Уставни измени Archives - Република https://republika.mk/tema/ustavni-izmeni/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 21:29:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Уставни измени Archives - Република https://republika.mk/tema/ustavni-izmeni/ 32 32 Мицкоски: Со предлогот што го нудиме за уставните измени, ние сме сигурни дека ќе ја истрчаме трката до крај https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-so-predlogot-shto-go-nudime-za-ustavnite-izmeni-nie-sme-sigurni-deka-ke-ja-istrchame-trkata-do-kraj/ Tue, 19 Nov 2024 21:29:12 +0000 https://republika.mk/?p=839734

Со предлогот што го нудиме за уставните измени, сигурни сме дека ќе ја истрчаме трката до крај. Убеден сум дека тоа е максиумот што во моментот можеме да го направиме, вели премиерот Христијан Мицкоски во интервју за косовската RTK телевизија.

Во интервјуто дадено за време на неговата посета на Приштина, Мицкоски вели дека сега е поголем оптимист отколку што бил пред една година и дека тоа е резултат на дипломатската офанзива реализирана во изминатите неколку месеци.

- Полека почнува да се појавува светлината, но тоа е затоа што имавме жестока дипломатска офанзива и нашите позиции буквално сите ги знаат и направивме успех. Сега нашата позиција е дајте да разговараме да најдеме решение и сега почнуваме да бараме решение. Ние во оваа трка направивме многу за да дојдеме на старната линија и сега, да се изразам спортски, треба да трчаме трка со 110 метри со пречки. И ја гледаме првата пречка. Со оваа уставна измена сме во можност само да ја прескокнеме првата пречка, но никој не ни гарантира дека ќе стигнеме до крајот на целната линија. Ние сме подготвени во Парламентот да ја отпочнеме промената на Уставот и амандманите 37 и 38 и тие ќе станат дел од Уставот. Но со уставниот закон ќе додадеме овие два амандмани да станат ефективни кога бугарскиот Парламент ќе го ратификува Пристапниот договор во ЕУ. Само на тој начин ние сме сигурни дека ќе ја истрчаме трката до крај, нагласува Мицкоски.

Според Мицкоски, за огромен број земји членки, речиси сите, предлогот што го нуди Владата е разумен и е основа за постигнување на договор.

- За ова не треба ништо парламентите да ратификуваат, за ова треба само да се подаде рака и да се почне процесот. Доволно е толку. Често пати се повикуваат на правилото на еден глас во рамките на ЕУ. Ќе ве потсетам дека за време на декемвискиот самит минатата година кога исто така имаше едно прашање околу кое немаше консензус, правилото на еден глас се претвори во правило – недостасува еден човек. Така што јас разбирам дека има двојни стандарди во светската политика и дека човек треба да се бори, но таа борба барем да биде фер, вели Мицкоски.

Вели подобра опција од Европската унија во моментот нема и дека она што како држава го очекуваме е да си го исполнат дадениот збор.

- Тоа што ние го очекуваме е само да си го исполнат зборот, а дадениот збор беше кога се менуваше уставното име дека ќе бидеме членка на НАТО, веднаш ги почнеме преговорите бидејќи сме пред сите во регионот и во рамките на четири-пет години ќе ги завршиме преговорите. Знаете кога завршија тие четири, пет години? Минатата година. Уште колку пати ние треба да се самопонижиме, самооткажаме за да добиеме нешто како гаранција дека ќе ја завршиме оваа трка, нагласува Мицкоски.

Прашува која е потребата во нашата Преамбула да се внесе дел од бугарската заедница која живее во земјава, а се работи за неколку стотина граѓани, а тоа не се бара од Косово, Албанија или од Србија каде живеат повеќе припадници на бугарската заедница.

- Има ли логика во сето тоа. Дали се човекови права во прашање? Во Европа има суд за човекови права кој 14 пати донел одлуки за македонската заендица во Бугарија дека им се нарушени човеквоте права, а во Македонија нула. Што значи дека не се човекови права во прашање. Што ќе кажат македонците од другата страна на границата. На нив не им е дозволено да регистрираат невладина организација и не се неколку стотина. Ако тие не можат да регистрираат невладина организација, а ние менуваме Устав, тоа ми е малку нелогично. Тогаш да видиме која е вистинската причина. Ако вие не можете да ја убедите официјална Софија да имплементира барем неколку одлуки од Судот за човекови права, нека изберат тие кои одлуки, како да ги убедите да ни дозволат да ја завршиме трката до крај, како ќе ги убедите да не се сомнеме на четвртата или петтата препрека повторно?, прашува Мицкоски.

Посочува дека никој нема против да напредува во Европската унија според достигнувањата, но дека е друго кога има Преговарачка рамка со Копенхашките критериуми, а друго е кога има Преговарачка рамка со билатерален договор.

- Кога сте жртва на билатерализација, ако сте малку искусен, ќе си го поставите прашањето што ако каменот во чевелот стане толку тежок, да не можам ногата да ја помрднам. Логично е да го отвориме ова прашање, затоа што ако не го отвориме, ќе бидеме неодговорнони кон иднината на државата. Никој нема против да напредува во ЕУ според постигнувањата. Впрочем и самиот скриниг извештај кажува дека 55 проценти од нашата легислатива е усогласена и тука ние немаме проблем. Немаме проблем да добиеме вето затоа што нема владеење на право, корупција.. ....ама ако добиеме вето затоа што во нашите учебници пишува дека Гоце Делчев е Македонец, ако добиеме вето за нешто во средниот век, а никој не е жив за да посведочи што се случило, тогаш е малку неприродно. Ние толку тоа сакаме да го промениме, појаснува Мицкоски.

За Законот за употреба на јазиците и за одредбите од законот коишто се пред Уставниот суд, Мицкоски вели дека никој нема против употребата на албанскиот јазик и дека тоа е тема која е вештачки создадена. Според Мицкоски, покренувањето на ова прашање од страна на ДУИ не е поради грижа, туку е тема која тие се обидуваат да ја наметнат за да се заштитат себеси.

- Оние кои купуваа трговски центри во Скопје, оние кои имаат милиони евра во возен парк, оние кои не знаат што да прават со парите што ги украдоа, сега се вознемирени и не знаат како да го заштитат капиталот. Гледаат дека правдата е спора, но се доближува и си велат кој е најдобриот начин да се направиме маченици – да свртиме на национални теми и кога ќе дојде полицијата на врата ќе кажат дека тоа им го прави затоа што биле гласни за Законот за јазиците, вели Мицкоски.

За Балансерот вели дека честопати оваа алатка во минатото била злоупотребувана при вработувањата и дека во моментот работна група работи на законско решение кое истовремено ќе биде уставно и ќе гарантира правична застапеност и кариерно унапредување согласно компетенциите и знаењето.

The post Мицкоски: Со предлогот што го нудиме за уставните измени, ние сме сигурни дека ќе ја истрчаме трката до крај appeared first on Република.

]]>

Со предлогот што го нудиме за уставните измени, сигурни сме дека ќе ја истрчаме трката до крај. Убеден сум дека тоа е максиумот што во моментот можеме да го направиме, вели премиерот Христијан Мицкоски во интервју за косовската RTK телевизија. Во интервјуто дадено за време на неговата посета на Приштина, Мицкоски вели дека сега е поголем оптимист отколку што бил пред една година и дека тоа е резултат на дипломатската офанзива реализирана во изминатите неколку месеци.

Муртезани: Уставни измени ќе има кога ќе се знае крајот на процесот https://republika.mk/vesti/makedonija/murtezani-ustavni-izmeni-ke-ima-koga-ke-se-znae-krajot-na-protsesot/ Mon, 04 Nov 2024 11:57:55 +0000 https://republika.mk/?p=833991

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска во Тетово изјави дека уставните измени ќе почнат да се реализираат во моментот кога ќе се добие сигурност како ќе изгледа крајот на тој процес. Муртезани ова го посочи по средбата со градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами.

Во јавните настапи на меѓународните претставници меѓутоа и во извештајот на Европската комисија стои обврската за уставните измени за почнување на преговорите. Јас и премиерот Мицкоски во неколку наврати јасно сме кажале дека ништо не е спорно во суштината на уставните измени, меѓутоа ние сакаме да бидеме сигурни дека уставните измени нема само да го отворат процесот на преговори, туку дека тој процес ќе има крај. Во моментот кога ние ќе видиме дека процесот е обезбеден, уставните измени може да почнат да се имплементираат - изјави Орхан Муртезани.

Градоначалникот и претседател на Движење Беса, Биљал Касами, не даде мислење за уставните измени.

The post Муртезани: Уставни измени ќе има кога ќе се знае крајот на процесот appeared first on Република.

Портпаролката на ЕК побара од партиите да покажат храброст за уставни измени https://republika.mk/vesti/makedonija/portparolkata-na-ek-pobara-od-partiite-da-pokazhat-hrabrost-za-ustavni-izmeni/ Thu, 31 Oct 2024 16:19:51 +0000 https://republika.mk/?p=832849

Продолжувањето на пристапниот процес за Македонија зависи од уставните измени за кои земјата се обврза дека ќе ги спроведе, изјави денеска портпаролката на Европската комисија за соседска политика, проширување и меѓународни партнерства Ана Писонеро.

