Венеција Archives - Република https://republika.mk/tema/venecija/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Nov 2024 08:38:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Венеција Archives - Република https://republika.mk/tema/venecija/ 32 32 Во Венеција денеска ќе биде отворена изложбата „Експериментален цртеж” https://republika.mk/vesti/kultura/vo-venetsija-deneska-ke-bide-otvorena-izlozhbata-eksperimentalen-tsrtezh/ Thu, 07 Nov 2024 08:38:22 +0000 https://republika.mk/?p=834993

Во галеријата „Кунст Депот“ во Венеција ќе биде отворена изложбата „Цртеж, Експриментален цртеж“. Изложбата се организира по осми пат од страна на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, и ќе биде отворена до 17-ти месецов.

Како што соопштија од Друштвото на ликовни уметници на Македонија, изложбата има за цел да овозможи простор за презентација на дела каде границите на традиционалниот цртеж се поместуваат, повлекуваат и преобликуваат во нови изразни форми. Оваа изложба го слави иновативниот дух на уметниците кои се осмелуваат да ги предизвикаат конвенциите на медиумот, презентирајќи разновидна колекција на експериментални цртежи кои ги предизвикуваат очекувањата и ги повикуваат гледачите да откриваат новите можности на ликовна креација.

Во оваа ера на огромни можности на комуникација, уметниците постојано бараат свежи начини на изразување. Цртежот, со својата вродена едноставност и разноликост, служи како плодна почва за експериментирање. Од намерното обележување на моливот до спонтаните гестови на јаглен, секој потег на празната хартија е можност да се истражува, да се поствуваат прашања и користат нови материјали и техники. Имавме посебна чест, што изложбата „Цртеж, Експриментален цртеж“ оваа година во Македонија се реализираше во куќата на доајенот на македонската ликовна уметност, сликарот Борко Лазески, соопштија од ДЛУМ.

Изложбата „Експериментален цртеж“ е дел од програмските изложби на ДЛУМ и е посветена на македонскиот ликовен уметник Борко Лазески, и беше поставена во неговото ателје каде тој творел и работел.

На изложбата се претставени четириесеттина цртежи изработени во повеќе цртачки техники. Изложбата е поддржана од Министерствтото за култура и туризам.

The post Во Венеција денеска ќе биде отворена изложбата „Експериментален цртеж” appeared first on Република.

]]>

Во галеријата „Кунст Депот“ во Венеција ќе биде отворена изложбата „Цртеж, Експриментален цртеж“. Изложбата се организира по осми пат од страна на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, и ќе биде отворена до 17-ти месецов.

Како што соопштија од Друштвото на ликовни уметници на Македонија, изложбата има за цел да овозможи простор за презентација на дела каде границите на традиционалниот цртеж се поместуваат, повлекуваат и преобликуваат во нови изразни форми. Оваа изложба го слави иновативниот дух на уметниците кои се осмелуваат да ги предизвикаат конвенциите на медиумот, презентирајќи разновидна колекција на експериментални цртежи кои ги предизвикуваат очекувањата и ги повикуваат гледачите да откриваат новите можности на ликовна креација.

Во оваа ера на огромни можности на комуникација, уметниците постојано бараат свежи начини на изразување. Цртежот, со својата вродена едноставност и разноликост, служи како плодна почва за експериментирање. Од намерното обележување на моливот до спонтаните гестови на јаглен, секој потег на празната хартија е можност да се истражува, да се поствуваат прашања и користат нови материјали и техники. Имавме посебна чест, што изложбата „Цртеж, Експриментален цртеж“ оваа година во Македонија се реализираше во куќата на доајенот на македонската ликовна уметност, сликарот Борко Лазески, соопштија од ДЛУМ.

Изложбата „Експериментален цртеж“ е дел од програмските изложби на ДЛУМ и е посветена на македонскиот ликовен уметник Борко Лазески, и беше поставена во неговото ателје каде тој творел и работел.

На изложбата се претставени четириесеттина цртежи изработени во повеќе цртачки техники. Изложбата е поддржана од Министерствтото за култура и туризам.

The post Во Венеција денеска ќе биде отворена изложбата „Експериментален цртеж” appeared first on Република.

]]>
ДЛУМ ја отвара изложбата „Експериментален цртеж“ во Венеција https://republika.mk/vesti/kultura/dlum-ja-otvara-izlozhbata-eksperimentalen-tsrtezh-vo-venetsija/ Mon, 04 Nov 2024 11:52:44 +0000 https://republika.mk/?p=833988

На 7 ноември, ДЛУМ ја отвара изложбата „Експериментален цртеж“ во Венеција, во галеријата „Кунст Депот“.

Ова претставување е значајно како за ДЛУМ така и за можноста да го претставиме ресентното творештво на нашите членови на ДЛУМ на меѓународна сцена. Изложбата „Експериментален цртеж“ оваа година беше посветена на македонскиот ликовен уметник Борко Лазески каде и беше поставена во неговото ателје каде тој творел и работел, соопштија од ДЛУМ.

На изложбата се претставени четириесеттина цртежи изработени во повеќе цртачки техники.

Од ДЛУМ искажаа благодарност до Љупка Делева, членка на Душтвото, ликовна уметница која живее и работи во Венеција за нејзиниот ангажман да се реализира оваа изложба во галеријата „Кунст Депот“ во Венеција.

Изложбата е поддржана од Министерствтото за култура и туризам на Македонија

Изложбата оваа 2024 г. се организира по осми пат, што го покажува постојаниот интерес на современите уметници за изразување во ова специфично ликовно подрачје.

Изложбата има за цел да овозможи простор за презентација на дела каде границите на традиционалниот цртеж се поместуваат, повлекуваат и преобликуваат во нови изразни форми. Оваа изложба го слави иновативниот дух на уметниците кои се осмелуваат да ги предизвикаат конвенциите на медиумот, презентирајќи разновидна колекција на експериментални цртежи кои ги предизвикуваат очекувањата и ги повикуваат гледачите да откриваат новите можности на ликовна креација.

Во оваа ера на огромни можности на комуникација, уметниците постојано бараат свежи начини на изразување. Цртежот, со својата вродена едноставност и разноликост, служи како плодна почва за експериментирање. Од намерното обележување на моливот до спонтаните гестови на јаглен, секој потег на празната хартија е можност да се истражува, да се поствуваат прашања и користат нови материјали и техники.

The post ДЛУМ ја отвара изложбата „Експериментален цртеж“ во Венеција appeared first on Република.

]]>

На 7 ноември, ДЛУМ ја отвара изложбата „Експериментален цртеж“ во Венеција, во галеријата „Кунст Депот“.

Ова претставување е значајно како за ДЛУМ така и за можноста да го претставиме ресентното творештво на нашите членови на ДЛУМ на меѓународна сцена. Изложбата „Експериментален цртеж“ оваа година беше посветена на македонскиот ликовен уметник Борко Лазески каде и беше поставена во неговото ателје каде тој творел и работел, соопштија од ДЛУМ.

На изложбата се претставени четириесеттина цртежи изработени во повеќе цртачки техники.

Од ДЛУМ искажаа благодарност до Љупка Делева, членка на Душтвото, ликовна уметница која живее и работи во Венеција за нејзиниот ангажман да се реализира оваа изложба во галеријата „Кунст Депот“ во Венеција.

Изложбата е поддржана од Министерствтото за култура и туризам на Македонија

Изложбата оваа 2024 г. се организира по осми пат, што го покажува постојаниот интерес на современите уметници за изразување во ова специфично ликовно подрачје.

Изложбата има за цел да овозможи простор за презентација на дела каде границите на традиционалниот цртеж се поместуваат, повлекуваат и преобликуваат во нови изразни форми. Оваа изложба го слави иновативниот дух на уметниците кои се осмелуваат да ги предизвикаат конвенциите на медиумот, презентирајќи разновидна колекција на експериментални цртежи кои ги предизвикуваат очекувањата и ги повикуваат гледачите да откриваат новите можности на ликовна креација.

Во оваа ера на огромни можности на комуникација, уметниците постојано бараат свежи начини на изразување. Цртежот, со својата вродена едноставност и разноликост, служи како плодна почва за експериментирање. Од намерното обележување на моливот до спонтаните гестови на јаглен, секој потег на празната хартија е можност да се истражува, да се поствуваат прашања и користат нови материјали и техники.

The post ДЛУМ ја отвара изложбата „Експериментален цртеж“ во Венеција appeared first on Република.

