Ванчо Ѓорѓиев Archives - Република https://republika.mk/tema/vancho-gjorgjiev/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Oct 2024 15:19:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ванчо Ѓорѓиев Archives - Република https://republika.mk/tema/vancho-gjorgjiev/ 32 32 Ѓорѓиев: Средбата на Комисијата за историски прашања во конструктивна атмосфера, следната до крајот на годината во Софија https://republika.mk/vesti/makedonija/gorgiev-sredbata-na-komisijata-za-istoriski-prashana-vo-konstruktivna-atmosfera-slednata-do-krajot-na-godinata-vo-sofija/ Fri, 25 Oct 2024 15:36:01 +0000 https://republika.mk/?p=831043

Средбата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, што денеска и вчера се одржа во Скопје, поминала во позитивен дух и конструктивна атмосфера со динамична и отворена дискусија за прашања од делокругот на работата на Комисијата, соопштија од Комисијата за историски прашања со Бугарија.

- На средбата се дискутираше за принципите за работа како и за протоколарни и процедурално- технички прашања за работата на Комисијата. Комисијата работеше и на усогласување на Записниците од претходните средби, а стана збор и за препораките за македонските учебници за VII одделение, се наведува во соопштението од претседателот на Комисијата, проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев.

Следната средба на Комисијата ќе се одржи до крајот на годината во Софија.

The post Ѓорѓиев: Средбата на Комисијата за историски прашања во конструктивна атмосфера, следната до крајот на годината во Софија appeared first on Република.

]]>

Копретседавачите на македонско-бугарската комисија го усогласуваат терминот за следниот состанок https://republika.mk/vesti/makedonija/kopretsedavachite-na-makedonsko-bugarskata-komisija-go-usoglasuvaat-terminot-za-sledniot-sostanok/ Wed, 18 Sep 2024 17:10:18 +0000 https://republika.mk/?p=817560

Копретседавачите на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања, Ванчо Ѓорѓиев од македонска страна и Ангел Димитров од бугарска, го усогласуваат датумот за одржување на следниот состанок на ова тело, кое произлезе од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји.

- Во текот на вчерашниот ден официјално испратив иницијален мејл до бугарскиот копретседавач Ангел Димитров за утврдување на датум за претстојната средба. Датум се договара заеднички меѓу двајцата копретседатели за да се усогласат термините за одржување на средбата. Денеска добив повратен мејл во кој тие замолуваат дека им се потребни меѓусебни консултации за да се усогласи терминот, изјави за МИА копретседавачот од македонскиот состав на Комисијата, Ванчо Ѓорѓиев.

Владата минатата недела го смени составот на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, а на местото на Драги Ѓорѓиев, како копретседавач го именуваше Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет, како и Митко Панов, историчар од Институтот за национална историја; Александар Литовски (поранешен член кому претходната влада не му го продолжила договорот), Никола Минов, професор по историја на Филизофскиот факултет; Сашо Додевски, насловен доцент од Институтот за историја на Филозофскиот факултет; Бесник Емини, историчар од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје и Димитар Љоровски (и претходно беше член), историчар, вработен во Институтот за национална историја.

Комисијата беше формирана во 2017 година по потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, а досега усвои препораки за заедничко чествување на Кирил и Методиј, Наум Охридски, Климент Охридски и Цар Самуил и пет препораки за измени во учебници во двете земји.

The post Копретседавачите на македонско-бугарската комисија го усогласуваат терминот за следниот состанок appeared first on Република.

]]>

Копретседавачите на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања, Ванчо Ѓорѓиев од македонска страна и Ангел Димитров од бугарска, го усогласуваат датумот за одржување на следниот состанок на ова тело, кое произлезе од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји.
- Во текот на вчерашниот ден официјално испратив иницијален мејл до бугарскиот копретседавач Ангел Димитров за утврдување на датум за претстојната средба. Датум се договара заеднички меѓу двајцата копретседатели за да се усогласат термините за одржување на средбата. Денеска добив повратен мејл во кој тие замолуваат дека им се потребни меѓусебни консултации за да се усогласи терминот, изјави за МИА копретседавачот од македонскиот состав на Комисијата, Ванчо Ѓорѓиев.
Владата минатата недела го смени составот на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, а на местото на Драги Ѓорѓиев, како копретседавач го именуваше Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет, како и Митко Панов, историчар од Институтот за национална историја; Александар Литовски (поранешен член кому претходната влада не му го продолжила договорот), Никола Минов, професор по историја на Филизофскиот факултет; Сашо Додевски, насловен доцент од Институтот за историја на Филозофскиот факултет; Бесник Емини, историчар од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје и Димитар Љоровски (и претходно беше член), историчар, вработен во Институтот за национална историја. Комисијата беше формирана во 2017 година по потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија, а досега усвои препораки за заедничко чествување на Кирил и Методиј, Наум Охридски, Климент Охридски и Цар Самуил и пет препораки за измени во учебници во двете земји.

