увид Archives - Република https://republika.mk/tema/uvid/ За подобро да се разбереме Sat, 03 Aug 2024 14:36:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png увид Archives - Република https://republika.mk/tema/uvid/ 32 32 Тошковски и Ангелов извршија увид на состојбата на терен на пожарот во атарот на с. Зеленград, пробиштипско https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-i-angelov-izvrshija-uvid-na-sostojbata-na-teren-na-pozharot-vo-atarot-na-s-zelengrad-probishtipsko/ Sat, 03 Aug 2024 14:36:28 +0000 https://republika.mk/?p=803070

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска заедно со директорот на ЦУК Стојанче Ангелов изврши увид на состојбата на терен на пожарот во атарот на село Зеленград, пробиштипско.

-Искрена благодарност до пожарникарите, доброволците и сите вклучени во гаснењето на пожарите за нивната несебична посветеност и храброст. Во постојана комуникација сме со нашите пријатели од странство со цел обезбедување дополнителна помош и ресурси за справување со оваа криза, објави министерот Тошковски на официјалната Фејсбук страница.

Претходно, пак, Ангелов информираше дека пожарот во охридското село Косел повторно се реактивирал. Тој утрово рече дека пожарот кај Косел е под контрола и има горење само во еден дел, но поради силниот ветер, како што вели, пожарот избегал од контрола и покрај тоа што 100 лица работат на гаснење на пожарот. 

The post Тошковски и Ангелов извршија увид на состојбата на терен на пожарот во атарот на с. Зеленград, пробиштипско appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска заедно со директорот на ЦУК Стојанче Ангелов изврши увид на состојбата на терен на пожарот во атарот на село Зеленград, пробиштипско.
-Искрена благодарност до пожарникарите, доброволците и сите вклучени во гаснењето на пожарите за нивната несебична посветеност и храброст. Во постојана комуникација сме со нашите пријатели од странство со цел обезбедување дополнителна помош и ресурси за справување со оваа криза, објави министерот Тошковски на официјалната Фејсбук страница.
Претходно, пак, Ангелов информираше дека пожарот во охридското село Косел повторно се реактивирал. Тој утрово рече дека пожарот кај Косел е под контрола и има горење само во еден дел, но поради силниот ветер, како што вели, пожарот избегал од контрола и покрај тоа што 100 лица работат на гаснење на пожарот. 

The post Тошковски и Ангелов извршија увид на состојбата на терен на пожарот во атарот на с. Зеленград, пробиштипско appeared first on Република.

]]>
Започна увидот по пожарот во Универзална сала https://republika.mk/vesti/skopje/zapochna-uvidot-po-pozharot-vo-univerzalna-sala/ Wed, 10 Apr 2024 14:58:31 +0000 https://republika.mk/?p=764621

Откако локацијата e обезбедена и се создадени неопходни услови, увидни екипи со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска го започнаа увидот на објектот на Универзалната сала каде вчера изби пожар.

-Локацијата ќе биде детално прегледана за да се обезбедат сите докази неопходни за утврдување на причините за настанување на пожарот. Стручно вешто лице ќе се произнесе дали пожарот е евентуално предизвикан од човечки фактор или се работи за несреќен случај, се наведува во денешното соопштение од Обвинителството.

Во текот на вчерашниот ден, во рамките на своите надлежности, Државниот инспекторат за труд изврши контрола на работењето на фирмите ангажирани за реконструкција на објектот и изготви записник.

-Бидејќи се уште трае фазата на прибирање докази, односно до овој момент не е утврдено дека пожарот настанал како последица на човечки фактор, вчера во полициска станица беа земени изјави од три задржани лица, по што тие беа пуштени со оглед на тоа што во оваа фаза нема основ за нивно натамошно задржување, велат од Јавното обвинителство.

The post Започна увидот по пожарот во Универзална сала appeared first on Република.

