Вартоломеј Archives - Република https://republika.mk/tema/vartolomej/ За подобро да се разбереме Fri, 05 Apr 2024 06:51:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Вартоломеј Archives - Република https://republika.mk/tema/vartolomej/ 32 32 Севселенскиот патријарх Вартоломеј повика на заеднички датум за празнување на Велигден https://republika.mk/vesti/svet/sevselenskiot-patrijarh-vartolomej-povika-na-zaednichki-datum-za-praznuvane-na-veligden/ Wed, 03 Apr 2024 18:37:14 +0000 https://republika.mk/?p=761852

Севселенскиот патријарх Вартоломеј ги повика сите Христијани заедно да го слават Велигден.

Патријархот изрази надеж дека ќе може да се постигне договор за заеднички датум веќе следната година, кога на 20 април ќе се слави Велигден и според Грегоријанскиот и според Јулијанскиот календар.

– Го молиме Господа прославата на Велигден следната година на 20 април на двата календара да не биде само случајност, туку почеток на единствен датум за неговото одбележување и од источната и од западната христијанска црква, рече Вартоломеј, пренесе „Католичка култура“.

The post Севселенскиот патријарх Вартоломеј повика на заеднички датум за празнување на Велигден appeared first on Република.

]]>

Севселенскиот патријарх Вартоломеј ги повика сите Христијани заедно да го слават Велигден. Патријархот изрази надеж дека ќе може да се постигне договор за заеднички датум веќе следната година, кога на 20 април ќе се слави Велигден и според Грегоријанскиот и според Јулијанскиот календар.
– Го молиме Господа прославата на Велигден следната година на 20 април на двата календара да не биде само случајност, туку почеток на единствен датум за неговото одбележување и од источната и од западната христијанска црква, рече Вартоломеј, пренесе „Католичка култура“.

The post Севселенскиот патријарх Вартоломеј повика на заеднички датум за празнување на Велигден appeared first on Република.

]]>
Ковачевски во Истанбул се сретна со партијархот Вартоломеј https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-vo-istanbul-se-sretna-so-partijarhot-vartolomej/ Sat, 15 Jul 2023 12:08:26 +0000 https://republika.mk/?p=661654

Во рамки на својата посета на градот Истанбул, премиерот Димитар Ковачевски денеска ја посети Вселенската Патријаршија.

Како што е наведено на сајтот на Вселенската патријршија, премиерот Ковачевски беше примен од Севселенскиот патријарх Вартоломеј, со кого имаше прилика да разговара во добросрдечна атмосфера на теми од заеднички интерес.

Ковачевски го посети и се поклони во Патријаршискиот храм посветен на Светиот Георгиј Победоносец, стои на сајтот на Вселенската патријаршија.

The post Ковачевски во Истанбул се сретна со партијархот Вартоломеј appeared first on Република.

]]>

Во рамки на својата посета на градот Истанбул, премиерот Димитар Ковачевски денеска ја посети Вселенската Патријаршија. Како што е наведено на сајтот на Вселенската патријршија, премиерот Ковачевски беше примен од Севселенскиот патријарх Вартоломеј, со кого имаше прилика да разговара во добросрдечна атмосфера на теми од заеднички интерес. Ковачевски го посети и се поклони во Патријаршискиот храм посветен на Светиот Георгиј Победоносец, стои на сајтот на Вселенската патријаршија.

The post Ковачевски во Истанбул се сретна со партијархот Вартоломеј appeared first on Република.

]]>
Поглаварот на МПЦ-ОА Стефан до вселенскиот патријарх Вартоломеј по повод неговиот именден: Трпеливо и смирено го очекуваме Томосот https://republika.mk/vesti/makedonija/poglavarot-na-mpts-oa-stefan-do-vselenskiot-patrijarh-vartolomej-po-povod-negoviot-imenden-trpelivo-i-smireno-go-ochekuvame-tomosot/ Tue, 13 Jun 2023 12:56:47 +0000 https://republika.mk/?p=650902

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан. упатил телеграма со честитка за именденот на Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј во која покрај желбата за негово мирно патријархување порачува дека МПЦ-ОА трпеливо и смирено го очекува Томосот за нашата црква од Вселенската патријаршија.

Ваша Светост, честитајќи Ви за Вашиот именден, дозволете ми уште еднаш да Ви посакам мирно патријархување на престолот на Вселенската патријаршија, од која трпеливо и смирено ја очекуваме долгоочекуваната радосна вест, Томос за нашата Помесна православна црква, се наведува во телеграмата.

Македонскиот Архиепископ во честитката и поздравот од, како што наведува, богоспасуваната Охридска Архиепископија, на Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј му посакува вечна заштита, трезвеност на духот, сила на волјата, утеха и поддршка од Богородица, многу здравје и долг живот.

Смирен и најсакан архипастире и богољубив Претстојателу на првопрестолната Мајка Црква, даруван со благодат Патријарх на маченички осветената катедра на Константинопол, дозволете ми на денот на Вашиот небесен покровител, светиот апостол Вартоломеј, лично и во името на нашата помесна Црква, да Ви честитам за Вашиот именден и радувајќи се со Вас, да Ви посакаме вечна заштита од Вашиот небесен покровител, трезвеност на духот, сила на волјата, утеха и поддршка од Богородица, многу здравје и долг живот, наведува г.г. Стефан во телеграмата.

Телеграмата била прочитана на неделната Света литургија во Сечесниот патријаршиски храм на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во Фанар, каде претставник на архиепископот Стефан бил митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф. Со благослов на надлежниот Високопреосветен митрополит дебарско-кичевски г. Тимотеј на литургијата присуствувале и претставници на монашката заедница од свештените Обители Бигорски, Рајчица и Пречиста, предводени од епископ Антаниски г. Партениј.

Во неделно обраќање по повод својот именден, како што објави Вселенската патријаршија на својата официјална страница, Вартоломеј направил осврт на поголемите настани што на црковен план ја одбележаа годишнината од минатиот именден. Меѓу другото, тој го истакнал и враќањето на Охридската архиепископија во канонско единство со православниот свет.

Мината година ја примивме во семејството на канонските цркви и Охридската архиепископија, порачал Вартоломеј, кој потоа забележал дека по прифаќањето на нашата Црква, уследиле и некои неканоски дела во рамките на интерправославните односи.

Патријархот Вартоломеј во беседата се осврнал и на војната во Украина.

Разбирливо е дека во последниов едногодишен период, од јуни минатата година или поскоро од избувнувањето на несветата и разорителна војна во Украина, го следиме развојот на настаните, се молиме за враќање на мирот и во секоја прилика ја осудуваме руската агресија во независна и суверена држава, спротивно на секоја смисла на меѓународното право и на етичкиот поредок. Плачеме со расплаканите сопруги и мајки на римските и украинските војници кои паднале на полињата на битките, порачал Вартоломеј.

