Валериј Залужни Archives - Република https://republika.mk/tema/valerij-zaluzni/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Mar 2024 21:39:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Валериј Залужни Archives - Република https://republika.mk/tema/valerij-zaluzni/ 32 32 Зеленски ќе го прати Залужни да биде амбасадор во Велика Британија https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-ke-go-prati-zaluzhni-da-bide-ambasador-vo-velika-britanija/ Thu, 07 Mar 2024 22:04:02 +0000 https://republika.mk/?p=752457

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја одобри кандидатурата на поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни за вонреден и ополномоштен амбасадор во Велика Британија, јавија украинските медиуми повикувајќи се на Министерството за надворешни работи на Украина.

Во четврток, 7 март 2024 година, претседателот на Украина ја одобри кандидатурата на Валериј Залужни за функцијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Украина во Обединетото Кралство на Велика Британија и Cеверна Ирска. Министерството за надворешни работи на Украина го испрати соодветното барање за согласност до британската страна“, се вели во официјалното соопштение на Министерството за надворешни работи на Украина.

https://republika.mk/vesti/svet/smenetiot-komandant-na-vojskata-zaluzhni-bi-go-pobedil-zelenski-dokolku-se-odrzhat-pretsedatelski-izbori-vo-ukraina/

На 8 февруари 2024 година, претседателот на Украина потпиша указ за смена на Залужни од позицијата врховен командант на украинските вооружени сили. Залужни ја извршуваше функцијата од 2021 година. Александр Сирски стана нов врховен командант.

The post Зеленски ќе го прати Залужни да биде амбасадор во Велика Британија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја одобри кандидатурата на поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни за вонреден и ополномоштен амбасадор во Велика Британија, јавија украинските медиуми повикувајќи се на Министерството за надворешни работи на Украина.
Во четврток, 7 март 2024 година, претседателот на Украина ја одобри кандидатурата на Валериј Залужни за функцијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Украина во Обединетото Кралство на Велика Британија и Cеверна Ирска. Министерството за надворешни работи на Украина го испрати соодветното барање за согласност до британската страна“, се вели во официјалното соопштение на Министерството за надворешни работи на Украина.
https://republika.mk/vesti/svet/smenetiot-komandant-na-vojskata-zaluzhni-bi-go-pobedil-zelenski-dokolku-se-odrzhat-pretsedatelski-izbori-vo-ukraina/ На 8 февруари 2024 година, претседателот на Украина потпиша указ за смена на Залужни од позицијата врховен командант на украинските вооружени сили. Залужни ја извршуваше функцијата од 2021 година. Александр Сирски стана нов врховен командант.

The post Зеленски ќе го прати Залужни да биде амбасадор во Велика Британија appeared first on Република.

]]>
Сменетиот командант на војската Залужни би го победил Зеленски доколку се одржат претседателски избори во Украина https://republika.mk/vesti/svet/smenetiot-komandant-na-vojskata-zaluzhni-bi-go-pobedil-zelenski-dokolku-se-odrzhat-pretsedatelski-izbori-vo-ukraina/ Thu, 07 Mar 2024 21:15:45 +0000 https://republika.mk/?p=752408

Поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни би победил на евентуалните претседателски избори во Украина.

Според анкетата изработена од „Социс“, Залужни би добил двојно повеќе гласови од Зеленски доколку изборите се одржат сега.

Во првиот круг Залужни би имал 48,2% од гласовите, Зеленски 23,3%, поранешниот претседател Петро Порошенко 6,4%, додека поранешниот претседаел на државната Рада, Дмитро Разумков би имал 5,6% од гласовите.

Во таков случај, би имало втор круг од изборите, во кој Залужни би добил 67,5%, а Зеленски 32,5% од гласовите.

The post Сменетиот командант на војската Залужни би го победил Зеленски доколку се одржат претседателски избори во Украина appeared first on Република.

]]>

Поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни би победил на евентуалните претседателски избори во Украина. Според анкетата изработена од „Социс“, Залужни би добил двојно повеќе гласови од Зеленски доколку изборите се одржат сега. Во првиот круг Залужни би имал 48,2% од гласовите, Зеленски 23,3%, поранешниот претседател Петро Порошенко 6,4%, додека поранешниот претседаел на државната Рада, Дмитро Разумков би имал 5,6% од гласовите. Во таков случај, би имало втор круг од изборите, во кој Залужни би добил 67,5%, а Зеленски 32,5% од гласовите.  

The post Сменетиот командант на војската Залужни би го победил Зеленски доколку се одржат претседателски избори во Украина appeared first on Република.

