вештак Archives - Република https://republika.mk/tema/veshtak/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Feb 2024 13:05:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вештак Archives - Република https://republika.mk/tema/veshtak/ 32 32 Вештачењето побарано од одбраната на обвинетите за случајот Веапоска тврди дека нема вина, родилката вели ме направија инвалид! https://republika.mk/vesti/crna-hronika/veshtacheneto-pobarano-od-odbranata-na-obvinetite-za-sluchajot-veaposka-tvrdi-deka-nema-vina-rodilkata-veli-me-napravija-invalid/ Mon, 26 Feb 2024 13:05:08 +0000 https://republika.mk/?p=748539

Со вкрстено испрашување на вештакот, професор доктор Драге Дабески, кој на барање на обвинетите го изработи вештиот наод за отстранувањето на матка, јајник и бубрег по породувањето со царски рез на Јилдз Веапоска од Дебар, денеска во Основниот суд во Струга продолжи јавната расправа во судскиот процес против тројцата лекари од струшката Болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска.

Според вештакот, обвинетите лекари не направиле пропуст при лекувањето на родилката, туку спасиле еден млад живот. Тој тврди дека согласно доставената документација за вештачење, лекарите во струшката Болница постапиле правилно кога ги извадиле органите за санирање на крварењето предизвикано од бубрежната артерија.

Тоа вештачење е спротивно на првото изработено од судска медицина и бранителот на оштетената не го признава.

Вештачењето на Судска медицина укажува дека се пропуштени многу работи при операцијата и скоро е невозможно поинаку да размислуваме. Обвинетите ќе мора да одговараат за дејствијата кои ги превзеле, односно што не ги превземале. Верувам дека и Судот е заинтересиран да се утврди правата вистина во поглед на тоа како е возможно бремена жена да влезе здрава права во операциона сала, а потоа да излезе без три органи. Тоа е мистерија, изјави по рочиштето адвокатот на Веапоска, Сашо Јанев.

Оштетената Веапоска, пак го поставува прашањето како лекарите во Болницата во Струга и го спасиле животот, кога во кома била пренесена на скопските клиники каде подлежела на нов хирушки зафат.

Вештакот појаснува дека докторите обвинети ми го спасиле животот со тоа што ги извадиле моите органи и ме оставиле половина човек, но како ми го спасиле животот кога мене ме пратиле во Скопје и повоторно сум била принудена да влезам во операциона сала да се прави ревизија во Скопските клиники. Мојата битка траеше 14 дена во кома. Потоа незнам како застанав на нозе, но јас за мојот живот што го спасиле сум им благодарна на докторите на Клиниката во Скопје и докторот Скендер Саиди. Овие доктори не ми го спасија животот, овие доктори ми го упропастија животот, ме направија инвaлид, не можам повеќе да раѓам и не можам повеќе да имам деца, изјави Веапоска.

Адвокатот на третообвинетата, доктор Лилјана Јованоска, Александар Новаковски вели дека на следното рочиште ќе следува усогласување на двете вештачења, а потоа ќе се одлучува за дополнителни предлози. Не ја исклучива ниту опцијата за супер вештачење.

Многу е битно дали ќе се усогласат вештаците за да не се одолговлекува постапката, а дали ќе предложам јас дополнителни докази ќе зависи од тоа усогласување. Има јаз меѓу двете вештачења, медицински различни се спротиставени тврдењата за тоа дали било неопходно да се направи хистериктомија или не и како настанале повредите. Сметам дека до сега за третообвинетата не гледам никакви докази за вина, рече Новакоски.

Следното рочиште е закажано за 23 април за кога треба да бидат повикани сите вештаци од судска медицина и професорот Дабески со цел да ги усогласат вештачењата.

The post Вештачењето побарано од одбраната на обвинетите за случајот Веапоска тврди дека нема вина, родилката вели ме направија инвалид! appeared first on Република.

