в.д. директор Archives - Република https://republika.mk/tema/v-d-direktor/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Sep 2024 12:17:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png в.д. директор Archives - Република https://republika.mk/tema/v-d-direktor/ 32 32 Моја мисија е Македонската филхармонија конечно да почне да плови во мирни и креативни води https://republika.mk/vesti/kultura/moja-misija-e-makedonskata-filharmonija-konechno-da-pochne-da-plovi-vo-mirni-i-kreativni-vodi/ Wed, 04 Sep 2024 12:11:00 +0000 https://republika.mk/?p=813079

Александар Котевски од неодамна е назначен за в.д директор на Македонската филхармонија.
Во неговата биографија стои дека е вработен во Филхармонија како прв виолончелист во оркестарот во 2015 година, а во периодот од 2011 до 2014 работел како Уметнички директор на Македонската Опера. Со ансамблот на Операта во 2013 година ја организира и реализира турнеjата во Индонезија каде настапиле во светски познатата сала “Aula Simphony” и во салата на храмот “Tzu Chi” каде што концертот се пренесуваше на директен телевизиски пренос пред 50 милиони гледачи. На тој донаторски концерт се собраа над 350.000 евра за настраданите во цунамито во Филипините.
Котевски бил редовен член на оркестарот на Музичка младина на Македонија, Македонска Филхармонија и нејзиниот камерен оркестар, Меѓународниот оркестар во Сараево, Дубровничкиот Симфониски оркестар. Како член на повеќе оркестри и состави настапувал во: Хрватска, Германија, Австрија, Италија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија, Индонезија, Шпанија, Америка, Кина, Израел, Обединетите Арапски Емирати, Казакстан итн.
Во пресрет на новата концертна сезона и одбележувањето на значајниот јубилеј-80 години постоење на Македонската филхармонија разговаравме со Котевски за предвидените настани, свечености, гостувања...како и за предизвиците кои им претстојат во периодот што следува.

Новата концертна сезона на Македонската филхармонија почнува на 10 октомври. Вие сте на чело на најстарата културна институција во земјава која годинава одбележува значаен јубилеј- 80 години постоење. Со што ќе ја најавите сезоната?

Во годината во која нашата институција ќе прослави 80-годишен јубилеј од формирањето како музички колектив, најстар во земјата, оркестарот на Македонската филхармонија ќе се претстави со разновидна и внимателно одбрана програма. Новата концертна сезона 2024-2025 е насловена „Одисеја“, а симболиката на насловот се надоврзува на осумдесетте години активно музицирање на оркестарот и преку поднасловот – патување исполнето со музички авантури и предизвици. И насловите на концертите во новата сезона се извлечени од наслови на претходни сезони за да се сублимира осумдеценискиот континуитет на Македонската филхармонија. Осум децении нашиот оркестар го презентира симфониското музицирање на највисоко ниво, преку изведба на капитални музички дела кои претставуваат алфа и омега во класичната литература. И оваа сезона која има посебно значење на нас, на публиката ќе и понудиме врвни концертни доживувања.
Концертната сезона „Одисеја“ започнува на 10 октомври со концертот насловен „Го славиме Јубилејот” на кој како солист ќе настапи нашата светски позната сопранистка Ана Дурловски, под диригентската палка на шеф – диригентот Јерухам Шаровски од Израел. Премиерно ќе се изведе и дело од македонски автор кое ќе биде избрано на конкурсот за нарачка на композиции кој го објави нашата институција во мај оваа година. На програмата е и премиерна изведба на делото „Шест едноставни песни“ за сопран и оркестар од Ерих Корнголд и Симфонијата во четири сцени „Манфред“ од Петар Илич Чајковски.

Како е предвидено да се одбележи јубилејот? Најавени се концертите „Го славиме јубилејот“, „Озвучени емоции“, „Пијанизам хеоризам“, „Моцартовите перипетии“, „Наостри ги сетилата“... Што донесуваат овие настани?

Изборот на програмски решенија како и диригенти и солисти до декември 2024 година се одбрани од претходните раководни лица на институцијата и во интерес на времето и трудот кои се вложени, целосно се прифатени и потврдени. На сцената ќе продефилираат уникатни индивидуалци како што се: пијанистите Лука Дебарг и Петер Лаул, извонредниот виолинист Сергеј Малов кој воедно ќе се претстави како солист и диригент на концертот на 7 ноември; Роберт Бонфиљо - усна хармоника (САД), виолончелистката Моника Лесковар од Хрватска, виолинистката Алена Баева од Казахстан/Луксембург. На пултот пред нашиот оркестар за првпат ќе застане маестра Бар Авни од Израел, инаку лауреатка на престижниот натпревар „Маестра“ во Париз и асистентка на славната диригентка Барабара Ханиган, како и маестро Конрад Ван Алфен од Холандија, нашиот диригент Борјан Цанев, маестро Лубнан Баалбаки од Либан и Емил Табаков од Бугарија. И во вториот дел од сезоната, од јануари до јуни 2025-та ќе настапат исклучителни солисти и диригенти, како виолинистот Марк Бучков од Белгија, врвната Селина От (труба) од Австрија, еден од најдобрите пијанисти на денешнината – Дмитри Маслеев од Русија и др. На Велигденскиот концерт, насловен „Per aspera ad astra“ за првпат во Македонија ќе прозвучи Големата миса во це-мол од Моцарт. Целосната програма на концертната сезона „Одисеја“ до јуни 2025 година наскоро ќе ја објавиме и во каталог и на нашата веб страница за публиката да може подобро да се запознае со настаните кои не очекуваат во јубилејната сезона.

