Ване Костуранов Archives - Република https://republika.mk/tema/vane-kosturanov/ За подобро да се разбереме Mon, 27 Nov 2023 08:01:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ване Костуранов Archives - Република https://republika.mk/tema/vane-kosturanov/ 32 32 Изложба „Таен премин кон Месечната“ на Ване Костуранов во галеријата „Метаноја“ https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-taen-premin-kon-mesechnata-na-vane-kosturanov-vo-galerijata-metanoja/ Mon, 27 Nov 2023 08:01:25 +0000 https://republika.mk/?p=716528

Изложбата „Таен премин кон Месечината“ на Ване Костуранов ќе се отвори на 28 ноември во 18 часот, во галеријата „Метаноја“, ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје.

Изложбата ќе трае и во текот на јануари 2024.

Конечното уметничко дело е комплетирано преку ‘техне’ и ‘логос’ не во смисла на современиот композит ‘технологија’, туку во смисла на егзистенцијалната феноменологија. Овие два концепта се неизбежно поврзани на нивото на соодносот меѓу уметничкото (τέχνη) и словесното (λόγος ). Процесот на креативната концептуализација со бои и четка и мисловната концептуализација со зборови и перо овозможуваат артикулација на она што генерички се именува како духовно. Притоа ‘техне’ ја претставува естетската рефлексивност, а „логос“ ја изразува контемплативната поетичност. Куќичките, дрвјата, патеките, Сонцето и Месечината на Костуранов се уметничка поезија“, вели рецензентот д-р Коста Милков.

 

 

The post Изложба „Таен премин кон Месечната“ на Ване Костуранов во галеријата „Метаноја“ appeared first on Република.

]]>

Изложбата „Таен премин кон Месечината“ на Ване Костуранов ќе се отвори на 28 ноември во 18 часот, во галеријата „Метаноја“, ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје. Изложбата ќе трае и во текот на јануари 2024.
Конечното уметничко дело е комплетирано преку ‘техне’ и ‘логос’ не во смисла на современиот композит ‘технологија’, туку во смисла на егзистенцијалната феноменологија. Овие два концепта се неизбежно поврзани на нивото на соодносот меѓу уметничкото (τέχνη) и словесното (λόγος ). Процесот на креативната концептуализација со бои и четка и мисловната концептуализација со зборови и перо овозможуваат артикулација на она што генерички се именува како духовно. Притоа ‘техне’ ја претставува естетската рефлексивност, а „логос“ ја изразува контемплативната поетичност. Куќичките, дрвјата, патеките, Сонцето и Месечината на Костуранов се уметничка поезија“, вели рецензентот д-р Коста Милков.
   

The post Изложба „Таен премин кон Месечната“ на Ване Костуранов во галеријата „Метаноја“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на „Рекичето што сакаше да порасне“ од Ване Костуранов и Ана Торма во Струмица https://republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-rekicheto-shto-sakashe-da-porasne-od-vane-kosturanov-i-ana-torma-vo-strumica-2/ Thu, 02 Jun 2022 12:24:14 +0000 https://republika.mk/?p=510193

Вечерва во 19 часот во Струмица во „Литература.мк“ ќе се одржи промоција на новата сликовница на познатиот македонски сликар, илустратор и автор на книги за деца Ване Костуранов, со текст на српската авторка Ана Торма – „Рекичето што сакаше да порасне“.

Промоторка на книгата ќе биде Бисера Бендевска, уредничка во „Арс Ламина“. Промоцијата во родниот град на Костуранов следува по претставувањето на делото на годинешниот Саем на книгата, што се одржа на почетокот на мај.

Книгата е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, а ја уредуваше Оливера Ќорвезироска.

Ова е петта книга за деца од Костуранов, во издание на „Арс ламина“, по „Sвездено дете“ (2018), „Девојче и мече“ (2019), „Девојчето и градот“ (2020) и „Мирко Немирко“, со текст на Ана Ѓокиќ (2021).

