труење со храна Archives - Република https://republika.mk/tema/truenje-so-hrana/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Oct 2024 14:19:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png труење со храна Archives - Република https://republika.mk/tema/truenje-so-hrana/ 32 32 Масовно труење со храна во повеќе франшизи на Мекдоналдс во САД, еден починат, десетици заболени https://republika.mk/vesti/svet/masovno-truene-so-hrana-vo-poveke-franshizi-na-mekdonalds-vo-sad-eden-pochinat-desetitsi-zaboleni/ Wed, 23 Oct 2024 14:19:06 +0000 https://republika.mk/?p=830237

Најмалку едно лице почина, десет лица се хоспитализирани, а 49 се разболеле поради труење со бактеријата Ешерихија коли во франшизи на Мекдоналдс во десет американски сојузни држави.

Американскиот Центар за контрола на болести и превенција (ЦДЦ) соопшти дека сите случаи се поврзани со хамбургерите „Quarter Pounder“ на овој познат синџир за брза храна.

ЦДЦ објави дека случаите се пријавени во Колорадо, Ајова, Канзас, Мисури, Монтана, Небраска, Орегон, Јута, Висконсин и Вајоминг, а најмногу во Колорадо – 26 случаи.

„Сите лица што ги испрашавме јаделе во Мекдоналдс, а повеќето од нив консумирале хамбургери Quarter Pounder“, наведе ЦДЦ во својот извештај.

Американската Управа за храна и лекови (ФДА) и државните здравствени органи ги истражуваат случаите. Иако точната причина сѐ уште не е потврдена, се смета дека говедското месо и кромидот се потенцијални виновници. Мекдоналдс привремено го повлече хамбургерот од продажба во областите каде се пријавени случаи.

„Безбедноста на храната е наш приоритет и ги преземеме сите неопходни мерки“, соопшти Мекдоналдс.

The post Масовно труење со храна во повеќе франшизи на Мекдоналдс во САД, еден починат, десетици заболени appeared first on Република.

]]>

Најмалку едно лице почина, десет лица се хоспитализирани, а 49 се разболеле поради труење со бактеријата Ешерихија коли во франшизи на Мекдоналдс во десет американски сојузни држави. Американскиот Центар за контрола на болести и превенција (ЦДЦ) соопшти дека сите случаи се поврзани со хамбургерите „Quarter Pounder“ на овој познат синџир за брза храна. ЦДЦ објави дека случаите се пријавени во Колорадо, Ајова, Канзас, Мисури, Монтана, Небраска, Орегон, Јута, Висконсин и Вајоминг, а најмногу во Колорадо – 26 случаи.
„Сите лица што ги испрашавме јаделе во Мекдоналдс, а повеќето од нив консумирале хамбургери Quarter Pounder“, наведе ЦДЦ во својот извештај.
Американската Управа за храна и лекови (ФДА) и државните здравствени органи ги истражуваат случаите. Иако точната причина сѐ уште не е потврдена, се смета дека говедското месо и кромидот се потенцијални виновници. Мекдоналдс привремено го повлече хамбургерот од продажба во областите каде се пријавени случаи.
„Безбедноста на храната е наш приоритет и ги преземеме сите неопходни мерки“, соопшти Мекдоналдс.

The post Масовно труење со храна во повеќе франшизи на Мекдоналдс во САД, еден починат, десетици заболени appeared first on Република.

]]>
Сомнеж за труење со храна во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската општина Аеродром https://republika.mk/vesti/skopje/somnezh-za-truene-so-hrana-vo-osnovnoto-uchilishte-gorgija-pulevski-vo-skopskata-opshtina-aerodrom/ Fri, 27 Sep 2024 11:35:44 +0000 https://republika.mk/?p=820239

Ученици од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската општина Аеродром се пожалиле на стомачни тегоби, дијареа и повраќање.

Дел од медиумите наведоа дека привремено е затворена кујната каде се приготвува храната.

Директорот на училиштето Александар Филипчев во изјава за Телма вели дека во интерес на заштита на децата денеска топол оброк не се служи во кујната.

Од Институтот за јавно здравје засега нема одговор.

The post Сомнеж за труење со храна во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската општина Аеродром appeared first on Република.

]]>

Ученици од основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската општина Аеродром се пожалиле на стомачни тегоби, дијареа и повраќање. Дел од медиумите наведоа дека привремено е затворена кујната каде се приготвува храната. Директорот на училиштето Александар Филипчев во изјава за Телма вели дека во интерес на заштита на децата денеска топол оброк не се служи во кујната. Од Институтот за јавно здравје засега нема одговор.  