Дали концертот „80 години- љубов“ ќе биде кулминација на настаните од годината во која славите? Што донесува овој настан?

Апсолутно дека концертот на 28 ноември, насловен „80 години- Љубов“ ќе биде кулминација на концертите до крајот на 2024 година. На овој настан ќе го прославиме нашето осумдесетгодишно постоење и делување како една од најстарите културни установи и најстар симфониски оркестар во државата.
Имено, на 24 ноември 1944 година во домот на маестро Тодор Скаловски на улица „Крушовска бр.27“ е одржан првиот состанок на група музичари, чија цел била да се формира првиот македонски Државен симфониски оркестар. Од тогаш, се до денес со овој оркестар настапиле плејада македонски диригенти, солисти, симфониски музичари, гости солисти и диригенти од странство. Несомнено, Македонска филхармонија претставува главно културно јадро и мотив за македонските композитори да ја ослободат својата креативност и талент и да ги преточат во нотен текст, преку дела кои токму нашиот оркестар ќе ги изведе премиерно. Оваа сезона ќе изведеме повеќе дела од домашни автори, дел од нив премиерно, преку конкурсот кој го распиша нашата инстититуција, но и дела од Зографски, Николовски, Тошевски, композитори кои со своето творештво оставиле траен белег во историјата на современата македонска музика.
Во таа насока, на роденденскиот концерт на 28 ноември, премиерно ќе биде изведено дело од македонски композитор, а како солист ќе настапи нашиот добро познат пијанист Симон Трпчески под диригентската палка на маестро Јерухам Шаровски.

[caption id="attachment_813086" align="alignnone" width="566"] фото: Архива на Филхармонија[/caption]

Како уметнички директор на Македонската опера во 2013 година ја организиравте турнеjата во Индонезија каде македонските уметници настапија во светски познатата сала “Aula Simphony” и во салата на храмот„Tzu Chi”, а концертот преку директен телевизиски пренос го видоа 50 милиони гледачи. Дали има најава за гостувања и на Македонската филхармонија?

Веднаш по моето назначување за в.д. директор на Филхармонија, ги контактирав моите драги колеги од Дубровничкиот симфониски оркестар на чело со директорот г-динот Слободан Бегич. Контактите и одличната долгогодишна соработка со нив започнаа уште од 2003 година, во периодот кога бев член на нивниот оркестар како прв виолончелист. Исто така, минатата година во истиот простор остваривме врвно концертно доживување на кој се претстави нашата позната македонска пијанистка Марија Ѓошевска. На наше взаемно задоволство, повторно договориме гостување на 26 септември на кое Македонската Филхармонија во скратен состав ќе настапи на сцената на „Кнежев двор“ во Дубровник. Како солистка ќе настапи хрватската виолинистка Џана Кариман под диригентската палка на нашиот маестро Борјан Цанев. Секако, во иднина ќе следуваат и други гостувања на нашиот оркестар за кои навремено ќе бидете информирани.

По заокружувањето на годината, која по многу настани во Македонската филхармонија ќе остане забележана во културната јавност, се подготвува ли програмата за 2025-та? Имате ли веќе некакви првични контури затоа како ќе изгледа следната сезона?

Нашите сезони, како и на сите останати симфониски оркестри во светот се пренесуваат од една во друга година. И сезоната 2024-2025 започнува во октомври, а ќе финишира во јуни. Предлог програмата до крајот на 2025 година веќе беше поднесена во Министерство за култура и туризам од претходната в.д директорка, почитуваната Ангелина Миташева - Димовска. Таа заедно со нашиот шеф диригент Маестро Јерухам Шаровски и уметничкиот совет ја осмислија, разработија и одредија еден програмски правец во кој ќе се движиме. Секако дека таа верзија ќе има неколку промени и доработки во текот на наредниот период. Можам само да најавам дека славејќи го нашиот 80 годишен јубилеј до крајот на 2025 година, меѓу гости солисти и диригенти од странство, повеќе акцент ќе се стави на македонските диригенти и изведувачи.

На местото директор на Македонската филхармонија доаѓате од редот на музичарите – бевте вработен како прв виолончелист и одвнатре ја знаете структурата и состојбите во институцијата. Какви се Вашите планови за во иднина? Каде ја гледате Македонската филхармонија во следниве години?

