туширање Archives - Република https://republika.mk/tema/tushiranje/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Sep 2023 20:35:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png туширање Archives - Република https://republika.mk/tema/tushiranje/ 32 32 Облечена во бикини се истушира на бензиска во Хрватска https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/oblechena-vo-bikini-se-istushira-na-benziska-vo-hrvatska/ Thu, 07 Sep 2023 20:35:22 +0000 https://republika.mk/?p=679816

Жена реши да се истушира на бензиска станица, а видеото од нејзиното капење заврши на социјалните мрежи кружи. Според информациите кои се објавени необичното туширање се случува ​​на бензинска пумпа во Каштела во близина на Сплит на хрватското приморје.

Кралицата се снајде, па дури и не се брзаше, гласи еден од коментарите на видеото на кое се гледа жена облечена во бикини, која веројатно се враќа од плажа.

„Нема понатаму“, „Мислам дека тетката ќе потроши 15 литри јогурт кога ќе дојде дома“,„Смени го дилерот“, „Не ми текна на тоа“, „Кралица “,„Важно е што најде туш“, напишаа луѓето под објавата која насмеа многумина.

The post Облечена во бикини се истушира на бензиска во Хрватска appeared first on Република.

]]>

Мерки за штедење во Финска: Помалку да се користи сауна, да го намалат греењето и пократко да се тушираат https://republika.mk/vesti/svet/merki-za-shtedenje-vo-finska-pomalku-da-se-koristi-sauna-da-go-namalat-greenjeto-i-pokratko-da-se-tushiraat/ Mon, 29 Aug 2022 12:34:39 +0000 https://republika.mk/?p=545284

Националната кампања во Финска, чија цел е заштеда на енергија, вклучува повик до Финците да користат помалку сауни, а покрај тоа и да го намалат греењето за еден степен Целзиусов и да се тушираат пократко.

Кампањата наречена „еден степен помалку“ треба да започне на 10 октомври, изјави за AFP Кети Лааксо, портпаролка на државната агенција за промоција на одржлива енергија (Морива). Сауните уживаат култен статус во Финска, а ги има околу три милиони на 5,5 милиони жители.

Луѓето навистина немаат потреба да одат во сауна секој ден, можеби еднаш неделно би било доволно“, вели Лааксо. Во кампањата Финците ќе бидат охрабрени и да престанат да ги загреваат своите гаражи.

Ова се само можности. Се надеваме дека луѓето ќе разберат дека ни претстои тешка зима и доброволно ќе ги следат советите, изјави Кети Лааксо.

Тоа е првпат по нафтената криза во 1970-тите, во Финска да се започне национална кампања за заштеда на енергија.

The post Мерки за штедење во Финска: Помалку да се користи сауна, да го намалат греењето и пократко да се тушираат appeared first on Република.

]]>

Националната кампања во Финска, чија цел е заштеда на енергија, вклучува повик до Финците да користат помалку сауни, а покрај тоа и да го намалат греењето за еден степен Целзиусов и да се тушираат пократко. Кампањата наречена „еден степен помалку“ треба да започне на 10 октомври, изјави за AFP Кети Лааксо, портпаролка на државната агенција за промоција на одржлива енергија (Морива). Сауните уживаат култен статус во Финска, а ги има околу три милиони на 5,5 милиони жители.
Луѓето навистина немаат потреба да одат во сауна секој ден, можеби еднаш неделно би било доволно“, вели Лааксо. Во кампањата Финците ќе бидат охрабрени и да престанат да ги загреваат своите гаражи. Ова се само можности. Се надеваме дека луѓето ќе разберат дека ни претстои тешка зима и доброволно ќе ги следат советите, изјави Кети Лааксо.
Тоа е првпат по нафтената криза во 1970-тите, во Финска да се започне национална кампања за заштеда на енергија.  

The post Мерки за штедење во Финска: Помалку да се користи сауна, да го намалат греењето и пократко да се тушираат appeared first on Република.

