туризам Archives - Република https://republika.mk/tema/turizam/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Oct 2024 08:10:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png туризам Archives - Република https://republika.mk/tema/turizam/ 32 32 Мнозинството Грци сметаат дека „сигурно“ или „веројатно“ постои прекумерен туризам во земјата https://republika.mk/vesti/balkan/mnozinstvoto-grtsi-smetaat-deka-sigurno-ili-verojatno-postoi-prekumeren-turizam-vo-zemjata/ Wed, 16 Oct 2024 08:10:14 +0000 https://republika.mk/?p=827417

Речиси седум од десет Грци, односно 67 отсто сметаа дека „сигурно“ или „веројатно“ во земјата постои прекумерен туризам, согласно истражувањето на јавното мислење презентирано на конференцијата за туризам „Reimagine Tourism in Greece“ организирана од весникот „Катимерини“, додека пак грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис посочува дека „Грција нема проблем со прекумерен туризам“, јави дописничката на МИА од Атина.

На прашањето „Дали постои прекумерен туризам во Грција“, 29 отсто од анкетираните одговориле „сигурно“, 38 проценти рекле „веројатно да“, 20 отсто сметаат дека „веројатно не“, а само шест проценти се сигурни дека „не постои“.

Мицотакис, за време на учеството на панел дискусија на конференцијата објасни дека Грција нема проблем со прекумерен туризам, туку „се соочува со проблеми со голема концентрација на туристи на конкретни, мал број дестинации, неколку месеци во годината“.

Но, проблем со прекумерен туризам, онака како што е дефиниран како системски проблем кој веќе предизвикува реакции кај локалните заедници, во Грција не постои. И не треба да постои во иднина, рече Мицотакис.

Додаде дека она што е важно е во иднина како ќе управуваат со туристичките бранови, „за да не се соочиме со овој проблем“.

Навистина, на некои острови во Егејското Море, некои месеци од годината, почнуваме да имаме проблем каде погодена е инфраструктурата на островите. Кога би имале подобра инфраструктура, теоретски би можеле да пречекаме повеќе туристи. Според мене, не постои апсолутен број, апсолутна граница над која не можеме да одиме. Ова, во голема мера зависи од способноста на нашите острови да управуваат со туристичките бранови во однос на отпадот, во однос на водата, во однос на сообраќајот што може да се создаде на патиштата. Значи, теоретски, ако подобриме дел од нашата инфраструктура, би можеле да примиме повеќе посетители, објасни Мицотакис.

Посочи дека прашањето е дали сакаат повеќе туристи или во основа сакаат туристи кои ќе можат да трошат повеќе пари во земјата и дали мерило за успешноста на една туристичка година е апсолутниот број на пристигнувања или се приходите.

Целта се приходите. Па така, повеќе ме интересира да имаме рекорд во приходите, што очигледно, во голема мера е поврзано и со бројот на пристигнувања, но она што првенствено го гледам е вкупниот придонес на туризмот во однос на динамиката на развојот на земјата, а во исто време и трошењето по глава на жител на посетителите, што секако зависи од цените што ги наплаќаме, објасни грчкиот премиер.

Во истражувањето на јавното мислење во кое биле анкетирани 1.149 лица во периодот од 13 до 16 септември, на прашањето колку е важен туризмот во земјата 86 отсто одговориле „многу“ или „доста“, а 54 проценти преферираат „помалку туристи со подобра финансиска ситуација“

The post Мнозинството Грци сметаат дека „сигурно“ или „веројатно“ постои прекумерен туризам во земјата appeared first on Република.

]]>

Речиси седум од десет Грци, односно 67 отсто сметаа дека „сигурно“ или „веројатно“ во земјата постои прекумерен туризам, согласно истражувањето на јавното мислење презентирано на конференцијата за туризам „Reimagine Tourism in Greece“ организирана од весникот „Катимерини“, додека пак грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис посочува дека „Грција нема проблем со прекумерен туризам“, јави дописничката на МИА од Атина. На прашањето „Дали постои прекумерен туризам во Грција“, 29 отсто од анкетираните одговориле „сигурно“, 38 проценти рекле „веројатно да“, 20 отсто сметаат дека „веројатно не“, а само шест проценти се сигурни дека „не постои“. Мицотакис, за време на учеството на панел дискусија на конференцијата објасни дека Грција нема проблем со прекумерен туризам, туку „се соочува со проблеми со голема концентрација на туристи на конкретни, мал број дестинации, неколку месеци во годината“. Но, проблем со прекумерен туризам, онака како што е дефиниран како системски проблем кој веќе предизвикува реакции кај локалните заедници, во Грција не постои. И не треба да постои во иднина, рече Мицотакис. Додаде дека она што е важно е во иднина како ќе управуваат со туристичките бранови, „за да не се соочиме со овој проблем“. Навистина, на некои острови во Егејското Море, некои месеци од годината, почнуваме да имаме проблем каде погодена е инфраструктурата на островите. Кога би имале подобра инфраструктура, теоретски би можеле да пречекаме повеќе туристи. Според мене, не постои апсолутен број, апсолутна граница над која не можеме да одиме. Ова, во голема мера зависи од способноста на нашите острови да управуваат со туристичките бранови во однос на отпадот, во однос на водата, во однос на сообраќајот што може да се создаде на патиштата. Значи, теоретски, ако подобриме дел од нашата инфраструктура, би можеле да примиме повеќе посетители, објасни Мицотакис. Посочи дека прашањето е дали сакаат повеќе туристи или во основа сакаат туристи кои ќе можат да трошат повеќе пари во земјата и дали мерило за успешноста на една туристичка година е апсолутниот број на пристигнувања или се приходите. Целта се приходите. Па така, повеќе ме интересира да имаме рекорд во приходите, што очигледно, во голема мера е поврзано и со бројот на пристигнувања, но она што првенствено го гледам е вкупниот придонес на туризмот во однос на динамиката на развојот на земјата, а во исто време и трошењето по глава на жител на посетителите, што секако зависи од цените што ги наплаќаме, објасни грчкиот премиер. Во истражувањето на јавното мислење во кое биле анкетирани 1.149 лица во периодот од 13 до 16 септември, на прашањето колку е важен туризмот во земјата 86 отсто одговориле „многу“ или „доста“, а 54 проценти преферираат „помалку туристи со подобра финансиска ситуација“

The post Мнозинството Грци сметаат дека „сигурно“ или „веројатно“ постои прекумерен туризам во земјата appeared first on Република.

]]>
Во првите седум месеци од годинава зголемен бројот на туристите кои ја посетиле земјава https://republika.mk/vesti/ekonomija/vo-prvite-sedum-mesetsi-od-godinava-zgolemen-brojot-na-turistite-koi-ja-posetile-zemjava/ Wed, 02 Oct 2024 18:55:36 +0000 https://republika.mk/?p=821911

Во периодот од јануари до јули годинава во споредба со истиот период лани имаме зголемување за 7,8 отсто на бројот на туристи, а зголемувањето кај странските туристи е за 9,7 отсто повеќе.

Тоа значи зголемување на девизниот прилив од туризмот и неговото учество во БДП, рече директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Билјана Стефаноска во одговор на новинарско прашање на МИА на прес конференција по посетата на Хидротермалниот медицински центар „Цар Самуил – Бања Банско“, Струмица.

Според Стефаноска, растот на бројките не значи и развој, бидејќи развојот стагнира, па дури е и уназаден.

Државата треба посветено да работи, да инвестира и најважно е создавање на национална стратегија за туризам, во која би влегле стратегијата за рурален туризам, бањски туризам, за транзитен, културен и сите други алтернативни форми на туризам, додаде Стефаноска.

The post Во првите седум месеци од годинава зголемен бројот на туристите кои ја посетиле земјава appeared first on Република.

Наместо два останале 12 дена во Македонија: Брачен пар со три деца од Литванија воодушевени од македонските убавини https://republika.mk/vesti/makedonija/namesto-dva-ostanale-12-dena-vo-makedonija-brachen-par-so-tri-detsa-od-litvanija-voodusheveni-od-makedonskite-ubavini/ Sun, 22 Sep 2024 07:34:51 +0000 https://republika.mk/?p=818615

Брачен пар од Литванија со своите три деца воодушевени од убавините на земјава годинава наместо првично планираните ден-два останале 12 дена. За македонските природни убавини се информирале од интернет и од нивни блиски роднини кои ја посетиле државава.

Манта и Маркос, кои беа во посета на Винскиот музеј во Кавадарци, велат дека се вооодушевени од македонските убавини. Заедно со трите деца ги разгледуваа експонатите во Музејот и внимателно слушаа за винската приказна на регионот, љубопитно распрашувајќи се и сакајќи да откријат што е можно повеќе за земјата.

Сакаме природа, вкусна храна и добро вино. На почетокот, кога размислувавме за тоа каде да одиме на одмор, разгледувавме и други опции. Но, кога на интернет видовме какви се македонските природни убавини и кои се другите можности вклучени во туристичката понуда, интересни работи и места, сфативме дека македонските убавини заслужуваат да бидат видени. Така одлучивме и го направивме нашиот избор и не згрешивме. Освен убавините со кои располага земјата, многу голем впечаток ни оставија и луѓето кои се пријателски расположени, велат тие во изјава за МИА.

Нивната посета на земјава ги вклучила Скопје, Охрид, Маврово и Тиквешијата како срцето на лозаровинарството.

За Винскиот музеј дознавме преку интернет и решивме да го посетиме. Самите си ги организираме посетите. Всушност и ние не планиравме да останеме толку долго овде. Првично мислевме на ден или два, ама многу ни се допадна, па решивме да останеме повеќе од предвиденото. Така отпадна првичниот план, по неколку дена од одморот да поминеме и во Албанија и Хрватска, на море, велат тие.

Тие откриваат дека им се допаднало македонското вино, нагласувајќи дека за овој период од годината најмногу им одговара белото и розе вино.

Нивни домаќин во Винскиот музеј беше музејскиот работник Зоран Станоев - Дејзи кој им раскажуваше за историјата, традицијата и културата на лозаровинарството во Тиквешијата како најголем лозаровинарски регион.

Нивните деца внимателно слушаа за тоа како некогаш се обработувала земјата, како се раѓа грозјето, кои производи може да се добијат од гроздовите зрна. Тие како да сакаа сликите од овој годишен одмор трајно да се врежат во нивните спомени и со задоволство да се сеќаваат на нив, дури и кога ќе пораснат. За да можат да раскажуваат.

The post Наместо два останале 12 дена во Македонија: Брачен пар со три деца од Литванија воодушевени од македонските убавини appeared first on Република.

]]>

Брачен пар од Литванија со своите три деца воодушевени од убавините на земјава годинава наместо првично планираните ден-два останале 12 дена. За македонските природни убавини се информирале од интернет и од нивни блиски роднини кои ја посетиле државава. Манта и Маркос, кои беа во посета на Винскиот музеј во Кавадарци, велат дека се вооодушевени од македонските убавини. Заедно со трите деца ги разгледуваа експонатите во Музејот и внимателно слушаа за винската приказна на регионот, љубопитно распрашувајќи се и сакајќи да откријат што е можно повеќе за земјата.
Сакаме природа, вкусна храна и добро вино. На почетокот, кога размислувавме за тоа каде да одиме на одмор, разгледувавме и други опции. Но, кога на интернет видовме какви се македонските природни убавини и кои се другите можности вклучени во туристичката понуда, интересни работи и места, сфативме дека македонските убавини заслужуваат да бидат видени. Така одлучивме и го направивме нашиот избор и не згрешивме. Освен убавините со кои располага земјата, многу голем впечаток ни оставија и луѓето кои се пријателски расположени, велат тие во изјава за МИА.
Нивната посета на земјава ги вклучила Скопје, Охрид, Маврово и Тиквешијата како срцето на лозаровинарството.
За Винскиот музеј дознавме преку интернет и решивме да го посетиме. Самите си ги организираме посетите. Всушност и ние не планиравме да останеме толку долго овде. Првично мислевме на ден или два, ама многу ни се допадна, па решивме да останеме повеќе од предвиденото. Така отпадна првичниот план, по неколку дена од одморот да поминеме и во Албанија и Хрватска, на море, велат тие.
Тие откриваат дека им се допаднало македонското вино, нагласувајќи дека за овој период од годината најмногу им одговара белото и розе вино. Нивни домаќин во Винскиот музеј беше музејскиот работник Зоран Станоев - Дејзи кој им раскажуваше за историјата, традицијата и културата на лозаровинарството во Тиквешијата како најголем лозаровинарски регион. Нивните деца внимателно слушаа за тоа како некогаш се обработувала земјата, како се раѓа грозјето, кои производи може да се добијат од гроздовите зрна. Тие како да сакаа сликите од овој годишен одмор трајно да се врежат во нивните спомени и со задоволство да се сеќаваат на нив, дури и кога ќе пораснат. За да можат да раскажуваат.

The post Наместо два останале 12 дена во Македонија: Брачен пар со три деца од Литванија воодушевени од македонските убавини appeared first on Република.

]]>
Ристовски: Ќе финансираме исклучиво талентирани идни олимпијци, а не олимписки туризам https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/ristovski-ke-finansirame-iskluchivo-talentirani-idni-olimpijtsi-a-ne-olimpiski-turizam/ Tue, 13 Aug 2024 12:32:24 +0000 https://republika.mk/?p=806178

Нема да финансираме олимписки туризам како што ни се случува во моментов, туку ќе ги форсираме најталентираните, ќе ги финансираме нивните програми, но ќе бараме и соодветни резултати. Комплетно ќе го смениме пристапот. Ќе направиме целосна анализа на сите потенцијални следни олимпијци и ќе се фокусираме на нив, најави денеска министерот за спорт Борко Ристовски.

