Васил Гарванлиев Archives - Република https://republika.mk/tema/vasil-garvanliev/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Sep 2023 07:45:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Васил Гарванлиев Archives - Република https://republika.mk/tema/vasil-garvanliev/ 32 32 Мост на три музички жанрови создаде Васил Гарванлиев на концертот „Васил“ во Куршумли Ан https://republika.mk/scena/muzika/most-na-tri-muzichki-zhanrovi-sozdade-vasil-garvanliev-na-kontsertot-vasil-vo-kurshumli-an/ Wed, 13 Sep 2023 07:45:58 +0000 https://republika.mk/?p=681441

Мост на три музички жанрови создаде македонскиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев на концертот „Васил“ кој вечерва се одржува во Куршумли Ан.

Тој заедно со реномирани македонски музичари и уметници, меѓу кои и женскиот хор Св. Злата Мегленска и сценскиот перформанс од кореографката Сања Шутевска, ќе одржи уште еден концерт на 14-ти септември (четврток) во НУЦК Антон Панов - Струмица со почеток од 20:00 часот, на кој исто така ќе настапи со македонски песни-авторски нови композиции, балкански хитови и класични композиции.

Гарванлиев пред неколку недели допатува од Чикаго, во својата Струмица, а во Охрид имаше впечатлив настап каде ја испеа „Јовано“, преработката на македонската народна песна „Јовано, Јованке“, на фестивалот „Охридски трубадури“. Покрај оваа песна тој ја преработи и „Параходот“ која е е половината на македонски, половина на англиски јазик.

Она со што тој е зафатен во моментов во Чикаго е „кросовер“ албумот, кој тој го нарекува три во едно: Балканска музика, класична музика и поп-музика.

- Тој спој, тој мост во таа музика ги допира и Американците. Тоа ми е најважно. Албумот го завршив, и најголема желба ми беше да ја почнам турнејата од Македонија. Мојата цел е тоа јадро на македонски музичари да дојдат со мене и светот да ги прифати“, вели поп и оперскиот пејач кој кариерата ја започна со детскиот хит „Марионка“.

Засега, Гарванлиев нема планови да се врати и да живее во Македонија, но вели дека би сакал. Како што појаснува , во Америка живее само од музика, иако за него на почетокот било многу тешко.

- Но, затоа, албумот се заврши. Тоа е убавото во тешкото. Благодарен сум што има прекрасно работно лето. Настапив на стадионот на фудбалскиот клуб „Chikago Fire“, „Soldier Field“, а Карл Џи беше првата пејачка на латино музика која беше земена да биде хедлајнер на Лола Палуза, пеев со неа и имаше 250.000 луѓе. Спроти нас, на другата сцена беше Били Ајлиш. Тоа е неверојатно искуство. Имам неколку прекрасни шанси кои ми се „родија“, буквално кога статусот за работа ми се смени, и можев пак да настапувам. Така што коцките се местат. Да е лесно, не е лесно, но во Америка, тоа е лекција за сите нас, дека трудот и талентот се ценат и се наградуваат. Луѓето сакаат да успеат“, вели Гарванлиев.

The post Мост на три музички жанрови создаде Васил Гарванлиев на концертот „Васил“ во Куршумли Ан appeared first on Република.