]]>

Откако локацијата e обезбедена и се создадени неопходни услови, увидни екипи со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска го започнаа увидот на објектот на Универзалната сала каде вчера изби пожар. -Локацијата ќе биде детално прегледана за да се обезбедат сите докази неопходни за утврдување на причините за настанување на пожарот. Стручно вешто лице ќе се произнесе дали пожарот е евентуално предизвикан од човечки фактор или се работи за несреќен случај, се наведува во денешното соопштение од Обвинителството. Во текот на вчерашниот ден, во рамките на своите надлежности, Државниот инспекторат за труд изврши контрола на работењето на фирмите ангажирани за реконструкција на објектот и изготви записник. -Бидејќи се уште трае фазата на прибирање докази, односно до овој момент не е утврдено дека пожарот настанал како последица на човечки фактор, вчера во полициска станица беа земени изјави од три задржани лица, по што тие беа пуштени со оглед на тоа што во оваа фаза нема основ за нивно натамошно задржување, велат од Јавното обвинителство.

The post Започна увидот по пожарот во Универзална сала appeared first on Република.

]]>
Тројца онколошки пациенти ќе имаат увид во истрагата на обвинителството https://republika.mk/vesti/makedonija/trojtsa-onkoloshki-patsienti-ke-imaat-uvid-vo-istragata-na-obvinitelstvoto/ Mon, 11 Sep 2023 13:48:44 +0000 https://republika.mk/?p=680936

Имајќи го предвид фактот дека со предметот кој се води во врска со Клиниката за онкологија се испитува евентуална повреда на највисокото уставно загарантирано право на здравствена заштита, Основното јавно обвинителство Скопје ќе преземе дополнителни чекори за обезбедување максимална транспарентност и отчетност на постапката.

Врз основа на барањето на онколошките пациенти изнесено на средбата која се одржа на 7 септември, Обвинителството денеска ќе побара од неформалната организација преку која пациентите ги изнесуваат своите барања да избере тројца онколошки пациенти кои во текот на целата постапка ќе имаат директен увид во прибраните докази и во преземените дејствија.

Пациентите ќе треба претходно да потпишат изјави со кои ќе се гарантира тајноста на постапката и на личните податоци во кои ќе имаат увид. Начинот на избор на пациентите е оставен на нивните претставници кои го изнесоа ваквото барање.

Претходно, Основното јавно обвинителство Скопје ги охрабри сите граѓани кои имаат сознанија во врска со овој предмет, да ги пријават на надлежните органи. Во текот на денешниот ден, надлежниот јавен обвинител телефонски го контактираа 10-тина граѓани, кои сакаат со свои сознанија да и помогнат на постапката.

Јавното обвинителство ги презема сите дејствија за обезбедување докази со цел проверка на наводите во овој предмет. Во таа насока, од самиот почеток е вклучен и лекарски и друг медицински персонал.

The post Тројца онколошки пациенти ќе имаат увид во истрагата на обвинителството appeared first on Република.

]]>

Имајќи го предвид фактот дека со предметот кој се води во врска со Клиниката за онкологија се испитува евентуална повреда на највисокото уставно загарантирано право на здравствена заштита, Основното јавно обвинителство Скопје ќе преземе дополнителни чекори за обезбедување максимална транспарентност и отчетност на постапката. Врз основа на барањето на онколошките пациенти изнесено на средбата која се одржа на 7 септември, Обвинителството денеска ќе побара од неформалната организација преку која пациентите ги изнесуваат своите барања да избере тројца онколошки пациенти кои во текот на целата постапка ќе имаат директен увид во прибраните докази и во преземените дејствија. Пациентите ќе треба претходно да потпишат изјави со кои ќе се гарантира тајноста на постапката и на личните податоци во кои ќе имаат увид. Начинот на избор на пациентите е оставен на нивните претставници кои го изнесоа ваквото барање. Претходно, Основното јавно обвинителство Скопје ги охрабри сите граѓани кои имаат сознанија во врска со овој предмет, да ги пријават на надлежните органи. Во текот на денешниот ден, надлежниот јавен обвинител телефонски го контактираа 10-тина граѓани, кои сакаат со свои сознанија да и помогнат на постапката. Јавното обвинителство ги презема сите дејствија за обезбедување докази со цел проверка на наводите во овој предмет. Во таа насока, од самиот почеток е вклучен и лекарски и друг медицински персонал.

The post Тројца онколошки пациенти ќе имаат увид во истрагата на обвинителството appeared first on Република.