]]>

Со вкрстено испрашување на вештакот, професор доктор Драге Дабески, кој на барање на обвинетите го изработи вештиот наод за отстранувањето на матка, јајник и бубрег по породувањето со царски рез на Јилдз Веапоска од Дебар, денеска во Основниот суд во Струга продолжи јавната расправа во судскиот процес против тројцата лекари од струшката Болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска. Според вештакот, обвинетите лекари не направиле пропуст при лекувањето на родилката, туку спасиле еден млад живот. Тој тврди дека согласно доставената документација за вештачење, лекарите во струшката Болница постапиле правилно кога ги извадиле органите за санирање на крварењето предизвикано од бубрежната артерија. Тоа вештачење е спротивно на првото изработено од судска медицина и бранителот на оштетената не го признава.
Вештачењето на Судска медицина укажува дека се пропуштени многу работи при операцијата и скоро е невозможно поинаку да размислуваме. Обвинетите ќе мора да одговараат за дејствијата кои ги превзеле, односно што не ги превземале. Верувам дека и Судот е заинтересиран да се утврди правата вистина во поглед на тоа како е возможно бремена жена да влезе здрава права во операциона сала, а потоа да излезе без три органи. Тоа е мистерија, изјави по рочиштето адвокатот на Веапоска, Сашо Јанев.
Оштетената Веапоска, пак го поставува прашањето како лекарите во Болницата во Струга и го спасиле животот, кога во кома била пренесена на скопските клиники каде подлежела на нов хирушки зафат.
Вештакот појаснува дека докторите обвинети ми го спасиле животот со тоа што ги извадиле моите органи и ме оставиле половина човек, но како ми го спасиле животот кога мене ме пратиле во Скопје и повоторно сум била принудена да влезам во операциона сала да се прави ревизија во Скопските клиники. Мојата битка траеше 14 дена во кома. Потоа незнам како застанав на нозе, но јас за мојот живот што го спасиле сум им благодарна на докторите на Клиниката во Скопје и докторот Скендер Саиди. Овие доктори не ми го спасија животот, овие доктори ми го упропастија животот, ме направија инвaлид, не можам повеќе да раѓам и не можам повеќе да имам деца, изјави Веапоска.
Адвокатот на третообвинетата, доктор Лилјана Јованоска, Александар Новаковски вели дека на следното рочиште ќе следува усогласување на двете вештачења, а потоа ќе се одлучува за дополнителни предлози. Не ја исклучива ниту опцијата за супер вештачење.
Многу е битно дали ќе се усогласат вештаците за да не се одолговлекува постапката, а дали ќе предложам јас дополнителни докази ќе зависи од тоа усогласување. Има јаз меѓу двете вештачења, медицински различни се спротиставени тврдењата за тоа дали било неопходно да се направи хистериктомија или не и како настанале повредите. Сметам дека до сега за третообвинетата не гледам никакви докази за вина, рече Новакоски.
Следното рочиште е закажано за 23 април за кога треба да бидат повикани сите вештаци од судска медицина и професорот Дабески со цел да ги усогласат вештачењата.

The post Вештачењето побарано од одбраната на обвинетите за случајот Веапоска тврди дека нема вина, родилката вели ме направија инвалид! appeared first on Република.

]]>
Сообраќаен вештак: Полицијата веќе знае кој е виновен, министерот се спасил поради автомобилот https://republika.mk/vesti/balkan/soobrakaen-veshtak-politsijata-veke-znae-koj-e-vinoven-ministerot-se-spasil-poradi-avtomobilot/ Sat, 11 Nov 2023 14:23:16 +0000 https://republika.mk/?p=700553

Министерот за одбрана на Хрватска, Марио Баножиќ утрово доживеа сообраќајна несреќа во Винковци во која загина 40-годишен маж, додека Баножиќ со тешки повреди заврши прво во болница. Сообраќајниот експерт Горан Хусинец за „Индекс“ ја коментира несреќата врз основа на фотографиите од местото на судирот.