]]>

Мост на три музички жанрови создаде македонскиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев на концертот „Васил“ кој вечерва се одржува во Куршумли Ан. Тој заедно со реномирани македонски музичари и уметници, меѓу кои и женскиот хор Св. Злата Мегленска и сценскиот перформанс од кореографката Сања Шутевска, ќе одржи уште еден концерт на 14-ти септември (четврток) во НУЦК Антон Панов - Струмица со почеток од 20:00 часот, на кој исто така ќе настапи со македонски песни-авторски нови композиции, балкански хитови и класични композиции. Гарванлиев пред неколку недели допатува од Чикаго, во својата Струмица, а во Охрид имаше впечатлив настап каде ја испеа „Јовано“, преработката на македонската народна песна „Јовано, Јованке“, на фестивалот „Охридски трубадури“. Покрај оваа песна тој ја преработи и „Параходот“ која е е половината на македонски, половина на англиски јазик. Она со што тој е зафатен во моментов во Чикаго е „кросовер“ албумот, кој тој го нарекува три во едно: Балканска музика, класична музика и поп-музика. - Тој спој, тој мост во таа музика ги допира и Американците. Тоа ми е најважно. Албумот го завршив, и најголема желба ми беше да ја почнам турнејата од Македонија. Мојата цел е тоа јадро на македонски музичари да дојдат со мене и светот да ги прифати“, вели поп и оперскиот пејач кој кариерата ја започна со детскиот хит „Марионка“. Засега, Гарванлиев нема планови да се врати и да живее во Македонија, но вели дека би сакал. Како што појаснува , во Америка живее само од музика, иако за него на почетокот било многу тешко. - Но, затоа, албумот се заврши. Тоа е убавото во тешкото. Благодарен сум што има прекрасно работно лето. Настапив на стадионот на фудбалскиот клуб „Chikago Fire“, „Soldier Field“, а Карл Џи беше првата пејачка на латино музика која беше земена да биде хедлајнер на Лола Палуза, пеев со неа и имаше 250.000 луѓе. Спроти нас, на другата сцена беше Били Ајлиш. Тоа е неверојатно искуство. Имам неколку прекрасни шанси кои ми се „родија“, буквално кога статусот за работа ми се смени, и можев пак да настапувам. Така што коцките се местат. Да е лесно, не е лесно, но во Америка, тоа е лекција за сите нас, дека трудот и талентот се ценат и се наградуваат. Луѓето сакаат да успеат“, вели Гарванлиев.  

The post Мост на три музички жанрови создаде Васил Гарванлиев на концертот „Васил“ во Куршумли Ан appeared first on Република.

]]>
Васил Гарванлиев ќе настапи на „Охрид фест“: Сцената на Долни Сарај ми предизвикува турбуленција 1000 пати поголема од онаа на „Евросонг“ https://republika.mk/scena/vasil-garvanliev-ke-nastapi-na-ohrid-fest-stsenata-na-dolni-saraj-mi-predizvikuva-turbulentsija-1000-pati-pogolema-od-onaa-na-evrosong/ Tue, 08 Aug 2023 07:59:16 +0000 https://republika.mk/?p=669884

Васил, за многумина беше вистинско изненадување веста за твоето учество на „Охрид фест“. После толку многу сцени, вклучувајќи ја и евровизиската, 2021 година во Холандија, годинава, на 2 септември настапува на Интернационалната вечер на „Охрид фест“.

Да, секој фестивал, натпревар има своја магија околу целата манифестација - енергија, музика, публика, место … листата продолжува. Честа да бидам дел од 30-тото изданије на „Охрид фест“ со толку важна и позната песна испеана во мој стил ми е доволен предизвик да застанам на таа сцена. Мене пред се, Охрид ми е многу драго место (дури би го ставил во Топ 5- Без змиите во вода:)), видеозаписите од „Ѓердан„ и „ПриКазна“ се најголема потврда за мојата љубов кон Охрид а воедно и негово претставување на мојата публика. Второ, маестро Копров, иако немаме заедничка песна беше еден од ретките во Македонија кој цело време ме поддржуваше, ми се јавуваше да ми честита за песна или проект и често знаеме да одиме на кафе кога сум во Скопје. Неколку пати разговаравме да бидам дел од „Охрид фест“, но самиот распоред до сега не го дозволи тоа. Трето, пред еден месец поминав една недела во Торонто и една во Чикаго со Давор Јордановски, каде што го привршувавме мојот прв “Cross-Over” албум чија промоција ќе биде во Скопје и Струмица во средината на септември, вели Гарванлиев.

