украдени Archives - Република https://republika.mk/tema/ukradeni/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Dec 2023 19:22:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png украдени Archives - Република https://republika.mk/tema/ukradeni/ 32 32 20 украдени икони од цркви во струшко од Албанија вратени во Македонија https://republika.mk/vesti/kultura/20-ukradeni-ikoni-od-tsrkvi-vo-strushko-od-albanija-vrateni-vo-makedonija/ Fri, 15 Dec 2023 19:22:17 +0000 https://republika.mk/?p=723443

Украдени икони од македонски цркви, кои денеска беа предадени на македонската делегација во Тирана, Албанија, од вечерва се изложени во Музејот на Македонија. Вкупно 20 икони кои беа украдени од цркви од струшкиот регион беа вратени денеска од страна на Албанија во рамките на договорот за соработка меѓу двете држави потпишан минатата година.

На изложувањето во Музејот на Македонија присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, поглаварот на МПЦ г.г. Стефан и членот на МАНУ кој всушност ги препозна иконите, Сашо Цветковски.

По завршувањето на овој процес за враќање на 20- те украдени икони во земјава, предвидено е отварање на нов процес за враќање на уште еден контингент идентификувани икони во Албанија

[caption id="attachment_723447" align="alignnone" width="730"] фото: МИА[/caption]

Постапката за враќање на украдените икони во земјава од Албанија почна во 2013 година, со интенизвни активности во последните две години.

Во периодот од 2009 до 2013 година имаше силен бран на насилно влегување во црквите, особено во Западниот и Југозападниот дел на земјава, од каде што се однесоа стотици икони. Една од иконите албанскиот премиер Рама, симболично во знак на соработка му предаде на македонскиот колега Димитар Ковачевски при потпишувањето на договорот за враќање на иконите минатата година во Скопје.

https://republika.mk/vesti/kultura/makedonija-gi-primi-20-te-ikoni-koi-im-pripagaat-na-makedonskite-tsrkvi-i-manastiri-a-bea-nezakonski-odneseni-vo-albanija/

The post 20 украдени икони од цркви во струшко од Албанија вратени во Македонија appeared first on Република.

]]>

Украдени икони од македонски цркви, кои денеска беа предадени на македонската делегација во Тирана, Албанија, од вечерва се изложени во Музејот на Македонија. Вкупно 20 икони кои беа украдени од цркви од струшкиот регион беа вратени денеска од страна на Албанија во рамките на договорот за соработка меѓу двете држави потпишан минатата година. На изложувањето во Музејот на Македонија присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, поглаварот на МПЦ г.г. Стефан и членот на МАНУ кој всушност ги препозна иконите, Сашо Цветковски. По завршувањето на овој процес за враќање на 20- те украдени икони во земјава, предвидено е отварање на нов процес за враќање на уште еден контингент идентификувани икони во Албанија [caption id="attachment_723447" align="alignnone" width="730"] фото: МИА[/caption] Постапката за враќање на украдените икони во земјава од Албанија почна во 2013 година, со интенизвни активности во последните две години. Во периодот од 2009 до 2013 година имаше силен бран на насилно влегување во црквите, особено во Западниот и Југозападниот дел на земјава, од каде што се однесоа стотици икони. Една од иконите албанскиот премиер Рама, симболично во знак на соработка му предаде на македонскиот колега Димитар Ковачевски при потпишувањето на договорот за враќање на иконите минатата година во Скопје. https://republika.mk/vesti/kultura/makedonija-gi-primi-20-te-ikoni-koi-im-pripagaat-na-makedonskite-tsrkvi-i-manastiri-a-bea-nezakonski-odneseni-vo-albanija/

The post 20 украдени икони од цркви во струшко од Албанија вратени во Македонија appeared first on Република.

]]>
Македонија ги прими 20-те икони кои им припаѓаат на македонските цркви и манастири, а беа незаконски однесени во Албанија https://republika.mk/vesti/kultura/makedonija-gi-primi-20-te-ikoni-koi-im-pripagaat-na-makedonskite-tsrkvi-i-manastiri-a-bea-nezakonski-odneseni-vo-albanija/ Fri, 15 Dec 2023 16:08:18 +0000 https://republika.mk/?p=723398

Владата високо го цени и го вреднува овој историски чин на враќање на дваесет икони кои им припаѓаат на македонските цркви и манастири. Иконите ги очекува уште едно патување. Овој пат да се вратат онаму каде што припаѓаат и си тежат. Заедно си одиме дома, порача министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на церемонијата во Тирана за свечено предавање на незаконски изнесените икони на македонската делегација.

