трговија Archives - Република https://republika.mk/tema/trgovija/ За подобро да се разбереме Mon, 23 Sep 2024 11:57:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png трговија Archives - Република https://republika.mk/tema/trgovija/ 32 32 На ​​Косово му се заканува исклучување од ЦЕФТА поради забраната за увоз на српска стока https://republika.mk/vesti/balkan/na-kosovo-mu-se-zakanuva-iskluchuvane-od-tsefta-poradi-zabranata-za-uvoz-na-srpska-stoka/ Mon, 23 Sep 2024 11:57:15 +0000 https://republika.mk/?p=818994

Специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Зарацин, изјави дека Косово може да се соочи со повици за исклучување од Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) и други казни доколку продолжи да го забранува увозот на стоки од централна Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Косово би можело да се соочи со повици за исклучување од Централноевропскиот договор за слободна трговија и други казни доколку продолжи да го забранува увозот од Србија, изјави Зарацин за БИРН.

Зарацин неодамна двапати ја посети Приштина, а германскиот амбасадор во Приштина, Јорн Роде, на 5 септември рече дека за време на неговата втора посета, Зарацин го повикал косовскиот премиер Албин Курти да ја укине забраната воведена во јуни 2023 година за увоз на производи со срспко потекло, што, како што изјави, ја блокира слободната трговија во регионот и ја опструира ЦЕФТА.

The post На ​​Косово му се заканува исклучување од ЦЕФТА поради забраната за увоз на српска стока appeared first on Република.

]]>

Специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Зарацин, изјави дека Косово може да се соочи со повици за исклучување од Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) и други казни доколку продолжи да го забранува увозот на стоки од централна Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Косово би можело да се соочи со повици за исклучување од Централноевропскиот договор за слободна трговија и други казни доколку продолжи да го забранува увозот од Србија, изјави Зарацин за БИРН. Зарацин неодамна двапати ја посети Приштина, а германскиот амбасадор во Приштина, Јорн Роде, на 5 септември рече дека за време на неговата втора посета, Зарацин го повикал косовскиот премиер Албин Курти да ја укине забраната воведена во јуни 2023 година за увоз на производи со срспко потекло, што, како што изјави, ја блокира слободната трговија во регионот и ја опструира ЦЕФТА.

The post На ​​Косово му се заканува исклучување од ЦЕФТА поради забраната за увоз на српска стока appeared first on Република.

]]>
Криминалната организација на Крит тргувала со бебиња и нелегални посвојувања, притворени 4 лица https://republika.mk/vesti/balkan/kriminalnata-organizatsija-na-krit-trguvala-so-bebina-i-nelegalni-posvojuvana-pritvoreni-4-litsa/ Mon, 14 Aug 2023 07:20:44 +0000 https://republika.mk/?p=671829

Мерка притвор им е одреден на четворица од осумтемина уапсени на грчкиот остров Крит за криминалната организација која злоупотребувала жени како донори на јајце клетки или сурогат мајки, за измами на пациенти преку лажни ин витро и за посредување при нелегални посвојувања на бебиња, јави дописничката на МИА од Атина.

Криминалната организација беше разбиена минатата седмица, а уапсените вчера беа изведени пред истражен судија на Крит.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, меѓу притворените е и лекарот, сопственик на приватната клинка за асистирана репродукција.

Како што објави МИА минатата седмица, од грчката полиција соопштија дека од декември 2022 година, биле евидентирани најмалку 182 случаи на експлоатација на жени со отстранување на јајце клетки и сурогат мајчинство, а биле откриени над 400 случаи на измами преку лажни ин витро.

Криминалната организација дејствувала преку регрутирање жени од Крит , Солун, но и од странство, кои имале улога на посреднички и биле задолжени за пронаоѓање жени, странски државјанки кои се во ранливи положби за да ги користат како донори на јајце клетки или сурогат мајки за „клиентите“ на организацијата од целиот свет, односно парови кои не можат да имаат деца или истополови парови кои законски не ги исполнуваат условите за посвојување

The post Криминалната организација на Крит тргувала со бебиња и нелегални посвојувања, притворени 4 лица appeared first on Република.

