уапсен Archives - Република https://republika.mk/tema/uapsen/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Oct 2024 08:29:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png уапсен Archives - Република https://republika.mk/tema/uapsen/ 32 32 Уапсен средношколец од Сараево поради лажни пријави за бомби во училишта https://republika.mk/vesti/balkan/uapsen-srednoshkolets-od-saraevo-poradi-lazhni-prijavi-za-bombi-vo-uchilishta/ Tue, 15 Oct 2024 08:29:20 +0000 https://republika.mk/?p=826940

Ученик од средно училиште во Сараево е приведен под сомнение дека десетици пати лажно пријавил за поставени бомби во училишта.

Ученикот бил приведен синоќа во акција на Полициското одделение на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево, Федералната полиција и Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина.

Малолетникот ќе биде предаден на Обвинителството на кантонот Сараево.

 

The post Уапсен средношколец од Сараево поради лажни пријави за бомби во училишта appeared first on Република.

]]>

Ученик од средно училиште во Сараево е приведен под сомнение дека десетици пати лажно пријавил за поставени бомби во училишта. Ученикот бил приведен синоќа во акција на Полициското одделение на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево, Федералната полиција и Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина. Малолетникот ќе биде предаден на Обвинителството на кантонот Сараево.  

The post Уапсен средношколец од Сараево поради лажни пријави за бомби во училишта appeared first on Република.

]]>
На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ https://republika.mk/scena/estrada/na-srpsko-hrvatskata-granitsa-povtorno-uapsen-akterot-sergej-trifunovik/ Tue, 17 Sep 2024 09:56:57 +0000 https://republika.mk/?p=817065

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ доцна синоќа е приведен на границата помеѓу Србија и Хрватска, односно на граничниот премин Бајаково, јавува „Слободна Далмација“. Полицијата рано утринава веднаш од границата го спровела во Сплит во Општинскиот суд за прекршоци каде го чека ново судење.

Трифуновиќ пред речиси точно една година беше уапсен во Сплит поради напад на службено лице. Поточно поради навреда на полицијата и држење на куче без надзор.

Против Трифуновиќ тогаш полицијата поднесе пријава за навреда, како и за држење куче без надзор.

 

The post На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ appeared first on Република.

]]>

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ доцна синоќа е приведен на границата помеѓу Србија и Хрватска, односно на граничниот премин Бајаково, јавува „Слободна Далмација“. Полицијата рано утринава веднаш од границата го спровела во Сплит во Општинскиот суд за прекршоци каде го чека ново судење. Трифуновиќ пред речиси точно една година беше уапсен во Сплит поради напад на службено лице. Поточно поради навреда на полицијата и држење на куче без надзор. Против Трифуновиќ тогаш полицијата поднесе пријава за навреда, како и за држење куче без надзор.  

The post На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ appeared first on Република.

]]>
Основачот на Teлеграм уапсен во Франција https://republika.mk/vesti/svet/osnovachot-na-telegram-uapsen-vo-frantsija/ Sun, 25 Aug 2024 14:05:16 +0000 https://republika.mk/?p=810036

Извршниот директор на апликацијата за размена на пораки Телеграм, Павел Дуров синоќа е уапсен на аеродромот „Бурже“ во близина на Париз, пренесуваат локалните медиуми.

Дуров патувал со својот приватен авион, објави ТФ1 на својата веб-страница, додавајќи дека Дуров е уапсен во Франција како дел од прелиминарната полициска истрага.

TФ1 и БФМ соопштија дека истрагата била фокусирана на недостиг на модератори на Tелеграм и дека полицијата верува дека таквата ситуација дозволува криминалните активности да се одвиваат непречено преку апликацијата за пораки.

Француското МВР и полицијата не го коментираа апсењето на Дуров.

TФ1 јави дека Дуров патувал од Азербејџан и бил уапсен околу 20 часот.

Телеграм, чие седиште е во Дубаи, е основана од Павел Дуров, роден во Русија. Тој ја напушти во 2014 година, откако одби да ги исполни барањата за затворање на опозициските заедници на неговата социјална платформа, која ја продаде.

Дуров, чие богатство Форбс го проценува на 15,5 милијарди долари, рече дека некои влади се обиделе да му вршат притисок, но апликацијата, која сега има 900 милиони активни корисници, треба да остане „неутрална платформа“, а не „играч во геополитиката“.

 

The post Основачот на Teлеграм уапсен во Франција appeared first on Република.

]]>

Извршниот директор на апликацијата за размена на пораки Телеграм, Павел Дуров синоќа е уапсен на аеродромот „Бурже“ во близина на Париз, пренесуваат локалните медиуми. Дуров патувал со својот приватен авион, објави ТФ1 на својата веб-страница, додавајќи дека Дуров е уапсен во Франција како дел од прелиминарната полициска истрага. TФ1 и БФМ соопштија дека истрагата била фокусирана на недостиг на модератори на Tелеграм и дека полицијата верува дека таквата ситуација дозволува криминалните активности да се одвиваат непречено преку апликацијата за пораки. Француското МВР и полицијата не го коментираа апсењето на Дуров. TФ1 јави дека Дуров патувал од Азербејџан и бил уапсен околу 20 часот. Телеграм, чие седиште е во Дубаи, е основана од Павел Дуров, роден во Русија. Тој ја напушти во 2014 година, откако одби да ги исполни барањата за затворање на опозициските заедници на неговата социјална платформа, која ја продаде. Дуров, чие богатство Форбс го проценува на 15,5 милијарди долари, рече дека некои влади се обиделе да му вршат притисок, но апликацијата, која сега има 900 милиони активни корисници, треба да остане „неутрална платформа“, а не „играч во геополитиката“.  

