Весна Бендевска Archives - Република https://republika.mk/tema/vesna-bendevska/ За подобро да се разбереме Sun, 27 Oct 2024 20:44:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Весна Бендевска Archives - Република https://republika.mk/tema/vesna-bendevska/ 32 32 Реконструирана Спомен куќата на Стив Наумов, кого бугарските фашисти го откопаа за никој никогаш да не му доаѓа на гроб https://republika.mk/vesti/makedonija/rekonstruirana-spomen-kukata-na-stiv-naumov-kogo-bugarskite-fashisti-go-otkopaa-za-nikoj-nikogash-da-ne-mu-doaga-na-grob/ Sun, 27 Oct 2024 20:44:52 +0000 https://republika.mk/?p=831480

Никогаш нема да се откажеме од македонскиот идентитет, од македонскиот јазик и култура, истакна заменик претседателката на македонското Собрание Весна Бендевска на вечерашната промоција на реконструираната Спомен куќа на Стив Наумов во Битола.

На народниот собир во Битола, воедно и ден на раѓањето на народниот херој Стив Наумов (27 октомври 1920 г.), Бендевска потсети дека Битола од секогаш раѓала херои и затоа Битола има право и должност да се гордее и да ги слави и никогаш да не ги заборави хероите.

На младите луѓе им објаснуваме дека на Партизанските гробишта во Битола има еден празен гроб во кој не се посмртните останки на Стив Наумов затоа што по неговото паѓање за слобода на Македонија во селото Болно, Ресенско, Стив бил погребан на место кое веднаш станало Свето место за секој слободоумен Македонец. За да го спречат тоа, бугарските фашистички окупатори го откопале местото и од тогаш до ден денес никој не знае каде почиваат останките на Стив. Но, ние знаеме, Стив е во нас, во нашето срце и ние даваме завет. Знаеме дека фашизмот не е мртов. Ваквите споменици во чест на хероите обврзуваат и заветуваат никогаш да не ги заборавиме и секогаш да имаме на ум дека на 22 годишна возраст кога се сака Македонија, за неа вреди и животот да се даде. Токму затоа никогаш нема да се откажеме од македонскиот идентитет, од македонскиот јазик и култура, бидејќи тоа е наша обврска, истакна Бендевска.

Спомен куќата на народниот херој Стив Наумв се наоѓа во непосредна близина на истоименото основно училиште во Битола кое со гордост го носи името на својот патрон, посочи градоначалникот Тони Коњановски.

Се наоѓаме во предвечерието кога Битола слави 80 години од денот на ослободувањето, а годинава Музејот слави 90 години од денот на формирањето. На денешен ден е роден Стив Наумов и токму затоа верувам дека поставката во неговата куќа ќе биде трајна. Стив со својата саможртва е опомена за сите нас дека секогаш треба да се оддава почит, да ги учиме младите како што тоа го прават учениците од училиштето кое го носи името на Стив Наумов. Со оваа Спомен - куќа воедно ја зголемуваме туристичката понуда за градот Битола кои ќе знаат за нашата богата историја и народноослободителната борба, истакна Коњановски.

Сеќавања за деновите од младоста на Стив Наумов искажа внукот Стефан, а за вредноста и значењето на инвестицијата пред битолчани говореше директорот на НУ Завод и Музеј-Битола, Зоран Николовски.

The post Реконструирана Спомен куќата на Стив Наумов, кого бугарските фашисти го откопаа за никој никогаш да не му доаѓа на гроб appeared first on Република.

]]>

Никогаш нема да се откажеме од македонскиот идентитет, од македонскиот јазик и култура, истакна заменик претседателката на македонското Собрание Весна Бендевска на вечерашната промоција на реконструираната Спомен куќа на Стив Наумов во Битола. На народниот собир во Битола, воедно и ден на раѓањето на народниот херој Стив Наумов (27 октомври 1920 г.), Бендевска потсети дека Битола од секогаш раѓала херои и затоа Битола има право и должност да се гордее и да ги слави и никогаш да не ги заборави хероите.
На младите луѓе им објаснуваме дека на Партизанските гробишта во Битола има еден празен гроб во кој не се посмртните останки на Стив Наумов затоа што по неговото паѓање за слобода на Македонија во селото Болно, Ресенско, Стив бил погребан на место кое веднаш станало Свето место за секој слободоумен Македонец. За да го спречат тоа, бугарските фашистички окупатори го откопале местото и од тогаш до ден денес никој не знае каде почиваат останките на Стив. Но, ние знаеме, Стив е во нас, во нашето срце и ние даваме завет. Знаеме дека фашизмот не е мртов. Ваквите споменици во чест на хероите обврзуваат и заветуваат никогаш да не ги заборавиме и секогаш да имаме на ум дека на 22 годишна возраст кога се сака Македонија, за неа вреди и животот да се даде. Токму затоа никогаш нема да се откажеме од македонскиот идентитет, од македонскиот јазик и култура, бидејќи тоа е наша обврска, истакна Бендевска.
Спомен куќата на народниот херој Стив Наумв се наоѓа во непосредна близина на истоименото основно училиште во Битола кое со гордост го носи името на својот патрон, посочи градоначалникот Тони Коњановски.
Се наоѓаме во предвечерието кога Битола слави 80 години од денот на ослободувањето, а годинава Музејот слави 90 години од денот на формирањето. На денешен ден е роден Стив Наумов и токму затоа верувам дека поставката во неговата куќа ќе биде трајна. Стив со својата саможртва е опомена за сите нас дека секогаш треба да се оддава почит, да ги учиме младите како што тоа го прават учениците од училиштето кое го носи името на Стив Наумов. Со оваа Спомен - куќа воедно ја зголемуваме туристичката понуда за градот Битола кои ќе знаат за нашата богата историја и народноослободителната борба, истакна Коњановски.
Сеќавања за деновите од младоста на Стив Наумов искажа внукот Стефан, а за вредноста и значењето на инвестицијата пред битолчани говореше директорот на НУ Завод и Музеј-Битола, Зоран Николовски.

The post Реконструирана Спомен куќата на Стив Наумов, кого бугарските фашисти го откопаа за никој никогаш да не му доаѓа на гроб appeared first on Република.

]]>
Бендевска: На Албанија ѝ посакувам среќа, а ние сме оставени на немилост на соседна земја која негира се што е македонско https://republika.mk/vesti/makedonija/bendevska-na-albanija-posakuvam-sreka-a-nie-sme-ostaveni-na-nemilost-na-sosedna-zemja-koja-negira-se-shto-e-makedonsko/ Mon, 21 Oct 2024 09:22:28 +0000 https://republika.mk/?p=829349

Потпретседателката на Собранието од движењето ЗНАМ, Весна Бендевска во „Дејли Клик“ на ТВ21 зборуваше за членството на Македонија во ЕУ.

Бендевска и посака се најдобро на Албанија, и истакна разочараност што Македонија повторно извиси на патот кон ЕУ.

На пријателска република Албанија ѝ посакувам се најдобро. Јас сум разочарана по којзнае кој пат остануваме надвор од колосокот кон ЕУ. Реалноста мора да се согледа. Ние премногу правиме остапки. За нас важат поинакви правила, и де факто сме во билатерален спор. Сите членки досега влегле откако ги исполниле копенхашките критериуми. Јас се чувствувам како да сме дел од некој експеримент, рече Бендевска.

The post Бендевска: На Албанија ѝ посакувам среќа, а ние сме оставени на немилост на соседна земја која негира се што е македонско appeared first on Република.

