трик Archives - Република https://republika.mk/tema/trik/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Nov 2024 16:14:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трик Archives - Република https://republika.mk/tema/trik/ 32 32 Трик прашањето што се поставувало на интервју за работа во „Мајкрософт“ https://republika.mk/zivot/kariera/trik-prashaneto-shto-se-postavuvalo-na-intervju-za-rabota-vo-majkrosoft/ Sun, 10 Nov 2024 17:10:13 +0000 https://republika.mk/?p=834392

Во неодамнешно интервју за „Блумберг“, поранешниот извршен директор на „Мајкрософт“, Стив Балмер зборуваше како се правело интервју за работа во една од најпознатите технолошки компании во светот. Балмер, кој беше на чело на американскиот конгломерат од 2000. до 2014 година, откри трик-прашање што му го поставувал на секој кандидат за работа, објаснувајќи го и значењето.

Прашањето гласеше вака: „Размислувам за број меѓу еден и сто. После секој обид ќе ви кажам дали бројот е превисок или пренизок. Ако погодите при првиот обид, добивате пет долари, тогаш четири, три, два, еден, и ако на крајот не погодите, ќе ми платите долар, два“, изјави тој.

Целта на ова прашање не е само да се тестира размислувањето на кандидатот, туку и способноста за донесување стратешки одлуки - клучна одлика, којашто Балмер ја смета за важна, за успех во технолошката индустрија.

Која е целта на прашањето?

Она што особено го интересира е - дали кандидатите го разбираат поширокиот контекст на играта? Имено, доколку сакаат победа, кандидатот треба да разбере дека веројатноста да се изгуби е поголема од веројатноста за победа бидејќи има многу повеќе бројки на коишто можат да загубат отколку едната што носи победа. Целта на прашањето е, всушност, да се види дали кандидатот прво ќе процени дали воопшто вреди да се игра.

Така, вистинскиот одговор е: „Не сакам да ја играм играва“, бидејќи тоа скоро секогаш ќе има негативен очекуван исход.

Балмер денес е сопственик на НБА-кошаркарскиот клуб Лос Анџелес клиперс и неговото богатство се проценува на 121,9 милијарди долари.

Во една прилика, кандидатот веднаш ја погодил бројката напишана на хартија и рече дека играва не вреди. Тоа е правилен заклучок. Така, ја увидов способноста на кандидатот да размислува „вон рамките“ и неговата вештина да ги анализира проблемите пред да донесе одлука, се потсеќа Балмер.

На крајот, тој појасни дека неговата цел била да процени колку добро кандидатите ја разбираат анализата на ризик и донесувањето одлуки - клучни вештини за успехот во денешниот динамичен технолошки свет.

The post Трик прашањето што се поставувало на интервју за работа во „Мајкрософт“ appeared first on Република.

]]>

Во неодамнешно интервју за „Блумберг“, поранешниот извршен директор на „Мајкрософт“, Стив Балмер зборуваше како се правело интервју за работа во една од најпознатите технолошки компании во светот. Балмер, кој беше на чело на американскиот конгломерат од 2000. до 2014 година, откри трик-прашање што му го поставувал на секој кандидат за работа, објаснувајќи го и значењето.
Прашањето гласеше вака: „Размислувам за број меѓу еден и сто. После секој обид ќе ви кажам дали бројот е превисок или пренизок. Ако погодите при првиот обид, добивате пет долари, тогаш четири, три, два, еден, и ако на крајот не погодите, ќе ми платите долар, два“, изјави тој.
Целта на ова прашање не е само да се тестира размислувањето на кандидатот, туку и способноста за донесување стратешки одлуки - клучна одлика, којашто Балмер ја смета за важна, за успех во технолошката индустрија. Која е целта на прашањето? Она што особено го интересира е - дали кандидатите го разбираат поширокиот контекст на играта? Имено, доколку сакаат победа, кандидатот треба да разбере дека веројатноста да се изгуби е поголема од веројатноста за победа бидејќи има многу повеќе бројки на коишто можат да загубат отколку едната што носи победа. Целта на прашањето е, всушност, да се види дали кандидатот прво ќе процени дали воопшто вреди да се игра. Така, вистинскиот одговор е: „Не сакам да ја играм играва“, бидејќи тоа скоро секогаш ќе има негативен очекуван исход. Балмер денес е сопственик на НБА-кошаркарскиот клуб Лос Анџелес клиперс и неговото богатство се проценува на 121,9 милијарди долари.
Во една прилика, кандидатот веднаш ја погодил бројката напишана на хартија и рече дека играва не вреди. Тоа е правилен заклучок. Така, ја увидов способноста на кандидатот да размислува „вон рамките“ и неговата вештина да ги анализира проблемите пред да донесе одлука, се потсеќа Балмер.
На крајот, тој појасни дека неговата цел била да процени колку добро кандидатите ја разбираат анализата на ризик и донесувањето одлуки - клучни вештини за успехот во денешниот динамичен технолошки свет.