На сцената на Долни Сарај, Гарванлиев ќе ја изведе песната „Јовано“. Вели дека Евровизиската не е најголемата сцена каде што настапувал до сега, но признава дека сцена како Долни Сарај на „Охрид фест“ му предизвикува трема и внатрешна турбуленција 1000 пати поголема од таа на Евросонг.

Живее во Чикаго  и најавува враќање на класичната сцена во 2024 како солист на Кармина Бурана.

Конечно ќе остварам уште еден сон - настапот ке биде во легендарната Kennedy Center во Вашингтон САД. Најголемиот сон кој го подготвувам скоро десеттина години ќе биде изведен премиерно во Струмица и Скопје во средина на септември- Албумот „ВАСИЛ” - мултимедијален спектакл, кој е мост на три музички жанрови во еден: Балкан, оригинал поп и класика на седум јазици со камерен оркестар, хор, танчери, светлосни/видео ефекти и наративи каде преку песна ќе ја раскажам мојата имигрантска приказна...

The post Васил Гарванлиев ќе настапи на „Охрид фест“: Сцената на Долни Сарај ми предизвикува турбуленција 1000 пати поголема од онаа на „Евросонг“ appeared first on Република.

]]>

Васил, за многумина беше вистинско изненадување веста за твоето учество на „Охрид фест“. После толку многу сцени, вклучувајќи ја и евровизиската, 2021 година во Холандија, годинава, на 2 септември настапува на Интернационалната вечер на „Охрид фест“.
Да, секој фестивал, натпревар има своја магија околу целата манифестација - енергија, музика, публика, место … листата продолжува. Честа да бидам дел од 30-тото изданије на „Охрид фест“ со толку важна и позната песна испеана во мој стил ми е доволен предизвик да застанам на таа сцена. Мене пред се, Охрид ми е многу драго место (дури би го ставил во Топ 5- Без змиите во вода:)), видеозаписите од „Ѓердан„ и „ПриКазна“ се најголема потврда за мојата љубов кон Охрид а воедно и негово претставување на мојата публика. Второ, маестро Копров, иако немаме заедничка песна беше еден од ретките во Македонија кој цело време ме поддржуваше, ми се јавуваше да ми честита за песна или проект и често знаеме да одиме на кафе кога сум во Скопје. Неколку пати разговаравме да бидам дел од „Охрид фест“, но самиот распоред до сега не го дозволи тоа. Трето, пред еден месец поминав една недела во Торонто и една во Чикаго со Давор Јордановски, каде што го привршувавме мојот прв “Cross-Over” албум чија промоција ќе биде во Скопје и Струмица во средината на септември, вели Гарванлиев.
На сцената на Долни Сарај, Гарванлиев ќе ја изведе песната „Јовано“. Вели дека Евровизиската не е најголемата сцена каде што настапувал до сега, но признава дека сцена како Долни Сарај на „Охрид фест“ му предизвикува трема и внатрешна турбуленција 1000 пати поголема од таа на Евросонг. Живее во Чикаго  и најавува враќање на класичната сцена во 2024 како солист на Кармина Бурана.
Конечно ќе остварам уште еден сон - настапот ке биде во легендарната Kennedy Center во Вашингтон САД. Најголемиот сон кој го подготвувам скоро десеттина години ќе биде изведен премиерно во Струмица и Скопје во средина на септември- Албумот „ВАСИЛ” - мултимедијален спектакл, кој е мост на три музички жанрови во еден: Балкан, оригинал поп и класика на седум јазици со камерен оркестар, хор, танчери, светлосни/видео ефекти и наративи каде преку песна ќе ја раскажам мојата имигрантска приказна...

The post Васил Гарванлиев ќе настапи на „Охрид фест“: Сцената на Долни Сарај ми предизвикува турбуленција 1000 пати поголема од онаа на „Евросонг“ appeared first on Република.