]]>
Повеќето Германци се тушираат пократко и поретко, за да штедат енергија https://republika.mk/vesti/svet/povekjeto-germanci-se-tushiraat-pokratko-i-poretko-za-da-shtedat-energija/ Thu, 21 Jul 2022 12:12:37 +0000 https://republika.mk/?p=531826

Апелите на германската Влада, пред се на министерот за економија Роберт Хабек, граѓаните да штедат енергија со помалку туширање вродија со плод, покажа истражувањето на институтот ИНСА.

Ова барање доведе 62 отсто од Германците да се тушираат пократко и поретко отколку пред само неколку недели.

Од друга страна, 35 отсто тврдат дека не ги промениле навиките за туширање.

Поддржувачите на партијата Зелени, 33 отсто, почесто од другите гласачи велат дека таа го намалила времетраењето и зачестеноста на туширањето.

А, Германците со помали примања почесто изјавуваа дека на овој начин штедат енергија.

Речиси секој втор Германец, 45 отсто, има преземено и мерки на претпазливост за студената зима, односно имаат намера тоа да го направат наскоро, на пример, преку набавка на генератори за струја и слично.

Интересно е и тоа што 44 отсто од граѓаните најавија дека сакаат и ќе учествуваат на евентуалните демонстрации против високите цени на енергенсите.

The post Повеќето Германци се тушираат пократко и поретко, за да штедат енергија appeared first on Република.

]]>

Апелите на германската Влада, пред се на министерот за економија Роберт Хабек, граѓаните да штедат енергија со помалку туширање вродија со плод, покажа истражувањето на институтот ИНСА. Ова барање доведе 62 отсто од Германците да се тушираат пократко и поретко отколку пред само неколку недели. Од друга страна, 35 отсто тврдат дека не ги промениле навиките за туширање. Поддржувачите на партијата Зелени, 33 отсто, почесто од другите гласачи велат дека таа го намалила времетраењето и зачестеноста на туширањето. А, Германците со помали примања почесто изјавуваа дека на овој начин штедат енергија. Речиси секој втор Германец, 45 отсто, има преземено и мерки на претпазливост за студената зима, односно имаат намера тоа да го направат наскоро, на пример, преку набавка на генератори за струја и слично. Интересно е и тоа што 44 отсто од граѓаните најавија дека сакаат и ќе учествуваат на евентуалните демонстрации против високите цени на енергенсите.

The post Повеќето Германци се тушираат пократко и поретко, за да штедат енергија appeared first on Република.

]]>
Австрија официјално им препорача на граѓаните: Заборавете на кадата, користете го тушот, за да заштедиме енергија https://republika.mk/vesti/svet/avstrija-oficijalno-im-preporacha-na-gragjanite-zaboravete-na-kadata-koristete-go-tushot-za-da-zashtedime-energija/ Wed, 13 Jul 2022 09:13:28 +0000 https://republika.mk/?p=527936

Австриското министерство за енергетика официјално објави препораки до граѓаните како да заштедат енергија.

Руската агресија на Украина нè носи пред нови предизвици. Поболно од кога и да е, ја чувствуваме долгогодишната зависност од рускиот гас и тоа не само по паричниците. За тоа да се промени, потребно е, од една страна да ги прошириме изворите на обновлива енергија, а истовремено и секој да го даде својот придонес во штедење на енергија. Само мали промени во секојдневието може да донесат големи разлики и да се помогне во штедењето - велат од Министерството.

Една од препорачаните мерки за штедење енергија е граѓаните да се тушираат, а не да се капат

За полна када потребно е 80 до 150 литри топла вода, а со туширање се троши само 20 до 50 литри. Со тоа, туширањето штеди многу енергија - наведуваат од Министерството.

Истовремено, се препорачува електронските уреди да се исклучуваат односно да не бидат оставени на стендбај.

The post Австрија официјално им препорача на граѓаните: Заборавете на кадата, користете го тушот, за да заштедиме енергија appeared first on Република.

