Весна Гиновска Илкова Archives - Република https://republika.mk/tema/vesna-ginovska-ilkova/ За подобро да се разбереме Mon, 11 Nov 2024 14:09:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Весна Гиновска Илкова Archives - Република https://republika.mk/tema/vesna-ginovska-ilkova/ 32 32 Во Загреб отворена изложба на Рафаел Ристовски и концерт на сопранот Гиновска-Илкова https://republika.mk/vesti/kultura/vo-zagreb-otvorena-izlozhba-na-rafael-ristovski-i-kontsert-na-sopranot-ginovska-ilkova/ Mon, 11 Nov 2024 14:09:14 +0000 https://republika.mk/?p=836381

Во просториите на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, во саботата, пред многубројна публика, беше отворена изложба на Рафаел Ристовски со наслов „Градски рефлексии“.

По отворањето на изложбата, публиката имаше ексклузивна можност да го проследи концертот на еден од водечките македонски драмски сопрани, Весна Гиновска-Илкова, која настапи заедно со македонската пијанистка Јасна Аврамовска Костенарова. Концертната програма, која опфати дела од македонски композитори, како: Скаловски, Аврамовски, Прокопиев, Зографски, Стојков, Андреева, Светиев, Цанев, Голабовски и Џамбазов, понуди незаборавно уметничко доживување со беспрекорна вокална техника, огромна музикалност, харизма и моќен сценски настап.

Изложбата на младиот уметник Рафаел Ристовски ја отвори директорката на македонскиот КИЦ, Мими Ѓоргоска-Илиевска, која, меѓу другото, истакна дека со разновидните композиции на дела се презентираат разновидни лични дијалози на авторот, кој ја обработува темата на урбаната природа, со која сме секојдневно опкружени и која на некој таинствен начин не ја забележуваме. Авторот ја истражува и има цел да ја покаже градската природа, која е таква каква што ја создал човекот, простор каде што се случуваат голем број секојдневни моменти.

Пред почетокот на настанот што го проследија многубројни гости од хрватската културна јавност и претставници на дипломатскиот кор, свое поздравно обраќање имаше амбасадорот на РС Македонија во Хрватска, Милаим Фетаи.

The post Во Загреб отворена изложба на Рафаел Ристовски и концерт на сопранот Гиновска-Илкова appeared first on Република.

]]>

„Тоска“ на Мајски оперски вечери со првенката Весна Ѓиновска – Илкова во насловната улога https://republika.mk/vesti/kultura/toska-na-majski-operski-vecheri-so-prvenkata-vesna-ginovska-ilkova-vo-naslovnata-uloga/ Wed, 22 May 2024 10:22:01 +0000 https://republika.mk/?p=780805

Во рамките на престижниот фестивал „Мајски оперски вечери“, на 23 мај со почеток во 20:00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Тоска“ од Џакомо Пучини.

Паоло Бресан од Италија диригира со изведбата на оваа драматична трагедија на Пучини, која е во режија на Огњан Драганов (Бугарија). Сценографијата е на Зоран Николовски, а костимографијата на Марија Пупучевска, хор-мајстори се Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓоргеска, а концерт-мајстор е Јане Бакевски.

Во насловната улога ќе настапи нашата оперска првенка, Весна Ѓиновска-Илкова, а настапуваат и тенорот Никола Китановски, гостинот од Романија Лусијан Петреан, нашиот бас Владимир Саздовски. Во другите улоги се: Драган Ампов, Јане Дунимагловски, Тихомир Јакимовски, Димитар Кожухаров, Десанка Глигоријевиќ, Мирослав Антовски заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

The post „Тоска“ на Мајски оперски вечери со првенката Весна Ѓиновска – Илкова во насловната улога appeared first on Република.

]]>

Во рамките на престижниот фестивал „Мајски оперски вечери“, на 23 мај со почеток во 20:00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Тоска“ од Џакомо Пучини. Паоло Бресан од Италија диригира со изведбата на оваа драматична трагедија на Пучини, која е во режија на Огњан Драганов (Бугарија). Сценографијата е на Зоран Николовски, а костимографијата на Марија Пупучевска, хор-мајстори се Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓоргеска, а концерт-мајстор е Јане Бакевски. Во насловната улога ќе настапи нашата оперска првенка, Весна Ѓиновска-Илкова, а настапуваат и тенорот Никола Китановски, гостинот од Романија Лусијан Петреан, нашиот бас Владимир Саздовски. Во другите улоги се: Драган Ампов, Јане Дунимагловски, Тихомир Јакимовски, Димитар Кожухаров, Десанка Глигоријевиќ, Мирослав Антовски заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

The post „Тоска“ на Мајски оперски вечери со првенката Весна Ѓиновска – Илкова во насловната улога appeared first on Република.

]]>
Гиновска-Илкова: Патот до успехот е тежок и макотрпен – покрај талентот, клучни се дисциплината и посветеноста https://republika.mk/vesti/kultura/ginovska-ilkova-patot-do-uspehot-e-tezhok-i-makotrpen-pokraj-talentot-kluchni-se-distsiplinata-i-posvetenosta/ Sun, 25 Feb 2024 08:53:57 +0000 https://republika.mk/?p=748030

Дисциплина, посветеност, одговорност и талент се клучни за успехот на една оперска певица, вели оперската дива Весна Гиновска - Илкова. За неа операта е емоција, а уметникот треба да мотивира, стимулира, пренесува и да гради мостови.

