Денеска, во Велес министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, ги додели договорите за давање на државно земјоделско земјиште под закуп до 3 хектари од последните два јавни повици. Со овие два јавни повици во Велес се склучија 82 договори за површина од 177 хектари.

За последните два јавни повици за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп до 3 хектари, министерот Николовски потпиша  903 договори, со кои во 21 регион во закуп се дадоа 1.807 хектари земјоделска површина.

Министерот Николовски посочи дека политиката за ставање во функција на целокупното земјиште продолжува и во следниот период преку транспарентно и отчетно објавување на огласи за давање во закуп на државно земјоделско земјиште.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, работи на анализи за да се отворат сите можности за распределба на државното земјоделско земјиште, врз основа на што ќе се подготвуваат нови јавни повици. Правичната и неселективна распределба на државното земјоделско земјиште кај вистинските земјоделци, значи зголемени обработливи површини и зголемено производство на квалитетни, конкурентни и безбедни земјоделски производи, порача министерот Николовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.