Венециско биенале Archives - Република https://republika.mk/tema/venecisko-bienale/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Apr 2024 14:39:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Венециско биенале Archives - Република https://republika.mk/tema/venecisko-bienale/ 32 32 Отворено 60. издание на Венециското биенале https://republika.mk/vesti/kultura/otvoreno-60-izdanie-na-venetsiskoto-bienale/ Sat, 20 Apr 2024 14:39:08 +0000 https://republika.mk/?p=768498

На официјална церемонија во Венеција денеска беше отворено 60-тото издание на Венециското биенале, кое ќе трае до 24 ноември. Темата на годинашното биенале е „Странци насекаде“.

На свеченоста традиционално беа доделени и наградите „Златен лав“. За најдобар национален павилјон статуетката и е доделена на Австралија. Наградата за најдобро претставување на меѓународната изложба ја доби Матаахо колектив од Нов Зеланд. „Сребрен лав“ за перспективен млад уметник учесник на биеналето и припадна на Карима Ашаду од Велика Британија.

На официјална церемонија во Венеција денеска беше отворено 60-тото издание на Венециското биенале, кое ќе трае до 24 ноември. Темата на годинашното биенале е „Странци насекаде“. Во Венеција в

Награди „Златен лав“ за севкупен придонес им беа доделени на уметниците Ана Марија Мајолино и Нил Јалтeр. Тие се „жени пионери во уметноста, кои се исто така мигранти и на многу начини го отелотворуваат духот на мотото Странци насекаде“, велат организаторите. Ана Марија Маиолино е родена во Италија во 1942 година, но се населила во Сао Паоло, Бразил. Нил Јалтер е Турчинка, родена во египетската престолнина Каиро во 1938 година, а денес живее и работи во Париз.

На Биеналето во Венеција годинава учествуваат 88 земји. Во фокусот на годинашното издание се темите за миграцијата, егзилот и „странското потекло“. Централната тема е „Странци насекаде“.

Отворен е македонскиот павилјон, во кој е поставен повеќеслојниот и трансмедијален проект на Славица Јанешлиева „INTER SPEM ET METUM“ и Националната галерија на Македонија како официј

Во Венеција вчера беше отворен и македонскиот павилјон, во кој е поставен повеќеслојниот и трансмедијален проект на Славица Јанешлиева „INTER SPEM ET METUM“ („Помеѓу надеж и страв“) и Националната галерија на Македонија како официјален претставник на земјава на светската културна манифестација Венециско биенале 2024.

Проектот е изложен во зградата на Скуола деи Ланери (Scuola dei Laneri). Павилјонот е отворен за пошироката публика секој ден, освен понеделник, од 11 до 19 часот.

Повторно нашето културно богатство е стационирано на светската културна манифестација Венециско биенале. Делото на Славица Јанашлиева во контекст на годинашната тема „Странци насекаде“, со наслов „Помеѓу надеж и страв“ / „Inter Spem et Metum“ се занимава со аспектот на странецот, на „другиот“, виден низ многу слоевити нивоа на антиципација на контекстот, изјави комесарот на проектот Дита Старова Ќерими.

Проектот го курираше Ана Франговска, кустос советник во Националната галерија, а е поддржан од Министерство за културa.

Според Старова Ќерими, делото веќе го привлече вниманието на домашните и меѓународните медиуми како Art News, E-flux, It's Liquid, Art Review, а најавени се и интервјуа со авторката со новинари на странски и локални медиуми. Ваквиот интерес, како што наведува, дополнително потврдува дека нашата земја има уметници за кои вреди да се бориме, да бидат поддржани.

Кураторката Франговска, вели дека трансмедијалниот и транснаративен проект „INTER SPEM ET METUM“ на Славица Јанешлиева претставува визуелно исчистена и концептуално предвидена просторна инсталација, која на прилично чувствителен и имагинативен начин нè фрла во цивилизацискиот отпад.

Венециското биенале на уметноста ќе се одржува од 20 април до 24 ноември 2024 година.

The post Отворено 60. издание на Венециското биенале appeared first on Република.