Во овој гест како израз на пријателство од страна на Владата на Република Албанија, премиерот Еди Рама и мојата колешка, министерката Елва Маргарити, не ја препознаваме само политичката порака за почитување на преземените обврски како држави. Многу повеќе ја препознаваме пораката за етичкиот и моралниот однос, како и вреднување на македонското заштитено културно богатство, рече Костадиновска-Стојчевска.

[caption id="attachment_723399" align="alignnone" width="1600"] фото: Министерство за култура[/caption]

Тука, во Тирана, додаде, сакам да им се заблагодарам на албанските институции и служби кои ги запленија овие вредни дела, а крадците ги соочија со правдата.

На стручните лица од областа на заштитата, и од наша и од албанска страна, им благодарам за професионалниот пристап, кој во голема мера придонесе за овој успешен епилог на десетгодишното патешествие на македонските икони, посочи Костадиновска-Стојчевска.

Албанската министерка за култура, Елва Маргарити, посочи дека е ова свечен момент кој нѐ направи да се чувствуваме горди бидејќи, како што рече таа, овој чин нѐ става во авангардата за спроведување на меѓународните конвенции.

Но, од друга страна, овој чин го отвора патот не само за враќање на другите предмети во нивните земји на потекло, ако сакате да имате претензии и ќе бидете идентификувани како такви, но од друга страна враќање и во Албанија на изгубени предмети, ограбени во нашите институции за културно наследство, музеи, паркови или култни објекти, додаде таа.

The post Македонија ги прими 20-те икони кои им припаѓаат на македонските цркви и манастири, а беа незаконски однесени во Албанија appeared first on Република.

]]>

Владата високо го цени и го вреднува овој историски чин на враќање на дваесет икони кои им припаѓаат на македонските цркви и манастири. Иконите ги очекува уште едно патување. Овој пат да се вратат онаму каде што припаѓаат и си тежат. Заедно си одиме дома, порача министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на церемонијата во Тирана за свечено предавање на незаконски изнесените икони на македонската делегација.
Во овој гест како израз на пријателство од страна на Владата на Република Албанија, премиерот Еди Рама и мојата колешка, министерката Елва Маргарити, не ја препознаваме само политичката порака за почитување на преземените обврски како држави. Многу повеќе ја препознаваме пораката за етичкиот и моралниот однос, како и вреднување на македонското заштитено културно богатство, рече Костадиновска-Стојчевска.
[caption id="attachment_723399" align="alignnone" width="1600"] фото: Министерство за култура[/caption] Тука, во Тирана, додаде, сакам да им се заблагодарам на албанските институции и служби кои ги запленија овие вредни дела, а крадците ги соочија со правдата.
На стручните лица од областа на заштитата, и од наша и од албанска страна, им благодарам за професионалниот пристап, кој во голема мера придонесе за овој успешен епилог на десетгодишното патешествие на македонските икони, посочи Костадиновска-Стојчевска.
Албанската министерка за култура, Елва Маргарити, посочи дека е ова свечен момент кој нѐ направи да се чувствуваме горди бидејќи, како што рече таа, овој чин нѐ става во авангардата за спроведување на меѓународните конвенции.
Но, од друга страна, овој чин го отвора патот не само за враќање на другите предмети во нивните земји на потекло, ако сакате да имате претензии и ќе бидете идентификувани како такви, но од друга страна враќање и во Албанија на изгубени предмети, ограбени во нашите институции за културно наследство, музеи, паркови или култни објекти, додаде таа.
 
The post Македонија ги прими 20-те икони кои им припаѓаат на македонските цркви и манастири, а беа незаконски однесени во Албанија appeared first on Република.