Станува збор за фронтален судир во кој секое возило со левиот преден дел удира во другото возило. Во теоријата за судири на возила ова е еден од најопасните типови. Вината не може да се утврди само од фотографии, треба да се земат во предвид и трагите од кочење. Кога се’ ќе се стави во просторниот план ќе се види кое возило преминало на спротивната лента. Тешко е да се прејудицира кој на која страна завршил, но според првите фотографии се чини дека возилото на министерот отишло на другата страна. Полицијата веќе го знае тоа, земаа траги, но се уште не е објавено  - рече Хусинец.

Тој додаде дека на фотографиите се гледа дека теренецот на министерот бил на левата лента, додека комбето ја избегнувало десната страна. „Индекс“ побара да ги коментира и изјавите на очевидците според кои Баножиќ наводно претекнувал камион во услови на магла.

Ако претекнувал во магла, мора грубо да ги прекршил прописите. Тоа дефинитивно не е дозволено. Во такви ситуации не се престигнува друго возило. Најбезбедно е да се вози зад камион и да се следат неговите светла. Апсолутно не смеете да претекнувате во тие услови, услови на намалена видливост, кога не можете да видите пред вас. Лесно ќе се утврди кој на чија страна преминал, има многу индиции, вели експертот и додава дека во 6 часот и 15 минути наутро, кога се случила несреќата, на патот било темно.

Тој бил во џип, кој е солиден и сигурно му го спасил животот. Ова комбе е исто така многу силно. Се работело за брзина некаде околу 80 километри на час. Можете да видите дека неговата табла со инструменти и воланот се поместиле - вели Хусинец.

Жељко Марушиќ од Факултетот за сообраќајни науки ја коментираше утринава несреќата во која загина 40-годишен маж при судар со автомобилот на Баножиќ.

Министерот Баножиќ претекнал, навлегол и на спротивната лента неговиот автомобил се судрил со комбето што доаѓало - вели Марушиќ.

 

Се’ уште нема официјална изјава од полицијата за причините за несреќата. Истрагата е во тек.

The post Сообраќаен вештак: Полицијата веќе знае кој е виновен, министерот се спасил поради автомобилот appeared first on Република.

]]>

Министерот за одбрана на Хрватска, Марио Баножиќ утрово доживеа сообраќајна несреќа во Винковци во која загина 40-годишен маж, додека Баножиќ со тешки повреди заврши прво во болница. Сообраќајниот експерт Горан Хусинец за „Индекс“ ја коментира несреќата врз основа на фотографиите од местото на судирот.
Станува збор за фронтален судир во кој секое возило со левиот преден дел удира во другото возило. Во теоријата за судири на возила ова е еден од најопасните типови. Вината не може да се утврди само од фотографии, треба да се земат во предвид и трагите од кочење. Кога се’ ќе се стави во просторниот план ќе се види кое возило преминало на спротивната лента. Тешко е да се прејудицира кој на која страна завршил, но според првите фотографии се чини дека возилото на министерот отишло на другата страна. Полицијата веќе го знае тоа, земаа траги, но се уште не е објавено  - рече Хусинец.
Тој додаде дека на фотографиите се гледа дека теренецот на министерот бил на левата лента, додека комбето ја избегнувало десната страна. „Индекс“ побара да ги коментира и изјавите на очевидците според кои Баножиќ наводно претекнувал камион во услови на магла. Ако претекнувал во магла, мора грубо да ги прекршил прописите. Тоа дефинитивно не е дозволено. Во такви ситуации не се престигнува друго возило. Најбезбедно е да се вози зад камион и да се следат неговите светла. Апсолутно не смеете да претекнувате во тие услови, услови на намалена видливост, кога не можете да видите пред вас. Лесно ќе се утврди кој на чија страна преминал, има многу индиции, вели експертот и додава дека во 6 часот и 15 минути наутро, кога се случила несреќата, на патот било темно.
Тој бил во џип, кој е солиден и сигурно му го спасил животот. Ова комбе е исто така многу силно. Се работело за брзина некаде околу 80 километри на час. Можете да видите дека неговата табла со инструменти и воланот се поместиле - вели Хусинец.
Жељко Марушиќ од Факултетот за сообраќајни науки ја коментираше утринава несреќата во која загина 40-годишен маж при судар со автомобилот на Баножиќ.
Министерот Баножиќ претекнал, навлегол и на спротивната лента неговиот автомобил се судрил со комбето што доаѓало - вели Марушиќ.
  Се’ уште нема официјална изјава од полицијата за причините за несреќата. Истрагата е во тек.