The post Сомнеж за труење со храна во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската општина Аеродром appeared first on Република.

]]>
Над 120 затруени со храна во Москва, 30 се на интензивна нега https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/nad-120-zatrueni-so-hrana-vo-moskva-30-se-na-intenzivna-nega/ Mon, 17 Jun 2024 12:07:34 +0000 https://republika.mk/?p=788416

Сомнителна појава на ретко и екстремно опасно труење со храна во Москва погоди повеќе од 120 луѓе кои побарале медицинска помош, а најмалку 30 се на интензивна нега, соопштија денеска здравствените власти.

Пациентите се примени во болница со сомневање за ботулизам што се пренесува преку храна, состојба опасна по живот која го напаѓа нервниот систем и може да предизвика респираторна инсуфициенција и парализа.

Руските власти соопштија дека токсичната епидемија потекнува од салати дистрибуирани од популарната услуга за испорака преку интернет, која во неделата привремено ги прекина своите операции поради кривична истрага.

Вкупно 121 лице побарале медицинска помош“, изјави Анастасија Ракова, заменик-градоначалничка на Москва.

„Во моментот 55 лица се во тешка состојба, од кои 30 на интензивна нега“, додаде таа.

Градското тело за заштита на потрошувачите и здравјето, Роспотребнадзор, во саботата соопшти дека спроведува „епидемиолошка истрага за сомнителни случаи на ботулизам“.

Моосковското обвинителство соопшти дека покренало кривична истрага за прекршување на стандардите за безбедност на потрошувачите.

The post Над 120 затруени со храна во Москва, 30 се на интензивна нега appeared first on Република.

]]>

Сомнителна појава на ретко и екстремно опасно труење со храна во Москва погоди повеќе од 120 луѓе кои побарале медицинска помош, а најмалку 30 се на интензивна нега, соопштија денеска здравствените власти. Пациентите се примени во болница со сомневање за ботулизам што се пренесува преку храна, состојба опасна по живот која го напаѓа нервниот систем и може да предизвика респираторна инсуфициенција и парализа. Руските власти соопштија дека токсичната епидемија потекнува од салати дистрибуирани од популарната услуга за испорака преку интернет, која во неделата привремено ги прекина своите операции поради кривична истрага.
Вкупно 121 лице побарале медицинска помош“, изјави Анастасија Ракова, заменик-градоначалничка на Москва.
„Во моментот 55 лица се во тешка состојба, од кои 30 на интензивна нега“, додаде таа. Градското тело за заштита на потрошувачите и здравјето, Роспотребнадзор, во саботата соопшти дека спроведува „епидемиолошка истрага за сомнителни случаи на ботулизам“. Моосковското обвинителство соопшти дека покренало кривична истрага за прекршување на стандардите за безбедност на потрошувачите.  

The post Над 120 затруени со храна во Москва, 30 се на интензивна нега appeared first on Република.

]]>
Повраќале цела ноќ, утрото немале вода да се измијат: Труење од храна во студентскиот дом „Пелагонија“ https://republika.mk/vesti/skopje/povrakale-tsela-nok-utroto-nemale-voda-da-se-izmijat-truene-od-hrana-vo-studentskiot-dom-pelagonija/ Wed, 28 Dec 2022 14:01:29 +0000 https://republika.mk/?p=591048

Организацијата „Студентски отпор“ обзнани дека имало случаи на труење со храна во студентскиот дом Пелагонија во Скопје.

Денес до нас пристигна информација за труење од храна во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје. Навистина сме згрозени од фактот што во моментот многу студенти се жалат и се завршени на инфективните клиники, велат од „Студентски отпор“.

Прашуваме јавно, велат оттаму, ваков ли студентски стандард и студентски оброци ветуваа луѓето од власта или студентите кои ги гледаат само како пропаганден материјал за користење, како што беше фамозниот „ручек со студентите“ на премиерот?

„Студентски отпор“ будно ја следи ситуацијата во студентскиот дом Пелагонијa, строго го осудува игнорантниот однос на власта кон студентите и ваквите нехумани услови во кои студентите престојуваат!, додаваат од таму.

The post Повраќале цела ноќ, утрото немале вода да се измијат: Труење од храна во студентскиот дом „Пелагонија“ appeared first on Република.