Моите почетоци како хонорарен соработник - виолончелист во Македонска филхармонија се уште од далечната 1999 година, со прекини за време на работењето во Дубровничкиот симфониски оркестар 2003-2007 како прв виолончелист, па потоа како прв виолончелист 2007-2011 во Македонска Опера и Балет, Уметнички директор на Опера 2011-2014 и конечно враќајки се 2015 година како прв виолончелист во нашиот оркестар. Добро ги познавам моите колеги и сведок сум на сите случувања во изминатиот период. Мојата мисија и визија за нашата институција, се насочени кон најважното нешто според мене, а тоа е таа конечно да почне да плови во мирни и креативни води. Да ја креира и презентира на највисоко ниво нашата главна дејност изведување на симфониска музика со можност минимум еднаш во годината да се изведува и големо вокално-инструментално дело. Да ја анимираме и ја привлечеме нашата најмлада публика преку редовни изведби на детски концерти. Преку интересни програмски концепти да ја брануваме и публиката на отворено на нашите концерти во парк, но главниот фокус е уште повеќе да прераснеме во културен центар во регионот преку изведба на квалитетно одбрана програма од старите мајстори: Бах, Хајдн, Моцарт, Бетовен па се до нашите современици и привлекување на светски познати солисти се со цел програмски и квалитативен развој на нашиот оркестар. Секако, акцент ќе дадеме и на збогатување на нашите камерни концерти, рециталите во малата сала, а исто така и меѓународно претставување на нашиот оркестар.

The post Моја мисија е Македонската филхармонија конечно да почне да плови во мирни и креативни води appeared first on Република.