]]>

Мерка притвор им е одреден на четворица од осумтемина уапсени на грчкиот остров Крит за криминалната организација која злоупотребувала жени како донори на јајце клетки или сурогат мајки, за измами на пациенти преку лажни ин витро и за посредување при нелегални посвојувања на бебиња, јави дописничката на МИА од Атина. Криминалната организација беше разбиена минатата седмица, а уапсените вчера беа изведени пред истражен судија на Крит. Според грчката новинска агенција АНА-МПА, меѓу притворените е и лекарот, сопственик на приватната клинка за асистирана репродукција. Како што објави МИА минатата седмица, од грчката полиција соопштија дека од декември 2022 година, биле евидентирани најмалку 182 случаи на експлоатација на жени со отстранување на јајце клетки и сурогат мајчинство, а биле откриени над 400 случаи на измами преку лажни ин витро. Криминалната организација дејствувала преку регрутирање жени од Крит , Солун, но и од странство, кои имале улога на посреднички и биле задолжени за пронаоѓање жени, странски државјанки кои се во ранливи положби за да ги користат како донори на јајце клетки или сурогат мајки за „клиентите“ на организацијата од целиот свет, односно парови кои не можат да имаат деца или истополови парови кои законски не ги исполнуваат условите за посвојување

The post Криминалната организација на Крит тргувала со бебиња и нелегални посвојувања, притворени 4 лица appeared first on Република.

]]>
Германец и Албанка осомничени за трговија со дрога на Деве Баир https://republika.mk/vesti/crna-hronika/germanets-i-albanka-osomnicheni-za-trgovija-so-droga-na-deve-bair/ Tue, 20 Jun 2023 09:04:16 +0000 https://republika.mk/?p=653298

Германски државјанин на возраст од 49 години и 20-годишна државјанка на Република Албанија се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи на 18 јуни на граничниот премин „Деве Баир“ на излез од државава, двајцата осомничени неовластено заради продажба пpенесувале наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 56 килограми и 791 грама. Дрогата ја набавиле од неидентификувано лице од Република Албанија, ја препакувале во 67 полиетиленски пакувања и ги сокриле во специјално изработени „бункери“ во автомобил „Сеат алтеа“ со германски регистарски ознаки.

При царинска контрола на возилото на граничниот премин, марихуаната била пронајдена во просторите под возачкото седиште, над ауспухот, под задното седиште, од левата страна до резервоарот и во пределот на багажникот.

До судијата на претходна постапка од Основен суд Куманово јавниот обвинител поднесе Предлог за определување мерка притвор против двајцата осомничени, бидејќи постои опасност да се дадат во бегство или да го повторат делото.​

The post Германец и Албанка осомничени за трговија со дрога на Деве Баир appeared first on Република.

]]>

Германски државјанин на возраст од 49 години и 20-годишна државјанка на Република Албанија се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи на 18 јуни на граничниот премин „Деве Баир“ на излез од државава, двајцата осомничени неовластено заради продажба пpенесувале наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 56 килограми и 791 грама. Дрогата ја набавиле од неидентификувано лице од Република Албанија, ја препакувале во 67 полиетиленски пакувања и ги сокриле во специјално изработени „бункери“ во автомобил „Сеат алтеа“ со германски регистарски ознаки. При царинска контрола на возилото на граничниот премин, марихуаната била пронајдена во просторите под возачкото седиште, над ауспухот, под задното седиште, од левата страна до резервоарот и во пределот на багажникот. До судијата на претходна постапка од Основен суд Куманово јавниот обвинител поднесе Предлог за определување мерка притвор против двајцата осомничени, бидејќи постои опасност да се дадат во бегство или да го повторат делото.​

The post Германец и Албанка осомничени за трговија со дрога на Деве Баир appeared first on Република.

]]>
Разбиен „суперкартелот“ одговорен за третина од кокаинот во Европа https://republika.mk/vesti/razbien-superkartelot-odgovoren-za-tretina-od-kokainot-vo-evropa/ Mon, 28 Nov 2022 11:36:15 +0000 https://republika.mk/?p=579105

Во координирани акции спроведени помеѓу 8 и 19 ноември низ Европа и Обединетите Арапски Емирати е разбиен таканаречениот „суперкартел“ за трговија со дрога, соопшти денеска Европол.

Во акцијата се уапсени 49 осомничени членови на картелот што контролираше речиси третина од трговијата со кокаин во Европа. Обемот увезен кокаин во Европа под контрола на осомничените бил огромен, а полицијата во текот на истрагата запленила над 30 тони дрога.

Во акцијата биле вклучени полициите и безбедносните служби на Шпанија, Франција, Белгија, Холандија, Обединетите Арапски Емирати и на САД. Тринаесет лица се уапсени во Шпанија, шест во Франција, десет во Белгија, 14 во Холандија и шест во Дубаи, меѓу кои и Холанѓанец со пасош на БиХ.

Против 40-годишниот Холанѓанец, кој е и државјанин на Босна и Херцеговина, е покрената кривична истрага врз основа на пресретнати пораки од апликацијата „Скај“. Тој не само што е осомничен за увоз на големи количества кокаин, туку и дека организирал увоз на близу осум тони суровина за производство на амфетамин. Сировините за производство на лекови пристигнале преку пристаништето Антверпен и имале компанија во Холандија како крајна дестинација.

Пред неколку дена во голема полициска акција беа уапсени неколку српски државјани, за кои се претпоставува дека се дел од добро организирана криминална група која шверцувала сто килограми кокаин. Вредноста на запленетиот кокаин се проценува на повеќе од десет милиони евра.