Труење од храна во студентскиот дом Пелагонија во Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/truene-od-hrana-vo-studentskiot-dom-pelagonija-vo-skopje/ Wed, 28 Dec 2022 13:40:21 +0000 https://republika.mk/?p=591036

Од „Студентски отпор“ велат денес до нив пристигнаа информација за труење од храна во студентскиот дом Пелагонија во Скопје. Навистина сме згрозени од фактот што во моментот многу студенти се жалат и се завршени на инфективните клиники, велат тие.

Прашуваме јавно, ваков ли студентски стандард и студентски оброци ветуваа луѓето од власта или студентите ги гледаат само како пропаганден материјал за користење, како тоа што беше фамозниот „ручек со студентите“ на премиерот?

Студентски отпор будно ја следи ситуацијата во студентскиот дом Пелагонијa, строго го осудува игнорантниот однос на власта кон студентите и ваквите нехумани услови во кои студентите престојуваат!, додаваат од „Студентски отпор“.

The post Труење од храна во студентскиот дом Пелагонија во Скопје appeared first on Република.

Хотелот „Лоза“ во Будва, во кој се затруле стотина туристи, веќе имал забрана за работа https://republika.mk/vesti/balkan/hotelot-loza-vo-budva-vo-koj-se-zatrule-stotina-turisti-vekje-imal-zabrana-za-rabota/ Sun, 28 Aug 2022 12:55:00 +0000 https://republika.mk/?p=544940

Црногорската туристичка инспекција го затвори хотелот Лоза во Будва, во кој што биле сместени околу 100 туристи кои вчера побарале лекарска помош поради симптоми на труење со храна.

Најголем број од туристите, кои главно се од Европа, се сместени во болницата Данило Први во Цетиње. Како што објави РТЦГ, тие се во добра здравствена состојба и денеска треба да бидат пуштени на домашно лекување.

Како што соопшти Ана Вујошевиќ, директорка на Управата за инспекциски работи, ова е осми пат за неколку месеци како хотелот „Лоза“ во Будва е затворен. „Сите сместувачки единици во хотелот (100 соби), ресторанот и кујната се запечатени. Значи, целиот објект“, изјави Вујошевиќ за РТЦГ и посочи дека пломбите претходно биле незаконски извадени седум пати, што е кривично дело според црногорскиот закон.

Црногорскиот институт за јавно здравје претходно соопшти дека земал мостри од хотелските простории и ги испратил на анализа за да се утврди причината за труењето на туристите. Гостите кои престојувале во хотелот „Лоза“ сега претежно се сместени во други хотели во Будва на сметка на црногорското Министерство за економски развој и туризам.

Раководителите на општина Будва доцна синоќа потврдија дека околу 100 туристи, главно од Полска, Словачка, Словенија и Хрватска, се пријавиле во болниците во Котор, Бар и Цетиње со дигестивни проблеми. Црногорскиот министер за здравство во техничката влада, Драгослав Шќекиќ, исто така, се огласи на Твитер и напиша дека црногорските здравствени установи „брзо и одговорно ја обезбедиле потребната здравствена заштита“.

The post Хотелот „Лоза“ во Будва, во кој се затруле стотина туристи, веќе имал забрана за работа appeared first on Република.

]]>

Црногорската туристичка инспекција го затвори хотелот Лоза во Будва, во кој што биле сместени околу 100 туристи кои вчера побарале лекарска помош поради симптоми на труење со храна. Најголем број од туристите, кои главно се од Европа, се сместени во болницата Данило Први во Цетиње. Како што објави РТЦГ, тие се во добра здравствена состојба и денеска треба да бидат пуштени на домашно лекување. Како што соопшти Ана Вујошевиќ, директорка на Управата за инспекциски работи, ова е осми пат за неколку месеци како хотелот „Лоза“ во Будва е затворен. „Сите сместувачки единици во хотелот (100 соби), ресторанот и кујната се запечатени. Значи, целиот објект“, изјави Вујошевиќ за РТЦГ и посочи дека пломбите претходно биле незаконски извадени седум пати, што е кривично дело според црногорскиот закон. Црногорскиот институт за јавно здравје претходно соопшти дека земал мостри од хотелските простории и ги испратил на анализа за да се утврди причината за труењето на туристите. Гостите кои престојувале во хотелот „Лоза“ сега претежно се сместени во други хотели во Будва на сметка на црногорското Министерство за економски развој и туризам. Раководителите на општина Будва доцна синоќа потврдија дека околу 100 туристи, главно од Полска, Словачка, Словенија и Хрватска, се пријавиле во болниците во Котор, Бар и Цетиње со дигестивни проблеми. Црногорскиот министер за здравство во техничката влада, Драгослав Шќекиќ, исто така, се огласи на Твитер и напиша дека црногорските здравствени установи „брзо и одговорно ја обезбедиле потребната здравствена заштита“.

