да ги реши со соседната земја и ја обвинува за непочитување на Договорот за добрососедство од 2017 година.

За да се надмине блокадата, француското претседателство направи нешто што до неодамна се сметаше за незамисливо: предложи да се вклучат некои од барањата на Бугарија во преговарачката рамка што ќе ја отвори Европската комисија со Македонија.

Откако Кирил Петков крена раце по ова прашање и го предаде во парламентот, предлогот, како и одлуката што да се прави со де факто ветото, отиде во комисијата за надворешна политика. Во среда таа може да излезе со став или да не одлучи ништо – дотолку повеќе ако се има предвид очекуваното закажување гласање за недоверба истиот ден.

Засега се чини дека ништо нема да се случи со самата комисија. Што значи дека на самитот Бугарија нема да каже „да“ или „не“ на предлогот.
Сепак, можно е до крајот на неделата да има поместување на случајот. Пратениците од владејачките фракции размислуваат да поднесат декларација до парламентот во петок, слична на онаа за воена помош за Украина, во која пратениците велат дека Националното собрание се обединува околу одлуката за деблокирање на процесот за почеток на преговорите за членство на Македонија ЕУ. Ваквата декларација би ги одврзала рацете на секој премиер да го укине ветото.

Сепак, има нејаснотии – прво нема одлука кој увозник. Второ и поважно, дали владата ќе успее да собере мнозинство за да донесе ваква декларација.

Три политички сили во парламентот остро се против укинувањето на ветото – ИТН, Вазраждане и една од владејачките партии – БСП. Од другите две владејачки партии – ПП и „Демократска Бугарија“ се надеваат на поддршка од ГЕРБ или МРФ, доколку се изгласа документот. Засега од МРФ велат дека немаат одлука за ова прашање и ќе чекаат да помине гласањето за недоверба.

The post Бугарски „Капитал“: Во петок се очекува исчекор за укинување на ветото на Скопје appeared first on Република.

]]>

Бидејќи во среда се очекува парламентот да одлучи за судбината на кабинетот на Петков, странската комисија мора да донесе еднакво важна одлука – што да прави со случајот Македонија. Во моментов ситуацијата е следна: самитот на ЕУ, последен за француското претседателство, почнува во четврток. Париз и Емануел Макрон лично го прифатија како причина почетокот на преговорите за членство со Скопје и Тирана, гест што ќе затвори дел од раните на Западен Балкан и ќе ги врзе уште поблиску до ЕУ. Она што го спречува овој гест е ветото на Софија, која има свои проблеми да ги реши со соседната земја и ја обвинува за непочитување на Договорот за добрососедство од 2017 година. За да се надмине блокадата, француското претседателство направи нешто што до неодамна се сметаше за незамисливо: предложи да се вклучат некои од барањата на Бугарија во преговарачката рамка што ќе ја отвори Европската комисија со Македонија. Откако Кирил Петков крена раце по ова прашање и го предаде во парламентот, предлогот, како и одлуката што да се прави со де факто ветото, отиде во комисијата за надворешна политика. Во среда таа може да излезе со став или да не одлучи ништо – дотолку повеќе ако се има предвид очекуваното закажување гласање за недоверба истиот ден. Засега се чини дека ништо нема да се случи со самата комисија. Што значи дека на самитот Бугарија нема да каже „да“ или „не“ на предлогот. Сепак, можно е до крајот на неделата да има поместување на случајот. Пратениците од владејачките фракции размислуваат да поднесат декларација до парламентот во петок, слична на онаа за воена помош за Украина, во која пратениците велат дека Националното собрание се обединува околу одлуката за деблокирање на процесот за почеток на преговорите за членство на Македонија ЕУ. Ваквата декларација би ги одврзала рацете на секој премиер да го укине ветото. Сепак, има нејаснотии – прво нема одлука кој увозник. Второ и поважно, дали владата ќе успее да собере мнозинство за да донесе ваква декларација. Три политички сили во парламентот остро се против укинувањето на ветото – ИТН, Вазраждане и една од владејачките партии – БСП. Од другите две владејачки партии – ПП и „Демократска Бугарија“ се надеваат на поддршка од ГЕРБ или МРФ, доколку се изгласа документот. Засега од МРФ велат дека немаат одлука за ова прашање и ќе чекаат да помине гласањето за недоверба.

The post Бугарски „Капитал“: Во петок се очекува исчекор за укинување на ветото на Скопје appeared first on Република.