]]>
Зеленски го прогласи Залужни за херој на Украина https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-go-proglasi-zaluzhni-za-heroj-na-ukraina/ Fri, 09 Feb 2024 11:51:17 +0000 https://republika.mk/?p=742193

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска го прогласи Валериј Залужни за херој на Украина, еден ден откако популарниот генерал беше сменет од функцијата врховен командант на армијата, пренесува Укринформ.

За исклучителни лични заслуги во заштитата на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, несебичното служење на украинскиот народ, наредувам: да му се додели титулата Херој на Украина со орденот Златна ѕвезда на генералот Залужни Валери. Федорович“, се наведува во указот на украинскиот претседател.

Вчера Зеленски го назначи Олександр Сирски за врховен командант на вооружените сили на Украина, откако претходно беше разрешен Залужни.

The post Зеленски го прогласи Залужни за херој на Украина appeared first on Република.

Залужни ќе биде сменет зошто тајно преговарал прекин на војната во Украина! https://republika.mk/vesti/svet/zaluzhni-ke-bide-smenet-zoshto-tajno-pregovaral-prekin-na-vojnata-vo-ukraina/ Sun, 04 Feb 2024 11:15:10 +0000 https://republika.mk/?p=739904

Желбата на украинскиот претседател Володимир Зеленски да го смени врховниот командант на вооружените сили на Украина Валери Залужни е последица на тајните преговори на украинскиот командант со Западот за прекин на конфликтот со Русија, изјави американскиот новинар Сејмур Херш.

https://republika.mk/vesti/svet/zaluzhni-zelenski-e-homoseksualets-i-narkoman/

Според него, „драмата“ во Киев исплашила многумина во Вашингтон. Тој посочи дека таму во моментов се разговара за стратегијата за ставање крај на конфликтот „со цел да се прекинат воените операции и да се усогласи финансискиот план за Украина“.

Новинарот нагласува дека претходните изјави на Залужни за безизлезната состојба на украинската армија на бојното поле не биле однапред разговарани со Зеленски, но тие знаеле за нив во американската престолнина.

„Некои во Пентагон и во одделот за разузнавање ја поздравија оценката на Залузни како почеток на неизбежен процес што води кон мир“, рече Херш.

Истовремено, според информациите на Херш, САД планираат да го поддржат врховниот командант на вооружените сили на Украина и да иницираат реформи во земјата кои ќе доведат до смена на актуелниот претседател.

The post Залужни ќе биде сменет зошто тајно преговарал прекин на војната во Украина! appeared first on Република.

]]>

Желбата на украинскиот претседател Володимир Зеленски да го смени врховниот командант на вооружените сили на Украина Валери Залужни е последица на тајните преговори на украинскиот командант со Западот за прекин на конфликтот со Русија, изјави американскиот новинар Сејмур Херш. https://republika.mk/vesti/svet/zaluzhni-zelenski-e-homoseksualets-i-narkoman/ Според него, „драмата“ во Киев исплашила многумина во Вашингтон. Тој посочи дека таму во моментов се разговара за стратегијата за ставање крај на конфликтот „со цел да се прекинат воените операции и да се усогласи финансискиот план за Украина“. Новинарот нагласува дека претходните изјави на Залужни за безизлезната состојба на украинската армија на бојното поле не биле однапред разговарани со Зеленски, но тие знаеле за нив во американската престолнина.
„Некои во Пентагон и во одделот за разузнавање ја поздравија оценката на Залузни како почеток на неизбежен процес што води кон мир“, рече Херш. Истовремено, според информациите на Херш, САД планираат да го поддржат врховниот командант на вооружените сили на Украина и да иницираат реформи во земјата кои ќе доведат до смена на актуелниот претседател.

The post Залужни ќе биде сменет зошто тајно преговарал прекин на војната во Украина! appeared first on Република.

]]>
Залужни: Зеленски е хомосексуалец и наркоман https://republika.mk/vesti/svet/zaluzhni-zelenski-e-homoseksualets-i-narkoman/ Sat, 03 Feb 2024 16:01:08 +0000 https://republika.mk/?p=740040

На интернет се појави транскрипт од прислушувањето на телефонот на врховниот командант на украинската армија, генерал Валериј Залужни. Транскриптот содржи многу навредливи зборови за украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Разузнавачките агенции побрзаа да тврдат дека снимката е генерирана од вештачка интелигенција. Сепак, бројни хакерски канали веќе ја потврдија нивната автентичност.

Во разговор со генералот Александар Сирски на 28 ноември, врховниот командант навести за промена на сексуалната ориентација на Зеленски.

- Нека влезе во неговата сина кочија и... - вели Залужни.

Подоцна му рекол на интервјуерот дека одбил да разговара со претседателот бидејќи се дрогирал.

