трифакта Archives - Република https://republika.mk/tema/trifakta/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Apr 2023 13:23:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трифакта Archives - Република https://republika.mk/tema/trifakta/ 32 32 „Не зависи сѐ од нас“ – вели Меџити за набавката на лекот трикафта https://republika.mk/zivot/zdravje/ne-zavisi-s-od-nas-veli-medhiti-za-nabavkata-na-lekot-trikafta/ Mon, 24 Apr 2023 13:23:27 +0000 https://republika.mk/?p=633620

Иако се изгласани законски измени, бавно оди набавката на лекот „Трифакта“. Министерот за здравство Фатмир Меџити вели дека проблемот го наследил и дека откако е тој на челната функција во изминатите два месеца, формирал комисија што порано ја немало.

Не прецизираше кога најдоцна би стигнал лекот „Трикафта“ и за останатите пациенти што го чекаат, а на укажувањето дека Асоцијацијата за цистична фиброза најави и протести, одговори „не зависи сѐ од нас“.

– Има законски процедури и тендери и не можам да прејудицирам со законски рок. Тоа е и неблагодарно. Сакаме што побрзо да го решиме тој проблем и од денот кога станав министер секој ден се занимавам со тој проблем. Формираме точни процедури и протоколи, секој ден разговараме и за местото каде ќе бидат згрижени најдобро пациентите со цистична фиброза за тоа да биде подолготрајно, ефективно и поквалитетно. Тоа е посензибилен проблем и не стоиме со скрстени раце. Правиме се за и другите пациенти што побрзо да го добијат лекот и еднаш засекогаш да го решиме тој проблем… Пациентите да добијат иноватвен лек, а потоа компетентните во стручната комисија да одлучат кој е најзагрозен пациент за да прими терапија, изјави Меџити по презентација на платформата Е-здравство.

На прашањето дали повторно пациентите ќе се вратат во болницата за деца „Козле“, одговори дека се разгледуваат сите можности како ќе биде најдобро за нив и дека во формираната комисија членува и пациент со цистична фиброза

Извор: МИА

The post „Не зависи сѐ од нас“ – вели Меџити за набавката на лекот трикафта appeared first on Република.

]]>

Иако се изгласани законски измени, бавно оди набавката на лекот „Трифакта“. Министерот за здравство Фатмир Меџити вели дека проблемот го наследил и дека откако е тој на челната функција во изминатите два месеца, формирал комисија што порано ја немало. Не прецизираше кога најдоцна би стигнал лекот „Трикафта“ и за останатите пациенти што го чекаат, а на укажувањето дека Асоцијацијата за цистична фиброза најави и протести, одговори „не зависи сѐ од нас“.
– Има законски процедури и тендери и не можам да прејудицирам со законски рок. Тоа е и неблагодарно. Сакаме што побрзо да го решиме тој проблем и од денот кога станав министер секој ден се занимавам со тој проблем. Формираме точни процедури и протоколи, секој ден разговараме и за местото каде ќе бидат згрижени најдобро пациентите со цистична фиброза за тоа да биде подолготрајно, ефективно и поквалитетно. Тоа е посензибилен проблем и не стоиме со скрстени раце. Правиме се за и другите пациенти што побрзо да го добијат лекот и еднаш засекогаш да го решиме тој проблем… Пациентите да добијат иноватвен лек, а потоа компетентните во стручната комисија да одлучат кој е најзагрозен пациент за да прими терапија, изјави Меџити по презентација на платформата Е-здравство.
На прашањето дали повторно пациентите ќе се вратат во болницата за деца „Козле“, одговори дека се разгледуваат сите можности како ќе биде најдобро за нив и дека во формираната комисија членува и пациент со цистична фиброза
Извор: МИА

The post „Не зависи сѐ од нас“ – вели Меџити за набавката на лекот трикафта appeared first on Република.