]]>

Александар Котевски од неодамна е назначен за в.д директор на Македонската филхармонија. Во неговата биографија стои дека е вработен во Филхармонија како прв виолончелист во оркестарот во 2015 година, а во периодот од 2011 до 2014 работел како Уметнички директор на Македонската Опера. Со ансамблот на Операта во 2013 година ја организира и реализира турнеjата во Индонезија каде настапиле во светски познатата сала “Aula Simphony” и во салата на храмот “Tzu Chi” каде што концертот се пренесуваше на директен телевизиски пренос пред 50 милиони гледачи. На тој донаторски концерт се собраа над 350.000 евра за настраданите во цунамито во Филипините. Котевски бил редовен член на оркестарот на Музичка младина на Македонија, Македонска Филхармонија и нејзиниот камерен оркестар, Меѓународниот оркестар во Сараево, Дубровничкиот Симфониски оркестар. Како член на повеќе оркестри и состави настапувал во: Хрватска, Германија, Австрија, Италија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија, Индонезија, Шпанија, Америка, Кина, Израел, Обединетите Арапски Емирати, Казакстан итн. Во пресрет на новата концертна сезона и одбележувањето на значајниот јубилеј-80 години постоење на Македонската филхармонија разговаравме со Котевски за предвидените настани, свечености, гостувања...како и за предизвиците кои им претстојат во периодот што следува. Новата концертна сезона на Македонската филхармонија почнува на 10 октомври. Вие сте на чело на најстарата културна институција во земјава која годинава одбележува значаен јубилеј- 80 години постоење. Со што ќе ја најавите сезоната?
Во годината во која нашата институција ќе прослави 80-годишен јубилеј од формирањето како музички колектив, најстар во земјата, оркестарот на Македонската филхармонија ќе се претстави со разновидна и внимателно одбрана програма. Новата концертна сезона 2024-2025 е насловена „Одисеја“, а симболиката на насловот се надоврзува на осумдесетте години активно музицирање на оркестарот и преку поднасловот – патување исполнето со музички авантури и предизвици. И насловите на концертите во новата сезона се извлечени од наслови на претходни сезони за да се сублимира осумдеценискиот континуитет на Македонската филхармонија. Осум децении нашиот оркестар го презентира симфониското музицирање на највисоко ниво, преку изведба на капитални музички дела кои претставуваат алфа и омега во класичната литература. И оваа сезона која има посебно значење на нас, на публиката ќе и понудиме врвни концертни доживувања. Концертната сезона „Одисеја“ започнува на 10 октомври со концертот насловен „Го славиме Јубилејот” на кој како солист ќе настапи нашата светски позната сопранистка Ана Дурловски, под диригентската палка на шеф – диригентот Јерухам Шаровски од Израел. Премиерно ќе се изведе и дело од македонски автор кое ќе биде избрано на конкурсот за нарачка на композиции кој го објави нашата институција во мај оваа година. На програмата е и премиерна изведба на делото „Шест едноставни песни“ за сопран и оркестар од Ерих Корнголд и Симфонијата во четири сцени „Манфред“ од Петар Илич Чајковски.
Како е предвидено да се одбележи јубилејот? Најавени се концертите „Го славиме јубилејот“, „Озвучени емоции“, „Пијанизам хеоризам“, „Моцартовите перипетии“, „Наостри ги сетилата“... Што донесуваат овие настани?
Изборот на програмски решенија како и диригенти и солисти до декември 2024 година се одбрани од претходните раководни лица на институцијата и во интерес на времето и трудот кои се вложени, целосно се прифатени и потврдени. На сцената ќе продефилираат уникатни индивидуалци како што се: пијанистите Лука Дебарг и Петер Лаул, извонредниот виолинист Сергеј Малов кој воедно ќе се претстави како солист и диригент на концертот на 7 ноември; Роберт Бонфиљо - усна хармоника (САД), виолончелистката Моника Лесковар од Хрватска, виолинистката Алена Баева од Казахстан/Луксембург. На пултот пред нашиот оркестар за првпат ќе застане маестра Бар Авни од Израел, инаку лауреатка на престижниот натпревар „Маестра“ во Париз и асистентка на славната диригентка Барабара Ханиган, како и маестро Конрад Ван Алфен од Холандија, нашиот диригент Борјан Цанев, маестро Лубнан Баалбаки од Либан и Емил Табаков од Бугарија. И во вториот дел од сезоната, од јануари до јуни 2025-та ќе настапат исклучителни солисти и диригенти, како виолинистот Марк Бучков од Белгија, врвната Селина От (труба) од Австрија, еден од најдобрите пијанисти на денешнината – Дмитри Маслеев од Русија и др. На Велигденскиот концерт, насловен „Per aspera ad astra“ за првпат во Македонија ќе прозвучи Големата миса во це-мол од Моцарт. Целосната програма на концертната сезона „Одисеја“ до јуни 2025 година наскоро ќе ја објавиме и во каталог и на нашата веб страница за публиката да може подобро да се запознае со настаните кои не очекуваат во јубилејната сезона.
Дали концертот „80 години- љубов“ ќе биде кулминација на настаните од годината во која славите? Што донесува овој настан?
Апсолутно дека концертот на 28 ноември, насловен „80 години- Љубов“ ќе биде кулминација на концертите до крајот на 2024 година. На овој настан ќе го прославиме нашето осумдесетгодишно постоење и делување како една од најстарите културни установи и најстар симфониски оркестар во државата. Имено, на 24 ноември 1944 година во домот на маестро Тодор Скаловски на улица „Крушовска бр.27“ е одржан првиот состанок на група музичари, чија цел била да се формира првиот македонски Државен симфониски оркестар. Од тогаш, се до денес со овој оркестар настапиле плејада македонски диригенти, солисти, симфониски музичари, гости солисти и диригенти од странство. Несомнено, Македонска филхармонија претставува главно културно јадро и мотив за македонските композитори да ја ослободат својата креативност и талент и да ги преточат во нотен текст, преку дела кои токму нашиот оркестар ќе ги изведе премиерно. Оваа сезона ќе изведеме повеќе дела од домашни автори, дел од нив премиерно, преку конкурсот кој го распиша нашата инстититуција, но и дела од Зографски, Николовски, Тошевски, композитори кои со своето творештво оставиле траен белег во историјата на современата македонска музика. Во таа насока, на роденденскиот концерт на 28 ноември, премиерно ќе биде изведено дело од македонски композитор, а како солист ќе настапи нашиот добро познат пијанист Симон Трпчески под диригентската палка на маестро Јерухам Шаровски.
[caption id="attachment_813086" align="alignnone" width="566"] фото: Архива на Филхармонија[/caption] Како уметнички директор на Македонската опера во 2013 година ја организиравте турнеjата во Индонезија каде македонските уметници настапија во светски познатата сала “Aula Simphony” и во салата на храмот„Tzu Chi”, а концертот преку директен телевизиски пренос го видоа 50 милиони гледачи. Дали има најава за гостувања и на Македонската филхармонија?
Веднаш по моето назначување за в.д. директор на Филхармонија, ги контактирав моите драги колеги од Дубровничкиот симфониски оркестар на чело со директорот г-динот Слободан Бегич. Контактите и одличната долгогодишна соработка со нив започнаа уште од 2003 година, во периодот кога бев член на нивниот оркестар како прв виолончелист. Исто така, минатата година во истиот простор остваривме врвно концертно доживување на кој се претстави нашата позната македонска пијанистка Марија Ѓошевска. На наше взаемно задоволство, повторно договориме гостување на 26 септември на кое Македонската Филхармонија во скратен состав ќе настапи на сцената на „Кнежев двор“ во Дубровник. Како солистка ќе настапи хрватската виолинистка Џана Кариман под диригентската палка на нашиот маестро Борјан Цанев. Секако, во иднина ќе следуваат и други гостувања на нашиот оркестар за кои навремено ќе бидете информирани.
По заокружувањето на годината, која по многу настани во Македонската филхармонија ќе остане забележана во културната јавност, се подготвува ли програмата за 2025-та? Имате ли веќе некакви првични контури затоа како ќе изгледа следната сезона?
Нашите сезони, како и на сите останати симфониски оркестри во светот се пренесуваат од една во друга година. И сезоната 2024-2025 започнува во октомври, а ќе финишира во јуни. Предлог програмата до крајот на 2025 година веќе беше поднесена во Министерство за култура и туризам од претходната в.д директорка, почитуваната Ангелина Миташева - Димовска. Таа заедно со нашиот шеф диригент Маестро Јерухам Шаровски и уметничкиот совет ја осмислија, разработија и одредија еден програмски правец во кој ќе се движиме. Секако дека таа верзија ќе има неколку промени и доработки во текот на наредниот период. Можам само да најавам дека славејќи го нашиот 80 годишен јубилеј до крајот на 2025 година, меѓу гости солисти и диригенти од странство, повеќе акцент ќе се стави на македонските диригенти и изведувачи.
На местото директор на Македонската филхармонија доаѓате од редот на музичарите – бевте вработен како прв виолончелист и одвнатре ја знаете структурата и состојбите во институцијата. Какви се Вашите планови за во иднина? Каде ја гледате Македонската филхармонија во следниве години?
Моите почетоци како хонорарен соработник - виолончелист во Македонска филхармонија се уште од далечната 1999 година, со прекини за време на работењето во Дубровничкиот симфониски оркестар 2003-2007 како прв виолончелист, па потоа како прв виолончелист 2007-2011 во Македонска Опера и Балет, Уметнички директор на Опера 2011-2014 и конечно враќајки се 2015 година како прв виолончелист во нашиот оркестар. Добро ги познавам моите колеги и сведок сум на сите случувања во изминатиот период. Мојата мисија и визија за нашата институција, се насочени кон најважното нешто според мене, а тоа е таа конечно да почне да плови во мирни и креативни води. Да ја креира и презентира на највисоко ниво нашата главна дејност изведување на симфониска музика со можност минимум еднаш во годината да се изведува и големо вокално-инструментално дело. Да ја анимираме и ја привлечеме нашата најмлада публика преку редовни изведби на детски концерти. Преку интересни програмски концепти да ја брануваме и публиката на отворено на нашите концерти во парк, но главниот фокус е уште повеќе да прераснеме во културен центар во регионот преку изведба на квалитетно одбрана програма од старите мајстори: Бах, Хајдн, Моцарт, Бетовен па се до нашите современици и привлекување на светски познати солисти се со цел програмски и квалитативен развој на нашиот оркестар. Секако, акцент ќе дадеме и на збогатување на нашите камерни концерти, рециталите во малата сала, а исто така и меѓународно претставување на нашиот оркестар.