The post Основачот на Teлеграм уапсен во Франција appeared first on Република.

]]>
Уапсен уште еден од групата која планирала терористички напад во Виена https://republika.mk/vesti/svet/uapsen-ushte-eden-od-grupata-koja-planirala-teroristichki-napad-vo-viena/ Fri, 09 Aug 2024 09:21:24 +0000 https://republika.mk/?p=804875

Осумнаесетгодишен Ирачанец е приведен во Виена во врска со истрагата за наводен заговор за напад на концертот на американската пејачка Тејлор Свифт во главниот град на Австрија, соопшти денеска австриското Министерство за внатрешни работи.

Министерството наведува дека приведениот Ирачанец потекнува од истиот круг како главниот осомничен, 19-годишен Австриец, од родители Албанци со потекло од Македонија.

Свифт вчера, денеска и утре требаше да пее на виенскиот стадион „Ернст Хапел“, но концертите се откажани.

The post Уапсен уште еден од групата која планирала терористички напад во Виена appeared first on Република.

]]>

Осумнаесетгодишен Ирачанец е приведен во Виена во врска со истрагата за наводен заговор за напад на концертот на американската пејачка Тејлор Свифт во главниот град на Австрија, соопшти денеска австриското Министерство за внатрешни работи. Министерството наведува дека приведениот Ирачанец потекнува од истиот круг како главниот осомничен, 19-годишен Австриец, од родители Албанци со потекло од Македонија. Свифт вчера, денеска и утре требаше да пее на виенскиот стадион „Ернст Хапел“, но концертите се откажани.

The post Уапсен уште еден од групата која планирала терористички напад во Виена appeared first on Република.

]]>
Уапсен маж од Радовишко кој подметнал пожари https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-mazh-od-radovishko-koj-podmetnal-pozhari/ Wed, 31 Jul 2024 09:13:15 +0000 https://republika.mk/?p=801930

Во вторникот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишија од слобода С.Р. од с. Али Коч, радовишко, затоа што подметнал пожари во близина на с. Али Коч.

Истиот ден, во 12 во ОВР Радовиш од страна на ТППЕ Радовиш е пријавено дека на две места во близина на с.Али Коч настанале пожари, при што горела дабова шума.

По преземени мерки и активности, од страна на полициски службеници од ОВР Радовиш утврдено е дека С.Р. ги подметнал пожарите односно сторил кривично дело по член 288 „предизвикување општа опасност“ и кривично дело „предизвикување шумски пожар“ по чл.227 од КЗ. С.Р е лишен од слобода и во службен разговор признал дека ги сторил кривичните дела, по што е задржан во ОВР Радовиш.

По документирање на случајот, ОВР Радовиш до надлежното ОЈО Струмица ќе поднесе соодветна кривична пријава.

The post Уапсен маж од Радовишко кој подметнал пожари appeared first on Република.

]]>

Во вторникот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишија од слобода С.Р. од с. Али Коч, радовишко, затоа што подметнал пожари во близина на с. Али Коч.
Истиот ден, во 12 во ОВР Радовиш од страна на ТППЕ Радовиш е пријавено дека на две места во близина на с.Али Коч настанале пожари, при што горела дабова шума.
По преземени мерки и активности, од страна на полициски службеници од ОВР Радовиш утврдено е дека С.Р. ги подметнал пожарите односно сторил кривично дело по член 288 „предизвикување општа опасност“ и кривично дело „предизвикување шумски пожар“ по чл.227 од КЗ. С.Р е лишен од слобода и во службен разговор признал дека ги сторил кривичните дела, по што е задржан во ОВР Радовиш. По документирање на случајот, ОВР Радовиш до надлежното ОЈО Струмица ќе поднесе соодветна кривична пријава.

The post Уапсен маж од Радовишко кој подметнал пожари appeared first on Република.

]]>
Екстремно десничарски екстремист уапсен поради сомневање за заговор за Олимписките игри во Париз https://republika.mk/vesti/svet/ekstremno-desnicharski-ekstremist-uapsen-poradi-somnevane-za-zagovor-za-olimpiskite-igri-vo-pariz/ Wed, 17 Jul 2024 16:28:11 +0000 https://republika.mk/?p=797748

Екстремно десничарски екстремист е уапсен во Франција под сомнение дека подготвувал напади за време на Олимписките игри во Париз, кои ќе бидат отворени следната недела, изјави денеска извор од безбедносните сили, кој сакаше да остане анонимен.

Осумнаесет-годишниот осомничен неонацист бил администратор на група на Телеграм наречена „француска ариевска дивизија“ каде упатувал закани за Олимпијадата во Париз од 26 јули до 11 август, рече изворот.

Тој беше приведен во источниот регион Ба-Рајн, кој го опфаќа градот Стразбур, а беше испрашуван од антитерористичката полиција.

Француските безбедносни служби се во состојба на готовност пред Игрите во Париз кога се очекуваат околу 10 милиони посетители и 10.000 спортисти во француската престолнина.

The post Екстремно десничарски екстремист уапсен поради сомневање за заговор за Олимписките игри во Париз appeared first on Република.

]]>

Екстремно десничарски екстремист е уапсен во Франција под сомнение дека подготвувал напади за време на Олимписките игри во Париз, кои ќе бидат отворени следната недела, изјави денеска извор од безбедносните сили, кој сакаше да остане анонимен. Осумнаесет-годишниот осомничен неонацист бил администратор на група на Телеграм наречена „француска ариевска дивизија“ каде упатувал закани за Олимпијадата во Париз од 26 јули до 11 август, рече изворот. Тој беше приведен во источниот регион Ба-Рајн, кој го опфаќа градот Стразбур, а беше испрашуван од антитерористичката полиција. Француските безбедносни служби се во состојба на готовност пред Игрите во Париз кога се очекуваат околу 10 милиони посетители и 10.000 спортисти во француската престолнина.

