И покрај тоа што владата се фали дека има номинален раст на платите и кажува дека единствена економска мерка и стигнале над 30.000 денари, но ако имаме намалување на реалната вредност на платите, и тоа во јавен сектор. Нема усогласување ниту со минималната плата, ниту со стапка на инфлација. И тука зборувам за одбрана, полиција, образование, комунални претпријатија, енергетски систем, таму нема усогласување на плата, изјави за „Утрински брифинг“ Маја Кадиевска Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа истакна дека власта во континуитет има политика која е популистичка,  бидејќи продуктивноста не го следи растот на плати.

Ако нема продуктивност која ја нема во државата, значи дека тоа се пренесува на финалните цени. Тоа значи дека еден дел од инфлацијата е домашно создаден, заради подолг временски период каде растот на плати е усогласен со продуктивноста, а немаме ни приватна потрошувачка, изјави Кадиевска Војновиќ.

Кадиевска Војновиќ потенцираше дека оваа година тешко и дека ќе има раст на економијата бидејќи странски инвестиции нема, а домашните компании се тешко погодени од кризата и немаат ликвидност.

Сметам дека оваа година тешко ќе забележиме раст во економијата. Ако ги гледаме проекциите, она што е значајно е инвестициската активност на компаниите, а ние не само што немаме странски инвестиции туку има и погубна политика подолг временски период. Домашниот приватен сектор нема потенцијал да инвестира, бидејќи беше погоден од зголемување на минимална плата, растот на суровини, енергенси.  Она што загрижува дека од почетокот на годината до април има намалување на денарската ликвидност на компаниите во банките и тоа е уште еден сигнал, рече Кадиевска Војновиќ.

Дека нема да има раст на економијата, Кадиевска Војновиќ укажа на уште еден крупен индикатор, надворешната трговија, односно и извозот ќе биде погоден, а тоа што е клучно е личната потрошувачка на населението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.