The post Моја мисија е Македонската филхармонија конечно да почне да плови во мирни и креативни води appeared first on Република.

]]>
Даниела Станковска-Плачковска е нова в. д. директорка на Агенцијата за филм https://republika.mk/scena/film/daniela-stankovska-plachkovska-e-nova-v-d-direktorka-na-agentsijata-za-film/ Thu, 01 Aug 2024 08:15:47 +0000 https://republika.mk/?p=802190

Владата ја назначи Даниела Станковска-Плачковска за в. д. директорка на Агенцијата за филм. Станковска-Плачковска доаѓа на местото на Владимир Ангелов, кој неодамна поднесе оставка од функцијата. Тој беше назначен за директор на 6 февруари.

Станковска-Плачковска е  дипломиран политиколог и магистер по културологија. Од 2008 е вработена во Агенцијата за филм, каде досега беше раководителка на Секторот за развој на филмската деjност, а од април 2022 е доцент при Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима” во Скопје.

Даниела С. Плачковска е дипломиран политколог и магистер по културологија. Од 2008 год. активно работи и придонесува во филмскиот сектор како вработена во Агенцијата за филм, која е правен наследник на Филмскиот фонд на Р.М. Како раководител на сектор за развој на филмската дејност, како и во текот на целокупното свое работење, активно е вклучена и дава континуиран придонес во градење на конзистентна филмска политика за континуиран развој на филмот и филмската дејност во нашата земја..

Била национален претставник во Европската мрежа на филмски комисии EUFCN, член на извршниот комитет на SEE Cinema Network, како и член и заменик национален претставник во истоимената организација, Претседател на меѓуресорската комисија за утврдување на условите и критериумите за одобрување на средства и обезбедување на предлог за исплата на средства наменети за производство на домашна документарна и домашна играна програма во Министерството за информатичко општество и администрација, член на Комисијата за право на поврат при Агенцијата за филм, Извршен директор на третото издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија’’, член на Управниот одбор на Филмски фонд итн.

Покрај ова, таа учествувала и во реализација на повеќе меѓународни настани и проекти како: презентација на Location Pavilion -Japan Content Showcase 2015, FOCUS location and production event 2015, проект менаџер на EAVE Producer Workshop 2015, проект менаџер на Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија’’ и проектот „Џифони Патува’’‚, реализација на проектот European Film Academy Young Audience Award 2015 итн. Таа е еден од авторите на две изданија на брошурата Location and Production Guide, ко-автор на пет изданија на каталогот за Македонската филмска продукција, како и има учество во реализација на Проектот „Филмографии’’(податоци од Филмскиот фонд на РМ).

Исто така, на нејзина инцијатива во декември 2021 год. беше формирана Работна група за филмска писменост како дел од структурата на Мрежата за медиумската писменост, и е кординатор на истата.