- Ги повикуваме сите политички сили заедно да го направат овој значаен чекор напред, додаде Писонеро.

Таа потсети дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен минатата недела беше во посета на земјите од Западниот Балкан, вклучително и Скопје, при што јасно ја нагласила целта земјата да ги започне преговорите по Кластерот „Основни вредности“ што е можно поскоро. Во врска со можното „повторно спојување“ на Македонија и Албанија на европскиот пат, Писонеро потенцира дека проширувањето е индивидуален процес заснован на заслуги и зависи од објективниот напредок на секоја од земјите партнери на ЕУ.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во заклучоците од Самитот на ЕУ од декември минатата година се нагласува дека „Европската Унија е подготвена да ја заврши фазата на отворање на пристапните преговори со Македонија, веднаш штом таа ќе ја спроведе својата заложба за комплетирање на уставните измени во согласност со нејзините внатрешни процедури, како што е наведено во заклучоците на Советот од 18 јули 2022 година“

The post Портпаролката на ЕК побара од партиите да покажат храброст за уставни измени appeared first on Република.

]]>

Продолжувањето на пристапниот процес за Македонија зависи од уставните измени за кои земјата се обврза дека ќе ги спроведе, изјави денеска портпаролката на Европската комисија за соседска политика, проширување и меѓународни партнерства Ана Писонеро.
- Ги повикуваме сите политички сили заедно да го направат овој значаен чекор напред, додаде Писонеро.
Таа потсети дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен минатата недела беше во посета на земјите од Западниот Балкан, вклучително и Скопје, при што јасно ја нагласила целта земјата да ги започне преговорите по Кластерот „Основни вредности“ што е можно поскоро. Во врска со можното „повторно спојување“ на Македонија и Албанија на европскиот пат, Писонеро потенцира дека проширувањето е индивидуален процес заснован на заслуги и зависи од објективниот напредок на секоја од земјите партнери на ЕУ. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во заклучоците од Самитот на ЕУ од декември минатата година се нагласува дека „Европската Унија е подготвена да ја заврши фазата на отворање на пристапните преговори со Македонија, веднаш штом таа ќе ја спроведе својата заложба за комплетирање на уставните измени во согласност со нејзините внатрешни процедури, како што е наведено во заклучоците на Советот од 18 јули 2022 година“

The post Портпаролката на ЕК побара од партиите да покажат храброст за уставни измени appeared first on Република.

]]>
Османи со предлог- ако продолжат бугарските блокади, Парламентот да може да ги суспендира уставните измени https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-so-predlog-ako-prodolzhat-bugarskite-blokadi-parlamentot-da-mozhe-da-gi-suspendira-ustavnite-izmeni/ Tue, 15 Oct 2024 18:37:16 +0000 https://republika.mk/?p=827305

Поранешниот шеф на македонската дипломатија, Бујар Османи пак со предлог да се воведе клаузула во Законот за спроведување на Уставот.

Тоа би значело дека ако продолжат бугарските блокади на македонскиот евроинтегративен пат и по внесување на Бугарите во Уставот, Парламентот ќе може да ги суспендира уставните измени.

Османи потенцира дека Македонија треба да го исполни овој европски услов, и дека развојувањето на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ не е добро за Македонија.

На предлогот на Османи одговори владината портпаролка, Марија Митева. Му порачаа дека нема кредибилитет да говори на оваа тема и дека се сомневаат во искреноста на неговите намери.

Премиерот претходно најави дека во подготовка е писмо со нови предлози за тоа како да продолжат преговорите со ЕУ.

Опозициската СДСМ, пак, излезе со став дека нема да ја кочи иднината на земјава за политичка корист и дека ќе даде поддршка ако се обезбеди одложена примена на уставните измени.

The post Османи со предлог- ако продолжат бугарските блокади, Парламентот да може да ги суспендира уставните измени appeared first on Република.

]]>

Поранешниот шеф на македонската дипломатија, Бујар Османи пак со предлог да се воведе клаузула во Законот за спроведување на Уставот. Тоа би значело дека ако продолжат бугарските блокади на македонскиот евроинтегративен пат и по внесување на Бугарите во Уставот, Парламентот ќе може да ги суспендира уставните измени. Османи потенцира дека Македонија треба да го исполни овој европски услов, и дека развојувањето на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ не е добро за Македонија. На предлогот на Османи одговори владината портпаролка, Марија Митева. Му порачаа дека нема кредибилитет да говори на оваа тема и дека се сомневаат во искреноста на неговите намери. Премиерот претходно најави дека во подготовка е писмо со нови предлози за тоа како да продолжат преговорите со ЕУ. Опозициската СДСМ, пак, излезе со став дека нема да ја кочи иднината на земјава за политичка корист и дека ќе даде поддршка ако се обезбеди одложена примена на уставните измени.

The post Османи со предлог- ако продолжат бугарските блокади, Парламентот да може да ги суспендира уставните измени appeared first on Република.

]]>
Османи има најмал кредибилитет да зборува за уставните измени, смета Митева https://republika.mk/vesti/osmani-ima-najmal-kredibilitet-da-zboruva-za-ustavnite-izmeni-smeta-miteva/ Tue, 15 Oct 2024 11:50:12 +0000 https://republika.mk/?p=827136

Се сомневаме во искреноста на нивните намери, а поранешниот шеф на дипломатијата најмалку има кредибилитет да зборува за оваа тема, рече денеска владината портпаролка Марија Митева во врска со ставот на Бујар Османи да се донесат уставните измени, но со клаузула според која нема да важат ако Бугарија во наредните пет години продолжува да го блокира нашето членство во ЕУ.

-Ја видовме изјавата на поранешниот шеф на дипломатијата кој со години беше на чело на таа позиција и цениме дека најмалку има кредибилитет да зборува за оваа тема зашто се сомневаме во искреноста на нивните намери при давањето предлози и решенија за состојбата во која се наоѓаме по однос на ова прашање, истакна Митева на прес-конференција.

Одговорајќи на новинарско прашање во кој смисол Владата се сомнева, Митева подвлече дека сомнежот е во однос на тоа „која е намерата во однос на нивните предлози што ги даваат сега како насока на предлог-решенија“.

Османи за ТВ21 денеска рече дека земјава треба да ги реализираме уставните измени преку вметнување клаузула во Законот за спроведување на Уставот.

-Еве, јас одам еден чекор понапред, доколку уставните измени се направат денес, ние слободно можеме во Законот за спроведување на Уставот да вметнеме клаузула со која се вели, доколку во наредните пет години Бугарија продолжува да ја спречува Македонија за работи кои немаат врска со Европската Унија, Парламентот да има право да ги суспендира уставните измени, но тие да стапат на сила сега, истакна Османи

The post Османи има најмал кредибилитет да зборува за уставните измени, смета Митева appeared first on Република.

]]>

Се сомневаме во искреноста на нивните намери, а поранешниот шеф на дипломатијата најмалку има кредибилитет да зборува за оваа тема, рече денеска владината портпаролка Марија Митева во врска со ставот на Бујар Османи да се донесат уставните измени, но со клаузула според која нема да важат ако Бугарија во наредните пет години продолжува да го блокира нашето членство во ЕУ.
-Ја видовме изјавата на поранешниот шеф на дипломатијата кој со години беше на чело на таа позиција и цениме дека најмалку има кредибилитет да зборува за оваа тема зашто се сомневаме во искреноста на нивните намери при давањето предлози и решенија за состојбата во која се наоѓаме по однос на ова прашање, истакна Митева на прес-конференција.
Одговорајќи на новинарско прашање во кој смисол Владата се сомнева, Митева подвлече дека сомнежот е во однос на тоа „која е намерата во однос на нивните предлози што ги даваат сега како насока на предлог-решенија“. Османи за ТВ21 денеска рече дека земјава треба да ги реализираме уставните измени преку вметнување клаузула во Законот за спроведување на Уставот.
-Еве, јас одам еден чекор понапред, доколку уставните измени се направат денес, ние слободно можеме во Законот за спроведување на Уставот да вметнеме клаузула со која се вели, доколку во наредните пет години Бугарија продолжува да ја спречува Македонија за работи кои немаат врска со Европската Унија, Парламентот да има право да ги суспендира уставните измени, но тие да стапат на сила сега, истакна Османи

The post Османи има најмал кредибилитет да зборува за уставните измени, смета Митева appeared first on Република.

]]>
Мицкоски во Брисел ќе го претстави планот за уставни измени со одложено дејство https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vo-brisel-ke-go-pretstavi-planot-za-ustavni-izmeni-so-odlozheno-dejstvo/ Wed, 11 Sep 2024 08:10:39 +0000 https://republika.mk/?p=815152

Премиерот Мицкоски на 19 септември во Брисел ќе го презентира владинот предлог за откочување на процесот на евроинтеграција на Македонија. Мицкоски повика на прекин на билатерализацијата на евроинтегративниот процес, истакнувајќи дека Брисел треба да покаже политичка волја за решавање на предизвиците што ја засегаат Македонија.

Тој изјави дека проблемот не е во волјата на македонските граѓани или политичари за уставни измени, туку во подготвеноста на Европската унија да ги реши овие прашања.

Владиниот предлот веќе не е тајна и тоа ќе биде уставни измени со одложено дејство.