Сега нема да разговарам со него, тој под дејство на дрога.

Во разговор со советникот на Зеленски, Михаил Подољак, Залужни рече дека цела Украина му се смее на Зеленски.

- Дали си го видел неговото лице? Тој е ретардиран. Цела земја се смее – изјави шефот на вооружените сили на Украина

The post Залужни: Зеленски е хомосексуалец и наркоман appeared first on Република.

]]>

На интернет се појави транскрипт од прислушувањето на телефонот на врховниот командант на украинската армија, генерал Валериј Залужни. Транскриптот содржи многу навредливи зборови за украинскиот претседател Володимир Зеленски. Разузнавачките агенции побрзаа да тврдат дека снимката е генерирана од вештачка интелигенција. Сепак, бројни хакерски канали веќе ја потврдија нивната автентичност. Во разговор со генералот Александар Сирски на 28 ноември, врховниот командант навести за промена на сексуалната ориентација на Зеленски.
- Нека влезе во неговата сина кочија и... - вели Залужни.
Подоцна му рекол на интервјуерот дека одбил да разговара со претседателот бидејќи се дрогирал. Сега нема да разговарам со него, тој под дејство на дрога. Во разговор со советникот на Зеленски, Михаил Подољак, Залужни рече дека цела Украина му се смее на Зеленски.
- Дали си го видел неговото лице? Тој е ретардиран. Цела земја се смее – изјави шефот на вооружените сили на Украина

The post Залужни: Зеленски е хомосексуалец и наркоман appeared first on Република.

]]>
Тајмс: Зеленски се откажал од обидот да го смени генералот Залужни https://republika.mk/vesti/svet/tajms-zelenski-se-otkazhal-od-obidot-da-go-smeni-generalot-zaluzhni/ Wed, 31 Jan 2024 12:34:00 +0000 https://republika.mk/?p=739015

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обиде да го смени врховниот командант на вооружените сили на Украина, генерал Валериј Залужни, од функцијата, но тој одби да ја послуша наредбата, а другите високи воени офицери не прифатија да ја преземат неговата функција. Ова го принуди Зеленски да се откаже од своите планови, јави ДПА.

Британскиот весник „Тајмс“ во вторникот објави дека Залужни бил повикан на приватна средба со Зеленски, според високи офицери. Таму биле присутни и советниците на украинскиот претседател.

Залужни за време на средбата, во понеделникот, им кажал дека нивната оценка за воената ситуација е попозитивна од она што всушност се случува на фронтот. Потоа е побарано од него да поднесе оставка.

Како што пренесуваат медиумите, кога генералот одбил, Зеленски рекол дека ќе потпише указ за негово отпуштање. Откако потенцијалните наследници на Залужни ја одбиле понудата за преземање на функцијата врховен командант, Зеленски беше принуден да отстапи и да го остави Залужни на позицијата.

Тајмс пишува дека Зеленски бил принуден да ја промени оваа одлука под притисок на САД и Обединетото Кралство, како и високи воени функционери.

За обидот за разрешување на Залужни објави и британски „Гардијан“, повикувајќи се на пратеници од опозицијата.

Украинското Министерство за одбрана ги негираше извештаите за разрешување на врховниот командант Залужни, објавени на Телеграм.

Односите меѓу Зеленски и Залужни со недели се оценуваат како затегнати поради неуспешната контраофанзива против руските сили.

The post Тајмс: Зеленски се откажал од обидот да го смени генералот Залужни appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обиде да го смени врховниот командант на вооружените сили на Украина, генерал Валериј Залужни, од функцијата, но тој одби да ја послуша наредбата, а другите високи воени офицери не прифатија да ја преземат неговата функција. Ова го принуди Зеленски да се откаже од своите планови, јави ДПА. Британскиот весник „Тајмс“ во вторникот објави дека Залужни бил повикан на приватна средба со Зеленски, според високи офицери. Таму биле присутни и советниците на украинскиот претседател. Залужни за време на средбата, во понеделникот, им кажал дека нивната оценка за воената ситуација е попозитивна од она што всушност се случува на фронтот. Потоа е побарано од него да поднесе оставка. Како што пренесуваат медиумите, кога генералот одбил, Зеленски рекол дека ќе потпише указ за негово отпуштање. Откако потенцијалните наследници на Залужни ја одбиле понудата за преземање на функцијата врховен командант, Зеленски беше принуден да отстапи и да го остави Залужни на позицијата. Тајмс пишува дека Зеленски бил принуден да ја промени оваа одлука под притисок на САД и Обединетото Кралство, како и високи воени функционери. За обидот за разрешување на Залужни објави и британски „Гардијан“, повикувајќи се на пратеници од опозицијата. Украинското Министерство за одбрана ги негираше извештаите за разрешување на врховниот командант Залужни, објавени на Телеграм. Односите меѓу Зеленски и Залужни со недели се оценуваат како затегнати поради неуспешната контраофанзива против руските сили.

