украински амбасадор Archives - Република https://republika.mk/tema/ukrainski-ambasador/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Oct 2022 17:00:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png украински амбасадор Archives - Република https://republika.mk/tema/ukrainski-ambasador/ 32 32 Казахстан не ја послуша Русија за протерување на украинскиот амбасадор https://republika.mk/vesti/svet/kazahstan-ne-ja-poslusha-rusija-za-proteruvanje-na-ukrainskiot-ambasador/ Wed, 05 Oct 2022 18:52:24 +0000 https://republika.mk/?p=557696

Властите во Казахстан го отфрлија барањето на Русија за протерување на амбасадорот на Украина поради неговите коментари и барање за убивање на Руси и ја прекорија Москва за, како што велат, несоодветен тон меѓу „еднакви стратешки партнери“.

Тензиите се зголемија откако украинскиот амбасадор во Астана, Петро Врублевски, во интервју за локален блогер за војната во Украина во август изјави дека „колку повеќе Руси убиваме сега, толку помалку од нив ќе ги убијат нашите деца подоцна“. Како одговор, Русија побара од Казахстан да го протера дипломатот, но Астана наместо тоа побара од Киев да го замени, велејќи дека неговите коментари се неприфатливи за земја со големо етничко руско малцинство.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, вчера изјави дека Москва е „огорчена“ поради тоа што Врублевски се уште е во Астана и го повикала амбасадорот на Казахстан.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Казахстан, Ајбек Смадјаров, денеска изјави дека тонот на Захарова е „спротивен на суштината на сојузните односи меѓу Казахстан и Русија како рамноправни стратешки партнери“ и додаде дека и рускиот амбасадор ќе биде повикан во казахстанското Министерство. Смадјаров рече дека Врублевски ќе го напушти Казахстан откако на негово место ќе пристигне новиот украински амбасадор.

Казахстан традиционално одржува блиски економски и безбедносни врски со Русија, но се дистанцираше од Москва откако таа ја почна воената операција во Украина во февруари.

The post Казахстан не ја послуша Русија за протерување на украинскиот амбасадор appeared first on Република.

]]>

Властите во Казахстан го отфрлија барањето на Русија за протерување на амбасадорот на Украина поради неговите коментари и барање за убивање на Руси и ја прекорија Москва за, како што велат, несоодветен тон меѓу „еднакви стратешки партнери“. Тензиите се зголемија откако украинскиот амбасадор во Астана, Петро Врублевски, во интервју за локален блогер за војната во Украина во август изјави дека „колку повеќе Руси убиваме сега, толку помалку од нив ќе ги убијат нашите деца подоцна“. Како одговор, Русија побара од Казахстан да го протера дипломатот, но Астана наместо тоа побара од Киев да го замени, велејќи дека неговите коментари се неприфатливи за земја со големо етничко руско малцинство. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, вчера изјави дека Москва е „огорчена“ поради тоа што Врублевски се уште е во Астана и го повикала амбасадорот на Казахстан. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Казахстан, Ајбек Смадјаров, денеска изјави дека тонот на Захарова е „спротивен на суштината на сојузните односи меѓу Казахстан и Русија како рамноправни стратешки партнери“ и додаде дека и рускиот амбасадор ќе биде повикан во казахстанското Министерство. Смадјаров рече дека Врублевски ќе го напушти Казахстан откако на негово место ќе пристигне новиот украински амбасадор. Казахстан традиционално одржува блиски економски и безбедносни врски со Русија, но се дистанцираше од Москва откако таа ја почна воената операција во Украина во февруари.

The post Казахстан не ја послуша Русија за протерување на украинскиот амбасадор appeared first on Република.

]]>