Одговорајќи на новинарски прашања, Ристовски напомена дека за да се бараат резултати од нашите спортисти, мора најпрво да се обезбедат соодветни услови. Сепак, оцени, досегашните слаби олимписки резултати се последица на неправилното работење, независно од средствата кои биле на располагање и постоечките услови.

Имаме олимпијци во регионот како во Косово на пример, кои имаат двојно или многу повеќе резултати на олимпијадите. Значи, не се работело правилно, независно од средствата кои биле на располагање и постоечките услови. Со должна почит, не можеме да кажеме дека Косово е Германија, Франција или Италија во однос на условите, но поважен е начинот на кој се работело со олимпијците, истакна Ристовски.

Програмите на Министерството за спорт ќе бидат јавно достапни, напомена, а сите федерации и спортови што ќе влезат во четиригодишната стратегија ќе бидат целосно финансирани и за нивното развивање ќе бидат комплетно обезбедени условите. Дури тогаш ќе можеме да бараме резултати, се дотогаш можеме да се надеваме на поединечни блесоци, како Дарио, Милијана.

Ќе финансираме исклучиво талентирани идни олимпијци и програми кои ќе бидат строги и стриктни. Нема да финансираме олимписки туризам како што ни се случува во моментов, за жал, туку ќе бараме резултати од соодветните федерации кои ќе бидат означени како наш приоритет. Тоа е она што сакаме да го направиме во спортот, што сакаме да го постигнеме и нема да застанеме се додека не ги видиме вистинските дечиња, вистинските спортисти, вистинските професионалци на Олимпијада. Премногу е рано да е зборува за Олимпијадата, но не и за резултатите и за тоа кои млади категории сакаме да ги форсираме. Целта е да обезбедиме за Дарио и нему сличните подобри услови, за да може да го развиваат својот талент, а со тоа и резултати на Олимпијада. Апсолутно стоиме на тоа дека за да барате резултати, мора да има соодветни улови, најпрво мора да ги направиме тие улови на краток период, а потоа да финансираме програми и да бараме резултати. Но, тие што ќе добијат финансии од државата, а нема да ги исполнат резултатите, ќе бидат тргнати од листата и на нивно мето ќе дојдат други нови деца, нови спортисти, ито така талентирани, потенцира министерот.

Тој информира и дека веќе е во подготовка изградбата на повеќе атлетски стази низ државата, а ќе се почне од Гевгелија.

The post Ристовски: Ќе финансираме исклучиво талентирани идни олимпијци, а не олимписки туризам appeared first on Република.

]]>

Нема да финансираме олимписки туризам како што ни се случува во моментов, туку ќе ги форсираме најталентираните, ќе ги финансираме нивните програми, но ќе бараме и соодветни резултати. Комплетно ќе го смениме пристапот. Ќе направиме целосна анализа на сите потенцијални следни олимпијци и ќе се фокусираме на нив, најави денеска министерот за спорт Борко Ристовски. Одговорајќи на новинарски прашања, Ристовски напомена дека за да се бараат резултати од нашите спортисти, мора најпрво да се обезбедат соодветни услови. Сепак, оцени, досегашните слаби олимписки резултати се последица на неправилното работење, независно од средствата кои биле на располагање и постоечките услови.
Имаме олимпијци во регионот како во Косово на пример, кои имаат двојно или многу повеќе резултати на олимпијадите. Значи, не се работело правилно, независно од средствата кои биле на располагање и постоечките услови. Со должна почит, не можеме да кажеме дека Косово е Германија, Франција или Италија во однос на условите, но поважен е начинот на кој се работело со олимпијците, истакна Ристовски.
Програмите на Министерството за спорт ќе бидат јавно достапни, напомена, а сите федерации и спортови што ќе влезат во четиригодишната стратегија ќе бидат целосно финансирани и за нивното развивање ќе бидат комплетно обезбедени условите. Дури тогаш ќе можеме да бараме резултати, се дотогаш можеме да се надеваме на поединечни блесоци, како Дарио, Милијана.
Ќе финансираме исклучиво талентирани идни олимпијци и програми кои ќе бидат строги и стриктни. Нема да финансираме олимписки туризам како што ни се случува во моментов, за жал, туку ќе бараме резултати од соодветните федерации кои ќе бидат означени како наш приоритет. Тоа е она што сакаме да го направиме во спортот, што сакаме да го постигнеме и нема да застанеме се додека не ги видиме вистинските дечиња, вистинските спортисти, вистинските професионалци на Олимпијада. Премногу е рано да е зборува за Олимпијадата, но не и за резултатите и за тоа кои млади категории сакаме да ги форсираме. Целта е да обезбедиме за Дарио и нему сличните подобри услови, за да може да го развиваат својот талент, а со тоа и резултати на Олимпијада. Апсолутно стоиме на тоа дека за да барате резултати, мора да има соодветни улови, најпрво мора да ги направиме тие улови на краток период, а потоа да финансираме програми и да бараме резултати. Но, тие што ќе добијат финансии од државата, а нема да ги исполнат резултатите, ќе бидат тргнати од листата и на нивно мето ќе дојдат други нови деца, нови спортисти, ито така талентирани, потенцира министерот.
Тој информира и дека веќе е во подготовка изградбата на повеќе атлетски стази низ државата, а ќе се почне од Гевгелија.  

The post Ристовски: Ќе финансираме исклучиво талентирани идни олимпијци, а не олимписки туризам appeared first on Република.

]]>
Вучиќ и ги претставил на Сиљановска Давкова заедничките можности за лозарство и туризам https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-i-gi-pretstavil-na-silanovska-davkova-zaednichkite-mozhnosti-za-lozarstvo-i-turizam/ Fri, 02 Aug 2024 14:44:01 +0000 https://republika.mk/?p=802831

За време на посетата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова на Србија, таа со домаќинот претседателот Александар Вучиќ ја посети Винаријата Алексиќ во Врање, каде водеше разговари за заедничките можности во лозарството и туризмот,  јави дописникот на МИА од Белград.

Претседателот Вучиќ на неговиот Инсаграм профил напиша дека „со нескриена гордост на претседателката Сиљановска Давкова и ги претставил одличните вина што Србија може да ги понуди. Ручекот во автентичната атмосфера на винаријата Алексиќ, оцени тој, беше можност за неформални разговори и дегустација на врвни вина од оваа визба.

-Со драгиот гостин и домаќините разговарав за заедничките можности во лозарството и туризмот. Убеден сум дека Србија и Македонија можат да понудат многу за секого во тие области, потенцираше меѓу другото Вучиќ на неговиот Инстаграм профил.

The post Вучиќ и ги претставил на Сиљановска Давкова заедничките можности за лозарство и туризам appeared first on Република.

]]>

За време на посетата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова на Србија, таа со домаќинот претседателот Александар Вучиќ ја посети Винаријата Алексиќ во Врање, каде водеше разговари за заедничките можности во лозарството и туризмот,  јави дописникот на МИА од Белград. Претседателот Вучиќ на неговиот Инсаграм профил напиша дека „со нескриена гордост на претседателката Сиљановска Давкова и ги претставил одличните вина што Србија може да ги понуди. Ручекот во автентичната атмосфера на винаријата Алексиќ, оцени тој, беше можност за неформални разговори и дегустација на врвни вина од оваа визба. -Со драгиот гостин и домаќините разговарав за заедничките можности во лозарството и туризмот. Убеден сум дека Србија и Македонија можат да понудат многу за секого во тие области, потенцираше меѓу другото Вучиќ на неговиот Инстаграм профил.

The post Вучиќ и ги претставил на Сиљановска Давкова заедничките можности за лозарство и туризам appeared first on Република.

]]>
Љутков: Заедно со туризмот, културата ќе стане профитабилна дејност и ќе придонесува за економијата во државата https://republika.mk/vesti/kultura/lutkov-zaedno-so-turizmot-kulturata-ke-stane-profitabilna-dejnost-i-ke-pridonesuva-za-ekonomijata-vo-drzhavata/ Wed, 24 Jul 2024 08:46:05 +0000 https://republika.mk/?p=799755

Културата долго време се третира како ресор кој што само ги троши средствата, а не придонесува за буџетот на државата. Заедно со туризмот, културата ќе стане профитабилна дејност и ќе може да придонесува за економијата во државата. Имаме законска рамка да го фузираме туризмот во културата и до крајот на годината ќе ја имаме точната платформа како ќе се претставиме во 2025 година. Од следната година ќе изработиме Национална стратегија за развој на туризмот, но и за развој на културата, бидејќи од 2022 година немаме нови стратегии, вели во интервју за МИА министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Во врска со припојувањето на туризмот кон Министерството, кој претходно беше под надлежност на Министерството за економија, Љутков појасни дека нови вработувања нема да има, бидејќи вработени во Министерството за економија ќе се префрлат во Министерството за култура.

Многу е важно после долги години да се прават реорганизации во министерствата врз основа на некакви статистики кои што се спроведувани во изминативе години и нормално некакви потреби. Ние неколку години анализираме што е потребно да се промени во овој важен ресор, а тоа е да придонесува, државата да има економски бенефит од културата. Мислам дека заедно со културниот туризам, бидејќи тој моментално е најразвиен во државата, културата ќе стане профитабилна дејност и ќе може да придонесува за економијата во државата, вели Љутков за МИА.

Секако, напомена, тука постојат многу процеси. Како што најави, ќе почнат да го развиваат културниот, а најмногу транзитниот туризам.

Ќе го развиваме транзитниот туризам, кој што во моментов ни е најважен. Станува збор за Е-75 автопатот од Србија преку Македонија, до Грција, бидејќи тука имаме и археолошки локалитети, а можеме да го развиваме и винскиот туризам. Тука има и хотели, со оглед на тоа што во близина е велешкото езеро. Мислам дека повеќе на тој дел ќе се фокусираме во овој период, а после 2025 година ќе имаме конкретна програма, додаде Љутков.

Како што посочи, вработени од Министерството за економија ќе се префрлат во Министерството за култура во моментот кога ќе биде завршена новата систематизација на која што се работи, а потоа и Агенцијата за развој и поддршка на туризмот нема да биде орган во состав на Министерството за економија, туку ќе биде орган во состав на Министерството за култура.

Ова, како што рече, ќе биде процес на кој што ќе се работи во наредниот период.

Во интервјуто за МИА Љутков коментирајќи го Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата, напомена дека вработените во Министерството за култура секогаш професионално си ја вршеле работата и професионално ги изработувале апликациите за програмите.

Според Љутков, критиките за Конкурсот се однесуваат во однос на критериумите и правилата кои што се поставувале во годишните конкурси.

Министерот најави дека ќе воспостават нови правила и критериуми со цел заштита од сите влијанија кои што претходните години биле проблематични.

Во моментот се работи и мислам дека во текот на месец август ќе бидат готови правилниците за тоа како ќе се конкурира во септември 2024 година, за да ги немаме истите проблеми кои сме ги имале од претходниците. Тоа било од неажурност на министерот за култура, рече Љутков.

Во однос на тоа што ќе се случи со Универзалната сала, министерот Љутков рече дека нема забелешки од извештаите по однос на самата изградба на салата и напомена дека го чека извештајот од првата фаза на градбата, кој би требало да го добие следните денови. Но, како што рече, тој има проблем со процесот како се случувала постапката.

Кога ќе кажам дека не ставам потпис во понатамошната постапка, тоа значи дека се сомневам во одредени процеси, бидејќи јас нешто во моментот наследувам, а тоа е капитален објект. Прво, немам никакви забелешки од извештаите по однос на изградбата. Изведувачот си ја работи работата како што си ја работи. Беше отворена втората фаза за тендерирање, но ние се уште немавме информации од првата фаза или од пожарот. Во овој период добив информација дека за ден, два ќе го добиеме извештајот и втората фаза ќе може да си продолжи. Но, јас имам проблем со постапката. Тој процес го испитувам. Ако таа не е во ред, тогаш ќе донесеме одлука што ќе се случува во процесот понатаму. Ако постапката не е во ред, тогаш нема јас, туку државата ќе го стопира процесот. Но, како и да е, во овој момент во Универзалната сала се работи по сите правила и прописи, рече Љутков.

Сепак, тој е дециден дека иако Универзалната сала е важна за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028”, таа не е единствената институција. Напомена дека Министерството за култура ќе ги вложи сите капацитети во финансирање, но и во модернизирање на сите останати национални установи, кои би можеле да бидат на располагање во 2028 година.

Постојат и други институции кои што се под надлежност и на Град Скопје и на Министерството за култура и туризам. Ние како партнери на Град Скопје во титулата „Скопје европска престолнина на културата 2028 година“ ќе ги вложиме сите наши капацитети. Не само финансиски капацитети, туку ќе ги вложиме сите просторни услови кои што ги нудиме, а исто така сакаме да вложиме и во модернизирање на сите национални установи за да бидат на располагање во 2028 година, додаде Љутков.

Ако се тече како што треба, ако сите извештаи се во ред и ако буџетски сме како што треба да бидеме од 2025 година натаму, Љутков рече дека до крајот на 2027 година ќе бидат готови со сите проекти кои што ги започнале и во 2028 година ќе бидеме европски домаќини.