]]>

На официјална церемонија во Венеција денеска беше отворено 60-тото издание на Венециското биенале, кое ќе трае до 24 ноември. Темата на годинашното биенале е „Странци насекаде“. На свеченоста традиционално беа доделени и наградите „Златен лав“. За најдобар национален павилјон статуетката и е доделена на Австралија. Наградата за најдобро претставување на меѓународната изложба ја доби Матаахо колектив од Нов Зеланд. „Сребрен лав“ за перспективен млад уметник учесник на биеналето и припадна на Карима Ашаду од Велика Британија. На официјална церемонија во Венеција денеска беше отворено 60-тото издание на Венециското биенале, кое ќе трае до 24 ноември. Темата на годинашното биенале е „Странци насекаде“. Во Венеција в Награди „Златен лав“ за севкупен придонес им беа доделени на уметниците Ана Марија Мајолино и Нил Јалтeр. Тие се „жени пионери во уметноста, кои се исто така мигранти и на многу начини го отелотворуваат духот на мотото Странци насекаде“, велат организаторите. Ана Марија Маиолино е родена во Италија во 1942 година, но се населила во Сао Паоло, Бразил. Нил Јалтер е Турчинка, родена во египетската престолнина Каиро во 1938 година, а денес живее и работи во Париз. На Биеналето во Венеција годинава учествуваат 88 земји. Во фокусот на годинашното издание се темите за миграцијата, егзилот и „странското потекло“. Централната тема е „Странци насекаде“. Отворен е македонскиот павилјон, во кој е поставен повеќеслојниот и трансмедијален проект на Славица Јанешлиева „INTER SPEM ET METUM“ и Националната галерија на Македонија како официј Во Венеција вчера беше отворен и македонскиот павилјон, во кој е поставен повеќеслојниот и трансмедијален проект на Славица Јанешлиева „INTER SPEM ET METUM“ („Помеѓу надеж и страв“) и Националната галерија на Македонија како официјален претставник на земјава на светската културна манифестација Венециско биенале 2024. Проектот е изложен во зградата на Скуола деи Ланери (Scuola dei Laneri). Павилјонот е отворен за пошироката публика секој ден, освен понеделник, од 11 до 19 часот.
Повторно нашето културно богатство е стационирано на светската културна манифестација Венециско биенале. Делото на Славица Јанашлиева во контекст на годинашната тема „Странци насекаде“, со наслов „Помеѓу надеж и страв“ / „Inter Spem et Metum“ се занимава со аспектот на странецот, на „другиот“, виден низ многу слоевити нивоа на антиципација на контекстот, изјави комесарот на проектот Дита Старова Ќерими.
Проектот го курираше Ана Франговска, кустос советник во Националната галерија, а е поддржан од Министерство за културa. Според Старова Ќерими, делото веќе го привлече вниманието на домашните и меѓународните медиуми како Art News, E-flux, It's Liquid, Art Review, а најавени се и интервјуа со авторката со новинари на странски и локални медиуми. Ваквиот интерес, како што наведува, дополнително потврдува дека нашата земја има уметници за кои вреди да се бориме, да бидат поддржани. Кураторката Франговска, вели дека трансмедијалниот и транснаративен проект „INTER SPEM ET METUM“ на Славица Јанешлиева претставува визуелно исчистена и концептуално предвидена просторна инсталација, која на прилично чувствителен и имагинативен начин нè фрла во цивилизацискиот отпад. Венециското биенале на уметноста ќе се одржува од 20 април до 24 ноември 2024 година.

The post Отворено 60. издание на Венециското биенале appeared first on Република.

]]>
Претставување на проектот „Пејзажно искуство“ од 59. Венециско биенале 2022 во Чифте амам https://republika.mk/vesti/kultura/pretstavuvane-na-proektot-pejzazhno-iskustvo-od-59-venetsisko-bienale-2022-vo-chifte-amam/ Thu, 30 Mar 2023 06:45:47 +0000 https://republika.mk/?p=625275

Мултимедијалниот проект „Пејзажно искуство“ („Landscape Experience“) на уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска од 59. Венециско биенале 2022 вечер ќе биде поставен во објектот Чифте амам.

Националната галерија на Македонија како координатор на проектот ќе го претстави пред македонската јавност. Изложбата, како што е најавено, ќе ја отвори министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска и директорката на Националната галерија и комесар на проектот Дита Старова Ќерими.

„Landscape Experience“ предоминантно се занимава со причините и апсурдите на човековата егзистенција, со убавото и грдото, со кризата на духот, но исто така се занимава и со доминацијата на капиталот, колонијалните политики, идеологиите и технологијата кои влијаат врз разобличувањето на рамнотежата на човекот, живиот свет и природната средина во екосистемот.

Куратори на проектот се Ана Франговска и Сања Којиќ – Младенов, а ќе биде поставен во Чифте амам се до 30 април 2023 година.

The post Претставување на проектот „Пејзажно искуство“ од 59. Венециско биенале 2022 во Чифте амам appeared first on Република.

]]>

Мултимедијалниот проект „Пејзажно искуство“ („Landscape Experience“) на уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска од 59. Венециско биенале 2022 вечер ќе биде поставен во објектот Чифте амам. Националната галерија на Македонија како координатор на проектот ќе го претстави пред македонската јавност. Изложбата, како што е најавено, ќе ја отвори министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска и директорката на Националната галерија и комесар на проектот Дита Старова Ќерими. „Landscape Experience“ предоминантно се занимава со причините и апсурдите на човековата егзистенција, со убавото и грдото, со кризата на духот, но исто така се занимава и со доминацијата на капиталот, колонијалните политики, идеологиите и технологијата кои влијаат врз разобличувањето на рамнотежата на човекот, живиот свет и природната средина во екосистемот. Куратори на проектот се Ана Франговска и Сања Којиќ – Младенов, а ќе биде поставен во Чифте амам се до 30 април 2023 година.

The post Претставување на проектот „Пејзажно искуство“ од 59. Венециско биенале 2022 во Чифте амам appeared first on Република.

]]>
Објавен Конкурсот за национален претставник на Биеналето на архитектурата во Венеција во 2023 година https://republika.mk/vesti/kultura/objaven-konkursot-za-nacionalen-pretstavnik-na-bienaleto-na-arhitekturata-vo-venecija-vo-2023-godina/ Mon, 25 Jul 2022 10:52:05 +0000 https://republika.mk/?p=532925

Министерството за култура го објави Конкурсот за учество на земјава на 18. Интернационална изложба на архитектурата во Венеција во 2023 година, во организација на Венециското биенале.

Конкурсот трае од денеска до 22 септември 2022 година. Конкурсот е објавен во медиумите и на веб-страницата Министерството на култура, заедно со пријавата.