The post Трик прашањето што се поставувало на интервју за работа во „Мајкрософт“ appeared first on Република.

]]>
Мајка откри генијален трик за брзо варени јајца, сè што ви треба е калап за мафини https://republika.mk/zivot/kujnski-tefter/majka-otkri-genijalen-trik-za-brzo-vareni-jajtsa-se-shto-vi-treba-e-kalap-za-mafini/ Mon, 10 Apr 2023 18:18:50 +0000 https://republika.mk/?p=629129

Велигденските празници можат да биде многу стресни мајките од семејствата со мали деца. Од готвење на празничниот ручек, преку пролетно чистење на домот до вапсање велигденски јајца, има многу што да се прави.

Една мајка открива одличен трик за брзо подготвување на јајцата. Како што пренесува „Метро“, 36-годишната Шенон Доерти е вистински хит на „Тик ток“ откако го откри трикот за „варени јајца“. Сè што треба да направите е наместо да ги готвите во вода, да ги ставите јајцата во калап за мафини, а потоа да ги печите во рерна 30 минути на 170°C.

@athomewithshannon BEST LIFE HACK 💡 For HARD BOILED EGGS!! We are ready for Easter Egg coloring over here! 🐰 #momhack #lifehacks #parentinghack #easter #learnontiktok ♬ Taste It - TELL YOUR STORY music by Ikson™

The post Мајка откри генијален трик за брзо варени јајца, сè што ви треба е калап за мафини appeared first on Република.

]]>

Велигденските празници можат да биде многу стресни мајките од семејствата со мали деца. Од готвење на празничниот ручек, преку пролетно чистење на домот до вапсање велигденски јајца, има многу што да се прави. Една мајка открива одличен трик за брзо подготвување на јајцата. Како што пренесува „Метро“, 36-годишната Шенон Доерти е вистински хит на „Тик ток“ откако го откри трикот за „варени јајца“. Сè што треба да направите е наместо да ги готвите во вода, да ги ставите јајцата во калап за мафини, а потоа да ги печите во рерна 30 минути на 170°C.
@athomewithshannon BEST LIFE HACK 💡 For HARD BOILED EGGS!! We are ready for Easter Egg coloring over here! 🐰 #momhack #lifehacks #parentinghack #easter #learnontiktok ♬ Taste It - TELL YOUR STORY music by Ikson™

The post Мајка откри генијален трик за брзо варени јајца, сè што ви треба е калап за мафини appeared first on Република.

]]>
Ставете Ловоров лист во машината за перење, трик кој ќе ве изненади а нема врска со мирисот https://republika.mk/zivot/semejstvo/stavete-lovorov-list-vo-mashinata-za-perenje-trik-koj-kje-ve-iznenadi-a-nema-vrska-so-mirisot/ Tue, 30 Aug 2022 11:35:51 +0000 https://republika.mk/?p=545611

Ловоровиот лист може да се искористи како помошник при перењето, и тоа не поради неговиот мирис. Овој трик всушност помага да ја сочува и освежи бојата на облеката.