The post Даниела Станковска-Плачковска е нова в. д. директорка на Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>

Владата ја назначи Даниела Станковска-Плачковска за в. д. директорка на Агенцијата за филм. Станковска-Плачковска доаѓа на местото на Владимир Ангелов, кој неодамна поднесе оставка од функцијата. Тој беше назначен за директор на 6 февруари.
Станковска-Плачковска е  дипломиран политиколог и магистер по културологија. Од 2008 е вработена во Агенцијата за филм, каде досега беше раководителка на Секторот за развој на филмската деjност, а од април 2022 е доцент при Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима” во Скопје.
Даниела С. Плачковска е дипломиран политколог и магистер по културологија. Од 2008 год. активно работи и придонесува во филмскиот сектор како вработена во Агенцијата за филм, која е правен наследник на Филмскиот фонд на Р.М. Како раководител на сектор за развој на филмската дејност, како и во текот на целокупното свое работење, активно е вклучена и дава континуиран придонес во градење на конзистентна филмска политика за континуиран развој на филмот и филмската дејност во нашата земја.. Била национален претставник во Европската мрежа на филмски комисии EUFCN, член на извршниот комитет на SEE Cinema Network, како и член и заменик национален претставник во истоимената организација, Претседател на меѓуресорската комисија за утврдување на условите и критериумите за одобрување на средства и обезбедување на предлог за исплата на средства наменети за производство на домашна документарна и домашна играна програма во Министерството за информатичко општество и администрација, член на Комисијата за право на поврат при Агенцијата за филм, Извршен директор на третото издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија’’, член на Управниот одбор на Филмски фонд итн. Покрај ова, таа учествувала и во реализација на повеќе меѓународни настани и проекти како: презентација на Location Pavilion -Japan Content Showcase 2015, FOCUS location and production event 2015, проект менаџер на EAVE Producer Workshop 2015, проект менаџер на Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија’’ и проектот „Џифони Патува’’‚, реализација на проектот European Film Academy Young Audience Award 2015 итн. Таа е еден од авторите на две изданија на брошурата Location and Production Guide, ко-автор на пет изданија на каталогот за Македонската филмска продукција, како и има учество во реализација на Проектот „Филмографии’’(податоци од Филмскиот фонд на РМ). Исто така, на нејзина инцијатива во декември 2021 год. беше формирана Работна група за филмска писменост како дел од структурата на Мрежата за медиумската писменост, и е кординатор на истата.

The post Даниела Станковска-Плачковска е нова в. д. директорка на Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>
Каролина Симоновска ќе раководи со „Козле“: Таравари назначи в.д. директори на здравствени установи https://republika.mk/vesti/makedonija/karolina-simonovska-ke-rakovodi-so-kozle-taravari-naznachi-v-d-direktori/ Fri, 26 Jul 2024 15:00:06 +0000 https://republika.mk/?p=800582

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска назначи в.д. директори во неколку јавни здравствени установи, соопшти Министерството за здравство.

За в.д. директор на Универзитетска клиника за неврохирургија е назначен Љуљзим Агаи, на Универзитетска клиника за очни болести - Наташа Шекеринов, додека на Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле - Каролина Симоновска.

Пранвера Изаири ќе биде в.д. директорка на специјалната Болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ Чаир, на Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија Јасмина Ѓоргиевска Павловска, а на Универзитетска клиника за хирургија на лице, вилици и врат-максилофацијална хирургија за в.д. директорка е назначена Сузана Двојаковска.

В.д. директор на Клиничка болница Тетово е Агим Бериша, на Општа болница со проширена дејност Гевгелија Патрик Матх, на Институт за медицина на трудот Мерхал Исмаили, на Здравствен дом Валандово - Кети Пампурова Стојчевска, на Здравствен дом Кратово Оливер Лазаровски и на Здравствен дом Кичево за в.д. директор е назначен Генц Селмани.

The post Каролина Симоновска ќе раководи со „Козле“: Таравари назначи в.д. директори на здравствени установи appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска назначи в.д. директори во неколку јавни здравствени установи, соопшти Министерството за здравство. За в.д. директор на Универзитетска клиника за неврохирургија е назначен Љуљзим Агаи, на Универзитетска клиника за очни болести - Наташа Шекеринов, додека на Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле - Каролина Симоновска. Пранвера Изаири ќе биде в.д. директорка на специјалната Болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ Чаир, на Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија Јасмина Ѓоргиевска Павловска, а на Универзитетска клиника за хирургија на лице, вилици и врат-максилофацијална хирургија за в.д. директорка е назначена Сузана Двојаковска. В.д. директор на Клиничка болница Тетово е Агим Бериша, на Општа болница со проширена дејност Гевгелија Патрик Матх, на Институт за медицина на трудот Мерхал Исмаили, на Здравствен дом Валандово - Кети Пампурова Стојчевска, на Здравствен дом Кратово Оливер Лазаровски и на Здравствен дом Кичево за в.д. директор е назначен Генц Селмани.

The post Каролина Симоновска ќе раководи со „Козле“: Таравари назначи в.д. директори на здравствени установи appeared first on Република.

]]>
Сашо Клековски и Бранко Аџигогов ги презедоа в.д. директорките функции во Фондот за здравство https://republika.mk/vesti/makedonija/sasho-klekovski-i-branko-adhigogov-gi-prezedoa-v-d-direktorkite-funktsii-vo-fondot-za-zdravstvo/ Wed, 03 Jul 2024 12:42:59 +0000 https://republika.mk/?p=793104

Денеска се изврши примопредавање на должноста директор на Фондот за здравство, информираат оттаму. Досегашните директори м-р. Магдалена Филиповска Грашкоска и д-р. Асаф Абдурамани како в.д директор ја предадоа должноста на новите в.д директори Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, назначени од Владата.

