вештини Archives - Република https://republika.mk/tema/veshtini/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Jan 2024 11:05:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вештини Archives - Република https://republika.mk/tema/veshtini/ 32 32 Мајката на 4-годишното девојче со гангрена и повреди ќе учи вештини за родителство пред да и се вратат одземените три деца https://republika.mk/zivot/zdravje/majkata-na-4-godishnoto-devojche-so-gangrena-i-povredi-ke-uchi-veshtini-za-roditelstvo-pred-da-i-se-vratat-odzemenite-tri-detsa/ Mon, 22 Jan 2024 11:05:17 +0000 https://republika.mk/?p=735424

За да си ги добие трите одземени деца, мајката на 4-годишното девојче кое со гангрена на дланките и стапалата и повреди по телото беше однесено в болница, ќе мора да ги зајакне родителските вештини. Министерката за труд и социјала Јована Тренчевска, вели дека нема податоци од каде е семејството оти немаат документи и покрај бројните повици таквите лица да се евидентираат, но извести дека семејството има уште две деца кои сега ги чува дедото, а во тек е постапка за нивно сместување во згрижувачки семејства.

Се работи за семејство кое не е од Струмица, дојдено е привремено овде. Се работи за семејство со уште три малолетни деца. Во моментов децата се кај нивниот дедо и се работи на тоа да бидат сместени во згрижувачко семејство. Мајката е со детето во Детската клиника во Скопје. Штом се подобри состојбата, се надевам дека ќе се подобри, стручниот тим од Центарот за социјални работи ќе работи со мајката за јакнење на нејзините вештини за родителство, за да може по извесен период, штом Центарот утврди дека мајката ги има капацитетите дека може да се грижи за децата, да им бидат вратени децата. Дотогаш децата ќе бидат згрижени во згрижувачко семејство, каде што ќе им бидат обезбедени сите услови за нормално детство на сите три малолетни деца“, рече министерката Тренчевска денес по отворањето на нова сензорна соба во градинката „Виножито“ во Струмица, донација од Кина.

Дополнителни мерки министерката најави дека ќе бидат преземени откако МВР и Обвинителството ќе го завршат нивниот дел од работата.

За целото семејство ќе биде спроведена постапката за евиденција во Управата за водење матични книги за да можат да бидат вклучени и да ги остварат правата за социјална и детска заштита.

Директорката на Детската клиника, Валентина Цвејоска – Чолаковска, кажа дека детето било донесено во исклучително тешка состојба, потхрането, хигиенски запоставено, со гангренозни промени на прстите на дланките и на стапалата. На Клиниката успеале да ги стабилизираат виталните параметри на девојчето и во тек е нејзино лекување.

The post Мајката на 4-годишното девојче со гангрена и повреди ќе учи вештини за родителство пред да и се вратат одземените три деца appeared first on Република.

]]>

За да си ги добие трите одземени деца, мајката на 4-годишното девојче кое со гангрена на дланките и стапалата и повреди по телото беше однесено в болница, ќе мора да ги зајакне родителските вештини. Министерката за труд и социјала Јована Тренчевска, вели дека нема податоци од каде е семејството оти немаат документи и покрај бројните повици таквите лица да се евидентираат, но извести дека семејството има уште две деца кои сега ги чува дедото, а во тек е постапка за нивно сместување во згрижувачки семејства.
Се работи за семејство кое не е од Струмица, дојдено е привремено овде. Се работи за семејство со уште три малолетни деца. Во моментов децата се кај нивниот дедо и се работи на тоа да бидат сместени во згрижувачко семејство. Мајката е со детето во Детската клиника во Скопје. Штом се подобри состојбата, се надевам дека ќе се подобри, стручниот тим од Центарот за социјални работи ќе работи со мајката за јакнење на нејзините вештини за родителство, за да може по извесен период, штом Центарот утврди дека мајката ги има капацитетите дека може да се грижи за децата, да им бидат вратени децата. Дотогаш децата ќе бидат згрижени во згрижувачко семејство, каде што ќе им бидат обезбедени сите услови за нормално детство на сите три малолетни деца“, рече министерката Тренчевска денес по отворањето на нова сензорна соба во градинката „Виножито“ во Струмица, донација од Кина.
Дополнителни мерки министерката најави дека ќе бидат преземени откако МВР и Обвинителството ќе го завршат нивниот дел од работата. За целото семејство ќе биде спроведена постапката за евиденција во Управата за водење матични книги за да можат да бидат вклучени и да ги остварат правата за социјална и детска заштита. Директорката на Детската клиника, Валентина Цвејоска – Чолаковска, кажа дека детето било донесено во исклучително тешка состојба, потхрането, хигиенски запоставено, со гангренозни промени на прстите на дланките и на стапалата. На Клиниката успеале да ги стабилизираат виталните параметри на девојчето и во тек е нејзино лекување.  