The post Сообраќаен вештак: Полицијата веќе знае кој е виновен, министерот се спасил поради автомобилот appeared first on Република.

]]>
Уште еден вештак сведочи на рочиште за „Ласкарци“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ushte-eden-veshtak-svedochi-na-rochishte-za-laskartsi/ Tue, 31 Oct 2023 09:54:35 +0000 https://republika.mk/?p=696604

Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел од тимот што го изготви сообраќајното супервештачење, во Основниот кривичен суд - Скопје денеска продолжи судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени.

Покрај Постолов, во тимот вештаци кои го изготвија сообраќајното супервештачење се и вештаците Јакуп Мамути и Невзат Зеќири. Испитувањето на сообраќајните супервештаци започна во мај годинава.

Постолов денеска повторно ќе биде испитуван од адвокатот Љупчо Мицевски, бранител на шестообвинетиот - возачот на автобусот.

Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења, кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење.

Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвија машинското супервештачење, а во моментов и на вештите лица кои го изготвија сообраќајното супервештачење.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судскиот процес за несреќата започна во септември 2019 година и го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски

The post Уште еден вештак сведочи на рочиште за „Ласкарци“ appeared first on Република.

]]>

Со испитување на вештакот Љупчо Постолов, дел од тимот што го изготви сообраќајното супервештачење, во Основниот кривичен суд - Скопје денеска продолжи судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени. Покрај Постолов, во тимот вештаци кои го изготвија сообраќајното супервештачење се и вештаците Јакуп Мамути и Невзат Зеќири. Испитувањето на сообраќајните супервештаци започна во мај годинава. Постолов денеска повторно ќе биде испитуван од адвокатот Љупчо Мицевски, бранител на шестообвинетиот - возачот на автобусот. Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења, кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење. Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвија машинското супервештачење, а во моментов и на вештите лица кои го изготвија сообраќајното супервештачење. Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело. Судскиот процес за несреќата започна во септември 2019 година и го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски

The post Уште еден вештак сведочи на рочиште за „Ласкарци“ appeared first on Република.

]]>
Вештакот Зекири се шетал пред „Мавровка“, а на суд третпат не доаѓа поради „висок притисок“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/veshtakot-zekiri-se-shetal-pred-mavrovka-a-na-sud-tretpat-ne-doaga-poradi-visok-pritisok/ Thu, 16 Feb 2023 11:02:13 +0000 https://republika.mk/?p=609697

Спорниот вештак Зекирија Зекири кој требаше да го презентира супервештачењето за несреќата кај Ласкарци по третпат не се појави во суд.

Поднел еден куп медицинска документација до Судот дека мора да оди испитувања оти имал покачен притисок од 160 со 110.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-godini-ima-litsentsa-ne-znae-da-chita-tahografski-lenti-rodninite-besni-shto-bolen-veshtak-ne-dojde-na-sudeneto/

Неговото недоаѓање предизвика реакции во судницата која е полна со роднини на загинатите во несреќата што се случи пред четири години.

Јас го видов вчера пред „Мавровка“, рече еден од присутните, пренесува „Фокус“ од судницата.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zekirija-zekiri-povtorno-prichina-za-odlozhuvane-na-rochishteto-za-laskartsi/

The post Вештакот Зекири се шетал пред „Мавровка“, а на суд третпат не доаѓа поради „висок притисок“ appeared first on Република.