„Рекичето што сакаше да порасне“ е нежна лирска алегорија за дете што е нестрпливо да порасне. Во својот прв книжевен текст, Ана Торма прави симпатична, симболична „замена“ на дете со рекиче и на мајка со река. Така, малите читатели полесно ќе се идентификуваат со приказната и ќе станат свесни дека сè во светот (и животните и растенијата…) е еден вид одраз на луѓето, поточно на растењето, на созревањето и на заминувањето на луѓето, како животен циклус.

Рекичето на Торма и на Костуранов не е рекичка, како што вообичаено ги викаме малите реки. Таа е рекиче и со оваа зборовна финеса, со нетипичниот деминутив, се остварува дополнителна милост. Се онеобичува необичното, се намалува малото, се разнежнува нежното, но и се подвлекува индивидуалноста како битен патоказ во развојот на децата.

The post Промоција на „Рекичето што сакаше да порасне“ од Ване Костуранов и Ана Торма во Струмица appeared first on Република.

]]>

Вечерва во 19 часот во Струмица во „Литература.мк“ ќе се одржи промоција на новата сликовница на познатиот македонски сликар, илустратор и автор на книги за деца Ване Костуранов, со текст на српската авторка Ана Торма – „Рекичето што сакаше да порасне“. Промоторка на книгата ќе биде Бисера Бендевска, уредничка во „Арс Ламина“. Промоцијата во родниот град на Костуранов следува по претставувањето на делото на годинешниот Саем на книгата, што се одржа на почетокот на мај. Книгата е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, а ја уредуваше Оливера Ќорвезироска. Ова е петта книга за деца од Костуранов, во издание на „Арс ламина“, по „Sвездено дете“ (2018), „Девојче и мече“ (2019), „Девојчето и градот“ (2020) и „Мирко Немирко“, со текст на Ана Ѓокиќ (2021). „Рекичето што сакаше да порасне“ е нежна лирска алегорија за дете што е нестрпливо да порасне. Во својот прв книжевен текст, Ана Торма прави симпатична, симболична „замена“ на дете со рекиче и на мајка со река. Така, малите читатели полесно ќе се идентификуваат со приказната и ќе станат свесни дека сè во светот (и животните и растенијата…) е еден вид одраз на луѓето, поточно на растењето, на созревањето и на заминувањето на луѓето, како животен циклус. Рекичето на Торма и на Костуранов не е рекичка, како што вообичаено ги викаме малите реки. Таа е рекиче и со оваа зборовна финеса, со нетипичниот деминутив, се остварува дополнителна милост. Се онеобичува необичното, се намалува малото, се разнежнува нежното, но и се подвлекува индивидуалноста како битен патоказ во развојот на децата.

The post Промоција на „Рекичето што сакаше да порасне“ од Ване Костуранов и Ана Торма во Струмица appeared first on Република.

]]>
„Рекичето што сакаше да порасне“ на Ване Костуранов и Ана Торма е приказна за препреките што изгледаат невозможни и за нивното совладување https://republika.mk/vesti/kultura/rekicheto-shto-sakashe-da-porasne-na-vane-kosturanov-i-ana-torma-e-prikazna-za-preprekite-shto-izgledaat-nevozmozni-i-za-nivnoto-sovladuvanje/ Sat, 07 May 2022 17:27:17 +0000 https://republika.mk/?p=499187

Новата сликовница на познатиот македонски сликар, илустратор и автор на книги за деца Ване Костуранов, со текст на српската авторка Ана Торма – „Рекичето што сакаше да порасне“ беше промовирана вчера (петок, 6 мај), за време на Саемот на книгата. За пловноста на приказната на македонски јазик придонесе Бисера Бендевска. Заедно со уредничката и промоторка на книгата – Оливера Ќорвезироска, таа пред присутните на штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ го раскажа процесот на создавање и превод на книгата, што во првична верзија била напишана на српски јазик. Сепак, првото издание е на македонски јазик и е објава на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Ќорвезироска и Бендевска истакнаа дека „Рекичето што сакаше да порасне“ е нежна лирска алегорија за дете кое е нестрпливо да порасне. Во својот прв книжевен текст Ана Торма прави симпатична, симболична „замена“ на дете со рекиче и на мајка со река. Така, малите читатели полесно ќе се идентификуваат со приказната и ќе станат свесни дека сè во светот (и животните и растенијата...) е еден вид одраз на луѓето, поточно на растењето, на созревањето и на заминувањето на луѓето, како животен циклус.