]]>
Извршен увид за двојното убиство во Карпош, телата на жртвите на обдукција https://republika.mk/vesti/crna-hronika/izvrshen-uvid-za-dvojnoto-ubistvo-vo-karposh-telata-na-zhrtvite-na-obduktsija/ Wed, 11 Jan 2023 18:00:48 +0000 https://republika.mk/?p=595904

Јавен обвинител од Основното јавно обвнителство Скопје извршил увид на лице место во стан на улица „Рузвелтова“ во скопската населба Карпош, каде, според првичните информации М.Ј. (40) со остар предмет им го одзел животот на неговата мајка и баба, кои биле на возраст од околу 60 и 80 години.

Од ОЈО Скопје соопштија дека со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител ќе издаде наредби за обдукција на починатите, како и за вештачење на сите траги пронајдени на лице место.

Од Министерството за внатрешни работи претходно инфомираа дека денеска околу 14:40 часот, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.Ј.(40) од Скопје, поради сомнение дека околу 14:20 часот во стан на ул.„Рузвелтова“ со остар предмет ги нападнал неговата мајка и баба на возраст од околу 60 и 80 години, кои од здобиените повреди починале.

 

The post Извршен увид за двојното убиство во Карпош, телата на жртвите на обдукција appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвнителство Скопје извршил увид на лице место во стан на улица „Рузвелтова“ во скопската населба Карпош, каде, според првичните информации М.Ј. (40) со остар предмет им го одзел животот на неговата мајка и баба, кои биле на возраст од околу 60 и 80 години. Од ОЈО Скопје соопштија дека со цел расчистување на настанот, јавниот обвинител ќе издаде наредби за обдукција на починатите, како и за вештачење на сите траги пронајдени на лице место. Од Министерството за внатрешни работи претходно инфомираа дека денеска околу 14:40 часот, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.Ј.(40) од Скопје, поради сомнение дека околу 14:20 часот во стан на ул.„Рузвелтова“ со остар предмет ги нападнал неговата мајка и баба на возраст од околу 60 и 80 години, кои од здобиените повреди починале.  

The post Извршен увид за двојното убиство во Карпош, телата на жртвите на обдукција appeared first on Република.

]]>
Сообраќајка вечерва во Лисиче, во тек е увидот https://republika.mk/vesti/crna-hronika/soobrakjajka-vecherva-vo-lisiche-vo-tek-e-uvidot/ Thu, 08 Sep 2022 20:07:00 +0000 https://republika.mk/?p=548841

Вечерва во населбата Лисиче, на раскрсницата кај крстот се случи сообраќајна несреќа.

Сообраќајот е во прекин и се врши увид.

The post Сообраќајка вечерва во Лисиче, во тек е увидот appeared first on Република.

]]>

Вечерва во населбата Лисиче, на раскрсницата кај крстот се случи сообраќајна несреќа. Сообраќајот е во прекин и се врши увид.

The post Сообраќајка вечерва во Лисиче, во тек е увидот appeared first on Република.

]]>
Започна новиот увид на автопатот Струма за несреќата со автобусот на Беса транс https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zapochna-noviot-uvid-na-avtopatot-struma-za-nesrekjata-so-avtobusot-na-besa-trans/ Thu, 25 Aug 2022 08:51:29 +0000 https://republika.mk/?p=543902

Николај Димитров, адвокатот на дел од семејствата на загинатите и повредените патници од автобуската несреќа на Беса транс на автопатот Струма во Бугарија, за дописникот на МИА од Софија изјави дека увидот на теренот е веќе започнат.

Експертскиот тим го започнал увидот на три километри од автобуската несреќа и целта е да покаже дали има причинско-последични околности кои довеле до несреќата.

Се проверува површината на коловозот, знаците, ознаките и сите други елементи кои можат да дадат одговор на прашањето како точно се случила несреќата. Адвокатот за МИА коментира дека увидот ќе покаже што недостигало на овој дел од автопатот Струма и дали токму тој недостаток е главната причина за несреќата.

Димитров посочува и дека семејствата на неговите клиенти јасно прашуваат дали е виновен само загинатиот возач или има друга околност што довела до страшната несреќа.Тие го поставуваат и прашањето што се случило со личните работи и багажот на починатите, како и со златни вредни предмети и украси кои ги имале на себе, но не биле регистрирани од бугарските власти и никој не им ги вратил.

