урбанистички план Archives - Република https://republika.mk/tema/urbanistichki-plan/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Aug 2024 11:56:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png урбанистички план Archives - Република https://republika.mk/tema/urbanistichki-plan/ 32 32 МТ: Заглавени околу 600 урбанистички планови, со законските измени ќе ја олесниме изградбата на школи, градинки, болници,… https://republika.mk/vesti/ekonomija/mt-zaglaveni-okolu-600-urbanistichki-planovi-so-zakonskite-izmeni-ke-ja-olesnime-izgradbata-na-shkoli-gradinki-bolnitsi/ Fri, 09 Aug 2024 11:56:52 +0000 https://republika.mk/?p=804954

Околу 600 урбанистички планови се заглавени во постапка со што е доведено во прашање нивното донесување и реализацијата на капитални инвестиции, соопшти денеска Министерството за транспорт. Токму измените на Законот за урбанистичко планирање, како што информира, се предлагаат за надминување на ваквата состојба.

Измените, наведува Министерството за транспорт, се исклучиво во интерес на граѓаните и општините - за поефикасна реализација на капитални проекти и придвижување на економијата во целина. Ќе ја олеснат изградбата на училишта, градинки, болници, амбуланти и катни гаражи преку поедноставување на постапките за донесување урбанистички планови.

Поради бројните проблеми со кои се соочуваа граѓаните и општините при носењето урбанистички планови каде што јавниот интерес беше подеднакво третиран со приватниот интерес и често пати беше заложник на приватните интереси, со измените на Законот за прв пат во државава, јавниот интерес го ставаме во прв план.
Основна цел на измените е да се поедностават постапките во однос на донесување на урбанистичките планови наменети за изградба на објекти од јавен интерес односно за изградба на градинки, училишта болници и останати објекти од социјална и здравствена заштита, како и катни гаражи со цел решавање на сообраќајниот хаос. Со донесувањето на овој закон ќе се поедностави постапката за реализација на капиталните проекти во државата, а општините ќе можат во целост да ги реализираат планираните развојни буџети, со што директно ќе се влијае врз локалниот економски развој, истакнува Министерството.

Како што нагласува, недозволиво е поради немање адекватна правна рамка, општините и државата да не се во можност да ги реализираат своите развојни програми и реализацијата на капиталните проекти да трае со години, дури и со децении.

Во тој контекст би сакале да потенцираме дека околу 600 урбанистички планови се заглавени во постапка со што е доведено во прашање нивното донесување и реализацијата на капитални инвестиции. Исто така би сакале да потенцирме дека сосема погрешно во јавноста се интерпретира одредбата каде се вели дека се брише можноста да се донесе урбанистички план без согласност од Министерството за транспорт. Вистината е обратна. Се укинува правото „молчењето е одобрување”, а секое дивеење подлежи на најголеми казни за злоупотреба на службена должност, нагласува Министерството.

Додава и дека поради неколку потврдени примери на дивеење на одредени општини, со предложеното законско решение целта е токму да се зајакне улогата на Министерството како контолен механизам во процесот и да се стави ред, а законите да важат подеднакво за сите граѓани.

Со измените е невозможно да се донесе план без согласност на Министерството за транспорт, исто така Министерството може да го враќа на доработка секој план се додека е потребно во секоја фаза од постапката. Така се спречува дивеење, потенцира Министерството.

The post МТ: Заглавени околу 600 урбанистички планови, со законските измени ќе ја олесниме изградбата на школи, градинки, болници,… appeared first on Република.

