усогласување Archives - Република https://republika.mk/tema/usoglasuvanje/ За подобро да се разбереме Fri, 27 May 2022 09:46:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png усогласување Archives - Република https://republika.mk/tema/usoglasuvanje/ 32 32 Кадиевска Војновиќ: Платите не се усогласени ниту со минимална плата ниту со инфлација https://republika.mk/vesti/ekonomija/kadievska-vojnovikj-platite-ne-se-usoglaseni-nitu-so-minimalna-plata-nitu-so-inflacija/ Fri, 27 May 2022 09:46:37 +0000 https://republika.mk/?p=507526

И покрај тоа што владата се фали дека има номинален раст на платите и кажува дека единствена економска мерка и стигнале над 30.000 денари, но ако имаме намалување на реалната вредност на платите, и тоа во јавен сектор. Нема усогласување ниту со минималната плата, ниту со стапка на инфлација. И тука зборувам за одбрана, полиција, образование, комунални претпријатија, енергетски систем, таму нема усогласување на плата, изјави за „Утрински брифинг“ Маја Кадиевска Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа истакна дека власта во континуитет има политика која е популистичка,  бидејќи продуктивноста не го следи растот на плати.

Ако нема продуктивност која ја нема во државата, значи дека тоа се пренесува на финалните цени. Тоа значи дека еден дел од инфлацијата е домашно создаден, заради подолг временски период каде растот на плати е усогласен со продуктивноста, а немаме ни приватна потрошувачка, изјави Кадиевска Војновиќ.

Кадиевска Војновиќ потенцираше дека оваа година тешко и дека ќе има раст на економијата бидејќи странски инвестиции нема, а домашните компании се тешко погодени од кризата и немаат ликвидност.

Сметам дека оваа година тешко ќе забележиме раст во економијата. Ако ги гледаме проекциите, она што е значајно е инвестициската активност на компаниите, а ние не само што немаме странски инвестиции туку има и погубна политика подолг временски период. Домашниот приватен сектор нема потенцијал да инвестира, бидејќи беше погоден од зголемување на минимална плата, растот на суровини, енергенси.  Она што загрижува дека од почетокот на годината до април има намалување на денарската ликвидност на компаниите во банките и тоа е уште еден сигнал, рече Кадиевска Војновиќ.

Дека нема да има раст на економијата, Кадиевска Војновиќ укажа на уште еден крупен индикатор, надворешната трговија, односно и извозот ќе биде погоден, а тоа што е клучно е личната потрошувачка на населението.

The post Кадиевска Војновиќ: Платите не се усогласени ниту со минимална плата ниту со инфлација appeared first on Република.

]]>

Битиќи: Усогласувањето на платите ќе се направи преку дијалог и преговори https://republika.mk/vesti/ekonomija/bitikji-usoglasuvanjeto-na-platite-kje-se-napravi-preku-dijalog-i-pregovori/ Fri, 29 Apr 2022 10:08:55 +0000 https://republika.mk/?p=495201

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека усогласувањето на платите ќе се направи преку дијалог и преговори, исто онака како што беше постигнат договор меѓу социјалните партнери за зголемување на минималната плата.

Имаме период од шест месеци, решенијата се на маса и тоа ќе се направи преку преговори, рече Битиќи на денешниот панел што се одржа во рамки на форумот организиран по повод 100 дена од мандатот на новата Влада.

Тој потсети дека е постигнат консензус за зголемување на минималната плата и договор за нивелирање на останатите плати со минималната плата и дека првпат има системско решение кое ќе овозможи зголемување на минималната плата во иднина.

Се постигна договор дека ќе има и нивелирање и усогласување на минималната плата, не само во приватниот сектор, туку и во јавниот сектор. Не би било коректно како Влада да кажеме дека можеме да бараме нешто од приватниот сектор, ако ние самите не покажеме доследност во примената на законските решенија. И затоа веќе на првата владина седница откако се усвои Законот за минимална плата донесовме одлука за нивелирање на сите плати во јавниот сектор до ниво на минимална плата и имајќи го во предвид членот 8 од Законот за минимална плата рековме дека периодот на усогласување ќе биде шест месеци. За жал, некои тоа го искористија за лошо и пред да започнеме дијалог за усогласување на платите во целиот јавен сектор, влегоа во активности коишто ги гледавме деновиве како што беше штрајкот во образованието - рече Битиќи.

Во однос на реализацијата на капиталните инвестиции, Битиќи посочи дека за првпат е воспоставен систем за следење на инфраструктурните проекти којшто ќе треба да помогне да се елиминираат причините за можни пречки при спроведувањето на овие инвестиции.