Малкуте одбрани зборови на Торма, многуте препознатливи илустрации на Костуранов и необичниот формат на сликовницата што со своето вертикално отворање оддолу нагоре (наместо вообичаеното хоризонтално оддесно налево) и самата потсетува на река, создаваат една топла приказна што потекува низ детскиот свет првин тивко како поточе, потоа сè пожуборливо како планинска река; првин како нежно синило, потоа како богат колорит. Стравот, неизвесноста, но и радоста од растењето на рекичето-дете се предадени со богата емоционална палета на зборови и бои – подвлече уредничката.

Рекичето на Торма и на Костуранов не е рекичка, како што вообичаено ги викаме малите реки. Таа е рекиче и со оваа зборовна финеса, со нетипичниот деминутив, се остварува дополнителна милост. Се онеобичува необичното, се намалува малото, се разнежнува нежното,.. но и се подвлекува индивидуалноста како битен патоказ во развојот на децата.

Ова е петта книга за деца од Костуранов, во издание на „Арс Ламина“, по „Sвездено дете“ (2018), „Девојче и мече“ (2019), „Девојчето и градот“ (2020) и „Мирко Немирко“, со текст на Ана Ѓокиќ (2021). На промоцијата на новата книга тој рече дека покрај тоа што на децата преку книгите треба да им се пренесе порака, важно е делата да им пренесат и сенс за култура и уметност.

Убавината на оваа книга е тоа што таа е повеќеслојна и има неколку важни пораки – дека сè е менливо и во постојано движење, па дури и кога тоа не е видливо, растењето на секое живо суштество и животниот циклус од раѓање – до смрт, надминувањето на нашите најголеми стравови со поддршката од нашите најблиски, како и едукативниот момент со водниот циклус во природата... При работата на сликовницата беше тешко да се замисли и да се претстави реката како главен лик во приказната, затоа што реката е во постојано движење и постојано се трансформира. Важно беше да се долови севкупното чувство што се провлекува во книгата, дека, освен водата, која постојано ги менува облиците, всушност сè што е живо е во постојан процес на менување. Најчесто, текстовите што се голем предизвик за илустрирање се и дополнително инспиративни, бараат поголема посветеност, но нудат поголема уметничка слобода и креативност – рече тој.

Објасни и дека најтешкиот дел од работата на кој било илустратор и уметник е да успее да изгради препознатлив уметнички израз, да остане автентичен на неговата работа, а притоа да не се повторува...

Знам, звучи парадоксално, но секоја нова книга и секој нов проект на кој работам е нова креативна битка со себеси. Илустрациите за оваа сликовница се цртани на хартија и би рекол дека се најблиску до моето сликарство, а повеќето од нив би функционирале и посебно како слики – рече тој.

Ова е прво вакво авторско искуство на Ана Торма, која потекнува од Србија, а живее во Шпанија и се занимава со застапување автори на интернационалниот книжевен пазар. Иако не беше присутна на промоцијата, Торма им се обрати на читателите преку онлајн-допис.

Го знаете чувството кога се грижите за нешто што уште не се ни случило? „Рекичето што сакаше да порасне“ е приказна за препреките што изгледаат невозможни и за нивното совладување. Една рекиче, кое уште не станало река, оваа пролет по првпат ќе потече потполно само. За среќа, околу него има заедница која е негова постојана поддршка... Во текот на пандемијата на социјалните мрежи видов фотографија и краток текст на еден мој пријател, кој зборуваше за реката од неговиот крај, неговото доживување и трансформацијата на реката низ годините. Тој се менувал низ годините, но и реката... или можеби не? Голема љубителка сум на реки. Пораснав на Дунав и сето тоа заедно направи да се замислам и со тоа тргна приказната, рече таа.

Сликовницата „Рекичето што сакаше да порасне“, како и другите книги од Ване Костуранов, се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

The post „Рекичето што сакаше да порасне“ на Ване Костуранов и Ана Торма е приказна за препреките што изгледаат невозможни и за нивното совладување appeared first on Република.