]]>
„Златен лав“ во Венеција за филмот на Алмодовар „Соседната соба“ https://republika.mk/scena/film/zlaten-lav-vo-venetsija-za-filmot-na-almodovar-sosednata-soba/ Sun, 08 Sep 2024 07:10:58 +0000 https://republika.mk/?p=814254

Првиот филм на англиски јазик на шпански режисер Педро Алмодовар, „Соседната соба„“ (The Room Next Door), кој обработува теми за евтаназија и климатски промени, во саботата ја доби престижната награда „Златен лав“ на Филмскиот фестивал во Венецијаа.

Филмот, во кој главните улоги ги толкуваат Тилда Свинтон и Џулијан Мур, доби 18-минутни овации кога беше премиерно прикажан во Венеција претходно оваа седмица, едни од најдолгите овации во последно време.

Алмодовар е миленик на фестивалските кругови и беше награден со Награда за животно дело во Венеција во 2019 година за неговите смели уметнички креации на шпански јазик, често проткаени со хумор и сатира. Исто така, ја освои наградата Оскар за најдобар странски филм за неговото остварување од 1999 година „Сѐ за мојата мајка“.

Сега на 74-годишна возраст, Алдомовар одлучи да се обиде на англиски јазик, а на новинарите им кажа дека тоа е како научна фантастика.

Говорејќи во пресрет на премиерата, рече дека неговиот филм ја истакнува важноста на негувањето на животот, но исто така јасно стави до знаење дека луѓето треба да можат достоинствено да умрат во време кое самите ќе го изберат.

Тоа е филм кој ја заговара евтаназијата“, рече тој,критикувајќи ги земјите како САД каде што евтаназијата е нелегална, за разлика од неговата родна Шпанија.

„Сребрениот лав“ беше изненадување бидејќи ѝ припадна на италијанската режисерка Маура Делперо за нејзината драма во бавен ритам „Vermiglio“, сместена во италијанските Алпи за време на Втората светска војна.

Австралијката Никол Кидман ја доби наградата за најдобра актерка за нејзината главна улога во еротскиот трилер „Babygirl“, во кој го толкува ликот на закоравена извршна директорка којашто ги загрозува и својата кариера и своето семејство со токсична афера со млад приправник.

Кидман беше во Венеција во саботата, но не присуствуваше на доделувањето на наградите откако дозна дека нејзината мајка ненадејно починала.

Французинот Винсент Линдон беше прогласен за најдобар актер за улогата во „The Quiet Son“, современа драма на француски јазик за семејство растурено од екстремниот десничарски радикализам.

Наградата за најдобар режисер му припадна на американскиот режисер Брејди Корбет за неговиот 3,5-часовен филм „The Brutalist“, епска приказна за Унгарец кој го преживеал холокаустот кој сака да го обнови својот живот во САД. Него го игра Адриен Броди.

 

The post „Златен лав“ во Венеција за филмот на Алмодовар „Соседната соба“ appeared first on Република.

]]>

Првиот филм на англиски јазик на шпански режисер Педро Алмодовар, „Соседната соба„“ (The Room Next Door), кој обработува теми за евтаназија и климатски промени, во саботата ја доби престижната награда „Златен лав“ на Филмскиот фестивал во Венецијаа. Филмот, во кој главните улоги ги толкуваат Тилда Свинтон и Џулијан Мур, доби 18-минутни овации кога беше премиерно прикажан во Венеција претходно оваа седмица, едни од најдолгите овации во последно време. Алмодовар е миленик на фестивалските кругови и беше награден со Награда за животно дело во Венеција во 2019 година за неговите смели уметнички креации на шпански јазик, често проткаени со хумор и сатира. Исто така, ја освои наградата Оскар за најдобар странски филм за неговото остварување од 1999 година „Сѐ за мојата мајка“. Сега на 74-годишна возраст, Алдомовар одлучи да се обиде на англиски јазик, а на новинарите им кажа дека тоа е како научна фантастика. Говорејќи во пресрет на премиерата, рече дека неговиот филм ја истакнува важноста на негувањето на животот, но исто така јасно стави до знаење дека луѓето треба да можат достоинствено да умрат во време кое самите ќе го изберат.
Тоа е филм кој ја заговара евтаназијата“, рече тој,критикувајќи ги земјите како САД каде што евтаназијата е нелегална, за разлика од неговата родна Шпанија.
„Сребрениот лав“ беше изненадување бидејќи ѝ припадна на италијанската режисерка Маура Делперо за нејзината драма во бавен ритам „Vermiglio“, сместена во италијанските Алпи за време на Втората светска војна. Австралијката Никол Кидман ја доби наградата за најдобра актерка за нејзината главна улога во еротскиот трилер „Babygirl“, во кој го толкува ликот на закоравена извршна директорка којашто ги загрозува и својата кариера и своето семејство со токсична афера со млад приправник. Кидман беше во Венеција во саботата, но не присуствуваше на доделувањето на наградите откако дозна дека нејзината мајка ненадејно починала. Французинот Винсент Линдон беше прогласен за најдобар актер за улогата во „The Quiet Son“, современа драма на француски јазик за семејство растурено од екстремниот десничарски радикализам. Наградата за најдобар режисер му припадна на американскиот режисер Брејди Корбет за неговиот 3,5-часовен филм „The Brutalist“, епска приказна за Унгарец кој го преживеал холокаустот кој сака да го обнови својот живот во САД. Него го игра Адриен Броди.  

The post „Златен лав“ во Венеција за филмот на Алмодовар „Соседната соба“ appeared first on Република.

]]>
Правила во Венеција: На туристичките водичи им е забрането користење мегафони и групните тури се ограничуваат на 25 лица https://republika.mk/zivot/patuvanja/pravila-vo-venetsija-na-turistichkite-vodichi-im-e-zabraneto-koristene-megafoni-i-grupnite-turi-se-ogranichuvaat-na-25-litsa/ Fri, 02 Aug 2024 19:39:32 +0000 https://republika.mk/?p=802939

Во Венеција се усвоени нови правила за големината на туристичките групи и забраната за користење на звучници и мегафони за туристички водичи. Ова е уште една од мерките во низата што градската власт на Венеција ги донесе во изминатата година, со цел да го заштити градот од интензивни посети. Венецијанците ја поздравија одлуката, која има исклучоци за деца под две години, училишни групи и образовни и професионални патувања. Правилата важат и за островите Мурано, Бурано и Торчело.

Ограничувањето требаше да стапи на сила во јуни, но беше одложено бидејќи многу водичи веќе резервираа групни тури низ градот со групи од повеќе од 25 луѓе. Водичите кои ќе ги прекршат правилата може да се соочат со казни од 25 до 500 евра, пренесува РТС.

Забранета е и употреба на звучници, „кои можат да предизвикаат конфузија и нарушувања“.

Градскиот функционер задолжен за безбедност, Елизабета Пешче, истакна во текот на претходната година дека политиката е насочена кон подобрување на движењето на групите низ историскиот центар на Венеција, како и на високо посетените острови Мурано, Бурано и Торчело.

Венеција стана првиот град во светот кој воведе систем за влезни такси за туристите, во обид да ги намали гужвите што се создаваат во екот на туристичката сезона и за време на празниците.

Минатата година, Венеција за малку избегна да биде ставена на листата на УНЕСКО за „Светско наследство во опасност“, делумно поради тоа што телото на ОН ги препозна напорите на градот да спречи деликатниот екосистем на Венеција да биде обземен од масовен туризам.

The post Правила во Венеција: На туристичките водичи им е забрането користење мегафони и групните тури се ограничуваат на 25 лица appeared first on Република.

]]>

Во Венеција се усвоени нови правила за големината на туристичките групи и забраната за користење на звучници и мегафони за туристички водичи. Ова е уште една од мерките во низата што градската власт на Венеција ги донесе во изминатата година, со цел да го заштити градот од интензивни посети. Венецијанците ја поздравија одлуката, која има исклучоци за деца под две години, училишни групи и образовни и професионални патувања. Правилата важат и за островите Мурано, Бурано и Торчело. Ограничувањето требаше да стапи на сила во јуни, но беше одложено бидејќи многу водичи веќе резервираа групни тури низ градот со групи од повеќе од 25 луѓе. Водичите кои ќе ги прекршат правилата може да се соочат со казни од 25 до 500 евра, пренесува РТС. Забранета е и употреба на звучници, „кои можат да предизвикаат конфузија и нарушувања“. Градскиот функционер задолжен за безбедност, Елизабета Пешче, истакна во текот на претходната година дека политиката е насочена кон подобрување на движењето на групите низ историскиот центар на Венеција, како и на високо посетените острови Мурано, Бурано и Торчело. Венеција стана првиот град во светот кој воведе систем за влезни такси за туристите, во обид да ги намали гужвите што се создаваат во екот на туристичката сезона и за време на празниците. Минатата година, Венеција за малку избегна да биде ставена на листата на УНЕСКО за „Светско наследство во опасност“, делумно поради тоа што телото на ОН ги препозна напорите на градот да спречи деликатниот екосистем на Венеција да биде обземен од масовен туризам.