]]>

Потпретседателката на Собранието од движењето ЗНАМ, Весна Бендевска во „Дејли Клик“ на ТВ21 зборуваше за членството на Македонија во ЕУ. Бендевска и посака се најдобро на Албанија, и истакна разочараност што Македонија повторно извиси на патот кон ЕУ.
На пријателска република Албанија ѝ посакувам се најдобро. Јас сум разочарана по којзнае кој пат остануваме надвор од колосокот кон ЕУ. Реалноста мора да се согледа. Ние премногу правиме остапки. За нас важат поинакви правила, и де факто сме во билатерален спор. Сите членки досега влегле откако ги исполниле копенхашките критериуми. Јас се чувствувам како да сме дел од некој експеримент, рече Бендевска.
 
The post Бендевска: На Албанија ѝ посакувам среќа, а ние сме оставени на немилост на соседна земја која негира се што е македонско appeared first on Република.

]]>
Бендевска: ЗНАМ се етаблира како нова политичка опција https://republika.mk/vesti/makedonija/bendevska-znam-se-etablira-kako-nova-politichka-optsija/ Mon, 06 May 2024 14:19:25 +0000 https://republika.mk/?p=774731

Носителката на листата на пратеници во ИЕ 5, Весна Бендевска денеска одржа прес конференција на која се осврна на вредностите и принципите за кои ќе се залагаат како вистински претставници на граѓаните, а кои се преточени во програмата за претстојните парламентарни избори „Проглас за достоинствена Македонија“.

Бендевска рече дека Движењето ЗНАМ во оваа кампања веќе се етаблирало како нова политичка опција и сериозна алтернатива на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, по добиената сериозна поддршка од граѓаните во првиот круг од претседателските избори.

Оваа енергија, оваа сила и синергија значи нов ветер в грб, за два дена заедно да го завршиме започнатото: Македонија, втемелена на Крушевските и АСНОМСКИ постулати, да ја градиме како вистински демократско општество во кое се почитуваат човековите права ислободи без никаква дискриминација. Само такво општество може да се нарече праведно општество, рече таа и додаде дека клучните вредности кои се основа на идејата за почитување на човековите права се човечкото достоинство и еднаквоста.

Бендевска, исто така, рече дека во нивната Програма се залагаат за посебна заштита на правата на ранливите групи и заедници и лицата со посебни потреби, кои ќе мора да добиваат посебна заштита од државата за да можат целосно да се интегрираат во општеството, како рамноправни индивидуи. Таа потанцира дека секој човек е важен и ќе го добие своето место во системот, во согласност во своите капацитети и вештини.

Бендевска рече дека визијата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за тоа како треба да изгледа државата се темели на неколку вредности и принципи, а тие се: правда за сите подеднакво, обврски кон државата за сите подеднакво; нулта толеранција за корупција и брза и ефикасна борба против организираниот криминал – веднаш; без амнестија за никого што се огрешил по Устав и закон; секој да одговара за кривичните дела што ги направил, а украденото и одземеното од устата на граѓаните мора да се врати назад; под итно да се вратат укинатите одредби од Кривичниот законик со кого и власта и опозицијата си се самоамнестираа од делото - злоупотреба на службена положба и овластување и зголемуљвење на казната за тоа дело на затвор од минимум 10 години; кривичните дела за криминал и корупција нема да застаруваат; да се укине доживотниот мандат на судиите и јавните обвинители, а судиите и јавните обвинители да одат на реизбор секои шест години, бидејќи само така ќе има можност за увид во квалитетот на нивната работа.

Правда мора да има; без правда нема ниту правна држава, ниту лично и човечко достоинство, а без тоа – нема ни достоинствена Македонија, рече таа.

Бендевска ја искористи приликата и им го честиташе големиот христијански празник Велигден на граѓаните кои слават и посака здравје, среќа, спокој и благосостојба во секое семејство.

The post Бендевска: ЗНАМ се етаблира како нова политичка опција appeared first on Република.

]]>

Носителката на листата на пратеници во ИЕ 5, Весна Бендевска денеска одржа прес конференција на која се осврна на вредностите и принципите за кои ќе се залагаат како вистински претставници на граѓаните, а кои се преточени во програмата за претстојните парламентарни избори „Проглас за достоинствена Македонија“. Бендевска рече дека Движењето ЗНАМ во оваа кампања веќе се етаблирало како нова политичка опција и сериозна алтернатива на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, по добиената сериозна поддршка од граѓаните во првиот круг од претседателските избори.
Оваа енергија, оваа сила и синергија значи нов ветер в грб, за два дена заедно да го завршиме започнатото: Македонија, втемелена на Крушевските и АСНОМСКИ постулати, да ја градиме како вистински демократско општество во кое се почитуваат човековите права ислободи без никаква дискриминација. Само такво општество може да се нарече праведно општество, рече таа и додаде дека клучните вредности кои се основа на идејата за почитување на човековите права се човечкото достоинство и еднаквоста.
Бендевска, исто така, рече дека во нивната Програма се залагаат за посебна заштита на правата на ранливите групи и заедници и лицата со посебни потреби, кои ќе мора да добиваат посебна заштита од државата за да можат целосно да се интегрираат во општеството, како рамноправни индивидуи. Таа потанцира дека секој човек е важен и ќе го добие своето место во системот, во согласност во своите капацитети и вештини. Бендевска рече дека визијата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за тоа како треба да изгледа државата се темели на неколку вредности и принципи, а тие се: правда за сите подеднакво, обврски кон државата за сите подеднакво; нулта толеранција за корупција и брза и ефикасна борба против организираниот криминал – веднаш; без амнестија за никого што се огрешил по Устав и закон; секој да одговара за кривичните дела што ги направил, а украденото и одземеното од устата на граѓаните мора да се врати назад; под итно да се вратат укинатите одредби од Кривичниот законик со кого и власта и опозицијата си се самоамнестираа од делото - злоупотреба на службена положба и овластување и зголемуљвење на казната за тоа дело на затвор од минимум 10 години; кривичните дела за криминал и корупција нема да застаруваат; да се укине доживотниот мандат на судиите и јавните обвинители, а судиите и јавните обвинители да одат на реизбор секои шест години, бидејќи само така ќе има можност за увид во квалитетот на нивната работа.
Правда мора да има; без правда нема ниту правна држава, ниту лично и човечко достоинство, а без тоа – нема ни достоинствена Македонија, рече таа.
Бендевска ја искористи приликата и им го честиташе големиот христијански празник Велигден на граѓаните кои слават и посака здравје, среќа, спокој и благосостојба во секое семејство.  

The post Бендевска: ЗНАМ се етаблира како нова политичка опција appeared first on Република.

]]>
Дискриминирана Комисија за антидискриминација: Ги исфрлиле од просториите со одлука на Влада https://republika.mk/vesti/makedonija/diskriminirana-komisija-za-antidiskriminatsija-gi-isfrlile-od-prostoriiite-so-odluka-na-vlada/ Fri, 19 Jan 2024 14:36:29 +0000 https://republika.mk/?p=734714

Откако Комисијата за заштита од дискриминација во неколку наврати ѝ пркосеше на Владата, како по случајот со бугарските клубови, така и по тужбата до Министерството за образование и наука за недостатокот на учебници, истата беше избркана од своите канцеларии со Одлука на Влада кон крајот на минатата година, без да ѝ се обезбедат нови простории за работа.