The post Екстремно десничарски екстремист уапсен поради сомневање за заговор за Олимписките игри во Париз appeared first on Република.

]]>
Во Белград уапсен 25-годишно лице кое било администратор на милитантни групи на Интернет кои повикувале на џихад https://republika.mk/vesti/balkan/vo-belgrad-uapsen-25-godishno-litse-koe-bilo-administrator-na-militantni-grupi-na-internet-koi-povikuvale-na-dhihad/ Sat, 29 Jun 2024 19:18:38 +0000 https://republika.mk/?p=791970

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека во Белград е уапсено уште едно лице под сомнение за терористичко здружување, јави дописникот на МИА од Белград.

Во Белград е уапсено уште едно лице осомничено за терористичко здружување. Станува збор за лице од Белград, родено 1999 година, кое веќе беше уапсено пред две години бидејќи бил администратор на неколку милитантни групи на Интернет кои повикувале на џихад, соопшти Дачиќ.

Тој објасни дека случајот против него и понатаму се води, а тој е пуштен од притвор.

Потоа продолжил да комуницира со екстремистите, така што имал секојдневна комуникација со убиениот терорист, поради што се сомнева дека директно учествувал во логистичката поддршка и организација на овој терористички чин. Полициската акција продолжува на повеќе локации во Србија, изјави Дачиќ.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ посочи дека се уште се трага по неколку лица.

Едно лице не ни е достапно, но знаеме дека е на територијата на Србија. Се водел по истите принципи како и Салахудин. Ги следеле и за седум-осум дена требало да бидат уапсени, толку време му требало на обвинителот да ги собере сите докази, но очигледно е дека тие почнале порано, рече Вучиќ.

Тој наведе дека секој има право да ја избере својата вера, но дека извршителите на овој напад се приклучиле на екстремистичките кругови.

Следени се по линија – индикативни на тероризам, се знаеше дека еден од нив (главниот терорист) дошол да ја посети мајка си, но после тоа се изгубила можноста за следење, заклучи претседателот на Србија.

 

The post Во Белград уапсен 25-годишно лице кое било администратор на милитантни групи на Интернет кои повикувале на џихад appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека во Белград е уапсено уште едно лице под сомнение за терористичко здружување, јави дописникот на МИА од Белград.
Во Белград е уапсено уште едно лице осомничено за терористичко здружување. Станува збор за лице од Белград, родено 1999 година, кое веќе беше уапсено пред две години бидејќи бил администратор на неколку милитантни групи на Интернет кои повикувале на џихад, соопшти Дачиќ.
Тој објасни дека случајот против него и понатаму се води, а тој е пуштен од притвор.
Потоа продолжил да комуницира со екстремистите, така што имал секојдневна комуникација со убиениот терорист, поради што се сомнева дека директно учествувал во логистичката поддршка и организација на овој терористички чин. Полициската акција продолжува на повеќе локации во Србија, изјави Дачиќ.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ посочи дека се уште се трага по неколку лица.
Едно лице не ни е достапно, но знаеме дека е на територијата на Србија. Се водел по истите принципи како и Салахудин. Ги следеле и за седум-осум дена требало да бидат уапсени, толку време му требало на обвинителот да ги собере сите докази, но очигледно е дека тие почнале порано, рече Вучиќ.
Тој наведе дека секој има право да ја избере својата вера, но дека извршителите на овој напад се приклучиле на екстремистичките кругови.
Следени се по линија – индикативни на тероризам, се знаеше дека еден од нив (главниот терорист) дошол да ја посети мајка си, но после тоа се изгубила можноста за следење, заклучи претседателот на Србија.
 

The post Во Белград уапсен 25-годишно лице кое било администратор на милитантни групи на Интернет кои повикувале на џихад appeared first on Република.

]]>
Уапсен малолетник од Гостивар кој со нож нападнал 18 годишен прилепчанец https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-maloletnik-od-gostivar-koj-so-nozh-napadnal-18-godishen-prilepchanets/ Mon, 13 May 2024 14:18:43 +0000 https://republika.mk/?p=777666

Ноќеска во 00.30 часот во Гостивар, во присуство на родител, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода малолетник од Гостивар. Тој се сомничи дека на 12.05.2024 после 23.00 часот во Гостивар, по претходна расправија, со остар предмет му нанел убодна рана на Л.М.(18) од Прилеп.

Остриот предмет бил пронајден и одземен, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

The post Уапсен малолетник од Гостивар кој со нож нападнал 18 годишен прилепчанец appeared first on Република.

]]>

Ноќеска во 00.30 часот во Гостивар, во присуство на родител, полициски службеници од ОВР Гостивар лишиле од слобода малолетник од Гостивар. Тој се сомничи дека на 12.05.2024 после 23.00 часот во Гостивар, по претходна расправија, со остар предмет му нанел убодна рана на Л.М.(18) од Прилеп. Остриот предмет бил пронајден и одземен, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

The post Уапсен малолетник од Гостивар кој со нож нападнал 18 годишен прилепчанец appeared first on Република.

]]>
Кај приведениот новинар Фуркан Салиу е најден пиштол https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kaj-privedeniot-novinar-furkan-saliu-e-najden-pishtol/ Sun, 07 Apr 2024 16:48:51 +0000 https://republika.mk/?p=763522

Новинарот Фуркан Салиу денеска е уапсен од скопската полиција, на фудбалски натпревар, пишува порталот НетПрес.