The post Тајмс: Зеленски се откажал од обидот да го смени генералот Залужни appeared first on Република.

]]>
Разрешен е Врховниот командант на украинската војска, Валериј Залужни – пишуваат украинските медиуми https://republika.mk/vesti/svet/razreshen-e-vrhovniot-komandant-na-ukrainskata-vojska-valerij-zaluzhni-pishuvaat-ukrainskite-mediumi/ Mon, 29 Jan 2024 17:18:36 +0000 https://republika.mk/?p=738285

Голем број украински политичари и медиуми пишуваат за разрешување на Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни.

Во јавноста веќе подолго време се појавуваа информации за „тивката војна“ меѓу Залужни и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-prvpat-javno-prizna-deka-postoi-konflikt-so-zaluzhni/

Кабинетот на претседателот се уште сакаат да си го јадат своето лај*о. Мои извори од Кабинетот на претседателот известуваат дека Залужни е отстранет, пишува поранешниот пратеник и поранешен претставник на организацијата Десен сектор Борислав Береза.

На ваквите информации, стигна негирање од министерството за одбрана дека Залужни бил разрешен.

Сепак, поради фактот што Министерството за одбрана не прецизираше што точно е „невистинито“, украинските медиуми продолжуваат да објавуваат детали за разрешувањето на Залужни.

На Залужни му беше понудена функцијата амбасадор, но тој одби. Сега си ги пакува работите“ , објави „Украинска Правда“.

https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-i-mene-ke-me-likvidira-zaluzhni-vo-zhestoka-kampana-za-soboruvane-na-pretsedatelot/

The post Разрешен е Врховниот командант на украинската војска, Валериј Залужни – пишуваат украинските медиуми appeared first on Република.

]]>

Голем број украински политичари и медиуми пишуваат за разрешување на Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни. Во јавноста веќе подолго време се појавуваа информации за „тивката војна“ меѓу Залужни и претседателот на Украина, Володимир Зеленски. https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-prvpat-javno-prizna-deka-postoi-konflikt-so-zaluzhni/
Кабинетот на претседателот се уште сакаат да си го јадат своето лај*о. Мои извори од Кабинетот на претседателот известуваат дека Залужни е отстранет, пишува поранешниот пратеник и поранешен претставник на организацијата Десен сектор Борислав Береза.
На ваквите информации, стигна негирање од министерството за одбрана дека Залужни бил разрешен. Сепак, поради фактот што Министерството за одбрана не прецизираше што точно е „невистинито“, украинските медиуми продолжуваат да објавуваат детали за разрешувањето на Залужни.
На Залужни му беше понудена функцијата амбасадор, но тој одби. Сега си ги пакува работите“ , објави „Украинска Правда“.
  https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-i-mene-ke-me-likvidira-zaluzhni-vo-zhestoka-kampana-za-soboruvane-na-pretsedatelot/

The post Разрешен е Врховниот командант на украинската војска, Валериј Залужни – пишуваат украинските медиуми appeared first on Република.

]]>
Зеленски и мене ќе ме ликвидира: Залужни во жестока кампања за соборување на претседателот https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-i-mene-ke-me-likvidira-zaluzhni-vo-zhestoka-kampana-za-soboruvane-na-pretsedatelot/ Sun, 12 Nov 2023 10:14:46 +0000 https://republika.mk/?p=700686

Се вжештува „изборната“ кампања на врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, кој има амбиција да го замени претседателот Володимир Зеленски.

Ова доаѓа во моменти на висок степен на јавен конфликт што постои меѓу Зеленски и Залужни, за кого има шпекулации дека во скоро време ќе биде сменет од позицијата прв човек на украинската војска.

Според украинскиот Устав, следните претседателски избори во земјата треба да се одржат во март 2024 година, но Зеленски деновиве изјави дека планира да ги суспендира поради конфликтот со Русија.

The post Зеленски и мене ќе ме ликвидира: Залужни во жестока кампања за соборување на претседателот appeared first on Република.

]]>

Се вжештува „изборната“ кампања на врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, кој има амбиција да го замени претседателот Володимир Зеленски. Ова доаѓа во моменти на висок степен на јавен конфликт што постои меѓу Зеленски и Залужни, за кого има шпекулации дека во скоро време ќе биде сменет од позицијата прв човек на украинската војска. Според украинскиот Устав, следните претседателски избори во земјата треба да се одржат во март 2024 година, но Зеленски деновиве изјави дека планира да ги суспендира поради конфликтот со Русија.