]]>

Спорниот вештак Зекирија Зекири кој требаше да го презентира супервештачењето за несреќата кај Ласкарци по третпат не се појави во суд. Поднел еден куп медицинска документација до Судот дека мора да оди испитувања оти имал покачен притисок од 160 со 110. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-godini-ima-litsentsa-ne-znae-da-chita-tahografski-lenti-rodninite-besni-shto-bolen-veshtak-ne-dojde-na-sudeneto/ Неговото недоаѓање предизвика реакции во судницата која е полна со роднини на загинатите во несреќата што се случи пред четири години.
Јас го видов вчера пред „Мавровка“, рече еден од присутните, пренесува „Фокус“ од судницата.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zekirija-zekiri-povtorno-prichina-za-odlozhuvane-na-rochishteto-za-laskartsi/

The post Вештакот Зекири се шетал пред „Мавровка“, а на суд третпат не доаѓа поради „висок притисок“ appeared first on Република.

]]>
Зекирија Зекири повторно причина за одложување на рочиштето за „Ласкарци“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zekirija-zekiri-povtorno-prichina-za-odlozhuvane-na-rochishteto-za-laskartsi/ Thu, 09 Feb 2023 09:38:07 +0000 https://republika.mk/?p=606801

Поради лоша здравствена состојба на вештото лице Зекирија Зекири, денешното судење за случајот „Ласкарци“ се одложи.

Ова е второ одложување на процесот, откако на изминатото рочиште, Судечкиот совет информираше дека вештото лице Зекирија Зекири, преку другите членови на тимот што го изготви супервештачењето, известил дека поради здравствени причини нема да дојде.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-godini-ima-litsentsa-ne-znae-da-chita-tahografski-lenti-rodninite-besni-shto-bolen-veshtak-ne-dojde-na-sudeneto/

Како што информираше јавниот обвинител, Дарко Јакимовски, судот непосредно пред рочиштето ги известил дека лошата здравствена состојба на вештото лице сѐ уште трае, со најава дека на наредното рочиште насрочено за 16 февруари ќе се подобри и вештото лице ќе дојде на суд.

Според обвинителот, концептот на испитување се темели токму на сведочењето на конкретното вешто лице кое го испрашуваше околу околностите утврдени во машинското супервештачење.

Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење. Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвиле супервештачењето.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/od-avion-se-gleda-deka-ova-e-narachano-superveshtachene-sudijkata-dozvoluva-se-veli-tatko-na-zhrtva-od-nesrekata-kaj-laskartsi/

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судскиот процес за несреќата што започна во септември 2019 година го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.

The post Зекирија Зекири повторно причина за одложување на рочиштето за „Ласкарци“ appeared first on Република.

]]>

Поради лоша здравствена состојба на вештото лице Зекирија Зекири, денешното судење за случајот „Ласкарци“ се одложи. Ова е второ одложување на процесот, откако на изминатото рочиште, Судечкиот совет информираше дека вештото лице Зекирија Зекири, преку другите членови на тимот што го изготви супервештачењето, известил дека поради здравствени причини нема да дојде. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-godini-ima-litsentsa-ne-znae-da-chita-tahografski-lenti-rodninite-besni-shto-bolen-veshtak-ne-dojde-na-sudeneto/ Како што информираше јавниот обвинител, Дарко Јакимовски, судот непосредно пред рочиштето ги известил дека лошата здравствена состојба на вештото лице сѐ уште трае, со најава дека на наредното рочиште насрочено за 16 февруари ќе се подобри и вештото лице ќе дојде на суд. Според обвинителот, концептот на испитување се темели токму на сведочењето на конкретното вешто лице кое го испрашуваше околу околностите утврдени во машинското супервештачење. Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење. Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвиле супервештачењето. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/od-avion-se-gleda-deka-ova-e-narachano-superveshtachene-sudijkata-dozvoluva-se-veli-tatko-na-zhrtva-od-nesrekata-kaj-laskartsi/ Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело. Судскиот процес за несреќата што започна во септември 2019 година го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.

The post Зекирија Зекири повторно причина за одложување на рочиштето за „Ласкарци“ appeared first on Република.

