Прескокнете го туширањето и подобрете го микробиомот на кожата, е заклучокот од најновиот напис што во саботата го објави германскиот весник „Билд“.

Весникот, кој со својот текст се обидува да ги промовира наводните здравствени придобивки од помалку туширање, доаѓа во време кога земјата разговара за можноста за целосно ембарго на целиот руски увоз на енергија.

Со наслов „Само измијте ги ОВИЕ четири делови од телото – Зошто кожата се чисти ако вие тоа го дозволите“, написот почнува со цитирање на неодамнешниот совет на германскиот министер за економија Роберт Хабек, кој ги повика своите сонародници да го намалат греењето, посетите на сауни и туширањето со цел да и помогнат на земјата да ја намали зависноста од руската енергија.

Оваа „жртва“ поврзана со хигиената не само што може да му го отежне животот на Кремљ, туку и да ја подобри кожата на луѓето, тврди Билд.

Новинарите се консултирале со дерматологот Јаел Адлер за да направат приказна за помалку туширање.

Во написот се објаснува дека постојат одредени видови бактерии кои ја населуваат кожата, кои иако се корисни, најчесто ги има во мали количини. Меѓутоа, доколку некое лице им даде „шанса да се размножуваат“ на овие микроорганизми со откажување од редовното туширање, добрите бактерии ќе го заштитат својот домаќин од егзема и, згора на тоа, ќе консумираат супстанции одговорни за мирисот на телото, тврди „Билд“.

Дерматологот тврди дека „по три недели мирисите исчезнуваат и кожата почнува еден вид процес на самочистење“. Д-р Адлер истакнува дека „овие добри бактерии имаат шанса само ако кожата мирува најмалку три недели“ од туширањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.