Што е одложено дејство

Со сегашната преговарачка рамка за Македонија да ги започне преговорите со ЕУ е потребно да ги внесе Бугарите во уставот. Власта тоа не сака да го направи без  јасен план и гаранции, истакнувајќи ја потребата за решавање на прашањата со македонскиот идентитет и пресудите од Стразбур.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ako-brisel-ima-volja-ima-i-nachin-poracha-mitskoski-i-pobara-da-prestane-bilateralizatsijata-na-evrointegrativniot-protses/

„Имаме предлог за одложена примена на уставните амандмани, каде што ќе ги завршиме преговорите, а потоа ќе видиме што ќе правиме. Пресудите од Стразбур за македонската заедница во Бугарија мора да бидат дел од оваа дискусија. Ние сакаме јасни гаранции и решенија,“ нагласи Мицкоски.

Тој објасни дека предлогот за одложена примена е логичен, бидејќи прво треба да се завршат преговорите, а потоа да се решат прашањата како македонскиот идентитет и јазик, пресудите од Стразбур за македонската заедница во Бугарија, и други важни прашања.

„Нема да влеземе наивно во какви било процеси без јасен план и гаранција. Овие гаранции мора да бидат потврдени со конкретни постигнувања и јасна порака,“ додаде Мицкоски.

The post Мицкоски во Брисел ќе го претстави планот за уставни измени со одложено дејство appeared first on Република.

]]>

Премиерот Мицкоски на 19 септември во Брисел ќе го презентира владинот предлог за откочување на процесот на евроинтеграција на Македонија. Мицкоски повика на прекин на билатерализацијата на евроинтегративниот процес, истакнувајќи дека Брисел треба да покаже политичка волја за решавање на предизвиците што ја засегаат Македонија. Тој изјави дека проблемот не е во волјата на македонските граѓани или политичари за уставни измени, туку во подготвеноста на Европската унија да ги реши овие прашања. Владиниот предлот веќе не е тајна и тоа ќе биде уставни измени со одложено дејство.

Што е одложено дејство

Со сегашната преговарачка рамка за Македонија да ги започне преговорите со ЕУ е потребно да ги внесе Бугарите во уставот. Власта тоа не сака да го направи без  јасен план и гаранции, истакнувајќи ја потребата за решавање на прашањата со македонскиот идентитет и пресудите од Стразбур. https://republika.mk/vesti/makedonija/ako-brisel-ima-volja-ima-i-nachin-poracha-mitskoski-i-pobara-da-prestane-bilateralizatsijata-na-evrointegrativniot-protses/
„Имаме предлог за одложена примена на уставните амандмани, каде што ќе ги завршиме преговорите, а потоа ќе видиме што ќе правиме. Пресудите од Стразбур за македонската заедница во Бугарија мора да бидат дел од оваа дискусија. Ние сакаме јасни гаранции и решенија,“ нагласи Мицкоски.
Тој објасни дека предлогот за одложена примена е логичен, бидејќи прво треба да се завршат преговорите, а потоа да се решат прашањата како македонскиот идентитет и јазик, пресудите од Стразбур за македонската заедница во Бугарија, и други важни прашања.
„Нема да влеземе наивно во какви било процеси без јасен план и гаранција. Овие гаранции мора да бидат потврдени со конкретни постигнувања и јасна порака,“ додаде Мицкоски.
 
The post Мицкоски во Брисел ќе го претстави планот за уставни измени со одложено дејство appeared first on Република.

]]>
Муцунски: За одложена примена на уставните измени не е потребна промена на преговарачката рамка https://republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-za-odlozhna-primena-na-ustavnite-izmeni-ne-e-potrebna-promena-na-pregovarachkata-ramka/ Tue, 10 Sep 2024 16:20:25 +0000 https://republika.mk/?p=815065

Ќе бидеме афирмативни и ќе работиме во духот на добрата верба со сите наши соседи, а примарната наша цел е да бидеме фокусирани на домашните реформи, владеење на правото, борбата со корупцијата и сето она што е потребно, доколку сакаме автентично да го трансформираме нашето општество одвнатре, порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на заедничката прес-конференција со италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани.

Муцунски посочи дека доколку постои добра волја од страна на земјите - членки на Европската унија, нема предизвик на којшто не може да се најде решение, додека пак, во врска со моделот на одложна примена на уставните измени, тој рече дека смета дека не се потребни промени на преговарачката рамка и заклучоците на Советот на ЕУ.

– Не го делам целосно ставот дека за моделот на одложна примена на уставните измени се потребни промени на преговарачката рамка и заклучоците. Тоа е прашање на правно толкување, јас сум застапник на ставот дека тоа може да се направи без никаква промена, рече Муцунски.

Целта е, додаде, земјава да обезбеди предвидлив пат кон европските интеграции и второстепено да ја заштити и политиката на проширување на вредности и принципи.

– Имаме за цел прво да имаме предвидлив пат кон европските интеграции, а второстепено да ја заштитиме и политиката на проширување на вредности и приципи. Колку и да делувам репетативен ќе го повторувам тоа. Сметам дека со овој пристап на одложни примени, прво како и секоја влада го штитиме нашиот национален интерес, повторно како влада да не бидеме понижени, да не бидеме доведени во ситуации какви што бевме доведени од нашите соседи, а второстепено да обезбедиме дека патот напред кон полноправно членство ќе биде врз основа на стандарадите и критериумите, подвлече Муцунски.

Неговиот италијански колега, Тајани, нагласи дека Италија заедно со Европската унија работи за Македонија да биде ефективен член на Европската Унија во што е можно пократко време. Тој порача дека неговата посета не е само формална, туку е јасна порака за вложувањето на Италија за забрзување на пристапувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ.

– Со министерот ќе се сретнеме повторно во Њујорк на средбата „Пријатели на Западен Балкан“. Тоа е показател дека Италија верува во регионот и силно го поддржува... Македонија е многу важна, земја пријател на Италија. Сакаме да го зголемиме присуството на италијанските претприемачи. Пред да слетам се сретнав во претприемачи кои сакаат да инвестираат во Македонија и им кажав дека има многу можности за инвестирање и дека оваа Влада, сака и ќе ги поддржи инвеститорите, порача Тијани.

The post Муцунски: За одложена примена на уставните измени не е потребна промена на преговарачката рамка appeared first on Република.

]]>

Ќе бидеме афирмативни и ќе работиме во духот на добрата верба со сите наши соседи, а примарната наша цел е да бидеме фокусирани на домашните реформи, владеење на правото, борбата со корупцијата и сето она што е потребно, доколку сакаме автентично да го трансформираме нашето општество одвнатре, порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на заедничката прес-конференција со италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Антонио Тајани. Муцунски посочи дека доколку постои добра волја од страна на земјите - членки на Европската унија, нема предизвик на којшто не може да се најде решение, додека пак, во врска со моделот на одложна примена на уставните измени, тој рече дека смета дека не се потребни промени на преговарачката рамка и заклучоците на Советот на ЕУ.
– Не го делам целосно ставот дека за моделот на одложна примена на уставните измени се потребни промени на преговарачката рамка и заклучоците. Тоа е прашање на правно толкување, јас сум застапник на ставот дека тоа може да се направи без никаква промена, рече Муцунски.
Целта е, додаде, земјава да обезбеди предвидлив пат кон европските интеграции и второстепено да ја заштити и политиката на проширување на вредности и принципи.
– Имаме за цел прво да имаме предвидлив пат кон европските интеграции, а второстепено да ја заштитиме и политиката на проширување на вредности и приципи. Колку и да делувам репетативен ќе го повторувам тоа. Сметам дека со овој пристап на одложни примени, прво како и секоја влада го штитиме нашиот национален интерес, повторно како влада да не бидеме понижени, да не бидеме доведени во ситуации какви што бевме доведени од нашите соседи, а второстепено да обезбедиме дека патот напред кон полноправно членство ќе биде врз основа на стандарадите и критериумите, подвлече Муцунски.
Неговиот италијански колега, Тајани, нагласи дека Италија заедно со Европската унија работи за Македонија да биде ефективен член на Европската Унија во што е можно пократко време. Тој порача дека неговата посета не е само формална, туку е јасна порака за вложувањето на Италија за забрзување на пристапувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ.
– Со министерот ќе се сретнеме повторно во Њујорк на средбата „Пријатели на Западен Балкан“. Тоа е показател дека Италија верува во регионот и силно го поддржува... Македонија е многу важна, земја пријател на Италија. Сакаме да го зголемиме присуството на италијанските претприемачи. Пред да слетам се сретнав во претприемачи кои сакаат да инвестираат во Македонија и им кажав дека има многу можности за инвестирање и дека оваа Влада, сака и ќе ги поддржи инвеститорите, порача Тијани.

The post Муцунски: За одложена примена на уставните измени не е потребна промена на преговарачката рамка appeared first on Република.

]]>
Муцунски: Одложеното дејство на уставните измени е рационален пристап и е во заеднички интерес https://republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-odlozhenoto-dejstvo-na-ustavnite-izmeni-e-ratsionalen-pristap-i-e-vo-zaednichki-interes/ Mon, 19 Aug 2024 18:59:40 +0000 https://republika.mk/?p=808049

Одложеното дејство на уставните измени е еден од клучните фактори за нас. Сметаме дека тоа е рационален пристап, којшто на нас ќе ни даде чувство на сигурност дека нема повторно да имаме билатерализација од страна на Бугарија, но исто така треба да зборуваме и за реципроцитет, не од уставно правна гледна точка, туку за реципроцитет во однос на почитувањето на малцинските права кај нашиот сосед, изјави вечерва шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски.