The post Поглаварот на МПЦ-ОА Стефан до вселенскиот патријарх Вартоломеј по повод неговиот именден: Трпеливо и смирено го очекуваме Томосот appeared first on Република.

]]>

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан. упатил телеграма со честитка за именденот на Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј во која покрај желбата за негово мирно патријархување порачува дека МПЦ-ОА трпеливо и смирено го очекува Томосот за нашата црква од Вселенската патријаршија.
Ваша Светост, честитајќи Ви за Вашиот именден, дозволете ми уште еднаш да Ви посакам мирно патријархување на престолот на Вселенската патријаршија, од која трпеливо и смирено ја очекуваме долгоочекуваната радосна вест, Томос за нашата Помесна православна црква, се наведува во телеграмата.
Македонскиот Архиепископ во честитката и поздравот од, како што наведува, богоспасуваната Охридска Архиепископија, на Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј му посакува вечна заштита, трезвеност на духот, сила на волјата, утеха и поддршка од Богородица, многу здравје и долг живот.
Смирен и најсакан архипастире и богољубив Претстојателу на првопрестолната Мајка Црква, даруван со благодат Патријарх на маченички осветената катедра на Константинопол, дозволете ми на денот на Вашиот небесен покровител, светиот апостол Вартоломеј, лично и во името на нашата помесна Црква, да Ви честитам за Вашиот именден и радувајќи се со Вас, да Ви посакаме вечна заштита од Вашиот небесен покровител, трезвеност на духот, сила на волјата, утеха и поддршка од Богородица, многу здравје и долг живот, наведува г.г. Стефан во телеграмата.
Телеграмата била прочитана на неделната Света литургија во Сечесниот патријаршиски храм на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во Фанар, каде претставник на архиепископот Стефан бил митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф. Со благослов на надлежниот Високопреосветен митрополит дебарско-кичевски г. Тимотеј на литургијата присуствувале и претставници на монашката заедница од свештените Обители Бигорски, Рајчица и Пречиста, предводени од епископ Антаниски г. Партениј. Во неделно обраќање по повод својот именден, како што објави Вселенската патријаршија на својата официјална страница, Вартоломеј направил осврт на поголемите настани што на црковен план ја одбележаа годишнината од минатиот именден. Меѓу другото, тој го истакнал и враќањето на Охридската архиепископија во канонско единство со православниот свет.
Мината година ја примивме во семејството на канонските цркви и Охридската архиепископија, порачал Вартоломеј, кој потоа забележал дека по прифаќањето на нашата Црква, уследиле и некои неканоски дела во рамките на интерправославните односи.
Патријархот Вартоломеј во беседата се осврнал и на војната во Украина.
Разбирливо е дека во последниов едногодишен период, од јуни минатата година или поскоро од избувнувањето на несветата и разорителна војна во Украина, го следиме развојот на настаните, се молиме за враќање на мирот и во секоја прилика ја осудуваме руската агресија во независна и суверена држава, спротивно на секоја смисла на меѓународното право и на етичкиот поредок. Плачеме со расплаканите сопруги и мајки на римските и украинските војници кои паднале на полињата на битките, порачал Вартоломеј.

The post Поглаварот на МПЦ-ОА Стефан до вселенскиот патријарх Вартоломеј по повод неговиот именден: Трпеливо и смирено го очекуваме Томосот appeared first on Република.

]]>
Првпат во историјата: Вселенскиот патријарх божиќното послание го објави и на македонски јазик https://republika.mk/vesti/makedonija/prvpat-vo-istorijata-vselenskiot-patrijarh-bozikjnoto-poslanie-go-objavi-i-na-makedonski-jazik/ Wed, 21 Dec 2022 18:29:25 +0000 https://republika.mk/?p=588522

Никогаш во историјата на човештвото, мирот помеѓу народите не бил состојба што се подразбира, туку секаде и секогаш бил последица на вдахновени иницијативи, храброст и саможртва, отпор кон насилието и отфрлање на војната како средство за решавање на разликите, трајна борба за правда и заштита на човековото достоинство, нагласува вселенскиот патријарх Вартоломеј во овогодишното божиќно послание до православните христијани во светот, од кои некои Божик го празнуваат на 25 декември, додека оние кои се водат по Јулијанскиот календар на 7 јануари.

Вселенскиот патријарх оваа година првпат во историјата посланието го објави и на македонски јазик, со тоа што на православните христијани во Македонија, Христовото раѓање им го честита на мајчиниот јазик.

-Придонесот на религиите кон мирот и помирувањето претставува првенствен критериум за нивната доверливост. Несомнено, во религиозните преданија постои поттик не само за внатрешниот мир, туку и за унапредување и востановување на мирот на општеството, преку надминување на агресијата во врските помеѓу единките и народите, порачува меѓу другото Вартоломеј.

Тој нагласува дека овој факт е особено значаен во нашево време, во кое се промовира ставот дека мирот ќе произлезе како резултат на економскиот развој, издигнувањето на животниот стандард, напредокот на науката и технологијата, преку дигиталната комуникација и интернетот.

-Ја имаме увереноста дека не е можно да постои мир на народите и културите без мир на религиите, без нивни дијалог и соработка. Верата во Бога ја засилува борбата за еден свет на мирот и правдата, дури и кога овој обид се наоѓа пред ненадминливи, по човечки, пречки. Во секој случај е неприфатливо претставници на религиите да проповедаат фанатизам и да го разгоруваат пламенот на омразата, нагласува Вартоломеј во посланието.

Во продолжение следува интегрално божиќното послание на Вартоломеј на македонски јазик:

+ В А Р Т О Л О М Е Ј

ПО МИЛОСТА БОЖЈА АРХИЕПИСКОП КОНСТАНТИНОПОЛСКИ – НОВ РИМ

И ВСЕЛЕНСКИ ПАТРИЈАРХ

ДО СЕТА ПОЛНОТА НА ЦРКВАТА

БЛАГОДАТ, МИЛОСТ И МИР

ОД РОДЕНИОТ ВО ВИТЛЕЕМ СПАСИТЕЛ ХРИСТОС

Сечесни браќа Архиереи,

Возљубени чеда во Господа,

Светата Црква денес го празнува Рождеството по плот на предвечниот Син и Слово Божјо, „страното и преславно“ таинство, „сокриено од вековите и родовите“ (Кол. 1, 26). Во Христа конечно се открива вистината за Бога и за човекот, како што најбогословски објаснува свети Кирил Александриски: „Ние сме луѓе по природа, а Он натприродно, од човекољубие слегувајќи, стана човек. Слуги Божји по природа сме ние како твари; слуга се направи и Он, натприродно приведувајќи се, кога стана човек. Но и обратно: Он е Бог по суштина – богови сме и ние, натприродно издигнувајќи се преку благодатта, зашто сме луѓе; Син по природа е Он, синови и ние според положбата, како повикани на братство со Него“ (Кирил Александриски, Книга на сокровишта за Светата и Единосуштна Троица, PG 75, 561).