-За мене беше шокантно. Ден денес во комисијата не сме добиле известување, архивски заверено од Влада, дека на 207-та седница на 12 декември донела ваква одлука и веднаш ја објавила во законскиот рок во Службен весник, што значи дека оваа одлука стапува во сила. Она што е неприродно е што одлуката гласи “одлука за престанок и за давање на трајно користење на недвижни стари на Агенција за цивилно воздухопловство“. За да во првиот член прочитате дека просториите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација што ги добивме на трајно користење на 6 април 2021 по одлука на Влада се одземаат и се даваат на трајно користење без надоместок на Агенцијата за цивилно воздухопловство. Она што е уште пофрапантно е што рокот за иселување на комисијата, без да се доделат нови простории и без да сме воопшто информирани, изнесува 8 дена. Требаше да се иселиме на 20-ти. Дознавме кога двајца претставници од АЦВ дојдоа и не прашаа до каде сте со селидбата, коментира членот на Комисијата за заштита од дискриминација, Весна Бендевска на емисијата „За или против“ на телевизија Алфа.

Оваа одлука на Владата била донесена под точка разно по предлог на директорот на Службата за заеднички и општи работи и била потпишана од премиерот Димитар Ковачевски.

Таа информираше дека евентуално за користење им биле понудени канцеларии во зградата на МРТ каде што се наоѓаат и канцеларии на министерството за правда и МВР.

-Независноста значи одвоеност на просториите во кое е сместена Комисијата, бидејќи Комисијата е отворена за секој еден граѓанин кој се почувствувал дека е жртва на дискриминација, вели Бендевска.

„Досега во овие 1000 претставки до Комисијата многу често ги добиваме против институциите, бидејќи се разбира потенцијален дискриминатор може да биде само носител на некаква моќ. Затоа е битно, за да можат граѓаните да се чувствуваат слободни да дојдат без притисок да поднесуваат претставки, да побараат мислења, треба да сме одвоени“, потенцираше Бендевска.

The post Дискриминирана Комисија за антидискриминација: Ги исфрлиле од просториите со одлука на Влада appeared first on Република.

]]>

Откако Комисијата за заштита од дискриминација во неколку наврати ѝ пркосеше на Владата, како по случајот со бугарските клубови, така и по тужбата до Министерството за образование и наука за недостатокот на учебници, истата беше избркана од своите канцеларии со Одлука на Влада кон крајот на минатата година, без да ѝ се обезбедат нови простории за работа.
-За мене беше шокантно. Ден денес во комисијата не сме добиле известување, архивски заверено од Влада, дека на 207-та седница на 12 декември донела ваква одлука и веднаш ја објавила во законскиот рок во Службен весник, што значи дека оваа одлука стапува во сила. Она што е неприродно е што одлуката гласи “одлука за престанок и за давање на трајно користење на недвижни стари на Агенција за цивилно воздухопловство“. За да во првиот член прочитате дека просториите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација што ги добивме на трајно користење на 6 април 2021 по одлука на Влада се одземаат и се даваат на трајно користење без надоместок на Агенцијата за цивилно воздухопловство. Она што е уште пофрапантно е што рокот за иселување на комисијата, без да се доделат нови простории и без да сме воопшто информирани, изнесува 8 дена. Требаше да се иселиме на 20-ти. Дознавме кога двајца претставници од АЦВ дојдоа и не прашаа до каде сте со селидбата, коментира членот на Комисијата за заштита од дискриминација, Весна Бендевска на емисијата „За или против“ на телевизија Алфа.
Оваа одлука на Владата била донесена под точка разно по предлог на директорот на Службата за заеднички и општи работи и била потпишана од премиерот Димитар Ковачевски. Таа информираше дека евентуално за користење им биле понудени канцеларии во зградата на МРТ каде што се наоѓаат и канцеларии на министерството за правда и МВР. -Независноста значи одвоеност на просториите во кое е сместена Комисијата, бидејќи Комисијата е отворена за секој еден граѓанин кој се почувствувал дека е жртва на дискриминација, вели Бендевска. „Досега во овие 1000 претставки до Комисијата многу често ги добиваме против институциите, бидејќи се разбира потенцијален дискриминатор може да биде само носител на некаква моќ. Затоа е битно, за да можат граѓаните да се чувствуваат слободни да дојдат без притисок да поднесуваат претставки, да побараат мислења, треба да сме одвоени“, потенцираше Бендевска.

The post Дискриминирана Комисија за антидискриминација: Ги исфрлиле од просториите со одлука на Влада appeared first on Република.

]]>
Бендевска: МОН не обезбеди учебници за сите ученици, тоа е огромна нееднаквост и дискриминација https://republika.mk/vesti/makedonija/bendevska-mon-ne-obezbedi-uchebnitsi-za-site-uchenitsi-toa-e-ogromna-neednakvost-i-diskriminatsija/ Wed, 11 Oct 2023 19:31:39 +0000 https://republika.mk/?p=690301

Претседателката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Весна Бендевска за тужбата за Министерството за образование и наука (МОН) поради недостиг на учебници вели дека Комисијата обезбедила факти од Министерството дека не се обезбедени учебници за секој предмет. Бендевска посочува дека од 123 учебници, недостигаат 43.

Овој проблем не е само оваа година, но овој министер имаше повеќе од четири месеци и начин да ги исполни препораките. Сега гледаме забрзано дека секој ден изјавува како се обезбедени за нов предмет - рече Бендевска во Топ Тема на Телма.

Според неа, препораката на Комисијата била кратка и децидна да се обезбедат учебници за секој учебник по секој предмет до 31 август.

Го обезбедивме документот и има архивски број. Од вкупно 123 учебници, 43 недостигаат. Тоа е огромна нееднаквост и дискриминацијата зафаќа илјадници ученици. Комисијата постапуваше согласно законските овластувања. И органите во составот на Министерството, сите се инволвирани во креирањето на обезбедувањето на учебници - рече Бендевска.

Ова е првпат во земјава една државна институција да тужи друга.

The post Бендевска: МОН не обезбеди учебници за сите ученици, тоа е огромна нееднаквост и дискриминација appeared first on Република.

Бендевска ја најави тужбата против државата https://republika.mk/vesti/makedonija/bendevska-ja-najavi-tuzhbata-protiv-drzhavata/ Thu, 05 Oct 2023 11:33:43 +0000 https://republika.mk/?p=688165

Видливо се зголемува бројот на претставки до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, што е и еден од индикаторите дека граѓаните се здобиваат со доверба во работата на Комисијата, истакна денеска претседателката Весна Бендевска.

На денешната средба со граѓани, претставници на граѓанскиот сектор и локалната самоуправа во Струга истакна дека од формирањето на Комисијата, пред две ипол години, до сега работеле на околу 850 претставки.

Оваа година до крајот на септември Комисијата работеше на околу 430 претствки за разлика од лани, кога вкупниот број на претставки за 12 месеци беше 320. Еклатантно се зголемува бројот на претставки, кои се поднесуваат пред Комисијата, изјави Бендевска пред почетокот на средбата.

Целта на средбите, според неа, е граѓаните и невладиниот сектор да бидат запознаени со работата на Комисијата, да биде претставен Законот за спречување и заштита од дискриминација и наједноставно и најлесно да можат да поднесуваат претставки кога ќе се почувствуваат дискриминирани од страна на органи на државна управа или приватни субјекти.

Комисијата, нагласи Бендевска, работи на неколку случаи на структурна дискриминација, односно кога е зафатена голема популација, како што е недостигот на учебници и необезбедувањето бесплатен превоз на студентите и средношколците од приватните гимназии и факултети.

Посочувајќи со бројки, истакна дека од вкупно 123 потребни учебници, на 1 септември недостигале 46.

Тоа е повеќе од една третина од учебниците во разни одделенија на разни наставни јазици, рече Бендевска.

Токму поради тоа, подвлече, Комисијата утврдила дека кога не постои учебник како основно средство за изведување наставно-образовен процес, тие ученици немаат еднаков пристап до квалитетно образование во споредба со оние што имаат учебници и подготвува тужба за заштита од дискриминација против Министерството за образование и наука.