Со максимална почит кон претставниците на техничката влчада на нашиот сосед Бугарија, но факт е дека тие во моментот на нивното функционирање не можат да преземат сериозна политичка одговорност, бидејќи немаат легитимитет од грѓаните, туку обврска технички да ја помогнат владата да се спроведат избори по коишто посакуваме кај нашиот сосед да има политичка влада. По формирањето на таква политичка влада ние ќе водиме проактивен дијалог, рече Муцунски во гостувањето на ТВ Сител.

Потсети дека во претходниот период овие идеи ги промовираат и во комуникација со сите клучни партнери на државава, како статешките партнери, така и со партнерите од земјите-членки од ЕУ.

Зборуваме за изнаоѓање соодветно решение, решение што ќе биде одржливо и решение што ќе даде предвидливост, како на нашиот евроинтеграциски пат, така и во заштитата на кредибилитетот на ЕУ. Бидејќи повторно одложување на процесот на пристапување на земјава кон ЕУ заради некој билатерален спор, заради дополнителна билатерализација од страна на било кој сосед, ќе удри по легитимитетот на Унијата како во нашата држава, така и во регионот, нагласи Муцунски, додавајќи дека е потребно да се најде заеднички рационално решение, кое, како што кажа, за нас ќе има вградени гаранции дека нема повторно да се соочуваме со вакви предизвици и заеднички да чекориме напред врз основа на принципите на мерит.

Потсети дека кон Бугарија има 14 пресуди од Европскиот суд за човекови права во Стразбур, за права на здружување во форма на здруженија на граѓани на територија на земја којашто е земја-членка на ЕУ и којашто е обврзана со меѓународен договор кои произлегуваат од Советот на Европа.

-И од таа гледна точка ние ќе имаме институционална комуникација како на билатерална основа со Бугарија, со земјите-членки, така и со институциите во ЕУ, убедувајќи ги дека овој модел на одложена примена и она очекување дека нашиот сосед Бугарија ќе ги почитува фундаменталните вредности на ЕУ е во заеднички интерес и на нас како земја којашто пристапува, и на ЕУ којашто сака да има кредибилен процес на проширување, вели Муцунски.

На прашањето какви се неговите впечатоци во ЕУ и надвор од ЕУ дека е можно да се променат условите кои во моментов се вградени во Преговарачката рамка, вели дека заедно со нашата дипломатска мрежа, треба да работиме на убедување на нашите партнери дека ова решение е добро за нас, за Бугарија и за Европската Унија.

Мојот прв впечаток е дека сериозни чинители во ЕУ гледаат на нашиот пристап како на еден логичен пи проактивен пристап. Наша обврска е да бидеме цврсти на нашите позоции, да презентираме рационални решенија, да не бидеме како нашите претходници при секој притисок да попуштаме, туку да зборуваме на еднаква основа, почитувајќи ги туѓите аргументи, но стоејќи цврсто врз нашите аргументи кога веруваме дека се праведни и правични, истакна шефот на дипломатијата.

The post Муцунски: Одложеното дејство на уставните измени е рационален пристап и е во заеднички интерес appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ и Влен поднесоа барање за автентично толкување на измените на Законот за игри на среќа на Груби https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-i-vlen-podnesoa-barane-za-avtentichno-tolkuvane-na-izmenite-na-zakonot-za-igri-na-sreka-na-grubi/ Thu, 11 Jul 2024 13:05:32 +0000 https://republika.mk/?p=795865

Пратениците од Влен и ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесоа барање за автентично толкување на член 7 став 3 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, со цел да добијат прецизно толкување дали одлуката на претходната влада и раководството на државната лотарија за интернет игрите на среќа има законска основа.

Пратеникот од коалицијата Вреди Халил Снопче денеска на прес-конференција посочи оти нивните правни тимови се убедени дека одлуките за формирање на три нови компании за организирање на интернет игри на среќа се целосно без законски основ.

-Благодарение на погрешните, неодговорни и коруптивни одлуки на претходната влада, преку отворање на три нови компании за организирање на интернет игри на среќа, коцкањето преку мобилните уреди и компјутерите влезе и во домовите и младината стана уште полесна цел. Затоа, очекуваме Владата да го поткрепи ова наше правничко толкување, уверување, со соодветно мислење, кое Законодавно правната комисија ќе го преточи во автентично толкување, кое пак ќе овозможи затворање на интернет игри на среќа, и тоа веднаш, рече Снопче.

Тој напомена дека следната точка од планот за справување со штетните последици од игрите на среќа е покренување со соодветни правосудни постапки за докажување на злоупотреби на службената положба и овластување на сите надлежни органи кои учествувале во донесување на незаконските одлуки поврзани со организирање на различни видови игри на среќа.

-Со оглед на фактот дека формиравме работна група, очекуваме во разумен рок Владата да му предложи на Собранието нов Закон за игри на среќа и забавните игри кој ќе содржи низа одредби, со кои сме сигурни дека бројот на постоечки објекти за игри на среќа ќе се намали минимум за половина, додаде Снопче.

Како што рече, во рамките на владејачката коалиција постои политички волја овој план да се спроведе во целост.

The post ВМРО-ДПМНЕ и Влен поднесоа барање за автентично толкување на измените на Законот за игри на среќа на Груби appeared first on Република.

]]>

Пратениците од Влен и ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесоа барање за автентично толкување на член 7 став 3 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, со цел да добијат прецизно толкување дали одлуката на претходната влада и раководството на државната лотарија за интернет игрите на среќа има законска основа. Пратеникот од коалицијата Вреди Халил Снопче денеска на прес-конференција посочи оти нивните правни тимови се убедени дека одлуките за формирање на три нови компании за организирање на интернет игри на среќа се целосно без законски основ.
-Благодарение на погрешните, неодговорни и коруптивни одлуки на претходната влада, преку отворање на три нови компании за организирање на интернет игри на среќа, коцкањето преку мобилните уреди и компјутерите влезе и во домовите и младината стана уште полесна цел. Затоа, очекуваме Владата да го поткрепи ова наше правничко толкување, уверување, со соодветно мислење, кое Законодавно правната комисија ќе го преточи во автентично толкување, кое пак ќе овозможи затворање на интернет игри на среќа, и тоа веднаш, рече Снопче.
Тој напомена дека следната точка од планот за справување со штетните последици од игрите на среќа е покренување со соодветни правосудни постапки за докажување на злоупотреби на службената положба и овластување на сите надлежни органи кои учествувале во донесување на незаконските одлуки поврзани со организирање на различни видови игри на среќа.
-Со оглед на фактот дека формиравме работна група, очекуваме во разумен рок Владата да му предложи на Собранието нов Закон за игри на среќа и забавните игри кој ќе содржи низа одредби, со кои сме сигурни дека бројот на постоечки објекти за игри на среќа ќе се намали минимум за половина, додаде Снопче.
Како што рече, во рамките на владејачката коалиција постои политички волја овој план да се спроведе во целост.

The post ВМРО-ДПМНЕ и Влен поднесоа барање за автентично толкување на измените на Законот за игри на среќа на Груби appeared first on Република.

]]>
Милошоски: Треба да одиме по моделот на Хрватска и Словенија, а да сме воздржани за уставните измени https://republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-treba-da-odime-po-modelot-na-hrvatska-i-slovenija-a-da-sme-vozdrzhani-za-ustavnite-izmeni/ Tue, 04 Jun 2024 10:22:23 +0000 https://republika.mk/?p=784610

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ ги коментираше уставините измени. Тој во „Дејли Клик“ на ТВ21 кажа дека Македонија веќе имала лошо искуство со промена на името, кога и било ветено дека ќе влезе во ЕУ, но тоа не се случи.

Сметам дека ние треба да одиме по моделот на Хрватска и Словенија. И тие имаа спор, па го решија со компромис. Мораме да бидеме многу внимателни, затоа што ние сменивме име, па не ни беше исполнето ветувањето да влеземе во ЕУ. Мораме да бидеме воздржани во однос на ЕУ, затоа што веќе имаме лошо искуство со промена на името и потоа следуваа блокади најпрво од Франција, па од Бугарија, изјави Милошоски.

https://www.youtube.com/live/4E7C_ZmxGMA?si=u6j5nXEAXx3vZh_U

The post Милошоски: Треба да одиме по моделот на Хрватска и Словенија, а да сме воздржани за уставните измени appeared first on Република.

Гаши: Не знам дали сме ветиле точен датум за уставни измени https://republika.mk/vesti/makedonija/gashi-ne-znam-dali-sme-vetile-tochen-datum-za-ustavni-izmeni/ Sun, 02 Jun 2024 09:01:43 +0000 https://republika.mk/?p=784070

Ние се обидуваме да градиме институции и да направиме Влада, не да размислуваме за напуштање, одговори за Радио Слободна Европа, Претседателот на Собранието Африм Гаши на прашањето што ако не го исполнат ветувањето за внесување на Бугарите во преамбулата до крајот на годината за да продолжат преговорите со ЕУ. Во програмата на „Влен“ крајот на 2024 година е посочен како краен датум за носењето на уставните измени.