The post Копретседавачите на македонско-бугарската комисија го усогласуваат терминот за следниот состанок appeared first on Република.

]]>
Проф. Ванчо Ѓорѓиев назначен за нов претседател на Комисијата за историски прашања со Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/prof-vancho-gorgiev-naznachen-za-nov-pretsedatel-na-komisijata-za-istoriski-prashana-so-bugarija/ Tue, 10 Sep 2024 20:33:45 +0000 https://republika.mk/?p=815110

Владата на затворена седница го назначила Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, за претседател на Комисијата за историски прашања со Бугарија.

Членови на Комисијата се и д-р Александар Литовски, научен соработник при Институтот за национална историја во Скопје, д-р Митко Панов, научен советник при Институтот за национална историја во Скопје, Д-р Никола Минов, вонреден професор на Филозофскиот факултет во Скопје при УКИМ – Скопје, Доц. д-р Сашо Додевски, насловен доцент избран на Филозофскиот факултет во Скопје, Д-р Бесник Емини, виш научен соработник на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје и д-р Димитар Љоровски, научен советник при Институтот за национална историја во Скопје

Проф. Ѓорѓиев доаѓа на местото на Драги Ѓоргиев, кој неколку години ја предводеше историската комисија.

The post Проф. Ванчо Ѓорѓиев назначен за нов претседател на Комисијата за историски прашања со Бугарија appeared first on Република.

]]>

Владата на затворена седница го назначила Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, за претседател на Комисијата за историски прашања со Бугарија. Членови на Комисијата се и д-р Александар Литовски, научен соработник при Институтот за национална историја во Скопје, д-р Митко Панов, научен советник при Институтот за национална историја во Скопје, Д-р Никола Минов, вонреден професор на Филозофскиот факултет во Скопје при УКИМ – Скопје, Доц. д-р Сашо Додевски, насловен доцент избран на Филозофскиот факултет во Скопје, Д-р Бесник Емини, виш научен соработник на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје и д-р Димитар Љоровски, научен советник при Институтот за национална историја во Скопје Проф. Ѓорѓиев доаѓа на местото на Драги Ѓоргиев, кој неколку години ја предводеше историската комисија.

The post Проф. Ванчо Ѓорѓиев назначен за нов претседател на Комисијата за историски прашања со Бугарија appeared first on Република.

]]>
Гоце Делчев го чкртнал Уставот на организацијата каде пишувале Бугари, тој е Македонец https://republika.mk/vesti/makedonija/gotse-delchev-go-chkrtnal-ustavot-na-organizatsijata-kade-pishuvale-bugari-toj-e-makedonets/ Sat, 04 Feb 2023 15:37:21 +0000 https://republika.mk/?p=604821

На денешната трибина насловена „Гоце е Македонија“ во рамките на одбележувањето на 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на ВМРО, се обрати професорот Ванчо Ѓорѓиев. Тој посочи дека Гоце Делчев го има чкртнано делот во Уставот на организацијата каде пишувало Бугарска и Бугарин па пишал Македонец.

„Автоголот на Бугарската историографија е кога тие редовно кога зборуваат за тие теми тие се повикуваат за еден Устав и правилник на бугарски македонско одрински револуционерни комитети , при што прават едно антидатирање на овој документ и подметнуваат дека наводниот документ е напишан лично од Гоце Делчев, во тој Устав и член стои дека во таа организација член може да биде секој Бугарин и оттука се обидуваат да извлечат име на организацијата“, рече Ѓорѓиев.

Тој додаде дека играјќи си понатаму со тој Устав, Бугарите отидоа до таму што заборавија од каде почнаа со фалсикувањето и со подметнувањето.

„Таму се вели дека Гоце Делчев вршел корекции на овој Устав во 1902 година, каде има ракопис на Гоце Делчев како чкртал по него, а што пречкртал всушност тој ? Името каде стои бугарска и Бугарин па пишал Македонец“, дециден е Ѓорѓиев.

Ѓорѓиев потенцираше да се запрашаат Бугарите каков е тој парадокс тоа да Гоце пишал Бугарин па го чкртнал па пишал Македонец. Штом Гоце ги избришал Бугарите од уставот, тогаш и ние нема да ги внесеме.

The post Гоце Делчев го чкртнал Уставот на организацијата каде пишувале Бугари, тој е Македонец appeared first on Република.