]]>

Околу 600 урбанистички планови се заглавени во постапка со што е доведено во прашање нивното донесување и реализацијата на капитални инвестиции, соопшти денеска Министерството за транспорт. Токму измените на Законот за урбанистичко планирање, како што информира, се предлагаат за надминување на ваквата состојба. Измените, наведува Министерството за транспорт, се исклучиво во интерес на граѓаните и општините - за поефикасна реализација на капитални проекти и придвижување на економијата во целина. Ќе ја олеснат изградбата на училишта, градинки, болници, амбуланти и катни гаражи преку поедноставување на постапките за донесување урбанистички планови.
Поради бројните проблеми со кои се соочуваа граѓаните и општините при носењето урбанистички планови каде што јавниот интерес беше подеднакво третиран со приватниот интерес и често пати беше заложник на приватните интереси, со измените на Законот за прв пат во државава, јавниот интерес го ставаме во прв план. Основна цел на измените е да се поедностават постапките во однос на донесување на урбанистичките планови наменети за изградба на објекти од јавен интерес односно за изградба на градинки, училишта болници и останати објекти од социјална и здравствена заштита, како и катни гаражи со цел решавање на сообраќајниот хаос. Со донесувањето на овој закон ќе се поедностави постапката за реализација на капиталните проекти во државата, а општините ќе можат во целост да ги реализираат планираните развојни буџети, со што директно ќе се влијае врз локалниот економски развој, истакнува Министерството.
Како што нагласува, недозволиво е поради немање адекватна правна рамка, општините и државата да не се во можност да ги реализираат своите развојни програми и реализацијата на капиталните проекти да трае со години, дури и со децении.
Во тој контекст би сакале да потенцираме дека околу 600 урбанистички планови се заглавени во постапка со што е доведено во прашање нивното донесување и реализацијата на капитални инвестиции. Исто така би сакале да потенцирме дека сосема погрешно во јавноста се интерпретира одредбата каде се вели дека се брише можноста да се донесе урбанистички план без согласност од Министерството за транспорт. Вистината е обратна. Се укинува правото „молчењето е одобрување”, а секое дивеење подлежи на најголеми казни за злоупотреба на службена должност, нагласува Министерството.
Додава и дека поради неколку потврдени примери на дивеење на одредени општини, со предложеното законско решение целта е токму да се зајакне улогата на Министерството како контолен механизам во процесот и да се стави ред, а законите да важат подеднакво за сите граѓани.
Со измените е невозможно да се донесе план без согласност на Министерството за транспорт, исто така Министерството може да го враќа на доработка секој план се додека е потребно во секоја фаза од постапката. Така се спречува дивеење, потенцира Министерството.

The post МТ: Заглавени околу 600 урбанистички планови, со законските измени ќе ја олесниме изградбата на школи, градинки, болници,… appeared first on Република.

]]>
Муцунски: Жителите на Долно Лисиче конечно ќе добијат детален урбанистички план https://republika.mk/vesti/skopje/mucunski-zitelite-na-dolno-lisiche-konechno-kje-dobijat-detalen-urbanistichki-plan/ Mon, 21 Feb 2022 12:13:32 +0000 https://republika.mk/?p=461454

Преку јавни презентации, дискусии со локалните жители и идеи го носиме деталниот урбанистички план за населбата Долно Лисиче!, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.

Жителите на Долно Лисиче конечно ќе добијат детален урбанистички план, со што ќе можат да си ги остварат своите права за изградби, надградби, доградби и други урбанистички потреби.

Во подрачното училиште „Гоце Делчев“ минатата недела планот го презентираа стручните служби на Општина Аеродром, кои потоа низ конструктивна дискусија можеа да ги слушнат предлозите и забелешките од присутните кои најголем дел беа жители на Долно Лисиче.
Предлогот на деталниот урбанистички план со разработка на блоковите 2, 3, 4, 5, 6, 9, 10, 11, 12, 13 и 14 е поставен на увид во Месната заедница во Долно Лисиче, каде што се наоѓаат и анкетните листови за учество во јавната анкета која ќе трае до 4 март.

Работиме гласот на секој поединец да биде чуен и токму затоа Општина Аеродром е отворена за соработка со локалните жители. Ги повикуваме сите заинтересирани да извршат увид и да учествуваат во анкетата затоа што забелешките, идеите и предлозите од секој еден граѓанин ни се од исклучителна важност.

The post Муцунски: Жителите на Долно Лисиче конечно ќе добијат детален урбанистички план appeared first on Република.