Во Холандија се уапсени членови на организирана криминална група, српските државјани Д.Р.(28) и Д.П.(48), кај кои е пронајдено оружје и одредена сума пари за кои постои сомневање дека е резултат на криминални дејствија, додека во Белгија и во Луксембург српските државјани С.К. (36), Ѓ.Д. (32), Ј.В.(33), едно непознато лице, како и С.Ѓ. (42) државјанин на БиХ.

The post Разбиен „суперкартелот“ одговорен за третина од кокаинот во Европа appeared first on Република.

]]>

Во координирани акции спроведени помеѓу 8 и 19 ноември низ Европа и Обединетите Арапски Емирати е разбиен таканаречениот „суперкартел“ за трговија со дрога, соопшти денеска Европол. Во акцијата се уапсени 49 осомничени членови на картелот што контролираше речиси третина од трговијата со кокаин во Европа. Обемот увезен кокаин во Европа под контрола на осомничените бил огромен, а полицијата во текот на истрагата запленила над 30 тони дрога. Во акцијата биле вклучени полициите и безбедносните служби на Шпанија, Франција, Белгија, Холандија, Обединетите Арапски Емирати и на САД. Тринаесет лица се уапсени во Шпанија, шест во Франција, десет во Белгија, 14 во Холандија и шест во Дубаи, меѓу кои и Холанѓанец со пасош на БиХ. Против 40-годишниот Холанѓанец, кој е и државјанин на Босна и Херцеговина, е покрената кривична истрага врз основа на пресретнати пораки од апликацијата „Скај“. Тој не само што е осомничен за увоз на големи количества кокаин, туку и дека организирал увоз на близу осум тони суровина за производство на амфетамин. Сировините за производство на лекови пристигнале преку пристаништето Антверпен и имале компанија во Холандија како крајна дестинација. Пред неколку дена во голема полициска акција беа уапсени неколку српски државјани, за кои се претпоставува дека се дел од добро организирана криминална група која шверцувала сто килограми кокаин. Вредноста на запленетиот кокаин се проценува на повеќе од десет милиони евра. Во Холандија се уапсени членови на организирана криминална група, српските државјани Д.Р.(28) и Д.П.(48), кај кои е пронајдено оружје и одредена сума пари за кои постои сомневање дека е резултат на криминални дејствија, додека во Белгија и во Луксембург српските државјани С.К. (36), Ѓ.Д. (32), Ј.В.(33), едно непознато лице, како и С.Ѓ. (42) државјанин на БиХ.

The post Разбиен „суперкартелот“ одговорен за третина од кокаинот во Европа appeared first on Република.

]]>
Олеснета слободна трговија и обезбедување храна меѓу Македонија и Украина https://republika.mk/vesti/ekonomija/olesneta-slobodna-trgovija-i-obezbeduvanje-hrana-megju-makedonija-i-ukraina/ Thu, 06 Oct 2022 08:53:03 +0000 https://republika.mk/?p=557905

Во присуство на премиерот Димитар Ковачевски и неговиот украински колега Денис Шмихал денеска во Прага се потпишани одлуки со кои се дополнува и ревидира постојниот Договор за слободна трговија помеѓу Македонија и Украина, а со цел да се олесни слободната трговија и обезбедувањето храна меѓу двете земји. Одлуките ги потпишаа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и заменик министерот за економски развој и трговија на Украина, Тарас Качка.

За време на средбата на која присуствуваше и министерот за надворешни работи Бујар Османи, премиерот Ковачевски, уште еднаш ги потврди позициите на Македонија за силната и недвосмислена поддршка за украинската земја и народ, за нејзината независност, суверенитет и територијален интегритет, информира владината прес-служба.

Премиерот Шмахил, стои во соопштението, се заблагодари на нашата делегација предводена од премиерот Ковачевски за неизмерната поддршка што Република Македонија ја дава за Украина. Во разговорите премиерот Ковачевски посочи дека придржувањето кон активностите и политиките на ЕУ и на демократскиот свет, за нас како земја, значи застанување на вистинската страна, во вистински момент.

-Со денешното потпишување на договорите поврзани со слободната трговија и обезбедувањето храна, дополнително се зацврстува соработката меѓу двете земји. Потпишаните документи овозможуваат понатамошна либерализација на трговијата со земјоделско-прехранбени производи и на двете страни. Воедно, се овозможува бесцарински извоз, особено на свежото овошје и зеленчук и намалена царина при извоз и увоз на голем број прехранбени производи, истакнуваат од Владата.