]]>
Не се мешаме, не одлучуваме ние кој ќе прима „трифакта“, туку експертите, се правда министерот за здравство https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-se-meshame-ne-odluchuvame-nie-koj-ke-prima-trifakta-tuku-ekspertite-se-pravda-ministerot-za-zdravstvo/ Sat, 15 Apr 2023 14:53:19 +0000 https://republika.mk/?p=631061

На денешната прес-конференција за скандалот околу анестезиологот од тетовската болница кој снимал пациенти и доктори и ги објавувал на „тик-ток“, министеротза здравство д-р Фатмир Меџити зборуваше и за проблемот со набавка на лекот трикафта.

Од првиот ден сме информирани за се. Веднаш се зафативме за овој проблем за да го решиме долгорочно и квалитетно за пациентите да добијат подобар лек. Ние тогаш, заедно со премиерот и Владата, обезбедивме лек за осум пациенти и за четири други пациенти. Нема да застанеме тука но верувајте дека нема комисија за цистична фиброза, нема протоколи, нема процедури, изјави Меџити.

Пред три-четири недели, нагласи, формиравме комисија за цистична фиброза и повикавме претставници од сите засегнати страни, а ќе има и претставник од организацијата за цистична фиброза за овој проблем еднаш за секогаш да го решиме.

Но, не сме ние тие кои одлучуваат кој пациент ќе го прима лекот. За тоа го одлучуваат експертите во здравството и ние тука не можеме да се мешаме, посочи Меџити.

The post Не се мешаме, не одлучуваме ние кој ќе прима „трифакта“, туку експертите, се правда министерот за здравство appeared first on Република.

Постапете како да сум ваше дете, ова е крајно понижувачки – им порача пациент со цистична фиброза на премиерот и претседателот https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/postapete-kako-da-sum-vashe-dete-ova-e-krajno-ponizhuvachki-im-poracha-patsient-so-tsistichna-fibroza-na-premierot-i-pretsedatelot/ Tue, 14 Feb 2023 20:53:54 +0000 https://republika.mk/?p=609094

Игор Пехчевски, пациент со цистична фиброза, преку фотографии од болнички кревет одново упати критики што лекот „трикафта“ не е ни близу до набавка, но и жалење што на ваков начин го остварува правото на лек. Тој не добил ниту пристојно работно место, па ги праша Владата, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски: „повторно чекате да се вратам во болнички кревет?“.

На никој не би му посакал на ваков начин да ги остварува своите права за Работа и Лек на социјалните мрежи и медиумите. Верувајте тоа е крајно ПОНИЖУВАЧКИ❗️😓😡
ГОСПОДА❗️
Уште колу време треба да чекам за Лекот #ТРИКАФТА и за Пристојно работно место, НЕ било какво…
Или повторно чекате да се вратам во болнички кревет❗️😡😔😭
ПОСТАПЕТЕ како да сум Ваше дете❗️❗️❗️, пишува на Фејсбук, Игор Пехчевски.

The post Постапете како да сум ваше дете, ова е крајно понижувачки – им порача пациент со цистична фиброза на премиерот и претседателот appeared first on Република.

]]>

Игор Пехчевски, пациент со цистична фиброза, преку фотографии од болнички кревет одново упати критики што лекот „трикафта“ не е ни близу до набавка, но и жалење што на ваков начин го остварува правото на лек. Тој не добил ниту пристојно работно место, па ги праша Владата, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски: „повторно чекате да се вратам во болнички кревет?“. На никој не би му посакал на ваков начин да ги остварува своите права за Работа и Лек на социјалните мрежи и медиумите. Верувајте тоа е крајно ПОНИЖУВАЧКИ❗️😓😡 ГОСПОДА❗️ Уште колу време треба да чекам за Лекот #ТРИКАФТА и за Пристојно работно место, НЕ било какво… Или повторно чекате да се вратам во болнички кревет❗️😡😔😭 ПОСТАПЕТЕ како да сум Ваше дете❗️❗️❗️, пишува на Фејсбук, Игор Пехчевски.

The post Постапете како да сум ваше дете, ова е крајно понижувачки – им порача пациент со цистична фиброза на премиерот и претседателот appeared first on Република.