Клековски завршил Медицински факултет на Универзитетот “ Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и е со 30 годишно искуство како менаџер, аналитичар, консултант во граѓанскиот, јавниот и приватниот сектор.

Аџигогов доаѓа од редот на вработените и има повеќегодишно искуство во делот на менаџментот на Фондот.

Новите директори функцијата ја преземаат од денеска.

The post Сашо Клековски и Бранко Аџигогов ги презедоа в.д. директорките функции во Фондот за здравство appeared first on Република.

]]>

Денеска се изврши примопредавање на должноста директор на Фондот за здравство, информираат оттаму. Досегашните директори м-р. Магдалена Филиповска Грашкоска и д-р. Асаф Абдурамани како в.д директор ја предадоа должноста на новите в.д директори Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, назначени од Владата. Клековски завршил Медицински факултет на Универзитетот “ Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и е со 30 годишно искуство како менаџер, аналитичар, консултант во граѓанскиот, јавниот и приватниот сектор. Аџигогов доаѓа од редот на вработените и има повеќегодишно искуство во делот на менаџментот на Фондот. Новите директори функцијата ја преземаат од денеска.

The post Сашо Клековски и Бранко Аџигогов ги презедоа в.д. директорките функции во Фондот за здравство appeared first on Република.

]]>
Бојан Станишиќ избран за в.д. директор на Кинотека https://republika.mk/vesti/kultura/bojan-stanishik-izbran-za-v-d-direktor-na-kinoteka/ Wed, 28 Feb 2024 14:23:27 +0000 https://republika.mk/?p=749318

Бојан Станишиќ е новиот в.д. директор на Кинотека на Македонија, потврдуваат од Министерството за култура.

Станишиќ, кој е менаџер во културата, дистрибутер и програмски директор со 15 годишно искуство, на функцијата доаѓа од редот на вработените.

Во Кинотеката на Македонија е од 2017 година, вработен како програмски уредник задолжен за подготовка и реализација на кинотечната филмска програма и организација и супервизија на работата на киносалата и сите придружни активности поврзани со промоција на филмовите и организација на различни филмски настани. Како програмски уредник на Кинотеката на Македонија учествува на повеќе семинари/обуки: “II Cinema Ritrovato Festival” – семинар за развој на филмска публика во Болоња, Италија, 2020 г; Europa Cinemas Audience Development & Innovation Lab” – обука за програмски уредници на “Еuropa Cinemas” во Болоња, Италија; “Transilvania International Film Festival” – семинар за развој на филмска публика во Клуж, Романија, 2021 година.

Станишиќ е назначен за в.д. директор откако Владимир Ангелов од неодамна беше избран за директор на Агенцијата за филм.

The post Бојан Станишиќ избран за в.д. директор на Кинотека appeared first on Република.

]]>

Бојан Станишиќ е новиот в.д. директор на Кинотека на Македонија, потврдуваат од Министерството за култура. Станишиќ, кој е менаџер во културата, дистрибутер и програмски директор со 15 годишно искуство, на функцијата доаѓа од редот на вработените. Во Кинотеката на Македонија е од 2017 година, вработен како програмски уредник задолжен за подготовка и реализација на кинотечната филмска програма и организација и супервизија на работата на киносалата и сите придружни активности поврзани со промоција на филмовите и организација на различни филмски настани. Како програмски уредник на Кинотеката на Македонија учествува на повеќе семинари/обуки: “II Cinema Ritrovato Festival” – семинар за развој на филмска публика во Болоња, Италија, 2020 г; Europa Cinemas Audience Development & Innovation Lab” – обука за програмски уредници на “Еuropa Cinemas” во Болоња, Италија; “Transilvania International Film Festival” – семинар за развој на филмска публика во Клуж, Романија, 2021 година. Станишиќ е назначен за в.д. директор откако Владимир Ангелов од неодамна беше избран за директор на Агенцијата за филм.  

The post Бојан Станишиќ избран за в.д. директор на Кинотека appeared first on Република.

]]>
Директори вршители на должност и наставници приправници денеска протестираа пред Министерството за образование https://republika.mk/vesti/makedonija/direktori-vrshiteli-na-dolzhnost-i-nastavnitsi-pripravnitsi-deneska-protestiraa-pred-ministerstvoto-za-obrazovanie/ Mon, 20 Feb 2023 13:47:58 +0000 https://republika.mk/?p=611116

Директори вршители на должност и наставници приправници денеска протестираа пред Министерството за образование. Бараат Државниот испитен центар да дозволи термини за полагање на менаџерски испит за лиценца за директори на училишта, студентски домови, граѓански центри.  Револтирани се бидејќи  година и пол државата ги кочи и не им дозволува да се доусовршуват.

Решавање на проблемот побара и штипскиот градоначалник кој најави дека за ова ќе ги извести сите дипломатски преставништва во државата.

Проблемот не ги засега само директорите, туку и наставниците приправници  кои го имат завршено приправничкиот стаж. И тие чекаат за полагање на стручниот испит.

