учење Archives - Република https://republika.mk/tema/uchenje/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Jun 2023 14:42:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png учење Archives - Република https://republika.mk/tema/uchenje/ 32 32 Учебната година ќе почне на 11 септември, а цел јуни ќе се учи: Владата и учениците на крстопат! https://republika.mk/vesti/makedonija/uchebnata-godina-ke-pochne-na-11-septemvri-a-tsel-juni-ke-se-uchi-vladata-i-uchenitsite-na-krstopat/ Mon, 19 Jun 2023 14:42:24 +0000 https://republika.mk/?p=653158

Новата учебна 2023-2024 година би можела да започне на 11 септември и да заврши до крајот на јуни. Но, може да остане и вообичаениот датум 1 септември, а во текот на учебната година да има и краток пролетен распуст. Според министерот за образование, Јетон Шаќири, овие измени за кои владата треба да одлучи се прават, за да се зголеми продуктивноста на учениците и наставниците.

На почетокот на септември имаме празник и имаме период во кој голем дел од учениците, од нашите податоци што ги имаме, ги користат летните одмори на почетокот на септември. Второ е дека одмор во пролетните месеци, според кажувањата на наставниците, придонесува во педагошката смисла за учениците и за наставниците. Сите можности се отворени, ќе видиме и ќе се договориме како ќе одлучиме - изјави Јетон Шаќири, министер за образование.

За ваквите предлози зелено светло даваат и од СОНК. Претседателот на синдикатот Јаким Неделков вели дека сепак се потребни издржливи аргументи за секој предлог. Но и самиот вели дека светот се менува и оди напред, а Македонија мора да ги следи позитивните промени.

Според Неделков, наставниците секогаш се принудени на летен одмор да одат во јули и август додека учениците немаат настава, а никогаш немале можност да летуваат во септември.

Тие немаат можност да летуваат со поевтини цени, а вака ќе заштитат 100-тини евра за користење на летен одмор - рече Неделков во вестите на „Телма“.

The post Учебната година ќе почне на 11 септември, а цел јуни ќе се учи: Владата и учениците на крстопат! appeared first on Република.

]]>

Новата учебна 2023-2024 година би можела да започне на 11 септември и да заврши до крајот на јуни. Но, може да остане и вообичаениот датум 1 септември, а во текот на учебната година да има и краток пролетен распуст. Според министерот за образование, Јетон Шаќири, овие измени за кои владата треба да одлучи се прават, за да се зголеми продуктивноста на учениците и наставниците.
На почетокот на септември имаме празник и имаме период во кој голем дел од учениците, од нашите податоци што ги имаме, ги користат летните одмори на почетокот на септември. Второ е дека одмор во пролетните месеци, според кажувањата на наставниците, придонесува во педагошката смисла за учениците и за наставниците. Сите можности се отворени, ќе видиме и ќе се договориме како ќе одлучиме - изјави Јетон Шаќири, министер за образование.
За ваквите предлози зелено светло даваат и од СОНК. Претседателот на синдикатот Јаким Неделков вели дека сепак се потребни издржливи аргументи за секој предлог. Но и самиот вели дека светот се менува и оди напред, а Македонија мора да ги следи позитивните промени. Според Неделков, наставниците секогаш се принудени на летен одмор да одат во јули и август додека учениците немаат настава, а никогаш немале можност да летуваат во септември.
Тие немаат можност да летуваат со поевтини цени, а вака ќе заштитат 100-тини евра за користење на летен одмор - рече Неделков во вестите на „Телма“.

The post Учебната година ќе почне на 11 септември, а цел јуни ќе се учи: Владата и учениците на крстопат! appeared first on Република.

]]>
Почнува трет месец настава, а децата со посебни потреби се уште се без асистенти за следење на наставата https://republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-tret-mesec-nastava-a-decata-so-posebni-potrebi-se-ushte-se-bez-asistenti-za-sledenje-na-nastavata/ Fri, 28 Oct 2022 18:22:36 +0000 https://republika.mk/?p=566966

Би сакал да споделам еден апел, не апел, крик на родителите на деца со посебни потреби.
Покрај проблемите со кои секојдневно се соочуваат како непристапноста на просторот за децата со посебни потреби, општествената стигматизација постои и проблем кој лесно се решава, институциите се нафатија да го решат и како сѐ кај нас само направија полошо. Во владината политика за инклузија на децата со посебни потреби имаше дел кој требаше да се реализира од септември - децата со посебни потреби да добијат асистенти кои им се потребни за да ја следат наставата, асистенти кои уште не проработеле. Наставата се одвива, почнува трет месец, родителите се снаоѓаат како знаат и умеат, некои можат да платат асистент, но поголем дел се радуваа на ова решение од владата.
Покрај што ги нема асистентите и на прашањата на родителите враќаат грубо и со закани. Нема да спомнам имиња, се надевам дека сите надлежни не се исти и некои имаат разбирање за родителите и ветеното за нив и нивните деца.
Сите деца заслужуваат да растат среќно, пишува на Фејсбук, Божидар Божиновски.