]]>

Новата сликовница на познатиот македонски сликар, илустратор и автор на книги за деца Ване Костуранов, со текст на српската авторка Ана Торма – „Рекичето што сакаше да порасне“ беше промовирана вчера (петок, 6 мај), за време на Саемот на книгата. За пловноста на приказната на македонски јазик придонесе Бисера Бендевска. Заедно со уредничката и промоторка на книгата – Оливера Ќорвезироска, таа пред присутните на штандот на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ го раскажа процесот на создавање и превод на книгата, што во првична верзија била напишана на српски јазик. Сепак, првото издание е на македонски јазик и е објава на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Ќорвезироска и Бендевска истакнаа дека „Рекичето што сакаше да порасне“ е нежна лирска алегорија за дете кое е нестрпливо да порасне. Во својот прв книжевен текст Ана Торма прави симпатична, симболична „замена“ на дете со рекиче и на мајка со река. Така, малите читатели полесно ќе се идентификуваат со приказната и ќе станат свесни дека сè во светот (и животните и растенијата...) е еден вид одраз на луѓето, поточно на растењето, на созревањето и на заминувањето на луѓето, како животен циклус.
Малкуте одбрани зборови на Торма, многуте препознатливи илустрации на Костуранов и необичниот формат на сликовницата што со своето вертикално отворање оддолу нагоре (наместо вообичаеното хоризонтално оддесно налево) и самата потсетува на река, создаваат една топла приказна што потекува низ детскиот свет првин тивко како поточе, потоа сè пожуборливо како планинска река; првин како нежно синило, потоа како богат колорит. Стравот, неизвесноста, но и радоста од растењето на рекичето-дете се предадени со богата емоционална палета на зборови и бои – подвлече уредничката.
Рекичето на Торма и на Костуранов не е рекичка, како што вообичаено ги викаме малите реки. Таа е рекиче и со оваа зборовна финеса, со нетипичниот деминутив, се остварува дополнителна милост. Се онеобичува необичното, се намалува малото, се разнежнува нежното,.. но и се подвлекува индивидуалноста како битен патоказ во развојот на децата. Ова е петта книга за деца од Костуранов, во издание на „Арс Ламина“, по „Sвездено дете“ (2018), „Девојче и мече“ (2019), „Девојчето и градот“ (2020) и „Мирко Немирко“, со текст на Ана Ѓокиќ (2021). На промоцијата на новата книга тој рече дека покрај тоа што на децата преку книгите треба да им се пренесе порака, важно е делата да им пренесат и сенс за култура и уметност.
Убавината на оваа книга е тоа што таа е повеќеслојна и има неколку важни пораки – дека сè е менливо и во постојано движење, па дури и кога тоа не е видливо, растењето на секое живо суштество и животниот циклус од раѓање – до смрт, надминувањето на нашите најголеми стравови со поддршката од нашите најблиски, како и едукативниот момент со водниот циклус во природата... При работата на сликовницата беше тешко да се замисли и да се претстави реката како главен лик во приказната, затоа што реката е во постојано движење и постојано се трансформира. Важно беше да се долови севкупното чувство што се провлекува во книгата, дека, освен водата, која постојано ги менува облиците, всушност сè што е живо е во постојан процес на менување. Најчесто, текстовите што се голем предизвик за илустрирање се и дополнително инспиративни, бараат поголема посветеност, но нудат поголема уметничка слобода и креативност – рече тој.
Објасни и дека најтешкиот дел од работата на кој било илустратор и уметник е да успее да изгради препознатлив уметнички израз, да остане автентичен на неговата работа, а притоа да не се повторува...
Знам, звучи парадоксално, но секоја нова книга и секој нов проект на кој работам е нова креативна битка со себеси. Илустрациите за оваа сликовница се цртани на хартија и би рекол дека се најблиску до моето сликарство, а повеќето од нив би функционирале и посебно како слики – рече тој.
Ова е прво вакво авторско искуство на Ана Торма, која потекнува од Србија, а живее во Шпанија и се занимава со застапување автори на интернационалниот книжевен пазар. Иако не беше присутна на промоцијата, Торма им се обрати на читателите преку онлајн-допис.
Го знаете чувството кога се грижите за нешто што уште не се ни случило? „Рекичето што сакаше да порасне“ е приказна за препреките што изгледаат невозможни и за нивното совладување. Една рекиче, кое уште не станало река, оваа пролет по првпат ќе потече потполно само. За среќа, околу него има заедница која е негова постојана поддршка... Во текот на пандемијата на социјалните мрежи видов фотографија и краток текст на еден мој пријател, кој зборуваше за реката од неговиот крај, неговото доживување и трансформацијата на реката низ годините. Тој се менувал низ годините, но и реката... или можеби не? Голема љубителка сум на реки. Пораснав на Дунав и сето тоа заедно направи да се замислам и со тоа тргна приказната, рече таа.
Сликовницата „Рекичето што сакаше да порасне“, како и другите книги од Ване Костуранов, се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