The post Мајката на 4-годишното девојче со гангрена и повреди ќе учи вештини за родителство пред да и се вратат одземените три деца appeared first on Република.

]]>
Вештините на младите во Македонија се за десет пати пониски во споредба со бројките во земјите од ЕУ https://republika.mk/vesti/ekonomija/veshtinite-na-mladite-vo-makedonija-se-za-deset-pati-poniski-vo-sporedba-so-brojkite-vo-zemjite-od-eu/ Tue, 31 Jan 2023 08:08:50 +0000 https://republika.mk/?p=602839

Вештините на младите во Македонија се за десет пати пониски во споредба со бројките во земјите од Европската унија. Ова е посочено во Извеештајот за прогрес, кажа Блажен Малески од Регионалната канцеларија за младинска соработка РИКО, кој беше модератор на дебатата која се одржа во Europe House Скопје на тема „Способностите на младите луѓе и потребите на пазарот: Какви вештини се неопходни“, како прва од дискусиите во рамките на Европската година на вештините.

Што им е неопходно на младите за да бидат конкурентни на пазарот на трудот? Што прави државата на ова поле, какви податоци од терен носат невладините организации и граѓанскиот сектор?

Дебатата ја отвори евроамбасадорот Дејвид Гир, а во дискусијата учествуваа Младен Фрчковски од Министерството за труд и социјална политика (МТСП), Горан Петровски од Агенцијата за вработување, Бојан Тодоровски од Бизнис-конфедерацијата, Билјана Стојческа од Младинскиот сојуз од Крушево и Зоран Илиески од Коалицијата на младински организации СЕГА.

Според Извештајот за прогрес, 80 отсто од долгорочно невработените немаат доволно развиени вештини и тоа е последица на невработеноста. Фрчковски објасни дека е при крај оперативниот план за 2023 година, а во мерките за вработување воведуваат и пилот-мерки. Годишните извештаи на Агенцијата за вработување покажале дека повеќе од 60 отсто од барателите на работа се со минимално завршено основно или незавршено средно образование. По серија разговори со стопанските комори и технолошко-индустриските развојни зони, од сите добиле иста порака:

Не им е важно образованието, важно е дека им требаат работници - сега. Значи имаме работна сила од околу 80.000 работници кои компаниите-членки на стопанските комори можат да ги ангажираат. Затоа во обуките дефиниравме дека може да бидат и лица со завршено основно образование. Добиваме податоци од центрите за социјална работа, лицата добиваат психолошко-социјална и менторска поддршка, па се пренасочуваат во делот за услуги каде што се изработува индивидуален план за вработување, објасни Фрчковски.

Според него, исклучително е важно што за мерките на вработување годинава се издвоени 33 милиони евра, а до пред десет години биле буџетирани со 8 милиони евра. Тој рече дека соработката со невладиниот сектор е одлична и заедно ги креираат законите и стратегиите за младински политики.

Горан Петровски појасни дека Агенцијата за вработување е повеќе техничко тело кое ги спроведува веќе донесените политики и стратешки документи. Годишните планови се темелат на две активни мерки - директно вработување и зајакнување на капацитетите преку обуки. Тука е и можноста „Втора шанса“, пилот-мерки за дооформување на средното стручно образование.

Голем е интересот за обуки, особено кај младите. Правиме анализа за потребата на вештини според потребите на барателите. Тука е и можноста Гаранција за млади, чиј фокус се напредни вештини кои бараат предзнаење. Но, голема е бројката на млади лица кои немаат доволно основни познавања. Неопходно е да се фокусираме и на оваа група млади на кои им се неопходни брзи обуки за основни вештини во текот на целата година за да се зголемат нивните капацитети. Имаме проблем со мал фонд за оваа намена - вели Петровски.