Право на учество на Конкурсот имаат правни лица кои аплицираат со проекти во една од следниве категории: самостојна изложба/проект на архитект; изложба/проект на група архитекти. Под правни лица се подразбираат установи од областа на културата (национални, локални или приватни), здруженија, сојузи, асоцијации и други правни лица регистрирани за вршење дејност од областа на културата/архитектурата.

Како што соопштија од Министерството за култура, селекцијата на проектите ќе се врши во согласност со исполнетите приоритети и услови и оценките од евалуацијата на квалитетот на проектите.

Интернационалната изложба на архитектурата во Венеција ќе се одржи од 20 мај до 26 ноември 2023 година, на темата „Лабораторија на иднината“ зададена од кураторката на изложбата, Лесли Локо.

Архитектите имаат единствена можност да создадат амбициозни и креативни идеи кои ни помагаат да замислиме заедничка, поправедна и оптимистичка иднина, вели архитектката и новелистка Лесли Локо - се наведува во соопштението.

Темата ги провоцира архитектите да замислат дека Венециското биенале е само по себе еден вид лабораторија на иднината, време и простор во кој се поставуваат прашања за релевантноста на дисциплината за овој свет и за светот што доаѓа. Денес зборот „лабораторија“ е општо поврзан со научното експериментирање и евоцира слики од одреден тип соба или зграда. Лесли, исто така, демонстрира решителност и храброст во користењето на два злоупотребени, но незаменливи зборови во нејзиниот наслов – лабораторија и иднина – за да ја врати целосната важност на нивното значење.

The post Објавен Конкурсот за национален претставник на Биеналето на архитектурата во Венеција во 2023 година appeared first on Република.

]]>

Министерството за култура го објави Конкурсот за учество на земјава на 18. Интернационална изложба на архитектурата во Венеција во 2023 година, во организација на Венециското биенале. Конкурсот трае од денеска до 22 септември 2022 година. Конкурсот е објавен во медиумите и на веб-страницата Министерството на култура, заедно со пријавата. Право на учество на Конкурсот имаат правни лица кои аплицираат со проекти во една од следниве категории: самостојна изложба/проект на архитект; изложба/проект на група архитекти. Под правни лица се подразбираат установи од областа на културата (национални, локални или приватни), здруженија, сојузи, асоцијации и други правни лица регистрирани за вршење дејност од областа на културата/архитектурата. Како што соопштија од Министерството за култура, селекцијата на проектите ќе се врши во согласност со исполнетите приоритети и услови и оценките од евалуацијата на квалитетот на проектите. Интернационалната изложба на архитектурата во Венеција ќе се одржи од 20 мај до 26 ноември 2023 година, на темата „Лабораторија на иднината“ зададена од кураторката на изложбата, Лесли Локо.
Архитектите имаат единствена можност да создадат амбициозни и креативни идеи кои ни помагаат да замислиме заедничка, поправедна и оптимистичка иднина, вели архитектката и новелистка Лесли Локо - се наведува во соопштението.
Темата ги провоцира архитектите да замислат дека Венециското биенале е само по себе еден вид лабораторија на иднината, време и простор во кој се поставуваат прашања за релевантноста на дисциплината за овој свет и за светот што доаѓа. Денес зборот „лабораторија“ е општо поврзан со научното експериментирање и евоцира слики од одреден тип соба или зграда. Лесли, исто така, демонстрира решителност и храброст во користењето на два злоупотребени, но незаменливи зборови во нејзиниот наслов – лабораторија и иднина – за да ја врати целосната важност на нивното значење.

The post Објавен Конкурсот за национален претставник на Биеналето на архитектурата во Венеција во 2023 година appeared first on Република.

]]>
Македонскиот павилјон на уметноста во Венеција со „Пејзажно искуство“ на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска https://republika.mk/vesti/kultura/makedonskiot-paviljon-na-umetnosta-vo-venecija-so-pejzazno-iskustvo-na-robert-jankuloski-i-monika-moteska/ Sat, 23 Apr 2022 08:27:00 +0000 https://republika.mk/?p=492544

Во објектот „Скуола деи Ланери“, во присуство на многубројни гости, вчера во Венеција свечено беше презентиран официјалниот претставник на Република Македонија на 59. издание на Венециското биенале за ликовна уметност, проектот „Пејзажно искуство“ (Landscape Experience) од Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска.

На претставувањето на проектот се обратија министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорката на Националната галерија на Македонија, Дита Старова-Ќерими.

Добре дојдовме во Венеција, добре дојдовте во македонскиот павилјон на уметноста, добре дојдовме во „Млекото од соништата“ низ „Пејзажното искуство“ (Landscape Experience) на нашите претставници на 59-тото Биенале на уметноста еднакво на празник.

Ова свето место за уметниците, како што самите тие го нарекуваат, всушност е огледало на нашата дрскост еднаква на плиткоумен заговор против сопствениот дом. Ние не ја создадовме оваа планета. Осознавме ли дека таа нѐ создаде нас? – истакна во своето обраќање министерката за култура Костдиновска-Стојчевска.

Осврнувајќи се на темата на годинашното Биенале, таа посочи дека проектот „Пејзажно искуство“ не е бегство од реалноста, туку напротив.

Толку е реално што за миг ви доаѓа да побегнете. Но, бидејќи љубителите на уметноста секогаш одат во спротивна насока, драго ми е што сме на вистинското место, но во едно неизвесно време.

Шлемови, арсен, пеливани.....војни, еколошки катастрофи и таа вечна борба меѓу доброто и злото. Можеби доволна асоцијација на Украина, на КОВИД-19, на опстанок.