]]>
„Две години има лиценца, не знае да чита тахографски ленти“: Роднините бесни што „болен“ вештак не дојде на судењето https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dve-godini-ima-litsentsa-ne-znae-da-chita-tahografski-lenti-rodninite-besni-shto-bolen-veshtak-ne-dojde-na-sudeneto/ Tue, 07 Feb 2023 12:32:59 +0000 https://republika.mk/?p=605980

Она од што се плашиме и се сомневаме во начинот на водење на оваа судска постапка се овистини, се реализира. Од авион се гледа дека ова денеска е смислено сценарио од страна на вештите лица, изјави Благојче Трпевски, татко на починатиот Јовица Трпевски во несреќата кај Ласкарци, по денешното одложување на рочиштето откако вештото лице Зекирија Зекири не се појави на судењето.

Трпчевски рече дека се надева дека во четврток, за кога е закажано следното рочиште, вештото лице ќе биде присутно да одговори на прашањата на обвинителот.

Ова вешто лице во изминатите две рочишта покажа дека на најосновните прашања на обвинителството не знае да одговори. Никогаш во животот немал ваков предмет да вештачи. Две години има лиценца за вештачење, не знае да чита тахографски ленти, па како ние оштетените да веруваме дека тоа вештачење што го направило Бирото и тоа вешто лице се издржано и професионално направено, дополни тој.

Според Трпчевски, недоаѓањето на сведокот покажува дека се купува време со цел овој процес да се одложи и тој да не биде понатаму испрашуван од страна на Обвинителството.

Како што информираше Судечкиот совет, вештото лице Зекирија Зекири, преку другите членови на тимот што го изготви супервештачењето, известил дека поради здравствени причини нема да дојде на денешното насрочено рочиште.

Јавниот обвинител Дарко Јакимовски, побара од судот да се одложи денешното рочиште поради тоа што, како што рече, концептот на испитување се темели токму на сведочењето на конкретното вешто лице по што судот донесе одлука денешното рочиште да се одложи.

На претходната расправа, јавниот обвинител Дарко Јакимовски го испрашуваше вештото лице Зекирија Зекири за околностите утврдени во машинското супервештачење.

Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење.

Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвиле супервештачењето.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судскиот процес за несреќата што започна во септември 2019 година го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.

The post „Две години има лиценца, не знае да чита тахографски ленти“: Роднините бесни што „болен“ вештак не дојде на судењето appeared first on Република.

]]>

Она од што се плашиме и се сомневаме во начинот на водење на оваа судска постапка се овистини, се реализира. Од авион се гледа дека ова денеска е смислено сценарио од страна на вештите лица, изјави Благојче Трпевски, татко на починатиот Јовица Трпевски во несреќата кај Ласкарци, по денешното одложување на рочиштето откако вештото лице Зекирија Зекири не се појави на судењето. Трпчевски рече дека се надева дека во четврток, за кога е закажано следното рочиште, вештото лице ќе биде присутно да одговори на прашањата на обвинителот.
Ова вешто лице во изминатите две рочишта покажа дека на најосновните прашања на обвинителството не знае да одговори. Никогаш во животот немал ваков предмет да вештачи. Две години има лиценца за вештачење, не знае да чита тахографски ленти, па како ние оштетените да веруваме дека тоа вештачење што го направило Бирото и тоа вешто лице се издржано и професионално направено, дополни тој.
Според Трпчевски, недоаѓањето на сведокот покажува дека се купува време со цел овој процес да се одложи и тој да не биде понатаму испрашуван од страна на Обвинителството. Како што информираше Судечкиот совет, вештото лице Зекирија Зекири, преку другите членови на тимот што го изготви супервештачењето, известил дека поради здравствени причини нема да дојде на денешното насрочено рочиште. Јавниот обвинител Дарко Јакимовски, побара од судот да се одложи денешното рочиште поради тоа што, како што рече, концептот на испитување се темели токму на сведочењето на конкретното вешто лице по што судот донесе одлука денешното рочиште да се одложи. На претходната расправа, јавниот обвинител Дарко Јакимовски го испрашуваше вештото лице Зекирија Зекири за околностите утврдени во машинското супервештачење. Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење. Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвиле супервештачењето. Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело. Судскиот процес за несреќата што започна во септември 2019 година го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.

The post „Две години има лиценца, не знае да чита тахографски ленти“: Роднините бесни што „болен“ вештак не дојде на судењето appeared first on Република.

]]>