The post Правила во Венеција: На туристичките водичи им е забрането користење мегафони и групните тури се ограничуваат на 25 лица appeared first on Република.

]]>
Венеција од денес ги ограничува туристичките групи на максимум 25 луѓе https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/venetsija-od-denes-gi-ogranichuva-turistichkite-grupi-na-maksimum-25-luge/ Thu, 01 Aug 2024 10:50:51 +0000 https://republika.mk/?p=802273

Венеција од утре ќе го ограничи бројот на луѓе во туристички групи кои ќе го посетуваат градот на максимум 25 лица, во уште еден обид да го спречи прекумерниот туризам.

Дозволени се исклучоци за деца, студенти и образовни посети.

Локалните власти, исто така, забрануваат употреба на звучници од страна на водачите на групите за „да го заштитат спокојството на локалните жители“ и да обезбедат пешаците слободно да се движат низ градот.

На прекршителите им следуваат казни од 25 до 500 евра.

Мерките  требаше да стапат на сила веќе во јуни, но беа одложени за август.

Ограничувањата се однесуваат и на центарот на градот и на островите Мурано, Бурано и Торсело.

Од април до крајот на јули во Венеција беше во функција пилот-проект, според кој посетите на градот без ноќевање во одредени денови беа можни само за однапред платена такса од 5 евра.

По завршувањето на шемата денеска ќе се оценува и евентуално ќе се продолжи.

Резултатите будно ги следат и другите европски градови кои страдаат од прекумерен туризам, како Барселона и Дубровник, кои исто така бараат решение за туризмот во корист на нивните жители, како и на туристите.

The post Венеција од денес ги ограничува туристичките групи на максимум 25 луѓе appeared first on Република.

]]>

Венеција од утре ќе го ограничи бројот на луѓе во туристички групи кои ќе го посетуваат градот на максимум 25 лица, во уште еден обид да го спречи прекумерниот туризам. Дозволени се исклучоци за деца, студенти и образовни посети. Локалните власти, исто така, забрануваат употреба на звучници од страна на водачите на групите за „да го заштитат спокојството на локалните жители“ и да обезбедат пешаците слободно да се движат низ градот. На прекршителите им следуваат казни од 25 до 500 евра. Мерките  требаше да стапат на сила веќе во јуни, но беа одложени за август. Ограничувањата се однесуваат и на центарот на градот и на островите Мурано, Бурано и Торсело. Од април до крајот на јули во Венеција беше во функција пилот-проект, според кој посетите на градот без ноќевање во одредени денови беа можни само за однапред платена такса од 5 евра. По завршувањето на шемата денеска ќе се оценува и евентуално ќе се продолжи. Резултатите будно ги следат и другите европски градови кои страдаат од прекумерен туризам, како Барселона и Дубровник, кои исто така бараат решение за туризмот во корист на нивните жители, како и на туристите.

The post Венеција од денес ги ограничува туристичките групи на максимум 25 луѓе appeared first on Република.

]]>
Венеција сака да го задржи данокот за туристите: За еден месец градот заработи 2 милиони евра https://republika.mk/vesti/svet/venetsija-saka-da-go-zadrzhi-danokot-za-turistite-za-eden-mesets-gradot-zaraboti-2-milioni-evra/ Sun, 14 Jul 2024 10:35:59 +0000 https://republika.mk/?p=796620

Венеција сака да продолжи да наплатува влезници за туристите на еднодневните патувања откако на крајот на оваа недела ќе заврши пробниот период на првата ваква програма во светот, пишува германската агенција dpa.

Венеција има намера да ја земе предвид побарувачката и да ја удвои сегашната цена од пет на 10 евра во моментот на исклучителна посетеност на италијанскиот град на јадранскиот брег, изјави за локалниот весник Мишел Зуин, секретарот за финансии на градот.

Речиси едномесечниот пробен период на градот му донесе повеќе од два милиони евра. Во некои денови се евидентирани повеќе од 25.000 туристи кои платиле влез.

Во текст за весникот „Ил Газетино“, Зуин вели дека од 2025 година наваму „основната стапка“ ќе се применува за еднодневните посетители во еден дел од годината. Но, во „критичните денови“ туристите ќе треба да платат максимална цена од 10 евра. Градот не планира веднаш да објави официјален извештај по оваа сабота и недела. Прво ќе се евалуираат собраните податоци. Во пробниот период, во периодот од 08:30 до 16 часот, се наплаќа такса од пет евра. Посетителите можеа да добијат QR код преку Интернет, кој служеше како доказ за плаќање.

Се проценува дека годишно во Венеција пристигнуваат околу 15 милиони туристи, што ја прави еден од најпосетуваните градови во светот. Масовниот туризам значи големи приходи за градскиот буџет, но предизвикува и значителни штети.

The post Венеција сака да го задржи данокот за туристите: За еден месец градот заработи 2 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Венеција сака да продолжи да наплатува влезници за туристите на еднодневните патувања откако на крајот на оваа недела ќе заврши пробниот период на првата ваква програма во светот, пишува германската агенција dpa. Венеција има намера да ја земе предвид побарувачката и да ја удвои сегашната цена од пет на 10 евра во моментот на исклучителна посетеност на италијанскиот град на јадранскиот брег, изјави за локалниот весник Мишел Зуин, секретарот за финансии на градот. Речиси едномесечниот пробен период на градот му донесе повеќе од два милиони евра. Во некои денови се евидентирани повеќе од 25.000 туристи кои платиле влез. Во текст за весникот „Ил Газетино“, Зуин вели дека од 2025 година наваму „основната стапка“ ќе се применува за еднодневните посетители во еден дел од годината. Но, во „критичните денови“ туристите ќе треба да платат максимална цена од 10 евра. Градот не планира веднаш да објави официјален извештај по оваа сабота и недела. Прво ќе се евалуираат собраните податоци. Во пробниот период, во периодот од 08:30 до 16 часот, се наплаќа такса од пет евра. Посетителите можеа да добијат QR код преку Интернет, кој служеше како доказ за плаќање. Се проценува дека годишно во Венеција пристигнуваат околу 15 милиони туристи, што ја прави еден од најпосетуваните градови во светот. Масовниот туризам значи големи приходи за градскиот буџет, но предизвикува и значителни штети.

The post Венеција сака да го задржи данокот за туристите: За еден месец градот заработи 2 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Венеција тестира наплаќање влез во градот, сега планираат поскапи пропусници https://republika.mk/vesti/svet/venetsija-testira-naplakane-vlez-vo-gradot-sega-planiraat-poskapi-propusnitsi/ Fri, 12 Jul 2024 11:19:57 +0000 https://republika.mk/?p=796141

Венеција сака да продолжи да наплаќа такса за туристите на еднодневно патување откога на крајот на оваа недела ќе заврши пробниот период на првата ваква програма во светот, пишува денеска германската агенција ДПА.

Венеција има намера да ја земе предвид побарувачката и да ја удвои сегашната цена од пет на 10 евра при специјалната посета на италијанскиот град на јадранскиот брег, изјави Микеле Зуин, градскиот советник задолжен за финансии, за локалниот весник.

Речиси едномесечниот пробен период на градот му донесе повеќе од два милиона евра. Во некои денови евидентирани се и над 25.000 туристи што платиле такса.

Во напис за весникот „Ил Газетино“, Зуин рече дека од 2025 година натаму основната цена ќе важи за еднодневните посетители во дел од годината. Сепак, за време на критичните денови туристите ќе треба да платат максимална такса од 10 евра.

Градот не планира веднаш да објави официјален извештај по оваа сабота и недела. Првин ќе се евалуираат собраните податоци. Во пробниот период, во периодот од 8.30 до 16 часот, се наплаќаше такса од пет евра. Посетителите можеа да добијат QR код преку интернет, кој служеше како доказ за плаќање.

Се проценува дека околу 15 милиони туристи пристигнуваат во Венеција секоја година, што го прави еден од најпосетуваните градови во светот. Масовниот туризам значи големи приходи за градскиот буџет, но предизвикува и значителни штети.

The post Венеција тестира наплаќање влез во градот, сега планираат поскапи пропусници appeared first on Република.

