триумфална капија Archives - Република https://republika.mk/tema/triumfalna-kapija/ За подобро да се разбереме Wed, 19 Oct 2022 10:16:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png триумфална капија Archives - Република https://republika.mk/tema/triumfalna-kapija/ 32 32 МВР: Пешакот починал откако му се слошило https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-peshakot-pochinal-otkako-mu-se-sloshilo/ Mon, 18 Apr 2022 09:57:31 +0000 https://republika.mk/?p=489917

Засега нема пријава за прегазено лице во СВР Скопје, информираат оттаму за „Република“, откако „Вечер“ објави дека станува збор за загинат пешак во центарот на Скопје.

Станува збор за постаро лице, маж на 84 години, кому најверојатно му се слошило, и починал кај крстосницата кај Триумфалната капија и Жена парк.

Повеќе детали наскоро.

The post МВР: Пешакот починал откако му се слошило appeared first on Република.

]]>

Засега нема пријава за прегазено лице во СВР Скопје, информираат оттаму за „Република“, откако „Вечер“ објави дека станува збор за загинат пешак во центарот на Скопје. Станува збор за постаро лице, маж на 84 години, кому најверојатно му се слошило, и починал кај крстосницата кај Триумфалната капија и Жена парк. Повеќе детали наскоро.

The post МВР: Пешакот починал откако му се слошило appeared first on Република.

]]>
Загина пешак кај Триумфална https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zagina-peshak-kaj-triumfalna/ Mon, 18 Apr 2022 09:48:52 +0000 https://republika.mk/?p=489906

Пешак е прегазен на пешачкиот премин кај Триумфалната капија во Скопје, пренесува „Вечер“.

Повеќе информации наскорo.

Повеќе фото на „Вечер

 

The post Загина пешак кај Триумфална appeared first on Република.

]]>

Пешак е прегазен на пешачкиот премин кај Триумфалната капија во Скопје, пренесува „Вечер“. Повеќе информации наскорo. Повеќе фото на „Вечер  

The post Загина пешак кај Триумфална appeared first on Република.

]]>
Знамето на ЕУ отстрането од Триумфалната капија во Париз по жестоките критики на десничарите https://republika.mk/vesti/svet/znameto-na-eu-otstraneto-od-triumfalnata-kapija-vo-pariz-po-zestokite-kritiki-na-desnicharite/ Sun, 02 Jan 2022 21:05:57 +0000 https://republika.mk/?p=439769

Француските власти во неделата го отстранија знамето на ЕУ од Триумфалната капија во Париз, откако десничарите го обвинија претседателот Емануел Макрон дека го „бришел“ францускиот идентитет. Големото знаме на ЕУ ја замени француската национална тробојка на новогодишната ноќ за да го означи почетокот на француското претседателство со ЕУ во следните шест месеци.

Триумфалната капија под која се наоѓа гробот на непознат херој, како и другите париски знаменитости како Ајфеловата кула и Пантеонот исто така се осветлени со сина европска боја и жолти ѕвезди. Но, десничарските ривали на Макрон тоа го гледаат како навреда за ветераните и националното наследство.

Да, претседателство со Европа, бришење на францускиот идентитет, твитна Валери Пекрес, конзервативна кандидатка и, според анкетите, главен противник на Макрон на изборите, пренесува Јутарњи лист.

Таа го повика да го врати француското знаме, велејќи: „Го должиме тоа на нашите војници кои ја пролеаа својата крв за неа“.

Марин Ле Пен, претседателка на ултрадесничарската француска партија Национална алијанса (РН), протестираше против кревањето на знамето на Европската унија на Триумфалната капија како дел од почетокот на шестмесечното француско претседателство со ЕУ.

Други политичари од францускиот десничарски политички спектар ѝ се придружија на Ле Пен, која покажува дека е главниот ривал на претседателот Емануел Макрон на пролетните претседателски избори, лути поради знамето на ЕУ што се вее на националниот споменик, објави Ројтерс.

Украсувањето на Триумфалната порта со бојата на Европската Унија, без државното знаме, е напад на идентитетот на нашата нација, бидејќи овој споменик е поставен во чест на нашите воени победи и таму се наоѓа гробот на непознатиот војник, се вели во соопштението на Ле Пен.

Државниот секретар во Министерството за европски прашања Клемен Бон изјави дека знамето на ЕУ привремено ќе биде на Триумфалната капија.

The post Знамето на ЕУ отстрането од Триумфалната капија во Париз по жестоките критики на десничарите appeared first on Република.

]]>

Француските власти во неделата го отстранија знамето на ЕУ од Триумфалната капија во Париз, откако десничарите го обвинија претседателот Емануел Макрон дека го „бришел“ францускиот идентитет. Големото знаме на ЕУ ја замени француската национална тробојка на новогодишната ноќ за да го означи почетокот на француското претседателство со ЕУ во следните шест месеци. Триумфалната капија под која се наоѓа гробот на непознат херој, како и другите париски знаменитости како Ајфеловата кула и Пантеонот исто така се осветлени со сина европска боја и жолти ѕвезди. Но, десничарските ривали на Макрон тоа го гледаат како навреда за ветераните и националното наследство.
Да, претседателство со Европа, бришење на францускиот идентитет, твитна Валери Пекрес, конзервативна кандидатка и, според анкетите, главен противник на Макрон на изборите, пренесува Јутарњи лист.
Таа го повика да го врати француското знаме, велејќи: „Го должиме тоа на нашите војници кои ја пролеаа својата крв за неа“. Марин Ле Пен, претседателка на ултрадесничарската француска партија Национална алијанса (РН), протестираше против кревањето на знамето на Европската унија на Триумфалната капија како дел од почетокот на шестмесечното француско претседателство со ЕУ. Други политичари од францускиот десничарски политички спектар ѝ се придружија на Ле Пен, која покажува дека е главниот ривал на претседателот Емануел Макрон на пролетните претседателски избори, лути поради знамето на ЕУ што се вее на националниот споменик, објави Ројтерс.
Украсувањето на Триумфалната порта со бојата на Европската Унија, без државното знаме, е напад на идентитетот на нашата нација, бидејќи овој споменик е поставен во чест на нашите воени победи и таму се наоѓа гробот на непознатиот војник, се вели во соопштението на Ле Пен.
Државниот секретар во Министерството за европски прашања Клемен Бон изјави дека знамето на ЕУ привремено ќе биде на Триумфалната капија.

The post Знамето на ЕУ отстрането од Триумфалната капија во Париз по жестоките критики на десничарите appeared first on Република.

]]>