Велковски Archives - Република https://republika.mk/tema/velkovski/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Mar 2024 11:07:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Велковски Archives - Република https://republika.mk/tema/velkovski/ 32 32 Велковски: 81 дете чека за упис во градинка во Неготино поради недостаток на кадар https://republika.mk/vesti/makedonija/velkovski-81-dete-cheka-za-upis-vo-gradinka-vo-negotino-poradi-nedostatok-na-kadar/ Thu, 14 Mar 2024 11:07:16 +0000 https://republika.mk/?p=754696

Поради недостаток на лиценциран кадар во градинките, голем дел од клоновите се нефункционални, а бројот на деца на листите за чекање се зголемува. Во клонот „Темјанушка“ во Општина Неготино, 81 деца чекаат на листата за чекање, вели техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски при денешната теренска посета на детската градинка „Фемо Кулаков- Неготино“.

„Во овој објект којшто 2021 година е отворен, имаме проблем со недостатокот на кадар односно дел од групите не се отворени. Потребен е кадар од 25 лица кои што заради неможноста да полагаат за лиценци бидејќи министерството за труд и социјална политика во изминатиот период не давало дозвола, за жал седат празни дел од просториите коишто треба да бидат наменети токму за дечињата коишто се на листата за чекање во Општина Неготино. Вкупниот број на дечиња кои што во овој момент чекаат на листите се 81“, истакнува министерот Велковски.

Велковски овој пат од Неготино, повторно укажа на сериозноста на проблемот со кој се соочуваат детските градинки не само во оваа општина, туку низ целата држава.

„Со давање на ваквите согласности за стручниот кадар ќе имаме можност токму да се отворат овие останати просторни услови и бројот на овие дечиња од листите на чекање буквално да биде на нула, дополнува тој.

Директорката на градинката, Нада Најдова на средбата со министерот истакна дека таа има поднесено барање за полагање за лиценца уште во 2021 година, за што не била повикана, иако во текот на 2023 година полагале лица коишто аплицирале истата година.

The post Велковски: 81 дете чека за упис во градинка во Неготино поради недостаток на кадар appeared first on Република.

]]>

Поради недостаток на лиценциран кадар во градинките, голем дел од клоновите се нефункционални, а бројот на деца на листите за чекање се зголемува. Во клонот „Темјанушка“ во Општина Неготино, 81 деца чекаат на листата за чекање, вели техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски при денешната теренска посета на детската градинка „Фемо Кулаков- Неготино“.
„Во овој објект којшто 2021 година е отворен, имаме проблем со недостатокот на кадар односно дел од групите не се отворени. Потребен е кадар од 25 лица кои што заради неможноста да полагаат за лиценци бидејќи министерството за труд и социјална политика во изминатиот период не давало дозвола, за жал седат празни дел од просториите коишто треба да бидат наменети токму за дечињата коишто се на листата за чекање во Општина Неготино. Вкупниот број на дечиња кои што во овој момент чекаат на листите се 81“, истакнува министерот Велковски.
Велковски овој пат од Неготино, повторно укажа на сериозноста на проблемот со кој се соочуваат детските градинки не само во оваа општина, туку низ целата држава. „Со давање на ваквите согласности за стручниот кадар ќе имаме можност токму да се отворат овие останати просторни услови и бројот на овие дечиња од листите на чекање буквално да биде на нула, дополнува тој. Директорката на градинката, Нада Најдова на средбата со министерот истакна дека таа има поднесено барање за полагање за лиценца уште во 2021 година, за што не била повикана, иако во текот на 2023 година полагале лица коишто аплицирале истата година.

The post Велковски: 81 дете чека за упис во градинка во Неготино поради недостаток на кадар appeared first on Република.

]]>
Велковски: Центрите за социјална работа соочени со заминување на стручниот кадар https://republika.mk/vesti/makedonija/velkovski-tsentrite-za-sotsijalna-rabota-soocheni-so-zaminuvane-na-struchniot-kadar/ Wed, 21 Feb 2024 13:04:44 +0000 https://republika.mk/?p=746583

Министерот за труд и социјана политика Ѓоко Велковски денeска оствари работна средба со раководствата на сите Центри за социјална работа во Македонија, а се со цел да се исклучат сите можности за злоупотреба на системот во изборниот процес.