За бизнис-заедницата, најголем проблем е огромното стареење на населението и иселувањето на младите, вели Бојан Тодоровски. Секаде во светот младите се под големо влијание на дигитализацијата и интернет-технологиите. Со недостиг на кадар компаниите се соочуваат секој ден, без оглед на големината или видот на претпријатието, до моментот кога веќе не бараат диплома, туку исклучиво вештини. Според Тодоровски, комотни се само големите компании кои имаат пари и технологија да вложуваат во наградување на своите вработени. Од друга страна, огромна е бројката на микропретпријатија кои се оставени сами на себе и немаат можност за развој. Кај нив мора да има самоиницијатива за растење и надградба.

Тодоровски ја потенцира Програмата за млади претприемачи што ја имплементираат со помош на ЕУ. Тој вели дека бизнис-секторот е консултиран и инволвиран во креирањето политики, но треба да се поттикне комуникација помеѓу државните институции, бизнис-секторот и образовните институции.

Во моментов најмногу трпат образовните институции. Не навлегуваме во тоа дали поради погрешни политики, ниту вперуваме прст. Но, за состојбата со невработеноста не можеме да ги обвиниме јавните образовни институции. Има перцепција на неатрактивност на формалното образование, за сметка на скапите неформални образовни институции. Бизнис-секторот не треба да се доведе во прашање дали воопшто вреди средното образование да се остави задолжително - дециден е Тодоровски.

Стојческа повеќе од 12 години работи со млади, вработувања и претприемништво како дел од невладиниот сектор. Таа посочи дека со светската економска криза, до 2025 година 85 милиони луѓе ќе ја загубат работата и ќе бидат заменети со машини. Таа гледа голема шанса за вработување преку меѓуграничната соработка со Бугарија и Грција. Таа апелираше бизнис-заедницата да биде посензибилна за соработка со младинските организации.

Илиески потенцира дека владините институции треба да имаат повеќе слух за реалните состојби на терен. Соработката мора да биде интензивна и младинските организации да не бидат вклучени само во креирањето политики и стратегии, туку и во нивното спроведување и во мониторингот и евалуациите.

Ние уште пред 10 години укажувавме дека земјава ќе остане без работници, проблемот со кој денес се соочува бизнис-секторот. Денес, податоците од терен кажуваат дека младите немаат доверба во програмата Гаранција за млади. Мерките не се стабилни, тие се краткорочни и не гарантираат долгорочно вработување. Сево ова ги обесхрабрува младите. Државата мора да ја врати довербата. Таа ќе покаже поголема свесност ако во текот на целата година ги регрутира младите. Граѓанскиот сектор има капацитет да работиме заедно и да направиме промени. Во моментот во Струмица се увезува работна сила од Романија. Бизнисот секогаш ќе најде работници, но државата нема да ги задржи младите - вели Илиески.

Евроамбасадорот Гир, особено радосен што во публиката виде млади од различни граѓански организации, рече дека има многу причини што 2023 е прогласена за Година на вештините.

Вештините значат добри работни места, надградувањето е добро за економијата, а најважно од сè, добро е за луѓето. Потребите на пазарот на трудот рапидно се менуваат и ја нагласуваат неопходноста од нови вештини, дигитални, зелени вештини. Делегацијата на Европската Унија многу е посветена на младите и нивниот просперитет тука, не само затоа што е важно за оваа земја, тука затоа што тие се идни ЕУ-граѓани и носат позитивна промена - рече Гир.

The post Вештините на младите во Македонија се за десет пати пониски во споредба со бројките во земјите од ЕУ appeared first on Република.