Според „НетПрес“ Салиу бил приведен откако, според првичните информации, наводно нападнал полицаец – припадник на Единицата за брзо распоредување (ЕБР). По инцидентот полицијата извршила претрес на Салиу и на неговото возило, при што нашла еден пиштол во неговиот ранец.

По ова Салиу бил однесен во полициската станица Гази Баба.

The post Кај приведениот новинар Фуркан Салиу е најден пиштол appeared first on Република.

]]>

Новинарот Фуркан Салиу денеска е уапсен од скопската полиција, на фудбалски натпревар, пишува порталот НетПрес. Според „НетПрес“ Салиу бил приведен откако, според првичните информации, наводно нападнал полицаец – припадник на Единицата за брзо распоредување (ЕБР). По инцидентот полицијата извршила претрес на Салиу и на неговото возило, при што нашла еден пиштол во неговиот ранец. По ова Салиу бил однесен во полициската станица Гази Баба.

The post Кај приведениот новинар Фуркан Салиу е најден пиштол appeared first on Република.

]]>
Уапсен новинарот Фуркан Салиу https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-novinarot-furkan-saliu/ Sun, 07 Apr 2024 16:29:19 +0000 https://republika.mk/?p=763513

Попладнево бил уапсен новинарот Фуркан Салиу, објави 4NEWS.mk.

IN7.tv објави видео снимка од апсењето.

Се уште не е соопштена причината за апсење на Салиу.

The post Уапсен новинарот Фуркан Салиу appeared first on Република.

]]>

Попладнево бил уапсен новинарот Фуркан Салиу, објави 4NEWS.mk. IN7.tv објави видео снимка од апсењето. Се уште не е соопштена причината за апсење на Салиу.

The post Уапсен новинарот Фуркан Салиу appeared first on Република.

]]>
Уапсен скопјанец за изнудување пари, доби притвор од 30 дена https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-skopjanets-za-iznuduvane-pari-dobi-pritvor-od-30-dena/ Sat, 06 Apr 2024 13:47:04 +0000 https://republika.mk/?p=763097

Уапсен е сторител на кривично дело „изнуда” и определена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Од страна на лицето М. Г. од Скопје на ден 05.04.2024 пријавено е дека од месец ноември 2023 година па се до денот на пријавување му се изнудуваат парични средства со сериозни закани по живот од страна на лицето И. Ј. од Скопје, на којшто до овој момент оштетениот му има исплатено парични средства во вредност од 180 000 евра, објави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи во техничката влада.

Во врска со пријавениот настан на ден 05.04.2023 година околу 17.00 часот по претходен договор помеѓу истите и побарување на парични средства, на ул. Симеон Кавракиров во Скопје лицето М. Г. му предаде 500 евра на И. Ј. кои претходно беа криминалистичко-технички обработени, по што во заедничка соработка на Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното насилство при ОСОСК и Единицата за Насилен Криминал при СВР Скопје лицето И. Ј. беше лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување во ПС Кисела Вода.

На 06.04.2024 година, од страна на ЕНК при СВР Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело ,,Изнуда" по чл. 258 од КЗ, при што од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот И. Ј. му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

The post Уапсен скопјанец за изнудување пари, доби притвор од 30 дена appeared first on Република.

]]>

Уапсен е сторител на кривично дело „изнуда” и определена му е мерка притвор во траење од 30 дена. Од страна на лицето М. Г. од Скопје на ден 05.04.2024 пријавено е дека од месец ноември 2023 година па се до денот на пријавување му се изнудуваат парични средства со сериозни закани по живот од страна на лицето И. Ј. од Скопје, на којшто до овој момент оштетениот му има исплатено парични средства во вредност од 180 000 евра, објави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи во техничката влада. Во врска со пријавениот настан на ден 05.04.2023 година околу 17.00 часот по претходен договор помеѓу истите и побарување на парични средства, на ул. Симеон Кавракиров во Скопје лицето М. Г. му предаде 500 евра на И. Ј. кои претходно беа криминалистичко-технички обработени, по што во заедничка соработка на Единицата за сериозен криминал и кривични дела против културното насилство при ОСОСК и Единицата за Насилен Криминал при СВР Скопје лицето И. Ј. беше лишен од слобода и задржан за понатамошно постапување во ПС Кисела Вода. На 06.04.2024 година, од страна на ЕНК при СВР Скопје е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело ,,Изнуда" по чл. 258 од КЗ, при што од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот И. Ј. му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

The post Уапсен скопјанец за изнудување пари, доби притвор од 30 дена appeared first on Република.

]]>
Уапсен единаесеттиот обвинет вмешан во масакрот во Москва https://republika.mk/vesti/svet/uapsen-edinaesettiot-obvinet-vmeshan-vo-masakrot-vo-moskva/ Fri, 05 Apr 2024 17:33:03 +0000 https://republika.mk/?p=762770

Судот во Москва го уапси единаесеттиот обвинет во случајот со терористичкиот напад на Крокус, Мухамед Зоир Шарипзода, соопшти судот.

 

„Окружниот суд избра мерка за превенција против Шарипзода Мухамед Зоир, родум од Република Таџикистан, кој е обвинет за сторено кривично дело од став „б“ од дел 3 од член 205 од Кривичниот законик (“ Терористички чин“)“, изјави соговорникот на агенцијата РИА Новости.

Пукањето и пожарот во концертната сала Крокус во Красногорск се случија вечерта на 22 март.