]]>
Радев: Францускиот предлог е чекор во правилна насока, но треба да се разјаснат некои прашања пред да се крене ветото https://republika.mk/vesti/balkan/radev-francuskiot-predlog-e-chekor-vo-pravilna-nasoka-no-treba-da-se-razjasnat-nekoi-prashanja-pred-da-se-krene-vetoto/ Sat, 18 Jun 2022 08:46:07 +0000 https://republika.mk/?p=516593

Предлогот на француското претседателство е чекор во правилна насока, но остануваат голем број прашања кои треба да се разјаснат пред да се укине ветото, оценува претседателот на Бугарија Румен Радев, коментирајќи го францускиот предлог за надминување на бугарско-македонскиот спор и отворање на преговорите со ЕУ доставен од премиерот Кирил Петков до Комисијата за надворешна политика, пренесува БГНЕС.

Барањето за вклучување на Бугарите во Уставот на Македонија, наведува Радев, мора да се направи пред почетокот на преговорите.

Не помалку важни се јасните механизми и мерливите критериуми за искоренување на десетгодишната политика на дебугаризација, кражба и фалсификување на бугарската историја, како и за обновување на уништените споменици и знаци на бугарството на овие земји и за зачувување на бугарското културно наследство.., вели Радев и дополнува дека очекува бугарската Влада да ги разјасни тие прашања и да побара јасни механизми и гаранции.

Бугарскиот претседател воедно порачува дека премиерот не може да поднесе странски предлог без да каже свој став.

Кабинетот не успеа да подготви бугарски предлог, а сега поднесува француски, обвинувајќи го Националното собрание без да каже свој став. Премиерот не може да поднесе странски предлог без свое мислење. Тој не е курир, туку премиер, посочува Радев, пишува БГНЕС.

The post Радев: Францускиот предлог е чекор во правилна насока, но треба да се разјаснат некои прашања пред да се крене ветото appeared first on Република.

]]>

Предлогот на француското претседателство е чекор во правилна насока, но остануваат голем број прашања кои треба да се разјаснат пред да се укине ветото, оценува претседателот на Бугарија Румен Радев, коментирајќи го францускиот предлог за надминување на бугарско-македонскиот спор и отворање на преговорите со ЕУ доставен од премиерот Кирил Петков до Комисијата за надворешна политика, пренесува БГНЕС. Барањето за вклучување на Бугарите во Уставот на Македонија, наведува Радев, мора да се направи пред почетокот на преговорите.
Не помалку важни се јасните механизми и мерливите критериуми за искоренување на десетгодишната политика на дебугаризација, кражба и фалсификување на бугарската историја, како и за обновување на уништените споменици и знаци на бугарството на овие земји и за зачувување на бугарското културно наследство.., вели Радев и дополнува дека очекува бугарската Влада да ги разјасни тие прашања и да побара јасни механизми и гаранции.
Бугарскиот претседател воедно порачува дека премиерот не може да поднесе странски предлог без да каже свој став.
Кабинетот не успеа да подготви бугарски предлог, а сега поднесува француски, обвинувајќи го Националното собрание без да каже свој став. Премиерот не може да поднесе странски предлог без свое мислење. Тој не е курир, туку премиер, посочува Радев, пишува БГНЕС.
 
The post Радев: Францускиот предлог е чекор во правилна насока, но треба да се разјаснат некои прашања пред да се крене ветото appeared first on Република.

]]>
„Дневник“: Француското претседателство предлага да се започнат преговорите со Македонија за да се задоволат бугарските барања https://republika.mk/vesti/makedonija/dnevnik-francuskoto-pretsedatelstvo-predlaga-da-se-zapochnat-pregovorite-so-makedonija-za-da-se-zadovolat-bugarskite-baranja/ Fri, 17 Jun 2022 17:21:28 +0000 https://republika.mk/?p=516467

Според софискиот весник „Дневник“, француското претседателство со Европската Унија, на земјите-членки на Унијата им понудило формула за почеток на преговорите за членство на Македонија, којашто се чини дека ги задоволува условите на Бугарија за давање согласност и прекинување на ветото.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, француската формула предвидува преговарачкиот процес со Македонија да започне дури откако ќе се додадат измени во преамбулата на нејзиниот Устав, поврзани со „граѓаните кои живеат во државата кои се дел од други народи, вклучително и Бугарите“.

Како што пишува весникот „Дневник“ „само тогаш брзо ќе биде свикана првата меѓувладина конференција, со што ефективно ќе започне преговарачкиот процес за членство“.

The post „Дневник“: Француското претседателство предлага да се започнат преговорите со Македонија за да се задоволат бугарските барања appeared first on Република.

]]>

Според софискиот весник „Дневник“, француското претседателство со Европската Унија, на земјите-членки на Унијата им понудило формула за почеток на преговорите за членство на Македонија, којашто се чини дека ги задоволува условите на Бугарија за давање согласност и прекинување на ветото. Како што јави дописникот на МИА од Софија, француската формула предвидува преговарачкиот процес со Македонија да започне дури откако ќе се додадат измени во преамбулата на нејзиниот Устав, поврзани со „граѓаните кои живеат во државата кои се дел од други народи, вклучително и Бугарите“. Како што пишува весникот „Дневник“ „само тогаш брзо ќе биде свикана првата меѓувладина конференција, со што ефективно ќе започне преговарачкиот процес за членство“.  