Љутков во интервју за МИА информира и дека се готови ревизорските извештаи како и извештајот од Министерството за култура за Агенцијата за филм и истите ќе бидат упатени до надлежните институции. Внатрешната ревизија во Агенцијата за филм беше извршена во текот на април и мај оваа година од Министерството за култура. Љутков неодамна посочи дека оваа Агенција должи некаде околу 11 милиони евра.

Проблемот настанува кога после 2018 година, буџетот кој што бил некаде околу седум до осум милиони евра на годишно ниво, наеднаш паѓа на околу два и пол милиони евра. Бидејќи тие не можат да се помират со фактот дека власта го намалува буџетот, си продолжуваат со еден процес кој се вели вака: „на необезбедени средства во текот на наредната година, вие склучувате договори на двојно повеќе“. Ова значи, ако имате договор на два и пол милиони евра за следната година, вие склучувате договори на речиси пет милиони евра и тие ги провлекувате во текот на годините, вели Љутков за МИА.

Тој напомена дека сега се наоѓаат во ситуација кога четири филма кои што имаат склучено договори, имаат обезбедно услови и имаат законски рок од пет години да го реализираат филмот, а во оваа година им истекува законскиот рок.

Министерот најави и дека в петок ќе оствари средба со официјалните лица од Друштвото на филмски работници (ДФРМ), но тоа, како што рече, не може да донесе некакви промени.

Во однос на Законот за употреба на македонски јазик, Љутков потсети дека истиот помина во Собранието и на следната владина седница ќе се назначи нов директор на Инспекторатот за примена на македонскиот стандарден јазик, а подоцна ќе следат и вработувањата.

Законот за употреба на македонски јазик во 2020 година имаше една несреќна јавна дебата. Ние како опозиција, со сите капацитети кои што ги имавме го стопиравме донесувањето на тој Закон бидејќи воопшто не беше направен според стандардите како што треба да биде донесен еден закон. Потоа, тој стоеше три години заглавен во собраниските лавиринти. Подоцна, поднесовме амандмани кои што беа прифатени и од Министерството за култура и од тогашната позиција. Заеднички го донесовме тој закон во 2024 година, кој што предвидува формирање на Инспекторат, рече Љутков.

Тој објасни дека Законот е добар, бидејќи неговото спроведување е во надлежност на сите засегнати субјекти на законодавната, судската, извршната власт и на единиците на локалната самоуправа.

Ќе биде малку тешко на почеток, но се надевам дека ќе успееме во овој процес, бидејќи еве скоро месец дена сме на позиција, во најбрз можен рок ќе го поминеме на седница на Влада, додаде министерот за култура и туризам.

Прашан за тоа како ќе се справи со дивоградбите во Охрид, знаејќи дека станува збор за проблем кој што постои подолг период, Љутков одговори дека ова е проблем кој што ќе се решава со сите засегнати страни.

-Не е Министерството за култура надлежно во овие процеси. Министерот за култура е претседател на Националната комисија за УНЕСКО. На утрешната седница на Влада ќе биде назначена новата национална комисија за УНЕСКО, која содржи многу професионалци во областа и ги содржи предлозите на сите релевантни институции. Тука се вклучени Министерството за транспорт и врски, но и локалните единици што значи дека во целиот овој процес заеднички мора да се договориме кои ќе бидат приоритетите. Не може само еден да ги носи одлуките, појасни Љутков во интервјуто за МИА, кое го снимавме вчера.

Како што рече, фокусот ќе му биде да ги обедини сите овие институции, да направи работно тело кое што на крајот ќе донесе заклучок како да се справат со сите овие проблеми.

Тоа што до сега не е постигнато, е затоа што немало комуникација меѓу засегнатите страни, рече Љутков.

Во однос на идните активности, Љутков најави дека ќе треба да се донесат многу нови законски измени со цел да се спроведат реформите кои што следуваат во 2025 година.

Генерално, ќе мора да се посветиме на многу процеси. Ќе продолжиме со новиот Предлог закон за култура. Тука имаме и нов Предлог на закони во заштита на културното наследство. Ќе мора да се донесат многу законски измени и нови закони за да можеме да ги спроведеме реформите кои што ќе следуваат во 2025 година. Главен приоритет како „круна“ која што ќе ни го означи мандатот, ќе биде „Скопје европска престолнина на културата во 2028 година“, појасни Љутков.

The post Љутков: Заедно со туризмот, културата ќе стане профитабилна дејност и ќе придонесува за економијата во државата appeared first on Република.

]]>

Културата долго време се третира како ресор кој што само ги троши средствата, а не придонесува за буџетот на државата. Заедно со туризмот, културата ќе стане профитабилна дејност и ќе може да придонесува за економијата во државата. Имаме законска рамка да го фузираме туризмот во културата и до крајот на годината ќе ја имаме точната платформа како ќе се претставиме во 2025 година. Од следната година ќе изработиме Национална стратегија за развој на туризмот, но и за развој на културата, бидејќи од 2022 година немаме нови стратегии, вели во интервју за МИА министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Во врска со припојувањето на туризмот кон Министерството, кој претходно беше под надлежност на Министерството за економија, Љутков појасни дека нови вработувања нема да има, бидејќи вработени во Министерството за економија ќе се префрлат во Министерството за култура.
Многу е важно после долги години да се прават реорганизации во министерствата врз основа на некакви статистики кои што се спроведувани во изминативе години и нормално некакви потреби. Ние неколку години анализираме што е потребно да се промени во овој важен ресор, а тоа е да придонесува, државата да има економски бенефит од културата. Мислам дека заедно со културниот туризам, бидејќи тој моментално е најразвиен во државата, културата ќе стане профитабилна дејност и ќе може да придонесува за економијата во државата, вели Љутков за МИА.
Секако, напомена, тука постојат многу процеси. Како што најави, ќе почнат да го развиваат културниот, а најмногу транзитниот туризам.
Ќе го развиваме транзитниот туризам, кој што во моментов ни е најважен. Станува збор за Е-75 автопатот од Србија преку Македонија, до Грција, бидејќи тука имаме и археолошки локалитети, а можеме да го развиваме и винскиот туризам. Тука има и хотели, со оглед на тоа што во близина е велешкото езеро. Мислам дека повеќе на тој дел ќе се фокусираме во овој период, а после 2025 година ќе имаме конкретна програма, додаде Љутков.
Како што посочи, вработени од Министерството за економија ќе се префрлат во Министерството за култура во моментот кога ќе биде завршена новата систематизација на која што се работи, а потоа и Агенцијата за развој и поддршка на туризмот нема да биде орган во состав на Министерството за економија, туку ќе биде орган во состав на Министерството за култура. Ова, како што рече, ќе биде процес на кој што ќе се работи во наредниот период. Во интервјуто за МИА Љутков коментирајќи го Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата, напомена дека вработените во Министерството за култура секогаш професионално си ја вршеле работата и професионално ги изработувале апликациите за програмите. Според Љутков, критиките за Конкурсот се однесуваат во однос на критериумите и правилата кои што се поставувале во годишните конкурси. Министерот најави дека ќе воспостават нови правила и критериуми со цел заштита од сите влијанија кои што претходните години биле проблематични.
Во моментот се работи и мислам дека во текот на месец август ќе бидат готови правилниците за тоа како ќе се конкурира во септември 2024 година, за да ги немаме истите проблеми кои сме ги имале од претходниците. Тоа било од неажурност на министерот за култура, рече Љутков.
Во однос на тоа што ќе се случи со Универзалната сала, министерот Љутков рече дека нема забелешки од извештаите по однос на самата изградба на салата и напомена дека го чека извештајот од првата фаза на градбата, кој би требало да го добие следните денови. Но, како што рече, тој има проблем со процесот како се случувала постапката.
Кога ќе кажам дека не ставам потпис во понатамошната постапка, тоа значи дека се сомневам во одредени процеси, бидејќи јас нешто во моментот наследувам, а тоа е капитален објект. Прво, немам никакви забелешки од извештаите по однос на изградбата. Изведувачот си ја работи работата како што си ја работи. Беше отворена втората фаза за тендерирање, но ние се уште немавме информации од првата фаза или од пожарот. Во овој период добив информација дека за ден, два ќе го добиеме извештајот и втората фаза ќе може да си продолжи. Но, јас имам проблем со постапката. Тој процес го испитувам. Ако таа не е во ред, тогаш ќе донесеме одлука што ќе се случува во процесот понатаму. Ако постапката не е во ред, тогаш нема јас, туку државата ќе го стопира процесот. Но, како и да е, во овој момент во Универзалната сала се работи по сите правила и прописи, рече Љутков.
Сепак, тој е дециден дека иако Универзалната сала е важна за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028”, таа не е единствената институција. Напомена дека Министерството за култура ќе ги вложи сите капацитети во финансирање, но и во модернизирање на сите останати национални установи, кои би можеле да бидат на располагање во 2028 година.
Постојат и други институции кои што се под надлежност и на Град Скопје и на Министерството за култура и туризам. Ние како партнери на Град Скопје во титулата „Скопје европска престолнина на културата 2028 година“ ќе ги вложиме сите наши капацитети. Не само финансиски капацитети, туку ќе ги вложиме сите просторни услови кои што ги нудиме, а исто така сакаме да вложиме и во модернизирање на сите национални установи за да бидат на располагање во 2028 година, додаде Љутков.
Ако се тече како што треба, ако сите извештаи се во ред и ако буџетски сме како што треба да бидеме од 2025 година натаму, Љутков рече дека до крајот на 2027 година ќе бидат готови со сите проекти кои што ги започнале и во 2028 година ќе бидеме европски домаќини. Љутков во интервју за МИА информира и дека се готови ревизорските извештаи како и извештајот од Министерството за култура за Агенцијата за филм и истите ќе бидат упатени до надлежните институции. Внатрешната ревизија во Агенцијата за филм беше извршена во текот на април и мај оваа година од Министерството за култура. Љутков неодамна посочи дека оваа Агенција должи некаде околу 11 милиони евра.
Проблемот настанува кога после 2018 година, буџетот кој што бил некаде околу седум до осум милиони евра на годишно ниво, наеднаш паѓа на околу два и пол милиони евра. Бидејќи тие не можат да се помират со фактот дека власта го намалува буџетот, си продолжуваат со еден процес кој се вели вака: „на необезбедени средства во текот на наредната година, вие склучувате договори на двојно повеќе“. Ова значи, ако имате договор на два и пол милиони евра за следната година, вие склучувате договори на речиси пет милиони евра и тие ги провлекувате во текот на годините, вели Љутков за МИА.
Тој напомена дека сега се наоѓаат во ситуација кога четири филма кои што имаат склучено договори, имаат обезбедно услови и имаат законски рок од пет години да го реализираат филмот, а во оваа година им истекува законскиот рок. Министерот најави и дека в петок ќе оствари средба со официјалните лица од Друштвото на филмски работници (ДФРМ), но тоа, како што рече, не може да донесе некакви промени. Во однос на Законот за употреба на македонски јазик, Љутков потсети дека истиот помина во Собранието и на следната владина седница ќе се назначи нов директор на Инспекторатот за примена на македонскиот стандарден јазик, а подоцна ќе следат и вработувањата.
Законот за употреба на македонски јазик во 2020 година имаше една несреќна јавна дебата. Ние како опозиција, со сите капацитети кои што ги имавме го стопиравме донесувањето на тој Закон бидејќи воопшто не беше направен според стандардите како што треба да биде донесен еден закон. Потоа, тој стоеше три години заглавен во собраниските лавиринти. Подоцна, поднесовме амандмани кои што беа прифатени и од Министерството за култура и од тогашната позиција. Заеднички го донесовме тој закон во 2024 година, кој што предвидува формирање на Инспекторат, рече Љутков.
Тој објасни дека Законот е добар, бидејќи неговото спроведување е во надлежност на сите засегнати субјекти на законодавната, судската, извршната власт и на единиците на локалната самоуправа.
Ќе биде малку тешко на почеток, но се надевам дека ќе успееме во овој процес, бидејќи еве скоро месец дена сме на позиција, во најбрз можен рок ќе го поминеме на седница на Влада, додаде министерот за култура и туризам.
Прашан за тоа како ќе се справи со дивоградбите во Охрид, знаејќи дека станува збор за проблем кој што постои подолг период, Љутков одговори дека ова е проблем кој што ќе се решава со сите засегнати страни.
-Не е Министерството за култура надлежно во овие процеси. Министерот за култура е претседател на Националната комисија за УНЕСКО. На утрешната седница на Влада ќе биде назначена новата национална комисија за УНЕСКО, која содржи многу професионалци во областа и ги содржи предлозите на сите релевантни институции. Тука се вклучени Министерството за транспорт и врски, но и локалните единици што значи дека во целиот овој процес заеднички мора да се договориме кои ќе бидат приоритетите. Не може само еден да ги носи одлуките, појасни Љутков во интервјуто за МИА, кое го снимавме вчера.
Како што рече, фокусот ќе му биде да ги обедини сите овие институции, да направи работно тело кое што на крајот ќе донесе заклучок како да се справат со сите овие проблеми.
Тоа што до сега не е постигнато, е затоа што немало комуникација меѓу засегнатите страни, рече Љутков.
Во однос на идните активности, Љутков најави дека ќе треба да се донесат многу нови законски измени со цел да се спроведат реформите кои што следуваат во 2025 година.
Генерално, ќе мора да се посветиме на многу процеси. Ќе продолжиме со новиот Предлог закон за култура. Тука имаме и нов Предлог на закони во заштита на културното наследство. Ќе мора да се донесат многу законски измени и нови закони за да можеме да ги спроведеме реформите кои што ќе следуваат во 2025 година. Главен приоритет како „круна“ која што ќе ни го означи мандатот, ќе биде „Скопје европска престолнина на културата во 2028 година“, појасни Љутков.
 