„Познајте ја вистината и вистината ќе ве ослободи“ (Јн. 8, 32). Господ наш Исус Христос е „патот и вистината и животот“ (Јн. 14, 6), Он е ослободителот на човекот „од ропството на врагот“. Не постои живот и слобода без Вистината или вон Вистината. Можноста да му дадеме на својот живот онакво значение какво што посакуваме не е слобода, туку современа верзија на прародителскиот грев, самозатворање на човекот во една самодоволна и самобендисана самостојност, без осет за слободата како врска со Бога и со сочовекот. Рождеството Христово е време за самопознание, разбирање на разликата помеѓу „Богочовекот“ и „човекобогот“, свесност за спасителното христијанско учење: „Не Го нарекуваме обожен човек, туку Бог вочовечен“ (Јован Дамаскин, Точно излагање на православната вера, PG 94, 988).

Благовесното соопштение на Рождеството Христово годинава созвучи со барабаните на војната и ѕвечењето на оружјата во Украина, која ги трпи страшните последици од една дрска и неправедна инвазија. За нас Христијаните, сите војни се братоубиствени и меѓуплеменски, како што објави Светиот и велик собор на Православната црква: „последица на злото и гревот во светот“ (Мисијата на Православната црква во современиот свет, IV, 1). Во случајот на Украина уште важат зборовите на свети Григориј Палама за нему современите крвави судири помеѓу православните во Солун: „Сите ја стекнавме како заедничка мајка свештената Црква и Православието, чиј началник и совршител е Христос, Божјиот вистински Син, Кој вам не ви е само Бог, туку и брат благоизволи да ви биде и Отец“ (Григориј Палама, За меѓусебниот мир, PG 151, 10).

Во лицето на Христа се изврши „возглавувањето“ на сите, објавувањето на единството на родот човечки и свештеноста на човековата личност, отворањето на патот кон „по подобие“ и се откри мирот „што го надминува секој ум“ (Фил. 4, 7). Христос е „вашиот мир“ (Еф. 2, 14) и Нему Му е посветен историскиот и знаменит свет храм „Свет Мир“ [Агиа Ирини] во Градот на Константин.

Нашиот Спасител ги нарекува блажени „миротворците“, зашто „синови Божји ќе се наречат“ (Мт. 5, 9), ја претставува идејата за праведност и љубов дури и кон непријателите. Православната црква на Божествената Литургија се моли „за мир одозгора“ и „за мир на целиот свет“. „Твојот мир и Твојата љубов дарувај ни ги, Господи Боже наш, зашто ни даде сè“, се молиме, славејќи Го Дарителот на сите добра, во текот на Литургијата на Великиот Василиј. Ние, кои од Бога добивме сè, сме должни, како такви на кои им е извршено врвно добротворство, да се бориме за мирот повеќе отколку останатите луѓе, според библиското: „Кому му е дадено многу, многу и ќе се бара од него“ (Лк. 12, 48). Во оваа смисла, сè што од страна на Христијаните се извршува спротивно на ова начело, не е на товар на Христијанството, туку на оние кои дејствуваат кон престапување на Божествените заповеди.

Никогаш во историјата на човештвото, мирот помеѓу народите не бил состојба што се подразбира, туку секаде и секогаш бил последица на вдахновени иницијативи, храброст и саможртва, отпор кон насилието и отфрлање на војната како средство за решавање на разликите, трајна борба за правда и заштита на човековото достоинство. Придонесот на религиите кон мирот и помирувањето претставува првенствен критериум за нивната доверливост. Несомнено, во религиозните преданија постои поттик не само за внатрешниот мир, туку и за унапредување и востановување на мирот на општеството, преку надминување на агресијата во врските помеѓу единките и народите. Овој факт е особено значаен во нашево време, во кое се промовира ставот дека мирот ќе произлезе како резултат на економскиот развој, издигнувањето на животниот стандард, напредокот на науката и технологијата, преку дигиталната комуникација и интернетот. Ја имаме увереноста дека не е можно да постои мир на народите и културите без мир на религиите, без нивни дијалог и соработка. Верата во Бога ја засилува борбата за еден свет на мирот и правдата, дури и кога овој обид се наоѓа пред ненадминливи, по човечки, пречки. Во секој случај е неприфатливо претставници на религиите да проповедаат фанатизам и да го разгоруваат пламенот на омразата.

Преосвештени и Богољубиви браќа и возљубени чеда,

Христос се раѓа – прославете Го, Христос од Небесата – сретнете Го, Христос на Земјата – возвишете се! Следејќи го поттикот на светиот претходник на Нашето Смирение на Престолот на Константинополската црква, Григориј Богослов, да го празнуваме роденденот на Спасителот на светот во духовна веселба, „не световно, туку надсветовно“, бегајќи од „сè што е излишно и повеќе од потребно; давајќи им на гладните и на другите што молат, кои се од истата глина и смеса [со нас]“ (Григориј Богослов, На Богојавление, односно Рождеството на Спасителот, PG 36, 316). Ви посакуваме на сите вас да имате умилително и славословно свето Дванаесетдневие, кое е вистинско исполнение на времето и зрак од светлината на вечноста. Нека претстојната 2023 година се покаже, по благоволението и благодатта на воплотениот за нас и за нашето спасение Бог Слово, период на мир, љубов и солидарност, вистинска година на благоста Господова.

На многу и благословени години!

Рождество Христово 2022

† Константинополскиот

огнен молитвеник кон Бога за сите вас.

The post Првпат во историјата: Вселенскиот патријарх божиќното послание го објави и на македонски јазик appeared first on Република.