]]>

Вештините на младите во Македонија се за десет пати пониски во споредба со бројките во земјите од Европската унија. Ова е посочено во Извеештајот за прогрес, кажа Блажен Малески од Регионалната канцеларија за младинска соработка РИКО, кој беше модератор на дебатата која се одржа во Europe House Скопје на тема „Способностите на младите луѓе и потребите на пазарот: Какви вештини се неопходни“, како прва од дискусиите во рамките на Европската година на вештините. Што им е неопходно на младите за да бидат конкурентни на пазарот на трудот? Што прави државата на ова поле, какви податоци од терен носат невладините организации и граѓанскиот сектор? Дебатата ја отвори евроамбасадорот Дејвид Гир, а во дискусијата учествуваа Младен Фрчковски од Министерството за труд и социјална политика (МТСП), Горан Петровски од Агенцијата за вработување, Бојан Тодоровски од Бизнис-конфедерацијата, Билјана Стојческа од Младинскиот сојуз од Крушево и Зоран Илиески од Коалицијата на младински организации СЕГА. Според Извештајот за прогрес, 80 отсто од долгорочно невработените немаат доволно развиени вештини и тоа е последица на невработеноста. Фрчковски објасни дека е при крај оперативниот план за 2023 година, а во мерките за вработување воведуваат и пилот-мерки. Годишните извештаи на Агенцијата за вработување покажале дека повеќе од 60 отсто од барателите на работа се со минимално завршено основно или незавршено средно образование. По серија разговори со стопанските комори и технолошко-индустриските развојни зони, од сите добиле иста порака:
Не им е важно образованието, важно е дека им требаат работници - сега. Значи имаме работна сила од околу 80.000 работници кои компаниите-членки на стопанските комори можат да ги ангажираат. Затоа во обуките дефиниравме дека може да бидат и лица со завршено основно образование. Добиваме податоци од центрите за социјална работа, лицата добиваат психолошко-социјална и менторска поддршка, па се пренасочуваат во делот за услуги каде што се изработува индивидуален план за вработување, објасни Фрчковски.
Според него, исклучително е важно што за мерките на вработување годинава се издвоени 33 милиони евра, а до пред десет години биле буџетирани со 8 милиони евра. Тој рече дека соработката со невладиниот сектор е одлична и заедно ги креираат законите и стратегиите за младински политики. Горан Петровски појасни дека Агенцијата за вработување е повеќе техничко тело кое ги спроведува веќе донесените политики и стратешки документи. Годишните планови се темелат на две активни мерки - директно вработување и зајакнување на капацитетите преку обуки. Тука е и можноста „Втора шанса“, пилот-мерки за дооформување на средното стручно образование.
Голем е интересот за обуки, особено кај младите. Правиме анализа за потребата на вештини според потребите на барателите. Тука е и можноста Гаранција за млади, чиј фокус се напредни вештини кои бараат предзнаење. Но, голема е бројката на млади лица кои немаат доволно основни познавања. Неопходно е да се фокусираме и на оваа група млади на кои им се неопходни брзи обуки за основни вештини во текот на целата година за да се зголемат нивните капацитети. Имаме проблем со мал фонд за оваа намена - вели Петровски.
За бизнис-заедницата, најголем проблем е огромното стареење на населението и иселувањето на младите, вели Бојан Тодоровски. Секаде во светот младите се под големо влијание на дигитализацијата и интернет-технологиите. Со недостиг на кадар компаниите се соочуваат секој ден, без оглед на големината или видот на претпријатието, до моментот кога веќе не бараат диплома, туку исклучиво вештини. Според Тодоровски, комотни се само големите компании кои имаат пари и технологија да вложуваат во наградување на своите вработени. Од друга страна, огромна е бројката на микропретпријатија кои се оставени сами на себе и немаат можност за развој. Кај нив мора да има самоиницијатива за растење и надградба. Тодоровски ја потенцира Програмата за млади претприемачи што ја имплементираат со помош на ЕУ. Тој вели дека бизнис-секторот е консултиран и инволвиран во креирањето политики, но треба да се поттикне комуникација помеѓу државните институции, бизнис-секторот и образовните институции.
Во моментов најмногу трпат образовните институции. Не навлегуваме во тоа дали поради погрешни политики, ниту вперуваме прст. Но, за состојбата со невработеноста не можеме да ги обвиниме јавните образовни институции. Има перцепција на неатрактивност на формалното образование, за сметка на скапите неформални образовни институции. Бизнис-секторот не треба да се доведе во прашање дали воопшто вреди средното образование да се остави задолжително - дециден е Тодоровски.
Стојческа повеќе од 12 години работи со млади, вработувања и претприемништво како дел од невладиниот сектор. Таа посочи дека со светската економска криза, до 2025 година 85 милиони луѓе ќе ја загубат работата и ќе бидат заменети со машини. Таа гледа голема шанса за вработување преку меѓуграничната соработка со Бугарија и Грција. Таа апелираше бизнис-заедницата да биде посензибилна за соработка со младинските организации. Илиески потенцира дека владините институции треба да имаат повеќе слух за реалните состојби на терен. Соработката мора да биде интензивна и младинските организации да не бидат вклучени само во креирањето политики и стратегии, туку и во нивното спроведување и во мониторингот и евалуациите.