]]>
Ковачевски чекаше да изгубиме живот за да глуми дека се грижи за болните од цистична фиброза? https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-chekashe-da-izgubime-zhivot-za-da-glumi-deka-se-grizhi-za-bolnite-od-tsistichna-fibroza/ Thu, 09 Feb 2023 14:05:53 +0000 https://republika.mk/?p=606919

Денес граѓаните беа сведоци на лицемерието на Димитар Ковачевски. Обидувајќи се да глуми жртва и човек паднат од небото, не успеа да ја сокрие неговата неспособност. Никој, буквално никој повеќе не верува во неговите наводни грижи за проблемите, реагира портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева, коментирајќи ја изјавата на премиерот дека не се направило доволно за да се спаси животот на Благојче Илиевски, кој почина чекајќи го ветениот лек.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-mozhevme-da-go-spasime-blagojche-sali-neka-razmisli-dali-mozhe-da-go-prodolzhi-mandatot/

Додека Ковачевски секој ден спиел по некој час повеќе, во Македонија згаснува по еден млад човечки живот.

Дали Димитар Ковачевски чекаше да изгубиме млад човечки живот за да глуми лицемерен душегрижник и сега веднаш да почне да се грижи за луѓето болни од цистична фиброза.

Главното прашање е што правеше Димитар Ковачевски веќе два месеци откако болните од цистична фиброза и нивните фамилии беа пред Владата на протест, со барања за помош при набавката на потребниот лек кои за нив живот значи.

Многу задоцнето е глумењето на грижа и каење. Наместо денес да барал од министерот Сали одговорност, Ковачевски веќе требаше тој самиот откако најрано во неговиот живот станал од спиење, да ја изготви неговата оставка, и сите граѓани да се спасат од оваа неспособност, вели Митева.

https://youtube.com/watch?v=3AWnq5zz26k&feature=shares

The post Ковачевски чекаше да изгубиме живот за да глуми дека се грижи за болните од цистична фиброза? appeared first on Република.

]]>

Денес граѓаните беа сведоци на лицемерието на Димитар Ковачевски. Обидувајќи се да глуми жртва и човек паднат од небото, не успеа да ја сокрие неговата неспособност. Никој, буквално никој повеќе не верува во неговите наводни грижи за проблемите, реагира портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева, коментирајќи ја изјавата на премиерот дека не се направило доволно за да се спаси животот на Благојче Илиевски, кој почина чекајќи го ветениот лек. https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-mozhevme-da-go-spasime-blagojche-sali-neka-razmisli-dali-mozhe-da-go-prodolzhi-mandatot/
Додека Ковачевски секој ден спиел по некој час повеќе, во Македонија згаснува по еден млад човечки живот. Дали Димитар Ковачевски чекаше да изгубиме млад човечки живот за да глуми лицемерен душегрижник и сега веднаш да почне да се грижи за луѓето болни од цистична фиброза. Главното прашање е што правеше Димитар Ковачевски веќе два месеци откако болните од цистична фиброза и нивните фамилии беа пред Владата на протест, со барања за помош при набавката на потребниот лек кои за нив живот значи. Многу задоцнето е глумењето на грижа и каење. Наместо денес да барал од министерот Сали одговорност, Ковачевски веќе требаше тој самиот откако најрано во неговиот живот станал од спиење, да ја изготви неговата оставка, и сите граѓани да се спасат од оваа неспособност, вели Митева.
https://youtube.com/watch?v=3AWnq5zz26k&feature=shares

The post Ковачевски чекаше да изгубиме живот за да глуми дека се грижи за болните од цистична фиброза? appeared first on Република.

]]>
Обезбедени се 140 милиони денари за лекот „трикафта“ за осум пациенти со цистична фиброза https://republika.mk/vesti/makedonija/obezbedeni-se-140-milioni-denari-za-lekot-trikafta-za-osum-patsienti-so-tsistichna-fibroza/ Thu, 09 Feb 2023 12:39:26 +0000 https://republika.mk/?p=606865

За осум пациенти со цистична фиброза се обезбедени 140 милиони денари за лекот „трикафта“, објави на фејсбук министерот за здравство Беким Сали.