]]>

Венеција сака да продолжи да наплаќа такса за туристите на еднодневно патување откога на крајот на оваа недела ќе заврши пробниот период на првата ваква програма во светот, пишува денеска германската агенција ДПА. Венеција има намера да ја земе предвид побарувачката и да ја удвои сегашната цена од пет на 10 евра при специјалната посета на италијанскиот град на јадранскиот брег, изјави Микеле Зуин, градскиот советник задолжен за финансии, за локалниот весник. Речиси едномесечниот пробен период на градот му донесе повеќе од два милиона евра. Во некои денови евидентирани се и над 25.000 туристи што платиле такса. Во напис за весникот „Ил Газетино“, Зуин рече дека од 2025 година натаму основната цена ќе важи за еднодневните посетители во дел од годината. Сепак, за време на критичните денови туристите ќе треба да платат максимална такса од 10 евра. Градот не планира веднаш да објави официјален извештај по оваа сабота и недела. Првин ќе се евалуираат собраните податоци. Во пробниот период, во периодот од 8.30 до 16 часот, се наплаќаше такса од пет евра. Посетителите можеа да добијат QR код преку интернет, кој служеше како доказ за плаќање. Се проценува дека околу 15 милиони туристи пристигнуваат во Венеција секоја година, што го прави еден од најпосетуваните градови во светот. Масовниот туризам значи големи приходи за градскиот буџет, но предизвикува и значителни штети.

The post Венеција тестира наплаќање влез во градот, сега планираат поскапи пропусници appeared first on Република.

]]>
Вилем Дефо е нов уметнички директор на театарскиот оддел на италијанската уметничка организација Биеналето во Венеција https://republika.mk/scena/film/vilem-defo-e-nov-umetnichki-direktor-na-teatarskiot-oddel-na-italijanskata-umetnichka-organizatsija-bienaleto-vo-venetsija/ Tue, 09 Jul 2024 11:16:44 +0000 https://republika.mk/?p=794927

Холивудскиот актер Вилем Дефо е новиот уметнички директор на театарскиот оддел на италијанската уметничка организација Ла Биенале ди Венеција, Биеналето во Венеција, со двегодишен мандат 2025-2026 година.

Театарот е всушност оригиналниот дом на неговата сјајна кариера, рече Пјетранџело Бутафуоко, претседател на одборот на директори на Биеналето, која е фондацијата што го надгледува филмскиот фестивал во Венеција.

Еден од основачите на легендарната група Вустер во 1977 година, совршената контрола на неговото тело на сцената отсекогаш произлезе од дисциплина, знаење, страст и длабока свесност за театарот. Едвај чекам, како и сите други, да бидам гледач на фестивалот што ќе го изгради како уметнички директор и – од неговата говорница како апсолутен маестро – да ги гледам младите мажи и жени од Театарскиот колеџ како растат во нивната уметност.

Дефо рече: „Прво бев изненаден, а потоа среќен што ја добив поканата на Пјетранџело Бутафуоко“.

Сфаќам дека сум познат како филмски актер, но сум роден во театар, театарот ме тренираше и ме галванизираше. Јас сум сценско животно. Јас сум актер. Театарот ме научи за уметноста и животот“. „Работев со Wooster Group 27 години, соработував со големи режисери од Ричард Форман до Боб Вилсон. Насоката на мојата театарска програма ќе биде поставена според мојот личен развој. Еден вид истражување на суштината на телото, продолжи Дефо.

Дефо ја започна својата уметничка кариера како студент на универзитет во Милвоки, каде на 19-годишна возраст се приклучи на Театарот X (1975-1977), една од првите експериментални театарски групи во САД,  и во многу драми на режисерот и уметнички директор Џон Шнајдер. Во Европа, каде што живееше во 1976 година, тој работеше во легендарниот театар Микери во Амстердам – ​​срцето на алтернативниот меѓународен театар – каде настапи на сцената во Folter Follies, дело на основачот, актерот, режисерот, драматургот, продуцентот и визуелниот уметник Ritsaert ten Cate.

Но, тој ја започна својата најважна театарска обука во Њујорк, каде што заедно со режисерката Елизабет ЛеКомпте и актерите Рон Вотер, Кејт Валк, Џим Клејбург и Пејтон Смит, го коосноваа The Wooster Group, со која ќе настапува на сцената повеќе од 20 години (1977-2003), учествувајќи во многу од продукциите, кои прикажуваа единствен спој на јазици и текстови – од класиците до американската контракултура, од Флобер до Лени Брус – што ја направи точка на андерграунд сцената во 1980-тите, воспоставувајќи соработки со многу уметници: Кен Кобланд, Џим Страхс, Ричард Форман, Триша Браун, Џон Лури, Брус Одланд, Стив Бушеми, Џенифер Типтон, Френсис Мекдорманд, Ханс Питер Кун, Амир Ел Сафар, се вели на Биеналето.

Во 2016 година учествува во програмата Биенале Театро во делот мастер клас, предавајќи на работилница посветена на актерството.

Дефо е номиниран за четири Оскари. Годинава тој ќе биде во екипата на отворањето на 81. филмски фестивал во Венеција, Beetlejuice Beetlejuice од Тим Бартон.

Биенале Театро е основан како независен оддел на Ла Биенале ди Венеција во 1934 година, следејќи ги неговите оддели за уметност (1895), музика (1930) и кино (1932). „Режиран е од важни личности во светот на културата и забавата, како што се Ренато Симони, Лука Ронкони, Франко Квадри, Кармело Бене, Луис Пасквал“, велат од организацијата.

The post Вилем Дефо е нов уметнички директор на театарскиот оддел на италијанската уметничка организација Биеналето во Венеција appeared first on Република.

]]>

Холивудскиот актер Вилем Дефо е новиот уметнички директор на театарскиот оддел на италијанската уметничка организација Ла Биенале ди Венеција, Биеналето во Венеција, со двегодишен мандат 2025-2026 година.
Театарот е всушност оригиналниот дом на неговата сјајна кариера, рече Пјетранџело Бутафуоко, претседател на одборот на директори на Биеналето, која е фондацијата што го надгледува филмскиот фестивал во Венеција. Еден од основачите на легендарната група Вустер во 1977 година, совршената контрола на неговото тело на сцената отсекогаш произлезе од дисциплина, знаење, страст и длабока свесност за театарот. Едвај чекам, како и сите други, да бидам гледач на фестивалот што ќе го изгради како уметнички директор и – од неговата говорница како апсолутен маестро – да ги гледам младите мажи и жени од Театарскиот колеџ како растат во нивната уметност.
Дефо рече: „Прво бев изненаден, а потоа среќен што ја добив поканата на Пјетранџело Бутафуоко“.
Сфаќам дека сум познат како филмски актер, но сум роден во театар, театарот ме тренираше и ме галванизираше. Јас сум сценско животно. Јас сум актер. Театарот ме научи за уметноста и животот“. „Работев со Wooster Group 27 години, соработував со големи режисери од Ричард Форман до Боб Вилсон. Насоката на мојата театарска програма ќе биде поставена според мојот личен развој. Еден вид истражување на суштината на телото, продолжи Дефо.
Дефо ја започна својата уметничка кариера како студент на универзитет во Милвоки, каде на 19-годишна возраст се приклучи на Театарот X (1975-1977), една од првите експериментални театарски групи во САД,  и во многу драми на режисерот и уметнички директор Џон Шнајдер. Во Европа, каде што живееше во 1976 година, тој работеше во легендарниот театар Микери во Амстердам – ​​срцето на алтернативниот меѓународен театар – каде настапи на сцената во Folter Follies, дело на основачот, актерот, режисерот, драматургот, продуцентот и визуелниот уметник Ritsaert ten Cate.
Но, тој ја започна својата најважна театарска обука во Њујорк, каде што заедно со режисерката Елизабет ЛеКомпте и актерите Рон Вотер, Кејт Валк, Џим Клејбург и Пејтон Смит, го коосноваа The Wooster Group, со која ќе настапува на сцената повеќе од 20 години (1977-2003), учествувајќи во многу од продукциите, кои прикажуваа единствен спој на јазици и текстови – од класиците до американската контракултура, од Флобер до Лени Брус – што ја направи точка на андерграунд сцената во 1980-тите, воспоставувајќи соработки со многу уметници: Кен Кобланд, Џим Страхс, Ричард Форман, Триша Браун, Џон Лури, Брус Одланд, Стив Бушеми, Џенифер Типтон, Френсис Мекдорманд, Ханс Питер Кун, Амир Ел Сафар, се вели на Биеналето.
Во 2016 година учествува во програмата Биенале Театро во делот мастер клас, предавајќи на работилница посветена на актерството. Дефо е номиниран за четири Оскари. Годинава тој ќе биде во екипата на отворањето на 81. филмски фестивал во Венеција, Beetlejuice Beetlejuice од Тим Бартон. Биенале Театро е основан како независен оддел на Ла Биенале ди Венеција во 1934 година, следејќи ги неговите оддели за уметност (1895), музика (1930) и кино (1932). „Режиран е од важни личности во светот на културата и забавата, како што се Ренато Симони, Лука Ронкони, Франко Квадри, Кармело Бене, Луис Пасквал“, велат од организацијата.