The post Зеленски и мене ќе ме ликвидира: Залужни во жестока кампања за соборување на претседателот appeared first on Република.

]]>
Изборна кампања во Украина: Вашиот правилен избор – ЗА(лужни), а не ЗЕ(ленски) https://republika.mk/vesti/svet/izborna-kampana-vo-ukraina-vashiot-pravilen-izbor-za-luzhni-a-ne-ze-lenski/ Fri, 10 Nov 2023 07:50:07 +0000 https://republika.mk/?p=699536

Во делови од Украина, почна „изборната“ кампања на врховниот командант на вооружените сили на земјата, Валериј Залужни, за да го замени претседателот Володимир Зеленски.

На социјалните мрежи се објавува дека неидентификувани лица во воени униформи пуштаат такви предизборни летоци во поштенските сандачиња и дворовите во областа Житомир.

На летоците се наоѓаат ликовите на Залужни и Зеленски (кој е прешкртан) и притоа се повикуваат граѓаните да го направат вистинскиот избор.

Ова доаѓа во моменти на висок степен на јавен конфликт што постои меѓу Зеленски и Залужни, за кого има шпекулации дека во скоро време ќе биде сменет од позицијата прв човек на украинската војска.

https://republika.mk/vesti/svet/ova-e-generalot-shto-ke-go-zameni-zelenski-na-chelo-na-ukraina/

Според украинскиот Устав, следните претседателски избори во земјата треба да се одржат во март 2024 година, но Зеленски деновиве изјави дека планира да ги суспендира поради конфликтот со Русија.

https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-neodgovorno-e-da-se-razgovara-za-raspishuvane-izbori-vo-vreme-na-vojna/

The post Изборна кампања во Украина: Вашиот правилен избор – ЗА(лужни), а не ЗЕ(ленски) appeared first on Република.

]]>

Во делови од Украина, почна „изборната“ кампања на врховниот командант на вооружените сили на земјата, Валериј Залужни, за да го замени претседателот Володимир Зеленски. На социјалните мрежи се објавува дека неидентификувани лица во воени униформи пуштаат такви предизборни летоци во поштенските сандачиња и дворовите во областа Житомир. На летоците се наоѓаат ликовите на Залужни и Зеленски (кој е прешкртан) и притоа се повикуваат граѓаните да го направат вистинскиот избор. Ова доаѓа во моменти на висок степен на јавен конфликт што постои меѓу Зеленски и Залужни, за кого има шпекулации дека во скоро време ќе биде сменет од позицијата прв човек на украинската војска. https://republika.mk/vesti/svet/ova-e-generalot-shto-ke-go-zameni-zelenski-na-chelo-na-ukraina/ Според украинскиот Устав, следните претседателски избори во земјата треба да се одржат во март 2024 година, но Зеленски деновиве изјави дека планира да ги суспендира поради конфликтот со Русија. https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-neodgovorno-e-da-se-razgovara-za-raspishuvane-izbori-vo-vreme-na-vojna/

The post Изборна кампања во Украина: Вашиот правилен избор – ЗА(лужни), а не ЗЕ(ленски) appeared first on Република.

]]>
Детали за загинувањето на заменикот на Залужни: Детето играло со гранатата која ја добил за роденден https://republika.mk/vesti/svet/detali-za-zaginuvaneto-na-zamenikot-na-zaluzhni-deteto-igralo-so-granatata-koja-ja-dobil-za-rodenden/ Mon, 06 Nov 2023 21:56:45 +0000 https://republika.mk/?p=698975

Помошникот на врховниот командант Валериј Залужни, Генадиј Честјаков „бил убиен од експлозија на граната во неговата куќа во близина на Киев“, пренесува Страна.

Во село Чаики 39-годишен војник починал дома, тешко е ранет неговиот 13-годишен син кој е хоспитализиран, изјави портпаролката на МВР Маријана Рева.

Според првичните информации, неговата ќерка и сопруга, кои биле присутни, не се повредени, пренесува РИА Новости. Минатата недела, во напис за Економист, Залужни јавно го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој рече дека вооружените сили на Украина дошле во ќорсокак и призна дека не можеле да го покажат импресивното темпо на напредување на војниците што се очекувало од нив на Запад.

Како што пренесува Фонтанка, Залужни ја потврдил информацијата. Според него, мајорот Частјаков го прославил својот роденден дома.

„Непозната експлозивна направа експлодирала во еден од подароците“, објаснува врховниот командант на вооружените сили на Украина.

Медиумите прво објавија дека експлодирала граната.