Намалете со туширањето: Германски медиуми со совет до граѓаните како да се намали зависноста од рускиот гас https://republika.mk/vesti/svet/namalete-so-tushiranjeto-germanski-mediumi-so-sovet-do-gragjanite-kako-da-se-namali-zavisnosta-od-ruskiot-gas/ Tue, 19 Apr 2022 08:43:46 +0000 https://republika.mk/?p=490370

Прескокнете го туширањето и подобрете го микробиомот на кожата, е заклучокот од најновиот напис што во саботата го објави германскиот весник „Билд“.

Весникот, кој со својот текст се обидува да ги промовира наводните здравствени придобивки од помалку туширање, доаѓа во време кога земјата разговара за можноста за целосно ембарго на целиот руски увоз на енергија.

Со наслов „Само измијте ги ОВИЕ четири делови од телото – Зошто кожата се чисти ако вие тоа го дозволите“, написот почнува со цитирање на неодамнешниот совет на германскиот министер за економија Роберт Хабек, кој ги повика своите сонародници да го намалат греењето, посетите на сауни и туширањето со цел да и помогнат на земјата да ја намали зависноста од руската енергија.

Оваа „жртва“ поврзана со хигиената не само што може да му го отежне животот на Кремљ, туку и да ја подобри кожата на луѓето, тврди Билд.

Новинарите се консултирале со дерматологот Јаел Адлер за да направат приказна за помалку туширање.

Во написот се објаснува дека постојат одредени видови бактерии кои ја населуваат кожата, кои иако се корисни, најчесто ги има во мали количини. Меѓутоа, доколку некое лице им даде „шанса да се размножуваат“ на овие микроорганизми со откажување од редовното туширање, добрите бактерии ќе го заштитат својот домаќин од егзема и, згора на тоа, ќе консумираат супстанции одговорни за мирисот на телото, тврди „Билд“.

Дерматологот тврди дека „по три недели мирисите исчезнуваат и кожата почнува еден вид процес на самочистење“. Д-р Адлер истакнува дека „овие добри бактерии имаат шанса само ако кожата мирува најмалку три недели“ од туширањето.

The post Намалете со туширањето: Германски медиуми со совет до граѓаните како да се намали зависноста од рускиот гас appeared first on Република.

]]>

Прескокнете го туширањето и подобрете го микробиомот на кожата, е заклучокот од најновиот напис што во саботата го објави германскиот весник „Билд“. Весникот, кој со својот текст се обидува да ги промовира наводните здравствени придобивки од помалку туширање, доаѓа во време кога земјата разговара за можноста за целосно ембарго на целиот руски увоз на енергија. Со наслов „Само измијте ги ОВИЕ четири делови од телото – Зошто кожата се чисти ако вие тоа го дозволите“, написот почнува со цитирање на неодамнешниот совет на германскиот министер за економија Роберт Хабек, кој ги повика своите сонародници да го намалат греењето, посетите на сауни и туширањето со цел да и помогнат на земјата да ја намали зависноста од руската енергија. Оваа „жртва“ поврзана со хигиената не само што може да му го отежне животот на Кремљ, туку и да ја подобри кожата на луѓето, тврди Билд. Новинарите се консултирале со дерматологот Јаел Адлер за да направат приказна за помалку туширање. Во написот се објаснува дека постојат одредени видови бактерии кои ја населуваат кожата, кои иако се корисни, најчесто ги има во мали количини. Меѓутоа, доколку некое лице им даде „шанса да се размножуваат“ на овие микроорганизми со откажување од редовното туширање, добрите бактерии ќе го заштитат својот домаќин од егзема и, згора на тоа, ќе консумираат супстанции одговорни за мирисот на телото, тврди „Билд“. Дерматологот тврди дека „по три недели мирисите исчезнуваат и кожата почнува еден вид процес на самочистење“. Д-р Адлер истакнува дека „овие добри бактерии имаат шанса само ако кожата мирува најмалку три недели“ од туширањето.

The post Намалете со туширањето: Германски медиуми со совет до граѓаните како да се намали зависноста од рускиот гас appeared first on Република.

]]>