The post Гаши: Не знам дали сме ветиле точен датум за уставни измени appeared first on Република.

Koaлицијата Вреди нема да инсистира на уставни измени по секоја цена https://republika.mk/vesti/makedonija/koalitsijata-vredi-nema-da-insistira-na-ustavni-izmeni-po-sekoja-tsena/ Thu, 16 May 2024 13:06:30 +0000 https://republika.mk/?p=778877

Коалцијата Врединема да инстира на уставни измени по секоја цена како што најавуваше пред изборите. Изет Меџити за „Алфа“ вели дека ќе се внимава на чувствата на Македонците и ќе се бараат гаранции од Европската Унија за сигурна интеграција на Македонија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pochna-sredbata-na-rabotnite-grupi-na-vmro-dpmne-i-vredi-za-novata-vlada/

-Измените зависат првично од поголемата заедница, т.е. од Македонците во оваа држава. Ние во ниеден случај не сакаме да се чувствуваат загрозени, оставени сами на себе. Напротив, сакаме заедно да најдеме заеднички пат кон интеграција, која што е единствена аспирација за сите граѓани на државата, изјави Меџити за „Тв Алфа“

The post Koaлицијата Вреди нема да инсистира на уставни измени по секоја цена appeared first on Република.

]]>

Коалцијата Врединема да инстира на уставни измени по секоја цена како што најавуваше пред изборите. Изет Меџити за „Алфа“ вели дека ќе се внимава на чувствата на Македонците и ќе се бараат гаранции од Европската Унија за сигурна интеграција на Македонија. https://republika.mk/vesti/makedonija/pochna-sredbata-na-rabotnite-grupi-na-vmro-dpmne-i-vredi-za-novata-vlada/
-Измените зависат првично од поголемата заедница, т.е. од Македонците во оваа држава. Ние во ниеден случај не сакаме да се чувствуваат загрозени, оставени сами на себе. Напротив, сакаме заедно да најдеме заеднички пат кон интеграција, која што е единствена аспирација за сите граѓани на државата, изјави Меџити за „Тв Алфа“

The post Koaлицијата Вреди нема да инсистира на уставни измени по секоја цена appeared first on Република.

]]>
Ковачевски тврди дека немало никаков состанок во вила „Водно“ за уставните измени https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-tvrdi-deka-nemalo-nikakov-sostanok-vo-vila-vodno-za-ustavnite-izmeni/ Sat, 13 Apr 2024 15:52:11 +0000 https://republika.mk/?p=765733

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски тврди дека немало никаков состанок во вила „Водно“ за уставните измени. Тој ги отфрли како „инсинуации кои немаат допир со реалност“а обвинувањата коишто ги изнесе вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски:

– Ниту имало некаков состанок во вила „Водно“ на кој се разговарало за какви било измени и на кој било закон, ниту со тие измени се планирало какво било гласање на уставните измени. Со индигнација ги отфрлам тие инсинуации – рече Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање.

Во тек, е потсети Ковачевски, носење комплетно нов кривичен законик на кој работат експерти во Министерството за правда. Тој вели дека се заинтересирал до каде се измените, но, како што рече, досега не добил одговор.

– Ако се сеќавате, законските измени беа презентирани во Парламентот и немаше ниту една дискусија од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ против. Тие обезбедија кворум тие законски измени да се изгласаат, дури најголемиот дел од нив беа среќни, нив ќе ги прашате зашто беа среќни, но јас ќе ве потсетам дека законските измени се донесени заради усогласување со европското законодавство во делот на конфискација на имот стекнат на незаконски начин и заради усогласување на одредби од законот со одредбите на законите на други држави, Словенија, Германија и 90 отсто од земјите членки на ЕУ и Советот на Европа во кои не постојат бланкетни одредби за обвинување лица и нивно бескрајно држење во притвор. Со тоа Кривичниот законик стана поевропски, а постојат над 400 одредби во Кривичниот законик со кои можат да бидат помилувани лица кои се огрешиле по кој било закон во државата, рече Ковачевски.

Според него, досега изборната кампања се води коректно, без лични навреди и дисквалификаци.

– Мислам дека имаме демократска кампања со една дамка која ќе мора да се испита од надлежните институции, а се однесува на обвинувањата кои беа објавени од еден ваш колега новинар во однос на злоупотребите кои тој ги изнесе преку одредени докази. Институциите треба да докажат дали тие докази се валидни или не во однос на злоупотребата на националниот медиумски сервис, да видат за што се работи, нагласи Ковачевски.

На прашањето колку пати се сретнал со израелскиот експерт за политички маркетинг Асаф Еисин, претседателот на СДСМ одговори дека не се сретнал само со него, туку и со многу други ПР стратези.

– Се имам сретнато и со него и со дузина други маркетинг експерти кои ги нудат своите услуги. Се имам среќавано со многу ПР стратези, дел од нив се од Македонија, а дел од странство зашто за време на избори многу од нив ги нудат своите услуги на политичките партии за кампањи. Во однос на тоа кои агенции работат за СДСМ многу јасно ќе може да се види од потпишаните договори и извештаите што секоја партија има обврска да ги поднесува до ревизорските институции. Можете да ги прашате и другите политички партии со кого се сретнуваат и дали имаат договори со тие со кои се сретнуваат, напомена Ковачевски.

Мицкоски вчера, на изборниот митинг во Тетово, рече дека наводно Ковачевски заедно со Али Ахмети, Артан Груби и Стево Пендаровски, правел план за носење на измените на Кривичниот законик за да се обезеди мнозинство за уставните измени.

The post Ковачевски тврди дека немало никаков состанок во вила „Водно“ за уставните измени appeared first on Република.

Ковачевски: Уставните измени може да ги гласаме денес, утре, задутре… како ќе кажат – така https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ustavnite-izmeni-mozhe-da-gi-glasame-denes-utre-zadutre-kako-ke-kazhat-taka/ Thu, 11 Apr 2024 15:24:02 +0000 https://republika.mk/?p=765037

Што се однесува до мене, уставните измени може да ги гласаме денес, може да ги гласаме утре, може да ги гласаме задутре, може да ги гласаме пред формирање на влада, по формирање на влада, на исти ден со формирање на влада во 12 напладне, во 12 навечер, 3 попладне, 3 сабајле – како ќе кажат – така, порача денеска претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.

Тој ги повика останатите политичари да му се јават кога ќе седнат и кога ќе соберат храброст сите да донесат одлуки важни за иднината на државата.

Јас мојот став веќе сум го искажал со ставање на мој потпис на уставите измени коишто се поднесени во Собранието. Ние преговаравме долго со Бугарија, со Франција, со други земји членки на ЕУ, имавме помош од земји стратешки партнери наши и успеавме да испреговараме преговарачка рамка во која што имаме чист македонски јазик, имаме заштитен македонски идентитет и македонска култура. Ги отпочнавме преговорите со ЕУ и ја завршивме скрининг фазата. Втората меѓувладина конференција ќе биде одржана без никакви услови и без никакви дополнителни закажувања штом ги завршиме уставните измени заради вклучување на други делови од народи во нашиот Устав вклучително и на бугарскиот народ и сметам дека тоа треба да се направи - истакна Ковачевски во одговор на новинарско прашање по денешната средба со претставници на невладината „Македонија 2025“.

Рече дека еднаш засекогаш треба да постои документ во што јасно се диференцираат македонски од бугарски граѓани.

Ставот на СДСМ е многу јасен исто како што имавме многу јасен став кога влегувавме во Обединетите нации истите кога немаа храброст и сега немаат храброст и исто како што имавме јасен став при прифаќањето на европската преговарачка рамка, отпочнувањето на преговорите и отпочнувањето на процесот во уставни измени. Фатмир, Филип, јас, Сања, Оливер, Љупчо, Миле сите сме спремни тоа да се заврши и Македонија конечно да ги отвори сите поглавја. Веќе две се спремни и за затворање, бидејќи ги имаме исполнето сите услови. Извештаите за првите два кластера се пристигнати, трите патокази ги испорачавме во Брисел. Македонија е подготвена да ги води, да ги заврши преговорите и да стане земја членка на ЕУ. Сега зависи од одлучност и храброст - потенцира Ковачевски.

The post Ковачевски: Уставните измени може да ги гласаме денес, утре, задутре… како ќе кажат – така appeared first on Република.