Комисијата донесе одлука и таа се спроведува. Ќе поднесеме пред граѓански суд тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес заради недостиг на учебници. Она што го констатиравме во своето работење. Во тој случај Комисијата ќе е една странка од спорот и започнува со стратешко застапување на интересите на учениците. Нивен интерес е да добиваат квалитетно образование, а тоа значи учебник по секој наставен предмет, во секое одделение и на секој јазик на кој се одвива наставата. Тужена ќе биде државата, односно МОН. Тужбата ја подготвуваме и ќе ја поднесеме заедно со нашите стратешки партнери, Македонското здружение на млади правници, изјави Бендевска.

Во однос на претставките на граѓаните со бугарска самосвест, рече дека значително се намалени, но во пораст бил бројот по други дискриминаторски основи.

The post Бендевска ја најави тужбата против државата appeared first on Република.

]]>

Видливо се зголемува бројот на претставки до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, што е и еден од индикаторите дека граѓаните се здобиваат со доверба во работата на Комисијата, истакна денеска претседателката Весна Бендевска. На денешната средба со граѓани, претставници на граѓанскиот сектор и локалната самоуправа во Струга истакна дека од формирањето на Комисијата, пред две ипол години, до сега работеле на околу 850 претставки.
Оваа година до крајот на септември Комисијата работеше на околу 430 претствки за разлика од лани, кога вкупниот број на претставки за 12 месеци беше 320. Еклатантно се зголемува бројот на претставки, кои се поднесуваат пред Комисијата, изјави Бендевска пред почетокот на средбата.
Целта на средбите, според неа, е граѓаните и невладиниот сектор да бидат запознаени со работата на Комисијата, да биде претставен Законот за спречување и заштита од дискриминација и наједноставно и најлесно да можат да поднесуваат претставки кога ќе се почувствуваат дискриминирани од страна на органи на државна управа или приватни субјекти. Комисијата, нагласи Бендевска, работи на неколку случаи на структурна дискриминација, односно кога е зафатена голема популација, како што е недостигот на учебници и необезбедувањето бесплатен превоз на студентите и средношколците од приватните гимназии и факултети. Посочувајќи со бројки, истакна дека од вкупно 123 потребни учебници, на 1 септември недостигале 46.
Тоа е повеќе од една третина од учебниците во разни одделенија на разни наставни јазици, рече Бендевска.
Токму поради тоа, подвлече, Комисијата утврдила дека кога не постои учебник како основно средство за изведување наставно-образовен процес, тие ученици немаат еднаков пристап до квалитетно образование во споредба со оние што имаат учебници и подготвува тужба за заштита од дискриминација против Министерството за образование и наука.
Комисијата донесе одлука и таа се спроведува. Ќе поднесеме пред граѓански суд тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес заради недостиг на учебници. Она што го констатиравме во своето работење. Во тој случај Комисијата ќе е една странка од спорот и започнува со стратешко застапување на интересите на учениците. Нивен интерес е да добиваат квалитетно образование, а тоа значи учебник по секој наставен предмет, во секое одделение и на секој јазик на кој се одвива наставата. Тужена ќе биде државата, односно МОН. Тужбата ја подготвуваме и ќе ја поднесеме заедно со нашите стратешки партнери, Македонското здружение на млади правници, изјави Бендевска.
Во однос на претставките на граѓаните со бугарска самосвест, рече дека значително се намалени, но во пораст бил бројот по други дискриминаторски основи.

The post Бендевска ја најави тужбата против државата appeared first on Република.

]]>
Бендевска: МОН не ја отстрани констатираната повреда на правото на еднаков пристап до квалитетно образование https://republika.mk/vesti/makedonija/bendevska-mon-ne-ja-otstrani-konstatiranata-povreda-na-pravoto-na-ednakov-pristap-do-kvalitetno-obrazovanie/ Mon, 04 Sep 2023 13:55:27 +0000 https://republika.mk/?p=678634

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврдила дека Министерството за образование и наука (МОН) не ја отстранило констатираната повреда на правото на еднаков пристап до квалитетно образование до 31 август, што било нивна законска обврска, информира денеска на прес-конференција претседателката на КСЗД, Весна Бендевска.

Повикувајќи се на известување од МОН, таа посочи дека од вкупно 126 учебници по задолжителните предмети, нема дури 43. Само учениците во прво и второ одделение ќе ги добијат сите учебници, пишува 360 степени.

-Учениците во трето одделение се без учебник по сите задолжителни предмети. Допрва следи печатење, преведување и дистрибуција. Од МОН со објаснување дека учебникот е во завршна фаза. Нема учебник по математика, ниту пак е распишан јавен повик за формирање авторски тим. Учениците од другите заедници немаат учебник по македонски јазик, предмет кој е задолжителен. МОН тврди дека причината е што пријавените автори биле несоодветни според нормативот за наставен кадар. Што и да значи тоа, изјави Бендевска.

Таа понатаму додаде дека петтоодделенците немаат учебник по Историја и општество, учебникот кој беше одобрен од националната комисија во ноември 2022 година, испечатен, дистрибуиран, но поради грешки се повлече од употреба.

-МОН тврди дека нов авторски тим и ракописот се во рана фаза на одобрување. Во шесто одделение нема ниту еден учебник по задолжителните предмети, нема ниту одобрување. Историја нема ниту еден ракопис, авторите на учебникот по српски јазик биле несоодветни според нормативот на наставен кадар. Учебникот по математика бил во завршна фаза, но тој треба да биде преведен на сите јазици и дистрибуиран. Учениците од 7., 8. и 9. одделение учат по старата програма и ги користат старите учебници, со исклучок на географија кој, иако е одобрен, не може да се користи. Според МОН, има проблем со пренос на авторски права со авторот. По предметот Историја има два учебника од различни издавачки куќи, но МОН во моментот не нарачува дополнителен тираж, поради историската комисија. Што и да значи ова, рече Бендевска.

Според неа, МОН е обврзан законски сите учебници да ги достави до учениците најдоцна до 31 август, што во случајов не е така.

Како што посочи Бендевска, Комисијата има обврска да покрене прекршочна пријава против утврдениот дискриминатор, но тука станува збор за голема популација на ученици кои учат на сите наставни јазици, а кои остануваат без учебник како основно средство за стекнување образование.

На прашањето кои се следните чекори на Комисијата, Бендевска укажа на судската заштита.

-Ваквата форма на дискриминација законот ја препознава како структурна и системска и Комисијата има право да поведе тужба од јавен интерес против државните институции. Следната седмица како известител по овој предмет ќе го елаборирам пред членовите и ќе донесеме конечна одлука по што ќе ја известиме јавноста, изјави Бендевска на прес-конференцијата на тема „Состојбата со обезбедување на учебници во основното образование за учебната 2023/24“.

The post Бендевска: МОН не ја отстрани констатираната повреда на правото на еднаков пристап до квалитетно образование appeared first on Република.