Ѓорѓиев: Гоце Делчев е симбол на една епоха и борба на македонскиот народ за слободна македонска држава https://republika.mk/vesti/makedonija/gorgiev-gotse-delchev-e-simbol-na-edna-epoha-i-borba-na-makedonskiot-narod-za-slobodna-makedonska-drzhava/ Sat, 04 Feb 2023 15:09:45 +0000 https://republika.mk/?p=604813

„Годинава имаме и 120 години од Илинденското востание, имаме 130 години од создавањето на македонската револуционерна организација, 120 години од загинувањето на Гоце Делчев, 120 години од објавувањето на „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков. Овде станува збор за година на многу чествувања, година која е исполнета со македонска борба, со македонски пројави за македонска држава “,изјави професорот Ванчо Ѓорѓиев на денешната трибина насловена „Гоце е Македонија“ во рамките на одбележувањето на 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на ВМРО.

Тој додаде дека денес, денешниот ден е прогласен за ден со висок безбедносен ризик а пак над главите на жителите на главниот град летале хеликоптери, како да е ситуација во воена состојба.

„Гоце Делчев е симбол на една епоха, на една борба на македонскиот народ, борба за слободна македонска држава или во најмала мера, како што тие планирале да влезе како рамноправен и државотворен член на една поширока балканска конфедерација или федерација“, рече Ѓорѓиев.

Тој посочи дека организација на која припаѓал Гоце Делчев е организација која размислувала за интеграција и спојување на народите.

„Оваа организација кон која припаѓал Гоце Делчев и многу современици всушност е организација која е далеку далеку пред сите на Балканот која размислувала за интеграција, спојување на народите, државите и за развој на економијата за просперитет и отворени граници. Додека пак другите се залагаа за проширување на своите територии за грабување на туѓи народи“, вели Ѓорѓиев.

The post Ѓорѓиев: Гоце Делчев е симбол на една епоха и борба на македонскиот народ за слободна македонска држава appeared first on Република.

]]>

„Годинава имаме и 120 години од Илинденското востание, имаме 130 години од создавањето на македонската револуционерна организација, 120 години од загинувањето на Гоце Делчев, 120 години од објавувањето на „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков. Овде станува збор за година на многу чествувања, година која е исполнета со македонска борба, со македонски пројави за македонска држава “,изјави професорот Ванчо Ѓорѓиев на денешната трибина насловена „Гоце е Македонија“ во рамките на одбележувањето на 120 години од Илинденското востание и 130 години од основањето на ВМРО. Тој додаде дека денес, денешниот ден е прогласен за ден со висок безбедносен ризик а пак над главите на жителите на главниот град летале хеликоптери, како да е ситуација во воена состојба. „Гоце Делчев е симбол на една епоха, на една борба на македонскиот народ, борба за слободна македонска држава или во најмала мера, како што тие планирале да влезе како рамноправен и државотворен член на една поширока балканска конфедерација или федерација“, рече Ѓорѓиев. Тој посочи дека организација на која припаѓал Гоце Делчев е организација која размислувала за интеграција и спојување на народите. „Оваа организација кон која припаѓал Гоце Делчев и многу современици всушност е организација која е далеку далеку пред сите на Балканот која размислувала за интеграција, спојување на народите, државите и за развој на економијата за просперитет и отворени граници. Додека пак другите се залагаа за проширување на своите територии за грабување на туѓи народи“, вели Ѓорѓиев.

The post Ѓорѓиев: Гоце Делчев е симбол на една епоха и борба на македонскиот народ за слободна македонска држава appeared first on Република.

]]>
Проф. Ѓеоргиев: Македонија денес ја гледам како една понижена, потчинета држава на којашто и се оспоруваат сите легитимни права на сопствена идентификација https://republika.mk/vesti/makedonija/prof-gjeorgiev-makedonija-denes-ja-gledam-kako-edna-ponizena-potchineta-drzava-na-kojashto-i-se-osporuvaat-site-legitimni-prava-na-sopstvena-identifikacija/ Thu, 08 Dec 2022 16:55:29 +0000 https://republika.mk/?p=583331

Република Македонија денес ја гледам како една понижена, потчинета држава, држава на којашто и се оспоруваат сите нејзини легитимни права на сопствена идентификација, и јазична, и културолошка, и во историска смисла. Тоа значи, би рекол, една држава доведена во подредена положба однадвор истакна проф. Ванчо Ѓоргиев во интервју за „Република“.