Дали сме подготвени за ова патување низ уметноста?

Ако одговорот е ДА, да тргнеме веднаш!

Ви благодарам и добре дојдовме во единствената, како од соништата, Венеција!  – рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Директорката на Националната галерија, Дита Старова-Ќерими, во своето обраќање истакна дека овој проект претставува осмо учество на Националната галерија како официјален организатор од нашата земја на Биеналето во Венеција, што претставува гордост, носекако, и одговорност и константен предизвик за презентациите на македонските автори кои со своите автохтони визуелни ракописи се во сооднос со светските актуелни тематики.

Овие податоци говорат за основната визија што ја реализира Националната галерија, а се однесувапред сѐна презентација на квалитетни авторски остварувања на реномирани македонски уметници кои ја претставуваат нашата земја на ова најпрестижно светско биенале на визуелните уметности. Преку успешноста на овие претставувања, кои на авторите им донесоа нови можности за меѓународна соработка, се потврдува и местото на Националната галерија како една од водечките институции во земјава во областа на визуелните уметности – рече директорката Старова-Ќерими.

Таа, појаснувајќи ја концепцијата на проектот, истакна дека преку естетиката на магичните пејзажни креации на еден прекрасеннапуштен и еколошки катастрофално уништен геополитички регион, претставена е токсичноста и разорната моќ на привидната надреална убавина врз здравјето на целиот жив свет.

Авторите Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска и во своите досегашни проекти ја разгледуваат и ја обработуваат „естетиката“ на напуштените (запуштени) пејзажи, ставајќи ги во нов контекст и постојано барајќи нови слоеви на читање на диспозитивите живот – смрт, убаво – грдо, опојно – отровно – рече Старова-Ќерими, која е и комесар на проектот.

Куратори се Ана Франговска, виш кустос во Националната галерија на РС Македонија, и Сања Којиќ Младенов, кустос советник во Музејот на современата уметност во Нови Сад, Србија, и кустос на проектот „Евровизија“ (Evrovizion) во Одделението за визуелна уметност на ИФА Штутгарт.
Педесет и деветтото издание на Венециското биенале на уметноста ќе се одржува од 23 април до 27 ноември, а куратор е Сесилија Алемани.

The post Македонскиот павилјон на уметноста во Венеција со „Пејзажно искуство“ на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска appeared first on Република.

]]>

Во објектот „Скуола деи Ланери“, во присуство на многубројни гости, вчера во Венеција свечено беше презентиран официјалниот претставник на Република Македонија на 59. издание на Венециското биенале за ликовна уметност, проектот „Пејзажно искуство“ (Landscape Experience) од Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска.

На претставувањето на проектот се обратија министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и директорката на Националната галерија на Македонија, Дита Старова-Ќерими.

Добре дојдовме во Венеција, добре дојдовте во македонскиот павилјон на уметноста, добре дојдовме во „Млекото од соништата“ низ „Пејзажното искуство“ (Landscape Experience) на нашите претставници на 59-тото Биенале на уметноста еднакво на празник.

Ова свето место за уметниците, како што самите тие го нарекуваат, всушност е огледало на нашата дрскост еднаква на плиткоумен заговор против сопствениот дом. Ние не ја создадовме оваа планета. Осознавме ли дека таа нѐ создаде нас? – истакна во своето обраќање министерката за култура Костдиновска-Стојчевска.

Осврнувајќи се на темата на годинашното Биенале, таа посочи дека проектот „Пејзажно искуство“ не е бегство од реалноста, туку напротив.

Толку е реално што за миг ви доаѓа да побегнете. Но, бидејќи љубителите на уметноста секогаш одат во спротивна насока, драго ми е што сме на вистинското место, но во едно неизвесно време.

Шлемови, арсен, пеливани.....војни, еколошки катастрофи и таа вечна борба меѓу доброто и злото. Можеби доволна асоцијација на Украина, на КОВИД-19, на опстанок.

Дали сме подготвени за ова патување низ уметноста?

Ако одговорот е ДА, да тргнеме веднаш!

Ви благодарам и добре дојдовме во единствената, како од соништата, Венеција!  – рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

Директорката на Националната галерија, Дита Старова-Ќерими, во своето обраќање истакна дека овој проект претставува осмо учество на Националната галерија како официјален организатор од нашата земја на Биеналето во Венеција, што претставува гордост, носекако, и одговорност и константен предизвик за презентациите на македонските автори кои со своите автохтони визуелни ракописи се во сооднос со светските актуелни тематики.

Овие податоци говорат за основната визија што ја реализира Националната галерија, а се однесувапред сѐна презентација на квалитетни авторски остварувања на реномирани македонски уметници кои ја претставуваат нашата земја на ова најпрестижно светско биенале на визуелните уметности. Преку успешноста на овие претставувања, кои на авторите им донесоа нови можности за меѓународна соработка, се потврдува и местото на Националната галерија како една од водечките институции во земјава во областа на визуелните уметности – рече директорката Старова-Ќерими.

Таа, појаснувајќи ја концепцијата на проектот, истакна дека преку естетиката на магичните пејзажни креации на еден прекрасеннапуштен и еколошки катастрофално уништен геополитички регион, претставена е токсичноста и разорната моќ на привидната надреална убавина врз здравјето на целиот жив свет.

Авторите Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска и во своите досегашни проекти ја разгледуваат и ја обработуваат „естетиката“ на напуштените (запуштени) пејзажи, ставајќи ги во нов контекст и постојано барајќи нови слоеви на читање на диспозитивите живот – смрт, убаво – грдо, опојно – отровно – рече Старова-Ќерими, која е и комесар на проектот.