]]>

Никогаш во историјата на човештвото, мирот помеѓу народите не бил состојба што се подразбира, туку секаде и секогаш бил последица на вдахновени иницијативи, храброст и саможртва, отпор кон насилието и отфрлање на војната како средство за решавање на разликите, трајна борба за правда и заштита на човековото достоинство, нагласува вселенскиот патријарх Вартоломеј во овогодишното божиќно послание до православните христијани во светот, од кои некои Божик го празнуваат на 25 декември, додека оние кои се водат по Јулијанскиот календар на 7 јануари. Вселенскиот патријарх оваа година првпат во историјата посланието го објави и на македонски јазик, со тоа што на православните христијани во Македонија, Христовото раѓање им го честита на мајчиниот јазик. -Придонесот на религиите кон мирот и помирувањето претставува првенствен критериум за нивната доверливост. Несомнено, во религиозните преданија постои поттик не само за внатрешниот мир, туку и за унапредување и востановување на мирот на општеството, преку надминување на агресијата во врските помеѓу единките и народите, порачува меѓу другото Вартоломеј. Тој нагласува дека овој факт е особено значаен во нашево време, во кое се промовира ставот дека мирот ќе произлезе како резултат на економскиот развој, издигнувањето на животниот стандард, напредокот на науката и технологијата, преку дигиталната комуникација и интернетот. -Ја имаме увереноста дека не е можно да постои мир на народите и културите без мир на религиите, без нивни дијалог и соработка. Верата во Бога ја засилува борбата за еден свет на мирот и правдата, дури и кога овој обид се наоѓа пред ненадминливи, по човечки, пречки. Во секој случај е неприфатливо претставници на религиите да проповедаат фанатизам и да го разгоруваат пламенот на омразата, нагласува Вартоломеј во посланието. Во продолжение следува интегрално божиќното послание на Вартоломеј на македонски јазик: + В А Р Т О Л О М Е Ј ПО МИЛОСТА БОЖЈА АРХИЕПИСКОП КОНСТАНТИНОПОЛСКИ – НОВ РИМ И ВСЕЛЕНСКИ ПАТРИЈАРХ ДО СЕТА ПОЛНОТА НА ЦРКВАТА БЛАГОДАТ, МИЛОСТ И МИР ОД РОДЕНИОТ ВО ВИТЛЕЕМ СПАСИТЕЛ ХРИСТОС Сечесни браќа Архиереи, Возљубени чеда во Господа, Светата Црква денес го празнува Рождеството по плот на предвечниот Син и Слово Божјо, „страното и преславно“ таинство, „сокриено од вековите и родовите“ (Кол. 1, 26). Во Христа конечно се открива вистината за Бога и за човекот, како што најбогословски објаснува свети Кирил Александриски: „Ние сме луѓе по природа, а Он натприродно, од човекољубие слегувајќи, стана човек. Слуги Божји по природа сме ние како твари; слуга се направи и Он, натприродно приведувајќи се, кога стана човек. Но и обратно: Он е Бог по суштина – богови сме и ние, натприродно издигнувајќи се преку благодатта, зашто сме луѓе; Син по природа е Он, синови и ние според положбата, како повикани на братство со Него“ (Кирил Александриски, Книга на сокровишта за Светата и Единосуштна Троица, PG 75, 561). „Познајте ја вистината и вистината ќе ве ослободи“ (Јн. 8, 32). Господ наш Исус Христос е „патот и вистината и животот“ (Јн. 14, 6), Он е ослободителот на човекот „од ропството на врагот“. Не постои живот и слобода без Вистината или вон Вистината. Можноста да му дадеме на својот живот онакво значение какво што посакуваме не е слобода, туку современа верзија на прародителскиот грев, самозатворање на човекот во една самодоволна и самобендисана самостојност, без осет за слободата како врска со Бога и со сочовекот. Рождеството Христово е време за самопознание, разбирање на разликата помеѓу „Богочовекот“ и „човекобогот“, свесност за спасителното христијанско учење: „Не Го нарекуваме обожен човек, туку Бог вочовечен“ (Јован Дамаскин, Точно излагање на православната вера, PG 94, 988). Благовесното соопштение на Рождеството Христово годинава созвучи со барабаните на војната и ѕвечењето на оружјата во Украина, која ги трпи страшните последици од една дрска и неправедна инвазија. За нас Христијаните, сите војни се братоубиствени и меѓуплеменски, како што објави Светиот и велик собор на Православната црква: „последица на злото и гревот во светот“ (Мисијата на Православната црква во современиот свет, IV, 1). Во случајот на Украина уште важат зборовите на свети Григориј Палама за нему современите крвави судири помеѓу православните во Солун: „Сите ја стекнавме како заедничка мајка свештената Црква и Православието, чиј началник и совршител е Христос, Божјиот вистински Син, Кој вам не ви е само Бог, туку и брат благоизволи да ви биде и Отец“ (Григориј Палама, За меѓусебниот мир, PG 151, 10). Во лицето на Христа се изврши „возглавувањето“ на сите, објавувањето на единството на родот човечки и свештеноста на човековата личност, отворањето на патот кон „по подобие“ и се откри мирот „што го надминува секој ум“ (Фил. 4, 7). Христос е „вашиот мир“ (Еф. 2, 14) и Нему Му е посветен историскиот и знаменит свет храм „Свет Мир“ [Агиа Ирини] во Градот на Константин.   Нашиот Спасител ги нарекува блажени „миротворците“, зашто „синови Божји ќе се наречат“ (Мт. 5, 9), ја претставува идејата за праведност и љубов дури и кон непријателите. Православната црква на Божествената Литургија се моли „за мир одозгора“ и „за мир на целиот свет“. „Твојот мир и Твојата љубов дарувај ни ги, Господи Боже наш, зашто ни даде сè“, се молиме, славејќи Го Дарителот на сите добра, во текот на Литургијата на Великиот Василиј. Ние, кои од Бога добивме сè, сме должни, како такви на кои им е извршено врвно добротворство, да се бориме за мирот повеќе отколку останатите луѓе, според библиското: „Кому му е дадено многу, многу и ќе се бара од него“ (Лк. 12, 48). Во оваа смисла, сè што од страна на Христијаните се извршува спротивно на ова начело, не е на товар на Христијанството, туку на оние кои дејствуваат кон престапување на Божествените заповеди. Никогаш во историјата на човештвото, мирот помеѓу народите не бил состојба што се подразбира, туку секаде и секогаш бил последица на вдахновени иницијативи, храброст и саможртва, отпор кон насилието и отфрлање на војната како средство за решавање на разликите, трајна борба за правда и заштита на човековото достоинство. Придонесот на религиите кон мирот и помирувањето претставува првенствен критериум за нивната доверливост. Несомнено, во религиозните преданија постои поттик не само за внатрешниот мир, туку и за унапредување и востановување на мирот на општеството, преку надминување на агресијата во врските помеѓу единките и народите. Овој факт е особено значаен во нашево време, во кое се промовира ставот дека мирот ќе произлезе како резултат на економскиот развој, издигнувањето на животниот стандард, напредокот на науката и технологијата, преку дигиталната комуникација и интернетот. Ја имаме увереноста дека не е можно да постои мир на народите и културите без мир на религиите, без нивни дијалог и соработка. Верата во Бога ја засилува борбата за еден свет на мирот и правдата, дури и кога овој обид се наоѓа пред ненадминливи, по човечки, пречки. Во секој случај е неприфатливо претставници на религиите да проповедаат фанатизам и да го разгоруваат пламенот на омразата. Преосвештени и Богољубиви браќа и возљубени чеда, Христос се раѓа – прославете Го, Христос од Небесата – сретнете Го, Христос на Земјата – возвишете се! Следејќи го поттикот на светиот претходник на Нашето Смирение на Престолот на Константинополската црква, Григориј Богослов, да го празнуваме роденденот на Спасителот на светот во духовна веселба, „не световно, туку надсветовно“, бегајќи од „сè што е излишно и повеќе од потребно; давајќи им на гладните и на другите што молат, кои се од истата глина и смеса [со нас]“ (Григориј Богослов, На Богојавление, односно Рождеството на Спасителот, PG 36, 316). Ви посакуваме на сите вас да имате умилително и славословно свето Дванаесетдневие, кое е вистинско исполнение на времето и зрак од светлината на вечноста. Нека претстојната 2023 година се покаже, по благоволението и благодатта на воплотениот за нас и за нашето спасение Бог Слово, период на мир, љубов и солидарност, вистинска година на благоста Господова. На многу и благословени години! Рождество Христово 2022 † Константинополскиот огнен молитвеник кон Бога за сите вас.