]]>

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврдила дека Министерството за образование и наука (МОН) не ја отстранило констатираната повреда на правото на еднаков пристап до квалитетно образование до 31 август, што било нивна законска обврска, информира денеска на прес-конференција претседателката на КСЗД, Весна Бендевска. Повикувајќи се на известување од МОН, таа посочи дека од вкупно 126 учебници по задолжителните предмети, нема дури 43. Само учениците во прво и второ одделение ќе ги добијат сите учебници, пишува 360 степени.
-Учениците во трето одделение се без учебник по сите задолжителни предмети. Допрва следи печатење, преведување и дистрибуција. Од МОН со објаснување дека учебникот е во завршна фаза. Нема учебник по математика, ниту пак е распишан јавен повик за формирање авторски тим. Учениците од другите заедници немаат учебник по македонски јазик, предмет кој е задолжителен. МОН тврди дека причината е што пријавените автори биле несоодветни според нормативот за наставен кадар. Што и да значи тоа, изјави Бендевска.
Таа понатаму додаде дека петтоодделенците немаат учебник по Историја и општество, учебникот кој беше одобрен од националната комисија во ноември 2022 година, испечатен, дистрибуиран, но поради грешки се повлече од употреба.
-МОН тврди дека нов авторски тим и ракописот се во рана фаза на одобрување. Во шесто одделение нема ниту еден учебник по задолжителните предмети, нема ниту одобрување. Историја нема ниту еден ракопис, авторите на учебникот по српски јазик биле несоодветни според нормативот на наставен кадар. Учебникот по математика бил во завршна фаза, но тој треба да биде преведен на сите јазици и дистрибуиран. Учениците од 7., 8. и 9. одделение учат по старата програма и ги користат старите учебници, со исклучок на географија кој, иако е одобрен, не може да се користи. Според МОН, има проблем со пренос на авторски права со авторот. По предметот Историја има два учебника од различни издавачки куќи, но МОН во моментот не нарачува дополнителен тираж, поради историската комисија. Што и да значи ова, рече Бендевска.
Според неа, МОН е обврзан законски сите учебници да ги достави до учениците најдоцна до 31 август, што во случајов не е така. Како што посочи Бендевска, Комисијата има обврска да покрене прекршочна пријава против утврдениот дискриминатор, но тука станува збор за голема популација на ученици кои учат на сите наставни јазици, а кои остануваат без учебник како основно средство за стекнување образование. На прашањето кои се следните чекори на Комисијата, Бендевска укажа на судската заштита.
-Ваквата форма на дискриминација законот ја препознава како структурна и системска и Комисијата има право да поведе тужба од јавен интерес против државните институции. Следната седмица како известител по овој предмет ќе го елаборирам пред членовите и ќе донесеме конечна одлука по што ќе ја известиме јавноста, изјави Бендевска на прес-конференцијата на тема „Состојбата со обезбедување на учебници во основното образование за учебната 2023/24“.

The post Бендевска: МОН не ја отстрани констатираната повреда на правото на еднаков пристап до квалитетно образование appeared first on Република.

]]>
Бендевска: КСЗД поднесе барање за поведување прекршочна постапка за министерство за правда и Тупанчески https://republika.mk/vesti/makedonija/bendevska-kszd-podnese-barane-za-poveduvane-prekrshochna-postapka-za-ministerstvo-za-pravda-i-tupancheski/ Mon, 30 Jan 2023 21:01:31 +0000 https://republika.mk/?p=602775

Во петокот комисијата за спречување и заштита од дискриминација поднесе барање за покренување прекршочна постапка против министерството за правда, претставувано од актуелниот министер Никола Тупанчески и барање за поведување на прекршочна постапка против здружението културен центар „Иван Михаилов“ од Битола претставувано од претседателот Љупчо Георгиевски“, рече претседателката на комисијата за заштита од дискриминација Весна Бендевска во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија.

Бендевска посочи дека во случајот со бугарскиот клуб во Битола со име „Ванчо Михајлов“ комисијата утврдила дека има не извршување на законски надлежности.

Во овој случај нашата комисија при носењето на своето мислење утврди дека не извршвуање на законски надлежности од страна на МП, ЦР кои биле должни да констатираат дека постои фирма во сред центар на Битола испишан на табла туѓ јазик што го носи името на клубот што е спротивно на закон, рече Бендевска.

Таа додаде дека во мислењето комисијата ги наведува сите можни закони кои се прекрши како и меѓународни инструменти кои Република Македонија ги има ратификувано и се дел од уставниот поредок.

The post Бендевска: КСЗД поднесе барање за поведување прекршочна постапка за министерство за правда и Тупанчески appeared first on Република.

]]>

Во петокот комисијата за спречување и заштита од дискриминација поднесе барање за покренување прекршочна постапка против министерството за правда, претставувано од актуелниот министер Никола Тупанчески и барање за поведување на прекршочна постапка против здружението културен центар „Иван Михаилов“ од Битола претставувано од претседателот Љупчо Георгиевски“, рече претседателката на комисијата за заштита од дискриминација Весна Бендевска во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија. Бендевска посочи дека во случајот со бугарскиот клуб во Битола со име „Ванчо Михајлов“ комисијата утврдила дека има не извршување на законски надлежности. Во овој случај нашата комисија при носењето на своето мислење утврди дека не извршвуање на законски надлежности од страна на МП, ЦР кои биле должни да констатираат дека постои фирма во сред центар на Битола испишан на табла туѓ јазик што го носи името на клубот што е спротивно на закон, рече Бендевска. Таа додаде дека во мислењето комисијата ги наведува сите можни закони кои се прекрши како и меѓународни инструменти кои Република Македонија ги има ратификувано и се дел од уставниот поредок.

The post Бендевска: КСЗД поднесе барање за поведување прекршочна постапка за министерство за правда и Тупанчески appeared first on Република.

]]>
Виктор Стојанов од бугарската фондација со смртни закани кон Весна Бендевска https://republika.mk/vesti/makedonija/viktor-stojanov-od-bugarskata-fondacija-so-smrtni-zakani-kon-vesna-bendevska/ Mon, 17 Oct 2022 13:34:31 +0000 https://republika.mk/?p=562147

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска соопшти дека „најостро реагира“ за говорот на омраза кој содржи закани за физичка ликвидација на нејзиниот член Весна Бендевска, извршено на двата профила на лицето Виктор Стојанов, претседател на Фондацијата Македонија од Софија, на социјалната мрежа Фејсбук, со став дека тоа не само што поттикнува насилство од омраза кон член на КСЗД, кој е избран државен функционер, туку претставува и обид да се изврши влијание врз независноста на Комисијата во целост.

Како што соопштуваат од КСЗД, во неговите објави поставена е фотографија од Бендевска со навредувачка, но и поттикнувачка содржина за нејзина ликвидација. Во коментарите предизвикани од објавата се издвојуваат и повеќе заканувачки содржини.

За ова, КСЗД го извести МНР, односно Тематската подгрупа за говор на омраза која е во рамки на Меѓуресорската работна група за политичка координација за спроведување на мерките од протоколот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји, формирана со одлука на Владата и очекува соодветна институционална реакција, наведуваат од КСЗД..

Ваквите објави, за кои Комисијата смета дека не само што спаѓаат во говор на омраза што поттикнува насилство од омраза кон член на КСЗД, туку претставува и обид да се изврши влијание врз независноста на Комисијата во целост, посочуваат од таму, следеа по прес – конференцијата, во која беа објавени Мислењето и препораките по однос на претставката поднесена од „Сојузот на борците од народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941 – 1945 година и граѓаните продолжувачи – Општински одбор – Битола“, против Здружението „Културен центар Иван Михајлов – Битола“, одржана во петокот, наведуваат од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди дискриминација по основ на национална и етничка припадност за основањето на здружението Културен центар „Ванчо Михајлов“ – Битола. КСЗД утврди и индиректна дискриминација извршена од страна на Министерството за правда, поради пропуштање на извршување на своите законски надлежности, со коишто му овозможиле на Здружението да врши дејствија спротивни на Законот. Здружението Културен центар „Иван Михајлов“, воедно, е должно во одреден рок да ги отстрани сите спорни елементи во статутот и програмата, што предизвикуваат вознемирување, утврди во петокот Комисијата и препорача до Министерството за правда во даден рок да изврши надзор над законитоста на примената одредба на Законот за здруженија и фондации.

The post Виктор Стојанов од бугарската фондација со смртни закани кон Весна Бендевска appeared first on Република.