Куратори се Ана Франговска, виш кустос во Националната галерија на РС Македонија, и Сања Којиќ Младенов, кустос советник во Музејот на современата уметност во Нови Сад, Србија, и кустос на проектот „Евровизија“ (Evrovizion) во Одделението за визуелна уметност на ИФА Штутгарт. Педесет и деветтото издание на Венециското биенале на уметноста ќе се одржува од 23 април до 27 ноември, а куратор е Сесилија Алемани.

The post Македонскиот павилјон на уметноста во Венеција со „Пејзажно искуство“ на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска appeared first on Република.

]]>
Француската модна куќа „Диор“ стана донатор на 59. Венециско биенале https://republika.mk/scena/francuskata-modna-kukja-dior-stana-donator-na-59-venecisko-bienale/ Thu, 21 Apr 2022 08:05:20 +0000 https://republika.mk/?p=491593

Додека Венециското биенале се подготвува да започне издание во кое ќе доминираат женски и родово неконформирани уметници, престижниот уметнички настан најде нов поддржувач во Диор.

Француската модна куќа стана донатор на 59-та меѓународна уметничка изложба, планирана да трае од 23 април до 27 ноември. Ова издание е курирано од Сесилија Алемани, првата Италијанка која го режирала настанот и пријателка на Пјетро Бекари, претседател и главен извршен директор на Christian Dior Couture.

Беше добар повод и да се прослават жените уметници бидејќи Сесилија не ги откри точните проценти, но рече дека жените уметници се огромното мнозинство на оваа изложба во споредба со минатото, изјави Бекари за WWD.

Некои од нив, како феминистичката уметница Томасо Бинга, соработуваа со Марија Грација Кјури, уметнички директор за женска облека во Диор, на нејзините модни ревии. Други, како Карла Акарди, се меѓу уметниците на кои Чиури најмногу се восхитува.

Има многу луѓе претставени на Биеналето кои се значајни за нас, а особено за Марија Грација, така што има многу, многу приказни за раскажување околу оваа соработка, рече Бекари.

Вклучувањето на Диор ќе биде повеќеслојно. По втор пат, куќата соработува со Venetian Heritage, филантропска организација посветена на реставрација и зачувување на културните богатства на Венеција, на гала за собирање средства.

Ќе се одржи во Театро Ла Фенис на денот на отворањето на Биеналето во сабота, настанот е дизајниран да го финансира реставрацијата на музејот Ca’ d’Oro на Гранд Канал, кој се смета за најдобра преживеана палата во венецијанската готска архитектура.

Диор и Venetian Heritag го запечатија своето партнерство со маскирана топка во 2019 година. Планираниот бал за оваа година е намален на вечера од почит кон жртвите од војната во Украина, додека организаторите одлучија да донираат дел од средствата на бегалците од Украина во Италија.

Партнерите се поврзани со архитектот Питер Марино, кој беше именуван за претседател на непрофитната организација во 2019 година и дизајнираше безброј продавници за луксузниот конгломерат LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton, вклучувајќи го неодамна обновениот предводник на Диор на авенијата Монтењ во Париз, кој е исполнет со оригинални уметнички дела. .

Венеција е несомнено еден од најубавите градови во светот и наследство на човештвото, и има толку, толку многу работи што треба да се обноват и да се грижат за кои италијанската држава не може да се справи, рече Бекари.

Ќе продолжиме да им помагаме колку што можеме и нема да биде последен пат да не видите во Венеција во некоја форма. Згора на тоа, имаме фантастичен хотел, Cipriani, кој исто така е институција и припаѓа на LVMH, така што имаме многу причини да бидеме таму, додаде тој.

Покрај тоа, Диор го ангажира Фабрицио Плеси, 82-годишниот венецијански уметник познат по своите видео инсталации, да ја реинтерпретира неговата чанта Лејди Диор. Куќата претходно ја спонзорираше инсталацијата на Плеси во 2020 година, осветлувајќи ги прозорците на плоштадот Свети Марко во треперливи златни тонови кои потсетуваат на мозаиците во базиликата Свети Марко.

За овој проект, Плеси повторно црпеше инспирација од златото, украсувајќи ја својата чанта со мозаици во 24-каратно златно ливче изработено од печката Орсони Венеција од 1888 година, врамувајќи го екранот што го прикажува името Диор брановидно како проектирано на вода. Чантата ќе биде изложена во бутикот на Диор во Венеција.

Тоа е парче уметност што можете да го носите наоколу. Не се раѓа ниту како торба, ниту како скулптура. Тоа е комбинација родена од синергија меѓу уметноста и модата, рече Бекари.

Диор го негуваше својот однос со уметниците, имено преку соработките иницирани паралелно од Кјури и Ким Џонс, уметнички директор за машка облека, инспириран од оригиналната кариера на основачот Кристијан Диор како галерист кој ја покажа работата на авангардните уметници како Салвадор Дали и Алберто Џакомети.

Во меѓувреме, проектот на брендот Dior Lady Art, кој се состои од чанти со ограничено издание дизајнирани од водечки уметници, треба да влезе во своето седмо издание оваа година. Бекари гледа очигледни паралели помеѓу уметноста и модата.

Двајцата имаат нешто заедничко што е невообичаено: и двајцата можат да влијаат на вкусот на луѓето, можат да го променат начинот на кој ги гледаме работите и верувам дека во извесна смисла се во брак“, рече тој. Тешко е да се разгледаат одделно. Мислам дека потекнуваат од истата ДНК.