The post Љутков: Заедно со туризмот, културата ќе стане профитабилна дејност и ќе придонесува за економијата во државата appeared first on Република.

]]>
Венеција забранува големи туристички групи и звучници поради прекумерниот туризам https://republika.mk/zivot/patuvanja/venetsija-zabranuva-golemi-turistichki-grupi-i-zvuchnitsi-poradi-prekumerniot-turizam/ Sat, 01 Jun 2024 15:33:09 +0000 https://republika.mk/?p=783906

Венеција денес воведе забрана за гласни звучници и ја ограничи големината на туристичките групи на 25 луѓе со цел ограничување на влијанието на прекумерниот туризам на тој италијански град, соопштија властите.

Венеција претходно годинава воведе такса од пет евра дневно, а во 2021 година забрани влегување на големите бродови за крстосување во градското пристаниште.

Промените на туристичките правила доаѓаат откако експерти на Унеско минатата година предупредија дека Венеција би можела да биде додадена на листата загрозени места на културно наследство, бидејќи влијанието на климатските промени и масовниот туризам се закануваат да предизвикаат неповратни промени на градот.

Прекумерниот туризам се смета за еден од најголемите проблеми за Венеција, која има популација од околу 250.000 луѓе, но забележала над 13 милиони посетители во 2019 година.

Венеција доживеа егзодус на локалното население. Очо, здружение на граѓани кое го следи станувањето во градот, во неодамнешен извештај наведе дека историскиот кварт има околу 49.000 кревети кои туристите можат да ги изнајмат, што е повеќе од бројот кој им е достапен на локалните жители.

Унеско сепак не ја додаде Венеција на листата загрозени места на светско наследство, откако ги препозна обидите проблемите на островот да се решат преку системот против поплави и мерките за намалување на влијанието на масовниот туризам.

The post Венеција забранува големи туристички групи и звучници поради прекумерниот туризам appeared first on Република.

]]>

Венеција денес воведе забрана за гласни звучници и ја ограничи големината на туристичките групи на 25 луѓе со цел ограничување на влијанието на прекумерниот туризам на тој италијански град, соопштија властите. Венеција претходно годинава воведе такса од пет евра дневно, а во 2021 година забрани влегување на големите бродови за крстосување во градското пристаниште. Промените на туристичките правила доаѓаат откако експерти на Унеско минатата година предупредија дека Венеција би можела да биде додадена на листата загрозени места на културно наследство, бидејќи влијанието на климатските промени и масовниот туризам се закануваат да предизвикаат неповратни промени на градот. Прекумерниот туризам се смета за еден од најголемите проблеми за Венеција, која има популација од околу 250.000 луѓе, но забележала над 13 милиони посетители во 2019 година. Венеција доживеа егзодус на локалното население. Очо, здружение на граѓани кое го следи станувањето во градот, во неодамнешен извештај наведе дека историскиот кварт има околу 49.000 кревети кои туристите можат да ги изнајмат, што е повеќе од бројот кој им е достапен на локалните жители. Унеско сепак не ја додаде Венеција на листата загрозени места на светско наследство, откако ги препозна обидите проблемите на островот да се решат преку системот против поплави и мерките за намалување на влијанието на масовниот туризам.  

The post Венеција забранува големи туристички групи и звучници поради прекумерниот туризам appeared first on Република.

]]>
Нема веќе „прекумерен туризам“: Амстердам нема да дозволи изградба на нови хотели https://republika.mk/zivot/patuvanja/nema-veke-prekumeren-turizam-amsterdam-nema-da-dozvoli-izgradba-na-novi-hoteli/ Sun, 21 Apr 2024 12:46:18 +0000 https://republika.mk/?p=768860

Градот Амстердам во иднина нема да дозволи изградба на нови хотели, во обид да се справи со прекумерниот туризам.

Сакаме да го одржиме градот погоден за живеење и за локалното население и за посетителите. Тоа значи - нема повеќе прекумерен туризам, нема повеќе нови хотели и нема повеќе од 20 милиони хотелски ноќевања на туристи годишно во иднина“, соопштија градските власти.

Нов хотел во Амстердам ќе може да се изгради само ако претходно се затвори еден, ако не се зголеми бројот на легла и ако понуди подобри услови во однос на одржливоста.

Таа одлука не се однесува на хотелите кои се веќе во изградба или добиле одобрение за градба.

The post Нема веќе „прекумерен туризам“: Амстердам нема да дозволи изградба на нови хотели appeared first on Република.

]]>

Градот Амстердам во иднина нема да дозволи изградба на нови хотели, во обид да се справи со прекумерниот туризам.
Сакаме да го одржиме градот погоден за живеење и за локалното население и за посетителите. Тоа значи - нема повеќе прекумерен туризам, нема повеќе нови хотели и нема повеќе од 20 милиони хотелски ноќевања на туристи годишно во иднина“, соопштија градските власти.
Нов хотел во Амстердам ќе може да се изгради само ако претходно се затвори еден, ако не се зголеми бројот на легла и ако понуди подобри услови во однос на одржливоста. Таа одлука не се однесува на хотелите кои се веќе во изградба или добиле одобрение за градба.

The post Нема веќе „прекумерен туризам“: Амстердам нема да дозволи изградба на нови хотели appeared first on Република.

]]>
АППТ: Движење кон одржлив туризам во Македонија https://republika.mk/zivot/patuvanja/appt-dvizhene-kon-odrzhliv-turizam-vo-makedonija/ Tue, 16 Apr 2024 10:39:50 +0000 https://republika.mk/?p=766657

Одржливиот туризам се смета за суштинска и долгорочна економска исплатливост на дестинациите. Со заштита на природните и културните добра, дестинациите можат да привлечат посетители на долг рок, да ги диверзифицираат нивните туристички понуди и да ги поддржат локалните економии без да ги деградираат нивните ресурси или да го загрозат квалитетот на животот на жителите.
Градење на капацитите и зголемување на свеста за одржлив туризам со цел да се обезбедат насоки за туристичкиот сектор во нашата земја за да се зголеми нивната подготвеност за дојдовен туризам преку усвојување на одржливи практики во туризмот, е целта на трите работилници кои се организираат оваа недела во Скопје и Крушево.

Работилниците се во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Стопанската комора на Македонија и Националната асоцијација за дојдовен туризам – НАИТМ, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Програмата за промоција на увозот (SIPPO) и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME).
Со овие активности фокусирани на одржливиот туризам, со интернационална експертиза и ресурси ќе им се помогне на бизнис организациите од областа на туризмот и приватниот туристички сектор во нашата земја, да го подобрат нивното разбирање за практиките за одржлив туризам со цел да ги интегрираат во нивните операции, преку пристап до релевантни алатки и најдобри практики од регионот и светот.

„Oдржливиот туризам е важен за одржување на деликатната рамнотежа помеѓу економскиот развој, зачувувањето на животната средина и социјалната еднаквост, поттикнувајќи одговорно патување кое им користи и на сегашните и на идните генерации. Со сѐ поголемиот притисок и новите регулаторни барања на ЕУ како и барањата од здруженијата за туризам во Европската Унија - бизнисите да усвојат одговорни практики, да се усогласат со прописите за животната средина и да се придржуваат до етичките стандарди, засегнатите страни во туристичката индустрија во сите земји сѐ повеќе ја препознаваат важноста на одржливоста во развојот на туризмот.“, изјави Даниела Михајловска Василевска, координатор на угостителство и туризам при Стопанска Комора на Македонија
„Трендовите на пазарот и преференците на потрошувачите растат сѐ повеќе во делот на одржлив туризам бидејќи туристите бараат автентични, значајни искуства кои се усогласуваат со нивните вредности. Странските туристи се спремни да поддржат бизниси и дестинации кои покажуваат посветеност на одржливост, поттикнувајќи промена кон одговорни туристички практики. Одржливиот туризам може да биде и најдобрата компаративна предност на македонските дестинации во иднина, но потребна е заедничка напорна работа од страна на сите чинители во секторот и државата., истакна Влатко Сулев, претседател на здружението НАИТМ.

„Значајно е да се напомене дека неопходно е да се преземат мерки и активности кои го намалуваат загадувањето на природата, но секако и спроведување на стандарди за заштита на биодиверзитетот, животната средина и културното наследство. Особено доколку знаеме дека масовноста во туризмот носи зголемени негативни влијанија пред сѐ на животната средина. Затоа овие форми на туризам велимедека се посеопфатни, посовесни и поодговорни бидејќи нивна основна цел е да се одржи баланс помеѓу масовноста во туризмот и намалување на загадувањето и заштитата на животната средина. Токму затоа активностите на Агенцијата за туризам и во наредниот период ќе бидат насочени кон организирање на низа обуки и работилници пред сѐ наменети за туристичкото стопанство, а ќе бидат во насока на подигнување на свеста за значајноста, придобивкитеи спроведувањетона мерки за одржливост во туризмот, како и промоција на одговорното патување. Реализирањето на дополнителните работилници во текот на годината се планира да биде во рамките на дестинациите во нашата земја, но и ќе останеме отворени за соработка со странските програми, фондови и амбасади за реализација на проекти во насока на градење на одржливи дестинации.“

„За следната година се разгледуваат можностите во соработка со странските партнери за имплементација на ЕСГ стандардите во рамките на хотелиерството, која ќе овозмозможи нивна поголема конкурентност, препознатливост, транспарентност, економски развој, но и привлекување на одржливо финансирање и инвестиции.”- изјави м-р Јасмина Лескаровска, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Преку заеднички напори, бизнис организациите, приватниот сектор и државните институции е потребно да работат заеднички за промовирање на одржливиот туризам како двигател на економскиот раст, општествениотразвој и зачувувањето на животната средина во земјата.

The post АППТ: Движење кон одржлив туризам во Македонија appeared first on Република.

]]>

Одржливиот туризам се смета за суштинска и долгорочна економска исплатливост на дестинациите. Со заштита на природните и културните добра, дестинациите можат да привлечат посетители на долг рок, да ги диверзифицираат нивните туристички понуди и да ги поддржат локалните економии без да ги деградираат нивните ресурси или да го загрозат квалитетот на животот на жителите. Градење на капацитите и зголемување на свеста за одржлив туризам со цел да се обезбедат насоки за туристичкиот сектор во нашата земја за да се зголеми нивната подготвеност за дојдовен туризам преку усвојување на одржливи практики во туризмот, е целта на трите работилници кои се организираат оваа недела во Скопје и Крушево. Работилниците се во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Стопанската комора на Македонија и Националната асоцијација за дојдовен туризам – НАИТМ, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Програмата за промоција на увозот (SIPPO) и Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME). Со овие активности фокусирани на одржливиот туризам, со интернационална експертиза и ресурси ќе им се помогне на бизнис организациите од областа на туризмот и приватниот туристички сектор во нашата земја, да го подобрат нивното разбирање за практиките за одржлив туризам со цел да ги интегрираат во нивните операции, преку пристап до релевантни алатки и најдобри практики од регионот и светот. „Oдржливиот туризам е важен за одржување на деликатната рамнотежа помеѓу економскиот развој, зачувувањето на животната средина и социјалната еднаквост, поттикнувајќи одговорно патување кое им користи и на сегашните и на идните генерации. Со сѐ поголемиот притисок и новите регулаторни барања на ЕУ како и барањата од здруженијата за туризам во Европската Унија - бизнисите да усвојат одговорни практики, да се усогласат со прописите за животната средина и да се придржуваат до етичките стандарди, засегнатите страни во туристичката индустрија во сите земји сѐ повеќе ја препознаваат важноста на одржливоста во развојот на туризмот.“, изјави Даниела Михајловска Василевска, координатор на угостителство и туризам при Стопанска Комора на Македонија „Трендовите на пазарот и преференците на потрошувачите растат сѐ повеќе во делот на одржлив туризам бидејќи туристите бараат автентични, значајни искуства кои се усогласуваат со нивните вредности. Странските туристи се спремни да поддржат бизниси и дестинации кои покажуваат посветеност на одржливост, поттикнувајќи промена кон одговорни туристички практики. Одржливиот туризам може да биде и најдобрата компаративна предност на македонските дестинации во иднина, но потребна е заедничка напорна работа од страна на сите чинители во секторот и државата., истакна Влатко Сулев, претседател на здружението НАИТМ. „Значајно е да се напомене дека неопходно е да се преземат мерки и активности кои го намалуваат загадувањето на природата, но секако и спроведување на стандарди за заштита на биодиверзитетот, животната средина и културното наследство. Особено доколку знаеме дека масовноста во туризмот носи зголемени негативни влијанија пред сѐ на животната средина. Затоа овие форми на туризам велимедека се посеопфатни, посовесни и поодговорни бидејќи нивна основна цел е да се одржи баланс помеѓу масовноста во туризмот и намалување на загадувањето и заштитата на животната средина. Токму затоа активностите на Агенцијата за туризам и во наредниот период ќе бидат насочени кон организирање на низа обуки и работилници пред сѐ наменети за туристичкото стопанство, а ќе бидат во насока на подигнување на свеста за значајноста, придобивкитеи спроведувањетона мерки за одржливост во туризмот, како и промоција на одговорното патување. Реализирањето на дополнителните работилници во текот на годината се планира да биде во рамките на дестинациите во нашата земја, но и ќе останеме отворени за соработка со странските програми, фондови и амбасади за реализација на проекти во насока на градење на одржливи дестинации.“ „За следната година се разгледуваат можностите во соработка со странските партнери за имплементација на ЕСГ стандардите во рамките на хотелиерството, која ќе овозмозможи нивна поголема конкурентност, препознатливост, транспарентност, економски развој, но и привлекување на одржливо финансирање и инвестиции.”- изјави м-р Јасмина Лескаровска, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Преку заеднички напори, бизнис организациите, приватниот сектор и државните институции е потребно да работат заеднички за промовирање на одржливиот туризам како двигател на економскиот раст, општествениотразвој и зачувувањето на животната средина во земјата.