The post Вилем Дефо е нов уметнички директор на театарскиот оддел на италијанската уметничка организација Биеналето во Венеција appeared first on Република.

]]>
Венеција со нови мерки и правила за туристите https://republika.mk/vesti/svet/venetsija-so-novi-merki-i-pravila-za-turistite/ Wed, 05 Jun 2024 11:43:02 +0000 https://republika.mk/?p=784947

Туристичките групи во Венеција, според новите правила, се ограничени на 25 лица, додека употребата на мегафони е забранета, јавува Би-Би-Си.

Мерките беа воведени за да се ограничи влијанието на прекумерниот туризам во италијанскиот град, чии канали во историскиот кварт го прават еден од најпосетуваните во Европа. Венеција, исто така, воведе дневен билет за влез во градот на почетокот од оваа година, кој чини пет евра, откако на бродовите за крстарење им беше забрането приклучување во 2021 година.

Овертуризмот се смета за едно од најважните прашања за Венеција, дом на 250.000 луѓе, но во 2019 година овој град го посетиле повеќе од 13 милиони луѓе. Оттогаш, бројот на туристи се намали, но се очекува да ги надмине нивоата пред пандемијата во наредните години.

Венеција доживеа егзодус на локалното население поради стравувањата дека туристите би можеле да го преплават историскиот островски град. Здружението Ocio, кое го следи домувањето во градот, во неодамнешното истражување откри дека историскиот кварт има 49.000 легла за туристи, што е повеќе од двојно од бројот на располагање за жителите.

Промените во правилата за туризам дојдоа откако експертите на УНЕСКО минатата година предупредија дека Венеција може да биде додадена на листата на загрозено светско наследство, бидејќи влијанието на климатските промени и масовниот туризам се закануваат да предизвикаат неповратни промени.

На крајот, УНЕСКО не го стори тоа бидејќи ги препозна обидите за решавање на проблемите на островот преку системи против поплави и мерки за намалување на влијанието на масовниот туризам.

The post Венеција со нови мерки и правила за туристите appeared first on Република.

]]>

Туристичките групи во Венеција, според новите правила, се ограничени на 25 лица, додека употребата на мегафони е забранета, јавува Би-Би-Си. Мерките беа воведени за да се ограничи влијанието на прекумерниот туризам во италијанскиот град, чии канали во историскиот кварт го прават еден од најпосетуваните во Европа. Венеција, исто така, воведе дневен билет за влез во градот на почетокот од оваа година, кој чини пет евра, откако на бродовите за крстарење им беше забрането приклучување во 2021 година. Овертуризмот се смета за едно од најважните прашања за Венеција, дом на 250.000 луѓе, но во 2019 година овој град го посетиле повеќе од 13 милиони луѓе. Оттогаш, бројот на туристи се намали, но се очекува да ги надмине нивоата пред пандемијата во наредните години. Венеција доживеа егзодус на локалното население поради стравувањата дека туристите би можеле да го преплават историскиот островски град. Здружението Ocio, кое го следи домувањето во градот, во неодамнешното истражување откри дека историскиот кварт има 49.000 легла за туристи, што е повеќе од двојно од бројот на располагање за жителите. Промените во правилата за туризам дојдоа откако експертите на УНЕСКО минатата година предупредија дека Венеција може да биде додадена на листата на загрозено светско наследство, бидејќи влијанието на климатските промени и масовниот туризам се закануваат да предизвикаат неповратни промени. На крајот, УНЕСКО не го стори тоа бидејќи ги препозна обидите за решавање на проблемите на островот преку системи против поплави и мерки за намалување на влијанието на масовниот туризам.

The post Венеција со нови мерки и правила за туристите appeared first on Република.

]]>
Хорот на ООУ „Кочо Рацин“ освои прво место во Венеција https://republika.mk/scena/muzika/horot-na-oou-kocho-ratsin-osvoi-prvo-mesto-vo-venetsija/ Sun, 02 Jun 2024 08:46:10 +0000 https://republika.mk/?p=784023

На светскиот куп во фолклор на фестивалот „Соправиста“ во Лидо ди Јесоло, Венеција, хорот на скопското основно училиште „Кочо Рацин“ освои прво место. На натпреварот учествуваа околу 500 натпреварувачи од 12 земји. Наташа Митрова, наставничка по музичко образование, заедно со 7 ученици од хорот изведоа македонски песни во хорска изведба.

„Неверојатно е чувството да се слушне името на својата татковина, Македонија, како победник. Седум мали деца ја направија татковината и своето училиште горди. На сцената настапија Олег, Софија, Мартин, Мина, Меглена, Александра и Јана“, велат од училиштето.

 

 

Минатогодишната победа во Римини, Италија, беше поттик за нови музички авантури на хорот при ООУ „Кочо Рацин“, додаваат оттаму.

The post Хорот на ООУ „Кочо Рацин“ освои прво место во Венеција appeared first on Република.

]]>

На светскиот куп во фолклор на фестивалот „Соправиста“ во Лидо ди Јесоло, Венеција, хорот на скопското основно училиште „Кочо Рацин“ освои прво место. На натпреварот учествуваа околу 500 натпреварувачи од 12 земји. Наташа Митрова, наставничка по музичко образование, заедно со 7 ученици од хорот изведоа македонски песни во хорска изведба. „Неверојатно е чувството да се слушне името на својата татковина, Македонија, како победник. Седум мали деца ја направија татковината и своето училиште горди. На сцената настапија Олег, Софија, Мартин, Мина, Меглена, Александра и Јана“, велат од училиштето.
 
 
Минатогодишната победа во Римини, Италија, беше поттик за нови музички авантури на хорот при ООУ „Кочо Рацин“, додаваат оттаму.

The post Хорот на ООУ „Кочо Рацин“ освои прво место во Венеција appeared first on Република.

]]>
Венеција забранува големи туристички групи и звучници поради прекумерниот туризам https://republika.mk/zivot/patuvanja/venetsija-zabranuva-golemi-turistichki-grupi-i-zvuchnitsi-poradi-prekumerniot-turizam/ Sat, 01 Jun 2024 15:33:09 +0000 https://republika.mk/?p=783906

Венеција денес воведе забрана за гласни звучници и ја ограничи големината на туристичките групи на 25 луѓе со цел ограничување на влијанието на прекумерниот туризам на тој италијански град, соопштија властите.

Венеција претходно годинава воведе такса од пет евра дневно, а во 2021 година забрани влегување на големите бродови за крстосување во градското пристаниште.

Промените на туристичките правила доаѓаат откако експерти на Унеско минатата година предупредија дека Венеција би можела да биде додадена на листата загрозени места на културно наследство, бидејќи влијанието на климатските промени и масовниот туризам се закануваат да предизвикаат неповратни промени на градот.

Прекумерниот туризам се смета за еден од најголемите проблеми за Венеција, која има популација од околу 250.000 луѓе, но забележала над 13 милиони посетители во 2019 година.

Венеција доживеа егзодус на локалното население. Очо, здружение на граѓани кое го следи станувањето во градот, во неодамнешен извештај наведе дека историскиот кварт има околу 49.000 кревети кои туристите можат да ги изнајмат, што е повеќе од бројот кој им е достапен на локалните жители.

Унеско сепак не ја додаде Венеција на листата загрозени места на светско наследство, откако ги препозна обидите проблемите на островот да се решат преку системот против поплави и мерките за намалување на влијанието на масовниот туризам.

 

The post Венеција забранува големи туристички групи и звучници поради прекумерниот туризам appeared first on Република.