Проектот „Landscape experience“ на уметниците Моника Мотеска и Роберт Јанкулоски, ќе ја претставува Националната галерија на најновото издание на Биеналето во Венеција насловено „The milk of dreams“.

The post Француската модна куќа „Диор“ стана донатор на 59. Венециско биенале appeared first on Република.

]]>

Додека Венециското биенале се подготвува да започне издание во кое ќе доминираат женски и родово неконформирани уметници, престижниот уметнички настан најде нов поддржувач во Диор. Француската модна куќа стана донатор на 59-та меѓународна уметничка изложба, планирана да трае од 23 април до 27 ноември. Ова издание е курирано од Сесилија Алемани, првата Италијанка која го режирала настанот и пријателка на Пјетро Бекари, претседател и главен извршен директор на Christian Dior Couture.
Беше добар повод и да се прослават жените уметници бидејќи Сесилија не ги откри точните проценти, но рече дека жените уметници се огромното мнозинство на оваа изложба во споредба со минатото, изјави Бекари за WWD.
Некои од нив, како феминистичката уметница Томасо Бинга, соработуваа со Марија Грација Кјури, уметнички директор за женска облека во Диор, на нејзините модни ревии. Други, како Карла Акарди, се меѓу уметниците на кои Чиури најмногу се восхитува.
Има многу луѓе претставени на Биеналето кои се значајни за нас, а особено за Марија Грација, така што има многу, многу приказни за раскажување околу оваа соработка, рече Бекари.
Вклучувањето на Диор ќе биде повеќеслојно. По втор пат, куќата соработува со Venetian Heritage, филантропска организација посветена на реставрација и зачувување на културните богатства на Венеција, на гала за собирање средства. Ќе се одржи во Театро Ла Фенис на денот на отворањето на Биеналето во сабота, настанот е дизајниран да го финансира реставрацијата на музејот Ca’ d’Oro на Гранд Канал, кој се смета за најдобра преживеана палата во венецијанската готска архитектура. Диор и Venetian Heritag го запечатија своето партнерство со маскирана топка во 2019 година. Планираниот бал за оваа година е намален на вечера од почит кон жртвите од војната во Украина, додека организаторите одлучија да донираат дел од средствата на бегалците од Украина во Италија. Партнерите се поврзани со архитектот Питер Марино, кој беше именуван за претседател на непрофитната организација во 2019 година и дизајнираше безброј продавници за луксузниот конгломерат LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton, вклучувајќи го неодамна обновениот предводник на Диор на авенијата Монтењ во Париз, кој е исполнет со оригинални уметнички дела. .
Венеција е несомнено еден од најубавите градови во светот и наследство на човештвото, и има толку, толку многу работи што треба да се обноват и да се грижат за кои италијанската држава не може да се справи, рече Бекари. Ќе продолжиме да им помагаме колку што можеме и нема да биде последен пат да не видите во Венеција во некоја форма. Згора на тоа, имаме фантастичен хотел, Cipriani, кој исто така е институција и припаѓа на LVMH, така што имаме многу причини да бидеме таму, додаде тој.
Покрај тоа, Диор го ангажира Фабрицио Плеси, 82-годишниот венецијански уметник познат по своите видео инсталации, да ја реинтерпретира неговата чанта Лејди Диор. Куќата претходно ја спонзорираше инсталацијата на Плеси во 2020 година, осветлувајќи ги прозорците на плоштадот Свети Марко во треперливи златни тонови кои потсетуваат на мозаиците во базиликата Свети Марко. За овој проект, Плеси повторно црпеше инспирација од златото, украсувајќи ја својата чанта со мозаици во 24-каратно златно ливче изработено од печката Орсони Венеција од 1888 година, врамувајќи го екранот што го прикажува името Диор брановидно како проектирано на вода. Чантата ќе биде изложена во бутикот на Диор во Венеција.
Тоа е парче уметност што можете да го носите наоколу. Не се раѓа ниту како торба, ниту како скулптура. Тоа е комбинација родена од синергија меѓу уметноста и модата, рече Бекари.
Диор го негуваше својот однос со уметниците, имено преку соработките иницирани паралелно од Кјури и Ким Џонс, уметнички директор за машка облека, инспириран од оригиналната кариера на основачот Кристијан Диор како галерист кој ја покажа работата на авангардните уметници како Салвадор Дали и Алберто Џакомети. Во меѓувреме, проектот на брендот Dior Lady Art, кој се состои од чанти со ограничено издание дизајнирани од водечки уметници, треба да влезе во своето седмо издание оваа година. Бекари гледа очигледни паралели помеѓу уметноста и модата.
Двајцата имаат нешто заедничко што е невообичаено: и двајцата можат да влијаат на вкусот на луѓето, можат да го променат начинот на кој ги гледаме работите и верувам дека во извесна смисла се во брак“, рече тој. Тешко е да се разгледаат одделно. Мислам дека потекнуваат од истата ДНК.
Проектот „Landscape experience“ на уметниците Моника Мотеска и Роберт Јанкулоски, ќе ја претставува Националната галерија на најновото издание на Биеналето во Венеција насловено „The milk of dreams“.

The post Француската модна куќа „Диор“ стана донатор на 59. Венециско биенале appeared first on Република.