Првенката на Националната опера и балет со 30-годишно искуство на сцената, над 20 главни улоги и единствен оперски пејач кој направи четири-пет комерцијални концерти, во интервју за МИА со восхит говори за професијата и за пеењето. Нејзината порака до идните генерации е дека патот до успехот е тежок, макотрпен, послан со препреки, но потребна е упорност, истрајност и доследност во желбата да се успее.

Младите уметници во денешно време сакаат успехот да дојде многу брзо. Тој не доаѓа така. Успехот не доаѓа веднаш, патот е тежок, макотрпен, послан со препреки, со сопки, но треба да бидат упорни, истрајни, доследни во својата желба и најбитно е дека границите за уметноста, за музиката се отворени. Како што и претходно кажав, ние градиме мостови. Дали тоа ќе биде претстава која ќе биде надвор од нашата држава или претстава која ќе биде надвор од нашиот театар, не е битно, битно е да се работи и да се создава, да се креира, да се биде доследен на својата работа и на својата професија, вели Гиновска - Илкова.

The post Гиновска-Илкова: Патот до успехот е тежок и макотрпен – покрај талентот, клучни се дисциплината и посветеноста appeared first on Република.

]]>

Дисциплина, посветеност, одговорност и талент се клучни за успехот на една оперска певица, вели оперската дива Весна Гиновска - Илкова. За неа операта е емоција, а уметникот треба да мотивира, стимулира, пренесува и да гради мостови. Првенката на Националната опера и балет со 30-годишно искуство на сцената, над 20 главни улоги и единствен оперски пејач кој направи четири-пет комерцијални концерти, во интервју за МИА со восхит говори за професијата и за пеењето. Нејзината порака до идните генерации е дека патот до успехот е тежок, макотрпен, послан со препреки, но потребна е упорност, истрајност и доследност во желбата да се успее.
Младите уметници во денешно време сакаат успехот да дојде многу брзо. Тој не доаѓа така. Успехот не доаѓа веднаш, патот е тежок, макотрпен, послан со препреки, со сопки, но треба да бидат упорни, истрајни, доследни во својата желба и најбитно е дека границите за уметноста, за музиката се отворени. Како што и претходно кажав, ние градиме мостови. Дали тоа ќе биде претстава која ќе биде надвор од нашата држава или претстава која ќе биде надвор од нашиот театар, не е битно, битно е да се работи и да се создава, да се креира, да се биде доследен на својата работа и на својата професија, вели Гиновска - Илкова.

The post Гиновска-Илкова: Патот до успехот е тежок и макотрпен – покрај талентот, клучни се дисциплината и посветеноста appeared first on Република.

]]>
Мастер клас по соло пеење на учениците од музичкото училиште во Струга со професорката Весна Гиновска-Илкова https://republika.mk/vesti/kultura/master-klas-po-solo-peene-na-uchenitsite-od-muzichkoto-uchilishte-vo-struga-so-profesorkata-vesna-ginovska-ilkova/ Wed, 21 Feb 2024 12:15:37 +0000 https://republika.mk/?p=746538

Учениците кои учат соло пеење во класата на професорката Едлира Арифи при државното музичко училиште „Тодор Скалоски-Тетоец“ во Струга денеска во училиштето ќе се претстават пред реномираната оперска певица Весна Гиновска-Илкова.

По изведување на пиесата, струшките соло пејачи, како што информира раководителот на музичкото училиште Димитриј Кумбароски, од Гиновска-Илкова ќе добијат стручни коментари и совети што ќе им помогнат во нивниот натамошен музички развиток.

-На учениците им овозможуваме блиски средби со реномирани музичари, кои ќе им бидат пример, но и дополнителен мотив за работа и школување. Освен што добиваат стручни оценки и совети за нивната работа, на овој начин им ги отвораме вратите за соработка и професионални познатства со значајни музички имиња од земјава, но и странство, вели Кумбароски.

Гостувањето на Весна Гиновска-Илкова е продолжување на праксата што ја спроведува тимот на ДМУ „Тодор Скалоски-Тетоец“. Мастер класови одржале и норвешката професорка по дувачки инструменти Сисел Грун Дал и професорот по виолина при Музичката академија во Скопје, Михајло Куфојанакис.

The post Мастер клас по соло пеење на учениците од музичкото училиште во Струга со професорката Весна Гиновска-Илкова appeared first on Република.

]]>

Учениците кои учат соло пеење во класата на професорката Едлира Арифи при државното музичко училиште „Тодор Скалоски-Тетоец“ во Струга денеска во училиштето ќе се претстават пред реномираната оперска певица Весна Гиновска-Илкова. По изведување на пиесата, струшките соло пејачи, како што информира раководителот на музичкото училиште Димитриј Кумбароски, од Гиновска-Илкова ќе добијат стручни коментари и совети што ќе им помогнат во нивниот натамошен музички развиток. -На учениците им овозможуваме блиски средби со реномирани музичари, кои ќе им бидат пример, но и дополнителен мотив за работа и школување. Освен што добиваат стручни оценки и совети за нивната работа, на овој начин им ги отвораме вратите за соработка и професионални познатства со значајни музички имиња од земјава, но и странство, вели Кумбароски. Гостувањето на Весна Гиновска-Илкова е продолжување на праксата што ја спроведува тимот на ДМУ „Тодор Скалоски-Тетоец“. Мастер класови одржале и норвешката професорка по дувачки инструменти Сисел Грун Дал и професорот по виолина при Музичката академија во Скопје, Михајло Куфојанакис.

The post Мастер клас по соло пеење на учениците од музичкото училиште во Струга со професорката Весна Гиновска-Илкова appeared first on Република.

]]>