Неколку мажи упаднаа во зградата, пукајќи во луѓето од непосредна близина и фрлајќи запаливи бомби.

Според последните податоци на Министерството за вонредни состојби, во нападот загинале 144 лица.

Во тој случај претходно беа уапсени десет обвинети, меѓу кои и четворица државјани на Таџикистан, кои според истрагата биле директни извршители на терористичкиот напад.

Покрај тоа, на 1 април во Дагестан беа приведени четворица странци кои учествуваа во финансирањето и обезбедувањето оружје на криминалците кои го нападнаа Крокус. Еден ден претходно, безбедносните сили уапсија уште тројца централноазијци осомничени за вмешаност во терористички напад во Москва, Екатеринбург и Омск.

Како што изјави минатата недела директорот на ФСБ, Александар Бортников, првото сведочење на уапсениот ја потврдува украинската трага. Според Истражниот комитет, терористите по нападот заминале кон Киев за да ја добијат наградата. Руските разузнавачки служби сметаат дека зад ова злосторство стојат САД и Велика Британија, анализираат локалните медиуми.

The post Уапсен единаесеттиот обвинет вмешан во масакрот во Москва appeared first on Република.

]]>

Судот во Москва го уапси единаесеттиот обвинет во случајот со терористичкиот напад на Крокус, Мухамед Зоир Шарипзода, соопшти судот.   „Окружниот суд избра мерка за превенција против Шарипзода Мухамед Зоир, родум од Република Таџикистан, кој е обвинет за сторено кривично дело од став „б“ од дел 3 од член 205 од Кривичниот законик (“ Терористички чин“)“, изјави соговорникот на агенцијата РИА Новости. Пукањето и пожарот во концертната сала Крокус во Красногорск се случија вечерта на 22 март. Неколку мажи упаднаа во зградата, пукајќи во луѓето од непосредна близина и фрлајќи запаливи бомби. Според последните податоци на Министерството за вонредни состојби, во нападот загинале 144 лица. Во тој случај претходно беа уапсени десет обвинети, меѓу кои и четворица државјани на Таџикистан, кои според истрагата биле директни извршители на терористичкиот напад. Покрај тоа, на 1 април во Дагестан беа приведени четворица странци кои учествуваа во финансирањето и обезбедувањето оружје на криминалците кои го нападнаа Крокус. Еден ден претходно, безбедносните сили уапсија уште тројца централноазијци осомничени за вмешаност во терористички напад во Москва, Екатеринбург и Омск. Како што изјави минатата недела директорот на ФСБ, Александар Бортников, првото сведочење на уапсениот ја потврдува украинската трага. Според Истражниот комитет, терористите по нападот заминале кон Киев за да ја добијат наградата. Руските разузнавачки служби сметаат дека зад ова злосторство стојат САД и Велика Британија, анализираат локалните медиуми.

The post Уапсен единаесеттиот обвинет вмешан во масакрот во Москва appeared first on Република.

]]>
Приведен е и братот на еден од осомничените за убиството на Данка Илиќ https://republika.mk/vesti/balkan/priveden-e-i-bratot-na-eden-od-osomnichenite-za-ubistvoto-na-danka-ilik/ Fri, 05 Apr 2024 14:43:07 +0000 https://republika.mk/?p=762706

Последните информации од Вишото обвинителство во Зајечар се дека освен сослушувањето на двајцата уапсени осомничени за убиството на девојчето Данка Илиќ, како што јави „Н1“, приведен е и братот на еден од осомничените.

Целата механизација, како и полициските патроли е повлечена од депонијата каде се трага по телото на Данка Илиќ. Во текот на денот на горната и долната страна силни полициски сили го обезбедуваа овој дел од патот. Засега не се знае дали потрагата на овој простор е прекината, а полицијата се преселила на нова локација недалеку од Бањско поле во потрага по телото, пишува Блиц.

Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно соопшти дека се приведени две лица кои го признале убиството.

Уапсени се работниците на јавното комунално претпријатие Водовод Срѓан Јанковиќ (50) од село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од селото Злот кај Бор. Со автомобилот налетале на Данка. Нејзиното тело наводно го оставиле на депонија.

Потрагата по двегодишната Данка Илиќ која исчезна во Бањско поле кај Бор траеше десет дена.

 

The post Приведен е и братот на еден од осомничените за убиството на Данка Илиќ appeared first on Република.

]]>

Последните информации од Вишото обвинителство во Зајечар се дека освен сослушувањето на двајцата уапсени осомничени за убиството на девојчето Данка Илиќ, како што јави „Н1“, приведен е и братот на еден од осомничените. Целата механизација, како и полициските патроли е повлечена од депонијата каде се трага по телото на Данка Илиќ. Во текот на денот на горната и долната страна силни полициски сили го обезбедуваа овој дел од патот. Засега не се знае дали потрагата на овој простор е прекината, а полицијата се преселила на нова локација недалеку од Бањско поле во потрага по телото, пишува Блиц. Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно соопшти дека се приведени две лица кои го признале убиството. Уапсени се работниците на јавното комунално претпријатие Водовод Срѓан Јанковиќ (50) од село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од селото Злот кај Бор. Со автомобилот налетале на Данка. Нејзиното тело наводно го оставиле на депонија. Потрагата по двегодишната Данка Илиќ која исчезна во Бањско поле кај Бор траеше десет дена.  

The post Приведен е и братот на еден од осомничените за убиството на Данка Илиќ appeared first on Република.