За 8 пациенти со цистична фиброза денес се обезбедија буџетски средства за набавка на лекoт Трикафта. Станува збор за буџетски средства наменети за Клиниката за детски болести, каде сумата од 563.504.040 ден се зголемува на 703.504.040 ден, односно за дополнителни 140.000.000 ден, објави Сали на Фејсбук.

Вчера почина најтешко болниот пациент од цистична фиброза во земјава, Благојче Илиевски.

Во неговата последна изјава, Благојче се надеваше дека е во онаа група од осум пациенти кои се во најтешка здравствена состојба.

Јас верувам дека сум во онаа група од осум пациенти кои сме во најтешка здравствена состојба и дека први би го добиле, но образложението дека процедурата ќе биде подолга додека се случи набавката, некако нè обесхрабри. Од последниот пат кога разговаравме, а тоа беше кон крајот не ноември, јас уште еднаш бев хоспитализиран. Повторно 12 дена на Клиниката за пулмологија, го чистат белодробието oд секретот, но верувајте состојбата не ми се подобрува, и сега ме слушате како едвај дишам, како не можам да искашлам. Ми останува навистина само да се надевам дека ќе дочекам да почнам терапија со „Трикафта“, се вели во последната изјава на Илиевски.

Пациентите од Асоцијацијата за цистична фиброза денеска во 14 часот ќе бидат пред Владата, каде што, како што најавија ќе се збогуваат со еден од своите најактивни членови Благојче Илијевски, како жртва на системот и кој заради инертноста на системот од надлежните институции и заради тромите бирократски процедури, почина прерано, чекајќи го лекот трикафта.

Со кислородна боца Благојче бараше поддршка и од претседателот на државата, Стево Пендаровски. Но, и покрај сите напори, не дочека да добие терапија со лекот „трикафта“.

Во Македонија има 130 лица кои боледуваат од цистична фиброза.

The post Обезбедени се 140 милиони денари за лекот „трикафта“ за осум пациенти со цистична фиброза appeared first on Република.

]]>

За осум пациенти со цистична фиброза се обезбедени 140 милиони денари за лекот „трикафта“, објави на фејсбук министерот за здравство Беким Сали.
За 8 пациенти со цистична фиброза денес се обезбедија буџетски средства за набавка на лекoт Трикафта. Станува збор за буџетски средства наменети за Клиниката за детски болести, каде сумата од 563.504.040 ден се зголемува на 703.504.040 ден, односно за дополнителни 140.000.000 ден, објави Сали на Фејсбук.
Вчера почина најтешко болниот пациент од цистична фиброза во земјава, Благојче Илиевски. Во неговата последна изјава, Благојче се надеваше дека е во онаа група од осум пациенти кои се во најтешка здравствена состојба.
Јас верувам дека сум во онаа група од осум пациенти кои сме во најтешка здравствена состојба и дека први би го добиле, но образложението дека процедурата ќе биде подолга додека се случи набавката, некако нè обесхрабри. Од последниот пат кога разговаравме, а тоа беше кон крајот не ноември, јас уште еднаш бев хоспитализиран. Повторно 12 дена на Клиниката за пулмологија, го чистат белодробието oд секретот, но верувајте состојбата не ми се подобрува, и сега ме слушате како едвај дишам, како не можам да искашлам. Ми останува навистина само да се надевам дека ќе дочекам да почнам терапија со „Трикафта“, се вели во последната изјава на Илиевски.
Пациентите од Асоцијацијата за цистична фиброза денеска во 14 часот ќе бидат пред Владата, каде што, како што најавија ќе се збогуваат со еден од своите најактивни членови Благојче Илијевски, како жртва на системот и кој заради инертноста на системот од надлежните институции и заради тромите бирократски процедури, почина прерано, чекајќи го лекот трикафта. Со кислородна боца Благојче бараше поддршка и од претседателот на државата, Стево Пендаровски. Но, и покрај сите напори, не дочека да добие терапија со лекот „трикафта“. Во Македонија има 130 лица кои боледуваат од цистична фиброза.

The post Обезбедени се 140 милиони денари за лекот „трикафта“ за осум пациенти со цистична фиброза appeared first on Република.

]]>