The post Почнува трет месец настава, а децата со посебни потреби се уште се без асистенти за следење на наставата appeared first on Република.

]]>

Би сакал да споделам еден апел, не апел, крик на родителите на деца со посебни потреби. Покрај проблемите со кои секојдневно се соочуваат како непристапноста на просторот за децата со посебни потреби, општествената стигматизација постои и проблем кој лесно се решава, институциите се нафатија да го решат и како сѐ кај нас само направија полошо. Во владината политика за инклузија на децата со посебни потреби имаше дел кој требаше да се реализира од септември - децата со посебни потреби да добијат асистенти кои им се потребни за да ја следат наставата, асистенти кои уште не проработеле. Наставата се одвива, почнува трет месец, родителите се снаоѓаат како знаат и умеат, некои можат да платат асистент, но поголем дел се радуваа на ова решение од владата. Покрај што ги нема асистентите и на прашањата на родителите враќаат грубо и со закани. Нема да спомнам имиња, се надевам дека сите надлежни не се исти и некои имаат разбирање за родителите и ветеното за нив и нивните деца. Сите деца заслужуваат да растат среќно, пишува на Фејсбук, Божидар Божиновски.

The post Почнува трет месец настава, а децата со посебни потреби се уште се без асистенти за следење на наставата appeared first on Република.

]]>
Презентации на можностите за студирање и живеење во Словенија https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/prezentacii-na-moznostite-za-studiranje-i-ziveenje-vo-slovenija/ Thu, 13 Oct 2022 07:00:10 +0000 https://republika.mk/?p=560341

Две презентации кои ги опфаќаат можностите за студирање и живеење во Словенија ќе се одржат утре во Скопје.

Организатори на презентациите се националната иницијатива „Студирајте во Словенија“, поддржана од словенечките високообразовни институции и Министерството за образование, CMEPIUS, Центар на Република Словенија за мобилност и европски програми за образование и обука и Erasmus Slovenia.

На презентацијата ќе бидат претставени најголемите словенечки универзитети, а ќе бидат споделени и личните искуства на странските студенти во Словенија.

 

The post Презентации на можностите за студирање и живеење во Словенија appeared first on Република.

]]>

Две презентации кои ги опфаќаат можностите за студирање и живеење во Словенија ќе се одржат утре во Скопје. Организатори на презентациите се националната иницијатива „Студирајте во Словенија“, поддржана од словенечките високообразовни институции и Министерството за образование, CMEPIUS, Центар на Република Словенија за мобилност и европски програми за образование и обука и Erasmus Slovenia. На презентацијата ќе бидат претставени најголемите словенечки универзитети, а ќе бидат споделени и личните искуства на странските студенти во Словенија.  

The post Презентации на можностите за студирање и живеење во Словенија appeared first on Република.

]]>
УНИЦЕФ алармира за последиците од продолжениот прекин на наставата, пропуштеното мора да се надомести https://republika.mk/vesti/makedonija/unicef-alarmira-za-posledicite-od-prodolzeniot-prekin-na-nastavata-propushtenoto-mora-da-se-nadomesti/ Wed, 27 Apr 2022 12:58:55 +0000 https://republika.mk/?p=494307

УНИЦЕФ е сериозно загрижен поради продолжениот прекин на наставата и повикува да се преземат мерки со кои ќе се овозможи децата од основното и средното образование да ја надоместат изгубената настава веднаш откако ќе се вратат на училиште.

Пропуштеното мора да се надомести за да се избегнат долготрајни штети по добросостојбата и продуктивноста на децата, се наведува во писмената изјава на Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава.

Од Канцеларијата на УНИЦЕФ потсетуваат дека со години наназад Македонија се соочува со криза во учењето при што повеќе од половина од учениците на петнаесетгодишна возраст не ги постигнуваат основните нивоа на знаење по читање и математика. Згора на тоа, како што се наведува, не беа воведени програми за надоместување на пропустите во наставата предизвикани од затворањето на училиштата поради КОВИД-19 и учењето на далечина.

Посочуваат дека оваа учебна година учениците веќе пропуштија две недели настава поради задоцнетиот почеток на учебната година.