The post Првпат во историјата: Вселенскиот патријарх божиќното послание го објави и на македонски јазик appeared first on Република.

]]>
Верници од Македонија со цвеќе му го честитаа именденот на Патријархот Вaртоломеј https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/vernici-od-makedonija-so-cvekje-mu-go-chestitaa-imendenot-na-patrijarhot-vartolomej/ Fri, 10 Jun 2022 13:34:59 +0000 https://republika.mk/?p=513544

Утрово во Фанар, во Соборниот храм на Вселенската Патријаршија, посветен на светиот Георгиј Победоносец, се одржа празнична Божествена Литургија по повод именденот на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј. На богослужбата молитвено присуство имаа и Архиепископот Стефан, митрополитот Тимотеј, митрополитот Петар, како и епископот Климент и епископот Партениј.

Храмот на Победоносецот беше исполнет со огромен број на гости, меѓу кои многумина од Македонија.

Како првојерарх на Охридскиот престол, од името на свештениот синод, на свештенојерархијата, на монаштвото и на верниот народ, како и од свое име, со преполно срце на уважување и почит, уште еднаш Ви благодарам за честа со која нè удостоивте и за срдечната љубов со која нè прегрнавте – соопштувајќи ни го благопријатниот Ваш суд за нашето апелациско прибегнување: востановувањето на литургиското општење со Вас и, преку Вас, со полнотата на Православната Црква. Сега е јасно колку Вашето добротворство за нашата Охридска Архиепископија, се покажа, всушност, како Ваш најнов принос пред Сељубивиот Бог – како долично дело за таткото на Православните. А ние, скромните Ваши чеда, можеме да Му заблагодариме на Бога, покрај за споменатата милост, ете – и за тоа што сме удостоени да бидеме современици на Вашата личност и на Вашите дела за доброто на Црквата и што ја имаме можноста да се радуваме и да се утешуваме од Вашиот подвиг на „добро стоење“, на автентично последување и себепрегорно, дури до мачеништво, исповедање на канонскиот и свештен поредок на Православната Црква - потенцираше архиепископот Стефан.

Верниците кои беа дојдени за денешната и за службите овие денови, носеа цвеќе кое му го подарија Патријархот Вартоломеј честитајќи му го именденот.

На крајот од богослужбата, епископот Антаниски со неговото братство и сестринство, на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј му подари архиерејска панагија, во чест на неговиот именден и во знак на благодарност за признавањето на Охридската Архиепископија.

The post Верници од Македонија со цвеќе му го честитаа именденот на Патријархот Вaртоломеј appeared first on Република.

]]>

Утрово во Фанар, во Соборниот храм на Вселенската Патријаршија, посветен на светиот Георгиј Победоносец, се одржа празнична Божествена Литургија по повод именденот на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј. На богослужбата молитвено присуство имаа и Архиепископот Стефан, митрополитот Тимотеј, митрополитот Петар, како и епископот Климент и епископот Партениј. Храмот на Победоносецот беше исполнет со огромен број на гости, меѓу кои многумина од Македонија.
Како првојерарх на Охридскиот престол, од името на свештениот синод, на свештенојерархијата, на монаштвото и на верниот народ, како и од свое име, со преполно срце на уважување и почит, уште еднаш Ви благодарам за честа со која нè удостоивте и за срдечната љубов со која нè прегрнавте – соопштувајќи ни го благопријатниот Ваш суд за нашето апелациско прибегнување: востановувањето на литургиското општење со Вас и, преку Вас, со полнотата на Православната Црква. Сега е јасно колку Вашето добротворство за нашата Охридска Архиепископија, се покажа, всушност, како Ваш најнов принос пред Сељубивиот Бог – како долично дело за таткото на Православните. А ние, скромните Ваши чеда, можеме да Му заблагодариме на Бога, покрај за споменатата милост, ете – и за тоа што сме удостоени да бидеме современици на Вашата личност и на Вашите дела за доброто на Црквата и што ја имаме можноста да се радуваме и да се утешуваме од Вашиот подвиг на „добро стоење“, на автентично последување и себепрегорно, дури до мачеништво, исповедање на канонскиот и свештен поредок на Православната Црква - потенцираше архиепископот Стефан.
Верниците кои беа дојдени за денешната и за службите овие денови, носеа цвеќе кое му го подарија Патријархот Вартоломеј честитајќи му го именденот. На крајот од богослужбата, епископот Антаниски со неговото братство и сестринство, на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј му подари архиерејска панагија, во чест на неговиот именден и во знак на благодарност за признавањето на Охридската Архиепископија.

The post Верници од Македонија со цвеќе му го честитаа именденот на Патријархот Вaртоломеј appeared first on Република.

]]>
Вартоломеј: Разочаран сум од Руската православна црква https://republika.mk/vesti/balkan/vartolomej-razocharan-sum-od-ruskata-pravoslavna-crkva/ Wed, 25 May 2022 11:53:25 +0000 https://republika.mk/?p=506734

Вселенскиот патријарх Вартоломеј за телевизијата ЕРТ изјави дека Руската православна црква ги предала отците на православната црква со поддршката за нападот врз Русија.

Војната во Украина, Москва, на чело со Владимир Путин, ја нагласува тезата дека се работи за „специјална воена операција“ која е покрената за да се спречи геноцид во регионот на Донбас. Путин исто така истакнува дека украинските цивили ги пречекале руските војници.

Претседателот на Русија во неколку наврати изјави дека операцијата била неизбежна, бидејќи САД ја искористиле Украина за да и се закануваат на Русија.

Рускиот патријарх Кирил ја поддржал акцијата во Москва, а неговата позиција се проширила низ Православната Црква. Освен тоа, тој ги нарече противниците на Москва во Украина „сили на злото“ кои сакаат да го уништат историското единство на двете земји.