]]>

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска соопшти дека „најостро реагира“ за говорот на омраза кој содржи закани за физичка ликвидација на нејзиниот член Весна Бендевска, извршено на двата профила на лицето Виктор Стојанов, претседател на Фондацијата Македонија од Софија, на социјалната мрежа Фејсбук, со став дека тоа не само што поттикнува насилство од омраза кон член на КСЗД, кој е избран државен функционер, туку претставува и обид да се изврши влијание врз независноста на Комисијата во целост. Како што соопштуваат од КСЗД, во неговите објави поставена е фотографија од Бендевска со навредувачка, но и поттикнувачка содржина за нејзина ликвидација. Во коментарите предизвикани од објавата се издвојуваат и повеќе заканувачки содржини.
За ова, КСЗД го извести МНР, односно Тематската подгрупа за говор на омраза која е во рамки на Меѓуресорската работна група за политичка координација за спроведување на мерките од протоколот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји, формирана со одлука на Владата и очекува соодветна институционална реакција, наведуваат од КСЗД..
Ваквите објави, за кои Комисијата смета дека не само што спаѓаат во говор на омраза што поттикнува насилство од омраза кон член на КСЗД, туку претставува и обид да се изврши влијание врз независноста на Комисијата во целост, посочуваат од таму, следеа по прес – конференцијата, во која беа објавени Мислењето и препораките по однос на претставката поднесена од „Сојузот на борците од народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941 – 1945 година и граѓаните продолжувачи – Општински одбор – Битола“, против Здружението „Културен центар Иван Михајлов – Битола“, одржана во петокот, наведуваат од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди дискриминација по основ на национална и етничка припадност за основањето на здружението Културен центар „Ванчо Михајлов“ – Битола. КСЗД утврди и индиректна дискриминација извршена од страна на Министерството за правда, поради пропуштање на извршување на своите законски надлежности, со коишто му овозможиле на Здружението да врши дејствија спротивни на Законот. Здружението Културен центар „Иван Михајлов“, воедно, е должно во одреден рок да ги отстрани сите спорни елементи во статутот и програмата, што предизвикуваат вознемирување, утврди во петокот Комисијата и препорача до Министерството за правда во даден рок да изврши надзор над законитоста на примената одредба на Законот за здруженија и фондации.

The post Виктор Стојанов од бугарската фондација со смртни закани кон Весна Бендевска appeared first on Република.

]]>
Во Македонија жените се мажи: Весна Бендевска со три рала поголеми м….. од Таче, Стево и Бујар на купче https://republika.mk/kolumni/vo-makedonija-zenite-se-mazi-vesna-bendevska-so-tri-rala-pogolemi-m-od-tache-stevo-i-bujar-na-kupche/ Sat, 15 Oct 2022 17:32:43 +0000 https://republika.mk/?p=561539

Предраг Димитровски

Комисијата за спречувње и заштита од дискриминација е првата и засега единствена институција во Република Македонија која директно одговори на антимакедонските провокации од страна на т.н. македонски Бугари со отворањето клубови и здруженија, чии имиња предизвикуваат револт и незадоволство меѓу македонските граѓани. Со одлуката и насоките, што ги одреди за културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола, Комисијата покажа дека постои начин соодветно да се одговори на политичката распродажба на се што е македонско од страна на власта на СДСМ, да се спречи дискриминацијата на Македонците и Евреите и да се одбрани нивното основно човечко достоинство.

Дефинитивно, во Македонија жените се мажи, а мажите се во здолништа. Поранешната шефица, а сега само член на Комисијата, Весна Бендевска, која го работеше предметот, покажа и докажа дека има три рала поголеми м….. од премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на државата Стево Пендаровски и шефот на дипломатијата Бујар Османи на купче заедно!

Зашто, нивната сервилност, послушност, молчење и затворање очи пред тоа што, очигледно, било политички договорено пред неколку години со бугарската страна, ја замени со професионалност, дигнитет, храброст и достоинствено извршување на работните задачи и обврски. Но, пред се, со почитување на законските и уставните регулативи и првенствено на праксата на Европскиот суд за човекови права, што, пак, од друга страна целосно ги фрла во вода досегашните тврдења на власта дека се неопходни законски измени за да се спречи употребата на историски спорни, најблаго речено контроверзни имиња, имиња зад кои стои повампирувањето на бугарскиот наци-фашизам како политичка идеологија.

И првите медиумски реакции од страна на т.н. македонски Бугари само потврдуваат дека целта на културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола ни најмалку не било добрососедството или заштитата на човековите права и слободи. Напротив, нападите врз Бендевска и одлуката на Комисијата директно говорат дека целта е елиминирање на антибугарскиот македонизам и отворање широки врати за бугаризација на општеството.

Ова од една страна, а од друга, прикажувањето на антикомунизмот во Македонија единствено како бугарско дело! Зашто, ако комунизмот бил во основа антибугарски, тогаш декомунизацијата на општеството мора да биде пробугарски! Според бугарската политичка мисла, ни комунизмот, ни антикомунизмот не биле и не можат да бидат чисто македонски! Зашто, нели, во царска Бугарија немало фашизам, како антипод на комунистичкиот тоталитарен систем, па судирот меѓу фашистите и комунистите за време на Втората светска војна, практично бил чисто идеолошки, а не меѓунационален судир.

Во вакви околности, одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација отвора и друга дилема, што се сведува на натамошниот меѓуинституционален однос во државата. Владата формира ад хок тело кое во иднина ќе треба да дава согласност за имињата, што т.н. македонски Бугари или било кој друг ќе сака да ги одбере за своите здрушенија или фондации. Член на тоа тело е и неизбжниот, „органски“ историчар, академикот и директор на Институтот за национална историја и копретседател на заедничката македонско-бугарска комисија за историски и прашања за учебниците, Драги Ѓоргиев.

Истиот тој Драги Ѓоргиев, како добар „партиски измеќар“ во два наврати досега, бранејќи ги глупостите и ветувањата на неговиот патрон, екс-премиерот Зоран Заев, изјави, парафразирано, дека Бугарите за време на Втората светска војна биле окупатори, но не и фашисти. И сега, како тој Ѓоргиев ќе носи одлуки, на пример, и за Иван Ванчо Михајлов, и за Царот Борис Трети, и за Царот Фердинанд?! Или, како ќе ја применува одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација!? Како ќе одлучува за заедничко чествување на некоја од овие личности или за менување на учебниците!? Па, чудо од историчар да е, а не е, нему не му е местото таму.

The post Во Македонија жените се мажи: Весна Бендевска со три рала поголеми м….. од Таче, Стево и Бујар на купче appeared first on Република.