]]>
Во Шпанија уапсен еден од најбараните криминалци во Франција https://republika.mk/vesti/svet/vo-shpanija-uapsen-eden-od-najbaranite-kriminaltsi-vo-frantsija/ Sun, 25 Feb 2024 16:41:41 +0000 https://republika.mk/?p=748192

Французин за кој се верува дека е „главниот член на марсејскиот клан“, вклучен во шверц на дрога, е уапсен денеска во Шпанија, соопшти шпанската полиција, која го опиша како „еден од најбараните бегалци во Франција“.

Криминалецот, против кого е распишана европска потерница, е уапсен во бар на брегот јужно од Барселона, а идентификуван е како Жан-Ентони Блас, роден 1990 година“, се вели во соопштението на шпанската полиција.

Уапсениот е осуден на 10 години затвор во Франција за трговија со дрога, недозволено поседување оружје, дела против јавниот ред и безбедност и припадност во организирана криминална банда.

Тој избега за време на полициска операција против него во март 2023 година во Франција. За време на бегството користел четири различни идентитети.

Марсејскиот клан наводно шверцува канабис во Шпанија и поседува голем арсенал на воено оружје, се вели во соопштението на шпанската полиција.

The post Во Шпанија уапсен еден од најбараните криминалци во Франција appeared first on Република.

]]>

Французин за кој се верува дека е „главниот член на марсејскиот клан“, вклучен во шверц на дрога, е уапсен денеска во Шпанија, соопшти шпанската полиција, која го опиша како „еден од најбараните бегалци во Франција“.
Криминалецот, против кого е распишана европска потерница, е уапсен во бар на брегот јужно од Барселона, а идентификуван е како Жан-Ентони Блас, роден 1990 година“, се вели во соопштението на шпанската полиција.
Уапсениот е осуден на 10 години затвор во Франција за трговија со дрога, недозволено поседување оружје, дела против јавниот ред и безбедност и припадност во организирана криминална банда. Тој избега за време на полициска операција против него во март 2023 година во Франција. За време на бегството користел четири различни идентитети. Марсејскиот клан наводно шверцува канабис во Шпанија и поседува голем арсенал на воено оружје, се вели во соопштението на шпанската полиција.

The post Во Шпанија уапсен еден од најбараните криминалци во Франција appeared first on Република.

]]>
33-годишник од Црна Гора уапсен во центарот на Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/33-godishnik-od-tsrna-gora-uapsen-vo-tsentarot-na-skopje/ Fri, 19 Jan 2024 12:34:46 +0000 https://republika.mk/?p=734678

33-годишник од Црна Гора уапсен во центарот на Скопје.

На 18.01.2024 на ул.„Јадранска Магистрала“ во Скопје, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје го привеле А.А.(33) од Република Црна Гора затоа што при извршена контрола било констатирано дека немал регулиран престој во државата. Лицето било предадено на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка, информираа од МВР.

 

The post 33-годишник од Црна Гора уапсен во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>

33-годишник од Црна Гора уапсен во центарот на Скопје. На 18.01.2024 на ул.„Јадранска Магистрала“ во Скопје, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје го привеле А.А.(33) од Република Црна Гора затоа што при извршена контрола било констатирано дека немал регулиран престој во државата. Лицето било предадено на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка, информираа од МВР.  

The post 33-годишник од Црна Гора уапсен во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>
Уапсен демначот на Шакира https://republika.mk/scena/muzika/uapsen-demnachot-na-shakira/ Thu, 11 Jan 2024 13:53:56 +0000 https://republika.mk/?p=731979

Осомничениот демнач кој тврди дека Шакира е „неговата сопруга“ беше уапсен пред нејзиниот дом во Мајами, откако наводно и испратил подароци, вклучувајќи вино, чоколади и играчки.

Даниел Џон Валтиер беше приведен во понеделникот и обвинет за следење, според извештајот за апсење.

Според „Дејли Мејл“, 56-годишникот од Ел Пасо, Тексас, наводно споделил повеќе објави на социјалните мрежи за Шакира, кои нејзиниот тим за безбедност ги предал на властите на 3 јануари. Тој се појавил пред куќата на пејачката само пет дена подоцна, со такси, во 12 часот и 45 минути, а набрзо бил уапсен. На Валтиер му беше одреден притвор и се појави на суд во вторникот, каде рече дека не може да ја исполни наредбата да се држи подалеку од колумбиската пејачка.

„Таа е моја сопруга“, му рекол тој на судијата, истакнувајќи дека „постојано разговара со неа“.

Инаку, не е јасно дали Шакира била во куќата кога осомничениот пристигнал и брзо бил приведен.

 

The post Уапсен демначот на Шакира appeared first on Република.

]]>

Осомничениот демнач кој тврди дека Шакира е „неговата сопруга“ беше уапсен пред нејзиниот дом во Мајами, откако наводно и испратил подароци, вклучувајќи вино, чоколади и играчки. Даниел Џон Валтиер беше приведен во понеделникот и обвинет за следење, според извештајот за апсење. Според „Дејли Мејл“, 56-годишникот од Ел Пасо, Тексас, наводно споделил повеќе објави на социјалните мрежи за Шакира, кои нејзиниот тим за безбедност ги предал на властите на 3 јануари. Тој се појавил пред куќата на пејачката само пет дена подоцна, со такси, во 12 часот и 45 минути, а набрзо бил уапсен. На Валтиер му беше одреден притвор и се појави на суд во вторникот, каде рече дека не може да ја исполни наредбата да се држи подалеку од колумбиската пејачка. „Таа е моја сопруга“, му рекол тој на судијата, истакнувајќи дека „постојано разговара со неа“. Инаку, не е јасно дали Шакира била во куќата кога осомничениот пристигнал и брзо бил приведен.  