The post АППТ: Движење кон одржлив туризам во Македонија appeared first on Република.

]]>
Да учиме од нив: Aлбанија од туризам заработила 4 милијарди евра https://republika.mk/zivot/patuvanja/da-uchime-od-niv-albanija-od-turizam-zarabotila-4-milijardi-evra/ Wed, 27 Mar 2024 11:44:51 +0000 https://republika.mk/?p=759296

Податоците на Централна банка на Албанија потврдуваат дека во текот на 2023 година приходот од туризмот достигнал 4,1 милијарди евра, што е највисок износ остварен до сега, што е факт дека туризмот станува еден од најважните сектори на албанската економија, јави Ора њуз.

Доколку се спореди со нивото на приходи во 2019 година, која важеше за најдобра година за туризмот, минатогодишните се речиси двојно повисоки.

Во текот на минатата година Албанија пречека над 10 милиони странски туристи, додека годинава очекувањата се за 13 милиони. Ова се очекува да донесе уште поголем приход за албанската економија

The post Да учиме од нив: Aлбанија од туризам заработила 4 милијарди евра appeared first on Република.

]]>

Податоците на Централна банка на Албанија потврдуваат дека во текот на 2023 година приходот од туризмот достигнал 4,1 милијарди евра, што е највисок износ остварен до сега, што е факт дека туризмот станува еден од најважните сектори на албанската економија, јави Ора њуз. Доколку се спореди со нивото на приходи во 2019 година, која важеше за најдобра година за туризмот, минатогодишните се речиси двојно повисоки. Во текот на минатата година Албанија пречека над 10 милиони странски туристи, додека годинава очекувањата се за 13 милиони. Ова се очекува да донесе уште поголем приход за албанската економија

The post Да учиме од нив: Aлбанија од туризам заработила 4 милијарди евра appeared first on Република.

]]>
За да ги обузди непримерните туристи: Кјото воведува ограничувања за влез во „Округот на гејшите“ https://republika.mk/vesti/za-da-gi-obuzdi-neprimernite-turisti-kjoto-voveduva-ogranichuvana-za-vlez-vo-okrugot-na-gejshite/ Fri, 08 Mar 2024 16:36:20 +0000 https://republika.mk/?p=752759

Властите во Јапонија воведуваат ограничувања за посетителите во „Округот на гејшите“ - Гион, едно од најпопуларните туристички места во градот Кјото. Согласно одлуката, на посетителите ќе им биде забрането да влезат во неговите живописни улици.

Надлежните на овој начин, меѓу другото, ќе се обидат да се справат со драматичниот раст на туризмот во земјата, објави „Гардијан“.

Во Гион, традиционалните „геико“ и „маико“ уметнички присуствуваат на вечерни „чајанки“ и ги забавуваат гостите, но овие дами често се мета на посетители коишто сакаат да фотографираат и кои ги игнорираат предупредувањата да се држат на растојание, какп и да се воздржуваат од допирање на жените во скапи кимона. Има и поплаки дека лица нелегално влегувале во приватните имоти на жителите на тоа место.

Во декември минатата година, граѓаните, жалејќи се дека нивната област не е „забавен парк“, упатиле повик до Градската управа да преземе мерки против непримерните туристи.

Делумната забрана за влез во тесните улици на Гион ќе стапи во сила следниот месец, иако не е јасно како ќе се спроведе сѐ тоа.

Досегашните обиди да се убедат посетителите да не им приоѓаат на жените вклучуваа знаци за предупредување и казни до 60 евра. Сѐ тоа беше неуспешно и неделотворно.

Кјото повеќе од илјада години бил престолнина на Јапонија, се до 1868 година. Ова не е единствено место коешто денес се бори со „прекумерен туризам“ во оваа островска земја, откако Ковид-мерките беа укинати минатиот април. Инаку, тука најмногу туристи доаѓаат од Јужна Кореја и Кина, како и Тајван.

The post За да ги обузди непримерните туристи: Кјото воведува ограничувања за влез во „Округот на гејшите“ appeared first on Република.

]]>

Властите во Јапонија воведуваат ограничувања за посетителите во „Округот на гејшите“ - Гион, едно од најпопуларните туристички места во градот Кјото. Согласно одлуката, на посетителите ќе им биде забрането да влезат во неговите живописни улици. Надлежните на овој начин, меѓу другото, ќе се обидат да се справат со драматичниот раст на туризмот во земјата, објави „Гардијан“. Во Гион, традиционалните „геико“ и „маико“ уметнички присуствуваат на вечерни „чајанки“ и ги забавуваат гостите, но овие дами често се мета на посетители коишто сакаат да фотографираат и кои ги игнорираат предупредувањата да се држат на растојание, какп и да се воздржуваат од допирање на жените во скапи кимона. Има и поплаки дека лица нелегално влегувале во приватните имоти на жителите на тоа место. Во декември минатата година, граѓаните, жалејќи се дека нивната област не е „забавен парк“, упатиле повик до Градската управа да преземе мерки против непримерните туристи. Делумната забрана за влез во тесните улици на Гион ќе стапи во сила следниот месец, иако не е јасно како ќе се спроведе сѐ тоа. Досегашните обиди да се убедат посетителите да не им приоѓаат на жените вклучуваа знаци за предупредување и казни до 60 евра. Сѐ тоа беше неуспешно и неделотворно. Кјото повеќе од илјада години бил престолнина на Јапонија, се до 1868 година. Ова не е единствено место коешто денес се бори со „прекумерен туризам“ во оваа островска земја, откако Ковид-мерките беа укинати минатиот април. Инаку, тука најмногу туристи доаѓаат од Јужна Кореја и Кина, како и Тајван.

The post За да ги обузди непримерните туристи: Кјото воведува ограничувања за влез во „Округот на гејшите“ appeared first on Република.

]]>
Блажевски: Јаневски е разрешен од директорската позиција, не е дека сам си понел оставка https://republika.mk/vesti/makedonija/blazhevski-janevski-e-razreshen-od-direktorskata-pozitsija-ne-e-deka-sam-si-ponel-ostavka/ Fri, 29 Dec 2023 13:25:44 +0000 https://republika.mk/?p=727905

Саемскиот директор за туризам е “разрешен”, но како и за сѐ останато излажа дека не е сменет, туку наводно сам си дал оставка. Ова не е точно, разрешен е за што потврдува и претседателката на неговата партија, а зошто разрешуваат некого на 6 месеци пред промена на власт, проценете сами, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Слободан Блажевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Неколку пати избега од јавен ТВ дуел каде што се плашеше да ги соочиме аргументите за сите сомнителни работења во Агенцијата за Промоција и Поддршка на туризмот, како и сите криминалии што се направени во изминативе 6 години директорување. Секој кој мисли дека ќе избега од одговорност сега, верувајте народот нема да дозволи да се бега од одговорност после 8-ми Мај кога Владата и Туризмот ќе претрпат сериозни реформи и конечно ќе се постават здрави темели на функционирање.

ПС Има еден факт – ВМРО кога ја предводи власта туризмот цвета, СДСМ кога ја предводи, криминалот во туризмот цвета, пишува Блажевски во својата објава.

The post Блажевски: Јаневски е разрешен од директорската позиција, не е дека сам си понел оставка appeared first on Република.

]]>

Саемскиот директор за туризам е “разрешен”, но како и за сѐ останато излажа дека не е сменет, туку наводно сам си дал оставка. Ова не е точно, разрешен е за што потврдува и претседателката на неговата партија, а зошто разрешуваат некого на 6 месеци пред промена на власт, проценете сами, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Слободан Блажевски од ВМРО-ДПМНЕ. Неколку пати избега од јавен ТВ дуел каде што се плашеше да ги соочиме аргументите за сите сомнителни работења во Агенцијата за Промоција и Поддршка на туризмот, како и сите криминалии што се направени во изминативе 6 години директорување. Секој кој мисли дека ќе избега од одговорност сега, верувајте народот нема да дозволи да се бега од одговорност после 8-ми Мај кога Владата и Туризмот ќе претрпат сериозни реформи и конечно ќе се постават здрави темели на функционирање. ПС Има еден факт – ВМРО кога ја предводи власта туризмот цвета, СДСМ кога ја предводи, криминалот во туризмот цвета, пишува Блажевски во својата објава.

The post Блажевски: Јаневски е разрешен од директорската позиција, не е дека сам си понел оставка appeared first on Република.

]]>
Грција заработи речиси 18 милијарди евра од туризам во нецела 2023 година https://republika.mk/vesti/balkan/grtsija-zaraboti-rechisi-18-milijardi-evra-od-turizam-vo-netsela-2023-godina/ Tue, 21 Nov 2023 14:17:13 +0000 https://republika.mk/?p=714825

Во првите девет месеци од годинава, односно во периодот од јануари до септември приходите на Грција од туризмот се зголемиле за 15,2 отсто во споредба со лани и достигнуваат речиси 18 милијарди евра, според податоците од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно, во истиот период, за 17,3 проценти се зголемил и бројот на туристи кои ја посетиле Грција, односно регистрирани биле 27,79 милиони патници, наспроти 23,68 милиони лани.

Поконкретно, преку аеродромите пристигнале за 11,7 отсто повеќе туристи, а преку копнените гранични премини имало за 36,7 проценти повеќе патници.

Од Банката на Грција посочуваат дека зголемувањето на приходите од туризмот се должи на зголемувањето на бројот на туристи, бидејќи просечната потрошувачка по патување е намалена за 2,5 отсто.

The post Грција заработи речиси 18 милијарди евра од туризам во нецела 2023 година appeared first on Република.

]]>

Во првите девет месеци од годинава, односно во периодот од јануари до септември приходите на Грција од туризмот се зголемиле за 15,2 отсто во споредба со лани и достигнуваат речиси 18 милијарди евра, според податоците од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Паралелно, во истиот период, за 17,3 проценти се зголемил и бројот на туристи кои ја посетиле Грција, односно регистрирани биле 27,79 милиони патници, наспроти 23,68 милиони лани. Поконкретно, преку аеродромите пристигнале за 11,7 отсто повеќе туристи, а преку копнените гранични премини имало за 36,7 проценти повеќе патници. Од Банката на Грција посочуваат дека зголемувањето на приходите од туризмот се должи на зголемувањето на бројот на туристи, бидејќи просечната потрошувачка по патување е намалена за 2,5 отсто.

The post Грција заработи речиси 18 милијарди евра од туризам во нецела 2023 година appeared first on Република.

]]>
Швајцарската програма работи на развојот на активниот туризам во земјава: Wine Berry и Sherpa Horse Riding, заедно создаваат уникатна и автентично македонска понуда https://republika.mk/zivot/patuvanja/shvajtsarskata-programa-raboti-na-razvojot-na-aktivniot-turizam-vo-zemjava-wine-berry-i-sherpa-horse-riding-zaedno-sozdavaat-unikatna-i-avtentichno-makedonska-ponuda/ Thu, 16 Nov 2023 17:11:46 +0000 https://republika.mk/?p=714429

Wine Berry стана дел од проектот на Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост - ИМЕ која континуирано работи на развојот на активниот туризам во земјава. Со овој проект, се поддржуваат малите македонски семејни винарии и нивното поврзување со национални тур-оператори во насока на зголемен економски развој.

Во овој проект Wine Berry и Sherpa Horse Riding, заедно создаваат уникатна и автентично македонска понуда, јавање коњи низ недопрената природа на Бистра и Стогово каде што страста за јавање коњи се спојува со убавината на виното и се дополнува со ново, уникатно искуство - дегустација на македонски вина. На овој начин не само што се претставуваат македонските винарии пред светот, туку и се поттикнува свеста за заштита на животната средина и одржливиот пристап во туризмот. Понатаму промоцијата на малите семејни винарии продолжува преку заедничкото претставување на интернационални саеми, како што е Wine Vision by Open Balkan, аплицирање за наградување на вината, организирани посети и дегустациски тури, како и други типови промоција преку различни комуникациски канали достапни за јавноста.

Целосната сторија подготвена од Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост - ИМЕ е достапна на следниот ЛИНК.

The post Швајцарската програма работи на развојот на активниот туризам во земјава: Wine Berry и Sherpa Horse Riding, заедно создаваат уникатна и автентично македонска понуда appeared first on Република.

]]>

Wine Berry стана дел од проектот на Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост - ИМЕ која континуирано работи на развојот на активниот туризам во земјава. Со овој проект, се поддржуваат малите македонски семејни винарии и нивното поврзување со национални тур-оператори во насока на зголемен економски развој. Во овој проект Wine Berry и Sherpa Horse Riding, заедно создаваат уникатна и автентично македонска понуда, јавање коњи низ недопрената природа на Бистра и Стогово каде што страста за јавање коњи се спојува со убавината на виното и се дополнува со ново, уникатно искуство - дегустација на македонски вина. На овој начин не само што се претставуваат македонските винарии пред светот, туку и се поттикнува свеста за заштита на животната средина и одржливиот пристап во туризмот. Понатаму промоцијата на малите семејни винарии продолжува преку заедничкото претставување на интернационални саеми, како што е Wine Vision by Open Balkan, аплицирање за наградување на вината, организирани посети и дегустациски тури, како и други типови промоција преку различни комуникациски канали достапни за јавноста. Целосната сторија подготвена од Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост - ИМЕ е достапна на следниот ЛИНК.    