]]>
Васил Гарванлиев го прослави 38. роденден со саканиот и пријателите https://republika.mk/vesti/vasil-garvanliev-go-proslavi-38-rodenden-so-sakaniot-i-prijatelite/ Fri, 04 Nov 2022 20:58:59 +0000 https://republika.mk/?p=569747

Македонскиот пејач Васил Гарванлиев на втори ноември го прослави 38. роденден, а сега со своите следбеници сподели фотографии од интимната роденденска прослава.

Во друштво на неговиот партнер Џејсон Карафа и близок круг на пријатели пејачот ги дувна свеќичките од роденденската торта, славејќи под отворено небо во еден луксузен бар во Чикаго.

Каква година! Ви благодарам на сите за љубовта, поддршката, пораките и за тоа што сте тоа што сте. Минатата година беше една од најважните во мојот живот и ова „избрано семејство“ е почеток на убавите работи кои допрва доаѓаат.

Опкружете се со љубов, радост и суштества кои ја гледаат светлината. Ве сакам – напиша Васил во описот на роденденските фотографии.

The post Васил Гарванлиев го прослави 38. роденден со саканиот и пријателите appeared first on Република.

]]>

Македонскиот пејач Васил Гарванлиев на втори ноември го прослави 38. роденден, а сега со своите следбеници сподели фотографии од интимната роденденска прослава. Во друштво на неговиот партнер Џејсон Карафа и близок круг на пријатели пејачот ги дувна свеќичките од роденденската торта, славејќи под отворено небо во еден луксузен бар во Чикаго.
Каква година! Ви благодарам на сите за љубовта, поддршката, пораките и за тоа што сте тоа што сте. Минатата година беше една од најважните во мојот живот и ова „избрано семејство“ е почеток на убавите работи кои допрва доаѓаат. Опкружете се со љубов, радост и суштества кои ја гледаат светлината. Ве сакам – напиша Васил во описот на роденденските фотографии.

The post Васил Гарванлиев го прослави 38. роденден со саканиот и пријателите appeared first on Република.

]]>
Васил Гарванлиев се венчаше и сподели фотографии со сопругот https://republika.mk/scena/estrada/vasil-garvanliev-se-venchashe-i-spodeli-fotografii-so-soprugot/ Fri, 03 Jun 2022 20:39:27 +0000 https://republika.mk/?p=510842

Македонскиот пејач Васил Гарванлиев и официјално стапи во брак со својот избраник, со кој пред неколку месеци и се вери.

Гарванлиев за првпат на социјалните мрежи објави и фоотографии од својот сопруг.

Изминатиот период македонските медиуми беа преплавени со веста дека Васил Гарванлиев се верил. И тоа не било каде, туку во САД.

Со неговиот избраник, се препознале на прва, а неговото срце го освоил со едноставноста, но и анонимноста. Свадбата ќе биде наскоро, а во јуни ќе дојдат во Македонија, за семејството да се запознае со зетот - објави Бекстејџ.

The post Васил Гарванлиев се венчаше и сподели фотографии со сопругот appeared first on Република.

]]>

Македонскиот пејач Васил Гарванлиев и официјално стапи во брак со својот избраник, со кој пред неколку месеци и се вери. Гарванлиев за првпат на социјалните мрежи објави и фоотографии од својот сопруг. Изминатиот период македонските медиуми беа преплавени со веста дека Васил Гарванлиев се верил. И тоа не било каде, туку во САД.
Со неговиот избраник, се препознале на прва, а неговото срце го освоил со едноставноста, но и анонимноста. Свадбата ќе биде наскоро, а во јуни ќе дојдат во Македонија, за семејството да се запознае со зетот - објави Бекстејџ.

The post Васил Гарванлиев се венчаше и сподели фотографии со сопругот appeared first on Република.