The post Вартоломеј: Разочаран сум од Руската православна црква appeared first on Република.

]]>

Вселенскиот патријарх Вартоломеј за телевизијата ЕРТ изјави дека Руската православна црква ги предала отците на православната црква со поддршката за нападот врз Русија.
Војната во Украина, Москва, на чело со Владимир Путин, ја нагласува тезата дека се работи за „специјална воена операција“ која е покрената за да се спречи геноцид во регионот на Донбас. Путин исто така истакнува дека украинските цивили ги пречекале руските војници.
Претседателот на Русија во неколку наврати изјави дека операцијата била неизбежна, бидејќи САД ја искористиле Украина за да и се закануваат на Русија. Рускиот патријарх Кирил ја поддржал акцијата во Москва, а неговата позиција се проширила низ Православната Црква. Освен тоа, тој ги нарече противниците на Москва во Украина „сили на злото“ кои сакаат да го уништат историското единство на двете земји.  

The post Вартоломеј: Разочаран сум од Руската православна црква appeared first on Република.

]]>
Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја промовираше новата титула на „архиепископот охридски Стефан“ https://republika.mk/vesti/makedonija/vselenskiot-patrijarh-vartolomej-ja-promovirashe-novata-titula-na-arhiepiskopot-ohridski-stefan/ Mon, 23 May 2022 08:53:49 +0000 https://republika.mk/?p=505793

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја поздрави литургијата на помирување што ја одржаа СПЦ и МПЦ-ОА во соборниот храм „Свети Сава” во Белград со која беше ставен крај на 55-годишниот раскол, само неколку дена по одлуката на Фанар да ја прифати Охридската архиепископија во канонска и евхаристиска заедница.

На средба со професори и студенти од Богословијата „Св.Петар Цетински“, кои се во посета на Вселенската патријаршија, патријархот Вартоломеј рече дека сослужувањето на српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски Стефан со право може да се оцени како чин на помирување и соработка, кој се случи, како што наведе, само неколку дена по неговата историска одлука во однос на црквата во Македонија.

– Преку вас ја поздравувам светата црква на Србија и срдечно го прегрнувам нејзиниот поглавар, најљубениот и блажениот патријарх г. Порфириј. Нашите две цркви се поврзани со свети и неуништливи врски, на заедничка вера и заеднички борби, и врски на љубовта на мајката кон својата сакана ќерка, кои според апостол Павле, „никогаш не пропаѓаат”, истакна вселенскиот патријарх.

Тој ја нагласи и радоста на, како што посочи, Мајката црква во Константинопол по „историската одлука” на нејзиниот Синод за враќање на Охридската архиепископија во евхаристиска заедница, што го отвори патот за помирување со СПЦ и воспоставување на мирот и поредокот на Балканот.

The post Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја промовираше новата титула на „архиепископот охридски Стефан“ appeared first on Република.

]]>

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја поздрави литургијата на помирување што ја одржаа СПЦ и МПЦ-ОА во соборниот храм „Свети Сава” во Белград со која беше ставен крај на 55-годишниот раскол, само неколку дена по одлуката на Фанар да ја прифати Охридската архиепископија во канонска и евхаристиска заедница. На средба со професори и студенти од Богословијата „Св.Петар Цетински“, кои се во посета на Вселенската патријаршија, патријархот Вартоломеј рече дека сослужувањето на српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски Стефан со право може да се оцени како чин на помирување и соработка, кој се случи, како што наведе, само неколку дена по неговата историска одлука во однос на црквата во Македонија.
– Преку вас ја поздравувам светата црква на Србија и срдечно го прегрнувам нејзиниот поглавар, најљубениот и блажениот патријарх г. Порфириј. Нашите две цркви се поврзани со свети и неуништливи врски, на заедничка вера и заеднички борби, и врски на љубовта на мајката кон својата сакана ќерка, кои според апостол Павле, „никогаш не пропаѓаат”, истакна вселенскиот патријарх.
Тој ја нагласи и радоста на, како што посочи, Мајката црква во Константинопол по „историската одлука” на нејзиниот Синод за враќање на Охридската архиепископија во евхаристиска заедница, што го отвори патот за помирување со СПЦ и воспоставување на мирот и поредокот на Балканот.

The post Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја промовираше новата титула на „архиепископот охридски Стефан“ appeared first on Република.

]]>
Вартоломеј: Вселенската патријаршија помогна да се вратат мирот и поредокот на Балканот https://republika.mk/vesti/makedonija/vartolomej-vselenskata-patrijarshija-pomogna-da-se-vratat-mirot-i-poredokot-na-balkanot/ Mon, 23 May 2022 08:08:12 +0000 https://republika.mk/?p=505763

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја поздрави литургијата на помирување што ја одржаа СПЦ и МПЦ-ОА во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград со која беше ставен крај на 55-годишниот раскол, само неколку дена по одлуката на Фанар да ја прифати Охридската архиепископија во канонска и евхаристиска заедница.

На средба со професори и студенти од Богословијата „Св. Петар Цетињски“, кои се во посета на Вселенската патријаршија, патријархот Вартоломеј рече дека сослужувањето на српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски Стефан со право може да се оцени како чин на помирување и соработка, кој се случи, како што наведе, само неколку дена по неговата историска одлука во однос на црквата во Македонија.

Преку вас ја поздравувам светата црква на Србија и срдечно го прегрнувам нејзиниот поглавар, најљубениот и блажениот патријарх г. Порфириј. Нашите две цркви се поврзани со свети и неуништливи врски, на заедничка вера и заеднички борби, и врски на љубовта на мајката кон својата сакана ќерка, кои според апостол Павле, „никогаш не пропаѓаат“, истакна вселенскиот патријарх.

Тој ја нагласи и радоста на, како што посочи, Мајката црква во Константинопол по „историската одлука“ на нејзиниот Синод за враќање на Охридската архиепископија во евхаристиска заедница, што го отвори патот за помирување со СПЦ и воспоставување на мирот и поредокот на Балканот.

The post Вартоломеј: Вселенската патријаршија помогна да се вратат мирот и поредокот на Балканот appeared first on Република.