The post Швајцарската програма работи на развојот на активниот туризам во земјава: Wine Berry и Sherpa Horse Riding, заедно создаваат уникатна и автентично македонска понуда appeared first on Република.

]]>
Португалија e водечка туристичка дестинација во Европа за 2023 година https://republika.mk/zivot/patuvanja/portugalija-e-vodechka-turistichka-destinatsija-vo-evropa-za-2023-godina/ Sat, 07 Oct 2023 08:45:34 +0000 https://republika.mk/?p=685956

Португалија e прогласена за „Водечка европска дестинација 2023“ на 30. церемонија на Светските награди за патувања (WTA), што се одржа во Батуми, Грузија.

Португалија освои вкупно 17 европски награди во различни категории. Најважните моменти ги вклучуваат градот Порто, именуван како „Водечка дестинација за одмор во Европа“, Алгарве, победник на „Водечка дестинација за плажа на Европа“, Лисабон како „Водечка градска дестинација во Европа“, Мадеира, „Водечка дестинација за островот во Европа“ и Пасадесос, во Арука, како „Водечка европска авантуристичка туристичка атракција во 2023 година“.

Оваа награда е меѓународно признание за Португалија, нејзините компании, работници и португалски народ. Тоа е награда која ја фали извонредноста на нашиот туризам и неговото уникатно закрепнување по пандемијата. Португалија е најдобрата европска дестинација. Исто така, сакам да им честитам на сите компании и територии кои исто така освоија награди во различни категории“, изјави Нуно Фазенда, државен секретар за туризам, трговија и услуги.

The post Португалија e водечка туристичка дестинација во Европа за 2023 година appeared first on Република.

]]>

Португалија e прогласена за „Водечка европска дестинација 2023“ на 30. церемонија на Светските награди за патувања (WTA), што се одржа во Батуми, Грузија. Португалија освои вкупно 17 европски награди во различни категории. Најважните моменти ги вклучуваат градот Порто, именуван како „Водечка дестинација за одмор во Европа“, Алгарве, победник на „Водечка дестинација за плажа на Европа“, Лисабон како „Водечка градска дестинација во Европа“, Мадеира, „Водечка дестинација за островот во Европа“ и Пасадесос, во Арука, како „Водечка европска авантуристичка туристичка атракција во 2023 година“.
Оваа награда е меѓународно признание за Португалија, нејзините компании, работници и португалски народ. Тоа е награда која ја фали извонредноста на нашиот туризам и неговото уникатно закрепнување по пандемијата. Португалија е најдобрата европска дестинација. Исто така, сакам да им честитам на сите компании и територии кои исто така освоија награди во различни категории“, изјави Нуно Фазенда, државен секретар за туризам, трговија и услуги.

The post Португалија e водечка туристичка дестинација во Европа за 2023 година appeared first on Република.

]]>
Јаневски: Туризмот како никогаш до сега е потребен на државните економии на земјите од Балканот https://republika.mk/zivot/patuvanja/janevski-turizmot-kako-nikogash-do-sega-e-potreben-na-drzhavnite-ekonomii-na-zemjite-od-balkanot/ Fri, 06 Oct 2023 17:07:27 +0000 https://republika.mk/?p=688668

На регионалната конференција за туризам под наслов “CHECK IN” која се одржува во градот Требиње на 5 и 6 октомври ќе се обработат преку дискусии новите трендови во туристичката индустрија, како и постигнатите туристички резултати на балканските земји за првата половина од 2023 година. На конференцијата во првиот панел „Резултатите во туризмот и кои мерки треба да бидат воведени за стимулирање на туристичкиот раст“ зема учество и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, д-р Љупчо Јаневски заедно со министерот за трговија и туризам на Република Српска, г-дин Денис Шулиќ, министерката за животна средина и туризам на Босна и Херцеговина, д-р спец. Насиха Поздер и државниот секретар при министерството за туризам и млади на Република Србија, г-дин Урош Кандиќ.

Панелистите во своите излагања ја потенцираа успешноста на 2023 година од туристички аспект и потребата за уште поголем фокус на втората половина од годината за задржување на растот и овозможување на подобар старт во следната година. Предвидувањата според присутните се дека ќе бидеме соочени со голем број предизвици на регионално ниво предизвикани од нестабилната економска состојба во Европа.

“Како никогаш до сега туристичкиот сектор им е потребен на државните економии и неговото значење и моќ ќе бидат видливи во наредните години уште повеќе, фокусирајки се на целите за 2025 година во која треба да се надминат 3,7 милиони ноќевања и повеќе од 600 милиони долари туристички промет во македонската економија. За да продолжиме во ист ритам потребно е релевантните институции на државно ниво да имаат поголем фокус на туристичката индустрија овозможувајки поголеми буџети и вмрежуваање во регионот, бидејки за далечните дестинации Балканот како регион е една туристичка дестинација. Вложувањето во човечките ресурси во туристичката индустрија, брендирањето на дестинацијата и нејзината оддржливост е од круцијално значење и растот на дестинациите ќе зависи токму од флуктуацијата на стручните луге во индустријата и генерално перцепцијата на дестинацијата на странските пазари. Пред нас следи долго патување кое сме го започнале, а резултатите се веќе видливи и несомнено треба да се продолжи со дигитализацијата и применување на новите светски практики во туристичката индустрија ”, - истакна Јаневски.

Јаневски додаде дека значењето на конференцијата “CHECK IN” е зајакнато со остварувањето на големиот број на состаноци преку кои е започнат процесот на договор околу зголемување на соработката со федерацијата Босна и Херцеговина. Ќе се реализираат В2В средби на туристичките сектори и зголемена промоција на двете дестинации преку инфлуенсери и медиуми, како и организација на информативни патувања. Ќе се продолжи соработката со Република Србија со цел да се задржи растот на српските туристи и во наредните две години и продолжување на нивниот престој, овозможен со зголемена понуда и посета на поголем број на атракции, како и силен фокус на ено-гастро концептот во Македонија. Со новото авионско поврзување Скопје-Сараево бројот на туристите од БиХ се очекува да се зголеми и да ги надмине резултатите од 2019 година што ќе помогне во достигнување на зацртаните цели во македонскиот туристички сектор за 2023 година.

The post Јаневски: Туризмот како никогаш до сега е потребен на државните економии на земјите од Балканот appeared first on Република.

]]>

На регионалната конференција за туризам под наслов “CHECK IN” која се одржува во градот Требиње на 5 и 6 октомври ќе се обработат преку дискусии новите трендови во туристичката индустрија, како и постигнатите туристички резултати на балканските земји за првата половина од 2023 година. На конференцијата во првиот панел „Резултатите во туризмот и кои мерки треба да бидат воведени за стимулирање на туристичкиот раст“ зема учество и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, д-р Љупчо Јаневски заедно со министерот за трговија и туризам на Република Српска, г-дин Денис Шулиќ, министерката за животна средина и туризам на Босна и Херцеговина, д-р спец. Насиха Поздер и државниот секретар при министерството за туризам и млади на Република Србија, г-дин Урош Кандиќ. Панелистите во своите излагања ја потенцираа успешноста на 2023 година од туристички аспект и потребата за уште поголем фокус на втората половина од годината за задржување на растот и овозможување на подобар старт во следната година. Предвидувањата според присутните се дека ќе бидеме соочени со голем број предизвици на регионално ниво предизвикани од нестабилната економска состојба во Европа. “Како никогаш до сега туристичкиот сектор им е потребен на државните економии и неговото значење и моќ ќе бидат видливи во наредните години уште повеќе, фокусирајки се на целите за 2025 година во која треба да се надминат 3,7 милиони ноќевања и повеќе од 600 милиони долари туристички промет во македонската економија. За да продолжиме во ист ритам потребно е релевантните институции на државно ниво да имаат поголем фокус на туристичката индустрија овозможувајки поголеми буџети и вмрежуваање во регионот, бидејки за далечните дестинации Балканот како регион е една туристичка дестинација. Вложувањето во човечките ресурси во туристичката индустрија, брендирањето на дестинацијата и нејзината оддржливост е од круцијално значење и растот на дестинациите ќе зависи токму од флуктуацијата на стручните луге во индустријата и генерално перцепцијата на дестинацијата на странските пазари. Пред нас следи долго патување кое сме го започнале, а резултатите се веќе видливи и несомнено треба да се продолжи со дигитализацијата и применување на новите светски практики во туристичката индустрија ”, - истакна Јаневски. Јаневски додаде дека значењето на конференцијата “CHECK IN” е зајакнато со остварувањето на големиот број на состаноци преку кои е започнат процесот на договор околу зголемување на соработката со федерацијата Босна и Херцеговина. Ќе се реализираат В2В средби на туристичките сектори и зголемена промоција на двете дестинации преку инфлуенсери и медиуми, како и организација на информативни патувања. Ќе се продолжи соработката со Република Србија со цел да се задржи растот на српските туристи и во наредните две години и продолжување на нивниот престој, овозможен со зголемена понуда и посета на поголем број на атракции, како и силен фокус на ено-гастро концептот во Македонија. Со новото авионско поврзување Скопје-Сараево бројот на туристите од БиХ се очекува да се зголеми и да ги надмине резултатите од 2019 година што ќе помогне во достигнување на зацртаните цели во македонскиот туристички сектор за 2023 година.

The post Јаневски: Туризмот како никогаш до сега е потребен на државните економии на земјите од Балканот appeared first on Република.

]]>
АППТ: Туристичката и културната дипломатија уште еднаш ги покажаа своите можности и моќи во поврзување на народите https://republika.mk/zivot/patuvanja/appt-turistichkata-i-kulturnata-diplomatija-ushte-ednash-gi-pokazhaa-svoite-mozhnosti-i-moki-vo-povrzuvane-na-narodite/ Tue, 05 Sep 2023 10:20:38 +0000 https://republika.mk/?p=678949

Во рамките на одбележување на Деновите на македонската култура во градот Шибеник, Република Хрватска, кои започнаа во саботата 02.09.2023 година, на свеченото отворање од страна на раководството на Македонско-хрватската тангента се доделија наградите за достигнувања во унапредување на соработката помеѓу двете земји на повеќе полиња. Помеѓу добитниците на овие признанија се градоначалникот на општината Шибеник Жељко Буриќ, директорот на шибеничкиот музеј Жељко Крнчевиќ и Љупчо Јаневски директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.

Туристичката и културната дипломатија уште еднаш ги покажаа своите можности и моќи во поврзување на народите и градењето на мостови на соработка, а  коишто  треба секојдневно да се зацврстуваат како нишка на комуникација помегу хрватскиот и македонскиот народ на полето од туризмот и културата. Не смееме  да останеме рамнодушни на позитивната енергија која ја наметна Македонско-хрватската тангента, нејзините членови и нивната неуморна работа во остварување на визијата која е исправена пред нив. Наше е да работиме и помогнеме во достигнување на уште поголеми височини кои не носат кон трајни вредности помеѓу двата народи, истакна Јаневски.

Делегацијата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот предводена од директорот д-р Љупчо Јаневски покрај активностите во рамките на одбележувањето на македонските денови на кутурата во Шибеник оствари средби со градоначалникот на Шибеник, Жељко Буриќ, директорот на Туристичката организација на градот Шибеник, како и средба во општината Примоштен со кој Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот има потпишано меморандум за соработка на полето од туризмот.

Овие средби се значајни од аспект на запознавање со искуствата и практиките во реализација на европските фондови и значајните дела кои во последните десет години градот Шибеник ги реализираше во подобрување на туристичката клима во дестинациите, овозможувајки троцифрен раст на туристичкото влијание врз локалниот економски развој. Во периодот што следува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, заедно со тимовите на овие општини ќе подготвува проектна документација за аплицирање на многубројните европски фондови, со цел зајакнување на капацитетите на туристичките производи и инфраструктурата во руралните средини.

The post АППТ: Туристичката и културната дипломатија уште еднаш ги покажаа своите можности и моќи во поврзување на народите appeared first on Република.

]]>

Во рамките на одбележување на Деновите на македонската култура во градот Шибеник, Република Хрватска, кои започнаа во саботата 02.09.2023 година, на свеченото отворање од страна на раководството на Македонско-хрватската тангента се доделија наградите за достигнувања во унапредување на соработката помеѓу двете земји на повеќе полиња. Помеѓу добитниците на овие признанија се градоначалникот на општината Шибеник Жељко Буриќ, директорот на шибеничкиот музеј Жељко Крнчевиќ и Љупчо Јаневски директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.
Туристичката и културната дипломатија уште еднаш ги покажаа своите можности и моќи во поврзување на народите и градењето на мостови на соработка, а  коишто  треба секојдневно да се зацврстуваат како нишка на комуникација помегу хрватскиот и македонскиот народ на полето од туризмот и културата. Не смееме  да останеме рамнодушни на позитивната енергија која ја наметна Македонско-хрватската тангента, нејзините членови и нивната неуморна работа во остварување на визијата која е исправена пред нив. Наше е да работиме и помогнеме во достигнување на уште поголеми височини кои не носат кон трајни вредности помеѓу двата народи, истакна Јаневски.
Делегацијата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот предводена од директорот д-р Љупчо Јаневски покрај активностите во рамките на одбележувањето на македонските денови на кутурата во Шибеник оствари средби со градоначалникот на Шибеник, Жељко Буриќ, директорот на Туристичката организација на градот Шибеник, како и средба во општината Примоштен со кој Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот има потпишано меморандум за соработка на полето од туризмот. Овие средби се значајни од аспект на запознавање со искуствата и практиките во реализација на европските фондови и значајните дела кои во последните десет години градот Шибеник ги реализираше во подобрување на туристичката клима во дестинациите, овозможувајки троцифрен раст на туристичкото влијание врз локалниот економски развој. Во периодот што следува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, заедно со тимовите на овие општини ќе подготвува проектна документација за аплицирање на многубројните европски фондови, со цел зајакнување на капацитетите на туристичките производи и инфраструктурата во руралните средини.  