The post Уапсен демначот на Шакира appeared first on Република.

]]>
Уапсен петиот осомничен за планирање напад на катедралата во Келн https://republika.mk/vesti/svet/uapsen-petiot-osomnichen-za-planirane-napad-na-katedralata-vo-keln/ Tue, 02 Jan 2024 13:29:38 +0000 https://republika.mk/?p=729018

Германските власти денеска објавија дека уапсиле уште еден осомничен во врска со наводната закана за напад на познатата катедрала во Келн за време на празниците, со што вкупниот број на приведени во врска со случајот се искачи на пет.

Најновиот осомничен, 41-годишен Германец со турско потекло, беше приведен во синоќа во западниот град Бохум во покраината Северна Рајна-Вестфалија.

Полицијата вчера наутро приведе три лица, а минатата недела еден осомничен маж и сите уапсени наводно припаѓаат на поголема исламска екстремистичка мрежа.

Четворица осомничени беа приведени во различни градови низ Северна Рајна-Вестфалија, а лицето кое беше уапсено минатата недела беше идентификувано како 30-годишен Таџикистанец.

Според локалните медиуми, постоело сомневање дека нападот би можел да биде извршен на новогодишната ноќ со автомобил со експлозив, а надлежните поради ризикот, ги зајакнале безбедносните мерки во Келн.

 

The post Уапсен петиот осомничен за планирање напад на катедралата во Келн appeared first on Република.

]]>

Германските власти денеска објавија дека уапсиле уште еден осомничен во врска со наводната закана за напад на познатата катедрала во Келн за време на празниците, со што вкупниот број на приведени во врска со случајот се искачи на пет. Најновиот осомничен, 41-годишен Германец со турско потекло, беше приведен во синоќа во западниот град Бохум во покраината Северна Рајна-Вестфалија. Полицијата вчера наутро приведе три лица, а минатата недела еден осомничен маж и сите уапсени наводно припаѓаат на поголема исламска екстремистичка мрежа. Четворица осомничени беа приведени во различни градови низ Северна Рајна-Вестфалија, а лицето кое беше уапсено минатата недела беше идентификувано како 30-годишен Таџикистанец. Според локалните медиуми, постоело сомневање дека нападот би можел да биде извршен на новогодишната ноќ со автомобил со експлозив, а надлежните поради ризикот, ги зајакнале безбедносните мерки во Келн.  

The post Уапсен петиот осомничен за планирање напад на катедралата во Келн appeared first on Република.

]]>
Германец со турско потекло: Уапсен петтиот осомничен за планирање напад на катедралата во Келн https://republika.mk/vesti/svet/germanets-so-tursko-poteklo-uapsen-pettiot-osomnichen-za-planirane-napad-na-katedralata-vo-keln/ Mon, 01 Jan 2024 19:17:08 +0000 https://republika.mk/?p=728753

Германските власти објавија дека уапсиле уште еден осомничен во врска со наводната закана за напад на познатата катедрала во Келн за време на празниците, со што вкупниот број на приведени во врска со случајот се искачи на пет.

Најновиот осомничен, 41-годишен Германец со турско потекло, e приведен во западниот град Бохум во покраината Cеверна Рајна-Вестфалија.

Полицијата вчера наутро приведе три лица, а минатата недела еден осомничен. Сите уапсени наводно припаѓаат на поголема исламска екстремистичка мрежа.

Четворица осомничени биле приведени во различни градови низ Cеверна Рајна-Вестфалија, а лицето кое беше уапсено минатата недела беше идентификувано како 30-годишен Таџикистанец.

Според локалните медиуми, постоело сомневање дека нападот би можел да биде извршен на новогодишната ноќ со автомобил со експлозив, а надлежните поради ризикот, ги зајакнале безбедносните мерки во Келн.

The post Германец со турско потекло: Уапсен петтиот осомничен за планирање напад на катедралата во Келн appeared first on Република.

]]>

Германските власти објавија дека уапсиле уште еден осомничен во врска со наводната закана за напад на познатата катедрала во Келн за време на празниците, со што вкупниот број на приведени во врска со случајот се искачи на пет. Најновиот осомничен, 41-годишен Германец со турско потекло, e приведен во западниот град Бохум во покраината Cеверна Рајна-Вестфалија. Полицијата вчера наутро приведе три лица, а минатата недела еден осомничен. Сите уапсени наводно припаѓаат на поголема исламска екстремистичка мрежа. Четворица осомничени биле приведени во различни градови низ Cеверна Рајна-Вестфалија, а лицето кое беше уапсено минатата недела беше идентификувано како 30-годишен Таџикистанец. Според локалните медиуми, постоело сомневање дека нападот би можел да биде извршен на новогодишната ноќ со автомобил со експлозив, а надлежните поради ризикот, ги зајакнале безбедносните мерки во Келн.

The post Германец со турско потекло: Уапсен петтиот осомничен за планирање напад на катедралата во Келн appeared first on Република.

]]>
Уапсен 27-годишник кој го призна убиството во Крива Паланка https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-27-godishnik-koj-go-prizna-ubistvoto-vo-kriva-palanka/ Wed, 06 Dec 2023 13:58:55 +0000 https://republika.mk/?p=720381

Вчера од страна на Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за општ и насилен криминал, во содејство со СВР Куманово - ОВР Крива Паланка, лишен е од слобода С.Д.(27) од Крива Паланка, кој се сомничи дека сторил кривично дело „убиство“ врз М.Д.(76) од Крива Паланка, предвидено и казниво по чл.123 од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР.