]]>
Дваесет украдени икони од македонските цркви, од Албанија утре ќе пристигнат во земјава https://republika.mk/vesti/makedonija/dvaeset-ukradeni-ikoni-od-makedonskite-tsrkvi-od-albanija-utre-ke-pristignat-vo-zemjava/ Thu, 14 Dec 2023 14:32:29 +0000 https://republika.mk/?p=722971

Вкупно 20 икони украдени од македонските цркви, претежно од струшкиот регион утре ќе бидат вратени во  Македонија од страна на Албанија во рамките на договорот за соработка меѓу двете држави потпишан минатата година.

Информацијата за МИА ја потврди тимот кој работи со проектот, а детали околу тоа ќе бидат изнесени по влегувањето на иконите во земјава.

Прв пат во историјата на нашата држава се прави успешна реституција на културно наследство, благодарение на добрата соработка меѓу владите и министерствата за култура на  Македонија и Албанија, посочија од Министерството за култура.

Иконите, како што појасни министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, ќе бидат соодветно спакувани да не се оштетат при пренос и ќе бидат однесени во Музејот на Македонија, од каде по процесот на заштита, ќе бидат изложени, а потоа и вратени на МПЦ.

Постапката за враќање на украдените икони од Македонија од Албанија почна во 2013 година, со интенизвни активности последните две години.

Во периодот од 2009 до 2013 година имаше силен бран на насилно влегување во црквите, особено во Западна и Југозападна Македонија, каде што се однесоа стотици икони. Само на подрачјето на Одделението за внатрешни работи Струга, како што информира за МИА портпаролот Стефан Димоски, имало 22 пријави за „кражба“ и „тешка кражба“ на икони од цркви. Три пријави за кривични дела „тешка кражба“ во цркви во струшко, според него, имало и во 2017 година.

– Кривичните дела се извршени во цркви лоцирани во Струга, Вевчани како и во селата Мали Влај, Радожда, Ташмаруништа, Долна Белица, Безево, Јабланица, Луково, Селци, Буринец, Модрич, Дренок… Во останатите години, пријавени се кражби од цркви со одземање пари и друг црковен прибор, изјави Димоски.

Незаконски одземените икони од македонските цркви случајно ги забележале нашите експерти вo 2013 на прилог со премиерот Еди Рама на албанска телевизија.

Една од иконите албанскиот премиер Рама, симболично во знак на соработка му предаде на македонскиот колега Димитар Ковачевски при потпишувањето на договорот за враќање на иконите минатата година во Скопје.

По завршувањето на овој процес за враќање на 20 – те украдени икони во земјава, предвидено е отварање на нов процес за враќање на уште еден контингент идентификувани икони во Албанија.

The post Дваесет украдени икони од македонските цркви, од Албанија утре ќе пристигнат во земјава appeared first on Република.

]]>

Вкупно 20 икони украдени од македонските цркви, претежно од струшкиот регион утре ќе бидат вратени во  Македонија од страна на Албанија во рамките на договорот за соработка меѓу двете држави потпишан минатата година. Информацијата за МИА ја потврди тимот кој работи со проектот, а детали околу тоа ќе бидат изнесени по влегувањето на иконите во земјава. Прв пат во историјата на нашата држава се прави успешна реституција на културно наследство, благодарение на добрата соработка меѓу владите и министерствата за култура на  Македонија и Албанија, посочија од Министерството за култура. Иконите, како што појасни министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, ќе бидат соодветно спакувани да не се оштетат при пренос и ќе бидат однесени во Музејот на Македонија, од каде по процесот на заштита, ќе бидат изложени, а потоа и вратени на МПЦ. Постапката за враќање на украдените икони од Македонија од Албанија почна во 2013 година, со интенизвни активности последните две години. Во периодот од 2009 до 2013 година имаше силен бран на насилно влегување во црквите, особено во Западна и Југозападна Македонија, каде што се однесоа стотици икони. Само на подрачјето на Одделението за внатрешни работи Струга, како што информира за МИА портпаролот Стефан Димоски, имало 22 пријави за „кражба“ и „тешка кражба“ на икони од цркви. Три пријави за кривични дела „тешка кражба“ во цркви во струшко, според него, имало и во 2017 година. – Кривичните дела се извршени во цркви лоцирани во Струга, Вевчани како и во селата Мали Влај, Радожда, Ташмаруништа, Долна Белица, Безево, Јабланица, Луково, Селци, Буринец, Модрич, Дренок… Во останатите години, пријавени се кражби од цркви со одземање пари и друг црковен прибор, изјави Димоски. Незаконски одземените икони од македонските цркви случајно ги забележале нашите експерти вo 2013 на прилог со премиерот Еди Рама на албанска телевизија. Една од иконите албанскиот премиер Рама, симболично во знак на соработка му предаде на македонскиот колега Димитар Ковачевски при потпишувањето на договорот за враќање на иконите минатата година во Скопје. По завршувањето на овој процес за враќање на 20 – те украдени икони во земјава, предвидено е отварање на нов процес за враќање на уште еден контингент идентификувани икони во Албанија.