]]>

Венеција денес воведе забрана за гласни звучници и ја ограничи големината на туристичките групи на 25 луѓе со цел ограничување на влијанието на прекумерниот туризам на тој италијански град, соопштија властите. Венеција претходно годинава воведе такса од пет евра дневно, а во 2021 година забрани влегување на големите бродови за крстосување во градското пристаниште. Промените на туристичките правила доаѓаат откако експерти на Унеско минатата година предупредија дека Венеција би можела да биде додадена на листата загрозени места на културно наследство, бидејќи влијанието на климатските промени и масовниот туризам се закануваат да предизвикаат неповратни промени на градот. Прекумерниот туризам се смета за еден од најголемите проблеми за Венеција, која има популација од околу 250.000 луѓе, но забележала над 13 милиони посетители во 2019 година. Венеција доживеа егзодус на локалното население. Очо, здружение на граѓани кое го следи станувањето во градот, во неодамнешен извештај наведе дека историскиот кварт има околу 49.000 кревети кои туристите можат да ги изнајмат, што е повеќе од бројот кој им е достапен на локалните жители. Унеско сепак не ја додаде Венеција на листата загрозени места на светско наследство, откако ги препозна обидите проблемите на островот да се решат преку системот против поплави и мерките за намалување на влијанието на масовниот туризам.  

The post Венеција забранува големи туристички групи и звучници поради прекумерниот туризам appeared first on Република.

]]>
Еден од загинатите во несреќата во мај во сообраќајка го загубил братот https://republika.mk/vesti/balkan/eden-od-zaginatite-vo-nesrekata-vo-maj-vo-soobrakajka-go-zagubil-bratot/ Sat, 09 Dec 2023 08:00:04 +0000 https://republika.mk/?p=721193

Три лица загинаа кога со возило „бмв“ удриле во заштитна ограда, по што паднале во река во несреќа во италијанскиот град Португаро, во близина на Венеција. Како што јави агенцијата АНСА, жртвите се двајца Албанци од Косово, Ѓ. Е.(20) и А.Х.(22), кои биле во друштво на Ѓ. Т.(21), девојка на еден од младите, која исто така починала.

Според италијанските медиуми, во сообраќајна несреќа во мај загинал и братот на А.Х, Адмир (19), кога бил повреден и нивниот татко.

Кога итната помош пристигнала на местото на несреќата, биле пронајдени во автомобилот.

Првичните информации сугерираат дека во несреќата можеби учествувало и четврто лице, но нуркачите засега не пронашле тело во реката.

The post Еден од загинатите во несреќата во мај во сообраќајка го загубил братот appeared first on Република.

]]>

Три лица загинаа кога со возило „бмв“ удриле во заштитна ограда, по што паднале во река во несреќа во италијанскиот град Португаро, во близина на Венеција. Како што јави агенцијата АНСА, жртвите се двајца Албанци од Косово, Ѓ. Е.(20) и А.Х.(22), кои биле во друштво на Ѓ. Т.(21), девојка на еден од младите, која исто така починала. Според италијанските медиуми, во сообраќајна несреќа во мај загинал и братот на А.Х, Адмир (19), кога бил повреден и нивниот татко. Кога итната помош пристигнала на местото на несреќата, биле пронајдени во автомобилот. Првичните информации сугерираат дека во несреќата можеби учествувало и четврто лице, но нуркачите засега не пронашле тело во реката.

The post Еден од загинатите во несреќата во мај во сообраќајка го загубил братот appeared first on Република.

]]>
Гондола во Венеција се преврте поради туристи кои не сакале да седнат и да престанат да прават селфи https://republika.mk/vesti/svet/gondola-vo-venetsija-se-prevrte-poradi-turisti-koi-ne-sakale-da-sednat-i-da-prestanat-da-pravat-selfi/ Fri, 08 Dec 2023 10:48:43 +0000 https://republika.mk/?p=720974

Група туристи падналe во канал во Венеција кога гондолата со која се возеле се превртела затоа што не ги послушале наредбите да престанат да прават селфи и да седнат.

Во матната и студена вода завршил и гондолиерот кој се обидувал да маневрира додека пловел со чамецот под мостот кај плоштадот Свети Марко.

Според извештаите на локалниот печат, групата од Кина се возеле во гондола и правеле селфи кога се случил инцидентот.

Маневарот на гондолиерот под мостот барал максимален баланс на тежината на чамецот, но патниците ги игнорирале неговите наредби да седнат и наместо тоа продолжиле да стануваат и да фотографираат, поради што гондолата се превртела.

https://www.youtube.com/watch?v=8AxK1A2LKTQ&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fstrana.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Гондола во Венеција се преврте поради туристи кои не сакале да седнат и да престанат да прават селфи appeared first on Република.

]]>

Група туристи падналe во канал во Венеција кога гондолата со која се возеле се превртела затоа што не ги послушале наредбите да престанат да прават селфи и да седнат. Во матната и студена вода завршил и гондолиерот кој се обидувал да маневрира додека пловел со чамецот под мостот кај плоштадот Свети Марко. Според извештаите на локалниот печат, групата од Кина се возеле во гондола и правеле селфи кога се случил инцидентот. Маневарот на гондолиерот под мостот барал максимален баланс на тежината на чамецот, но патниците ги игнорирале неговите наредби да седнат и наместо тоа продолжиле да стануваат и да фотографираат, поради што гондолата се превртела. https://www.youtube.com/watch?v=8AxK1A2LKTQ&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fstrana.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Гондола во Венеција се преврте поради туристи кои не сакале да седнат и да престанат да прават селфи appeared first on Република.

]]>
Венеција воведува такса за „влез“ од април, а ќе важи за овие датуми https://republika.mk/zivot/patuvanja/venetsija-voveduva-taksa-za-vlez-od-april-a-ke-vazhi-za-ovie-datumi/ Thu, 23 Nov 2023 21:51:45 +0000 https://republika.mk/?p=715671

Градското собрание на Венеција денеска соопшти дека за 29 дена во 2024 година, поради масовен туризам, ќе применува целосно нова такса од пет евра за туристите кои доаѓаат на посета само за еден ден.

Таксата ќе се применува во текот на туристичката сезона, од 25 април до 5 мај, потоа викендите во мај (11 и 12, 18 и 19 и 25 и 26), јуни (8 и 9, 15 и 16, 22 и 23 мај и 29 и 30), како и два викенди во јули (6 и 7 и 13 и 14).

Давачката, чија имплементација се одложува неколкупати, ги таргетира само туристите кои влегуваат во стариот дел од 8:30 до 16:00 часот по локално време, соопштија градските власти.

-Тоа е експеримент кој има за цел да го подобри квалитетот на животот во градот, за оние кои живеат таму и за оние кои работат таму, велат властите.

Потенцијалните казни за непочитување се од 50 до 300 евра. За деца до 14-годишна возраст нема да се плаќа таква такса.

The post Венеција воведува такса за „влез“ од април, а ќе важи за овие датуми appeared first on Република.

]]>

Градското собрание на Венеција денеска соопшти дека за 29 дена во 2024 година, поради масовен туризам, ќе применува целосно нова такса од пет евра за туристите кои доаѓаат на посета само за еден ден. Таксата ќе се применува во текот на туристичката сезона, од 25 април до 5 мај, потоа викендите во мај (11 и 12, 18 и 19 и 25 и 26), јуни (8 и 9, 15 и 16, 22 и 23 мај и 29 и 30), како и два викенди во јули (6 и 7 и 13 и 14). Давачката, чија имплементација се одложува неколкупати, ги таргетира само туристите кои влегуваат во стариот дел од 8:30 до 16:00 часот по локално време, соопштија градските власти. -Тоа е експеримент кој има за цел да го подобри квалитетот на животот во градот, за оние кои живеат таму и за оние кои работат таму, велат властите. Потенцијалните казни за непочитување се од 50 до 300 евра. За деца до 14-годишна возраст нема да се плаќа таква такса.

The post Венеција воведува такса за „влез“ од април, а ќе важи за овие датуми appeared first on Република.

]]>
На едно дете му ја расекле главата со шише: Албанци нападнале српски ученици во Венеција https://republika.mk/vesti/balkan/na-edno-dete-mu-ja-rasekle-glavata-so-shishe-albantsi-napadnale-srpski-uchenitsi-vo-venetsija/ Mon, 16 Oct 2023 10:36:45 +0000 https://republika.mk/?p=691661

Група Албанци синоќа нападнале српски ученици кои престојувале на ексурзија во Венеција, а меѓу нападнатите ученици има и потешко повредени, пишуваат српските медиуми.

Како што се дознава, на едно момче главата му е расечена со стаклено шише, па бил на шиење, додека една ученичка веројатно има скршено ребро.

Во прашање се ученици на Заботехничко училиште во Белград, кои група Албанци ги пресретнала кога излегувале на плажа пред хотелот.

The post На едно дете му ја расекле главата со шише: Албанци нападнале српски ученици во Венеција appeared first on Република.