Веруваме дека само системското решавање на проблеми е одржливо решавање на проблеми. 30 години независност на оваа држава, а за жал се уште немаме систем којшто треба да осигура дека инвестициите и капиталните инвестиции ќе можат непречено да се реализираат - рече Битиќи.

Важно, според него, е и инвестирањето во човечките ресурси и во тој контекст спомена дека за првпат по 15 години обучени се 100 службеници од 26 институции за проект-менаџмент и фидик-правила.

The post Битиќи: Усогласувањето на платите ќе се направи преку дијалог и преговори appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека усогласувањето на платите ќе се направи преку дијалог и преговори, исто онака како што беше постигнат договор меѓу социјалните партнери за зголемување на минималната плата. Имаме период од шест месеци, решенијата се на маса и тоа ќе се направи преку преговори, рече Битиќи на денешниот панел што се одржа во рамки на форумот организиран по повод 100 дена од мандатот на новата Влада. Тој потсети дека е постигнат консензус за зголемување на минималната плата и договор за нивелирање на останатите плати со минималната плата и дека првпат има системско решение кое ќе овозможи зголемување на минималната плата во иднина.
Се постигна договор дека ќе има и нивелирање и усогласување на минималната плата, не само во приватниот сектор, туку и во јавниот сектор. Не би било коректно како Влада да кажеме дека можеме да бараме нешто од приватниот сектор, ако ние самите не покажеме доследност во примената на законските решенија. И затоа веќе на првата владина седница откако се усвои Законот за минимална плата донесовме одлука за нивелирање на сите плати во јавниот сектор до ниво на минимална плата и имајќи го во предвид членот 8 од Законот за минимална плата рековме дека периодот на усогласување ќе биде шест месеци. За жал, некои тоа го искористија за лошо и пред да започнеме дијалог за усогласување на платите во целиот јавен сектор, влегоа во активности коишто ги гледавме деновиве како што беше штрајкот во образованието - рече Битиќи.
Во однос на реализацијата на капиталните инвестиции, Битиќи посочи дека за првпат е воспоставен систем за следење на инфраструктурните проекти којшто ќе треба да помогне да се елиминираат причините за можни пречки при спроведувањето на овие инвестиции.
Веруваме дека само системското решавање на проблеми е одржливо решавање на проблеми. 30 години независност на оваа држава, а за жал се уште немаме систем којшто треба да осигура дека инвестициите и капиталните инвестиции ќе можат непречено да се реализираат - рече Битиќи.
Важно, според него, е и инвестирањето во човечките ресурси и во тој контекст спомена дека за првпат по 15 години обучени се 100 службеници од 26 институции за проект-менаџмент и фидик-правила.

The post Битиќи: Усогласувањето на платите ќе се направи преку дијалог и преговори appeared first on Република.

]]>
Димовски: Да не се тактизира со усогласувањето на платите со минималецот https://republika.mk/vesti/ekonomija/dimovski-da-ne-se-taktizira-so-usoglasuvanjeto-na-platite-so-minimalecot/ Tue, 05 Apr 2022 08:21:25 +0000 https://republika.mk/?p=483449

Да не се тактизира со усогласувањето на платите со минималецот, апелира претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски.

На гостувањето во „Утрински брифинг“, Димовски вели дека со порастот на минималната плата треба да се усогласат сите плати.

Сега на ред се гранковите синдикати кои бараат тоа зголемување да се спроведе. За тоа скалесто зголемување треба да се испреговара со работодавачите. Според законот, работодавачите се должни тоа усогласување да го спроведат во рок од шест месеци. И тоа се одолговлекува, иако како работници сме во тешка состојба бидејќи веќе има голема инфлација. Бараме да не се тактизира, да го задржиме работникот во Македонија, а не да градиме туѓи економии - истакна Димовски.

Додаде дека во континуитет се разговара меѓу социјалните партнери и дека предлогот на ССМ е да се покачи платата линеарно, односно ако на најниската плата има покачување од 2.800 денари, да се зголемат и сите останати плати за оваа сума.

The post Димовски: Да не се тактизира со усогласувањето на платите со минималецот appeared first on Република.