The post Дваесет украдени икони од македонските цркви, од Албанија утре ќе пристигнат во земјава appeared first on Република.

]]>
Украдени четири плочи со ликот на Мајка Тереза од пред влезот на Национална опера и балет https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ukradeni-chetiri-plochi-so-likot-na-majka-tereza-od-pred-vlezot-na-natsionalna-opera-i-balet/ Thu, 04 May 2023 15:29:06 +0000 https://republika.mk/?p=636900

Пред девет дена биле украдени четири месингани плочи со ликот на Мајка Тереза од Национална опера и балет.

На 04.05.2023 во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 25.04.2023 пред главниот влез од Национална опера и балет во Скопје биле одземени четири месингани плочи со ликот на Мајка Тереза, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Украдени четири плочи со ликот на Мајка Тереза од пред влезот на Национална опера и балет appeared first on Република.

Украдени влезните врати од две станбени згради во Струмица https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ukradeni-vleznite-vrati-od-dve-stanbeni-zgradi-vo-strumica/ Fri, 02 Dec 2022 21:14:55 +0000 https://republika.mk/?p=581163

Три влеза во Струмица осамнаа без влезни врати. Украдени се вратите од два влеза во зграда на улицата „Ѓорѓи Василев“ и една од зграда на улицата „Ристо Ќурчиев“. На еден од влезовите крадците го оштетиле и стаклото. Никој во околината не знае кога и како дошло до кражбата. Дека останале без врати на влезовите станарите приметиле утрово откако тргнале на работа. Велат кражби имало и порано, а најчесто мета на крадците биле подрумите и велосипедите, но до сега не се случило некој да ги извади вратите од влезот. Поради овој случај веќе се загрижени за безбедноста и бараат полицијата да прави почести патроли низ градот.

Од струмичката полиција потврдија дека имало случај на кражба на влезна врата и преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кај нив бил пријавен само еден за одземена алуминиумска врата од станбена зграда на улица „Ристо Ќурчиев“, додека за останатите кражби досега немаат пријава

The post Украдени влезните врати од две станбени згради во Струмица appeared first on Република.

Во Албанија откриени повеќе од 20 нови украдени икони од Македонија https://republika.mk/vesti/kultura/vo-albanija-otkrieni-povekje-od-20-novi-ukradeni-ikoni-od-makedonija/ Fri, 29 Jul 2022 16:47:18 +0000 https://republika.mk/?p=534796

Во Албанија се откриени повеќе од 20 украдени икони од Македонија.

Во тој процес на реституција со Република Албанија на веќе украдени икони, токму кога тој процес на 25 икони се заокружи, откривме нова пратка на икони, каде од 45 икони, веќе 23 или 24 се идентификувани дека се наши. Направивме тим од Министерство за култура и Управа за заштита на културно наследство кои веќе се испратени на терен и работат на препознавање на остатокот од иконите, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на средбата со новинарите.

Таа информира дека треба да имаме подобри законски решенија за тоа како овие процеси понатаму ќе се решаваат и додаде оти сега има само комуникација меѓу инволвирани министерствата од Македонија и од Албанија. Најави дека во овој дел ќе имаат помош од Американската амбасада во земјава.

Негрижа за богатото црквоно наследство, ограбени, опустошени и осквернавени цркви, незаштитени и заборавени локалитети е сликата од македонските светилишта со години наназад. Само во изминатите десетина години од Струшко украдени се 600 икони со непроценлива вредност.

The post Во Албанија откриени повеќе од 20 нови украдени икони од Македонија appeared first on Република.