]]>

Група Албанци синоќа нападнале српски ученици кои престојувале на ексурзија во Венеција, а меѓу нападнатите ученици има и потешко повредени, пишуваат српските медиуми. Како што се дознава, на едно момче главата му е расечена со стаклено шише, па бил на шиење, додека една ученичка веројатно има скршено ребро. Во прашање се ученици на Заботехничко училиште во Белград, кои група Албанци ги пресретнала кога излегувале на плажа пред хотелот.

The post На едно дете му ја расекле главата со шише: Албанци нападнале српски ученици во Венеција appeared first on Република.

]]>
Три лица под истрага за страшната автобуска несреќа кај Венеција https://republika.mk/vesti/svet/tri-litsa-pod-istraga-za-strashnata-avtobuska-nesreka-kaj-venetsija/ Thu, 12 Oct 2023 10:40:43 +0000 https://republika.mk/?p=690471

Венецијанското обвинителство стави три лица под истрага за минатонеделната автобуска несреќа во градската област Местре, во која загинаа 21 лице, меѓу кои и еден хрватски државјанин, објави во четвртокот локалниот весник „Ил Газетино“.

Станува збор за извршниот директор на автобуската компанија „Ла Лине“ и двајца функционери на градот Венеција – управител на секторот за транспорт и мобилност за внатрешното подрачје на градот и раководител на одделението за одржување на патиштата.

Тие наводно ќе одговараат за убиство со возило, повеќекратно убиство, нанесување тешки или многу тешки повреди на пат и телесни повреди.

Дваесет и едно лице загина, а околу дваесет се повредени откако автобус со туристи излетал од надвозник во близина на Венеција во северна Италија и се запалил. Во несреќата загинаа еден Хрват, девет Украинци, четворица Романци, тројца Германци, двајца Португалци и еден италијански возач на автобус. Меѓу повредените е и еден Хрват.

Причините за несреќата не се јасни. Една хипотеза е дека возачот погрешил, но имало и сомнежи за состојбата на надвозникот, особено заштитните шини, наведува Анса.

The post Три лица под истрага за страшната автобуска несреќа кај Венеција appeared first on Република.

]]>

Венецијанското обвинителство стави три лица под истрага за минатонеделната автобуска несреќа во градската област Местре, во која загинаа 21 лице, меѓу кои и еден хрватски државјанин, објави во четвртокот локалниот весник „Ил Газетино“. Станува збор за извршниот директор на автобуската компанија „Ла Лине“ и двајца функционери на градот Венеција – управител на секторот за транспорт и мобилност за внатрешното подрачје на градот и раководител на одделението за одржување на патиштата. Тие наводно ќе одговараат за убиство со возило, повеќекратно убиство, нанесување тешки или многу тешки повреди на пат и телесни повреди. Дваесет и едно лице загина, а околу дваесет се повредени откако автобус со туристи излетал од надвозник во близина на Венеција во северна Италија и се запалил. Во несреќата загинаа еден Хрват, девет Украинци, четворица Романци, тројца Германци, двајца Португалци и еден италијански возач на автобус. Меѓу повредените е и еден Хрват. Причините за несреќата не се јасни. Една хипотеза е дека возачот погрешил, но имало и сомнежи за состојбата на надвозникот, особено заштитните шини, наведува Анса.

The post Три лица под истрага за страшната автобуска несреќа кај Венеција appeared first on Република.

]]>
За несреќата во Венеција тројца осомничени за повеќекратно убиство, убиство на пат https://republika.mk/vesti/svet/za-nesrekata-vo-venetsija-trojtsa-osomnicheni-za-povekekratno-ubistvo-ubistvo-na-pat/ Thu, 12 Oct 2023 09:28:14 +0000 https://republika.mk/?p=690422

Обвинителството во Венеција подигна истрага за три лица за минатонеделната автобуска несреќа во градот Местре, во која загинаа 21 лице, објави денеска локалниот весник „Ил Газетино“.

Станува збор за извршниот директор на автобуската компанија Ла Лине и двајца функционери на градот Венеција – управител на секторот за сообраќај и мобилност за копненото подрачје на градот и раководител на одделението за одржување на патиштата.

Тие наводно ќе одговараат за убиство со возило, повеќекратно убиство, нанесување тешки или многу тешки повреди на пат и телесни повреди.

21 лице загина, а околу 20 се повредени откако автобус со туристи излета од надвозник во близина на Венеција во северна Италија и се запали.

Во несреќата загинаа една Хрватка, девет Украинци, четворица Романци, тројца Германци, двајца Португалци и Италијанец, возачот на автобусот.

Причините за несреќата не се јасни. Една хипотеза е дека возачот погрешно свртел, но има и сомнежи за состојбата на надвозникот, особено заштитните шини, наведува Анса.

The post За несреќата во Венеција тројца осомничени за повеќекратно убиство, убиство на пат appeared first on Република.

]]>

Обвинителството во Венеција подигна истрага за три лица за минатонеделната автобуска несреќа во градот Местре, во која загинаа 21 лице, објави денеска локалниот весник „Ил Газетино“. Станува збор за извршниот директор на автобуската компанија Ла Лине и двајца функционери на градот Венеција – управител на секторот за сообраќај и мобилност за копненото подрачје на градот и раководител на одделението за одржување на патиштата. Тие наводно ќе одговараат за убиство со возило, повеќекратно убиство, нанесување тешки или многу тешки повреди на пат и телесни повреди. 21 лице загина, а околу 20 се повредени откако автобус со туристи излета од надвозник во близина на Венеција во северна Италија и се запали. Во несреќата загинаа една Хрватка, девет Украинци, четворица Романци, тројца Германци, двајца Португалци и Италијанец, возачот на автобусот. Причините за несреќата не се јасни. Една хипотеза е дека возачот погрешно свртел, но има и сомнежи за состојбата на надвозникот, особено заштитните шини, наведува Анса.

The post За несреќата во Венеција тројца осомничени за повеќекратно убиство, убиство на пат appeared first on Република.

]]>
Најмалку 21 загинат откако автобус излета од надвозник кај Венеција https://republika.mk/vesti/svet/najmalku-21-zaginat-otkako-avtobus-izleta-od-nadvoznik-kaj-venetsija/ Wed, 04 Oct 2023 06:04:41 +0000 https://republika.mk/?p=687658

Украинци, Германци и Французи се меѓу жртвите на автобусот што синоќа излета од надвозник во северна Италија и се запали, соопштија локалните власти.

Најмалку 21 лице загина во трагедијата на автобусот, кој од висина од десет метри падна врз електрични жици во близина на железничката станица во градот Местре, во близина на Венеција.

Според локалните медиуми, автобусот ги носел туристите на кампување во квартот Местре - Маргера. Меѓу повредените, покрај тројца Украинци, Германец и Французин, има и еден Хрват.

Идентификацијата на загинатите се уште е во тек.

„Ние сме во контакт со италијанските власти за да ги идентификуваме можните француски државјани меѓу жртвите“, рече француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона.

The post Најмалку 21 загинат откако автобус излета од надвозник кај Венеција appeared first on Република.

]]>

Украинци, Германци и Французи се меѓу жртвите на автобусот што синоќа излета од надвозник во северна Италија и се запали, соопштија локалните власти. Најмалку 21 лице загина во трагедијата на автобусот, кој од висина од десет метри падна врз електрични жици во близина на железничката станица во градот Местре, во близина на Венеција. Според локалните медиуми, автобусот ги носел туристите на кампување во квартот Местре - Маргера. Меѓу повредените, покрај тројца Украинци, Германец и Французин, има и еден Хрват. Идентификацијата на загинатите се уште е во тек. „Ние сме во контакт со италијанските власти за да ги идентификуваме можните француски државјани меѓу жртвите“, рече француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона.

The post Најмалку 21 загинат откако автобус излета од надвозник кај Венеција appeared first on Република.

]]>
Комедијата „Poor Things“ освои „Златен лав“ на Филмскиот фестивал во Венеција https://republika.mk/scena/film/komedijata-poor-things-osvoi-zlaten-lav-na-filmskiot-festival-vo-venetsija/ Sun, 10 Sep 2023 09:53:30 +0000 https://republika.mk/?p=680507

Комедијата „Poor Things“ на грчкиот режисер Јоргос Лентимос, освои „Златен лав“ на годинашниот Венецијански филмски фестивал, кој заврши синоќа.

Покрај Ема Стоун, која ја толкува главната улога, во филмот играат и актерите Вилем Дафо и Марк Рафало.