Ловоровиот лист може да го ставите директно во машината за перење заедно со облеката, но многу подобар ефект ќе добиете ако овие листови ги ставите во леген со вода, а потоа во него да ја натопите шарената облека. Во зависност од количината на алиштата, земате неколку или десетина ловорови ливчиња и ги ставате во вода, а потоа ги провривате.

Кога водата малку ќе се олади, по 20-30 минути натопете ја облеката во неа и оставете ја да отстои неколку часа. За подобар ефект одвреме-навреме можете да ги мешате рачно. Потоа добро исцедете ја облеката и исперете ја како и обично, во машина за перење или на рака.

Овој трик најдобро функционира со бела облека. Еве, ако ловоровиот лист не помага, можете да ставите две лажици сол во машината за перење. Ова одамна се користело при перење на завеси и чаршафи, бидејќи ефикасно ги отстранува дамките и им ја враќа снежно белата боја. Исто така, може успешно да се користи и за шарена ткаенина, бидејќи ја оживува бојата и спречува брзо да избледи.

Освен ловоровиот лист и биберот добро функционира при перењето. Важно е дека може да се користи и за бели и за обоени ткаенини.

Ако сакате да носите црна и темна облека, обидете се да додадете кафе или чај во облеката. Овој едноставен, еколошки трик ќе ви овозможи да уживате во интензивната црна боја на вашата омилена облека. Доволно е да истурите четвртина шолја силен чај или кафе во комората за перење (без основа). Овој напиток има многу интензивна боја и ќе го спречи избледувањето на вашата облека. Само, додека го правите тоа, погрижете се да имате само црни и темни работи во машината за перење.

The post Ставете Ловоров лист во машината за перење, трик кој ќе ве изненади а нема врска со мирисот appeared first on Република.

]]>

Ловоровиот лист може да се искористи како помошник при перењето, и тоа не поради неговиот мирис. Овој трик всушност помага да ја сочува и освежи бојата на облеката. Ловоровиот лист може да го ставите директно во машината за перење заедно со облеката, но многу подобар ефект ќе добиете ако овие листови ги ставите во леген со вода, а потоа во него да ја натопите шарената облека. Во зависност од количината на алиштата, земате неколку или десетина ловорови ливчиња и ги ставате во вода, а потоа ги провривате. Кога водата малку ќе се олади, по 20-30 минути натопете ја облеката во неа и оставете ја да отстои неколку часа. За подобар ефект одвреме-навреме можете да ги мешате рачно. Потоа добро исцедете ја облеката и исперете ја како и обично, во машина за перење или на рака. Овој трик најдобро функционира со бела облека. Еве, ако ловоровиот лист не помага, можете да ставите две лажици сол во машината за перење. Ова одамна се користело при перење на завеси и чаршафи, бидејќи ефикасно ги отстранува дамките и им ја враќа снежно белата боја. Исто така, може успешно да се користи и за шарена ткаенина, бидејќи ја оживува бојата и спречува брзо да избледи. Освен ловоровиот лист и биберот добро функционира при перењето. Важно е дека може да се користи и за бели и за обоени ткаенини. Ако сакате да носите црна и темна облека, обидете се да додадете кафе или чај во облеката. Овој едноставен, еколошки трик ќе ви овозможи да уживате во интензивната црна боја на вашата омилена облека. Доволно е да истурите четвртина шолја силен чај или кафе во комората за перење (без основа). Овој напиток има многу интензивна боја и ќе го спречи избледувањето на вашата облека. Само, додека го правите тоа, погрижете се да имате само црни и темни работи во машината за перење.

The post Ставете Ловоров лист во машината за перење, трик кој ќе ве изненади а нема врска со мирисот appeared first on Република.

]]>