Тој стручно го објаснува делувањето на Ванчо Михајлов и сите негови контроверзи и обидот се она што е лошо кај него да се прилепи за ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vancho-gjorgiev-promenite-za-ohridskata-arhiepiskopija-se-odnesuvaat-na-nashite-a-ne-i-na-bugarskite-uchebnici/

Да, навистина името на Ванчо Михајлов е контроверзно, такво е, какво што е, и нема што да се додаде или одземе. Неговата улога е општопозната, дури на крајот и една Бугарија ја забрани, свесно или несвесно, неговата организација. Исто така, и на другата страна, еве ние бевме свдоци како се подметнуваа летоци, разни именувања на оваа организација, така и во последно време се обнови таа приказна, обидувајќи се некој ВМРО-ДПМНЕ да ја спореди со некогашното ВМРО на Ванчо Михајлов, да покажеме некојси континуитет. Да расчистиме, ВМРО-ДПМНЕ е современа политичка партија, регистрирана согласно законите на Република Македонија, со јасна политичка програма и цел, партија која што се бори во современи услови за развој на македонската држава. А, ако некој се обидува да бара некаков континуитет, тогаш треба да го бара во севкупното делување на ВМРО, да зборува и за ВМРО-Обединета, да зборува и за Македонската револуционерна организација од 1893, којашто го донесе Илинден и за оние илинденци, кои потоа пртставуваа континуитет помежу некогашната МРО и Илинден од 1944 година, на Второто заседание на АСНОМ. Ние сме сите сведоци каква беше улогата, да речеме, на Димитар Влахов, на Павел Шатев, како тие луѓе беа кооптирани, така што таквото етикетирање, што доаѓа сега, е некоректно и би рекол удбашки метод, метод познат за едно друго време од раните години на македонската држава, на југословенската федерација, од време на ИБ, методи коишто во недостаток на аргументи и понудена програма за излез од севкупната криза во којашто се наоѓа државата, не им останува ништо друго, освен да ги етикетираат другите со недолични и непристојни епитети или квалификации, коишто немаат, би рекол, ниту историска, ниту, пак, морална подлога, вели проф. Ѓоргиев.

https://www.youtube.com/watch?v=2xfSjZ_KBbU

The post Проф. Ѓеоргиев: Македонија денес ја гледам како една понижена, потчинета држава на којашто и се оспоруваат сите легитимни права на сопствена идентификација appeared first on Република.

]]>

Република Македонија денес ја гледам како една понижена, потчинета држава, држава на којашто и се оспоруваат сите нејзини легитимни права на сопствена идентификација, и јазична, и културолошка, и во историска смисла. Тоа значи, би рекол, една држава доведена во подредена положба однадвор истакна проф. Ванчо Ѓоргиев во интервју за „Република“.
Тој стручно го објаснува делувањето на Ванчо Михајлов и сите негови контроверзи и обидот се она што е лошо кај него да се прилепи за ВМРО-ДПМНЕ. https://republika.mk/vesti/makedonija/vancho-gjorgiev-promenite-za-ohridskata-arhiepiskopija-se-odnesuvaat-na-nashite-a-ne-i-na-bugarskite-uchebnici/
Да, навистина името на Ванчо Михајлов е контроверзно, такво е, какво што е, и нема што да се додаде или одземе. Неговата улога е општопозната, дури на крајот и една Бугарија ја забрани, свесно или несвесно, неговата организација. Исто така, и на другата страна, еве ние бевме свдоци како се подметнуваа летоци, разни именувања на оваа организација, така и во последно време се обнови таа приказна, обидувајќи се некој ВМРО-ДПМНЕ да ја спореди со некогашното ВМРО на Ванчо Михајлов, да покажеме некојси континуитет. Да расчистиме, ВМРО-ДПМНЕ е современа политичка партија, регистрирана согласно законите на Република Македонија, со јасна политичка програма и цел, партија која што се бори во современи услови за развој на македонската држава. А, ако некој се обидува да бара некаков континуитет, тогаш треба да го бара во севкупното делување на ВМРО, да зборува и за ВМРО-Обединета, да зборува и за Македонската револуционерна организација од 1893, којашто го донесе Илинден и за оние илинденци, кои потоа пртставуваа континуитет помежу некогашната МРО и Илинден од 1944 година, на Второто заседание на АСНОМ. Ние сме сите сведоци каква беше улогата, да речеме, на Димитар Влахов, на Павел Шатев, како тие луѓе беа кооптирани, така што таквото етикетирање, што доаѓа сега, е некоректно и би рекол удбашки метод, метод познат за едно друго време од раните години на македонската држава, на југословенската федерација, од време на ИБ, методи коишто во недостаток на аргументи и понудена програма за излез од севкупната криза во којашто се наоѓа државата, не им останува ништо друго, освен да ги етикетираат другите со недолични и непристојни епитети или квалификации, коишто немаат, би рекол, ниту историска, ниту, пак, морална подлога, вели проф. Ѓоргиев.
https://www.youtube.com/watch?v=2xfSjZ_KBbU

The post Проф. Ѓеоргиев: Македонија денес ја гледам како една понижена, потчинета држава на којашто и се оспоруваат сите легитимни права на сопствена идентификација appeared first on Република.