The post Детали за загинувањето на заменикот на Залужни: Детето играло со гранатата која ја добил за роденден appeared first on Република.

]]>

Помошникот на врховниот командант Валериј Залужни, Генадиј Честјаков „бил убиен од експлозија на граната во неговата куќа во близина на Киев“, пренесува Страна. Во село Чаики 39-годишен војник починал дома, тешко е ранет неговиот 13-годишен син кој е хоспитализиран, изјави портпаролката на МВР Маријана Рева. Според првичните информации, неговата ќерка и сопруга, кои биле присутни, не се повредени, пренесува РИА Новости. Минатата недела, во напис за Економист, Залужни јавно го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој рече дека вооружените сили на Украина дошле во ќорсокак и призна дека не можеле да го покажат импресивното темпо на напредување на војниците што се очекувало од нив на Запад. Како што пренесува Фонтанка, Залужни ја потврдил информацијата. Според него, мајорот Частјаков го прославил својот роденден дома. „Непозната експлозивна направа експлодирала во еден од подароците“, објаснува врховниот командант на вооружените сили на Украина. Медиумите прво објавија дека експлодирала граната.

The post Детали за загинувањето на заменикот на Залужни: Детето играло со гранатата која ја добил за роденден appeared first on Република.

]]>
Ова е генералот што ќе го замени Зеленски на чело на Украина https://republika.mk/vesti/svet/ova-e-generalot-shto-ke-go-zameni-zelenski-na-chelo-na-ukraina/ Fri, 03 Nov 2023 13:03:03 +0000 https://republika.mk/?p=697819

Западот има намера да го замени Володимир Зеленски со врховниот командант на украинската армија Валериј Залужни, изјави шефот на запорожското движење „Заедно со Русија“ Владимир Рогов.

Запад игра на картата на Залужни и го подготвува како замена за Зеленски. Затоа изјавите на Залузни се појавуваат во западниот печат, каде што тој дава јасни и точни оценки за она што се случува на првата линија, покажувајќи дека е подготвен за дијалог и ресетирање на владата по заминувањето на Зеленски - рече Рогов.

Според него, Залужни се обидува да игра на контраст, претставувајќи се пред западната јавност како поизбалансиран политичар од „лудиот Зеленски“.

Претходно Заслужни призна дека конфликтот е во ќорсокак и рече дека „најверојатно нема да има длабок и убав пробив“. Според Економист, Киев и Западот очекувале повеќе од украинската контраофанзива.

The post Ова е генералот што ќе го замени Зеленски на чело на Украина appeared first on Република.

]]>

Западот има намера да го замени Володимир Зеленски со врховниот командант на украинската армија Валериј Залужни, изјави шефот на запорожското движење „Заедно со Русија“ Владимир Рогов.
Запад игра на картата на Залужни и го подготвува како замена за Зеленски. Затоа изјавите на Залузни се појавуваат во западниот печат, каде што тој дава јасни и точни оценки за она што се случува на првата линија, покажувајќи дека е подготвен за дијалог и ресетирање на владата по заминувањето на Зеленски - рече Рогов.
Според него, Залужни се обидува да игра на контраст, претставувајќи се пред западната јавност како поизбалансиран политичар од „лудиот Зеленски“. Претходно Заслужни призна дека конфликтот е во ќорсокак и рече дека „најверојатно нема да има длабок и убав пробив“. Според Економист, Киев и Западот очекувале повеќе од украинската контраофанзива.

The post Ова е генералот што ќе го замени Зеленски на чело на Украина appeared first on Република.

]]>
САД го сакаат генералот Залужни на местото на Зеленски https://republika.mk/vesti/svet/sad-go-sakaat-generalot-zaluzni-na-mestoto-na-zelenski/ Thu, 25 Aug 2022 20:36:18 +0000 https://republika.mk/?p=544183

Дали Западот се подготвува да го замени Зеленски со воинствен генерал?

Претседателот на Украина Володимир Зеленски не е многу среќен поради гласините дека врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, би можел да се всели во претседателската палата, пишува германскиот весник „Билд“ повикувајќи се на свои извори.

Актуелниот шеф на државата Зеленски не е многу задоволен од гласините дека Залужни во одреден момент би можел да се пресели во претседателската палата - се наведува во написот со наслов „Валериј Моќни“, во кој се истакнува дека генералот би можел да го наследи Зеленски по завршувањето на борбените операции во Украина, затоа што може да им даде трошка надеж на своите сограѓани.

Според весникот, Залужни докажал дека поседува „лидерски квалитети и воена генијалност“, и дека генералот во Украина важи за патриот и искусен борбен офицер.