]]>

Предраг Димитровски

Комисијата за спречувње и заштита од дискриминација е првата и засега единствена институција во Република Македонија која директно одговори на антимакедонските провокации од страна на т.н. македонски Бугари со отворањето клубови и здруженија, чии имиња предизвикуваат револт и незадоволство меѓу македонските граѓани. Со одлуката и насоките, што ги одреди за културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола, Комисијата покажа дека постои начин соодветно да се одговори на политичката распродажба на се што е македонско од страна на власта на СДСМ, да се спречи дискриминацијата на Македонците и Евреите и да се одбрани нивното основно човечко достоинство. Дефинитивно, во Македонија жените се мажи, а мажите се во здолништа. Поранешната шефица, а сега само член на Комисијата, Весна Бендевска, која го работеше предметот, покажа и докажа дека има три рала поголеми м….. од премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на државата Стево Пендаровски и шефот на дипломатијата Бујар Османи на купче заедно! Зашто, нивната сервилност, послушност, молчење и затворање очи пред тоа што, очигледно, било политички договорено пред неколку години со бугарската страна, ја замени со професионалност, дигнитет, храброст и достоинствено извршување на работните задачи и обврски. Но, пред се, со почитување на законските и уставните регулативи и првенствено на праксата на Европскиот суд за човекови права, што, пак, од друга страна целосно ги фрла во вода досегашните тврдења на власта дека се неопходни законски измени за да се спречи употребата на историски спорни, најблаго речено контроверзни имиња, имиња зад кои стои повампирувањето на бугарскиот наци-фашизам како политичка идеологија. И првите медиумски реакции од страна на т.н. македонски Бугари само потврдуваат дека целта на културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола ни најмалку не било добрососедството или заштитата на човековите права и слободи. Напротив, нападите врз Бендевска и одлуката на Комисијата директно говорат дека целта е елиминирање на антибугарскиот македонизам и отворање широки врати за бугаризација на општеството. Ова од една страна, а од друга, прикажувањето на антикомунизмот во Македонија единствено како бугарско дело! Зашто, ако комунизмот бил во основа антибугарски, тогаш декомунизацијата на општеството мора да биде пробугарски! Според бугарската политичка мисла, ни комунизмот, ни антикомунизмот не биле и не можат да бидат чисто македонски! Зашто, нели, во царска Бугарија немало фашизам, како антипод на комунистичкиот тоталитарен систем, па судирот меѓу фашистите и комунистите за време на Втората светска војна, практично бил чисто идеолошки, а не меѓунационален судир. Во вакви околности, одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација отвора и друга дилема, што се сведува на натамошниот меѓуинституционален однос во државата. Владата формира ад хок тело кое во иднина ќе треба да дава согласност за имињата, што т.н. македонски Бугари или било кој друг ќе сака да ги одбере за своите здрушенија или фондации. Член на тоа тело е и неизбжниот, „органски“ историчар, академикот и директор на Институтот за национална историја и копретседател на заедничката македонско-бугарска комисија за историски и прашања за учебниците, Драги Ѓоргиев. Истиот тој Драги Ѓоргиев, како добар „партиски измеќар“ во два наврати досега, бранејќи ги глупостите и ветувањата на неговиот патрон, екс-премиерот Зоран Заев, изјави, парафразирано, дека Бугарите за време на Втората светска војна биле окупатори, но не и фашисти. И сега, како тој Ѓоргиев ќе носи одлуки, на пример, и за Иван Ванчо Михајлов, и за Царот Борис Трети, и за Царот Фердинанд?! Или, како ќе ја применува одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација!? Како ќе одлучува за заедничко чествување на некоја од овие личности или за менување на учебниците!? Па, чудо од историчар да е, а не е, нему не му е местото таму.

The post Во Македонија жените се мажи: Весна Бендевска со три рала поголеми м….. од Таче, Стево и Бујар на купче appeared first on Република.

]]>
Клубот „Ванчо Михајлов“ ги дискриминира и вознемирува Македонците, КСЗД препорача отстранување на сите спорни елементи во рок од 45 дена https://republika.mk/vesti/makedonija/klubot-vancho-mihajlov-gi-diskriminira-i-voznemiruva-makedoncite-kszd-preporacha-otstranuvanje-na-site-sporni-elementi-vo-rok-od-45-dena/ Fri, 14 Oct 2022 08:57:28 +0000 https://republika.mk/?p=560971

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди дискриминација по основ на национална и етничка припадност за основањето на здружението Културен центар „Ванчо Михајлов” – Битола. Комисијата утврди продолжено и повеќекратно вознемирување како потежок вид дискриминација извршено кон членовите, семејствата, поддржувачите и почитувачите на Сојузот на борците, но и кон македонскиот народ и припадниците на сите заедници во македонското општество, соопшти Весна Бендевска на денешната прес-конференција.

КСЗД утврди и индиректна дискриминација извршена од страна на Министерството за правда, поради пропуштање на извршување на своите законски надлежности, со коишто му овозможиле на Здружението да врши дејствија спротивни на Законот.

Согласно законот, Комисијата откако ќе утврди форма на дискриминација должна е да донесе препораки за начинот на кој ќе треба да се отстрани ова еклатантно вознемирување.

Се препорачува здружението да ги отстрани сите спорни елементи во името, статутот и програмата во рок од 45 дена. Да ги отстрани сите спорни содржини од својата Фејсбук страница кои предизвикуваат вознемирување поврзани со ликот и делот на Иван Михајлов во најкус рок, но не повеќе од 30 дена и што е најважно се препорачува Министерството за правада да изврши надзор врз законистоста на примената на одредбите на Законот за здруженија и фондации кој забранува да се организираат и формираат здруженија кои потикнуваат ширење на расна нетрпеливпост во рок од 45 дена и за тоа писмено да ја извести Комисијата, рече Бендевска.

Комисијата постапи по овој случај по претставка поднесена од Сојузот на борците – ОО Битола од народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 година.

The post Клубот „Ванчо Михајлов“ ги дискриминира и вознемирува Македонците, КСЗД препорача отстранување на сите спорни елементи во рок од 45 дена appeared first on Република.

]]>

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврди дискриминација по основ на национална и етничка припадност за основањето на здружението Културен центар „Ванчо Михајлов” – Битола. Комисијата утврди продолжено и повеќекратно вознемирување како потежок вид дискриминација извршено кон членовите, семејствата, поддржувачите и почитувачите на Сојузот на борците, но и кон македонскиот народ и припадниците на сите заедници во македонското општество, соопшти Весна Бендевска на денешната прес-конференција. КСЗД утврди и индиректна дискриминација извршена од страна на Министерството за правда, поради пропуштање на извршување на своите законски надлежности, со коишто му овозможиле на Здружението да врши дејствија спротивни на Законот. Согласно законот, Комисијата откако ќе утврди форма на дискриминација должна е да донесе препораки за начинот на кој ќе треба да се отстрани ова еклатантно вознемирување.
Се препорачува здружението да ги отстрани сите спорни елементи во името, статутот и програмата во рок од 45 дена. Да ги отстрани сите спорни содржини од својата Фејсбук страница кои предизвикуваат вознемирување поврзани со ликот и делот на Иван Михајлов во најкус рок, но не повеќе од 30 дена и што е најважно се препорачува Министерството за правада да изврши надзор врз законистоста на примената на одредбите на Законот за здруженија и фондации кој забранува да се организираат и формираат здруженија кои потикнуваат ширење на расна нетрпеливпост во рок од 45 дена и за тоа писмено да ја извести Комисијата, рече Бендевска.
Комисијата постапи по овој случај по претставка поднесена од Сојузот на борците – ОО Битола од народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија 1941-1945 година.

The post Клубот „Ванчо Михајлов“ ги дискриминира и вознемирува Македонците, КСЗД препорача отстранување на сите спорни елементи во рок од 45 дена appeared first on Република.