Семејствата на загинатите и преживеаните од автобуската несреќа во Бугарија побараа паралелна истрага за утврдување на причините за трагедијата во која загинаа 45 патници, а седум беа потешко повредени. Во декември, истрагата покажа дека главна причина за настанатата катастрофа била брзината која не соодвестувала со условите на патот.

The post Започна новиот увид на автопатот Струма за несреќата со автобусот на Беса транс appeared first on Република.

]]>

Николај Димитров, адвокатот на дел од семејствата на загинатите и повредените патници од автобуската несреќа на Беса транс на автопатот Струма во Бугарија, за дописникот на МИА од Софија изјави дека увидот на теренот е веќе започнат. Експертскиот тим го започнал увидот на три километри од автобуската несреќа и целта е да покаже дали има причинско-последични околности кои довеле до несреќата. Се проверува површината на коловозот, знаците, ознаките и сите други елементи кои можат да дадат одговор на прашањето како точно се случила несреќата. Адвокатот за МИА коментира дека увидот ќе покаже што недостигало на овој дел од автопатот Струма и дали токму тој недостаток е главната причина за несреќата. Димитров посочува и дека семејствата на неговите клиенти јасно прашуваат дали е виновен само загинатиот возач или има друга околност што довела до страшната несреќа.Тие го поставуваат и прашањето што се случило со личните работи и багажот на починатите, како и со златни вредни предмети и украси кои ги имале на себе, но не биле регистрирани од бугарските власти и никој не им ги вратил. Семејствата на загинатите и преживеаните од автобуската несреќа во Бугарија побараа паралелна истрага за утврдување на причините за трагедијата во која загинаа 45 патници, а седум беа потешко повредени. Во декември, истрагата покажа дека главна причина за настанатата катастрофа била брзината која не соодвестувала со условите на патот.

The post Започна новиот увид на автопатот Струма за несреќата со автобусот на Беса транс appeared first on Република.

]]>
Детали за тешката сообраќајка на патот Струмица – Валандово: 11 повредени, меѓу нив и деца https://republika.mk/vesti/crna-hronika/detali-za-teshkata-soobrakjajka-na-patot-strumica-valandovo-11-povredeni-megju-niv-i-deca/ Sun, 03 Jul 2022 16:03:17 +0000 https://republika.mk/?p=523146

Министерството за внатрешни работи соопшти детал за тешката сообраќајна несреќа која вчера се случи на регионалниот пат Р-1401, на место викано „Валандовско брдо“, а во која повредени се 11 лица.

-Во 16.20 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд мондео“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.И.(29) од с.Свидовица, струмичко, без возачка дозвола и патничко возило „фиат добло“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.П.(32) од с.Муртино, струмичко, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот С.П. и сопатниците во возилото „форд“, малолетник од Штип, З.И.(26) од с.Свидовица и двајца малолетници од истото село, констатирани во Медицински центар Струмица. Со телесни повреди, констатирани, исто така, во Медицински центар Струмица, се здобиле возачот И.И. и пет сопатници во двете возила.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Валандово.

The post Детали за тешката сообраќајка на патот Струмица – Валандово: 11 повредени, меѓу нив и деца appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи соопшти детал за тешката сообраќајна несреќа која вчера се случи на регионалниот пат Р-1401, на место викано „Валандовско брдо“, а во која повредени се 11 лица. -Во 16.20 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд мондео“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.И.(29) од с.Свидовица, струмичко, без возачка дозвола и патничко возило „фиат добло“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.П.(32) од с.Муртино, струмичко, информира МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот С.П. и сопатниците во возилото „форд“, малолетник од Штип, З.И.(26) од с.Свидовица и двајца малолетници од истото село, констатирани во Медицински центар Струмица. Со телесни повреди, констатирани, исто така, во Медицински центар Струмица, се здобиле возачот И.И. и пет сопатници во двете возила. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Валандово.

The post Детали за тешката сообраќајка на патот Струмица – Валандово: 11 повредени, меѓу нив и деца appeared first on Република.

]]>