Овие центри се првата карика во системот на социјална и детска заштита и доколку тиe не функционираат, системот се распаѓа. На средбата со директорите беа изнесени проблемите со заминување на кадар односно стручните работници кои треба да помагаат на граѓаните во социјален ризик давале откази од Центрите за социјална работа заради лошите услови за работа и лошите реформи кои се случија изминатите 6 години.
Вработените велат дека неиздржливо е да се работи во распаднат систем.

Во наредниот период треба да ги извршувате вашите работни задачи на најпрофесионално ниво и да не потпаѓате под притисоци! Ветив дека системот на социјална заштита ќе претрпи целосен ремонт за да граѓаните и вработените како нивен сервис го добијат вистинското место во ова општество, наведе Велковски.

Во држава има 30 Центри за социјална работа, односно во секое поголемо населено место.

The post Велковски: Центрите за социјална работа соочени со заминување на стручниот кадар appeared first on Република.

]]>

Министерот за труд и социјана политика Ѓоко Велковски денeска оствари работна средба со раководствата на сите Центри за социјална работа во Македонија, а се со цел да се исклучат сите можности за злоупотреба на системот во изборниот процес. Овие центри се првата карика во системот на социјална и детска заштита и доколку тиe не функционираат, системот се распаѓа. На средбата со директорите беа изнесени проблемите со заминување на кадар односно стручните работници кои треба да помагаат на граѓаните во социјален ризик давале откази од Центрите за социјална работа заради лошите услови за работа и лошите реформи кои се случија изминатите 6 години. Вработените велат дека неиздржливо е да се работи во распаднат систем. Во наредниот период треба да ги извршувате вашите работни задачи на најпрофесионално ниво и да не потпаѓате под притисоци! Ветив дека системот на социјална заштита ќе претрпи целосен ремонт за да граѓаните и вработените како нивен сервис го добијат вистинското место во ова општество, наведе Велковски. Во држава има 30 Центри за социјална работа, односно во секое поголемо населено место.

The post Велковски: Центрите за социјална работа соочени со заминување на стручниот кадар appeared first on Република.

]]>
МЗШВ: За 3.200 вработени во УКИМ се изнајде решение за зголемување на нивните плати https://republika.mk/vesti/makedonija/mzshv-za-3-200-vraboteni-vo-ukim-se-iznajde-reshenie-za-zgolemuvane-na-nivnite-plati/ Tue, 13 Feb 2024 10:14:51 +0000 https://republika.mk/?p=743559

Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски оствари средба со ректорот на УКИМ,  Биљана Ангелова и нејзиниот тим, заедно со претставници на синдикатот, при што се изнајде решение за признавање на поединечниот колективен договор на УКИМ, а со тоа и зголемување на нивните плати.

Ги повикувам ресорните министерства, Министерството за образование и наука и Министерството за финансии да изнајдат брзо решение за признавање на колективниот договор и зголемување на платите на вработените во Универзитетот”, рече Велковски.

Во врска со надлежноста на Министерството за труд и социјална политика, ја информираме јавноста дека се работи за поединечен колективен договор, за кој што потписниците, согласно член 231 став 3 од Законот за работни односи имаат обврска да го известат министерството за неговото потпишување, што во конкретниот случај е и направено. Бидејќи потписниците на колективниот договор склучен помеѓу Собранието на РСМ и УКИМ постапиле согласно предвиденото во Законот, по однос на ваквиот вид на договор, МТСП смета дека нема правна пречка во однос примената и понатамошно постапување по истиот.

The post МЗШВ: За 3.200 вработени во УКИМ се изнајде решение за зголемување на нивните плати appeared first on Република.

Само 8 негувателки на 150 сместени во Домот за стари лица во Куманово https://republika.mk/vesti/makedonija/samo-8-neguvatelki-na-150-smesteni-vo-domot-za-stari-litsa-vo-kumanovo/ Mon, 12 Feb 2024 14:46:35 +0000 https://republika.mk/?p=743314

Само 8 негувателки водат грижа за вкупно 150 сместени лица во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово. Поради партиски препукувања на власта, тие биле оставени на милост и немилост, со недоволен кадар кој би се грижел за нив, бидејќи тие тоа го заслужуваат. Денеска првпат во изминативе 5 години министер влегува во Домот да ги посети.

Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денес беше во посета на Старскиот дом, каде се сретна со старите лица сместени во оваа институција и разговараше со нив. Лично се заложи дека на врвот на неговата агенда биле и ќе останат старите лица и дека социјалната политика во иднина ќе биде насочена кон достоинствено и активно стареење.

-Евидентна е долгогодишната негрижа за возрасните лица. Тие не смеат да бидат заборавени од страна на државата. Мора вложувања во институционалните капацитети, вонинституционалните форми на заштита, алтернативни форми на згрижување на оваа категорија на население.

Според директорот Дејан Стојановски, во изминатиот период, Старскиот дом бил мета на партиски препукувања од страна на актуелната власт.

-Не оставија со 8 негуватели на 150 сместени лица, бројка што не го задоволува пропишаниот норматив според пропишаните стандарди. Многу преписки со министерството, но залудно. Ова е првпат во овие 5 години министер да влезе во домот, изјави директорот Стојановски.

За Велковски ова е скандалозно и недопусливо е политиката да влијае на назадување на условите во старските домови.

-Старите лица го граделе ова општество во кое ние живееме и дека политичарите треба да ги тргнат рацете од институциите во кои се згрижуваат ранливи категории, дециден беше министерот.

Во моментот повозрасните опфаќаат над 12 % од населението, а според проценките на ОН овој процент ќе достигне до 18,8% до 2030 година.

The post Само 8 негувателки на 150 сместени во Домот за стари лица во Куманово appeared first on Република.

]]>

Само 8 негувателки водат грижа за вкупно 150 сместени лица во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово. Поради партиски препукувања на власта, тие биле оставени на милост и немилост, со недоволен кадар кој би се грижел за нив, бидејќи тие тоа го заслужуваат. Денеска првпат во изминативе 5 години министер влегува во Домот да ги посети. Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денес беше во посета на Старскиот дом, каде се сретна со старите лица сместени во оваа институција и разговараше со нив. Лично се заложи дека на врвот на неговата агенда биле и ќе останат старите лица и дека социјалната политика во иднина ќе биде насочена кон достоинствено и активно стареење. -Евидентна е долгогодишната негрижа за возрасните лица. Тие не смеат да бидат заборавени од страна на државата. Мора вложувања во институционалните капацитети, вонинституционалните форми на заштита, алтернативни форми на згрижување на оваа категорија на население. Според директорот Дејан Стојановски, во изминатиот период, Старскиот дом бил мета на партиски препукувања од страна на актуелната власт. -Не оставија со 8 негуватели на 150 сместени лица, бројка што не го задоволува пропишаниот норматив според пропишаните стандарди. Многу преписки со министерството, но залудно. Ова е првпат во овие 5 години министер да влезе во домот, изјави директорот Стојановски. За Велковски ова е скандалозно и недопусливо е политиката да влијае на назадување на условите во старските домови. -Старите лица го граделе ова општество во кое ние живееме и дека политичарите треба да ги тргнат рацете од институциите во кои се згрижуваат ранливи категории, дециден беше министерот. Во моментот повозрасните опфаќаат над 12 % од населението, а според проценките на ОН овој процент ќе достигне до 18,8% до 2030 година.

The post Само 8 негувателки на 150 сместени во Домот за стари лица во Куманово appeared first on Република.

]]>
Генералниот секретар на градот, Велковски си заминува од позицијата: Разочаран сум од слабиот потенцијал од Арсовска која има поинакви приоритети од ветените на граѓаните https://republika.mk/vesti/skopje/generalniot-sekretar-na-gradot-velkovski-si-zaminuva-od-pozicijata-razocharan-sum-od-slabiot-potencijal-od-arsovska-koja-ima-poinakvi-prioriteti-od-vetenite-na-gragjanite/ Mon, 12 Sep 2022 08:12:51 +0000 https://republika.mk/?p=549907

Како човек кој секогаш одговорно и професионално си ги извршувал своите работни задачи морам да потенцирам дека за мене беше вистински предизвик да бидам на позицијата генерален секретар на Градот Скопје, особено што тоа е место каде човек може вистински да се вгради во развојот на Скопје и да работи на вистинско решавање на бројните проблеми на скопјани, пишува Велковски на својот фејсбук профил.