Урбанистичките планови во Маврово пред Уставен суд https://republika.mk/vesti/makedonija/urbanistichkite-planovi-vo-mavrovo-pred-ustaven-sud/ Thu, 17 Feb 2022 14:38:43 +0000 https://republika.mk/?p=459969

Урбанистичките планови за селата Маврово и Леуново, како и одлуката за отстапување со стопанисување на водоводот на хотел Радика се пред Уставен суд. Адвокатското друштво Пешевски и Тимовски во име на здружениетo Спас за Маврово поднесе иницијатива за оценка на уставноста и законитоста на овие одлуки на Советот на Општина Маврово Ростуше.

Урбанистичкиoт план за село Маврово со детална разработка на дел од Урбан блок 5 и дел од урбан блок – 7 e објавен во службен гласник за Oпштина Маврово Ростуше на 26 февруари 2015 година. Одлуката за усвојување на Урбанистичкиот план за село Леуново, Никифорово и Анови е објавена во службениот гласник на општината на 19 јули 2001 година, а одлуката за отстапување на водоводот е донесена на 25 октомври 2019 година.

Според подносителите на иницијативата одлуките за урбанистичките планови се донесени спротивно на законски утврдените прописи, без согласност на Националниот парк Маврово и без прибавено мислење од Министерството за животна средина. Со донесувањето на овие одлуки општината делувала спротивно на член 16 од Законот за заштита на природата, без спроведена постапка за оценка на влијанието врз природата.

Според член 58 од истиот закон „забранета е изградба на објекти или стопанисување со природните богатства крај природните извори, покрај брегот на природните водотеци, крајбрежјето на природните или вештачките езера како и плавените рамнини на водотеците”.

Освен тоа, според Законот за заштита на природата носителот на правото на користење или сопственикот на имот во заштитено подрачје е должен природното наследство да го чува, да се грижи за неговото одржување и навреме да ги презема пропишаните техничко заштитни и други мерки потребни за заштита и одржување, во согласност со актот за прогласување на заштитено подрачје и должен да побара согласност за сите инвестициски активности на користење, односно уживање на имотот во заштитеното подрачје од субјектот задолжен за вршење на работите на управувањето со заштитеното подрачје.

Дозвола за градење во заштитено подрачје, зелена зона како што е случајот со Националниот парк Маврово дава исклучиво Владата, а не општината , предвидуваат законските норми.

Во Законот за води во Македонија водите се добра од општ интерес и се во сопственост на Република Македонија и не можат да бидат сопственост на физички и правни лица. Одлуката да му се довери на хотелот Радика да раководи со водоводот во Леуново, а и самата одлука на Јавното претпријатие за комунална дејност Маврово се незаконски и подлежат и на кривична одговорност.

Бараме од Уставниот суд по спроведување на нужната постапка нападнатите одлуки да ги поништи како спротивни на Уставот и на законите и како истите никогаш да не произведувале правно дејство, пишува во иницијатвата на адвокатското друштво Пешевски и Тимовски кои „про боно“ ги застапуваат интересите на здружението Спас за Маврово.

The post Урбанистичките планови во Маврово пред Уставен суд appeared first on Република.

]]>

Урбанистичките планови за селата Маврово и Леуново, како и одлуката за отстапување со стопанисување на водоводот на хотел Радика се пред Уставен суд. Адвокатското друштво Пешевски и Тимовски во име на здружениетo Спас за Маврово поднесе иницијатива за оценка на уставноста и законитоста на овие одлуки на Советот на Општина Маврово Ростуше. Урбанистичкиoт план за село Маврово со детална разработка на дел од Урбан блок 5 и дел од урбан блок – 7 e објавен во службен гласник за Oпштина Маврово Ростуше на 26 февруари 2015 година. Одлуката за усвојување на Урбанистичкиот план за село Леуново, Никифорово и Анови е објавена во службениот гласник на општината на 19 јули 2001 година, а одлуката за отстапување на водоводот е донесена на 25 октомври 2019 година.