]]>

Да не се тактизира со усогласувањето на платите со минималецот, апелира претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски. На гостувањето во „Утрински брифинг“, Димовски вели дека со порастот на минималната плата треба да се усогласат сите плати.
Сега на ред се гранковите синдикати кои бараат тоа зголемување да се спроведе. За тоа скалесто зголемување треба да се испреговара со работодавачите. Според законот, работодавачите се должни тоа усогласување да го спроведат во рок од шест месеци. И тоа се одолговлекува, иако како работници сме во тешка состојба бидејќи веќе има голема инфлација. Бараме да не се тактизира, да го задржиме работникот во Македонија, а не да градиме туѓи економии - истакна Димовски.
Додаде дека во континуитет се разговара меѓу социјалните партнери и дека предлогот на ССМ е да се покачи платата линеарно, односно ако на најниската плата има покачување од 2.800 денари, да се зголемат и сите останати плати за оваа сума.

The post Димовски: Да не се тактизира со усогласувањето на платите со минималецот appeared first on Република.

]]>
Економско-социјален совет: Нема договор за усогласување на платите со покачениот минималец https://republika.mk/vesti/ekonomija/ekonomsko-socijalen-sovet-nema-dogovor-za-usoglasuvanje-na-platite-so-pokacheniot-minimalec/ Wed, 23 Mar 2022 16:10:22 +0000 https://republika.mk/?p=477262

На Економско-социјалниот совет не е постигнат договор за усогласување на останатите плати со минималната плата. Од Конфедерацијата на слободни синдикати веќе најавија протест за 30 март пред Собранието и Владата и можност за радикализирање на идните чекори, а од Синдикатот на образование, наука и култура (СОНК) велат дека ќе дадат поддршка на протестот на КСС, а најавија генерален штрајк во образованието во април.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по состанокот во Владата изјави дека дијалогот меѓу синдикатите и ресорните министерства треба да продолжи на ниво на секое министерство, јавно претпријатие или акционерско друштво во државна сопственост и доколку е потребно да се отворат колективните договори и да се види дали има можност за усогласување на платте.

Денес се согласивме дека дијалогот меѓу синдикатите и ресорните министерства ќе треба да продолжи односно наместо да се одвива само на Економско-социјалниот совет, го спуштаме на ниво на секое ресорно министерство, јавно претпријатие или акционерско друштво во државна сопственост за таму да се решаваат проблемите. Затоа има раководни лица на сите институции и органи на управа кои треба да преговараат. Дополнително, имаме колективни договори, општи колективни договори, гранкови договори…и ако е потребно тие ќе се отворат за да се види дали може да се усогласат платите со промената на Законот за минимална плата. Но, тоа е процес, кој не е едностран процес на желби, рече Битиќи.

Посочи дека кај репрезентативните синдикати има слух дека државата поминува низ тешки кризи што значи дека не може веднаш да има решенија.

Порача дека Владата останува на определбата за зголемување на платите во образованието за пет проценти во септември, во МВР ќе имаат пет проценти зголемување на платите и остануваат буџетските средства за судство и обвинителство од 15 проценти.

The post Економско-социјален совет: Нема договор за усогласување на платите со покачениот минималец appeared first on Република.

]]>

На Економско-социјалниот совет не е постигнат договор за усогласување на останатите плати со минималната плата. Од Конфедерацијата на слободни синдикати веќе најавија протест за 30 март пред Собранието и Владата и можност за радикализирање на идните чекори, а од Синдикатот на образование, наука и култура (СОНК) велат дека ќе дадат поддршка на протестот на КСС, а најавија генерален штрајк во образованието во април. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по состанокот во Владата изјави дека дијалогот меѓу синдикатите и ресорните министерства треба да продолжи на ниво на секое министерство, јавно претпријатие или акционерско друштво во државна сопственост и доколку е потребно да се отворат колективните договори и да се види дали има можност за усогласување на платте.
Денес се согласивме дека дијалогот меѓу синдикатите и ресорните министерства ќе треба да продолжи односно наместо да се одвива само на Економско-социјалниот совет, го спуштаме на ниво на секое ресорно министерство, јавно претпријатие или акционерско друштво во државна сопственост за таму да се решаваат проблемите. Затоа има раководни лица на сите институции и органи на управа кои треба да преговараат. Дополнително, имаме колективни договори, општи колективни договори, гранкови договори…и ако е потребно тие ќе се отворат за да се види дали може да се усогласат платите со промената на Законот за минимална плата. Но, тоа е процес, кој не е едностран процес на желби, рече Битиќи.
Посочи дека кај репрезентативните синдикати има слух дека државата поминува низ тешки кризи што значи дека не може веднаш да има решенија. Порача дека Владата останува на определбата за зголемување на платите во образованието за пет проценти во септември, во МВР ќе имаат пет проценти зголемување на платите и остануваат буџетските средства за судство и обвинителство од 15 проценти.  