На ова место дојдов со ентузијазам и план да воспоставиме вистинска работна пракса и да ги покренеме процесите кои повеќе години претходно беа заглавени и далеку од потребното ниво. Со оглед на тоа што на оваа позиција дојдов откако претходно бев избран за советник во општината Чаир, кое е местото каде што живеам и каде што исто така имам обврска да придонесувам барав Државната комисија за спречување на корупцијата да се изјасни за таквата ситуација. Тие овие денови ме известија дека ќе морам да се определам за една од тие две позиции, при што јас донесов одлука да си заминам од позицијата генерален секретар на градот Скопје и да се посветам на советничката функција каде сум избран од граѓаните на Чаир. Оваа моја одлука ја донесов и поради фактот што сум разочаран од слабиот потенцијал за работа и несоработката од градоначалничката Арсовска во реализацијата на капиталните проекти за градот Скопје. Ветувањето кон скопјани беше модерна метропола, а резултатите да бидат брзи и сигурни. По течиси една година во Градот можам да кажам дека таму има поединци и професионалци вработени во градот кои со децении придонесуваат за развој на градот и им благодарам за соработката, пожртвуваноста и нивниот придонес. Но воедно залуден е мојот и нивниот ентузијазам кога Арсовска покажува затвореност, поинакви приоритети од ветените, слаба динамика во темпото на реализација додека проблемите се наталожуваат. Во таква една ситуација развојот на градот Скопје не е можен, иако граѓаните со право очекуваа по нејзиното стапување на функција многу повеќе.
Сакам да посочам дека јас ќе продолжам да придонесувам за Скопје од позицијата советник во Општина Чаир, останувам и посветен на мојата ВМРО ДПМНЕ и членовите на Општинскиот Комитет Чаир кој го предводам, благодарам за укажаната доверба и поддршката од сите мои пријатели и соработници, на поддршката од мојата партија и претседателот Мицкоски со кој продолжуваме да го остварувамe она што неминовно ќе мора да се случи за да Македонија се крене, промени за сигурна иднина!

The post Генералниот секретар на градот, Велковски си заминува од позицијата: Разочаран сум од слабиот потенцијал од Арсовска која има поинакви приоритети од ветените на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Како човек кој секогаш одговорно и професионално си ги извршувал своите работни задачи морам да потенцирам дека за мене беше вистински предизвик да бидам на позицијата генерален секретар на Градот Скопје, особено што тоа е место каде човек може вистински да се вгради во развојот на Скопје и да работи на вистинско решавање на бројните проблеми на скопјани, пишува Велковски на својот фејсбук профил.  
На ова место дојдов со ентузијазам и план да воспоставиме вистинска работна пракса и да ги покренеме процесите кои повеќе години претходно беа заглавени и далеку од потребното ниво. Со оглед на тоа што на оваа позиција дојдов откако претходно бев избран за советник во општината Чаир, кое е местото каде што живеам и каде што исто така имам обврска да придонесувам барав Државната комисија за спречување на корупцијата да се изјасни за таквата ситуација. Тие овие денови ме известија дека ќе морам да се определам за една од тие две позиции, при што јас донесов одлука да си заминам од позицијата генерален секретар на градот Скопје и да се посветам на советничката функција каде сум избран од граѓаните на Чаир. Оваа моја одлука ја донесов и поради фактот што сум разочаран од слабиот потенцијал за работа и несоработката од градоначалничката Арсовска во реализацијата на капиталните проекти за градот Скопје. Ветувањето кон скопјани беше модерна метропола, а резултатите да бидат брзи и сигурни. По течиси една година во Градот можам да кажам дека таму има поединци и професионалци вработени во градот кои со децении придонесуваат за развој на градот и им благодарам за соработката, пожртвуваноста и нивниот придонес. Но воедно залуден е мојот и нивниот ентузијазам кога Арсовска покажува затвореност, поинакви приоритети од ветените, слаба динамика во темпото на реализација додека проблемите се наталожуваат. Во таква една ситуација развојот на градот Скопје не е можен, иако граѓаните со право очекуваа по нејзиното стапување на функција многу повеќе. Сакам да посочам дека јас ќе продолжам да придонесувам за Скопје од позицијата советник во Општина Чаир, останувам и посветен на мојата ВМРО ДПМНЕ и членовите на Општинскиот Комитет Чаир кој го предводам, благодарам за укажаната доверба и поддршката од сите мои пријатели и соработници, на поддршката од мојата партија и претседателот Мицкоски со кој продолжуваме да го остварувамe она што неминовно ќе мора да се случи за да Македонија се крене, промени за сигурна иднина!