]]>
Весна од ВМРО-ДПМНЕ и Весна од СДСМ заедно пред Владата против францускиот предлог https://republika.mk/vesti/makedonija/vesna-od-vmro-dpmne-i-vesna-od-sdsm-zaedno-pred-vladata-protiv-francuskiot-predlog/ Sun, 03 Jul 2022 06:43:30 +0000 https://republika.mk/?p=522918

Претседателката на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска, и поранешната пратеничка на СДСМ, Весна Бендевска, на големиот народен протест пред Владата покажаа дека идеолошката припадност не е пречка да се застане заедно за Македонија и за зачувување на идентитетот на македонскиот народ.

https://twitter.com/StevanoAna/status/1543336554596286466?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1543336554596286466%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.expres.mk%2Fvesna-od-vmro-dpmne-i-vesna-od-sdsm-zaedno-pred-vladata-protiv-francuskiot-predlog%2F

https://republika.mk/vesti/makedonija/poraneshni-vidni-chlenovi-na-sdsm-so-poddrshka-za-protestot-protiv-francuskiot-predlog/

The post Весна од ВМРО-ДПМНЕ и Весна од СДСМ заедно пред Владата против францускиот предлог appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска, и поранешната пратеничка на СДСМ, Весна Бендевска, на големиот народен протест пред Владата покажаа дека идеолошката припадност не е пречка да се застане заедно за Македонија и за зачувување на идентитетот на македонскиот народ. https://twitter.com/StevanoAna/status/1543336554596286466?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1543336554596286466%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.expres.mk%2Fvesna-od-vmro-dpmne-i-vesna-od-sdsm-zaedno-pred-vladata-protiv-francuskiot-predlog%2F https://republika.mk/vesti/makedonija/poraneshni-vidni-chlenovi-na-sdsm-so-poddrshka-za-protestot-protiv-francuskiot-predlog/  

The post Весна од ВМРО-ДПМНЕ и Весна од СДСМ заедно пред Владата против францускиот предлог appeared first on Република.

]]>
Поранешни видни членови на СДСМ со поддршка за протестот против францускиот предлог https://republika.mk/vesti/makedonija/poraneshni-vidni-chlenovi-na-sdsm-so-poddrshka-za-protestot-protiv-francuskiot-predlog/ Sat, 02 Jul 2022 09:51:37 +0000 https://republika.mk/?p=522512

Поранешни видни членови на СДСМ изразуваат поддршка за протестот против францускиот предлог што ќе се одржи вечерва во 19 часот пред зградата на владата.

Членката на комисијата за борба против дискриминација и поранешна пратеничка на СДСМ, весна Бендевска, на социјалните мрежи порача дека ќе излезе на протестот за да изрази протест против, како што истакнува, лакрдијата што го повредува нејзиното лично граѓанско право на самосвест за национална припадност, посебност, нејзиниот мајчин јазик и историјата на нејзиниот народ, со коишто се гордее.

Свесно. Заради себе и својата совест, без калкулации за последиците. Моите идњали ми се поважни од се и ќе се борам за нив, до крај.

Апсолутно не ме допираат манипулативните повици на ниту една политичка партија или субјект.

Ова е моја лична потреба, моја лична борба. За да бидам Јас. За пред себе да сум чиста дека направив обид и не молчев. Без оглед на исходот.

И никој нема право да ми го спори моето право - порача Бендевска.

The post Поранешни видни членови на СДСМ со поддршка за протестот против францускиот предлог appeared first on Република.

]]>

Поранешни видни членови на СДСМ изразуваат поддршка за протестот против францускиот предлог што ќе се одржи вечерва во 19 часот пред зградата на владата. Членката на комисијата за борба против дискриминација и поранешна пратеничка на СДСМ, весна Бендевска, на социјалните мрежи порача дека ќе излезе на протестот за да изрази протест против, како што истакнува, лакрдијата што го повредува нејзиното лично граѓанско право на самосвест за национална припадност, посебност, нејзиниот мајчин јазик и историјата на нејзиниот народ, со коишто се гордее.
Свесно. Заради себе и својата совест, без калкулации за последиците. Моите идњали ми се поважни од се и ќе се борам за нив, до крај.   Апсолутно не ме допираат манипулативните повици на ниту една политичка партија или субјект.   Ова е моја лична потреба, моја лична борба. За да бидам Јас. За пред себе да сум чиста дека направив обид и не молчев. Без оглед на исходот.   И никој нема право да ми го спори моето право - порача Бендевска.
 
The post Поранешни видни членови на СДСМ со поддршка за протестот против францускиот предлог appeared first on Република.

]]>
Велат дека Бугарите биле дискриминирани, а само еден досега се пожалил на Комисијата за дискриминација https://republika.mk/vesti/makedonija/velat-deka-bugarite-bile-diskriminirani-a-samo-eden-dosega-se-pozalil-na-komisijata-za-diskriminacija/ Mon, 31 Jan 2022 10:20:03 +0000 https://republika.mk/?p=451864

Минатата година до Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација бил доставен само еден поднесок за дискриминација поради бугарско самочувство. Претседателката на Комисијата, Весна Бендевска изјави дека институцијата има високо ниво на самостојност и е важна во моментов, поради изјавите на припадници на бугарското малцинство во Македонија кои велат дека им се загрозени правата а нема каде да се жалат.

– При крајот на минатата година беше поднесена само една постапка од граѓанин кој се пожали дека е дискриминиран на работното место – вработен во мала рурална локална самоуправа – поради неговото лично чувство дека има бугарско потекло. Ние сме должни да ја прашаме и другата страна. Одговорот беше интересен. Секој вработен во образецот М1/М2 се изјаснува по националност. Жалителот тука се изјаснил како етнички Македонец, па оттука не му е нарушено правото на еднаквост со неговото сменување од работното место, појасни Бендевска во гостување во емисијата „Утрински брифинг“.

Таа истакна дека Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација има веб-страна со детални податоци за случаите што ги имаат, колку се решени, до каде е постапката со одреден случај, а по ново можат електронски да поднесат претставка.

Претседателката на Комисијата ги охрабри сите граѓани кои се чувствуваат дискриминирано по кој било основ – етнички, родов, сексуален, политички и други основи, да поднесат претставка до Комисијата.

Бендевска додаде дека работата на Комисијата има ефект, иако некои од дискриминаторите не ја признаваат институцијата, поради тоа што не ја разбираат нејзината надлежност.

– Граѓанинот не мора ни да знае како да ја формулира претставката, доволно е да изнесе поради што ја поднесува претставката. Ние имаме право без најава да влеземе кај пријавениот за дискриминација и да извршиме увид па да го формулираме основот или основите на дискриминација, вели Бендевска.

Претставки може да поднесуваат и правни лица, односно здруженија кои се борат против дискриминациски основи. Најмногу од претставките што ги добиле, Бендевска посочи дека се поврзани со дискриминација на работното место

The post Велат дека Бугарите биле дискриминирани, а само еден досега се пожалил на Комисијата за дискриминација appeared first on Република.

]]>

Минатата година до Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација бил доставен само еден поднесок за дискриминација поради бугарско самочувство. Претседателката на Комисијата, Весна Бендевска изјави дека институцијата има високо ниво на самостојност и е важна во моментов, поради изјавите на припадници на бугарското малцинство во Македонија кои велат дека им се загрозени правата а нема каде да се жалат.
– При крајот на минатата година беше поднесена само една постапка од граѓанин кој се пожали дека е дискриминиран на работното место – вработен во мала рурална локална самоуправа – поради неговото лично чувство дека има бугарско потекло. Ние сме должни да ја прашаме и другата страна. Одговорот беше интересен. Секој вработен во образецот М1/М2 се изјаснува по националност. Жалителот тука се изјаснил како етнички Македонец, па оттука не му е нарушено правото на еднаквост со неговото сменување од работното место, појасни Бендевска во гостување во емисијата „Утрински брифинг“.
Таа истакна дека Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација има веб-страна со детални податоци за случаите што ги имаат, колку се решени, до каде е постапката со одреден случај, а по ново можат електронски да поднесат претставка. Претседателката на Комисијата ги охрабри сите граѓани кои се чувствуваат дискриминирано по кој било основ – етнички, родов, сексуален, политички и други основи, да поднесат претставка до Комисијата. Бендевска додаде дека работата на Комисијата има ефект, иако некои од дискриминаторите не ја признаваат институцијата, поради тоа што не ја разбираат нејзината надлежност.