Наградите за најдобра глума им припаднаа на Кејли Спини, за улогата на Присила Присли во филмот „Priscilla“, и на Питер Сарсгард, за неговата улога во семејната драма „Memory“.

Наградата „Сребрен лав“ ја доби драмата „Evil Does Not Exist“ во режија на Јапонецот Рјусуке Хамагучи.

The post Комедијата „Poor Things“ освои „Златен лав“ на Филмскиот фестивал во Венеција appeared first on Република.

]]>

Комедијата „Poor Things“ на грчкиот режисер Јоргос Лентимос, освои „Златен лав“ на годинашниот Венецијански филмски фестивал, кој заврши синоќа. Покрај Ема Стоун, која ја толкува главната улога, во филмот играат и актерите Вилем Дафо и Марк Рафало. Наградите за најдобра глума им припаднаа на Кејли Спини, за улогата на Присила Присли во филмот „Priscilla“, и на Питер Сарсгард, за неговата улога во семејната драма „Memory“. Наградата „Сребрен лав“ ја доби драмата „Evil Does Not Exist“ во режија на Јапонецот Рјусуке Хамагучи.

The post Комедијата „Poor Things“ освои „Златен лав“ на Филмскиот фестивал во Венеција appeared first on Република.

]]>
Одлични критики и стоечки овации за „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски во Венеција https://republika.mk/scena/film/odlichni-kritiki-i-stoechki-ovatsii-za-domakinstvo-za-pochetnitsi-na-goran-stolevski-vo-venetsija/ Fri, 08 Sep 2023 19:44:31 +0000 https://republika.mk/?p=680077

„Нов триумф на Горан Столевски со приказната за маргинализирани луѓе” - вака реномираното британско филмско списание Screen Daily ја започнува својата критика за најновото остварување на режисерот Столевски, а додека Deadline вели дека е режисер со впечатлива оригиналност, вештина и стил и е име коа треба да се запомни.

Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција - Скопје вчера ја имаше светската премиера на филмскиот фестивал во Венеција, во рамките на натпреварувачката програма „Orizzonti“. Публиката на популарната „Мостра“ во Венеција уште еднаш ќе може да го погледне филмот денеска со почеток во 15.30 часот.

Во преполната сала „Дарсена“ во Венеција, „Домаќинство за почетници“ ја воодушеви публиката, која со голем аплауз и долги стоечки овации ги награди режисерот Горан Столевски и актерската екипа во филмот.

Уште една потврда за квалитетот на филмот и неговиот одличен прием во Венеција се бројните критики објавени веднаш по вчерашната светска премиера.

Screen Daily во својата рецензија наведува дека: „Најновото дело на Горан Столевски е извонредно филмско остварување - нескротлива, дива детална драма која е набиена со таква енергија, што практично добивате статичен шок на екранот. Карактеристичниот глас на режисерот Столевски полн со самодоверба е препознатлив уште од самиот почеток. Тој исклучително самоуверено ја држи атмосферата помеѓу напнато расположение и страв од загубата и неговата нарација е свежа, автентична и навистина возбудлива“, се дел од пофалбите во критиката на Screen Daily.

Deadline, кој го карактеризира Горан Столевски како режисер со впечатлива оригиналност, вештина и стил истакнува дека се работи за име кое треба да се запомни:

„Сè што прави Столевски е насочено кон тоа да пренесе какво е секојдневието на луѓето заглавени во сопствените конфликти, во простор кој секогаш изгледа премал. Тој намерно ги притиска страните на секој кадар и делува како да нема доволно простор за протагонистите на снимката. Внатрешните простори никогаш не се дефинирани - камерата речиси секогаш се префрла меѓу лицата на луѓето, доловувајќи ги нивните изрази додека се надвикуваат еден со друг. Се работи за анасмбл од луѓе кој е толку природен во своето заедништо, што се чини дека ја живеат вистинската приказна“, нагласува Deadline во својата рецензија.

Cineuropa во својата критика наведува дека Столевски го испорачува еден од најдобрите филмови во Венеција оваа година. „Столевски во филмот се занимава со многу мали и големи трагедии и вистинско чудо е како успева сето тоа да изгледа дури и смешно. Режисерот има смисол за хумор, но е нежен, емпатичен и искрен и многу добрo ги кореографира неуредните групни сцени, правејќи ги лесни за следење. Сите ликови се грижат еден за друг, и бидејќи не се работи за американски филм – не мораат да кажат ‘те сакам’, секогаш кога ќе ја напуштат просторијата“, стои во рецензијата на Cineuropa.

„Домаќинство за почетници“ e во продукција на Лист Продукција – Скопје, и е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, а ќе биде дистрибуриран на територијата на САД, преку компанијата Focus Features. Universal Pictures ќе биде интернационален дистрибутер на филмот за останатите територии, додека продажните агенти на филмот New Europe Film Sales од Полска ќе го застапуваат филмот на територија на југоисточна Европа.

Филмот на Горан Столевски оваа година ќе го отвори 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ во Битола, кое се одржува од 23 до 29 септември.

The post Одлични критики и стоечки овации за „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски во Венеција appeared first on Република.

]]>

„Нов триумф на Горан Столевски со приказната за маргинализирани луѓе” - вака реномираното британско филмско списание Screen Daily ја започнува својата критика за најновото остварување на режисерот Столевски, а додека Deadline вели дека е режисер со впечатлива оригиналност, вештина и стил и е име коа треба да се запомни. Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, а во продукција на Лист Продукција - Скопје вчера ја имаше светската премиера на филмскиот фестивал во Венеција, во рамките на натпреварувачката програма „Orizzonti“. Публиката на популарната „Мостра“ во Венеција уште еднаш ќе може да го погледне филмот денеска со почеток во 15.30 часот. Во преполната сала „Дарсена“ во Венеција, „Домаќинство за почетници“ ја воодушеви публиката, која со голем аплауз и долги стоечки овации ги награди режисерот Горан Столевски и актерската екипа во филмот. Уште една потврда за квалитетот на филмот и неговиот одличен прием во Венеција се бројните критики објавени веднаш по вчерашната светска премиера. Screen Daily во својата рецензија наведува дека: „Најновото дело на Горан Столевски е извонредно филмско остварување - нескротлива, дива детална драма која е набиена со таква енергија, што практично добивате статичен шок на екранот. Карактеристичниот глас на режисерот Столевски полн со самодоверба е препознатлив уште од самиот почеток. Тој исклучително самоуверено ја држи атмосферата помеѓу напнато расположение и страв од загубата и неговата нарација е свежа, автентична и навистина возбудлива“, се дел од пофалбите во критиката на Screen Daily. Deadline, кој го карактеризира Горан Столевски како режисер со впечатлива оригиналност, вештина и стил истакнува дека се работи за име кое треба да се запомни: „Сè што прави Столевски е насочено кон тоа да пренесе какво е секојдневието на луѓето заглавени во сопствените конфликти, во простор кој секогаш изгледа премал. Тој намерно ги притиска страните на секој кадар и делува како да нема доволно простор за протагонистите на снимката. Внатрешните простори никогаш не се дефинирани - камерата речиси секогаш се префрла меѓу лицата на луѓето, доловувајќи ги нивните изрази додека се надвикуваат еден со друг. Се работи за анасмбл од луѓе кој е толку природен во своето заедништо, што се чини дека ја живеат вистинската приказна“, нагласува Deadline во својата рецензија. Cineuropa во својата критика наведува дека Столевски го испорачува еден од најдобрите филмови во Венеција оваа година. „Столевски во филмот се занимава со многу мали и големи трагедии и вистинско чудо е како успева сето тоа да изгледа дури и смешно. Режисерот има смисол за хумор, но е нежен, емпатичен и искрен и многу добрo ги кореографира неуредните групни сцени, правејќи ги лесни за следење. Сите ликови се грижат еден за друг, и бидејќи не се работи за американски филм – не мораат да кажат ‘те сакам’, секогаш кога ќе ја напуштат просторијата“, стои во рецензијата на Cineuropa. „Домаќинство за почетници“ e во продукција на Лист Продукција – Скопје, и е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија, а ќе биде дистрибуриран на територијата на САД, преку компанијата Focus Features. Universal Pictures ќе биде интернационален дистрибутер на филмот за останатите територии, додека продажните агенти на филмот New Europe Film Sales од Полска ќе го застапуваат филмот на територија на југоисточна Европа. Филмот на Горан Столевски оваа година ќе го отвори 44. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ во Битола, кое се одржува од 23 до 29 септември.

The post Одлични критики и стоечки овации за „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски во Венеција appeared first on Република.

]]>