]]>
Васил Гарванлиев првпат сподели фотографии со вереникот https://republika.mk/scena/estrada/vasil-garvanliev-prvpat-spodeli-fotografii-so-verenikot/ Wed, 01 Jun 2022 17:28:36 +0000 https://republika.mk/?p=509884

Македонскиот поп-пејач Васил Гарванлиев кој живее во Америка првпат сподели фотографии од вереникот на својот профил на инстаграм, покажувајќи ја и кутијата во која се наоѓал вереничкиот прстен.

Минатогодишниот претставник на Евровизија на фотографиите со вереникот изгледа посреќен од кого било.

Во описот тој им порача на следбениците секогаш да бидат искрени кон себе и да ги следат своите соништа.

The post Васил Гарванлиев првпат сподели фотографии со вереникот appeared first on Република.

]]>

Македонскиот поп-пејач Васил Гарванлиев кој живее во Америка првпат сподели фотографии од вереникот на својот профил на инстаграм, покажувајќи ја и кутијата во која се наоѓал вереничкиот прстен. Минатогодишниот претставник на Евровизија на фотографиите со вереникот изгледа посреќен од кого било. Во описот тој им порача на следбениците секогаш да бидат искрени кон себе и да ги следат своите соништа.  

The post Васил Гарванлиев првпат сподели фотографии со вереникот appeared first on Република.

]]>
Гарванлиев во јуни ќе го донесе дечкото од Америка за да го запозне семејството https://republika.mk/scena/estrada/garvanliev-vo-juni-kje-go-donese-dechkoto-od-amerika-za-da-go-zapozne-semejstvoto/ Mon, 09 May 2022 19:40:42 +0000 https://republika.mk/?p=500110

Изминатиот период македонските медиуми беа преплавени со веста дека Васил Гарванлиев се верил. И тоа не било кај, туку во Америка. Со неговиот избраник, се препознале на прва, а неговото срце го освоил со едноставноста, но и анонимноста.Свадбата ќе биде наскоро, а во Јуни, ќе дојдат во Македонија, за семејството да се запознае со зетот, објави „Бекстејџ“

Во интервјуто Гарванлиев вели дека партнерот го освоил со искрениот поглед без да знае кој е и што е. Додава дека верува во љубов и дека имал и лоши и добри искуства.

The post Гарванлиев во јуни ќе го донесе дечкото од Америка за да го запозне семејството appeared first on Република.

]]>

Изминатиот период македонските медиуми беа преплавени со веста дека Васил Гарванлиев се верил. И тоа не било кај, туку во Америка. Со неговиот избраник, се препознале на прва, а неговото срце го освоил со едноставноста, но и анонимноста.Свадбата ќе биде наскоро, а во Јуни, ќе дојдат во Македонија, за семејството да се запознае со зетот, објави „Бекстејџ“ Во интервјуто Гарванлиев вели дека партнерот го освоил со искрениот поглед без да знае кој е и што е. Додава дека верува во љубов и дека имал и лоши и добри искуства.

The post Гарванлиев во јуни ќе го донесе дечкото од Америка за да го запозне семејството appeared first on Република.

]]>
Гарванлиев се сврши, но не го открива името на вереникот https://republika.mk/scena/estrada/garvanliev-se-svrshi-no-ne-go-otkriva-imeto-na-verenikot/ Thu, 21 Apr 2022 14:11:19 +0000 https://republika.mk/?p=491853

Пејачот Васил Гарванлиев се сврши и наскоро ќе се венча.

Тој се свршил минатиот викенд на романтично патување во Њујорк.

Точно е дека се свршив. Сè се случи на брзина. Се запознавме кога дојдов во Америка и работите некако ни тргнаа од прва. Заљубен сум и малкушокиран, стварно не очекував дека ќе ми се случи љубов. Ама како што велам, внимавај што посакуваш - вели Васил за „Репортер“.

The post Гарванлиев се сврши, но не го открива името на вереникот appeared first on Република.

]]>

Пејачот Васил Гарванлиев се сврши и наскоро ќе се венча. Тој се свршил минатиот викенд на романтично патување во Њујорк.