Во државата со овој проблем се соочуваат 111кандидати за директори и над 600наставници приправници. Минатата недела штипските директори и наставници приправници протестираа на градскиот плоштад.

https://republika.mk/vesti/makedonija/jordanov-ke-gi-izvestam-ambasadite-ne-se-dozvoluva-godina-i-pol-nikoj-da-polaga-ova-go-pravat-za-da-nemat-konkurentsija-kadrite-na-sdsm/

The post Директори вршители на должност и наставници приправници денеска протестираа пред Министерството за образование appeared first on Република.

]]>

Директори вршители на должност и наставници приправници денеска протестираа пред Министерството за образование. Бараат Државниот испитен центар да дозволи термини за полагање на менаџерски испит за лиценца за директори на училишта, студентски домови, граѓански центри.  Револтирани се бидејќи  година и пол државата ги кочи и не им дозволува да се доусовршуват. Решавање на проблемот побара и штипскиот градоначалник кој најави дека за ова ќе ги извести сите дипломатски преставништва во државата. Проблемот не ги засега само директорите, туку и наставниците приправници  кои го имат завршено приправничкиот стаж. И тие чекаат за полагање на стручниот испит. Во државата со овој проблем се соочуваат 111кандидати за директори и над 600наставници приправници. Минатата недела штипските директори и наставници приправници протестираа на градскиот плоштад. https://republika.mk/vesti/makedonija/jordanov-ke-gi-izvestam-ambasadite-ne-se-dozvoluva-godina-i-pol-nikoj-da-polaga-ova-go-pravat-za-da-nemat-konkurentsija-kadrite-na-sdsm/

The post Директори вршители на должност и наставници приправници денеска протестираа пред Министерството за образование appeared first on Република.

]]>
Танкица Стојанова назначена за в.д. директорка на Центарот за култура во Струмица https://republika.mk/vesti/kultura/tankica-stojanova-naznachena-za-v-d-direktorka-na-centarot-za-kultura-vo-strumica/ Mon, 14 Mar 2022 14:30:58 +0000 https://republika.mk/?p=472757

Министерството за култура ја назначи актерката Танкица Стојанова за в.д. директорка на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, откако досегашен вршител на оваа функција беше Боби Ѓошиќ.

Веста за МИА ја потврдија од Центарот за култура. Стојанова е дел од ансамблот на Театарот „Антон Панов“ и до изборот на нов директор таа ќе раководи со оваа установа.

Лани иницијативата „Култура или фискултура“, во која членуваа актери од струмичкиот театар, организираше повеќе протести во Струмица и Скопје со кои предупредуваа на незаконитоста на постапката за избор на тогашниот директор Васил Бубев. Лани, во септември, тој не беше повторно избран, а оттогаш НУЦК „Антон Панов“ е со в.д. директор.

The post Танкица Стојанова назначена за в.д. директорка на Центарот за култура во Струмица appeared first on Република.

]]>

Министерството за култура ја назначи актерката Танкица Стојанова за в.д. директорка на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, откако досегашен вршител на оваа функција беше Боби Ѓошиќ. Веста за МИА ја потврдија од Центарот за култура. Стојанова е дел од ансамблот на Театарот „Антон Панов“ и до изборот на нов директор таа ќе раководи со оваа установа. Лани иницијативата „Култура или фискултура“, во која членуваа актери од струмичкиот театар, организираше повеќе протести во Струмица и Скопје со кои предупредуваа на незаконитоста на постапката за избор на тогашниот директор Васил Бубев. Лани, во септември, тој не беше повторно избран, а оттогаш НУЦК „Антон Панов“ е со в.д. директор.

The post Танкица Стојанова назначена за в.д. директорка на Центарот за култура во Струмица appeared first on Република.

]]>
Нов в.д. директор на ЈП „Градски паркинг“ е Бојан Христовски, разрешен е Филип Пасху https://republika.mk/vesti/skopje/nov-v-d-direktor-na-jp-gradski-parking-e-bojan-hristovski-razreshen-e-filip-pashu/ Thu, 13 Jan 2022 10:13:56 +0000 https://republika.mk/?p=444068

Филип Пасху е разрешен од функцијата в. д. директор на ЈП „Градски паркинг“ и од денеска, в. д. директор на претпријатието е Бојан Христовски, кој досега бил вработен во Министерството за внатрешни работи.

Од кабинетот на Арсовска за СДК.мк велат дека Пасху бил само времено решение.

Филип Пасху не е разрешен, беше поставен на функцијата в. д. директор како времено решение за да се запазат рокови. Тој ќе има ангажман со нова позиција во Градот. Претпријатието има нов директор, Бојан Христовски, велат од Град Скопје за СДК.мк

Целиот текст овде.

The post Нов в.д. директор на ЈП „Градски паркинг“ е Бојан Христовски, разрешен е Филип Пасху appeared first on Република.

]]>

Филип Пасху е разрешен од функцијата в. д. директор на ЈП „Градски паркинг“ и од денеска, в. д. директор на претпријатието е Бојан Христовски, кој досега бил вработен во Министерството за внатрешни работи. Од кабинетот на Арсовска за СДК.мк велат дека Пасху бил само времено решение.