]]>
Македонскиот павилјон подготвен на свеченото отворање на 59. Венециско биенале https://republika.mk/vesti/kultura/makedonskiot-paviljon-podgotven-na-svechenoto-otvoranje-na-59-venecisko-bienale/ Wed, 20 Apr 2022 08:41:36 +0000 https://republika.mk/?p=490965

Да се организира нашето претставување на најзначајната културна манифестација за уметност не беше едноставно, но истрајноста ни покажа дека нашиот проект одлично алудира на темата "Млеко од соништата" од една горлива локална - глобална тема.

Целиот ентузијазам и труд за успешно претставување вреди и претставува голем предизвик, напиша на својот фејсбук профил Дита Старова Ќерими, директор на Националната галерија и комесар на годинашното претставување на Македонија на 59. Венециско биенале.

Куратори на нашето претставување на овој најголем светски настан од областа на уметноста се Ана Франговска и Сања Којиќ Младенов.

Биеналето се отвора на 22 април, а нашите претставници секојдневно на социјалните мрежи информираат за текот на подготовките на македонскиот павилјон.

The post Македонскиот павилјон подготвен на свеченото отворање на 59. Венециско биенале appeared first on Република.

Марија Павловска со проектот „Г-ѓа. & Г-ца. X“ доби втора покана и учество на Венециското биенале https://republika.mk/vesti/kultura/marija-pavlovska-so-proektot-g-gja-g-ca-x-dobi-vtora-pokana-i-uchestvo-na-veneciskoto-bienale/ Mon, 11 Apr 2022 11:28:02 +0000 https://republika.mk/?p=486717

Марија Павловска ја најавува својата втора покана и учество во Европскиот Културен Центар (ЕСС), биенална изложба за современа уметност во Венеција, Италија во Палацо Мора.

По успехот на презентацијата на проектот „Г-ѓа. & Г-ца. X“ на XIII Биенале во Фиренца 2021-октомври, проектот беше поканет и претставен на OСТЕН Биеналето на Цртеж 2022 – март, а и дополнително забележан и поканет да ја претстави својата иновативна и визуелно впечатлива работа во седуммесечно- долг настан во контекст на главното 59-то ВЕНЕЦИСКО БИЕНАЛЕ 2022 година.

Европскиот културен центар (ECC) со гордост објавува дека шестото издание, биеналната изложба на современа уметност која поканува уметници и креативни умови од целиот свет, ќе биде отворена во Венеција, Италија, од 23 април до 27 ноември. 2022 година, со прегледи на печатот и отворање на 21-ви и 22-ри април во сите локации на ECC.

Обемната изложба ќе прикаже широк избор на уметнички дела од меѓународно познати и актуелни уметници, фотографи и скулптори, како и изложени проекти од светски академски институции, од кои сите ќе бидат изложени на историските места во Палацо Бембо, Палацо Мора и Градините Маринареса, сместени во срцето на венецијанскиот град.

Избор од речиси 200 учесници, се избрани и поканети од кураторскиот тим: Сара Даниели и Лусија Педрана, чии проекти и дела ќе се изложат во Венеција за да ги претстават своите ставови на темата: размислувања, изразување преку различни медиуми и места, давање глас на сопствените мисли , грижи, идеи, надежи и соништа. Прикажаните „рефлексии“ ќе бидат оние на свесноста за она што доаѓа, како и ќе ја отсликаат моменталната средина што не опкружува. Како резултат на тоа, презентираните уметнички дела ќе ги одразуваат погледите на уметниците со различно културно потекло кои доаѓаат од различни делови на светот, меѓу кои се потврдени: Мартин Пар, Доналд Мартини, Музејот на умот, Калвин Чих-Хао Тенг, Галеријата Миртис, Алберт Скопин, галеријата Бен Бергман, Даниел Песта, Сандра Катанео Адорно, Карен Севел, Галеријата Валери Гудман.

Изложбата ќе оддаде почит и на личноста и делото на концептуалниот уметник Лоренс Вајнер, чии минати соработки со Европскиот културен центар ќе бидат запаметени со специјална инсталација во Палацо Бембо.

The post Марија Павловска со проектот „Г-ѓа. & Г-ца. X“ доби втора покана и учество на Венециското биенале appeared first on Република.

„Landscape Еxperience” е крик против војната, пандемијата и загадувањето на животната средина https://republika.mk/vesti/kultura/landscape-experience-e-krik-protiv-vojnata-pandemijata-i-zagaduvanjeto-na-zivotnata-sredina/ Thu, 07 Apr 2022 13:33:43 +0000 https://republika.mk/?p=484799

Во Чифте-амам денеска се одржа прес конференција по повод претстојното претставување на Македонија на престижната меѓународна уметничка манифестација 59. La Biennale di Venezia 2022, на која говореа Дита Старова Керими, директорка на Национална галерија, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, Н.Е. Амбасадорот на Италија во Македонија, Андреа Силвестри, кураторот Ана Франговска и авторите на проектот, Роберт Јанкуловски и Моника Мотеска.

Проектот “Landscape Еxperience” на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, предложен од Националната галерија, е избран за официјален претставник на Република Македонија на Биеналето во Венеција. Kомесар е д-р Дита Старова Ќерими, директор на НУ Национална галерија на Република Македонија; куратори се м-р Ана Франговска, виш кустос во Националната галерија на Република Македонија и д-р Сања Којиќ Младенов, кустос советник во Музејот на современата уметност во Нови Сад, Р. Србија и кустос на проектот Evrovizion во одделението за визуелна уметност на IFA Штудгард.

