велешко Archives - Република https://republika.mk/tema/veleshko/ За подобро да се разбереме Mon, 23 May 2022 23:15:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png велешко Archives - Република https://republika.mk/tema/veleshko/ 32 32 Месноста Црн Камен посетете ја по Велигден до Спасовден: Надеж за пород, здравје, кренал на нозе многу деца https://republika.mk/zivot/patuvanja/mesnosta-crn-kamen-posetete-ja-po-veligden-do-spasovden-nadez-za-porod-zdravje-krenal-na-noze-mnogu-deca/ Tue, 24 May 2022 14:49:32 +0000 https://republika.mk/?p=506257

Во близина на Велес, над утоката на реката Тополка во Вардар се наоѓа манастирот „Св. Димитрија“.Во непосредна близина е и местото викано Црн Камен –  Се наоѓа на дваесетина метри од црквата и низ него има дупка, премин низ кој луѓето минуваат.

Некаде околу 469 години манастирот останал затрупан и велешани го заборавиле но во 1855 година на многу чуден начин бил откопан. Според легендата на стотина метри од манастирот на десниот брег на реката Вардар имало воденица која била во сопственост на турското семејство Кади Молови каде што работел велешанецот Петре Здравев. Него на сон често му се јавувал Св. Димитрија и му велел да оди кај градските власти и да им каже дека се јавува светецот и бара да се откопа затрупаниот манастир. На иницијатива на Здравев чиј гроб денес се наоѓа на влезот во манастирот тој бил откопан и вратен во живот.

Водопадот кој е висок педесетина метри, според верувањата има исцелителна моќ.   Според народните верувања тука се доаѓа за здравје и ксмет. Кога се иде првиот пат се мине три пати под водата потоа се зема камен кој се чува до наредната година, кога повторно се мине три пати под водопадот

Застани под карпата кај што тече водата. Ако те намокри, чист си пред бога, а ако те заобиколи и ниту една капака не капне врз тебе, носиш некој грев на душата – ова е моќта на светата вода на Црн Камен, велат оние кои го познаваат местото.

Се поминува за здравје, најмногу за здравје на болни дечиња, како и за пород. Треба да се мине трипати

Месноста Црн камен се посетува првиот петок после Велигден и во наредните 40 дена се до Спасовден.

The post Месноста Црн Камен посетете ја по Велигден до Спасовден: Надеж за пород, здравје, кренал на нозе многу деца appeared first on Република.

]]>

Во близина на Велес, над утоката на реката Тополка во Вардар се наоѓа манастирот „Св. Димитрија“.Во непосредна близина е и местото викано Црн Камен –  Се наоѓа на дваесетина метри од црквата и низ него има дупка, премин низ кој луѓето минуваат. Некаде околу 469 години манастирот останал затрупан и велешани го заборавиле но во 1855 година на многу чуден начин бил откопан. Според легендата на стотина метри од манастирот на десниот брег на реката Вардар имало воденица која била во сопственост на турското семејство Кади Молови каде што работел велешанецот Петре Здравев. Него на сон често му се јавувал Св. Димитрија и му велел да оди кај градските власти и да им каже дека се јавува светецот и бара да се откопа затрупаниот манастир. На иницијатива на Здравев чиј гроб денес се наоѓа на влезот во манастирот тој бил откопан и вратен во живот. Водопадот кој е висок педесетина метри, според верувањата има исцелителна моќ.   Според народните верувања тука се доаѓа за здравје и ксмет. Кога се иде првиот пат се мине три пати под водата потоа се зема камен кој се чува до наредната година, кога повторно се мине три пати под водопадот Застани под карпата кај што тече водата. Ако те намокри, чист си пред бога, а ако те заобиколи и ниту една капака не капне врз тебе, носиш некој грев на душата – ова е моќта на светата вода на Црн Камен, велат оние кои го познаваат местото. Се поминува за здравје, најмногу за здравје на болни дечиња, како и за пород. Треба да се мине трипати Месноста Црн камен се посетува првиот петок после Велигден и во наредните 40 дена се до Спасовден.

The post Месноста Црн Камен посетете ја по Велигден до Спасовден: Надеж за пород, здравје, кренал на нозе многу деца appeared first on Република.

]]>
177 хектари државно земјиште ќе го обработуваат 82 земјоделци од Велешко https://republika.mk/vesti/ekonomija/177-hektari-drzavno-zemjishte-kje-go-obrabotuvaat-82-zemjodelci-od-veleshko/ Fri, 04 Feb 2022 12:21:28 +0000 https://republika.mk/?p=454165

Денеска, во Велес министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, ги додели договорите за давање на државно земјоделско земјиште под закуп до 3 хектари од последните два јавни повици. Со овие два јавни повици во Велес се склучија 82 договори за површина од 177 хектари.

За последните два јавни повици за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп до 3 хектари, министерот Николовски потпиша  903 договори, со кои во 21 регион во закуп се дадоа 1.807 хектари земјоделска површина.

Министерот Николовски посочи дека политиката за ставање во функција на целокупното земјиште продолжува и во следниот период преку транспарентно и отчетно објавување на огласи за давање во закуп на државно земјоделско земјиште.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, работи на анализи за да се отворат сите можности за распределба на државното земјоделско земјиште, врз основа на што ќе се подготвуваат нови јавни повици. Правичната и неселективна распределба на државното земјоделско земјиште кај вистинските земјоделци, значи зголемени обработливи површини и зголемено производство на квалитетни, конкурентни и безбедни земјоделски производи, порача министерот Николовски.

The post 177 хектари државно земјиште ќе го обработуваат 82 земјоделци од Велешко appeared first on Република.