The post Хотелот „Лоза“ во Будва, во кој се затруле стотина туристи, веќе имал забрана за работа appeared first on Република.

]]>
И шефот на кабинет на Ковачевски пројавил симптоми на труење https://republika.mk/vesti/makedonija/i-shefot-na-kabinet-na-kovachevski-projavil-simptomi-na-truenje/ Wed, 13 Apr 2022 16:13:23 +0000 https://republika.mk/?p=488051

Премиерот Димитар Ковачевски ниту јадел ниту се движел надвор од протоколот тврдат од Владата откако завчера вечерта, по враќањето од економскиот форум во Дефли, Грција беше примен на Инфективната клиника во Скопје со болки во стомакот. Портпаролот Душко Арсовски на прес конференција откри дека не само премиерот туку и неговиот шеф на кабинет, Мартин Попов пројавил полесни симптоми. Од Владата велат дека сите детали околу протоколот за здравствена заштита на премиерот се службена тајна па оттука не можат да споделат информација дали Ковачевски на патувањето во Грција бил придружуван и од официјален дегустатор на храна и пијалоци.

Арсовски не прецизираше дали е веќе утврдено дека премиерот се затрул од храна. На новинарско прашање тој рече дека веројатно храната е причина за стомачните болки на Ковачевски.

Биле преземени сите мерки за претпазливост кога е во прашање протоколот на меѓународниот самит „Делфи“ во Грција.  Во однос на безбедноста на пијалоците и на храната, согласно законот тие постојано се испитуваат, додаде Арсовски.

Од Владата информираат дека Ковачевски е во добра здравствена состојба и утре ќе им се врати на секојдневните обврски.

The post И шефот на кабинет на Ковачевски пројавил симптоми на труење appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски ниту јадел ниту се движел надвор од протоколот тврдат од Владата откако завчера вечерта, по враќањето од економскиот форум во Дефли, Грција беше примен на Инфективната клиника во Скопје со болки во стомакот. Портпаролот Душко Арсовски на прес конференција откри дека не само премиерот туку и неговиот шеф на кабинет, Мартин Попов пројавил полесни симптоми. Од Владата велат дека сите детали околу протоколот за здравствена заштита на премиерот се службена тајна па оттука не можат да споделат информација дали Ковачевски на патувањето во Грција бил придружуван и од официјален дегустатор на храна и пијалоци. Арсовски не прецизираше дали е веќе утврдено дека премиерот се затрул од храна. На новинарско прашање тој рече дека веројатно храната е причина за стомачните болки на Ковачевски.
Биле преземени сите мерки за претпазливост кога е во прашање протоколот на меѓународниот самит „Делфи“ во Грција.  Во однос на безбедноста на пијалоците и на храната, согласно законот тие постојано се испитуваат, додаде Арсовски.
Од Владата информираат дека Ковачевски е во добра здравствена состојба и утре ќе им се врати на секојдневните обврски.

The post И шефот на кабинет на Ковачевски пројавил симптоми на труење appeared first on Република.

]]>
Ковачевски заврши на Инфективно поради труење со храна https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-zavrshi-na-infektivno-poradi-truenje-so-hrana/ Tue, 12 Apr 2022 18:22:51 +0000 https://republika.mk/?p=487519

Премиерот Димитар Ковачевски бил примен на Инфективната клиника поради болки во стомакот.

-Да, имаше премиерот здравствен преглед. Беше на Инфективната клиника поради одредени проблеми, кои што се најверојатно поради труење со храна, информира вечерва министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во емисијата „Топ тема“.

Според него, во моментов Ковачевски е дома и е во добра здравствена состојба.

-Безбедносни протоколи има и во секое време и во делот на исхраната. Сепак вакви случаи се можни и нормални, дури и за носители на функции, посочи Спасовски.

Ковачевски синоќа бил примен на Инфективната клиника и пуштен е дома и е во добра здравствена состојба.

-Пружена му е целосна здравствена нега по што состојбата веднаш му се подобри. Вечерта е задржан заради опсервација, а денеска е испуштен во сосема добра здравствена состојба, велат од Владата

The post Ковачевски заврши на Инфективно поради труење со храна appeared first on Република.