The post „Рекичето што сакаше да порасне“ на Ване Костуранов и Ана Торма е приказна за препреките што изгледаат невозможни и за нивното совладување appeared first on Република.

]]>
„Приказни од моето маало“ започнаа со едукативно-креативна работилница под менторство на авторот и илустратор за деца Ване Костуранов https://republika.mk/vesti/kultura/prikazni-od-moeto-maalo-zapochnaa-so-edukativno-kreativna-rabotilnica-pod-mentorstvo-na-avtorot-i-ilustrator-za-deca-vane-kosturanov/ Sat, 09 Apr 2022 10:53:37 +0000 https://republika.mk/?p=485778

Градската библиотека „Благој Јанков - Мучето“ во Струмица е точката од каде што во средата вчера започна серијалот „Приказни од моето маало“.

„Приказни од моето маало“ започнаа со едукативно-креативна работилница под менторство на авторот и илустратор за деца Ване Костуранов. Тој пред учениците од ООУ „Сандо Масев“ прочита фрагменти од своите дела на тема екологија, а потоа заедно цртаа и креира според мотивот „Природата не’ сака сите“.

Тимот на Халки на Струмичката библиотека и’ донираше катче за читање, како и книги и сликовници за деца. Директората Тања Гошева, заблагодарувајќи се, упати порака за важноста на читањето книги, за читачките навики на нивните членови, како и за Струмица како град со богата културна традиција.

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, поддржувајќи ја пораката за важноста на книгата, го поздрави настанот читајќи дел од својата омилена книга од детството „Зоки Поки“ од Оливера Николова.

„Приказни од моето маало“ е циклус мултимедијални креативно-едукативни настани, кои ја поттикнуваат детската креативност и поддржуваат неформална едукација на најмладите на теми важни за денешнината: екологија, инклузија, прифаќање.

The post „Приказни од моето маало“ започнаа со едукативно-креативна работилница под менторство на авторот и илустратор за деца Ване Костуранов appeared first on Република.

]]>

Градската библиотека „Благој Јанков - Мучето“ во Струмица е точката од каде што во средата вчера започна серијалот „Приказни од моето маало“. „Приказни од моето маало“ започнаа со едукативно-креативна работилница под менторство на авторот и илустратор за деца Ване Костуранов. Тој пред учениците од ООУ „Сандо Масев“ прочита фрагменти од своите дела на тема екологија, а потоа заедно цртаа и креира според мотивот „Природата не’ сака сите“. Тимот на Халки на Струмичката библиотека и’ донираше катче за читање, како и книги и сликовници за деца. Директората Тања Гошева, заблагодарувајќи се, упати порака за важноста на читањето книги, за читачките навики на нивните членови, како и за Струмица како град со богата културна традиција. Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, поддржувајќи ја пораката за важноста на книгата, го поздрави настанот читајќи дел од својата омилена книга од детството „Зоки Поки“ од Оливера Николова. „Приказни од моето маало“ е циклус мултимедијални креативно-едукативни настани, кои ја поттикнуваат детската креативност и поддржуваат неформална едукација на најмладите на теми важни за денешнината: екологија, инклузија, прифаќање.

The post „Приказни од моето маало“ започнаа со едукативно-креативна работилница под менторство на авторот и илустратор за деца Ване Костуранов appeared first on Република.

]]>