Тој е генералот кој ќе им се спротивстави на трупите на Путин: Валериј Залужни (49), врховен командант на украинските вооружени сили - пишува весникот.

Залужни, како патриот и борбен офицер ветеран, тој ги покажа своите лидерски способности и воена острина за време на конфликтот во Донбас 2014-2015 година. Оттогаш тој ужива најголема почит во воените, политичките и меѓународните кругови.

Во август, полскиот весник „Виброча“ објави материјал за главниот началник на ГШ на украинската армија, вдаховено опишувајќи ги неговите достигнувања:

Кога Микеланџело би бил задолжен да излие фигура на генералот Залужни врз основа на пишувањата на Интернет, би се добила фигура меѓу Давид и Мојсије - пишуваше весникот.

Украинските и западните медиуми пишуваа дека Зеленски планира да го повлече од Армијата генералот Залужни и да му понуди место – министер за одбрана. По сите украински Телеграм канали минатата недела беше пуштена информација дека се бара нов човек кој би дошил на местото на генералот Залужни како шеф на украинските оружени сили и дека службата за безбедност го следи Залужни.

Амбасадорката на САД во Киев Бриџит Бринк, наводно забранила било какви дејствија против генералот Залужни.

Претседателот Зеленски ги осуди неодамнешните гласини за плановите за преместување на Валериј Залужни од позицијата врховен командант на украинската армија на друга позиција во владата. Претседателот се осврна на ова прашање, говорејќи на прес-конференцијата во Киев во вторник, 23 август.

Немам планови никаде да го префрлам врховниот командант Залужњи, работиме како тим. Многу е важно што прават генералите во разни правци, тоа е Залужни, Коваљчук, Сирски. Нема да ги споменам сите, мислам дека нашите луѓе ги знаат сите наши херои. Тој тим работи, треба да се држиме заедно, а оценката е дека висока, а кога ќе победие, ќе биде највисока - изјави претседателот Володимир Зеленски.

Меѓусебни несогласувања

Володимир Зеленски и Валериј Залужни и порано имале несогласувања, особено по спектакуларната наредба на Генералот дека војската не смее да се оддалечува од местото на престојување без одобрение од војната команда.

Претседателот тврдеше дека таа наредба не била усогласена со него.

На состаникот на врвот на вооружените сили на 6 јули, по барање на Заленски таа наредба е укината, но Залужни објави дека ја вратил на доработка, бидејќи многу делови од истата погрешно се тумачени, со манипулации и незаконистости во нејзиното исполнување, што довело до урнисување на угледот на војската меѓу домашната и светската јавност.

Володимир Зеленски се судри со својот висок генерал и го принуди да се откаже од плановите за воведување драконски ограничувања за патување на мажи во борбена возраст. Тоа се случи неколку дена по повлекувањето на украинската војска од регионот Луганск, половина од приоритетната цел на Владимир Путин во Донбас.

Имаше многу спорови во општеството во врска со одлуката на Генералштабот на вооружените сили на Украина да одобри процедура за добивање одредени дозволи за оние кои се одговорни за воена служба, регрути и резервисти. Го молам Генералштабот да не носи такви одлуки без мене во иднина - изјави Зеленски.

Претходно, генералот Валериј Залужњи, командант на украинската војска, им нареди на потенцијалните регрути и војската да не патуваат од своите домови освен ако не добијат специјална дозвола, потег што аналитичарите велат дека е дизајниран да ги олесни регрутирањето и мобилизацијата.

Од почетокот на воената операција на Русија на 24 февруари, украинската влада наметна целосна мобилизација на мажи во борбена возраст. Новите правила би ги спречиле овие мажи да патуваат надвор од нивните родни градови, освен ако не ја пополнат точната документација и потоа не добијат пропусница од службено лице.

Воените претставници изјавија дека системот за дозволи е потребен за да се забрзаат активностите за регрутирање неопходни за замена на огромните жртви на бојното поле, но многу обични Украинци не беа убедени.

За ова треба објаснување. Ако мажот сака да оди во соседната област на еден ден за да го види своето семејство, треба да застане во ред и да добие дозвола? -  напиша Татјана Иванченко на Фејсбук.

Други рекоа дека системот за патни дозволи ќе биде отворен за злоупотреба и примање поткуп од страна на службениците. Корупцијата се смета за неконтролирана во Украина.

Дали сакаш да одиш кај свекрва ти? Дали сакате да одите во соседниот град, во вашата куќа? Тогаш тоа ќе биде 1.000 долари - саркастично напиша Оксана Кот.

The post САД го сакаат генералот Залужни на местото на Зеленски appeared first on Република.