]]>

Во Албанија се откриени повеќе од 20 украдени икони од Македонија.
Во тој процес на реституција со Република Албанија на веќе украдени икони, токму кога тој процес на 25 икони се заокружи, откривме нова пратка на икони, каде од 45 икони, веќе 23 или 24 се идентификувани дека се наши. Направивме тим од Министерство за култура и Управа за заштита на културно наследство кои веќе се испратени на терен и работат на препознавање на остатокот од иконите, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на средбата со новинарите.
Таа информира дека треба да имаме подобри законски решенија за тоа како овие процеси понатаму ќе се решаваат и додаде оти сега има само комуникација меѓу инволвирани министерствата од Македонија и од Албанија. Најави дека во овој дел ќе имаат помош од Американската амбасада во земјава. Негрижа за богатото црквоно наследство, ограбени, опустошени и осквернавени цркви, незаштитени и заборавени локалитети е сликата од македонските светилишта со години наназад. Само во изминатите десетина години од Струшко украдени се 600 икони со непроценлива вредност.

The post Во Албанија откриени повеќе од 20 нови украдени икони од Македонија appeared first on Република.

]]>
Два дена откако се отвори изложбата во Матица Ексклузив, украдени 16 слики на Павле Кузмановски https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dva-dena-otkako-se-otvori-izlozbata-vo-matica-ekskluziv-ukradeni-16-sliki-na-pavle-kuzmanovski/ Mon, 27 Jun 2022 11:05:32 +0000 https://republika.mk/?p=520234

Два дена по отварањето на изложбата на слики во Мултимедијалниот културен центар Матица Ексклузив од уметникот Павле Кузманоски, украдени се 16 негови ретки дела во маслена техника, пастели, акварели и цртежи во туш на тема урбани пејсажи создадени во последните 60 години.

По големата кражба во седумдесетите години на минатиот век на делото на Пикасо од Музејот на современа уметност во Македонија, денес сме сведоци на кражба и на исклучително вредни уметнички дела од нашиот голем сликар, наведуваат од Матица Ексклузив.

The post Два дена откако се отвори изложбата во Матица Ексклузив, украдени 16 слики на Павле Кузмановски appeared first on Република.

Украдени автентичните оловни плочи од кровот на Безистенот во Штип https://republika.mk/vesti/kultura/ukradeni-avtentichnite-olovni-plochi-od-krovot-na-bezistenot-vo-shtip/ Fri, 07 Jan 2022 13:28:32 +0000 https://republika.mk/?p=441675

Украдени се  26 оловни плочи, кои се дел од автентичниот изглед на уметничката галерија Безистен, а во минатото објектов бил  затворен пазар, објави Телма. Серијата кражби на плочите, кои вредат најмалку  10.000 евра се случуваат деновиве, пред два дена на лице место фатен е еден крадец на возраст од 26 години.

Автентичните оловни плочи кои тежат од 40 до 50 килограми се продаваат кај откупувачи на стари метали, но  мора да се свесни за потеклото на овие предмети, бидејќи доколку полицијата ги најде кај нив и тие ќе заработат затворски казни. Спасот за заштита на овој споменик од национален интерес и кој е под заштита на државата е негово осветлување, ангажирање на чуварска служба и поставување на камери и алрмни уреди.

Целиот текст овде.

The post Украдени автентичните оловни плочи од кровот на Безистенот во Штип appeared first on Република.

]]>

Украдени се  26 оловни плочи, кои се дел од автентичниот изглед на уметничката галерија Безистен, а во минатото објектов бил  затворен пазар, објави Телма. Серијата кражби на плочите, кои вредат најмалку  10.000 евра се случуваат деновиве, пред два дена на лице место фатен е еден крадец на возраст од 26 години. Автентичните оловни плочи кои тежат од 40 до 50 килограми се продаваат кај откупувачи на стари метали, но  мора да се свесни за потеклото на овие предмети, бидејќи доколку полицијата ги најде кај нив и тие ќе заработат затворски казни. Спасот за заштита на овој споменик од национален интерес и кој е под заштита на државата е негово осветлување, ангажирање на чуварска служба и поставување на камери и алрмни уреди. Целиот текст овде.

The post Украдени автентичните оловни плочи од кровот на Безистенот во Штип appeared first on Република.

]]>