]]>

Што се однесува до мене, уставните измени може да ги гласаме денес, може да ги гласаме утре, може да ги гласаме задутре, може да ги гласаме пред формирање на влада, по формирање на влада, на исти ден со формирање на влада во 12 напладне, во 12 навечер, 3 попладне, 3 сабајле – како ќе кажат – така, порача денеска претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. Тој ги повика останатите политичари да му се јават кога ќе седнат и кога ќе соберат храброст сите да донесат одлуки важни за иднината на државата.
Јас мојот став веќе сум го искажал со ставање на мој потпис на уставите измени коишто се поднесени во Собранието. Ние преговаравме долго со Бугарија, со Франција, со други земји членки на ЕУ, имавме помош од земји стратешки партнери наши и успеавме да испреговараме преговарачка рамка во која што имаме чист македонски јазик, имаме заштитен македонски идентитет и македонска култура. Ги отпочнавме преговорите со ЕУ и ја завршивме скрининг фазата. Втората меѓувладина конференција ќе биде одржана без никакви услови и без никакви дополнителни закажувања штом ги завршиме уставните измени заради вклучување на други делови од народи во нашиот Устав вклучително и на бугарскиот народ и сметам дека тоа треба да се направи - истакна Ковачевски во одговор на новинарско прашање по денешната средба со претставници на невладината „Македонија 2025“.
Рече дека еднаш засекогаш треба да постои документ во што јасно се диференцираат македонски од бугарски граѓани.
Ставот на СДСМ е многу јасен исто како што имавме многу јасен став кога влегувавме во Обединетите нации истите кога немаа храброст и сега немаат храброст и исто како што имавме јасен став при прифаќањето на европската преговарачка рамка, отпочнувањето на преговорите и отпочнувањето на процесот во уставни измени. Фатмир, Филип, јас, Сања, Оливер, Љупчо, Миле сите сме спремни тоа да се заврши и Македонија конечно да ги отвори сите поглавја. Веќе две се спремни и за затворање, бидејќи ги имаме исполнето сите услови. Извештаите за првите два кластера се пристигнати, трите патокази ги испорачавме во Брисел. Македонија е подготвена да ги води, да ги заврши преговорите и да стане земја членка на ЕУ. Сега зависи од одлучност и храброст - потенцира Ковачевски.

The post Ковачевски: Уставните измени може да ги гласаме денес, утре, задутре… како ќе кажат – така appeared first on Република.

]]>
Османи: Уставни измени мора да има https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-ustavni-izmeni-mora-da-ima/ Mon, 08 Apr 2024 16:32:12 +0000 https://republika.mk/?p=763889

Кандидатот за претседател поддржан од „Европскиот фронт“, Бујар Османи денеска нагласи дека уставните измени се еден од предусловите за да ја одбереме една од двете визии - визијата за мултиетничка европска држава која нуди еднакви можности за сите и алтернативната понуда изолација од светот и етнички тензии.

-Овие избори се историски и се специфични. Овие избори не се натпревар помеѓу различни политички партии, помеѓу различни кандидати на изборната сцена. Ова е избор помеѓу две визии, концепти – визијата за мултиетничка европска држава која нуди еднакви можности, и е економски развиена и алтернативната понуда е изолација од светот, етнички тензии, регрес и враќање назад по однос на економскиот стандард. Тоа се двете визии кои им се нудат на граѓаните и затоа велам дека ние сме на крстопат. А, во политиката вакум нема, нема празен простор. Уставните измени се едeн од предусловите за да ја одбереме едната или другата визија. Уставни измени мора да има оваа година за да можеме да ги отвориме поглавјата и до 2030 година да станеме членка на ЕУ. Ако некој не ја поддржува европската визија, тоа не значи дека не поддржува ниедна опција, рече Османи на панел-дискусијата „Еднаквост, консензуалност и социјална кохезија“.

Секој што нема да ја поддржи европската опција, според Османи, дури и да не гласа, всушност ја поддржува опцијата за изолација, за враќање на етничките тензии и за враќање на тепачките по автобуси и училиштата, изолирање на една мала земја во регионот.

-Значи, да останете едно слепо црево во еден тежок регион, во кој никој нема да ви дојде на посета од светските лидери, во кој нема да има инвестиции заради тоа што никој не инвестира во земја која што е има непредвидливост, а тоа ќе се случи ако овие најави се остваруваат дека ќе се загрози Преспанскиот договор, Договорот за пријателство и Охридскиот договор. Имам јасна визија во главата како ќе изгледа таа држава – изолирана, тензична, држава во која ќе се гушиме во таа изолираност и ќе имплодираме во делот на вредности поради бесперспективноста. И алтернативата е „Европскиот фронт“ на девет политички партии од сите етнички заедници кои нудат соживот, хармонија, перспективност, благосостојба за граѓаните и членство во Европската Унија, рече тој.

Османи нагласи дека првата работа што ќе ја направи како шеф на државата е на еден состанок да ги собере сите лидери на политичките партии и чинители од кој, како што рече, нема да излезат без подадена рака дека по однос на Европската Унија да не има разлики.

-Првата работа што ќе ја направам како претседател на државата, е да ги затворам во резиденција на претседателот сите лидери на политичките партии и чинители на состанок кој што ќе трае со денови и недели, ако треба и со месеци, но не излегуваме без подадена рака дека по однос на Европската Унија нема да имаме разлики. По однос на оваа историска шанса да станеме членка на ЕУ нема да имаме различности. Ќе се натпреваруваме за сите теми, но не за Европската Унија. И ако тоа значи да се здружиме сите во една влада само да успее приказната, бидејќи знаејќи ги информациите и околностите, знам дека ако ја пропуштаме оваа можност ние пропуштаме уште 20 години во која ќе изгубиме една цела генерација. Не е патриотизам да го кочите европскиот процес. Со секој ден одложен европски процес, една група Македонци добиваат бугарски пасош и заминуваат во Европа. Една група Албанци, Роми, се качуваат во автобуси и заминуваат во Европа. Нема да можеме да ги вратиме тие луѓе, а се плашам дека 20 години луѓето некако издржаа со прашањето на името, дека ако повторно ни се најави 10-годишна, 20-годишна изолација тогаш ние ја губиме и надежта. А надежта е таа што последна умира. Црна и бела е опцијата, трета опција нема на овие избори. Тоа се европскиот фронт и националистичкиот фронт, рече тој.

The post Османи: Уставни измени мора да има appeared first on Република.

]]>

Кандидатот за претседател поддржан од „Европскиот фронт“, Бујар Османи денеска нагласи дека уставните измени се еден од предусловите за да ја одбереме една од двете визии - визијата за мултиетничка европска држава која нуди еднакви можности за сите и алтернативната понуда изолација од светот и етнички тензии.
-Овие избори се историски и се специфични. Овие избори не се натпревар помеѓу различни политички партии, помеѓу различни кандидати на изборната сцена. Ова е избор помеѓу две визии, концепти – визијата за мултиетничка европска држава која нуди еднакви можности, и е економски развиена и алтернативната понуда е изолација од светот, етнички тензии, регрес и враќање назад по однос на економскиот стандард. Тоа се двете визии кои им се нудат на граѓаните и затоа велам дека ние сме на крстопат. А, во политиката вакум нема, нема празен простор. Уставните измени се едeн од предусловите за да ја одбереме едната или другата визија. Уставни измени мора да има оваа година за да можеме да ги отвориме поглавјата и до 2030 година да станеме членка на ЕУ. Ако некој не ја поддржува европската визија, тоа не значи дека не поддржува ниедна опција, рече Османи на панел-дискусијата „Еднаквост, консензуалност и социјална кохезија“.
Секој што нема да ја поддржи европската опција, според Османи, дури и да не гласа, всушност ја поддржува опцијата за изолација, за враќање на етничките тензии и за враќање на тепачките по автобуси и училиштата, изолирање на една мала земја во регионот. -Значи, да останете едно слепо црево во еден тежок регион, во кој никој нема да ви дојде на посета од светските лидери, во кој нема да има инвестиции заради тоа што никој не инвестира во земја која што е има непредвидливост, а тоа ќе се случи ако овие најави се остваруваат дека ќе се загрози Преспанскиот договор, Договорот за пријателство и Охридскиот договор. Имам јасна визија во главата како ќе изгледа таа држава – изолирана, тензична, држава во која ќе се гушиме во таа изолираност и ќе имплодираме во делот на вредности поради бесперспективноста. И алтернативата е „Европскиот фронт“ на девет политички партии од сите етнички заедници кои нудат соживот, хармонија, перспективност, благосостојба за граѓаните и членство во Европската Унија, рече тој. Османи нагласи дека првата работа што ќе ја направи како шеф на државата е на еден состанок да ги собере сите лидери на политичките партии и чинители од кој, како што рече, нема да излезат без подадена рака дека по однос на Европската Унија да не има разлики.
-Првата работа што ќе ја направам како претседател на државата, е да ги затворам во резиденција на претседателот сите лидери на политичките партии и чинители на состанок кој што ќе трае со денови и недели, ако треба и со месеци, но не излегуваме без подадена рака дека по однос на Европската Унија нема да имаме разлики. По однос на оваа историска шанса да станеме членка на ЕУ нема да имаме различности. Ќе се натпреваруваме за сите теми, но не за Европската Унија. И ако тоа значи да се здружиме сите во една влада само да успее приказната, бидејќи знаејќи ги информациите и околностите, знам дека ако ја пропуштаме оваа можност ние пропуштаме уште 20 години во која ќе изгубиме една цела генерација. Не е патриотизам да го кочите европскиот процес. Со секој ден одложен европски процес, една група Македонци добиваат бугарски пасош и заминуваат во Европа. Една група Албанци, Роми, се качуваат во автобуси и заминуваат во Европа. Нема да можеме да ги вратиме тие луѓе, а се плашам дека 20 години луѓето некако издржаа со прашањето на името, дека ако повторно ни се најави 10-годишна, 20-годишна изолација тогаш ние ја губиме и надежта. А надежта е таа што последна умира. Црна и бела е опцијата, трета опција нема на овие избори. Тоа се европскиот фронт и националистичкиот фронт, рече тој.