Сега, со пролонгираниот штрајк на наставниците кој влегува во својата трета и евентуално и четврта недела, постои веројатност децата да изгубат до шест недели настава во оваа учебна година и сето тоа во време кога требаше да се надоместува знаењето пропуштено како последица на КОВИД-19. Сега, повеќе од било кога порано, треба да донесеме мерки за надоместување на пропуштеното знаење и за забрзување на образовната реформа за да може да се одговори на образовната криза којашто му претходеше на КОВИД-19. Доколку итно не се преземат вакви мерки, економските последици од пропуштеното во учењето ќе влијаат на намалена заработувачка во животот на децата од денешната генерација. Овие загуби не само што имаат тековно негативно влијание врз децата, туку ќе влијаат и врз нивниот живот во иднина и идниот економски развој на државата, се наведува во писмената изјава.

Според УНИЦЕФ, веднаш по враќањето во училишните клупи, најважно е наставниците да го оценат нивото на знаење на учениците и да им обезбедат настава прилагодена на потребите и нивото на детето. Треба да се размисли за мерки од типот на продолжување на времетраењето на наставата, организирање часови за надоместување на пропуштеното, прилагодување на наставата за да се задоволат конкретните потреби од учење на учениците и ставање акцент на стекнување клучни вештини. На матурантите ќе им треба дополнителна поддршка да го совладаат материјалот за да може непречено да го продолжат своето школување во повисоките нивоа на образование.

УНИЦЕФ ги повикува сите учесници во преговорите за платите на образовните работници пред сè да го имаат предвид најдобриот интерес на детето, да прифатат дека состојбата со кризата во образованието е алармантна и да изнајдат взаемно прифатливи решенија со цел да се спречи создавање идна изгубена генерација.

The post УНИЦЕФ алармира за последиците од продолжениот прекин на наставата, пропуштеното мора да се надомести appeared first on Република.

]]>

УНИЦЕФ е сериозно загрижен поради продолжениот прекин на наставата и повикува да се преземат мерки со кои ќе се овозможи децата од основното и средното образование да ја надоместат изгубената настава веднаш откако ќе се вратат на училиште. Пропуштеното мора да се надомести за да се избегнат долготрајни штети по добросостојбата и продуктивноста на децата, се наведува во писмената изјава на Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава. Од Канцеларијата на УНИЦЕФ потсетуваат дека со години наназад Македонија се соочува со криза во учењето при што повеќе од половина од учениците на петнаесетгодишна возраст не ги постигнуваат основните нивоа на знаење по читање и математика. Згора на тоа, како што се наведува, не беа воведени програми за надоместување на пропустите во наставата предизвикани од затворањето на училиштата поради КОВИД-19 и учењето на далечина. Посочуваат дека оваа учебна година учениците веќе пропуштија две недели настава поради задоцнетиот почеток на учебната година. Сега, со пролонгираниот штрајк на наставниците кој влегува во својата трета и евентуално и четврта недела, постои веројатност децата да изгубат до шест недели настава во оваа учебна година и сето тоа во време кога требаше да се надоместува знаењето пропуштено како последица на КОВИД-19. Сега, повеќе од било кога порано, треба да донесеме мерки за надоместување на пропуштеното знаење и за забрзување на образовната реформа за да може да се одговори на образовната криза којашто му претходеше на КОВИД-19. Доколку итно не се преземат вакви мерки, економските последици од пропуштеното во учењето ќе влијаат на намалена заработувачка во животот на децата од денешната генерација. Овие загуби не само што имаат тековно негативно влијание врз децата, туку ќе влијаат и врз нивниот живот во иднина и идниот економски развој на државата, се наведува во писмената изјава. Според УНИЦЕФ, веднаш по враќањето во училишните клупи, најважно е наставниците да го оценат нивото на знаење на учениците и да им обезбедат настава прилагодена на потребите и нивото на детето. Треба да се размисли за мерки од типот на продолжување на времетраењето на наставата, организирање часови за надоместување на пропуштеното, прилагодување на наставата за да се задоволат конкретните потреби од учење на учениците и ставање акцент на стекнување клучни вештини. На матурантите ќе им треба дополнителна поддршка да го совладаат материјалот за да може непречено да го продолжат своето школување во повисоките нивоа на образование. УНИЦЕФ ги повикува сите учесници во преговорите за платите на образовните работници пред сè да го имаат предвид најдобриот интерес на детето, да прифатат дека состојбата со кризата во образованието е алармантна и да изнајдат взаемно прифатливи решенија со цел да се спречи создавање идна изгубена генерација.

The post УНИЦЕФ алармира за последиците од продолжениот прекин на наставата, пропуштеното мора да се надомести appeared first on Република.

]]>