Појаснуваат дека со овие дополнувања на Договорот за слободна трговија се постигнува многу поголема либерализација во врска со правилата за потекло. Ако досега за извоз во Украина се користеа само суровини од Македонија и Украина и обратно, а за извозот од нашата земја се користеа само суровини со потекло од Македонија и Украина, со овие нови правила ќе биде возможно да се користат и ЕУ суровини. Новиот Договор ќе овозможи користење на суровини од Украина при извоз во ЕУ и обратно, стои во соопштението.

The post Олеснета слободна трговија и обезбедување храна меѓу Македонија и Украина appeared first on Република.

]]>

Во присуство на премиерот Димитар Ковачевски и неговиот украински колега Денис Шмихал денеска во Прага се потпишани одлуки со кои се дополнува и ревидира постојниот Договор за слободна трговија помеѓу Македонија и Украина, а со цел да се олесни слободната трговија и обезбедувањето храна меѓу двете земји. Одлуките ги потпишаа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и заменик министерот за економски развој и трговија на Украина, Тарас Качка. За време на средбата на која присуствуваше и министерот за надворешни работи Бујар Османи, премиерот Ковачевски, уште еднаш ги потврди позициите на Македонија за силната и недвосмислена поддршка за украинската земја и народ, за нејзината независност, суверенитет и територијален интегритет, информира владината прес-служба. Премиерот Шмахил, стои во соопштението, се заблагодари на нашата делегација предводена од премиерот Ковачевски за неизмерната поддршка што Република Македонија ја дава за Украина. Во разговорите премиерот Ковачевски посочи дека придржувањето кон активностите и политиките на ЕУ и на демократскиот свет, за нас како земја, значи застанување на вистинската страна, во вистински момент. -Со денешното потпишување на договорите поврзани со слободната трговија и обезбедувањето храна, дополнително се зацврстува соработката меѓу двете земји. Потпишаните документи овозможуваат понатамошна либерализација на трговијата со земјоделско-прехранбени производи и на двете страни. Воедно, се овозможува бесцарински извоз, особено на свежото овошје и зеленчук и намалена царина при извоз и увоз на голем број прехранбени производи, истакнуваат од Владата. Појаснуваат дека со овие дополнувања на Договорот за слободна трговија се постигнува многу поголема либерализација во врска со правилата за потекло. Ако досега за извоз во Украина се користеа само суровини од Македонија и Украина и обратно, а за извозот од нашата земја се користеа само суровини со потекло од Македонија и Украина, со овие нови правила ќе биде возможно да се користат и ЕУ суровини. Новиот Договор ќе овозможи користење на суровини од Украина при извоз во ЕУ и обратно, стои во соопштението.

The post Олеснета слободна трговија и обезбедување храна меѓу Македонија и Украина appeared first on Република.

]]>
ОН: Трговијата во 2021 година достигна рекордни 28.5 трилиони долари https://republika.mk/vesti/svet/on-trgovijata-vo-2021-godina-dostigna-rekordni-28-5-trilioni-dolari/ Thu, 17 Feb 2022 09:14:21 +0000 https://republika.mk/?p=459696

Обемот на светската трговија во 2021 година достигна рекордни 28.5 трилиони долари. Тоа е зголемување за 25 отсто во споредба со 2020 година, а во однос на 2019, бележи раст од 13 проценти.

Во првиот квартал годинава, се очекува забавување на растот, се наведува во извештајот објавен денеска на Конференцијата на ОН за трговија и развој, UNCTAD.

Позитивните трендови во меѓународната трговија минатата година во голема мера се должат на растот на цените на суровините, олеснувањето на ограничувањата поврзани со пандемијата и закрепнувањето на побарувачката, благодарение на пакетите за стимулации, тврдат експертите.

Оваа година, на глобалната трговија ќе влијаат голем број фактори, вклучително и инфлацијата во САД и загриженоста за состојбата со недвижностите во Кина, според UNCTAD.

The post ОН: Трговијата во 2021 година достигна рекордни 28.5 трилиони долари appeared first on Република.

]]>

Обемот на светската трговија во 2021 година достигна рекордни 28.5 трилиони долари. Тоа е зголемување за 25 отсто во споредба со 2020 година, а во однос на 2019, бележи раст од 13 проценти. Во првиот квартал годинава, се очекува забавување на растот, се наведува во извештајот објавен денеска на Конференцијата на ОН за трговија и развој, UNCTAD. Позитивните трендови во меѓународната трговија минатата година во голема мера се должат на растот на цените на суровините, олеснувањето на ограничувањата поврзани со пандемијата и закрепнувањето на побарувачката, благодарение на пакетите за стимулации, тврдат експертите. Оваа година, на глобалната трговија ќе влијаат голем број фактори, вклучително и инфлацијата во САД и загриженоста за состојбата со недвижностите во Кина, според UNCTAD.

The post ОН: Трговијата во 2021 година достигна рекордни 28.5 трилиони долари appeared first on Република.

]]>