The post АППТ: Туристичката и културната дипломатија уште еднаш ги покажаа своите можности и моќи во поврзување на народите appeared first on Република.

]]>
АППТ: Бројот на туристи зголемен за 30,1 отсто https://republika.mk/zivot/patuvanja/appt-brojot-na-turisti-zgolemen-za-30-1-otsto/ Thu, 24 Aug 2023 19:58:01 +0000 https://republika.mk/?p=675542

На денешната презентација на стратешкото планирање за следната 2024 година од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот – АППТ и презентираните резултати  за првата половина од 2023 година,  директорот  д-р Љупчо Јаневски пред присутните стави акцент на потребата од континуирана работа и точки на подобрување во македонскиот туристички сектор.

Резултатите во првата половина од годината во целост го потврдија стратешкото планирање на Агенцијата за 2023 година кои се базирани на надминување на резултатите од 2019 година, притоа  предвидувајки го спорото закрепнување на неколку традиционални пазари и концентрирајки се на примарни пазари кои постигнаа за 20-50% подобри резултати споредбено 2019/2023 година.

Зголеменото на портфолио од дестинации од кои имаме гости во нашите туристички места и традиционалните пазари создадоа исполнетост на сместувачките капацитети за повеќе од 90% во месеците јули и август, додека резервациите продолжуваат до крајот на октомври потврдувајќи ги целите од 3,3 милиони ноќевања и повеќе од 530 милиони долари туристички промет оваа година во македонската економија од туризмот.

Овие резултати преставуваат силна порака до сите нас дека „Целта е достижна и треба да продолжиме со континуирана работа сите заедно за надминување на 3,7 милиони ноќевања во 2025 година , 600 милиони долари и 40.000 вработувања во македонскиот туристички сектор“  истакна на презентацијата Јаневски.
Доколку го компарираме учеството на туризмот во бруто домашниот производ - БДП низ последнате години од  2011 кога изнесувал 0,4 %, во 2018 2,4%,  за во 2022 година изнесува 3,6%, постигнувајки  481 милион долари, сврстувајќи го македонскиот туристички сектор во првите 10 земји  со раст според Светската Туристичка Организација ( UNWTO).

Македонските туристички потенцијали ќе се промовираат на примарните и секундарни пазари за 2024 година, односно Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Словенија, Хрватска, Турција, Полска, Романија, Словачка, Велика Британија и Италија.  Овие пазари во последните пет години се помеѓу првите 10 земји по број на туристи и остварени ноќевања. Медиумската кампања ќе биде интегрирана  со интернационалните саемски преставувања заедно со туристичкиот сектор  на светските  саеми за туризам во Мадрид, Истанбул, Белград, Берлин, Загреб, Тирана, Букурешт, Милано, Римини, Сингапур, Њујорк, Лондон, Варшава, Измир и овозможување на поголем број B2B средби, презентации  и видливост на Република Македонија на светската туристичка мапа, довршување на националното туристичко брендирање, националната туристичка кампања во светски рамки како и продолжување на досегашните одлични практики во дигиталното промовирање од страна на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Отпочнување на туристичко брендирање на градовите во соработка со локалната самоуправа односно Скопје – градот на солидарноста е предвиден за програмата во 2024 кој ќе ги покаже ефектите и правецот за понатамошното делување на ова поле. Силен фокус на инфлуенсерите, блогерите и медиумите преку реализација на информативни патувања откривајки ја последната неоткриена туристичка дестинација за голем број на слободни патувачи

Секторот поддршка ќе се концентрира на проекти кои овозможуваат трајно зајакнување и развивање на концепти кои веќе успешно функционираат во светски рамки ,односно развој на активниот туризам преку проектот „10 планински врвови“ овозможувајки нови планински патеки, водич за движење во планина како и апликативно решение за сите планински патеки во земјата која има повеќе од 80% планини во својот рељеф.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот како оптествено одговорна институција ќе се најде во проектот ,,Децата цртаат за татковината“, во кои преку соработка со институциите ќе бидат вклучени децата со попреченост каде нивната визија за татковината ќе биде преточена низ цртежи, а истите ќе бидат изложени на разни културни манифестации.
Развој на руралниот туризам преку повеќегодишниот проект „50 рурални села - 50  туристички приказни“ кој во следните години ќе овозможи повеќе од 500 категоризирани соби во селските средини, развој на агро туризмот, зголемен број на зелени работни места и позитивен развој на локалната економија .
Означување на винските патишта , дегустациски центри, патно означување со знаци, апликативни решенија кои ќе доведат до силен развој на ено-гастро туристичкиот концепт кој забрзано се развива во последните две години.
Подобрен модел на субвенционирање кој ќе овозможи развојна компонента во дестинацијата и за прв пат модел за субвенционирање на домашните туристи за домашните гости кој според проценките во 2024 година може да донесе 500.000 ноќевања повеќе од домашните туристи во ниската сезона во туристичкиот сектор.Зајакнување на АППТ со регионални канцаларии – ДМО кои ќе го интегрираат туристичкиот сектор во дестинациите во креирање на туристичките стратегии и политики  на локално ниво.
Брендирање на граничните премини  и наплатните рампи низ државата како прв чекор во градење и зајакнување на националниот туристички бренд.
Стратешкото планирање на АППТ за 2024 година е во корелација со стратешките согледувања на Светската туристичка организација (UNWTO)  во поглед на превземање на активности и можности за развој на туризмот во нашата држава
Ова се чекорите кои Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот се креирани заедно со советот на Агенцијата во кој членуваат сите релевантни туристички чинители јасно покажувајки го фокусот за следните години во македонскиот туризам. Затоа ве повикувам да продолжиме во градење на туризмот кој според моето убедување докажа и ќе докаже со резултатите во блиска иднина дека преставува значајна економска гранка која ќе донесе раст на македонската економија. Имаме можност, каков туристички сектор ќе изградиме во таков ќе работиме и оставиме на генерациите после нас“ истакна на крајот од своето излагање Јаневски

The post АППТ: Бројот на туристи зголемен за 30,1 отсто appeared first on Република.

]]>

На денешната презентација на стратешкото планирање за следната 2024 година од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот – АППТ и презентираните резултати  за првата половина од 2023 година,  директорот  д-р Љупчо Јаневски пред присутните стави акцент на потребата од континуирана работа и точки на подобрување во македонскиот туристички сектор. Резултатите во првата половина од годината во целост го потврдија стратешкото планирање на Агенцијата за 2023 година кои се базирани на надминување на резултатите од 2019 година, притоа  предвидувајки го спорото закрепнување на неколку традиционални пазари и концентрирајки се на примарни пазари кои постигнаа за 20-50% подобри резултати споредбено 2019/2023 година. Зголеменото на портфолио од дестинации од кои имаме гости во нашите туристички места и традиционалните пазари создадоа исполнетост на сместувачките капацитети за повеќе од 90% во месеците јули и август, додека резервациите продолжуваат до крајот на октомври потврдувајќи ги целите од 3,3 милиони ноќевања и повеќе од 530 милиони долари туристички промет оваа година во македонската економија од туризмот. Овие резултати преставуваат силна порака до сите нас дека „Целта е достижна и треба да продолжиме со континуирана работа сите заедно за надминување на 3,7 милиони ноќевања во 2025 година , 600 милиони долари и 40.000 вработувања во македонскиот туристички сектор“  истакна на презентацијата Јаневски. Доколку го компарираме учеството на туризмот во бруто домашниот производ - БДП низ последнате години од  2011 кога изнесувал 0,4 %, во 2018 2,4%,  за во 2022 година изнесува 3,6%, постигнувајки  481 милион долари, сврстувајќи го македонскиот туристички сектор во првите 10 земји  со раст според Светската Туристичка Организација ( UNWTO). Македонските туристички потенцијали ќе се промовираат на примарните и секундарни пазари за 2024 година, односно Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Словенија, Хрватска, Турција, Полска, Романија, Словачка, Велика Британија и Италија.  Овие пазари во последните пет години се помеѓу првите 10 земји по број на туристи и остварени ноќевања. Медиумската кампања ќе биде интегрирана  со интернационалните саемски преставувања заедно со туристичкиот сектор  на светските  саеми за туризам во Мадрид, Истанбул, Белград, Берлин, Загреб, Тирана, Букурешт, Милано, Римини, Сингапур, Њујорк, Лондон, Варшава, Измир и овозможување на поголем број B2B средби, презентации  и видливост на Република Македонија на светската туристичка мапа, довршување на националното туристичко брендирање, националната туристичка кампања во светски рамки како и продолжување на досегашните одлични практики во дигиталното промовирање од страна на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Отпочнување на туристичко брендирање на градовите во соработка со локалната самоуправа односно Скопје – градот на солидарноста е предвиден за програмата во 2024 кој ќе ги покаже ефектите и правецот за понатамошното делување на ова поле. Силен фокус на инфлуенсерите, блогерите и медиумите преку реализација на информативни патувања откривајки ја последната неоткриена туристичка дестинација за голем број на слободни патувачи
Секторот поддршка ќе се концентрира на проекти кои овозможуваат трајно зајакнување и развивање на концепти кои веќе успешно функционираат во светски рамки ,односно развој на активниот туризам преку проектот „10 планински врвови“ овозможувајки нови планински патеки, водич за движење во планина како и апликативно решение за сите планински патеки во земјата која има повеќе од 80% планини во својот рељеф. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот како оптествено одговорна институција ќе се најде во проектот ,,Децата цртаат за татковината“, во кои преку соработка со институциите ќе бидат вклучени децата со попреченост каде нивната визија за татковината ќе биде преточена низ цртежи, а истите ќе бидат изложени на разни културни манифестации. Развој на руралниот туризам преку повеќегодишниот проект „50 рурални села - 50  туристички приказни“ кој во следните години ќе овозможи повеќе од 500 категоризирани соби во селските средини, развој на агро туризмот, зголемен број на зелени работни места и позитивен развој на локалната економија . Означување на винските патишта , дегустациски центри, патно означување со знаци, апликативни решенија кои ќе доведат до силен развој на ено-гастро туристичкиот концепт кој забрзано се развива во последните две години. Подобрен модел на субвенционирање кој ќе овозможи развојна компонента во дестинацијата и за прв пат модел за субвенционирање на домашните туристи за домашните гости кој според проценките во 2024 година може да донесе 500.000 ноќевања повеќе од домашните туристи во ниската сезона во туристичкиот сектор.Зајакнување на АППТ со регионални канцаларии – ДМО кои ќе го интегрираат туристичкиот сектор во дестинациите во креирање на туристичките стратегии и политики  на локално ниво. Брендирање на граничните премини  и наплатните рампи низ државата како прв чекор во градење и зајакнување на националниот туристички бренд. Стратешкото планирање на АППТ за 2024 година е во корелација со стратешките согледувања на Светската туристичка организација (UNWTO)  во поглед на превземање на активности и можности за развој на туризмот во нашата држава Ова се чекорите кои Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот се креирани заедно со советот на Агенцијата во кој членуваат сите релевантни туристички чинители јасно покажувајки го фокусот за следните години во македонскиот туризам. Затоа ве повикувам да продолжиме во градење на туризмот кој според моето убедување докажа и ќе докаже со резултатите во блиска иднина дека преставува значајна економска гранка која ќе донесе раст на македонската економија. Имаме можност, каков туристички сектор ќе изградиме во таков ќе работиме и оставиме на генерациите после нас“ истакна на крајот од своето излагање Јаневски

The post АППТ: Бројот на туристи зголемен за 30,1 отсто appeared first on Република.

]]>
Агенцијата за туризам и Заедницата на Хрвати во Македонија ќе работат на проекти за зацврстување на туристичката соработка меѓу Македонија и Хрватска https://republika.mk/zivot/patuvanja/agentsijata-za-turizam-i-zaednitsata-na-hrvati-vo-makedonija-ke-rabotat-na-proekti-za-zatsvrstuvane-na-turistichkata-sorabotka-megu-makedonija-i-hrvatska/ Tue, 08 Aug 2023 12:44:49 +0000 https://republika.mk/?p=670017

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот имаше чест и задоволство, како и можност да сподели искуства и да прими конструктивни совети од г-дин Валтер Флего, член на Европскиот парламент, претставник на Renew Europe (Renew) либерална, проевропска политичка групација.
На денешниот состанок со директорот Јаневски и претставници од Заедницата на Хрвати во Македонија европратеникот Флего имаше можност да дознае повеќе за предизвиците со кои се соочува македонскиот туризам, за стратешките планови на Агенцијата за туризам за 2024 година, за потребата од реорганизација во Национална туристичка организација и следните чекори во туризмот да се насочат кон создавање на дестинациски менаџмет организации- ДМО преку кои ќе се овозможи реалните проблеми да се детектираат и да ги усогласат со вистинските потреби.
Европратеникот Валтер Флего своето долгогодишно искуство во туристичкиот развој на Истарската жупанија го сподели искуството за значењето на одржливост на дестинациите и одговорно патување, за да се зачува автентичноста на туристичките локации, но и за недостатоците на масовниот туризам.
Европратеникот го посети Охрид, културните и историските знаменитости на градот, воодушевен е од убавината на регионот и гастрономските специјалитети.
Агенцијата за туризам и Заедницата на Хрвати во Македонија која посредува во делот на оперативните програми  и  ги спроведува во рамките на своите годишни активности, во блиска иднина ќе работат на проекти за зацврстување на туристичката соработка помеѓу Македонија и Република Хрватска.