]]>

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја поздрави литургијата на помирување што ја одржаа СПЦ и МПЦ-ОА во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград со која беше ставен крај на 55-годишниот раскол, само неколку дена по одлуката на Фанар да ја прифати Охридската архиепископија во канонска и евхаристиска заедница. На средба со професори и студенти од Богословијата „Св. Петар Цетињски“, кои се во посета на Вселенската патријаршија, патријархот Вартоломеј рече дека сослужувањето на српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски Стефан со право може да се оцени како чин на помирување и соработка, кој се случи, како што наведе, само неколку дена по неговата историска одлука во однос на црквата во Македонија.
Преку вас ја поздравувам светата црква на Србија и срдечно го прегрнувам нејзиниот поглавар, најљубениот и блажениот патријарх г. Порфириј. Нашите две цркви се поврзани со свети и неуништливи врски, на заедничка вера и заеднички борби, и врски на љубовта на мајката кон својата сакана ќерка, кои според апостол Павле, „никогаш не пропаѓаат“, истакна вселенскиот патријарх.
Тој ја нагласи и радоста на, како што посочи, Мајката црква во Константинопол по „историската одлука“ на нејзиниот Синод за враќање на Охридската архиепископија во евхаристиска заедница, што го отвори патот за помирување со СПЦ и воспоставување на мирот и поредокот на Балканот.    

The post Вартоломеј: Вселенската патријаршија помогна да се вратат мирот и поредокот на Балканот appeared first on Република.

]]>
Одлуката за признавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА била ветена уште во декември https://republika.mk/vesti/makedonija/odlukata-za-priznavanje-na-kanonskiot-status-na-mpc-oa-bila-vetena-ushte-vo-dekemvri/ Sun, 15 May 2022 11:06:26 +0000 https://republika.mk/?p=502490

Вселенскиот патријарх Вартоломеј уште во декември минатат година и ветил на МПЦ-ОА дека ќе донесе одлука за признавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА, како прв чекор до признавање на Автокефалноста, објавува ексклузивно Религија.мк.

Тоа може да се забележи од неговото обраќање кон монасите од Бигорскиот манастир, кои тогаш беа во посета на Вселенската Патријаршија.

– Сите знаеме дека постои проблем со вашата помесна Црква, еден проблем што ве држи веќе неколку децении надвор од заедничарењето со останатите помесни православни автокефални цркви. За среќа, тој проблем не се должи на догматски, верски причини. Имаме иста вера, исти догми, исто крштевање, исти икони, исти светители. Проблемот е административен, канонски, па затоа се благонадеваме дека ќе се најде конечно решение. Мајката Црква во Константинопол не престанува ни за момент да се интересира за решавање на тој проблем и мислиме дека првиот стадиум ќе биде вашето повторно влегување во канонски поредок и во канонско општење со останатите православни цркви и дека другото ќе си дојде со добро настроение и со дијалог, изјавил во декември Вартоломеј пред монасите од Бигорски.

Веста досега не беше позната за јавноста. Во обраќањето Веленскиот патријарх вели дека една од должностите на Константинополскиот патријарх, согласно со свештените канони од Вселенските собори, е да биде чувар на канонскиот поредок во целата Православна Црква…

Денес – утре ќе си заминете, ќе се вратите во вашите манастири. Сакам да заминете со уверување дека ве следи молитвата и благословот на Мајката Црква во Константинопол. И сега, додека постои познатиот проблем, но и понатаму, а и вечно, секогаш ќе бидете деца на оваа Црква маченица – прославена, но многу пострадана. Доколку ги изземеме старите цркви на Исток, сите православни народи, сите сте чеда на оваа Црква. Ве прегрнуваме со љубов, со срдечност, со молитва секогаш!, изјавил Вартоломеј.

Ова покажува дека токму Вселенскиот патријарх подолго време работел на решавање на статусот на МПЦ-ОА и му било јасно каде е клучниот проблем, а не како што вечерва пишуваат српските медиуми дека тој ја претркал СПЦ која имала иста намера. Впрочем Вартоломеј и на погребот на Српскиот патријарх Павле во Белград ја повика СПЦ да го реши канонското прашање на МПЦ-ОА, но иако од тогаш се сменија двајца поглавари, решение немаше ниту на повидок.

The post Одлуката за признавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА била ветена уште во декември appeared first on Република.

]]>

Вселенскиот патријарх Вартоломеј уште во декември минатат година и ветил на МПЦ-ОА дека ќе донесе одлука за признавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА, како прв чекор до признавање на Автокефалноста, објавува ексклузивно Религија.мк. Тоа може да се забележи од неговото обраќање кон монасите од Бигорскиот манастир, кои тогаш беа во посета на Вселенската Патријаршија.
– Сите знаеме дека постои проблем со вашата помесна Црква, еден проблем што ве држи веќе неколку децении надвор од заедничарењето со останатите помесни православни автокефални цркви. За среќа, тој проблем не се должи на догматски, верски причини. Имаме иста вера, исти догми, исто крштевање, исти икони, исти светители. Проблемот е административен, канонски, па затоа се благонадеваме дека ќе се најде конечно решение. Мајката Црква во Константинопол не престанува ни за момент да се интересира за решавање на тој проблем и мислиме дека првиот стадиум ќе биде вашето повторно влегување во канонски поредок и во канонско општење со останатите православни цркви и дека другото ќе си дојде со добро настроение и со дијалог, изјавил во декември Вартоломеј пред монасите од Бигорски.
Веста досега не беше позната за јавноста. Во обраќањето Веленскиот патријарх вели дека една од должностите на Константинополскиот патријарх, согласно со свештените канони од Вселенските собори, е да биде чувар на канонскиот поредок во целата Православна Црква…
Денес – утре ќе си заминете, ќе се вратите во вашите манастири. Сакам да заминете со уверување дека ве следи молитвата и благословот на Мајката Црква во Константинопол. И сега, додека постои познатиот проблем, но и понатаму, а и вечно, секогаш ќе бидете деца на оваа Црква маченица – прославена, но многу пострадана. Доколку ги изземеме старите цркви на Исток, сите православни народи, сите сте чеда на оваа Црква. Ве прегрнуваме со љубов, со срдечност, со молитва секогаш!, изјавил Вартоломеј.
Ова покажува дека токму Вселенскиот патријарх подолго време работел на решавање на статусот на МПЦ-ОА и му било јасно каде е клучниот проблем, а не како што вечерва пишуваат српските медиуми дека тој ја претркал СПЦ која имала иста намера. Впрочем Вартоломеј и на погребот на Српскиот патријарх Павле во Белград ја повика СПЦ да го реши канонското прашање на МПЦ-ОА, но иако од тогаш се сменија двајца поглавари, решение немаше ниту на повидок.

The post Одлуката за признавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА била ветена уште во декември appeared first on Република.

]]>
Вселенскиот патријарх повика на прекин на војната во Украина, Киев воведе Велигденски полициски час https://republika.mk/vesti/svet/vselenskiot-patrijarh-povika-na-prekin-na-vojnata-vo-ukraina-kiev-vovede-veligdenski-policiski-chas/ Sun, 24 Apr 2022 07:15:42 +0000 https://republika.mk/?p=492929

Вселенскиот патријарх Вартоломеј повика на итен прекин на војната во Украина.