The post Османи: Уставни измени мора да има appeared first on Република.

]]>
Oсмани како претседател ќе ги седнел лидерите додека не се согласат за уставни измени https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-kako-pretsedatel-ke-gi-sednel-liderite-dodeka-ne-se-soglasat-za-ustavni-izmeni/ Fri, 05 Apr 2024 13:07:45 +0000 https://republika.mk/?p=762668

Претседателскиот кандидат Бујар Османи на прес-конференција истакна дека според атмосферата во политичките партии, нема да има формирање влада без договор за уставните измени. Тој посочи дека повеќето партии кои се сега во различни блокови имаат потпишано документ со кој се обврзуваат дека нема да бидат дел од влада без јасен договор за уставни измени.

„Затоа сум убеден дека прво ќе има договор, односно уставни измени, а потоа ќе има влада.Јас, тој период, како претседател, ќе го користам за постигнување надпартиски, државен консензус во однос на овие прашања. Од атмосферата што ја гледам во политичките партии, нема да има формирање влада без договор за уставни измени во 2024 година и отворање на поглавјето. Првата работа што ќе ја направам како претседател, ќе биде да ги свикам лидерите на политичките партии и главните чинители во државата на состанок што ќе трае колку и да треба, со денови и недели, но нема да излегуваме од тој состанок додека не си подадеме рака еден на друг, додека не постигнеме надпартиски државен консезус дека ЕУ е без алтернатива и дека ќе продолжиме да се натпреваруваме по однос на сите теми и прашања, но не и по однос на ЕУ, бидејќи директивите и регулативите на ЕУ се фиксни – или ги прифаќате или ги одбивате.Мислам дека имаме консензус дека ги прифаќаме, тогаш чуму разлики по однос на процесот на ЕУ“, подвлече Османи.

The post Oсмани како претседател ќе ги седнел лидерите додека не се согласат за уставни измени appeared first on Република.

Агелер за можноста од уставни измени пред избор на влада: Овде e сè возможно https://republika.mk/vesti/makedonija/ageler-za-mozhnosta-od-ustavni-izmeni-pred-izbor-na-vlada-ovde-e-se-vozmozhno/ Thu, 04 Apr 2024 19:00:45 +0000 https://republika.mk/?p=762338

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави (САД) во Македонија, Анџела Агелер верува дека на престојните парламентарни и претседателски избори ќе се одлучи иднината на државата. Во интервју за Телевизијата 21 запрашана за коментар на изјавите кои се почесто доаѓаат од партиите на Албанците, било од власта или опозицијата, дека прво треба да се изгласаат уставните измени, па потоа да се формира влада по изборите и дали тоа е можно, Агелер вели дека и во минатото имало преседани кога амандмани се изгласувале за време на техничка влада.

Јас сум го слушнала тоа, сум слушнала неколку различни опции, за тоа како тоа би било возможно. Верувам дека имало преседани, не мислам пред декади, но имало преседани каде амандмани се изгласувале за време на техничка влада. Една од работите кои јас ги научив служејќи овде е дека сè е возможно“, вели амбасадорката во интервју за Телевизија 21.

The post Агелер за можноста од уставни измени пред избор на влада: Овде e сè возможно appeared first on Република.

Николоски јасен: Уставни измени под бугарски диктат нема и нема да има https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-jasen-ustavni-izmeni-pod-bugarski-diktat-nema-i-nema-da-ima/ Sat, 30 Mar 2024 19:17:11 +0000 https://republika.mk/?p=760471

Не е прашање дали ќе победи, туку со колку пратеници ќе победи, ние бараме убедлива победа со цел да имаме влада која ќе ја реформира Македонија и ќе ја чисти од корупција, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во „Тема на денот“ што се емитува во рамки на централниот Дневник на телевизија Сител.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-za-filipche-ovoj-pat-imam-najlesen-protivnik-vo-chetvrtata-izborna-edinitsa/

„За да е таква владата мора СДСМ и ДУИ да одат во опозиција. Ни треба убедлив резултат и треба да ни ја дадат нам поддршката. На Македонците им се случува апартхејд од политичка партија која има 12 пратеници и со 10 посто пратеници контролира се. Но, за да го смениме ова мора да се обединиме. Колку е поголема излезноста тоа оди на страна на ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Николоски.

Николоски укажа дека ВМРО-ДПММЕ има повисока цел, а за да се реализира треба ДУИ треба да оди во опозиција.

„Со политичките партнери не обидува ставот дека треба ДУИ да оди во опозиција, да има жестока борба против корупцијата, дека не може да има промена на Уставот под бугарски диктат“, изјави Николоски кој додаде дека Бугарија мора да го направи првиот чекор кон Македонија, затоа што Македонија не може да биде уценувана.

Според него програмата на ВМРО –ДПМНЕ има два столба, прво, борба со организиран криминал и корупција затоа што во ваква атмосфера никој не инвестира и отворање на можност домашниот капитал да инвестира, а воедно да има и странски инвестиции.

The post Николоски јасен: Уставни измени под бугарски диктат нема и нема да има appeared first on Република.

]]>

Не е прашање дали ќе победи, туку со колку пратеници ќе победи, ние бараме убедлива победа со цел да имаме влада која ќе ја реформира Македонија и ќе ја чисти од корупција, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во „Тема на денот“ што се емитува во рамки на централниот Дневник на телевизија Сител. https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-za-filipche-ovoj-pat-imam-najlesen-protivnik-vo-chetvrtata-izborna-edinitsa/
„За да е таква владата мора СДСМ и ДУИ да одат во опозиција. Ни треба убедлив резултат и треба да ни ја дадат нам поддршката. На Македонците им се случува апартхејд од политичка партија која има 12 пратеници и со 10 посто пратеници контролира се. Но, за да го смениме ова мора да се обединиме. Колку е поголема излезноста тоа оди на страна на ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Николоски.
Николоски укажа дека ВМРО-ДПММЕ има повисока цел, а за да се реализира треба ДУИ треба да оди во опозиција.
„Со политичките партнери не обидува ставот дека треба ДУИ да оди во опозиција, да има жестока борба против корупцијата, дека не може да има промена на Уставот под бугарски диктат“, изјави Николоски кој додаде дека Бугарија мора да го направи првиот чекор кон Македонија, затоа што Македонија не може да биде уценувана.
Според него програмата на ВМРО –ДПМНЕ има два столба, прво, борба со организиран криминал и корупција затоа што во ваква атмосфера никој не инвестира и отворање на можност домашниот капитал да инвестира, а воедно да има и странски инвестиции.

The post Николоски јасен: Уставни измени под бугарски диктат нема и нема да има appeared first on Република.

]]>
Професорката Ванковска предава Политички систем: Дали не го познава предметот кој го предава? https://republika.mk/vesti/makedonija/profesorkata-vankovska-predava-politichki-sistem-dali-ne-go-poznava-predmetot-koj-go-predava/ Thu, 28 Mar 2024 11:12:07 +0000 https://republika.mk/?p=759719

Кандидатката за претседател oд Левица Билјана Ванковска реагираше на изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски за уставните измени во која нагласува дека неговата партија се залага за одложена примена на измените на Уставот. Професорката вели дека ова е уште една манипулација на ВМРО-ДПМНЕ откако ќе ги прифати уставните измени и впишувањето на Бугарите во Уставот доколку ја освои власта и формира Влада.

Можеби некој конституционалист/уставен правник ќе ни објасни што значи ова „одложена примена на уставните измени”… Јас за вакво нешто во компаративното уставно право не сум слушнала. Но, ова е Македонија – земјата на чудата. Моето „лаичко” толкување е: ние навистина ќе го смениме Уставот и ќе ги вметнеме и Бугарите и сите други, но ќе се преправаме дека уставните амандмани не се во сила до крајот на преговорите. (Не заборавајте дека ветија и намалување на бројот на пратеници за што е потребно да се смени Уставот). Впрочем, и Заев ве лажеше за имплементацијата на Преспанскиот договор дека ќе се случи „поглавје по поглавје, рече Ванковска.

Потпретседателот на партијата Муцунски пред неколку дена изјави дека ВМРО ДПМНЕ под вакви услови ние не прифаќа уставни измени и додаде дека легитимна алтернатива е да се бара одложната примена на уставните измени, како и гаранција од ЕУ за македонскиот јазик и идентитет, но и гаранција дека нема да има повеќе билатерализација на европската интеграција на Македонија.

Кој е во право може да се забележи преку неколку примери кои ја илустрираат одложената примена на уставните промени во пракса во различни земји:

Јужна Африка (1993)

Во Јужна Африка, привремениот Устав од 1993 година, кој го заврши апартхеидот, сам по себе беше форма на одложена примена. Тој обезбеди транзициски рамки кои водеа кон усвојувањето на конечниот Устав во 1996 година. Овој привремен период овозможи значајна политичка, социјална и правна реструктуирање на контролиран и фазен начин.

Франција (2000)

Франција го измени својата Устав за да ја намали претседателската мандат од седум на пет години, познато како "кинквенат". Оваа промена, одобрена преку референдум во 2000 година, не се примени на тогашниот претседател, Жак Ширак, сè до следните претседателски избори во 2002 година. Ова одложување беше наменето да спречи политичка нестабилност и овозможи уреден преод под новиот систем.

