Украдени се  26 оловни плочи, кои се дел од автентичниот изглед на уметничката галерија Безистен, а во минатото објектов бил  затворен пазар, објави Телма. Серијата кражби на плочите, кои вредат најмалку  10.000 евра се случуваат деновиве, пред два дена на лице место фатен е еден крадец на возраст од 26 години.

Автентичните оловни плочи кои тежат од 40 до 50 килограми се продаваат кај откупувачи на стари метали, но  мора да се свесни за потеклото на овие предмети, бидејќи доколку полицијата ги најде кај нив и тие ќе заработат затворски казни. Спасот за заштита на овој споменик од национален интерес и кој е под заштита на државата е негово осветлување, ангажирање на чуварска служба и поставување на камери и алрмни уреди.

Целиот текст овде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.