Војната го поткопува човечкото достоинство и е провокативно кршење на Божјата заповед да се сака ближниот - порача Вартоломеј за време на велигденската честитка.

Оваа година, во ноќта кон Велигден во цела Украина беше во сила полициски час.

Украинските власти одлучија на многу места, на луѓето да им биде забрането да ги посетуваат храмовите на Велигденската ноќ поради наводна опасност од руски напади.

The post Вселенскиот патријарх повика на прекин на војната во Украина, Киев воведе Велигденски полициски час appeared first on Република.

]]>

Вселенскиот патријарх Вартоломеј повика на итен прекин на војната во Украина.
Војната го поткопува човечкото достоинство и е провокативно кршење на Божјата заповед да се сака ближниот - порача Вартоломеј за време на велигденската честитка.
Оваа година, во ноќта кон Велигден во цела Украина беше во сила полициски час. Украинските власти одлучија на многу места, на луѓето да им биде забрането да ги посетуваат храмовите на Велигденската ноќ поради наводна опасност од руски напади.

The post Вселенскиот патријарх повика на прекин на војната во Украина, Киев воведе Велигденски полициски час appeared first on Република.

]]>
Вартоломеј: Веднаш да прекинат инвазијата и војната и да му се даде шанса на дијалогот https://republika.mk/vesti/svet/vartolomej-vednash-da-prekinat-invazijata-i-vojnata-i-da-mu-se-dade-shansa-na-dijalogot/ Sun, 13 Mar 2022 12:59:57 +0000 https://republika.mk/?p=472098

Апел што е можно побргу да се постигне прекин на огнот и да запре војната и инвазијата, упати вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на свечената литургија посветена на Неделата на православието и повика „инволвираните страни да седнат на масата на преговори и да му дадат шанса на дијалогот, јави дописничката на МИА од Атина.

На свечената литургија присуствуваше и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а вселенскиот патријарх истакна дека војната е прекршување на меѓународното право, „кое веќе е правото на мирот“.

Упатувам апел за итен прекин на огнот на сите фронтови на војната. Насилството и војната не само што не ги решаваат разликите, туку предизвикуваат болка и смрт и создаваат посложени проблеми. Треба веднаш, сега да прекине инвазијата и војната и да се даде нова шанса на дијалогот што во голема мера е средство на помирувањето и мирот, порача Вартоломеј.

Паралелно му се заблагодари на Мицотакис за позицијата што ја зазема за војната во Украина како и за испратената помош, додавајќи дека и тие како црква прават сè што можат за да помогнат.

Сите ние гледаме што се случува околу нас во срцето на Европа, како во 21 век започна и е во тек една неправедна војна, се пролева човечка крв, гинат луѓе, деца остануваат сираци, а жени вдовици, се уништуваат цели градови и села. Мислите и молитвите на сите нас се со нашите украински браќа сите овие денови, рече вселенскиот патријарх.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска е во еднодневна посета на Вселенската Патријаршија, каде што утрово присуствуваше на свечената литургија, а попладне ќе се сретне со вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Дополнително, ќе се сретне и со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, кој во претседателска резиденција во Истанбул, ќе организира ручек во чест на Мицотакис

The post Вартоломеј: Веднаш да прекинат инвазијата и војната и да му се даде шанса на дијалогот appeared first on Република.

]]>

Апел што е можно побргу да се постигне прекин на огнот и да запре војната и инвазијата, упати вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на свечената литургија посветена на Неделата на православието и повика „инволвираните страни да седнат на масата на преговори и да му дадат шанса на дијалогот, јави дописничката на МИА од Атина. На свечената литургија присуствуваше и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а вселенскиот патријарх истакна дека војната е прекршување на меѓународното право, „кое веќе е правото на мирот“.
Упатувам апел за итен прекин на огнот на сите фронтови на војната. Насилството и војната не само што не ги решаваат разликите, туку предизвикуваат болка и смрт и создаваат посложени проблеми. Треба веднаш, сега да прекине инвазијата и војната и да се даде нова шанса на дијалогот што во голема мера е средство на помирувањето и мирот, порача Вартоломеј.
Паралелно му се заблагодари на Мицотакис за позицијата што ја зазема за војната во Украина како и за испратената помош, додавајќи дека и тие како црква прават сè што можат за да помогнат.
Сите ние гледаме што се случува околу нас во срцето на Европа, како во 21 век започна и е во тек една неправедна војна, се пролева човечка крв, гинат луѓе, деца остануваат сираци, а жени вдовици, се уништуваат цели градови и села. Мислите и молитвите на сите нас се со нашите украински браќа сите овие денови, рече вселенскиот патријарх.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска е во еднодневна посета на Вселенската Патријаршија, каде што утрово присуствуваше на свечената литургија, а попладне ќе се сретне со вселенскиот патријарх Вартоломеј. Дополнително, ќе се сретне и со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, кој во претседателска резиденција во Истанбул, ќе организира ручек во чест на Мицотакис

The post Вартоломеј: Веднаш да прекинат инвазијата и војната и да му се даде шанса на дијалогот appeared first on Република.

]]>
Вартоломеј под американско влијание може да ја признае МПЦ без да ја праша СПЦ, вели руски владика https://republika.mk/vesti/makedonija/vartolomej-pod-amerikansko-vlijanie-moze-da-ja-priznae-mpc-bez-da-ja-prasha-spc-veli-ruski-vladika/ Thu, 06 Jan 2022 21:40:16 +0000 https://republika.mk/?p=441516

Протоерејот на Московската патријаршија на Руската православна црква, Николај Балашов, изјави дека РПЦ го поддржува единството на СПЦ и дека е против создавање на нова црква во Црна Гора, како и дека постои можност под притисок на американските политичари, Вселенскиот Патријарх Вартоломеј да ги поддржи расколниците во Црна Гора, јави дописникот на МИА од Белград.

Протоереј Балашов, кој е заменик-претседател на Одделот за надворешни меѓународни односи на Московската патријаршија, истакна дека Руската и Српската православна црква имаат традиционално блиски односи и меѓусебно се поддржуваат.

-Ние во РПЦ го поддржуваме единството на Српската православна црква и сме против создавање на нова црква во Црна Гора. Ако се анализира тоа што сакале расколниците во Црна Гора, лесно ќе се забележи дека тие се обиделе по ист рецепт да грабаат храмови и верници како оние во Украина, изјави протоереј Балашов во интервју за белградски Вечерње новости.

Кога станува збор за состојбата со црквата во Македонија, Балашов кажа дека постои можност патријархот Вартоломеј, без согласност на Белград, да ја признае автокефалноста на „Скопската црква”, како што велат во Константинопол, бидејќи никогаш нема да ја признаат како Македонска црква.

The post Вартоломеј под американско влијание може да ја признае МПЦ без да ја праша СПЦ, вели руски владика appeared first on Република.