The post Агенцијата за туризам и Заедницата на Хрвати во Македонија ќе работат на проекти за зацврстување на туристичката соработка меѓу Македонија и Хрватска appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот имаше чест и задоволство, како и можност да сподели искуства и да прими конструктивни совети од г-дин Валтер Флего, член на Европскиот парламент, претставник на Renew Europe (Renew) либерална, проевропска политичка групација. На денешниот состанок со директорот Јаневски и претставници од Заедницата на Хрвати во Македонија европратеникот Флего имаше можност да дознае повеќе за предизвиците со кои се соочува македонскиот туризам, за стратешките планови на Агенцијата за туризам за 2024 година, за потребата од реорганизација во Национална туристичка организација и следните чекори во туризмот да се насочат кон создавање на дестинациски менаџмет организации- ДМО преку кои ќе се овозможи реалните проблеми да се детектираат и да ги усогласат со вистинските потреби.
Европратеникот Валтер Флего своето долгогодишно искуство во туристичкиот развој на Истарската жупанија го сподели искуството за значењето на одржливост на дестинациите и одговорно патување, за да се зачува автентичноста на туристичките локации, но и за недостатоците на масовниот туризам. Европратеникот го посети Охрид, културните и историските знаменитости на градот, воодушевен е од убавината на регионот и гастрономските специјалитети.
Агенцијата за туризам и Заедницата на Хрвати во Македонија која посредува во делот на оперативните програми  и  ги спроведува во рамките на своите годишни активности, во блиска иднина ќе работат на проекти за зацврстување на туристичката соработка помеѓу Македонија и Република Хрватска.

The post Агенцијата за туризам и Заедницата на Хрвати во Македонија ќе работат на проекти за зацврстување на туристичката соработка меѓу Македонија и Хрватска appeared first on Република.

]]>
АППТ со туристичка анализа: Со континуиран туристички раст целите за 2025 година се 3,7 милиони ноќевања https://republika.mk/zivot/patuvanja/appt-so-turistichka-analiza-so-kontinuiran-turistichki-rast-tselite-za-2025-godina-se-3-7-milioni-nokevana/ Fri, 21 Jul 2023 11:29:57 +0000 https://republika.mk/?p=663907

Според стратешкото планирање на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2023 година кое е продолжување на предходните две се е насочено кон постигнување на резултатите од 2019 година, нивно надминување со целта од 3,3 милиони ноќевања. Очекувањата се  повеќе од 530 милиони долари промет од туристичката индустрија да се влеат во македонската економија. Туризмот како област е многу чуствителен на опкружувањето и голем број процеси влијаат дирекно или индирекно врз неговато планирање, успешност, раст и развој. Токму годинава туризмот во Македонија e исправен пред неколку предизвици, односно надополнување на бугарските туристи и ноќевања кои очигледно поради специфичните политички односи помеѓу двете земји ќе недостасуваат посетителите од Бугарија, намалувањето на минусот на албанските и косовските туристи кои патуваат во други дестинации бидејки последните две години поради пандемијата максимално беа насочени кон нашите дестинации. Поради овие три пазари, се мисли на албанскиот, косовскиот и бугарскиот враќањето на резултатите од 2019 година се очекува да биде во втората половина на 2023. Минисот од овие туристи ќе се амортизира со зголемениот број  на туристи од Хрватска, Србија, Романија, Tурција, Словенија.
Сепак 2023 година треба да покаже дека отворањето на нови пазари, воспоставувањето на нови чартери и редовни линии, реализацијата на првиот дел на  медиумската кампања од страна на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот веќе во првите пет месеци од 2023 година создаваат позитивна клима и раст на холандските, турските, романските, англиските, српските туристи надополнети со други секундарни пазари, од кои се очекува раст од 20% до 30%. Овие резултати нема да беа возможни доколку сите заедно во македонскиот туристички сектор низ изминатите три години неуморно работевме, прилагодувајки се на новата реалност во туристичката индустрија.
Скок на гости во првите пет  месеци 2019/2023 година се бележи од турските, романските, српските туристи како и остварени ноќевања со што 2023 година ги има сите услови кумулативно да ја надмине 2019 година по бројот и остварените ноќевања приближувајки се до 530 милиони долари девизен прилив од туризмот во македонската економија. Овие резултати не може да се постигнат без заедничка работа на сите во туристичката индустрија секој ден, верувајки и градејќи доверба едни кон други.
Позитивни резултати се забележани во Охридскиот и Скопскиот регион, во првите пет месеци за 2023 година има раст на бројот на туристи и остварени ноќевања.
Стратешките планови подготвени од тимот на Агенцијата за туризам во целост се покажаа како ефикасни и реални остварувајки ги своите цели во последните години. Растот на туризмот во Македонија не се случува стихијно туку во последните пет години планирано и мерливо.
Доколку го компарираме учеството на туризмот во бруто домашниот производ - БДП во 2011 изнесувал 0,4%, 2018 2,4% додека во 2022 година изнесува 3,6%, достигнувајки 481 милион долари. Доколку ги споредиме првите квартали (Q1) на приливот од туризмот 2018/2019/2020/2021/2022 година и покрај пандемијата која започна во 2020 година нема забележено пад, што не може да се случи ако изостанува планирање, мерливост и евалуација на стратешките планови во АППТ.  За прв пат во првиот квартал на 2023 година туризмот во македонската економија влеал 93 милиони долари што е за 19% повеќе од 2022 година или 41% повеќе од 2019 година, што не охрабрува да констатираме дека сме на вистински пат да ги зацртаме целите за 2023 година и продолжиме кон целта за 2025 година кога треба да ја надминеме најуспешната 1988 година во македонскиот туризам со над 3,7 милиони ноќевања.  Согласно податоците од последните истражувања на Аналитикс и 68 комисија на Европа при Светската Туристичка Организација- UNWTO неодамна одржана во Софија за македонскиот туристички сектор, во македонската туристичка индустрија се вработени помеѓу 30000 и 33000 лица во зависност од сезоналноста што преставува околу 5% од вкупниот број на вработени во македонската економија. Со намалување на сезоналноста и зголемувањето на просечниот престој кај странските и домашните туристи ќе се зголеми бројот на вработените на неодредено време во македонскиот туристички сектор, ќе се намалат сезонските вработувања, просечна исполнетост на хотелските капацитети на годишно ниво над 45%, ќе ја зголеми просечната плата во секторот и ќе се успори миграцијата на работната сила во други држави. Оваа состојба се постигнува со долгорочна стратегија во туристичката индустрија, ново реархитектуирање на АППТ со создавање на дестинациски менаџмент организации-ДМО, вложување во човечкиот капитал,  стратегија доволно флексибилна за да одговори на се поистенчените вкусови на новите целни групи во светскиот туризам. Зголемување на буџетските сретства на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на ниво од 2020 година, и зголемување на нејзините ингеренции се нотирани како многу значајни од UNWTO, бидејки доколку не се случат ќе следи успорување на растот на нашата дестинација на среден рок. Континуирана дигитализација на секторот и создавање на Е-туризам платформа, формирање на туристичка инспекција  ќе овозможи  намалување на сивата зона во туризмот кај нас која изнесува 40-45%. Овие среднорочни планови треба да бидат јасен сигнал за странските и домашните инвеститори за нови вложувања кои ќе привлечат различни целни групи на туристи во Македонија, изјави директорот Јаневски.
Агенцијата за промоција и поддршка и покрај скромниот буџет за последните три години на креативен и иновативен начин во промоцијата на дестинацијата вклучи повеќе презентации, В2В средби во регионот, промоција во регионални и европски медиуми со насочена 100% online кампања, 360 виртуелна реалност, создаде пример како со посветеност и креативност може да се постигне многу. Во оваа насока АППТ до Владата понуди проект “Педесет рурални села – педесет туристички приказни” со кој во следните 5 години треба да се заживее селскиот туризам со повеќе од 1500 нови кревети за сместување во селските домаќинства. Иднината на македонскиот туризам е во алтернативните форми на туристичка понуда, но за тоа да стане реалност поребнa e координираност со туристичкото стопанство. Во стратешкиот план за 2024 планирани се активности за изработка на брошура “Mакедонското нематријално културно богатство (преданија, легенди приказни)”, изработка на брошура “Културен туристички мозаик”. Во делот на поддршка се предвидува означување на 225 винарии (вински патишта), означување на културно -историски локалитети и промоција на 10 планински врвови, поставени  на мобилна апликација достапна за секој посетител.
Предизвиците кои не очекуваат е кинескиот пазар кој во 2024 година треба да ја достигне својата кулминација со посета од кинеските туристи на Балканот, а и ние треба да бидеме подготвени за азиските туристи. Во оваа насока АППТ изготви информација до Владата со која посочува на потребата од побрзо издавање на визи за кинески туристи се со цел вметнување на Македонија во балканските кружни патувања на кинеските туристи кои се очекува според наши проценки да генерираат повеќе од 40000 ноќевања. Спроведувањето на законите за туристичка дејност на локално ниво се покажа како недоволен, односно општините не можат да ја препознаат моќта која ја има туризмот и можноста за локалниот економски развој. Затоа недостасуваат во поголемиот број на општини регистри на сместувачки капацитети, немаат инспектори за туризам, не водат прецизни податоци за платена туристичка такса која има намена за промовирање на дестинациите, категоризација и др. Затоа во повеќе наврати, а сега и потврдено од Светската туристичка организација-UNWTO нашите чекори во туризмот треба да се насочат кон создавање на дестинациски менаџмет организации- ДМО преку кои ќе се овозможи реалните проблеми да се детектираат и пренесат вистинските потреби во хоризонтална линија нагоре. Прераснување на АППТ во Национална туристичка организација со посебни ингеренции или Министерство за Туризам низ кои ќе се спроведуваат ребрендирањето на дестинацијата, Е- Туризам платформата, валоризацијата на дестинацијата низ различни форми на туристичка понуда, нов закон за туристичка дејност, нов систем за субвенционирање насочен кон инвестиции, јакнење на капацитетите и професионализмот на вработените и др.. Реархитектуирањето на македонскиот туристички сектор мора да се случи во наредниот пет годишен период, а дотогаш да се постигнат целите за 2025 година од 3,7 милиони ноќевања, 600 милиони долари од туризмот или повеќе од 4% во БДП, повеќе од 45000 вработени во туристичко-угостителската дејност.

The post АППТ со туристичка анализа: Со континуиран туристички раст целите за 2025 година се 3,7 милиони ноќевања appeared first on Република.

]]>

Според стратешкото планирање на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2023 година кое е продолжување на предходните две се е насочено кон постигнување на резултатите од 2019 година, нивно надминување со целта од 3,3 милиони ноќевања. Очекувањата се  повеќе од 530 милиони долари промет од туристичката индустрија да се влеат во македонската економија. Туризмот како област е многу чуствителен на опкружувањето и голем број процеси влијаат дирекно или индирекно врз неговато планирање, успешност, раст и развој. Токму годинава туризмот во Македонија e исправен пред неколку предизвици, односно надополнување на бугарските туристи и ноќевања кои очигледно поради специфичните политички односи помеѓу двете земји ќе недостасуваат посетителите од Бугарија, намалувањето на минусот на албанските и косовските туристи кои патуваат во други дестинации бидејки последните две години поради пандемијата максимално беа насочени кон нашите дестинации. Поради овие три пазари, се мисли на албанскиот, косовскиот и бугарскиот враќањето на резултатите од 2019 година се очекува да биде во втората половина на 2023. Минисот од овие туристи ќе се амортизира со зголемениот број  на туристи од Хрватска, Србија, Романија, Tурција, Словенија.
Сепак 2023 година треба да покаже дека отворањето на нови пазари, воспоставувањето на нови чартери и редовни линии, реализацијата на првиот дел на  медиумската кампања од страна на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот веќе во првите пет месеци од 2023 година создаваат позитивна клима и раст на холандските, турските, романските, англиските, српските туристи надополнети со други секундарни пазари, од кои се очекува раст од 20% до 30%. Овие резултати нема да беа возможни доколку сите заедно во македонскиот туристички сектор низ изминатите три години неуморно работевме, прилагодувајки се на новата реалност во туристичката индустрија.
Скок на гости во првите пет  месеци 2019/2023 година се бележи од турските, романските, српските туристи како и остварени ноќевања со што 2023 година ги има сите услови кумулативно да ја надмине 2019 година по бројот и остварените ноќевања приближувајки се до 530 милиони долари девизен прилив од туризмот во македонската економија. Овие резултати не може да се постигнат без заедничка работа на сите во туристичката индустрија секој ден, верувајки и градејќи доверба едни кон други.
Позитивни резултати се забележани во Охридскиот и Скопскиот регион, во првите пет месеци за 2023 година има раст на бројот на туристи и остварени ноќевања. Стратешките планови подготвени од тимот на Агенцијата за туризам во целост се покажаа како ефикасни и реални остварувајки ги своите цели во последните години. Растот на туризмот во Македонија не се случува стихијно туку во последните пет години планирано и мерливо.