]]>
Ѓорѓиев: Негирањето, присвојувањето и премолчувањето на Делчев почнува од 1904, од првата негова биографија https://republika.mk/vesti/makedonija/gjorgjiev-negiranjeto-prisvojuvanjeto-i-premolchuvanjeto-na-delchev-pochnuva-od-1904-od-prvata-negova-biografija/ Wed, 04 May 2022 19:12:27 +0000 https://republika.mk/?p=497697

Историчарот и универзитетски професор, д-р Ванчо Ѓорѓиев, се надоврза на зборови кои се објавени во македонското списание „Свето дело“ кои излегувало во Ќустендил 1903 година во неговиот број за месец мај и јуни по повод смртта на великанот.

„Зарек и как Ѓорѓи Делчев е страшниот Гоце умрел. Вдахновителот на македонскиот народ, претичета на македонската слобода, умрел. Неверувајте во тоа, о робје, не верувајте и вие ученици на великиот учител, на бесмртниот рамногорец, не верувајте. Ѓорѓи Делчев  е жив, пожив од нас живите и сега да тој, едвај сега ќе заживее во народната песна, во народната свест, во народната историја и неговиот лик ќе биде отпечатен во срцето на секој Македонец“, цитираше Ѓорѓиев дел од писание после смртта на Гоце Делчев, додавајќи дека ова го прочита овој дел за да македонската јавност виде како Делчев е преставен во моменти кога сега се оспорува неговиот лик и дело, односно се присвојува.

Тој додаде дека во 1904 година излезе првата биографија за Гоце Делчев од неговиот подвижник, Пеју Јаворов, кој е прекрасен поет и кој последните денови ги поминал со Гоце и веднаш по објавувањето, во списанието „Македонија“ е направен приказ на книгата во кој има многу сериозна забелешка за Јаворов во кој се вели Јаворов е одличен поет, но многу лош историчар затоа што го прикри и девалвира македонскиот сепаратизам, однесувајќи се на политички сепаратизам.

„И се додава, Јаворов не ја разбрал суштината на македонскиот сепаратизам. Тоа не е само политички сепаратизам, тоа е и национален сепаратизам, сепаратизам на Македонците воопшто“, рече Ѓорѓиев, кој вели дека ова го зборува, со цел македонската јавност да види уште од кога, практично, почнува негирањето или присвојувањето и премолчувањето.

Ѓорѓиев додаде дека Јаворов не може да се третира како човек кој свесно присвојувал, но тој свесно премолчувал одредени моменти од историјата на Македонија, од историјата на Гоце Делчев.

The post Ѓорѓиев: Негирањето, присвојувањето и премолчувањето на Делчев почнува од 1904, од првата негова биографија appeared first on Република.

Ѓорѓиев: Несигурноста на Бугарите во сопствениот идентитет е причина за посегање по македонскиот https://republika.mk/vesti/makedonija/gjorgjiev-nesigurnosta-na-bugarite-vo-sopstveniot-identitet-e-prichina-za-poseganje-po-makedonskiot/ Tue, 25 Jan 2022 07:29:05 +0000 https://republika.mk/?p=448991

Криза на идентитетот е единствениот логичен одговор на однесувањето на Бугарија кон македонскиот народ и јазикот. Поранешениот член на македонско-бугарската комисија за историски прашања, професорот Ванчо Ѓорѓиев, го толкува негирањето на македонскиот идентитет од официјална Софија како несигурност во сопствениот.

Во самото постоење на Македонија и на Македонците гледаат закана. Всушност, тоа можам да го толкувам и на еден друг начин – криза на идентитетот во Бугарија. Тоа е проблем, несигурност во сопствениот идентитет. Посегањето по туѓ идентитет е несигурност и во сопствениот идентитет. Ден-денеска науката во Бугарија сè уште талка и ги менува теориите за потеклото на Бугарите – од таму се, од ваму, Словени, не знам, а сега најнова им е индоевропската теорија. Постојано ги менуваат. Тоа е сериозен проблем за анализа, изјави Ѓорѓиев во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ.

The post Ѓорѓиев: Несигурноста на Бугарите во сопствениот идентитет е причина за посегање по македонскиот appeared first on Република.