]]>

Дали Западот се подготвува да го замени Зеленски со воинствен генерал? Претседателот на Украина Володимир Зеленски не е многу среќен поради гласините дека врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, би можел да се всели во претседателската палата, пишува германскиот весник „Билд“ повикувајќи се на свои извори.
Актуелниот шеф на државата Зеленски не е многу задоволен од гласините дека Залужни во одреден момент би можел да се пресели во претседателската палата - се наведува во написот со наслов „Валериј Моќни“, во кој се истакнува дека генералот би можел да го наследи Зеленски по завршувањето на борбените операции во Украина, затоа што може да им даде трошка надеж на своите сограѓани.
Според весникот, Залужни докажал дека поседува „лидерски квалитети и воена генијалност“, и дека генералот во Украина важи за патриот и искусен борбен офицер.
Тој е генералот кој ќе им се спротивстави на трупите на Путин: Валериј Залужни (49), врховен командант на украинските вооружени сили - пишува весникот.
Залужни, како патриот и борбен офицер ветеран, тој ги покажа своите лидерски способности и воена острина за време на конфликтот во Донбас 2014-2015 година. Оттогаш тој ужива најголема почит во воените, политичките и меѓународните кругови. Во август, полскиот весник „Виброча“ објави материјал за главниот началник на ГШ на украинската армија, вдаховено опишувајќи ги неговите достигнувања:
Кога Микеланџело би бил задолжен да излие фигура на генералот Залужни врз основа на пишувањата на Интернет, би се добила фигура меѓу Давид и Мојсије - пишуваше весникот.
Украинските и западните медиуми пишуваа дека Зеленски планира да го повлече од Армијата генералот Залужни и да му понуди место – министер за одбрана. По сите украински Телеграм канали минатата недела беше пуштена информација дека се бара нов човек кој би дошил на местото на генералот Залужни како шеф на украинските оружени сили и дека службата за безбедност го следи Залужни. Амбасадорката на САД во Киев Бриџит Бринк, наводно забранила било какви дејствија против генералот Залужни. Претседателот Зеленски ги осуди неодамнешните гласини за плановите за преместување на Валериј Залужни од позицијата врховен командант на украинската армија на друга позиција во владата. Претседателот се осврна на ова прашање, говорејќи на прес-конференцијата во Киев во вторник, 23 август.
Немам планови никаде да го префрлам врховниот командант Залужњи, работиме како тим. Многу е важно што прават генералите во разни правци, тоа е Залужни, Коваљчук, Сирски. Нема да ги споменам сите, мислам дека нашите луѓе ги знаат сите наши херои. Тој тим работи, треба да се држиме заедно, а оценката е дека висока, а кога ќе победие, ќе биде највисока - изјави претседателот Володимир Зеленски.

Меѓусебни несогласувања

Володимир Зеленски и Валериј Залужни и порано имале несогласувања, особено по спектакуларната наредба на Генералот дека војската не смее да се оддалечува од местото на престојување без одобрение од војната команда. Претседателот тврдеше дека таа наредба не била усогласена со него. На состаникот на врвот на вооружените сили на 6 јули, по барање на Заленски таа наредба е укината, но Залужни објави дека ја вратил на доработка, бидејќи многу делови од истата погрешно се тумачени, со манипулации и незаконистости во нејзиното исполнување, што довело до урнисување на угледот на војската меѓу домашната и светската јавност. Володимир Зеленски се судри со својот висок генерал и го принуди да се откаже од плановите за воведување драконски ограничувања за патување на мажи во борбена возраст. Тоа се случи неколку дена по повлекувањето на украинската војска од регионот Луганск, половина од приоритетната цел на Владимир Путин во Донбас.
Имаше многу спорови во општеството во врска со одлуката на Генералштабот на вооружените сили на Украина да одобри процедура за добивање одредени дозволи за оние кои се одговорни за воена служба, регрути и резервисти. Го молам Генералштабот да не носи такви одлуки без мене во иднина - изјави Зеленски.
Претходно, генералот Валериј Залужњи, командант на украинската војска, им нареди на потенцијалните регрути и војската да не патуваат од своите домови освен ако не добијат специјална дозвола, потег што аналитичарите велат дека е дизајниран да ги олесни регрутирањето и мобилизацијата. Од почетокот на воената операција на Русија на 24 февруари, украинската влада наметна целосна мобилизација на мажи во борбена возраст. Новите правила би ги спречиле овие мажи да патуваат надвор од нивните родни градови, освен ако не ја пополнат точната документација и потоа не добијат пропусница од службено лице. Воените претставници изјавија дека системот за дозволи е потребен за да се забрзаат активностите за регрутирање неопходни за замена на огромните жртви на бојното поле, но многу обични Украинци не беа убедени.