Овој проект е всушност еден крик или врисок против се она што ни се случува. Крик против војната, пандемијата, загадувањето на животната средина, рече Моника Мотеска, заблагодарувајќи се на поддршката.

Локација на павилјонот е Scuola dei Laneri, Santa Croce 131 A, а инаугурацијата е закажана за 22 април во 18.00 часот.

„Landscape Experience“ на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска е мултимедијален проект кој вклучува видео инсталации, објекти и фотографии. „Естетиката“ на напуштените (запуштени) пејзажи, ставени во нов контекст, со нови слоеви на транскрипција на диспозитивите живот-смрт, убаво-грдо, витално-отровно се во фокусот на овој проект. На критичко-дискурзивен начин авторите укажуваат на опасностите кои демнеат доколку не се превземат сериозни системски чекори за совладување на најголемите предизвици на Антропоценот, како неконтролираната злоупотреба на природните ресурси на планетата Земја во форма на безумни војни (експлицитни или имплицитни, реални или психолошки, физички или хемиски), во кои жртви сме сите, а најмногу најмалите, невините и идеалистите.

Навистина сме многу горди што оваа година Министерството за култура и Комисијата го издвоија нашиот проект да ја претставува Македонија на Венециското биенале, најголемото светско ликовно претставување. Ова е најголем настан од ликовната уметност. Подготвени сме, ја доработуваме корицата на каталогот, се останато е готово и во понеделник заминуваме во Венеција за да се претставиме, рече Роберт Јанкуловски, автор на проектот.

The post „Landscape Еxperience” е крик против војната, пандемијата и загадувањето на животната средина appeared first on Република.

Руските уметници го откажаа учеството на годинешното Биенале во Венеција https://republika.mk/scena/ruskite-umetnici-go-otkazaa-uchestvoto-na-godineshnoto-bienale-vo-venecija/ Wed, 02 Mar 2022 10:29:33 +0000 https://republika.mk/?p=466380

Рускиот павилјон на 59. Биенале во Венеција, што ќе се отвори на 23 април, овојпат ќе остане затворен, поради инвазијата на Украина, соопштија организаторите на Биеналето и ја поздравија храброста на руските уметници.

Венециското биенале е информирано за одлуката на кустосите и уметниците на Руската Федерација да се откажат од своите позиции за овогодишната меѓународна изложба, со што го откажаа и учеството на нивната земја на 59-тото издание на Биеналето. Изразуваме целосна солидарност со овој благороден чин на храброст и со мотивите кои доведоа до одлуката од која може да се прочита трагедијата што го погоди украинскиот народ, соопштија организаторите.

Уметниците Александра Сухарева и Кирил Савченков и кустосот Рајмундас Малаускас на Инстаграм објавија дека се повлекуваат од рускиот павилјон поради војната во Украина

Рускиот павилјон ќе остане затворен. Додека цивили умираат под ракетен оган, украинските граѓани се кријат во засолништа, а руските протести се задушуваат, не е време за уметност, напишаа тие во заедничката изјава.

Минатата недела и уметниците од украинскиот павилјон ги информираа организаторите дека повеќе не можат да работат на нивниот проект поради руската инвазија.

Организаторите на Биеналето, кое ќе трае од 23 април до 27 ноември 2022 година и е посветено на волшебноста, имагинацијата и транзицијата, во саботата отфрлија „секаков облик на војна и насилство“.

На годинешното Биенале ќе учествуваат 80 земји. Под мотото „Млеко од соништата“ со италијанската домаќинка Сесилија Алемани, на изложбата ќе бидат претставени дела на 213 гости-уметници од 58 земји, со 1.433 експонати.

The post Руските уметници го откажаа учеството на годинешното Биенале во Венеција appeared first on Република.

]]>

Рускиот павилјон на 59. Биенале во Венеција, што ќе се отвори на 23 април, овојпат ќе остане затворен, поради инвазијата на Украина, соопштија организаторите на Биеналето и ја поздравија храброста на руските уметници.
Венециското биенале е информирано за одлуката на кустосите и уметниците на Руската Федерација да се откажат од своите позиции за овогодишната меѓународна изложба, со што го откажаа и учеството на нивната земја на 59-тото издание на Биеналето. Изразуваме целосна солидарност со овој благороден чин на храброст и со мотивите кои доведоа до одлуката од која може да се прочита трагедијата што го погоди украинскиот народ, соопштија организаторите.
Уметниците Александра Сухарева и Кирил Савченков и кустосот Рајмундас Малаускас на Инстаграм објавија дека се повлекуваат од рускиот павилјон поради војната во Украина
Рускиот павилјон ќе остане затворен. Додека цивили умираат под ракетен оган, украинските граѓани се кријат во засолништа, а руските протести се задушуваат, не е време за уметност, напишаа тие во заедничката изјава.
Минатата недела и уметниците од украинскиот павилјон ги информираа организаторите дека повеќе не можат да работат на нивниот проект поради руската инвазија. Организаторите на Биеналето, кое ќе трае од 23 април до 27 ноември 2022 година и е посветено на волшебноста, имагинацијата и транзицијата, во саботата отфрлија „секаков облик на војна и насилство“. На годинешното Биенале ќе учествуваат 80 земји. Под мотото „Млеко од соништата“ со италијанската домаќинка Сесилија Алемани, на изложбата ќе бидат претставени дела на 213 гости-уметници од 58 земји, со 1.433 експонати.

The post Руските уметници го откажаа учеството на годинешното Биенале во Венеција appeared first on Република.

]]>