На 21.11.2023, по извршена обдукција на телото на М.Д., кој бил пронајден починат во својот дом на 20.11.2023, во Институт за судска медицина и криминалистика Скопје било констатирано дека станува збор за насилна смрт, по што веднаш се преземени комплексни оперативно-тактички мерки и активности за расчистување на случајот. Притоа, извршени се претреси во дом и други простории, разговори со повеќе лица, обезбедени се материјални докази, а осомничениот е пронајден и приведен во полициска станица, каде во службен разговор тој во целост го појаснил извршеното тешко кривично дело.

За случајот сочинета е кривична пријава по брза постапка, која е доставена до ОЈО Куманово и С.Д. е изведен пред Основен суд Куманово.

The post Уапсен 27-годишник кој го призна убиството во Крива Паланка appeared first on Република.

]]>

Вчера од страна на Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за општ и насилен криминал, во содејство со СВР Куманово - ОВР Крива Паланка, лишен е од слобода С.Д.(27) од Крива Паланка, кој се сомничи дека сторил кривично дело „убиство“ врз М.Д.(76) од Крива Паланка, предвидено и казниво по чл.123 од Кривичниот законик, соопшти денеска МВР.
На 21.11.2023, по извршена обдукција на телото на М.Д., кој бил пронајден починат во својот дом на 20.11.2023, во Институт за судска медицина и криминалистика Скопје било констатирано дека станува збор за насилна смрт, по што веднаш се преземени комплексни оперативно-тактички мерки и активности за расчистување на случајот. Притоа, извршени се претреси во дом и други простории, разговори со повеќе лица, обезбедени се материјални докази, а осомничениот е пронајден и приведен во полициска станица, каде во службен разговор тој во целост го појаснил извршеното тешко кривично дело.
За случајот сочинета е кривична пријава по брза постапка, која е доставена до ОЈО Куманово и С.Д. е изведен пред Основен суд Куманово.

The post Уапсен 27-годишник кој го призна убиството во Крива Паланка appeared first on Република.

]]>
Припадник на ИСИС уапсен во Сараево https://republika.mk/vesti/balkan/pripadnik-na-isis-uapsen-vo-saraevo/ Sat, 18 Nov 2023 15:03:42 +0000 https://republika.mk/?p=702931

Денеска на аеродромот во Сараево е уапсен маж осомничен за тероризам, потврди Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) без да го открие неговиот идентитет, но медиумите јавуваат дека станува збор за Аднан Ќатиќ, кој претходно се борел во редовите на терористичка организација Исламска држава (ИСИС).

Од СИПА наведуваат дека апсењето е извршено во соработка со Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина (ОСА), поради сомнение за сторени кривични дела организирање терористичка група и незаконско формирање и приклучување кон странски паравоени или параполициски организации.

Порталот Дневни аваза објави дека станува збор за Ќатиќ, поранешен припадник на радикалната исламистичка заедница чиј штаб бил во Горња Маоча кај Брчко.

Тие наведуваат дека бил припадник на ИСИЛ, односно дека се борел во редовите на исламистичките терористи во Сирија. По поразот на ИСИЛ, тој успеал да побегне од таа земја во Турција, а во саботата од Истанбул полетал за Сараево, каде бил уапсен.

Ќатиќ заминал во Сирија во 2013 година, исто така со лет од Сараево преку Истанбул.

По кривичната постапка од страна на полицијата, тој ќе биде предаден на Обвинителството на БиХ и ќе се соочи со обвинение, односно судење за тероризам. Досега пред Судот на Босна и Херцеговина за вакви кривични дела се осудени 28 лица.

Властите во Босна и Херцеговина собрале податоци според кои меѓу 250 и 300 луѓе заминале во Сирија и Ирак меѓу 2012 и 2016 година и им се приклучиле на тамошните исламистички терористички организации.

По поразот на ИСИЛ, досега во земјата се вратиле 62 возрасни и 22 деца.

 

The post Припадник на ИСИС уапсен во Сараево appeared first on Република.

]]>

Денеска на аеродромот во Сараево е уапсен маж осомничен за тероризам, потврди Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) без да го открие неговиот идентитет, но медиумите јавуваат дека станува збор за Аднан Ќатиќ, кој претходно се борел во редовите на терористичка организација Исламска држава (ИСИС). Од СИПА наведуваат дека апсењето е извршено во соработка со Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина (ОСА), поради сомнение за сторени кривични дела организирање терористичка група и незаконско формирање и приклучување кон странски паравоени или параполициски организации. Порталот Дневни аваза објави дека станува збор за Ќатиќ, поранешен припадник на радикалната исламистичка заедница чиј штаб бил во Горња Маоча кај Брчко. Тие наведуваат дека бил припадник на ИСИЛ, односно дека се борел во редовите на исламистичките терористи во Сирија. По поразот на ИСИЛ, тој успеал да побегне од таа земја во Турција, а во саботата од Истанбул полетал за Сараево, каде бил уапсен. Ќатиќ заминал во Сирија во 2013 година, исто така со лет од Сараево преку Истанбул. По кривичната постапка од страна на полицијата, тој ќе биде предаден на Обвинителството на БиХ и ќе се соочи со обвинение, односно судење за тероризам. Досега пред Судот на Босна и Херцеговина за вакви кривични дела се осудени 28 лица. Властите во Босна и Херцеговина собрале податоци според кои меѓу 250 и 300 луѓе заминале во Сирија и Ирак меѓу 2012 и 2016 година и им се приклучиле на тамошните исламистички терористички организации. По поразот на ИСИЛ, досега во земјата се вратиле 62 возрасни и 22 деца.  

The post Припадник на ИСИС уапсен во Сараево appeared first on Република.

]]>