The post „Дневник“: Француското претседателство предлага да се започнат преговорите со Македонија за да се задоволат бугарските барања appeared first on Република.

]]>
Каков и е да е францускиот предлог, нема укинување на ветото, вели потпретседателот на Бугарскиот парламент https://republika.mk/vesti/makedonija/kakov-i-e-da-e-francuskiot-predlog-nema-ukinuvanje-na-vetoto-veli-potpretsedatelot-na-bugarskiot-parlament/ Fri, 17 Jun 2022 17:12:41 +0000 https://republika.mk/?p=516464

„Нема да има укинување на ветото, без разлика каков предлог ќе дојде од француското претседателство“, изјави потпретседателот на Националното собрание на Бугарија, Кристијан Вигенин.

Сметам дека господинот Никола Минчев апсолутно согласно деловникот и одлуките на Народното собрание не дозволи ново гласање по тоа дали да се затвори седницата, така што причината поради која формално беше побарана оваа оставка е всушност почитување на деловникот и законите, така што сите признаа дека во пракса одлуката за оставка е политичка и не е поврзана со неговата работа, појаснил Вигенин околу разрешувањето на досегашниот претседател на Бугарското народно собрание, пренесува бугарски „Стандарт“.

„Изборот за нов спикер според деловникот мора да се случи во рок од 14 дена. Нема да има укинување на ветото, без разлика каков предлог ќе дојде од француското претседателство“, потенцирал заменик-претседателот на Националното собрание.

The post Каков и е да е францускиот предлог, нема укинување на ветото, вели потпретседателот на Бугарскиот парламент appeared first on Република.

Францускиот предлог за ветото стигна во бугарското собрание https://republika.mk/vesti/makedonija/francuskiot-predlog-za-vetoto-stigna-vo-bugarskoto-sobranie/ Fri, 17 Jun 2022 14:11:25 +0000 https://republika.mk/?p=516396

Францускиот предлог за одлука за ветото на Бугарија за почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ е испратен до Комисијата за надворешни работи на бугарското собрание, пишува БНР повикувајќи се на два независни извори од парламентот.

Француската амбасадорка во Бугарија Флоренс Рубин вчера се сретна со пратениците од Групата за пријателство со Франција во собранието. На оваа средба се разговараше за документот. Се расправаше и за тоа дали органите на власт го имаат потребното мнозинство да го прифатат, пишува бугарскиот медиум.

Подоцна, копретседателот на ДБ, Христо Иванов, на маргините на парламентот објасни дека ќе биде успех за Бугарија доколку Скопје се согласи да ги прифати бугарските услови и ЕУ стане гарант за нивното спроведување.

Во средата, Советот на министри одлучи сите предлози за преговорите со Македонија, освен сегашната бугарска позиција, да бидат одобрени од бугарското собрание.

Пред една недела токму оваа тема стана причина за заминувањето на владејачката коалиција од ИТН, а лидерот на партијата Слави Трифонов постапките на премиерот Кирил Петков ги оцени како национално предавство.

Македонскиот политички врв се’ уште немал увид во документот, а неофицијално, според информациите предлогот содржи вклучување на бугарските услови во преговарачката рамка.

The post Францускиот предлог за ветото стигна во бугарското собрание appeared first on Република.

]]>

Францускиот предлог за одлука за ветото на Бугарија за почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ е испратен до Комисијата за надворешни работи на бугарското собрание, пишува БНР повикувајќи се на два независни извори од парламентот. Француската амбасадорка во Бугарија Флоренс Рубин вчера се сретна со пратениците од Групата за пријателство со Франција во собранието. На оваа средба се разговараше за документот. Се расправаше и за тоа дали органите на власт го имаат потребното мнозинство да го прифатат, пишува бугарскиот медиум. Подоцна, копретседателот на ДБ, Христо Иванов, на маргините на парламентот објасни дека ќе биде успех за Бугарија доколку Скопје се согласи да ги прифати бугарските услови и ЕУ стане гарант за нивното спроведување. Во средата, Советот на министри одлучи сите предлози за преговорите со Македонија, освен сегашната бугарска позиција, да бидат одобрени од бугарското собрание. Пред една недела токму оваа тема стана причина за заминувањето на владејачката коалиција од ИТН, а лидерот на партијата Слави Трифонов постапките на премиерот Кирил Петков ги оцени како национално предавство. Македонскиот политички врв се’ уште немал увид во документот, а неофицијално, според информациите предлогот содржи вклучување на бугарските услови во преговарачката рамка.  

The post Францускиот предлог за ветото стигна во бугарското собрание appeared first on Република.

]]>