Унгарија (2011)

Основниот закон на Унгарија, усвоен во 2011 година, вклучуваше неколку одредби кои требаше да стапат во сила во различни времиња. На пример, одредени фискални правила наменети да ограничат државниот долг требаше да се применуваат постепено низ неколку години. Оваа поетапна имплементација овозможи постепено прилагодување на новите фискални ограничувања.

Бразил (1988)

Уставот на Бразил од 1988 година вклучуваше неколку транзициски одредби. Меѓу нив беа мерки за економска реформа и редистрибуција на земјиште, кои требаше да се имплементираат со време. Оваа одложена примена овозможи владата да се подготви за значајни промени во политиката и администрацијата.

Канада (1982)

Актот за Уставот од 1982 година, кој го врати канадскиот Устав од Велика Британија, вклучуваше Повелба за правата и слободите. Некои одредби од Повелбата беа предмет на тригодишно одложување, особено оние кои се однесуваат на правата на абориџинските народи. Овој период беше наменет да им даде време на владите да ги прилагодат законите и политиките на новите стандарди на Повелбата.

The post Професорката Ванковска предава Политички систем: Дали не го познава предметот кој го предава? appeared first on Република.

]]>

Кандидатката за претседател oд Левица Билјана Ванковска реагираше на изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски за уставните измени во која нагласува дека неговата партија се залага за одложена примена на измените на Уставот. Професорката вели дека ова е уште една манипулација на ВМРО-ДПМНЕ откако ќе ги прифати уставните измени и впишувањето на Бугарите во Уставот доколку ја освои власта и формира Влада.
Можеби некој конституционалист/уставен правник ќе ни објасни што значи ова „одложена примена на уставните измени”… Јас за вакво нешто во компаративното уставно право не сум слушнала. Но, ова е Македонија – земјата на чудата. Моето „лаичко” толкување е: ние навистина ќе го смениме Уставот и ќе ги вметнеме и Бугарите и сите други, но ќе се преправаме дека уставните амандмани не се во сила до крајот на преговорите. (Не заборавајте дека ветија и намалување на бројот на пратеници за што е потребно да се смени Уставот). Впрочем, и Заев ве лажеше за имплементацијата на Преспанскиот договор дека ќе се случи „поглавје по поглавје, рече Ванковска.
Потпретседателот на партијата Муцунски пред неколку дена изјави дека ВМРО ДПМНЕ под вакви услови ние не прифаќа уставни измени и додаде дека легитимна алтернатива е да се бара одложната примена на уставните измени, како и гаранција од ЕУ за македонскиот јазик и идентитет, но и гаранција дека нема да има повеќе билатерализација на европската интеграција на Македонија. Кој е во право може да се забележи преку неколку примери кои ја илустрираат одложената примена на уставните промени во пракса во различни земји: Јужна Африка (1993) Во Јужна Африка, привремениот Устав од 1993 година, кој го заврши апартхеидот, сам по себе беше форма на одложена примена. Тој обезбеди транзициски рамки кои водеа кон усвојувањето на конечниот Устав во 1996 година. Овој привремен период овозможи значајна политичка, социјална и правна реструктуирање на контролиран и фазен начин. Франција (2000) Франција го измени својата Устав за да ја намали претседателската мандат од седум на пет години, познато како "кинквенат". Оваа промена, одобрена преку референдум во 2000 година, не се примени на тогашниот претседател, Жак Ширак, сè до следните претседателски избори во 2002 година. Ова одложување беше наменето да спречи политичка нестабилност и овозможи уреден преод под новиот систем. Унгарија (2011) Основниот закон на Унгарија, усвоен во 2011 година, вклучуваше неколку одредби кои требаше да стапат во сила во различни времиња. На пример, одредени фискални правила наменети да ограничат државниот долг требаше да се применуваат постепено низ неколку години. Оваа поетапна имплементација овозможи постепено прилагодување на новите фискални ограничувања. Бразил (1988) Уставот на Бразил од 1988 година вклучуваше неколку транзициски одредби. Меѓу нив беа мерки за економска реформа и редистрибуција на земјиште, кои требаше да се имплементираат со време. Оваа одложена примена овозможи владата да се подготви за значајни промени во политиката и администрацијата. Канада (1982) Актот за Уставот од 1982 година, кој го врати канадскиот Устав од Велика Британија, вклучуваше Повелба за правата и слободите. Некои одредби од Повелбата беа предмет на тригодишно одложување, особено оние кои се однесуваат на правата на абориџинските народи. Овој период беше наменет да им даде време на владите да ги прилагодат законите и политиките на новите стандарди на Повелбата.

The post Професорката Ванковска предава Политички систем: Дали не го познава предметот кој го предава? appeared first on Република.

]]>
Силјановска Давкова: Според основните документи на ЕУ, прашањето за билатералните односи со Бугарија не смее да биде дел од Преговарачката рамка https://republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-spored-osnovnite-dokumenti-na-eu-prashaneto-za-bilateralnite-odnosi-so-bugarija-ne-smee-da-bide-del-od-pregovarachkata-ramka/ Fri, 23 Feb 2024 19:55:02 +0000 https://republika.mk/?p=747595

Говорејќи за ветувањата на СДС за уставните измени, пратеничката и кандидатка за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова, во „Тема на денот“ на Сител телевизија, истакна дека новата политичка констелација во земјава ќе донесе и нов пристап кон решавањето на прашањето за уставните измени.

Точно е дека претседателот е овластен предлагач на амандмани, инаку да повторам  - се шокирам кога слушам такви лаички изјави од типот дека ќе продолжиме таму каде што ќе застанавме. Замислете новиот состав ќе продолжи таму каде што застанал претходниот. Тоа е непознат феномен на уставното право. 

Програмата е основ за постапување, што значи постапка ќе почне одново. Јас би можела да зборувам само доколку одлучам или доколку станам претседателка. Јас да предлагам измени, инаку би било кршење на начелото на поделба на власта, бидејќи во актуелниот пример предлагач на амандманите беше Владата“, рече таа.

Силјановска Давкова додаде дека тезата само ако продолжите таму од каде што e застанато со амандмани тогаш сте проевропски настроени е многу погрешна.

Прво граѓаните ќе кажат за кого ќе гласаат, бидејќи тогаш во програмите ќе има се разбира и решение за уставните измени. Тезата дека се е завршено, преговарачката рамка е прифатена од сите и тука нема никакви измени не држи и го видовте тоа со примерот со Србија и со Косово.

Прашањето е во интерпретацијата имено што е можно, бидејќи денеска едно од најактуелните прашања во ЕУ, е опасноста од ветото и да се стави крај на ветото, кога се работи за политиката на проширување“, укажа Силјановска Давкова.

Таа посочи дека според основните документи на ЕУ, не смее прашањето билатералните односи со Бугарија, да биде дел од преговарачката рамка.

Не смее разликата во поглед на ставовите да биде основ за посегање по вето“, нагласи таа.

Силјановска Давкова појасни дека наједноставното сценарио за образот на ЕУ, како заедница втемелена на вредности, би било она кое што е врзано за оние скромни услови, во смисла на приближување на Бугарија и Македонија, бидејќи тоа е суштината на членот 8 од Лисабонскиот договор, каде што се вели дека ЕУ ќе поттикнува договори меѓу членките на ЕУ и соседите врз реципрочна основа, во смисла на чекор напред од Бугарија. Бугарија има судија во Судот во Стразбур, Бугарија е потписник на Конвенцијата, истото и ЕУ, значи сигурно дека за неа исто така важат пресудите.

The post Силјановска Давкова: Според основните документи на ЕУ, прашањето за билатералните односи со Бугарија не смее да биде дел од Преговарачката рамка appeared first on Република.

]]>

Говорејќи за ветувањата на СДС за уставните измени, пратеничката и кандидатка за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова, во „Тема на денот“ на Сител телевизија, истакна дека новата политичка констелација во земјава ќе донесе и нов пристап кон решавањето на прашањето за уставните измени.
Точно е дека претседателот е овластен предлагач на амандмани, инаку да повторам  - се шокирам кога слушам такви лаички изјави од типот дека ќе продолжиме таму каде што ќе застанавме. Замислете новиот состав ќе продолжи таму каде што застанал претходниот. Тоа е непознат феномен на уставното право.    Програмата е основ за постапување, што значи постапка ќе почне одново. Јас би можела да зборувам само доколку одлучам или доколку станам претседателка. Јас да предлагам измени, инаку би било кршење на начелото на поделба на власта, бидејќи во актуелниот пример предлагач на амандманите беше Владата“, рече таа.
Силјановска Давкова додаде дека тезата само ако продолжите таму од каде што e застанато со амандмани тогаш сте проевропски настроени е многу погрешна.
Прво граѓаните ќе кажат за кого ќе гласаат, бидејќи тогаш во програмите ќе има се разбира и решение за уставните измени. Тезата дека се е завршено, преговарачката рамка е прифатена од сите и тука нема никакви измени не држи и го видовте тоа со примерот со Србија и со Косово.   Прашањето е во интерпретацијата имено што е можно, бидејќи денеска едно од најактуелните прашања во ЕУ, е опасноста од ветото и да се стави крај на ветото, кога се работи за политиката на проширување“, укажа Силјановска Давкова.